build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 64>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Плажи и бродови на Вардар
    Posted: 01-Aug-2023 at 14:50
СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР СРЕДЕ СКОПЈЕ



Се запали галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар во Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје веднаш по примената дојава за пожар, интервенираа по што за кратко време беше изгаснат и не се дозволи да се прошири.

Станува збор за галијата „Среќа“, која во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов почна да се урива. По доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска уривањето беше прекинато.

Сега бродот стои разрушен одвнатре и не е првпат да биде запален.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gori-galijata-vo-vardar-srede-skopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Mar-2023 at 17:17
Скопје ниту ги сака, ниту ги урива галиите



Неколку години, единствен гостин што наминува во галијата до „Холидеј ин“ е ветерот. Во зависност од тоа низ која нејзина дупка ќе се мушне вардарецот, турка различен мирис од објектот во распаѓање.

Некогаш смрди на полски клозет, а другпат на изгорено дрво.

Таа гореше пред помалку од десет дена, во недела наутро баш пред разденување, меѓутоа полицијата не ја истражува причината за пожарот. Од МВР за БИРН информираат дека никој не сакал да поднесе пријава, ниту Градот, ниту концесионерот.

Тогашниот градоначалник Петре Шилегов тргна да ја урива оваа галија пролетта 2021, меѓутоа поголем дел од објектот остана бетониран во водите на Вардар.

Сега во долниот простор, цел човек може да влезе низ дупката што гледа кон кејот. На подот што се распаѓа од влага расфрлани се празни пива, пластични шишиња, разни отпадоци и догорчиња, а во еден ќош некој послал ќебе и перница.

Галијата беше замислена и работеше како кафуле, а концесионерот планирал и казино. Врз искршените прозорци сѐ уште стои излепен брендот на несудената коцкарница.

Оваа неподвижна галија изгледа најлошо од трите поставени во Вардар на потегот од зградата на МЕПСО до хотелот„Холидеј ин“.

Онаа кај МЕПСО, пред седум-осум години, многу кусо, неколку месеци, работеше како ресторан со ентериер во антички стил и со специјалитети именувани во духот на епохата на Александар Велики. Бргу по отворањето се поплави и никогаш повторно не проработи. На влезот одамна стои катанец.

Единствено функционира галијата кај ГТЦ. Угостителот Стојан Филиповски, познат по својот ресторан „Воденица“, таму држи локал и хотел со 18 соби.

Гради-уривај политика

И за галијата што работи, онаа кај ГТЦ, тешко може да се каже дека е дел од скопската шема.

Во средата попладне, празна беше палубата каде што е локалот. Долу вратата беше отворена, меѓутоа немаше никој на рецепцијата. На влезот на бродот беа двајца туристи, прозбореа нешто на англиски, се помислија и решија да не влезат.

Се фотографираа пред галијата и заминаа.

Стојан Филиповски, човекот што стопанисува со галијава, во разговор со БИРН не се согласува со впечатокот и вели дека нему добро му оди бизнисов.

„Кога има сонце, има и луѓе на палубата. Локалот и не треба да е полн, доволно е да има луѓе.“

Странците ја сакаат галијата, се сликаат со неа и ѝ даваат најдобри оценки на интернет.Таа веќе е некаков симбол на градот“, смета тој.

Познатиот Столе Воденица ја коментираше неконзистентната гради-уривај политика на различните градски власти.

„Кога веќе се направија галиите, нели ќе беше подобро да се остават да работат, да генерираат каков-таков приход, отколку да се уриваат до некаде, па да се остават.“

Според него, во бродот се вложени повеќе од два милиони евра. Инвестицијата тешко се враќала, вели дека кога веќе се зафатил со галијата и потпишал договор, нему обврска му била да го почитува.

„Галијата што почна да ја урива Шилегов, сега е ‘ругло’ на градот, странците прашуваат што е работава со неа. Навечер се собираат секакви луѓе таму, палат огнови, не знам што прават“, вели во разговор за БИРН, Филиповски.

За третата галија, онаа кај МЕПСО, последно се знае дека со неа управуваше фирмата на бизнисменот и автор на егзотични историски читанки, Ниче Димовски – Македон, кој во меѓувреме почина. Тој имаше роднински релации со поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, во чие време се замислија и изградија галиите.

Иако сега во Вардар има три статични брода, ДУП-от за тој дел од центарот на главниот град, пред повеќе од една деценија предвиде шест вакви објекти, и тоа четири на десната и два на левата страна од реката.

Не се изградија галии предвидени на локацијата веднаш под мостот „Гоце Делчев“, до ново-стариот театар и до колонадата.

https://prizma.mk/skopje-nitu-gi-saka-nitu-gi-uriva-galiite/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 03-Oct-2022 at 16:58
Галијата кај МЕПСО „доплива“ до судот и „заринка“



Галијата кај МЕПСО уште долго ќе собира сѐ што носи Вардар со себе.

Дрвениот брод, кој формално се води како урбана опрема за вршење угостителска дејност и кој никогаш не проработи, ја чека судбината што ќе му ја одреди Управниот суд. И тоа по третпат.

Вишиот управен суд, пред неколку дена одлучи да го врати од почеток судењето за отстранувањето на галијата од коритото на Вардар.

А сѐ почна во март 2020 година, кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов го раскина договорот со фирмата што го стопанисува објектот „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ на Ниче Димовски Македон, кој во меѓувреме почина.

Фирмата требаше да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела, а, според кажувањата на тогашниот градоначалник, Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

Оттогаш поминаа триесет пати по 30 дена, но галијата и натаму е во Вардар. Фирмата се жалеше до Управниот суд и бараше со привремена мерка судот да го одложи отстранувањето.

Вишиот управен суд го вратил предметот од почеток. Па, следувало ново решение на Управниот суд, па повторно жалба до Вишиот управен суд.

Сега вишите управни судии Анита Данаилова, Лидија Георгиевска и Рина Исени одлучиле да го укинат второто решение на Управниот суд и предметот да почне да се суди од почеток.

Образложението е дека Управниот суд згрешил кога ја одбил жалбата на фирмата и оценил дека станува збор за предмет со елементи на граѓанско-правен однос.

Сопственик на фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ е Друштвото за производство, промет, градежништво и услуги МАКЕДОН-БЕТОН ДОО, а сопственици на ова друштво е потесното семејство на Ниче Македон, Антонио, Мила и Соња Димовски.

Галиите во Скопје се дел од проектот Скопје 2014 . Тие беа поставени додека со Општина Центар раководеше Владимир Тодоровиќ.

Лани почна да се урива галијата кај хотелот „Холидеј ин“ на фирмата „Сервис АД“, но демонтажата запре, повторно поради судски процеси.

https://prizma.mk/galijata-kaj-mepso-dopliva-do-sudot-i-zarinka/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 12-Jun-2022 at 10:07
Галијата на Вардар потоната во вечен самрак, опасна по животот на минувачите/фото

Галијата на брегот на реката Вардар во Скопје покрај која секојдневно поминуваат илјадници пешаци и велосипедисти е опасност по животот на минувачите.

Дебела метална шипка долга 3 метри е откорната од мовчето кое води до галијата и виси над главите на минувачите.





https://www.vecer.press/ггалијата-на-вардар-потоната-во-вечен/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-May-2022 at 17:34
Што ќе се случува со галиите во Скопје? Едната е затворена, другата функционира, а третата уништена

Половина оштетена, со искршени прозорци и табли. Вака изгледа галијата која до минатата година функционираше како ресторан.

Ниедна од галиите кои се поставени во реката Вардар се уште не е отстранета, иако тоа го ветуваше екс градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, кој рече дека истите претставуваат опасност. Едната од нив е функционална, а процесот за отстранување на другите две е блокиран бидејќи сопственикот го тужел Град Скопје.



https://mk.tv21.tv/shto-ke-se-sluchuva-so-galiite-vo-skopje-ednata-e-zatvorena-drugata-funktsionira-a-tretata-unishtena
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Jan-2022 at 14:06
АРСОВСКА НЕ КАЖУВА ЗОШТО 4 МЕСЕЦИ НЕ СЕ УРИВА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР

Откако завршија локалните избори и Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје, галијата во реката Вардар не се урива. Веќе четврти месец, на кејот ги нема работниците кои по налог на ексградоначалникот Петре Шилегов почнаа со демонтирање на бродот. Сега тој стои разурнат одвнатре, не може да врши дејност, но не се отстранува од коритото на реката.

Веднаш откако Арсовска ја презеде градоначалничката фунција, сопственикот на бројот објави видео како со пцости и навреди ги брка работниците кои го уриваа бродот велејќи им „Кај Петре да одите сега“.

Од кабинетот на Арсовска не добивме одговор на нашите прашања зошто бродот не се отстранува и дали градоначалничката дала налог да се прекине со уривањето.

Арсовска по доаѓањето на функцијата само кусо кажа дека бродот е завршена приказна.

Бродот „Среќа“, кој е дел од трите галии поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ на владата на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, почна да се урива лани пролетта. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи, според него, бесправно се урива. Ексградоначалникот Петре Шилегов при почетокот на уривањето кажа дека се исполнети сите услови за нејзиното отстранување, односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него сè уште нема извршно решение поради тужба на сопственикот.

Трите бродови во Вардар заедно со пешачките мостови претставуваат опасност реката да се излее при пообилни дождови бидејќи тие се еден вид препрека во коритото. Ова го покажува студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи. Во студијата се вели дека бродовите за третина ја намалиле проточноста на реката и дека во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти.

При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/arsovska-ne-kazhuva-zoshto-4-mesetsi-ne-se-uriva-galijata-vo-vardar/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Jan-2022 at 10:33
Вака ќе стои недорушена галијата уште 5-6 години?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 28-Jan-2022 at 07:58
ФОТОВЕСТ: Метална прачка виси од мостот на полуурнатата галија – опасност да падне врз минувачите



Метална прачка виси од мостот што го спојува кејот „13 Ноември“ со сега полуурнатата галија кај „Холидеј ин“. Под мостот секојдневно минуваат рекреативци и надвиснатата прачка над нивните глави е потенцијална опасност за нив.

Откако Град Скопје го доби судскиот спор со кираџиите на галијата, на кои им беше наредено да се иселат, почна нејзиното отстранување, дел по дел. Прво беше откорната влезната врата и се почна со демонтирање на внатрешноста, а во тоа многу помогнаа и лица од ромска националност, кои набрзина однесоа дел од дрвенаријата и слично.

Сега, во внатрешноста е мрачно и небезбедно. Таблите по кои некогаш се газело, сега ги нема на повеќе места. Може да се пропадне во отворените дупки ако не се внимава каде се гази. Како потенцијално опасен за безбедноста, околината на овој објект треба да се огради и да се обезбеди сè додека не заврши неговото целосно отстранување.

Во Законот за градење, поимот „отстранување“ се дефинира како изведување работи на уривање или на демонтирање градба, градежен објект или негови делови, на собирање и транспорт на градежниот материјал и отпад создаден со уривањето, односно со демонтирањето на градбата и на соодветно уредување на земјиштето.

https://www.vecer.press/фотовест-метална-прачка-виси-од-мосто/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 15-Jan-2022 at 21:14
до сега сите три галии ќе ги отстранеа... срамота, од лошо полошо е прави... од кич инсталација во сред мала река, сега имаме грда рушевина која сеуште си стои... нито чудно пак да ја реновираат како што тоа беше случај до сега со дивоградби
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 15-Jan-2022 at 17:43
Град Скопје: Обврска да ја отстрани галијата кај Холидеј Ин е на оној што ја поставил

И покрај тоа што Градот Скопје го започна рушењето на една од трите галии во строгиот центар, по неколку месеци од почетокот на постапката објектот спроти Холидеј Ин не е отстранет. Новата градска власт вели дека самиот инвеститор којшто ја изградил галијата е оној што треба да ја отстрани од речното корито во Вардар.

Мета.мк изминативе денови забележа паднато дрво и друг отпад што беа закотвени на една од галиите во центарот на Скопје. Ова нè поттикна да испратиме прашања до Градот Скопје околу чистењето на закотвениот отпад во речното корито на Вардар, но и за веќе започнатата постапка за рушење на галиите.

„Обврската за отстранување на галијата е кај оној кој ја поставил“, е краткиот одговор од Град Скопје на нашите прашања зошто Градот Скопје не ја отстрани полуразрушената галија од речното корито и кога ќе продолжи нејзиното рушење.

Изминативе недели нема никаква активност на терен за довршување на рушењето на галијата. Со започнатото рушење од претходното градско раководство речиси целата внатрешност беше отстранета, но самата бродска конструкција со огромна дупка остана во речното корито.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во ноември лани најави дека ќе продолжи со рушењето на „галијата“ спроти хотелот Холидеј Ин.

„За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, изјави градоначалничката Арсовска пред два месеца.

Од Градот Скопје денеска велат дека за другите две галии нема никакво решение за нивно отстранување.

Градоначалничката Арсовска во ноември лани рече дека нејзиниот личен став е оти ништо не треба да се урне, одговарајќи на прашањето за трите галии во реката Вардар.

Инаку, поранешниот градоначалник Петре Шилегов на почетокот на уривањето на галијата соопшти дека сите услови за нејзиното отстранување се исполнети, односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него немаше добиено извршно решение поради тужба на сопственикот.

За галијата кај Холидеј Ин се водеше исто така судска постапка, а сопственикот на бродот изјави дека инвестицијата во неговата изградба чинела 1,2 милиони евра. Тие тврдеа дека концесиите кон Град Скопје уредно ги плаќале, додека градската власт еднострано го раскинала концесискиот договор.

Инаку, поставувањето на галиите, заедно со врбите, во коритото на реката Вардар ја намалува проточноста на речните води во центарот на Скопје, која би можела да биде многу важен проблем во услови на закана од поплави во градот. Реката Вардар има уредено корито по скопските поплави во 1962 година. Најголем дел од течението во Скопската котлина, од Сарај до железничкиот мост меѓу Трубарево и Лисиче е со две зони на заштита – минор и мајор корито, изградено во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, со цел да го заштитат главниот град од евентуални поплави.

https://meta.mk/grad-skopje-obvrska-da-ja-otstrani-galijata-kaj-holidej-in-e-na-onoj-shto-ja-postavil
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 11-Jan-2022 at 18:38
Паднато дрво со денови закотвено во коритото на Вардар, на терен „галиите“ не се рушат [фото]







Паднато дрво и друг отпад со денови се закотвени во речното корито на Вардар во центарот на Скопје. Мета.мк на 2 и 9 јануари ја забележа препреката од дрво кај една од „галиите“ спроти Археолошкиот музеј, додека денеска истото дрво беше закачено на една од врбите и повеќе од една недела наназад не е отстрането.

Наталожениот отпад кај „галијата“ ја намалува проточноста на реката Вардар, но и собира друго ѓубре што го носи реката, а на ваквиот „пејзаж“ се сведоци бројните минувачи во центарот на Скопје.

Мета.мк вчера испрати прашања до Градот Скопје за тоа дали и кога планираат да го отстранат дрвото и останатиот наталожен отпад во речното корито во центарот на Скопје, но досега не добивме одговор на поставеното прашање.

Градските власти се одговорни за одржување на хигиената во Скопје, но и за проточноста на речното корито на Вардар.

Трите „галии“ коишто беа изградени во рамките на проектот „Скопје 2014“ го намалуваат протокот на речните води во центарот на Скопје, а градоначалничката Данела Арсовска во ноември лани најави дека ќе продолжи со рушењето на галијата спроти хотелот Холидеј Ин.

„За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, изјави градоначалничката Арсовска пред два месеца.

Мета.мк на терен се увери дека всушност објектот во рекатта Вардар спроти Холидеј Ин во моментов не се урива. Нема градежни работници кои работат на отстранување на објектот, чиешто рушење го започна претходниот градоначалник Петре Шилегов. Тој го потпиша извршното решение за рушење на „галијата“, чиј ентериер веќе е отстранет. Сепак, самата конструкција на градбата изминативе недели не се руши, а заедно со натрупаниот отпад во коритото на Вардар, создава исклучително лош впечаток за хигиената во центарот на градот.

Градот Скопје вчера го прашавме и кога ќе продолжи рушењето на „галијата“ спроти хотелот Холидеј Ин и што ќе прават со другите две „галии“ во коритото на Вардар, но одговори не добивме и на ова прашање. Претходниот градоначалник Шилегов ја почна постапката за уривање и на „галијата“ лоцирана кај МЕПСО, но за неа сè уште не е обезбедено извршно решение за рушење поради тужба на сопственикот.

Инаку, реката Вардар има добиено уредено корито по скопските поплави во 1962 година. Најголем дел од течението во Скопската котлина, од Сарај до железничкиот мост меѓу Трубарево и Лисиче е со две зони на заштита – минор и мајор корито, изградено во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, со цел да го заштитат главниот град од евентуални поплави

https://meta.mk/padnato-drvo-so-denovi-zakotveno-vo-koritoto-na-vardar-na-teren-galiite-ne-se-rushat-foto/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 04-Jan-2022 at 17:43
Сега ќе снема пари за универзална, брт, булевар, ама затоа ќе има пари да се "обештети" сопственикот на ѓубрево. Впрочем и затоа намерно само го гребеа два месеца со два чекана за да се процени кој ќе победи на избори.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Jan-2022 at 08:03
ВЕЧЕР ВЛЕЗЕ ВО ГАЛИЈАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“: Од „брод на среќата“ сега е брод на духови







Галијата порано им носеше среќа на посетителите затоа што работеше како казино, а сега целосно е расчеречена и изгледа како брод на духови. Сега во внатрешноста е мрачно и небезбедно. И покрај тоа што сега галијата внатре личи на некој напуштен средновековен замок на духови, сепак, некој тука наоѓа прибежиште. Од десната страна на влезот забележавме остатоци од храна и празно пластично шише

„Бродот на среќата“ наскоро ќе го снема од водите на Вардар. Галијата кај хотелот „Холидеј Ин“, порано им носеше среќа на посетителите затоа што работеше како казино, а сега целосно е расчеречена и изгледа како брод на духови.

Откако Град Скопје го доби судскиот спор со кираџиите на галијата и им беше наредено да се иселат, почна нејзиното отстранување, дел по дел. Прво беше откорната влезната врата и се почна со демонтирање на внатрешноста, а во тоа многу им помогнаа и лица од ромска националност кои набрзина однесоа дел од дрвенаријата и слично.

Сега во внатрешноста е мрачно и небезбедно. Таблите по кои некогаш се газело, сега ги нема на повеќе места. Може да се пропадне во отворените дупки ако не се внимава каде да се згазне. Поради тие причини не се осмеливме да се качиме по скалите за да видиме во каква состојба е горниот кат на галијата. И покрај тоа што сега галијата внатре личи на некој напуштен средновековен замок на духови, сепак, некој тука наоѓа прибежиште. Од десната страна на влезот забележавме остатоци од храна и празно пластично шише.

Оваа галија беше дел од пакетот од три галии во коритото на Вардар како дел од проектот „Скопје 2014“. Едната кај МЕПСО, позната како „Фаланга“ работеше како ресторан еден период, потоа и ставија клуч на врата поради нерентабилност. Втората галија сè уште работи како хотел.

Отстранувањето на галијата започна пред 7 месеци откако Град Скопје ја доби правната битка по жалбата од управата на галијата, по што судот најпрво изрече времена мерка за нејзино уривање, а потоа ја уважи жалбата на Град Скопје да се продолжи со отстранување на бродот од коритото на Вардар.

Потоа избувна пожар во галијата и со брза интервенција на противпожарна екипа, истиот беше локализиран и изгаснат. Отстранувањето продолжи и на 9 декември минатиот месец се случи инцидент кога Спирко Блажевски, угостител од Скопје, упадна во галијата и ги избрка работниците, ангажирани за рушење на објектот.

Новата скопска градоначалничка, Данела Арсовска за медиумите изјави дека галијата ќе продолжи да се урива. Арсовска вели дека тоа е завршена работа, има потпишано извршно решение од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

– Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките, па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо – изјави Арсовска.

[https://www.vecer.press/вечер-влезе-во-галијата-кај-холидеј

Edited by stef4o - 04-Jan-2022 at 08:03
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 13-Nov-2021 at 11:23
ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ УРИВА, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ЗАВРШЕНА РАБОТА



Галијата во коритото на реката Вардар ќе продолжи да се урива. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека галијата е завршена работа, има потпишано извршно решение од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

„Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, кажа Арсовска.

Пред неколку дена сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето.

„Кај Петре да одите“, им вели тој псуејќи ги и бркајќи ги од бродот.

Бродот „Среќа“ кој е дел од трите галии поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ почна да се урива пролетта. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи според него бесправно се урива.

Ексградоначалникот Петре Шилегов при почетокот на уривањето кажа дека се исполнети сите услови за нејзиното отстранување односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него сè уште нема извршно решение поради тужба на сопственикот.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/galijata-vo-vardar-ke-prodolzhi-da-se-uriva-gradonachalnichkata-arsovska-veli-deka-toa-e-zavrshena-rabota/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-Nov-2021 at 18:15
ФОТО: Кај галијата денеска мирно, Блажевски демантира дека тој е сопственик и дека тој ги бркал работниците

Не престануваат заканите по живот се жали Спирко Блажевски откако низ медиумите се прошири видео во кое се гледа како со закани се бркаат работници кои ја рушат галијата во Вардар. Блажевски, кој инаку е сопственик на ресторанот Мечка во Дебар Маало, денеска реагираше дека тој ниту е сопственик на галијата, ниту пак го снимал видеото.

– Јас не го снимав видеото, туку само го споделив. Не знам кој го снимал, ми се појави видеото на Фејсбук и јас го споделив. Тоа е се. Но, по објавата дека јас сум сопственикот кој со пцовки ги брка работниците, почнаа да ми се закануваат непознати луѓе преку пораки. Навистина сум загрижен за безбедноста на моето семејство, едноставно не знам колку се сериозни и колку далеку можат да отидат во извршување на заканите, вели Спирко Блажевски.

„Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со Жарко Младеноски, управител на Галијата во сопственост на фирма со бугарски капитал Сервис Емус АД Скопје, но до сега не добивме одговор дали тој вчера ги снимал работниците додека ги брка од бродот и ги спречува да продолжат со уривање

Младеноски претходно велеше дека штетата од рушењето на галијата на крајот ќе биде на грбот на граѓаните.

– Ние нашите права ќе ги бараме и во Судот во Стразбур. Доколку барем имаше одлука од Советот на Градот за отстранување на урбаната опрема од сите локации во Скопје, немаше да има никаков проблем, а сега ова се однесува само на нас и ние го доживуваме како директен удар врз нашата фирма, објаснуваше тогаш управителот на бродот.

И поранешниот градоначалник Петре Шилегов имаше свое објаснување.

– Никогаш не заборавајте дека правото е мојата матична наука. Ние работиме согласно договорот кој го имаме склучено со корисниците во кој што меѓу другото постои и т.н. извршна клаузула, што значи дека кога ќе се исполнат условите за раскинување на договорот, се стапува директно на извршување, не се оди на судска постапка. Во постапката должникот има право на приговор до претседателот на судот по решението на извршувањето, и има право до жалба до Апелациониот суд. Тоа право сопственикот на галијата го користеше, и одбиен е и од претседателот на судот и од Апелациониотт суд. Во меѓувреме има почнато два судски спора со барање за времена мерка, но двете барања се одбиени. Ние имаме целосно чиста правна ситуација, изјави Шилегов.

„Слободен печат“ денеска направи обиколка на галијата. Работници немаше, само остатоци од деловите кои почнале да се рушат и демонтираат.







https://www.slobodenpecat.mk/foto-kaj-galijata-deneska-mirno-blazhevski-demantira-deka-toj-e-sopstvenik-i-deka-toj-gi-brkal-rabotnicite/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2017
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Oct-2021 at 14:10
Јас се повеќе мислам дека намерно "се руши" со овакво споро темпо и не се чепка ништо конструктивно статичко на објектот. Све со идеја после избори сопственикот да тужи и да добие обештетување, и градот практично да му ја реновира галијата. Фингерај за пред јавност, а намерата во позадина е сосема поинаква. Гледате дека се мотаат едвај двајца работници цело време и кобајаги ја рушат, а уствари само ја гребат и ја грицкаат.

Edited by user8642 - 23-Oct-2021 at 14:11
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Oct-2021 at 13:30
Мене ми личи или и галијава како мостот ќе биде отворена, односно, срушена два дена пред избори.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Oct-2021 at 10:18
од твитер





Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Sep-2021 at 07:20
Originally posted by skopskodete

Ако нешто треба да се тргне од СК2014 тоа се дефинитивно галиите.
За спомениците не се согласувам. Нека си останат.

Галиите и Мајка Тереза дефинитивно. А многу од спомениците треба да се дислоцираат на други плоштади или во други градови ама никако да се рушат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19642
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Sep-2021 at 06:59
СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ КОЈА ГРАД СКОПЈЕ ЈА УРИВА

Вечерва пожар избувна во галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“. Како што вели за САКАМДАКАЖАМ.МК командантот на скопската Пожарна, Владимир Симоновски пожарот избил во една од просториите.

„Пожарот е изгаснат за десетина минути, поради брзата интервенција не се прошири низ целиот брод“, вели Симоновски.

Град Скопје летово почна да ја урива галијата во Вардар. Веќе се демолира внатрешноста на брадот и како што најавија од Градот есенва ќе биде отстранете целосно од коритото на Вардар.

Сопственик на бродот е фирмата „ЕМУС сервис АД Скопје“. Фирмата го тужи Град Скопје за уривањето бидејќи како што велат Градот нема основ да ја урива. Од Град Скопје пак велат дека биле исполнети сите услови за раскинување на договорот, односно газдата не платил кирија три месеци, а укината е и времената мерка од судот која беше донесена по тужбата на сопственикот.

Уривањето на галијата го врши градското претпријатие „Улици и патишта“ , а од Град Скопје велат дека трошоците за уривање ќе ги плати газдата на бродот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-zapali-galijata-kaj-holidej-in-koja-grad-skopje-ja-uriva/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.