build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 11-Dec-2010 at 06:00

Andrej, Gledam na tebe sve nesto ne ti se svigja ili pa ne ti chini, razbiram da si imas svoj stav ali ova na sto lici. Skoro site tvoi komentari se negativni.

Se napravija eden kup kafici i restorani, mislam deka ke bide dobra idea da zalici Vardar na nesto. Imame fantasticna reka zosto da ne se iskoristi kako sto treba iako site dobro znaeme deka ima uste mnogu rabota so chistenjeto na Vardar.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 11-Dec-2010 at 12:35
На ништо не личи и јас се сложувам со тебе! Ама не мојата тн. негативност, туку дереџето!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 11-Dec-2010 at 16:11
Originally posted by Plugger

Andrej, Gledam na tebe sve nesto ne ti se svigja ili pa ne ti chini, razbiram da si imas svoj stav ali ova na sto lici. Skoro site tvoi komentari se negativni.


Па ако не, да гледаме као телиња овде и да викаме wow, топ, екстра, супер...и сл. стручни изрази...јас се мислев да ги напишам работите Андреј што ги напишал што и тоа како ќе бидат проблем и ете - уште еден негативец имате овде...

Мене ме чуди што не вадите аргументи про-проектот, ако може воопшто проект да се нарече...пишете еднаш за квалитетот на водата, за тоа каде ќе паркирате, што освен дремење со кафе имате на памет да правите таму исл. Јас лично мислам дека ова е само игра некој да си лапне кафич, диско или што и да е (исто како и кај она несреќана од плажа во парк) и друго ништо...имате гигабајти и редови на располагање, убедете не дека не е така...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 13-Dec-2010 at 05:16

Dave Gahan, Vo demokratijata sekoj ima pravo na svoja misla bez razlika kakva e. Megjutoa koga e konstanto negativna se rushi kredibilitetot na chovekot, ne mozhe sve da ne chini mora da se dade i pozitiven i negativen odgovor.

Ima dosta problemi i jas se soglasuvam, nemalo kaj da se gradi parking prostor, mora da gi chistat rekite koj ne bile chepnati so godini ima eden kup stvari ali toa ne se pravi preku nok pogotovo koga gradot bese zaostanat tolku vreme.

Jas sum golem ljubitel na gradenjeto, veruvam deka ne moze bilo sto da se izgradi mora da se planira i pripremi detalno. Site znaeme deka ima uste dolgo da se sredi gradot poleka ke bide sve ete pocnaa da go reshavaat problemot so parkingot, ke se gradat uste dve katni garazi iako site znaeme deka treba uste poveke.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2438
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 13-Dec-2010 at 09:24

Значи таман кога човек ќе помисли дека полудо не може (последен пат тоа ми беше со панорамското тркало) еве ги пак. На изненадувањата им нема крај. 

Да сумираме. На потег од 500метра од мостот Гоце Делчев до оној кај Холидеј Ин во и околу Вардар ќе имаме фонтани, врби, 3-4 пешачки моста, десетина скулптури, сплавови, плажа и панорамско тркало. 

Добро, Вие што се ЗА овие „капитални проекти“, не мислите дека тоа е премногу за толку мал простор? Што е со остатокот од градот? Цела Македонија во Скопје дојде, ајде сега цело Скопје на плоштад+кеј.  Како Вардар само таму да тече (а не и во Ѓорче, Влае, Карпош, Аеродром итн.) па секоја проклета идеја мора баш таму да се спроведе. 

Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 13-Dec-2010 at 11:53
Пријателе ти направи дека на другите места е пустелија. Еве конкретно за кејот во Аеродром ќе ти кажам баш е супер. Има патека за велосипеди, убава пешачка патека и израмнет терен за трчање. Горе се изградија тениски игралишта, треба и фудбалско игралиште да се направи кај Ново Лисиче. Сега во тек е правење пешачка и патека за ролери од другата страна кај Ќерамидница... а и зошто ако се направат сплавови кај кејот да не може исти да се направат во Карпош, Ѓорче, Аеродром и тн. нека видат општините како ќе оди со ова па нека си пресметаат...инаку јас останувам на ставот дека подобро е да бидат кај Дрводекор.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 13-Dec-2010 at 13:01
ГРАДОТ ПРЕДВИДЕ НОВИТЕТИ ЗА ВТОРАТА ПЛАЖА ПОД СТАРИОТ ТЕАТАР
За сплавовите на Вардар ќе треба дозвола за пловење

Роза Петкова

Новата градска плажа, која Град Скопје ќе ја гради под Стариот народен театар, од левата страна на Вардар, е за 50.000 евра поскапа од првата, која градските власти ја изградија лани лето зад „Луна парк“, а чинеше 100.000 евра. Угостителите кои ќе стопанисуваат со сплавовите, меѓу другото, ќе мора да ги исполнат условите предвидени во Законот за внатрешна пловидба. Парите за новата градска плажа за скопјани се предвидени во буџетот на Град Скопје за 2011 година. Новина е и тоа што, за разлика од лани, кога четири скопски кафулиња беспари ги добија шанковите на плажата, годинава градоначалникот Коце Трајановски реши да наплаќа за отстапените маси и столчиња. Градот ќе бара и фирми што ќе бидат заинтересирани на свој трошок да постават четири сплавови во Вардар, на потегот од мост Гоце Делчев до мостот кај хотелот „Холидеј ин“. Сплавовите се дел од деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“, кој го донесе Општина Центар.
Изградбата на втората градска плажа, како една од инвестициите во предлог-буџетот за 2011 година, заедно со одлуката за давање под закуп на урбаната опрема на плажата, се точки на дневниот ред за седницата на Советот на Градот, која ќе се одржи в четврток.
Во одлуката предложена од градоначалникот, се вели дека урбаната опрема на плажата ќе се даде по закуп, но не е наведено на колкав временски период. Кога ќе излезе јавниот оглас ќе се знае која е почетната цена на закупнината, а за најповолен наддавач ќе биде избран тој што ќе понуди најмногу. На огласот ќе можат да се јават домашни и странски угостителски групации во кои членуваат по четворица сопственици за да може секој од нив да добие по еден шанк. Во огласот ќе биде наведено дека шанковите од двете плажи не може да бидат закупени од ист учесник. Угостителите ќе бидат задолжени да се грижат за одржувањето и за обезбедувањето на опремата поставена на плажите, да понудат програма за забава на посетителите со музички и со спортски настани, да ги плаќаат сметките за електрична енергија и за вода и да имаат единствени цени за пијалаците.
За разлика од плажите, одобренијата за поставување сплавови ќе се издаваат на користење за подолг временски период, десет години, со можност за продолжување. Тие, исто така, ќе служат како угостителски објекти, а на огласот што ќе го објави Градот ќе можат да учествуваат домашни и странски правни и физички лица. Трајановски ќе ги издава одобренијата за поставување на сплавовите, а доколку по истекот на десет години не се продолжат, тогаш угостителите се обврзани да ги отстранат сплавовите.
Неодамна градските власти распишаа и тендер за фирма што ќе ја изгради потребната инфраструктура за новата плажа и за четирите сплавови, на сметка на Градот. Летово Трајановски ја изгради првата градска плажа и за неа потроши околу 100.000 евра. На нејзиното отворање нагласи дека станува збор за плажа на која скопјани ќе можат да се сончаат, забавуваат, но не и да пливаат. Истата забрана за пливање во Вардар ќе важи и за новата плажа и за четирите сплавови.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2190&ArticleID=153055
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 13-Dec-2010 at 18:23
Originally posted by Plugger


Dave Gahan, Vo demokratijata sekoj ima pravo na svoja misla bez razlika kakva e. Megjutoa koga e konstanto negativna se rushi kredibilitetot na chovekot, ne mozhe sve da ne chini mora da se dade i pozitiven i negativen odgovor.

Ima dosta problemi i jas se soglasuvam, nemalo kaj da se gradi parking prostor, mora da gi chistat rekite koj ne bile chepnati so godini ima eden kup stvari ali toa ne se pravi preku nok pogotovo koga gradot bese zaostanat tolku vreme.

Jas sum golem ljubitel na gradenjeto, veruvam deka ne moze bilo sto da se izgradi mora da se planira i pripremi detalno. Site znaeme deka ima uste dolgo da se sredi gradot poleka ke bide sve ete pocnaa da go reshavaat problemot so parkingot, ke se gradat uste dve katni garazi iako site znaeme deka treba uste poveke.
не е проблемот дали ќе се дал позитивен или негативен коментар, туку тој коментар да биде издржан, тоа сакаше да го каже и fichot, не може некој проект да има 1000 негативни страни и една позитивна и на него да гледаме позитивно, само да не ни се нарушел кредибилитетот...
проблеми дека има сите знаеме, но најголем проблем е тоа што некој сеуште не го простудирал зборот приоритет, а инфраструктурата е поголем приоритет од тоа какви содржини требало да има на Вардар
и сите сме љубители на градењето, затоа сме тука, ама, доколку некој проект е утка уште како идеја, како и да го нацрташ нема да го бива!
Back to Top
Observer View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2010
Location: MK
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Observer Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 13-Dec-2010 at 18:29
zabegan ако инфраструктурата е приоритет овие другиве секции треба да бидат заведени под една општа наречена "фантазија"? Мислам дека кога коментираш проект треба пред се да кажеш дали ти се допаѓа или не и зошто е тоа така. А ако се почне со муабетот овие пари се за тоа оние за ова...мислам дека веќе зборуваме за менаџерство. Еве ти еден пример министерството за образование моментално е под кирија, пресметај колку пари дава една министерство месечно за закуп на простории и пресметај дали треба да се гради зграда на државно земјиште за тоа министерство. И мал милион примери. Исто е и со Уставниот Суд, Музејот за археологија плус ќе вади профит исто и другиот музеј и театарот...значи ништо не е без врска. И тие сплавови ќе носат пари од наемот и даноците...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 13-Dec-2010 at 18:29
Originally posted by Observer

Пријателе ти направи дека на другите места е пустелија. Еве конкретно за кејот во Аеродром ќе ти кажам баш е супер. Има патека за велосипеди, убава пешачка патека и израмнет терен за трчање. Горе се изградија тениски игралишта, треба и фудбалско игралиште да се направи кај Ново Лисиче. Сега во тек е правење пешачка и патека за ролери од другата страна кај Ќерамидница... а и зошто ако се направат сплавови кај кејот да не може исти да се направат во Карпош, Ѓорче, Аеродром и тн. нека видат општините како ќе оди со ова па нека си пресметаат...инаку јас останувам на ставот дека подобро е да бидат кај Дрводекор.
не би се согласил со ова, и покрај разни помали проекти сите се сконцентрирани на Мал ринг, па остатокот од градот скапува
а велосипедска патека, односно километар асфалт не е којзнае што, или пак патека потесна од пола метар, има многу други работи!
не сум многу против плажи на кеј (односно кафулиња и клубови, класификацијата плажи ја излижаа со онаа кај паркот) но нека размислат малку за нивните локации и како ќе изгледаат во однос на околината и како ќе се користат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3856
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 13-Dec-2010 at 18:41
Ova e premnogu!Prvo mostovite, fontanite pa sega uste splovovite!Mislam deka preterano kje bide!
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 14-Dec-2010 at 05:25

Tek sega ke pocne bitkata za shankovi, so nova plaza ke vidime i novi gazdi.

I jas tuka se soglasuvam, ne e samo centarot na Vardar mislam deka Aerodrom/Novo Lisiche i Karposh/Gjorche Petrov ke bidat interesni mesta za da se izgradat splavovi. Splavovi ima i vo Beograd i Novi Beograd sto ne se bas mnogu bliski po distanca. Sve e toa ubavo ke se razvie i ekonomijata ali mora da ima strogi kriteriumi, mora da bide sve chisto i vo rekata i okolinata pogotovo tamo kade sto ke ima plazi posto rekoa deka poveke gradski plazi ke se gradat niz Skopje.
Back to Top
Kicho View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 06-Dec-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Kicho Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 15-Dec-2010 at 02:54
Здраво
Ова е мое прво пишување на форумов иако го пратам пар години.
Извинете за спамов..

Инаку ова со сплавовите е една копија на Белградската сплав шема, ама
ај и така се просењачивме до даске па ке го проголтаме и ова!
Ама ке ви дадам еден пример како секое копирање не успева како што е првобитно замислено.
Тука е градот Ниш и неговиот центар кој е многу сличен со Скопје.
Имаат тврдина, шетачка улица, кеј скоро идентичен со нашиот и на крај еден сплав кој е сместен во центарот и кој е жива глупост .
Незнам колку е конструктивен овој пост ама како за пример што ќе се случи ако ставиме сплав во сред центар.

Е сега за слики сеуште назнам како да ставам па затоа ке ви пратам линкови

http://www.naissus.info/images/galerija/nisava.jpg

http://mw2.google.com/mw-panoramio/photos/medium/24859611.jpg

http://i33.photobucket.com/albums/d64/SerbianPride_/1709397-Porto_Bello-Nis.jpg

http://www.myspace.com/portobellosplav/photos/191824#{%22ImageId%22%3A191824}


Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 15-Dec-2010 at 06:39
Ја лично не сум против идеата да се изгради "Сплав" на Вардар, но ако се добро средени и сипланирани, според сликите на Кичо, овие Сплавови по мое изгледа дека па и мозат и де се размонтираат понатака.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 15-Dec-2010 at 07:24

I jas se soglasuvam so Shyes, splavot kaj Nis mnogu mi se svigja ali da se napravi sve kako sto treba da bide nesto po originalno ne samo kopija.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 15-Dec-2010 at 07:46
Многу убаво што ви се свиЃа куќава во вода + чадори...пошо е далеку од сјаен пример, еве и во Ниш (што не ме изненадува) се форсира „цеца на вода“ шемата, па ако ништо друго, тоа ќе биде исто...во Белград е така, еден период бевме белградска општина, самоиницијативно...

Причите со размонтирање се стари скопски причи, па така познато ни е како тестираме издржливост на бараки и по 40-50 год....а и уште да не може да се демонтира - што бетон ли ќе лијат во Вардар!?

Уште еднаш за идејава...се' ќе прифатев да беше на покоректна локација (и сплавови и плажи)...и ако не се воведе друга содржина освен „Тренд 3“ шема - позирање се комплетен промашај...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2438
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 15-Dec-2010 at 10:05
Сликите од Кичо.




Дефинитивно преголем објект за волкава река (нешто помала од Вардар чинам) а и изгледот не ми се свиѓа.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 15-Dec-2010 at 19:37

Најпрвин, добредојде Kicho

------------------------------------------------

Туку луѓе ај да не си правиме бајрам со умот, дека ако испаднело промашај, можело фино лепо да се размонтира. Не само што таков пристап е погубен (ваљда треба работите потемелно да се обмислуваат наместо пиши-бриши тактика), туку не е ни реално изводлив. Откако неколку среќни скопски кафанџии ќе ги заземат сплавовите (по којзнае каква постапка и критериуми), комотно може да рачунаме дека сплавовите ќе бидат заштитени небаре како да се културно наследство. Ние уште не сме им ги размонтирале летните тераси кои ги поставуваат каде сакаат и кога сакаат, а сега фантазираме ќе сме ги размонтирале сплавовиве доколку имало потреба... Па воопшто нема потреба ни да се монтираат сплавови кај обновениот театар или кај „колонадата“, да тргнеме од тоа.

Да не должам многу, цитатов од Дејв најдобро резимира што мислам и јас:
Originally posted by Dave Gahan

се' ќе прифатев да беше на покоректна локација (и сплавови и плажи)...и ако не се воведе друга содржина освен „Тренд 3“ шема - позирање се комплетен промашај...



А „капиталниов проект“ сплавови во Мал Ринг и неговите идејни творци и спроведувачи, ги поздравувам со следната песна:




Edited by Cloverstack - 15-Dec-2010 at 19:40
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 27-Jan-2011 at 17:47

Скопјани налето ќе се ладат на четири сплава

За четирите сплавови-кафеани на реката Вардар, распоредени од мостот „Гоце Делчев“ до мостот кај „Холидеј ин“ вчера градските власти објавија јавен конкурс за издавање на пловните објекти.

Според јавниот оглас, заинтересираните кафеанџии за сплавовите ќе може да аплицираат до 11 април годинава, а за најповолни понуди ќе се сметаат тие што ќе имаат најубаво идејно решение - дизајн, но и тие што ќе понудат највисока закупнина. Одобрението за поставување на сплавовите ќе се издава во период од 10 години, со можност за продолжување.

Сплавовите се дел од проектот „Градска плажа 2“, која ќе се гради во близина на Камениот мост. Тие ќе бидат симетрично поставени на двата брега на реката Вардар, кај хотелот „Холидеј ин“ и кај мостот „Гоце Делчев“.

Четирите сплава, велат од Градот, ќе бидат наменети за уживање и за разонода на граѓаните во жешките летни денови, а ќе бидат сместени меѓу фонтаните, пешачките мостови и новата градска плажа на Вардар, во околината на Камениот мост.

Според градските власти, сплавовите нема да служат за скокање, затоа што водите на Вардар се забранети за капење, туку за да се збогати ноќниот живот во Скопје.

Сплавовите влегуваат во програмата на градоначалникот Трајановски за оваа година како капитални зафати, вредни повеќе од 150.000 евра.

Од градот с` уште не знаат дали сплавовите ќе бидат угостителски објекти, кафеани, како во Белград, Србија, на реката Дунав.

- Сплавовите ќе претставуваат содржинско и функционално дополнување на градската плажа, како место каде што во летните денови скопјани ќе се разонодуваат, рекреираат и ќе се релаксираат од жештините во летниот период - овелат од градското одделение за односи со јавноста.

Град Скопје, исто како и на првата градска плажа, која се наоѓа во близина на Луна-парк, ќе ја постави неопходната инфраструктура - довод, одвод, електрична инсталација.

- Сплавовите ќе бидат дадени под концесија, а тие што ќе бидат избрани, ќе бидат задолжени и за нивна изградба. ЗА безбедносните стандарди, за да се заштитат од поплави, нема да има проблеми. Проектите се влезени во урбанистички план, во Општина Центар, а ќе бидат изградени од концесионери, кои ќе бидат избрани во тендерската постапка, Концесионерите при изградбата и користењето ќе мора да ги исполнат строгите безбедносни, градежни и санитарни услови - велат од Градот.

Иако веќе е објавен јавниот конкурс за сплавовите и се бараат кафеанџии, с` уште не се знае за каков тип пловни објекти станува збор, за нивните димензии - ширина, должина и од кој материјал ќе треба да бидат изработени.

Марија Тасев

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1FE1FCBABB6C4747973604BE2E108263
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 28-Jan-2011 at 09:46
...за најповолни понуди ќе се сметаат тие што ќе имаат најубаво идејно решение - дизајн, но и тие што ќе понудат највисока закупнина....Иако веќе е објавен јавниот конкурс за
сплавовите и се бараат кафеанџии, с` уште не се знае за каков тип пловни објекти станува збор, за нивните димензии - ширина, должина и од кој материјал ќе треба да бидат изработени....
Тоа е тоа, што и се очекуваше....предвидено е нешто да се шлапне во Вардар по секоја цена, не се знае што е, какво е, важно е дека кафанџии се повикани....

Еве ја пак двосмисленоста
За четирите сплавови-кафеани на реката Вардар, распоредени од мостот „Гоце Делчев“ до мостот кај „Холидеј ин“ вчера градските власти објавија јавен конкурс
за издавање на пловните објекти...

....Од градот с` уште не знаат дали сплавовите ќе бидат угостителски објекти, кафеани, како во Белград, Србија, на реката Дунав...
Сега ај да се договориме - кафани ли се, што ли се? Не знам дали на новинаркава и се спиело кога го пишувала ова или што?


Сплавовите ќе претставуваат содржинско и функционално дополнување на градската плажа....
Wooow ...а тоа ли и фалеше на плажата!? која btw е на километар од пловечкиве кафани...

Сплавовите влегуваат во програмата на градоначалникот Трајановски за оваа година како капитални зафати, вредни повеќе од 150.000 евра...
Тешки глупости, капитален проект е регулирање на хигиената на водата на Вардар, градење пречистителна станица(и) или како и да се вика...ова е капитална глупост...само како промашен пример ќе го земам Охрид, кој си го јаде стапот со утепан туризам од форсирањето на турбо-диско-кафанскиот пристап во работењето...и да се потегнам да одам до Охрид, би отишол заради езерото и климата, а не заради оние крпеници од платформи расфрлани по плажите, што фактички го упропастија целиот амбиент...донеси ги луѓето во средено, чисто корито на реката, а во меѓувреме размислувај како да ги задржиш таму - сигурно не со искомерцијализирани, примитивни содржини...лондончани одат во Хајд парк, да седнат на трева, да се истрчаат, да прошетаат, ако толку веќе сакаме да личиме на некаков голем град - зошто не извлекуваме такви примери, него најбезвезното од Београд...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.