build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 30-Nov-2010 at 13:40
Сплавови на Вардар како на Дунав



За нова плажа и сплавови се планирани 150.000 евра

Нова градска плажа и четири сплава в година ќе го окупираат Вардар од двете страни по текот. Град Скопје веќе подготвува терен за реализација на проектите. Бара фирма што ќе ја изгради потребната инфраструктура, конкретно се бара изведувач на фекалната и водоводната мрежа за потребата на сплавовите и плажата. Според важечкиот урбанистички план, сплавови ќе има на двата брега, на десниот тие се предвидени спроти новиот објект на МНР и музејот на ВМРО, а, пак, на левиот пред колонадата и музејот каде што ќе се наоѓа и втората градска плажа.

Токму овие проекти се едни од капиталните за реализација на Градот во 2011 година и во буџетот за таа намена е планирано да се потрошат 150.000 евра. Од Град Скопје вчера потврдија дека станува збор за капитални проекти, но штуро информираа за динамиката на реализација воопшто за деталите.

„Сплавовите ќе се наоѓаат на локациите предвидени со предметниот урбанистички план, а градската плажа пред музејот. Плажата ќе функционира по истата шема како и постојната, а, пак, за сплавовите сите детали ќе се утврдат со проектите што се во фаза на изработка“ одговорија вчера од Градот.

Единствено е сигурно дека новите содржини околу Вардар сигурно ќе почнат да се градат до пролет, па токму од тие причини надлежните отсега бараат фирми изведувачи.

http://utrinski.mk/?ItemID=FB5706DAA4C97C45A31D26B81AE9FD8E
Back to Top
Vlatko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jun-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vlatko Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 30-Nov-2010 at 13:47
''Токму овие проекти се едни од капиталните за реализација на Градот во 2011 година и во буџетот за таа намена е планирано да се потрошат 150.000 евра.'' Ohno    Wallbash    Mad
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 30-Nov-2010 at 19:28
Зошто ми се чини дека во последно време го копираат Белград. Можеби ме мотивираше насловот, но гледам дека сеуште сме ограничен народ на 600 километри на север. Подалеку не можеме. Глупост
Back to Top
anti-modernista View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote anti-modernista Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 30-Nov-2010 at 20:01
mislam idejata za splavovi kako vo belgrad e ekstra i ja podrzuvam.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 30-Nov-2010 at 20:09
Сигурно нема вакво нешто да биде....него некој барок у вода ќе гледаме



Мur island Graz
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 30-Nov-2010 at 20:32
Ми се допаѓа тоа што не се напушта идејата за плажа карши театарот и тој дел апсолутно е одлично место за овој проект. За сплавовите сум скептик ама би почекал да ги искоментирам одкога би се пласирал проектот. Се на се сенадевам дека нема да бидат премногу масивни.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 30-Nov-2010 at 20:37
abe neka "bidat" i kako vo Belgrad i kako vo Graz i kako vo sto ti znam kade. Ubavo e da ima zivot na reka, megjutoa toa da bide izbalansirano i pobogu lugje, neka bide unikatno. Navistina ne znam zasto se nema volja da se napravi bilo sto unikatno, neka se napravat analizi, neka se izvadi unikantna matrica za ovoj prostor za sodrzini od javna i opsto kulturna potreba. Squeeeeeez it..........
.....   .......
Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 30-Nov-2010 at 21:55
Никако неможам да ја сварам идејата за плажа кај новиот театар. Па не е Скопје Палма де Мајорка па низ центар да се сончаат луѓе. Плажа во 2ра или 3та зона е ОК, но плажа на плоштад е "преголема иновација".
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 30-Nov-2010 at 22:18
Се' што чини, ќе го издржи тестот на времето... се' останато ќе избледне.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7315
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 04-Dec-2010 at 16:30
Originally posted by Gradinarot

abe neka "bidat" i kako vo Belgrad i kako vo Graz i kako vo sto ti znam kade. Ubavo e da ima zivot na reka, megjutoa toa da bide izbalansirano i pobogu lugje, neka bide unikatno. Navistina ne znam zasto se nema volja da se napravi bilo sto unikatno, neka se napravat analizi, neka se izvadi unikantna matrica za ovoj prostor za sodrzini od javna i opsto kulturna potreba. Squeeeeeez it..........
малце си контрадикорен, прво викаш дека било ок да се копира од други градови, после викаш да било уникатно Roll%20eyes
баш тоа е проблемот на сите овие „проекти“, што не се уникати и оригинални идеи, туку обиди да се ископира нешто што нанекој му било интересно таму некаде во странство Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 10-Dec-2010 at 10:58
На Вардар се спрема сплав-шема

Градоначалникот Трајановски веќе поднел иницијатива до Советот за изградба на четири сплава кои ќе бидат кафеани, од мостот „Гоце Делчев“ до „Холидеј ин“

Меѓу фонтаните, пешачките мостови и градската плажа на Вардар, во околината на Камен мост, ќе се најдат и четири сплава за уживање и за разонода на скопјани во жешките летни денови. Нема да служат за скокање, затоа што водите на Вардар се забранети за капење, туку градоначалникот Коце Трајановски во 2011 година со оваа идеја ќе го развива ноќниот живот во Скопје. За таа цел, наредната недела пред Советот на Скопје ќе се најде и неговата иницијатива, со цел да му биде изгласана. Сплавовите се дел од проектот „Градска плажа 2“, изјавија од неговиот кабинет, па во согласност со него ќе гради и уште една градска плажа, која ќе биде под Народниот театар. Овие проекти влегуваат во програмата на Трајановски за наредната година како капитални зафати, вредни околу 150.000 евра. Предвидено е да почнат да се градат напролет, за во лето да бидат готови.

Дали сплавовите ќе бидат угостителски објекти, кафеани, онака како што во Белград на Дунав одамна постојат, од Градот не потврдија, само дадоа општа формулација дека ќе служат за разонода.

- Сплавовите ќе претставуваат содржинско и функционално дополнување на градската плажа, како место каде што во летните денови скопјани ќе се разонодуваат, рекреираат и ќе се релаксираат од жестините во летниот период - објаснија од градското одделение за односи си јавност.

Предвидено е сплавовите да бидат распоредени по течението на Вардар од „Холидеј ин“, па се' до мостот „Гоце Делчев“. Два во околината на хотелот, еден спроти друг, а останатите два кај мостот „Гоце Делчев“, исто така еден спроти друг.

Град Скопје, исто како и на првата градска плажа, која се наоѓа под Луна-паркот, ќе ја постави неопходната инфраструктура - довод, одвод, електрична инсталација. Сплавовите, пак, велат, ќе биле дадени под концесија, а оние што ќе бидат избрани, ќе бидат задолжени и за нивна изградба. Околу безбедносните стандарди, со цел заштита од поплави, надлежните се сигурни дека нема да има никакви проблеми.

- Проектите се влезени во урбанистички план, од Општина Центар, а ќе бидат изградени од страна на концесионери, кои ќе бидат избрани во тендерска постапка, согласно законот. Концесионерите при изградбата и користењето ќе мора да ги исполнат строгите безбедносни, градежни и санитарни услови - појаснија од Градот.

Иако веќе е поднесена иницијатива за изградба на ваков тип пловни објекти, од Градот не обелоденија детали, димензии на сплавовите, ширина, должина, како и од кој материјал ќе треба да бидат изработени. Воедно и на колку години ќе бидат издавани под концесија.

Што се однесува до Градската плажа, таа ќе функционира онака како и постојната, со шанкови, песок, лежалки и урбана опрема. Тие, како што и летоска беше практика, ќе бидат давани под кирија на тендер, на фирми, за определен период. Она што не е познато, а од Градот не одговорија, е дали и оваа плажа ќе им биде дадена на угостители, беспари, со објаснување од Трајановски дека се одлучил на такво нешто, со цел таа да се разработи.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=7ADAC19DDA783648ACB32C8E80913041
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 10-Dec-2010 at 12:10
Кој капитален проект е па ова...оф лелееееее, ги набацуваат терминиве од ракав колку да се плесне нешто.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 10-Dec-2010 at 13:05
Еве како градот Портланд,САД ги дефинирал капиталните проекти:

Definition - What is a Capital Project?

A Capital Project is a project that helps maintain or improve a City asset, often called infrastructure. To be included in the Capital Budget, a project must meet ONE of the following requirements (criteria):

It is a new construction, expansion, renovation, or replacement project for an existing facility or facilities. The project must have a total cost of at least $10,000 over the life of the project. Project costs can include the cost of land, engineering, architectural planning, and contract services needed to complete the project.    

- OR -

It is a purchase of major equipment (assets) costing $50,000 or more with a useful life of at least 10 years.       
- OR -

It is a major maintenance or rehabilitation project for existing facilities with a cost of $10,000 or more and an economic life of at least 10 years.
http://www.portlandonline.com/omf/index.cfm?a=50495&c=30079

Според стандардите на Портланд ова е капитален проект! Иако навистина КАПИТАЛЕН звучи нешто ептен опасно очигледно во смисла на вложување на градот, овие сплавови, плажо навистина се капитални објекти.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 10-Dec-2010 at 13:22
Обсервер дај малку посериозно те молам. Сите знаеме дека се гради панаѓур во сред центар и тоа за бенефит исклучиво на приватни лица. За каков воопшто капитален објект зборуваме и како тоа градот ќе биде бенефициент од овие глупости. Јас не сум против сплавови на Вардар, меѓутоа да се изградат некаде околу Полигонот или Ал. Палас. Повторно имаме гонење на соседен главен град (во случајов јасно Белград), но сплавовите таму се сосема на периферијата. Особено што овие сплавови ќе станат мека на фолкот во Скопје и во среде центар, веднаш до исто толку кичозниот Уставен суд, ќе свири Драгана Миркович!

*** Упс, по грешка се истурив на Исл... Се извинувам, а да ти кажам доста сум насьскан! Особено кон глупостиве со кои непрестано си се занимаваат властиве... Што да се каже, кога секој ден не бомбардираат со секакви маловажни проектчиња?!

Edited by Andrej_LJ - 10-Dec-2010 at 13:33
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 10-Dec-2010 at 13:28
Андреј, претходниот пост кон кој покажуваш, воопшто не го напиша лсл, туку обсервер... лсл само ја постираше веста во оригинал.

Толку ли си му се нас'скал? )
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 10-Dec-2010 at 13:37
Која е таа буква ь хух? Нема врска само стиснав гугл да најдам што е тоа капитален објект и ете дефиниција може ни таа дефиниција не е точна не знам. А за сплавовите не реков ни збор. Според мене тие сплавови ако веќе се прават подобро место е кај Дрводекор во тој дел на Вардар кој е така малце мртов.

Edited by Observer - 10-Dec-2010 at 13:37
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 638
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 10-Dec-2010 at 15:32
Пред десетина години во Охрид се појавија неколку сплавови, стационирани на и околу пристаништето, но не беа од долг век. Тие беа отворени од страна на приватни сопственици зад нив не застана ниту градот ниту државата лугето си пројавија иницијатива. Како што знаеме не се задржаа многу долго, не одеше бизнисот. Па кога во Охрид не успеаа скептцен сум дека ниту во Скопје ке изгледаат многу убаво. Споредба со Белград е смешна, колкави се таму реките а колкав е Вардар! За сплав теба да има поголема водна површина за да тоа естетски убаво да изгледа. Не сум бил ниту на плажата на Коце бидејки ја сметам за патетична, тоа е само кафана покрај вардар, а не  плажа  
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 10-Dec-2010 at 15:50
Ниту сум уставен судија, ниту сум менаџер на Драгана Мирковиќ. LOL

Ај за плажите е друго, но за сплановиве може би и треба да се обидат да направат некое партнерство приватник да ги изгради и да ги држи неколку години во сопственост, па да видиме како ќе биде интересот, макар што и овој модел не е спорен само што фалат бројките колку ќе чини и колку ќе биде годишната такса, тоа најверојатно на лицитација ќе се утврди, па да видиме после  колку години градот ќе почне да профитира од сплановивте. А тоа дали ќе биде фолк или нема да биде друго прашање каков ќе биде репертоарот на рестораните и кафичите што ќе ги земат овие.
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 10-Dec-2010 at 15:54
Убаво кажа alexgizh, ќе покаже времето!
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 10-Dec-2010 at 16:58
Аман со аргументов ќе изградиме и ќе покажело времето! Мислам ова да држеше и 1%, немаше да при секој проект (дали државен или приватен) да се прават опсежни анализи за согледување на сите параметри. И ако времето покаже дека се утка проективе што правиме?
Секако дека овие сплавови не треба да ги гради Градот, туку тој само да подели неколку дозволи, да воспостави критериуми, норми и граници и се разбира такси за месечно користење. Но, освен буката и естетското нагрдување на самиот центар (горе квази-барок и унаказен Камен Мост, а под нив фолк клубови), како мислите дека ќе биде решен паркинг просторот? Каде ќе се паркираат 1000 возила кои секоја вечер би ги посетувале локаливе? Кога сите објекти што во моментов се градат ќе бидат пуштени во употреба, потесниот центар ќе стане сосема неподносливо и непријатно место за колите, а особено пешаците. Грешен е овој процес, многу грешен! И токму за овие ефекти се прават долгорочни анализи (не на исплатливост туку на (ко)влијание на објектите на целосната околина и квалитет на живеење во центарот на Скопје. Инаку ако нешто не е во дефицит во Скопје, тоа се кафичи, диско-клубови и такси возила.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.355 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.