build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 60>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Feb-2008 at 19:59
    Па сумата е замашна, ама најверојатно и веродостојна ако земеме во предвид дека студијата ја правеле јапонци. Ама, со 100 милиони евра, најверојатно би се зафатил со изградба на урбаните автопати - заедно со олеснувањето на метежот низ Скопје и негово беспрекорно функционирање доаѓа и помало загадување бидејќи колите нема да стојат во место и да произведуваат ненормално многу тони јаглерод диоксид туку колку толку би се намалило загадувањето. . Исто така урбаните автопати се од суштинско значење за понатамошен развој на градот и негова поголема ефикасност. Јас така гледам на работава, мислам ќе се сложите...

А колку од урбаните автопати може да се изгради со 100 милиони евра, имате претстава?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Feb-2008 at 20:14


Па можеби комплетно Smile

Барем на такви проценки сум наидувал.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 27-Feb-2008 at 23:45
Еј па немојте да ме сметате сега за некој си ЕКО фрик и јас сум за урабните автопати, поубав јавен сообраќај и слично. Но бидејќи сепак географски сме во Европа, а преку Вардар доста ја загадуваме и Грција, вакви пари се ралитвно мала сума за нивните еколошки фондови. Урбаните автопати од друга страна си се сосема друга приказна. Како што имаше некаде спомнато пбанкс Скопје има смешно мал буџет за метропола каква што сака да претендира. Убеден сум дека со правилна политика, измена во законот на град Скопје, подобро менаџирање и развој на PPP(приватно јавно партнерство) може сево ова да се постигне. Па не може една Тирана мајку му толку да е побогата од Скопје.
Back to Top
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-Apr-2008 at 03:44


vaka trebaat da go napraat vardarot- kako vilnius.  mnogu ubavo mi lichi.Smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 13-Aug-2008 at 21:51
Интересно да се забележи од аспект на заложбите за плажа (кои фала богу повторно ги снема)

Инаку овој проблем во иднина со позамашни средства би можел да се надмине, но главен проблем сепак беше локацијата.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B0DDE2D2C77A0749A9F3F48E6689129D

Камењата од Вардар излегоа на суво, водата до глуждови

Завчера Вардар го достигна најнискиот водостој за годинава од 6,02 кубни метри во секунда

Снежана Калабакова

Голи камења, дива вегетација и вода до глуждови, е сликата што се забележува деновиве во коритото на Вардар во Скопје. Најголемата река во државава може без никаков проблем да се прегази. Малку поголемо ниво има само кај Ѓорче Петров. Експертите велат дека живиот свет, особено рибите го насетуваат ваквиот сушен период и навреме заминуваат по коритото во деловите со повеќе вода.

Хидролозите објаснуваат дека кога станува збор за водостојот на реките, целокупната состојба во Македонија е на границата на апсолутните минимални вредности кои се очекувни во овој период. Нискиот водостој е резултат не само на екстремно високите температури туку и на зголеменото трошење вода за наводнување и други потреби. На Вардар годинава нема да биде надминат апсолутниот минимум од 5,02 кубни метри во секунда, кој бил забележан во 1990 година и се смета за најмал во изминативе 60 години. Мерењата од завчера покажуваат дека бил достигнат најнискиот водостој за годинава од 6,02 кубни метри во секунда. Слична е состојбата и со нејзините притоки. Поголем пад на нивото на Вардар не се очекува, бидејќи се намалуваат потребите за наводнување, а опаѓаат и температурите, барем во ноќните часови. Во овие летни месеци свеж дотур на вода во Вардар се врши од браната „Козјак“. Таа одржува нормален минимален проток на вода во речното корито, но има и функција да го одбрани Скопје од поплави. Од ЕЛЕМ велат дека од „Козјак“ се испушта онолку вода колку што е потребно во „шпицот“.

„Треска, како главна река која го храни Вардар и има природен режим над акумулацијата, кај Македонски Брод завчера имаше 2,6 кубни метри вода во секунда. Нејзиниот апсолутен минимум во август 1993 година беше еден кубен метар во секунда. Реката Пчиња, пак, кај Катлановска Бања завчера имаше проток од 1,6 кубни метри вода во секунда, додека во август 2001 година беше регистриран апсолутен минимум од 0,1 кубни метри“, вели Јосиф Милевски, раководител на Хидролошкото одделение во Управата за хидрометеоролошки работи.

Мирче Котевски, портпарол на ЕЛЕМ, објаснува дека од „Козјак“ не може стихијно да се испушта вода. „Нашите хидроцентрали работат по потреба, а не постојано. Се вклучуваат во текот на денот кога потрошувачката на струја е максимална. Хидроелектраните ги вклучуваме по налог на диспечерските центри за да се одржува енергетскиот систем“, објасни Котевски.

Според завчерашните мерења извршени на потегот Треска-Вардар до Комплекс банки, во Влае на Вардар биле измерени 5,2 кубни метри вода во секунда. Нивото, пак, кај Железен мост било 8 кубни метри. Хидролозите велат дека за правилно распоредување на водата нужно е да се чисти дивата вегетација во речното корито. Иако се најавува сушен период, тие сметаат дека многу води ќе протечат, па дури и оние кои претходно пресушиле.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 07-Sep-2008 at 20:30
Кеј на реката Вардар

Ова е дел од сработеното на работилницата за уредување на левиот брег на Вардар, што се одржа неодамна во МКЦ, на која учествував и јас. Проектот се однесува на делот одбрегот на Вардар спроти градскиот парк и опфаќа систем од патеки кои овозможуваат различни доживувања на просторот, видиковец, плажа и разни комерцијални содржини кои би обезбедувале средства за одржување на кејот како на пр. пунктови за продавање освежителни пијалаци, киосци за издавање спортска опрема, како и различни манифестации со кои би заживеал тој простор. Градот е заинтересиран да го реализира проектот, барем во поголем дел, така што, се надевам, за извесно време Скопје ќе добие ново место за сите рекреација и квалитетно минување на слободното време.


 http://archi-jane.blog.com.mk/node/77311



Ова на нет го најдов во овој блог како би изгледало градската плажа .
Има и слики ама не знам зошто не можеше да се видат ги тргнав ако може некој нека среди



Edited by mitatos - 07-Sep-2008 at 20:34
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 07-Sep-2008 at 21:39

сакаа велосипедска патека на вардар, па палми среде вардар, па нивото на вардар го одржуваат само фекалните води, сега да не сакаат и да измислат и чиста вода за луѓето да се бањаат??
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 08-Sep-2008 at 00:47
PreviousQuestion

Што и фали на велосипедска патека, а кога сме веќе кај тоа, што и фали на чиста вода? Водата од Вардар се користи за наводнување, па чиста вода наместо фекалии и не е лоша идеја.

За дрвата сред Вардар се сложувам дека е глупост.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 08-Sep-2008 at 09:28

Епа финтата е дека неможе да има на едно место: и велосипедска патека и плажа, па уште некоја глупост ако им текне
кога веќе почнаа со патека, нека завршат со неа.


btw, јас не би сакал да се сончам покрај некое место од кое корне на фекалии


Edited by Cloverstack - 08-Sep-2008 at 15:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 08-Sep-2008 at 15:06


Зошто да не може да има на едно место и плажа и велосипедска патека???

Инаку плажи во центарот ми се дебилна работа, тоа го имам кажано и образложено милион пати.
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 09-Sep-2008 at 15:28
Originally posted by Cloverstack

Зошто да не може да има на едно место и плажа и велосипедска патека???


Затоа што, како што реков погоре, на Вардар тоа не е возможно. Ем овие со точаци ќе ти врват на глава, ем ќе ти корне на фекалии што за мене е еднакво на катастрофа!

Да беше чиста реката, ќе речеш, ај, ама вака... BTW, ако се прави плажа и на кеј на аеродром, особено спроти Топлификација и активните фабрики, тогаш... Подобро би останал без коментар!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 09-Sep-2008 at 16:41


1. Па велосипедската патека нема да поминува низ евентуалната „плажа“

2. Фекалиите и смрдеата навистина се проблем, ама не знам како ги вметна во математиката дека не може да има ем велосипедска плажа.

3. Прочитај ја нишката од почеток! Нигде не станало збор за локација во Аеродром карши Топлификација и индустриската зона.
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 09-Sep-2008 at 16:44
Originally posted by Cloverstack

Прочитај ја нишката од почеток! Нигде не станало збор за локација во Аеродром карши Топлификација и индустриската зона.


Јас само да се распрашам за секој случај

Иначе, мене не ми одговара ова сега не знам за другите

што се однесува до „математиката„ , јас мислам дека не е ОК и плажа и патека, зошто не е многу голем просторот.
ама, секој со свој вкус

Edited by maestro13 - 09-Sep-2008 at 16:46
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 21-Sep-2008 at 16:25

Ako srbite mozhe da gradat splavovi na reki zosto da ne mozeme i nie da gradime plazi...

Ke treba da se ischisti samo Vardar a mislam deka ima i kampanja za chistenje na Vardar od Gostivar do Egejska Makedonija.  Dali se sredi toa do kameni most sto rekoa deka ke go gradat?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 21-Sep-2008 at 17:22
Originally posted by Plugger


Ako srbite mozhe da gradat splavovi na reki zosto da ne mozeme i nie da gradime plazi...

Ke treba da se ischisti samo Vardar a mislam deka ima i kampanja za chistenje na Vardar od Gostivar do Egejska Makedonija.  Dali se sredi toa do kameni most sto rekoa deka ke go gradat?
ако мислиш на плажата до камени, од тоа се откажаа (фала богу)
а инаку има многу проблеми, чистење на реката, водостојот и т.н.
уште нешто, ве молам одкажете се од тоа „ако можат и тие можеме и ние“, во други земји и градови имаат други услови и други потреби, буџет и т.н.
Скопје си е Скопје и треба да гледаме да се уреди според неговите услови
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 21-Sep-2008 at 17:33
Originally posted by zabegan

ако мислиш на плажата до камени, од тоа се откажаа (фала богу)

Немам наидено на информација дека официјално се откажале, поише му доаѓа дека од којзнае кои причини сега за сега дигнаа раце од идејава и момнетално не ја спомнуваат... Ама да се надеваме дека во суштина идејава конечно е мртва. Нормално зборам за плажа на локацијата во центар, затоа што не сум против плажа на друга поприкладна локација, доколку се обезбедат потребните предуслови.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8767
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 21-Sep-2008 at 18:07
Originally posted by zabegan

уште нешто, ве молам одкажете се од тоа „ако можат и тие можеме и ние“, во други земји и градови имаат други услови и други потреби, буџет и т.н.
Скопје си е Скопје и треба да гледаме да се уреди според неговите услови


Одлична поента Thumbs%20Up се сложувам со тебе. Уствари голем дел од проектите за кои сме негативно настроени на форумов потекнуваат баш поради ваквиот начин на размислување.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 21-Sep-2008 at 18:53
Zabegan, Sekoj grad si ja koristi svojata ubavina. Ne znaci toa deka treba da se pluta vo oblaci ali pa od druga strana zosto da ne mozhe da se napravi nesto od rekata Vardar? Dali plazha,dali pa neshto drugo toa ke bide vo letniot period normalno nema da bide vo zima. Da se napravi nekakva atrakcija pa da vidime, ne rekov deka treba splavovi da gradime ali pa barem da napravime nesto so rekata ne samo kafulinja da gledame od strana i shkrtanici po zidovite.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 21-Sep-2008 at 21:21
не не, не реков дека не треба, напротив треба, и тоа многу, но не значи дека треба да копираме,или да живееме според туѓи стандарди
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 22-Sep-2008 at 22:15
Epa zatoa ke si napravime nesto sto nas ke ni odgovara po nashi uslovi. da bide interesno kako i da e
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 60>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.