build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Плажи и бродови на Вардар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 585960
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1181 Posted: 26-Jul-2017 at 22:10
Убаво викам јас дека треба да се направи нов централен плоштад помеѓу Џамбо Веро и Олимпискиот Базен, а овој стариот да им се остави на неизживеаните, инфантилните и умоболните да прават слалом и да се препнуваат од летни тераси, карусели, велосипеди, искршени бекатон-плочки, тараби, разминувајќи се како пешаци со скутери, мотори и автомобили за достава, а и секакви други коли.



Edited by phenomenon - 26-Jul-2017 at 22:11
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1912
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1182 Posted: 27-Jul-2017 at 09:59
brodovive se nesto najgrdo sto nekad imam videno
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1183 Posted: 27-Jul-2017 at 10:30
Бродот спроти МНТ долго време не е во употреба.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1997
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1184 Posted: 23-Nov-2017 at 23:12
Шилегов ќе ги дислоцира галиите од Вардар

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов дал налог бродовите во коритото на реката Вардар, кои се користат како угостителски објекти, да бидат дислоцирани.

- Бродовите го попречуваат нормалниот тек на водите и доколку се зголеми нивото на реката може да дојде до нејзино излевање -изјави тој во интервју на ТВ24.

Најспорно е тоа што овие објекти претставуваат урбана опрема според документацијата издадена од градот, иако се градби на неколку ката, тврди скопскиот градоначалник.

http://plusinfo.mk/vest/134902/shilegov-kje-gi-dislocira-galiite-od-vardar
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1425
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1185 Posted: 29-Nov-2017 at 18:10

додека Шилегов официјално да каже дали ќе треба да се плаќаат пенали доколку се литросаат галиите, ние тука веќе искршивме клечки дали и како тоа најбезболно да се стори [1][2] а чим веќе се одлучиле надлежните да одат до крај, требаше и до крај да не информираат дали и колку тоа ќе не чини како интервенција ...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1186 Posted: 29-Nov-2017 at 18:16
Zelenikovo, немој да му ја мислиш, штом добиеме одговор за тоа колку ќе чини демонтирањето на овие галии, веднаш ќе те информираме. Се надевам дека во меѓувреме нема да се случи некоја поплава како во Тетово или Скопска Црна Гора, па потоа да пронаоѓаме виновници за катастрофата.

Ако има некои премногу загрижени за судбината овие чудовишни грдосии, може слободно да ја предложи локацијата каде што сака да ги види дислоцирани овие објекти.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12897
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1187 Posted: 28-Jul-2018 at 17:53
Отстранета е плажата кај Градски парк. Толку од изумите на Коце Трајановски. Останати се само игралиштата за одбојка и за кошарка.

За сè има вторпат
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #1188 Posted: 01-Aug-2018 at 00:50
Originally posted by BOJAN

Zelenikovo, немој да му ја мислиш, штом добиеме одговор за тоа колку ќе чини демонтирањето на овие галии, веднаш ќе те информираме. Се надевам дека во меѓувреме нема да се случи некоја поплава како во Тетово или Скопска Црна Гора, па потоа да пронаоѓаме виновници за катастрофата.

Ако има некои премногу загрижени за судбината овие чудовишни грдосии, може слободно да ја предложи локацијата каде што сака да ги види дислоцирани овие објекти.

pa eve kaj zelenikovo tamu neKade
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1189 Posted: 09-Mar-2020 at 14:11
Град Скопје ќе ја отстрани првата галија од Вардар

Град Скопје почнува со отстранување на првата од трите галии во коритото на Вардар, најави Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје на денешнатаа прес конференција.

„Градот Скопје во изминатиов период водеше сериозни правни постапки за да создаде правни предуслови за отстранување на првата галија. Се надевам дека ќе се создават услови без финансиски импликации по градот и по државата овие објекти полека да се отстрануваат“, истакна Шилегов кој потсети дека дислокацијата на галијата кај мостот Гоце Делчев е втора активност на градот по отстранувањето на споменикот на Ќосето.

Во рок од 30 дена корисникот на урбаната опрема има право сам да ја отстрани, во спротивно Градот по истекот на овој рок ќе го направи тоа на негова сметка, односно по 10 април.

Шилегов информираше дека, согласно анексот на договорот што го потпишал корисникот во 2016 година, му било дозволено да не врши дејност затоа што наводно немало услови, но од Градот во 2018 година го известиле дека има услови и дека бил должен да започне со работа во дадениот рок и бидејќи до 6 март годинава тој не постапил во склад со барањето на Градот, ова било констатирано од Комисија формирана од Градот.

„Градот е покриен со банкарска гаранција и целиот процес нема да има финансиски импликации за нас“, додаде Шилегов.

Градоначалникот на Скопје не можеше прецизно да одговори што ќе се случи со самиот објект откако ќе биде демонтиран бидејќи, како што кажа, се работи всушност за градежен објект со темели во реката, кој не може туку-така да се подигне и премести на друга локација без да се демонтира.

„Безбедноста на Скопјани е на прво место и сите анализи досега покажа дека објектите кои се наоѓаат внатре во коритото на Вардар сериозно можат да го загрозат градот со можност за поплава, да предизвикаат материјални штети но и да ги загрозат животите и здравјето на граѓаните“, истакна Шилегов.

https://meta.mk/grad-skopјe-ќe-јa-otstrani-prvata-galiјa-od-vardar/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=grad-skop%25d1%2598e-%25d1%259ce-%25d1%2598a-otstrani-prvata-gali%25d1%2598a-od-vardar
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1190 Posted: 09-Mar-2020 at 14:24
АКО ЗА 30 ДЕНА СОПСТВЕНИКОТ НЕ ЈА ТРГНЕ ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР КАЈ МЕПСО, ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ОТСТРАНИ



Ако за 30 дена сопственикот не ја отстрани галијата под МЕПСО, тоа ќе го направи Град Скопје, најави денес градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Сопственик на галијата е Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. На прес-конференцијата Шилегов го потпиша решението со кое се задолжува фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ да ја тргне галијата, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

„Оваа галија добила решение од Град Скопје во 2016 година за привремено да не врши дејност. Во 2018 година им доставивме решение дека треба да почнат со работа. Но, тоа не е направено, со што се создадоа и услови за раскинување на договорот. Од 2016 година до сега сопственикот на галија не плаќал кирија. Повеќе анализи и истражување покажаа дека бродовите се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави ” рече Шилегов.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

За сите три бродови договорите кои се склучени со градските власти се за поставување урбана опрема заради вршење угостителска дејност. Сопствениците имаа рок, според првичниот договор, да ги стават во функција за 24 месеци, но тие рокови не се почитуваа, па Градот им ги продолжуваше роковите со нови анекс-договори.

Останатите две галии имаат договор за работа до 2035 година – бродот хотел „Воденица“, односно до 2027 година бродот „Среќа“ кај Холидеј ин. Градоначалникот Шилегов денес најави дека се работи на тоа и овие две галии да се отстранат од Вардар.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ako-za-30-dena-sopstvenikot-ne-ja-trgne-galijata-vo-vardar-kaj-mepso-grad-skopje-ke-ja-otstrani/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1425
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1191 Posted: 27-Apr-2020 at 00:45

не знаеш кој бил пооткачен груевци кога го натерале КоцеТ да паркира бродои во Вардар синкир имале аналитичко-метеоролошки потстрек од иднината [1] или пак зајковци кога го с‘скаат ПетреШ [2] чунки правник е Чоеко па знае направо да ја тера само да не заврши следнио Градоналник у кривина по судски лавиринти [3] битно ут зелен багер тргнало може утнам бутнам колку се пак зелен багер да средуе коритото ...


Originally posted by beTon

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1997
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1192 Posted: 17-May-2020 at 23:12
Што бидна со галијата на Ниче Македон? Шилегов во интервју за грчки Етнос: Σκόπια: Ξηλώνουν τη… μακεδονική γαλέρα του Γκρουέφσκι-Το σχέδιο για τα αγάλματα од 11 април вели дека ќе ги трга, а во изјава од 9 март (Шилегов ќе дислоцира една од галиите во реката Вардар) индиректно вели дека до 10 април газдата треба да ја тргне галијата, а ако тој не го стори тоа, Градот ќе ја отстрани.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1193 Posted: 21-May-2020 at 23:43
Да се потсетиме само на нешто, само на 2 -3 поста погоре. на 9ти март најава дека за 30 дена ако сам сопственикот не ја тргне галијата, градот ќе ја дислоцира. Еве енес сме 74-ти ден, трет пат течат 30 дена, нема ништо од градот, па да ги потсетам што обеќавале и нејќам објаснуењ криза било, зашто тогаш кризата веќе беше почната.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1194 Posted: 30-Jun-2020 at 13:14
ЌЕ СЕ ОТСТРАНУВААТ ДВЕ ОД ТРИТЕ ГАЛИИ ВО ВАРДАР, НЕ ПЛАЌААТ КИРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

Град Скопје го раскина договорот за галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“. По налог на градоначалникот Петре Шилегов, кој во моментов сѐ уште е на домашно лекување откако од пред десетина дена е позитивен на КОВИД-19, договорот е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци. Во март, исто така поради неплатена кирија е раскинат и договорот за галијата кај МЕПСО.

„Согласно одредбите од договорот ,доколку сопственикот на бродот не плати кирија за три месеци се овозможува активирање на банкарската гаранција и раскинување на договорот. Во овој случај фирмата ‘Сервис АД‘ нема платено кирија за 4 месеци. Со тоа уште еден брод од трите кои ги постави минатото раководство на Градот, а се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави, ќе биде отстранет“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Градоначалникот Шилегов на 9 март на прес-конфренција кажа дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Шилегов тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

„Ако за 30 дена сопственикот не ја отстрани галијата под МЕПСО, тоа ќе го направи Град Скопје“, кажа на прес-конфренцијата градоначалникот Шилегов.

Но, од овој рок поминаа 4 месеци, а првата галија сѐ уште стои во Вардар.
Од кабинетот на градоначалникот Шилегов велат дека не можеле да интервенираат поради владината уредба за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување до 30 јуни 2020 година.

„Од утре престанува важноста на оваа уредба, по што во наредниот период ќе се постапи кон отстранување на бродовите од коритото на реката Вардар“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-otstranuvaat-dve-od-trite-galii-vo-vardar-ne-plakaat-kirija-na-grad-skopje/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 419
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1195 Posted: 30-Jun-2020 at 13:28
Конечно да се отстранат овие грдосии во Вардар.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 627
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1196 Posted: 30-Jun-2020 at 18:29
Значи причина зошто да не се отстранат сите три е тоа што таквиот зафат е прескап, но штом не плаќаат кирија ќе се отстранат две.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7252
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1197 Posted: 30-Jun-2020 at 19:00
Originally posted by kiriOK

Значи причина зошто да не се отстранат сите три е тоа што таквиот зафат е прескап, но штом не плаќаат кирија ќе се отстранат две.
стварно? прескап зафат е да се отштрафи конструкцијата?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 627
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1198 Posted: 30-Jun-2020 at 20:20
Originally posted by zabegan

стварно? прескап зафат е да се отштрафи конструкцијата?


Шта речи...

И на Шилегов му е скапо отстранувањето на галиите

Иако пред извесно време градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе се отстрануваат галиите од коритото на Вардар крај строгиот центар на главниот град, сега и самиот признава дека тоа би бил скап потфат по реакциите во јавноста.

- И сега го зборувам истото. И сега сакам да ги тргнам, но сакам тоа да го направам што побезболно за градскиот буџет. Ваков зафат чини 6 милиони евра, од каса што годишно има 50 милиони евра. Се обидуваме да најдеме правни модалитети за тој зафат да чини што помалку пари. Да имаш градежен објект во минор коритото на Вардар е целосно неодговорно - изјави Шилегов во интервју за „Независен“.

https://faktor.mk/i-na-shilegov-mu-e-skapsho-otstranuvanjeto-na-galiite
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1997
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1199 Posted: 30-Jun-2020 at 20:25
„Договорот е раскинат“. Што ли значи тоа?! И кој би можел да знае дали раскинување договор има одредени финансиски импликации??1!? Може не треба плаќање отштета?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 585960

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.