build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1221 Posted: 05-Apr-2021 at 11:11
ГРАД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ЌЕ ЈА УРИВА ГАЛИЈАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“



Град Скопје денеска почнува со уривање на галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар на градот. Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека се исполнети правните услови за овој брод да биде тргнат од коритото на реката и издадено е решение денеска да почне да се отстранува дел по дел.

Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“, а се чека асистенција на полицијата за да почне интервенцијата.

Шилегов уште кон крајот на јуни најави дека е раскинат договорот со сопственикот на бродот бидејќи не платил кирија за 4 месеци. Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали.

Локација за бродот „Среќа“ најпрво на јавното наддавање во Град Скопје беше купена од фирмата „Фаланга ДООЕЛ“ која ја доби и локацијата кај МЕПСО. Потоа газда стана фирмата „Интек Мак“, за на крај бродот да го добие „Севрис АД“ . Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста кај Градскиот трговски центар. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

Во студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи се вели дека бродовите за третина ја намалиле проточноста на реката и дека во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-deneska-ke-ja-uriva-galijata-kaj-holidej-in/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 983
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1222 Posted: 05-Apr-2021 at 11:22
Ќе го рушат пошто не платил 4 месеци кирија и со тоа го нарушил договорот...овие другиве два си тераат, демек пари немало за грандиозниот подфат
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 455
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1223 Posted: 05-Apr-2021 at 11:24
neli i toj najnapred sto e ke go rusea?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1224 Posted: 05-Apr-2021 at 13:10
ПОЧНА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ПРВАТА ГАЛИЈА ОД КОРИТОТО НА ВАРДАР





Градот Скопје денеска почна да ја отстранува првата од трите галии во коритото на реката Вардар, онаа поставена во непосредна близина на хотелот „Холидеј ин“. Демонтажата ќе ја вршат екипите на ЈП „Улици и патишта“ во наредните неколку недели, и тоа на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка. Увид во активностите за отстранување на овој објект денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
- Станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на движните ствари кои што се наоѓаат внатре, а потоа демонтажа и на самата галија. Со ова, како континуитет на политиките што јас ги креирам како градоначалник, започнуваме со поизразено расчистување со криминалниот и подмолниот проект „Скопје 2014“. Овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се и опасност за граѓаните на Скопје, имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот од една страна, но и според студијата на УНДП, зборуваат дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани – рече градоначалникот Шилегов.
Тој се заблагодари на граѓаните за покажаното трпение, зашто заради правните постапки и процедури се доцнеше со отстранувањето на галијата.
- Одлучив така да работиме, зашто ваквото отстранување на галијата нема да претставува никаква финансиска опасност за Градот, дури и отстранувањето што ќе го вршат „Улици и патишта“ ќе биде на сметка на фирмата корисник – објасни Шилегов.
Според студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти, а галиите за третина ја намалиле проточноста на реката
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1225 Posted: 05-Apr-2021 at 13:11
БУГАРСКИОТ ГАЗДА НА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ВЕЛИ НЕЗАКОНСКИ СЕ УРИВА, ШИЛЕГОВ ТВРДИ ИСПОЛНЕТИ СЕ СИТЕ УСЛОВИ

Сопственикот на галијата „Среќа“, кој е бугарски државјанин, смета дека незаконски се урива објектот во реката Вардар во строгиот центар на Скопје. Во негово име, управителот на фирмата „Сервис АД“ Жарко Миленковски кажа дека немаат никакви долгови кон Градот.

„Урбаната опрема се урива без судско решение. Ние за време на пандемијата испративме допис до Градот, но не добивме одговор. Сега сите кирии се платени. Ова е инвестиција од 1.2 милиони евра на бугарски државјанин, не е добра порака која се испраќа до странските инвеститори“, рече Миленковски.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека сите услови се исполнети галијата која го поречува текот на реката да биде отстранета.

„Нивната жалба беше одбиена од Апелациониот суд, исполнети се сите правни услови. Демонтажата ќе ја врши ЈП Улици и патишта, а потоа фактурата ќе биде испратена на сопственикот. Градот нема да има никакви финансиски импликации“, кажа Шилегов.

Екипите на Улици и патишта придружувани од полицијата денеска почнаа да го вадат инвентарот од бродот, односно масите и столиците. Откако цела опрема ќе биде извадена ќе се демонтира конструкцијата на бродот.

Градоначалникот Шилегов верува дека во наредниот период ќе се створат услови да се отстранат и другите две галии. За онаа кај МЕПСО судските постапки рече дека се при крај, а за бродот „Воденица“ кај Градскиот трговски центар засега нема прекршувања на договорот и тој не може да се урне, а Градот да не плаќа милионска оштета.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bugarskiot-gazda-na-galijata-vo-vardar-veli-nezakonski-se-uriva-shilegov-tvrdi-ispolneti-se-site-uslovi/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1226 Posted: 05-Apr-2021 at 13:27
Зашто воопшто мисли дека може да изиграва Спаска Митрова и слични случаеви како последна сламка за фаќање кога ќе го поминат целото МК законодавтсво, да се нафрлаат на играње игра на бугарско државјанство. Само губат симпатии ако воопшто некој од ова општество имал према сопствениците. А Бугарија мислам дека до толку не би загризала јадица да се фати И на овој случај после низа останати.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1227 Posted: 05-Apr-2021 at 17:12
Добро е што некој се сеќава на Спаска. Нејзиниот случај беше многу срцепарателен, ама сега секој будала со бугарски пасош ќе игра на таа карта. Како race card во САД.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1228 Posted: 05-Apr-2021 at 20:23
Инаку, после работа (некаде по 15 ч.) кога поминав таму немаше никакви активности



Битно си се сликаа и најавија уривање, па сега, ќе биде кога-тогаш
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1229 Posted: 05-Apr-2021 at 20:45
Ќе се одвива постепено во фази(тоа е честа фраза во сите проекти вклучително и овде)....рекоа неколку недели ќе трае процесот(читај месеци).
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2016
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1230 Posted: 12-Apr-2021 at 22:38
Не ја разбирам потребата од пристојност на актуелната власт. Па се трудат да објаснуваат нешто минор-корито, мајор-корито. Кажете бре храбро: грди се и затоа ги рушиме. Кажете: Зашто се дел од СК14, затоа ве гласаше народ. Барем бидете ако ништо друго безобразни и кажете "вмровците ги направија, и ќе ги срушиме зашто ни се може". Стварно нема потреба од објаснување и барање технички разлози, има доволно јавна поддршка за нивно отстранување. Cut the crap & Razvaljuj !


Заради објективност мора да го постираме и ова:
Кој го тоа кочи Вардар?

„За ист попречен пресек на река Вардар, колку „успор“ прави една галија во однос на Камениот мост“. - Борче (читател)








https://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/koj-go-toa-kochi-vardar


Edited by user8642 - 12-Apr-2021 at 22:39
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1231 Posted: 13-Apr-2021 at 19:59

пристапот кон се на база грдо/убаво е тоа што го кочи градов во развој и допринесува едните да прават споменици, а другите да си прават скверчиња насекаде

и јас можам да си кажам отворено дека се грди, ама има и еден тон технички причини зошто би требало да се демонтираат, а од истите причини следни треба да бидат водоскоците и врбите (кои и онака сами си паднаа, ама ај)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1232 Posted: 29-Apr-2021 at 10:38
САМО ШТО ПОЧНА, СТОПИРАНО УРИВАЊЕТО НА ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ОТИ СОПСТВЕНИКОТ ПОДНЕЛ ЖАЛБА

Не се отстранува галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје. Неколку дена откако екипи на ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полиција почнаа со отстранување на инвентарот во бродот, акцијата е стопирана. Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека сопственикот поднел жалба и донесена е времена мерка за стопирање на извршувањето додека судот одговори на жалбата.

Град Скопје на 5 април почна со отстранување на галијата, а на прес-конференцијата која дента пред бродот ја одржа градоначалникот Петре Шилегов кажа дека се исполнети сите услови тој да се тргне од коритото на реката.

„Сопственикот неколку месеци не плаќаше кирија, со што се создаде можност да се раскине овој договорот. Нивната жалба беше одбиена од Апелациониот суд, исполнети се сите правни услови. Демонтажата ќе ја врши ЈП ‘Улици и патишта‘, а потоа фактурата ќе биде испратена на сопственикот. Градот нема да има никакви финансиски импликации“, кажа Шилегов на прес-коференцијата за уривање на бродот.

Сопственикот на галијата „Среќа“, кој е бугарски државјанин, смета дека незаконски се урива објектот во реката Вардар. Во негово име, кога почна уривањето управителот на фирмата „Сервис АД“ Жарко Миленковски кажа дека немаат никакви долгови кон Градот.

„Урбаната опрема се урива без судско решение. Ние за време на пандемијата испративме допис до Градот, но не добивме одговор. Сега сите кирии се платени. Ова е инвестиција од 1.2 милиони евра на бугарски државјанин, не е добра порака која се испраќа до странските инвеститори“, рече Миленковски.

Локација за бродот „Среќа“ најпрво на јавното наддавање во Град Скопје беше купена од фирмата „Фаланга ДООЕЛ“ која ја доби и локацијата кај МЕПСО. Потоа газда стана фирмата „Интек Мак“, за на крај бродот да го добие „Севрис АД“ . Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста кај Градскиот трговски центар. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

Во студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи се вели дека бродовите за третина ја намалиле проточноста на реката и дека во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/samo-shto-pochna-stopirano-urivaneto-na-galijata-vo-vardar-oti-sopstvenikot-podnel-zhalba/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1233 Posted: 06-Jun-2021 at 16:54
Бугарската галија останува закотвена во Вардар и си прима гости

Помпезното најавување за уривање на првата галија заглави во судските лавиринти. Бродот на среќата засега останува закотвен во реката Вардар.

Галијата повторно ги отвори вратите за гостите. Откако фирмата која управува со бродот ја обжали одлуката на Град Скопје за демонтирање на галијата, сега скопскиот Апелационен суд треба да пресуди – дали бродот ќе работи или дали ќе затвори и ќе се дислоцира. Пред два месеци иако скопскиот градоначалник Петре Шилегов лично присуствуваше на стартот на демонтирањето на галијата, сепак првиот обид беше неуспешен. По судската времена мерка во април со која се прекина демонтирањето на бродот-кафана, градскиот татко очекуваше идниот месец, односно во мај, да продолжи демонтирањето. Но, тоа не се случи. Сега Шилегов дава нов рок, односно до јули.

„Обжалена е постапката и одлуката на судот ние сме во очекување на одлуката на Апелациониот суд Скопје. Јас очелкувам дека таа ќе биде позитивна во полза на градот на Скопје и ќе продолжиме со дислокацијата на галијата, затоа што навистина мислам дека мора да бидеме посветени кон правото и кон безбедноста на граѓаните.“

Галијата требаше да ја отстранува Јавното претпријатие „Улица и патишта“. Град Скопје го раскина договорот со фирмата управител на галијата „Сервис“, поради неплатени три закупнини кои биле уплатени во градската каса по раскинување на договорот. Од фирмата се правдаат дека не извршиле уплата поради пандемијата. Инаку, галијата се води како странска, во овој случај, бугарска инвестиција и за уривањето беше информирана амбасадата на оваа држава во Македонија. Од амбасадата побараа заштита на инвестицијата и да се спречи уривањето.

https://alsat.mk/mk/bugarskata-galija-ostanuva-zakotvena-vo-vardar-i-si-prima-gosti/

Edited by stef4o - 06-Jun-2021 at 16:55
Back to Top
Шарла View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Шарла Quote  Post ReplyReply #1234 Posted: 07-Jun-2021 at 06:44
И споменикот на мајка тереза си остана,и порта македонија,и милионите споменици по мостовите,на секое ќоше.....јас се кладам дека попрво градоначалник од дпмне ќе почне да го расчистува тој неред отколку моменталниов градоначалник,не знам зошто упорно се лаже само.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1235 Posted: 10-Jun-2021 at 15:35
Наскоро ќе се дислоцира галијата кај „Холидеј ин“ – Град Скопје ја доби правната битка



Наскоро ќе продолжи постапката за уривање на галијата кај „Холидеј ин“. Ова го најави градоналникот Петре Шилегов кој во телевизиска изјава истакна дека Град Скопје ја доби правната битка со управата на галијата која неодамна се жалеше и судот изрече времена мерка за отстранување на бродот од коритото на Вардар.

– Започнавме постапка па дојде времена мерка од судот. Ние таа времена мерка ја обжаливме и според информациите што ги добивме од судот, ни е уважена и очкувам дека наскоро ќе продолжиме да ја дислоцираме една од трите галии – изјави Шилегов.

Тој потенцира дека институциите треба да бидат поагилни, односно одлуките да се носат побрзо.

Инаку, отстранувањето започна со вадење на инвентарот на галијата од страна на извршители, а управителот на бродот, Жарко Миленковски рече дека ќе ги искористи сите правни механизми за да спречи да се урне објектот и да се направи штета од 1,2 милиони евра.

Град Скопје го раскина договорот со управата на галијата бидејќи сопственикот со месеци не плаќај закупнина.

Градоначалникот Шилегов бара поголема контрола врз другите општини со цел да не се случат повторно Холидеј ин, Матка или Мавровка.

– Не сум задоволен како се развива урбанизмот во градот, меѓутоа многу е мало влијанието на Градот. Затоа и некогаш во јавноста кажувам дека е добро Градот да има некаква супервизија врз работите што се случуваат внатре во општините – посочува Шилегов.

https://www.vecer.press/наскоро-ќе-се-дислоцира-галијата-кај/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19482
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1236 Posted: 15-Jun-2021 at 14:21
ЈАС ЌЕ ГО БРАНАМ ГРАДОТ НА СУДЕЊЕТО ЗА ГАЛИЈАТА, УТРЕ ПРОДОЛЖУВА УРИВАЊЕТО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

Град Скопје утре ќе продолжи со уривање на галијата во Вардар откако пред месец и половина ја стопираше постапката поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека времената мерка е стопирана и сега ќе се продолжи со отстранувањето на бродот.

Сопственикот на бродот „Сидро“ кој е бугарски држaвајнин и покрај укинувањето на времената мерка ќе продолжи со тужбата против Градот бидејќи смета дека незаконски се урива објектот во коритото на реката Вардар. Првото рочиште е закажано за 7 јули.

„Многу внимателно го водевме целиот процес и сите услови за отстранување на галијата се исполнети. Сопственикот немаше платено три кирии и тоа според договорот овозможува тој да биде раскинат. Лично јас ќе го застапувам Градот на првото рочиште“, вели градоначалникот Шилегов.

Локација за бродот „Сидро“ најпрво на јавното наддавање во Град Скопје беше купена од фирмата „Фаланга ДООЕЛ“ која ја доби и локацијата кај МЕПСО. Потоа газда стана фирмата „Интек Мак“, за на крај бродот да го добие „Севрис АД“ . Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февруари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста кај Градскиот трговски центар. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа.

Во студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи се вели дека бродовите за третина ја намалиле проточноста на реката и дека во Вардар не треба да се градат насипи, прегради и други објекти.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jas-ke-go-branam-gradot-na-sudeneto-za-galijata-utre-prodolzhuva-urivaneto-veli-shilegov/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15002
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1237 Posted: 16-Jun-2021 at 09:55
Скопје градот на Вардар

Градовите се најчесто препознатливи по својот изглед, стил и карактер, историјат, но и по мирисот кој доаѓа од водата или од реката, ако ја има. Скопје има реки, а често поетски е нарекуван по најголемата – градот на Вардар. Но дали градот живее на реката, е прашање кое често ми се наметнува? Ова ме поттикна да се впуштам во една аналитичка прошетка низ речното корито и неговите брегови.


Од сливот на реката Треска во Вардар па сѐ до мостот на булевар „Србија“, брегот на реката Вадар со сите кривини има околу 20 километри. Ако се земе предвид дека низ некои населени места во градот минуваат и реките Треска и Лепенец, должината на крајбрежјата се зголемува. Градот во шеесеттите години живееше на речните брегови. Старите скопјани ја паметат и поплавата од 1962 г. кога реката се излеа и ги поплави мостовите и околните куќи. По земјотресот во 1963 г. како еден од најкапиталните објекти во постземјотресниот период беше регулацијата на коритото на Вардар. Коритото на Вардар е оска на градот, а кејовите се дефинирани како рекреативни крајбрежни зони. Врвни експерти на Обединетите нации ја прогласија оваа зона во распон од 600 метри за забранета зона за градба. Реката Вардар, до денес, како нем сведок ни ја раскажува својата приказна и приказната на градот крај река, но за жал градот веќе не живее на реката. Тој како да побегна од неа.

Денес ако тргнете на прошетка од сливот на Треска, од запад спрема исток, по течението на реката Вардар, ќе забележите дека голем дел од бреговите се институционализирани и неинтересни за граѓаните. Зелените појаси постепено се претвораат во зона за сервиси, ситни стопанства, паркиралишта за тешки возила и депонии. Надеж буди препознатливата зелена агломерација во Карпош 4, дефинирана како спортско-рекреативна зона. Во оваа зона изграден е рекреативен парк за кој беше распишан јавен анонимен конкурс. Комплексот содржи адреналински парк, две игралишта со песок, скејт-парк, сквер и детско игралиште – урбани содржини што се благодат за жителите на овие населби. Понатаму се надоврзува засега единствениот функционален спортско-рекреативен комплекс со салата „Борис Трајковски“, Олимпискиот базен, хотелот „Александар Палас“ со своите спортски терени, оранжериите на градското претпријатие „Паркови и зеленило“. Во агломерацијата на градскиот парк е најубавото нешто што им се случи на реката и на градот во последната деценија - шеталиштето и рекреативните патеки на кејот. На левиот брег, во увалата по мостот „8 Септември“, никнува нова станбена населба покрај речното корито на местото на старите куќарки. Модернизацијата на домувањето како содржина во овој дел од просторот ми влева оптимизам и пријатно чувство дека тоа е содржина што ќе го збогати овој дел од крајбрежјето. На возвишенијата се забележуваат Амбасадата на САД, Музејот на современа уметност, ѕидините на Калето, Камениот мост. Камениот мост е сочувана градба од посебно значење за градот, зборува за континуитет, историја и е белег на градот на секоја разгледница. Порано, ако застаневте на десниот брег кај Камениот мост, погледот ќе ви одлуташе кон Старата скопска чаршија, камбанаријата на црквата Свети Спас, сѐ до куполите на Даут-пашиниот амам. Кога ќе се најдевте на левата страна, имавте импресивна панорамска глетка на силуетата на градскиот ѕид и падините на Водно. Но, работите се променија, за жал на полошо.

ДАЛИ КВАЛИТЕТОТ И УБАВИНАТА НА ЦЕЛИОТ ОВОЈ ПОТЕГ СЕ ЗАЧУВАНИ?

Доживувањето кое беше овозможено вдолж рекреативната патека е веќе нарушено. Подградието под скопското Кале кое со ГУП е предвидено како контактна зелена зона е веќе зафатено со нови градби. Тие ја нарушуваат визурата и ја кријат силуетата на ѕидините. Калето и целиот рид кој се протега до Крив Дол и продолжува до касарната Илинден па се надоврзува на ридот на МСУ претставува единствена целина во континуитет која со ништо не смее да се наруши. Денес кога Калето со сѐ што му се случува влегува во класични бирократски лавиринти, а во подградието до бедемите на највредниот историски споменик од прва категорија, се изградени и се градат објекти со неадекватна архитектура и висина, не можам да не речам дека ја гледам целата беда што му се случува на брегот на реката и градот. Тажната слика продолжува со комплексот „Скопје 2014“, кој на левиот бег го зазеде просторот на зелениот појас и го затвори платото на МНТ и објектите од културниот центар. Отспротива пред кулите и трговскиот центар исчезна шеталиштето со клупи и урбана опрема низ кое трчаа деца и седеа луѓе во попладневните часови, а кое беше изведено по проектот на арх. Живко Поповски. Таму се сѐ уште истурени тенди од кафулиња и просторот е сѐ уште заградено градилиште. Со изградбата на новиот објект на банка на плоштадот Македонија, уништена е и можноста за изградба на подземна сообраќајница низ центарот на градот. Се надевам дека според најавата градоначалникот ќе собере сили да ги расчисти узурпираните простори од шеталиштето и да им ги врати на граѓаните во првобитна состојба, а би било убаво да се влие во еден убав парк пред хотелот „Холидеј Ин“.

Локацијата „Холидеј Ин“ која ја бранува јавноста подолго време, се чини влегува во својата завршна фаза со погубни резултати. Оваа локација е нереализирана визија од постземјотресниот период на Скопје. Овој простор како социјален градски простор во централното јадро со излез на река и шеталиште има речиси исто значење за градот како главниот градски плоштад. Скандалозниот предлог-проект за изградба на висококатници за домување ќе го претвори центарот на градот во најгусто населено подрачје со целосно нехумани услови за живеење. Покрај многуте неодговорени прашања, планот кој деновиве циркулира во јавноста, не предвидува зелен простор од 20 % од парцелата, согласно Законот за урбано зеленило. Не е познато ниту како ќе се обезбеди заштита на кејот на реката, ниту отвореност на просторот кон реката. Отворено е прашањето како ќе се сочува јавниот простор и постојното зеленило. Целиот процес од оформување градежна парцела, правење ДУП-ови, варијанти на планерски куќи, смалување на катноста и густината, па сѐ до „зелената кула“ на Мартин Пановски со 3Д презентација во која наводно ги решава сите проблеми, е нејасен и крајно нетранспарентен. После сѐ единствено ми е јасно дека: нелегален ДУП не е основа за легална дозвола, не се знае точно кој е ДУП-от за целиот простор вклучително со Ново Маало, нема јасна програма за содржината на трите кули, таа е во процес на менување. Засега е повеќе од јасно дека ДУП-от не добар, а е на сила по одлуката на Уставниот суд. Архитектурата и урбанизмот прават чуда во секој простор, но преку темелни анализи, современи проекти и идеи, преку конкурс и транспаренти постапки, што овде не е случај. Затоа го респектирам повикот на зелената партија ДОМ и сите нејзини барања. Урбанизам воден од приватно и политичко профитерство може да има разорни ефекти врз целото општество.

Коритото на реката во центарот на градот сѐ уште изгледа жално. Галиите и ѓубрето околу нив сѐ уште се тука. Неуспешните уметнички инсталации, скулптури, настрешници од плажи кои не се во функција, како и новите објекти, го направија пејзажот во и околу реката тажен, неинспиративен и оптоварен со чувствителни теми од историјата. Го перципирам просторот околу бреговите со особена чувствителност бидејќи е полн со знаци за тоа кои сме, што сме и каде одиме. Наративниот потенцијал на овој простор заслужува посебно внимание и од струката и од политиката. Ако ја прочитате истражувачката сторија на новинарот Гоце Трповски за состојбата на скопскиот Акропол, ќе се запрашате кои луѓе живеат на овој простор. И господа градоначалници не се осмелувајте да зборувате за туризам додека не ги доведете во ред главните обележја на градот покрај реката. Споменикот на Александар и „Скопје 2014“ не се дестинации за туристичка понуда.

Во централното јадро за мене од посебен интерес се и кејовите покрај населбата Маџир Маало. На просторот на старата населба Маџир Маало никнува нова гетоизирана населба според ДУП-от кој со незначителни корекции после мораториумот е ставен во сила. Тој не нуди некакво квалитетно решение за брегот на реката. Ако овој значаен простор со неспорни вредности за градот добил некаков урбанистички пиедестал во плановите на Кензо Танге, тогаш вреди да се подразмисли и да му се посвети посебно внимание, ако не на друго тогаш барем на кејските површини.

Кон исток преку реката се протега транспортниот центар. Левиот брег после Железничкиот мост е запуштен и без зеленило, со ситна структура од куќи и супстандард, а зад нив индустриски објекти. Спрема исток паралелно со течението на реката се развива населбата Аеродром. Бреговите имаат пешачки и велосипедски патеки, текот на реката е по мирниот рамничарски предел. Погледот не ви го задржува разигран пејзаж, туку нерамен хоризонт со посебно извлечени акценти во силуетата на фабрички оџаци и поединечни згради. Населбата Аеродром има привилегија да го користи десниот брег на реката Вардар. Кејот е уреден со пешачка и велосипедска патека, на места со клупи за седење со зелен појас, а дел од станбените објекти се ориентирани вдолж и кон реката. Покрај брегот се лоцирани: комплексот на хотел „Русија“, Спортската сала „Јане Сандански“ и придружните спортски објекти, Паркот на пензионерите, новиот хотел „Хилтон“, комплексот со авиончето и забавниот парк. На левиот брег е Европскиот факултет ФОН и станбениот комплекс „Космос“. Сите овие содржини го збогатуваат просторот и секојдневното живеење на жителите.

Левиот брег кај населбата Керамидница е сѐ уште неуреден и можеби во иднина со нови согледувања за урбан развиток и спојување на левиот брег со мост, тој ќе добие адекватна содржина.

На крајот од мојата прошетка ќе заклучам дека имаме река и речни брегови кои се на многу места неадекватно искористени, зелените појаси се на многу места уништени, а во централното јадро крајбрежјето е деградирано на начин кој е погореопишан. Денес кога се бориме за секое парче јавен простор во градското ткиво и за секое парче зеленило и кога сме свесни колку ни е потребен зелениот јавен простор, не смееме да си дозволиме да не го користиме или погрешно да го искористиме јавниот простор покрај реката. Реката ни е дар од природата, а крајбрежните простори во сите планови се дефинирани како рекреативна крајбрежна зона. Затоа се залагам за обнова на зелените појаси вдолж реката секаде каде што тоа е возможно, обнова и изградба на шеталишта со содржина и урбана опрема, плоштади и зелени оази. Тие ни се потребни повеќе од кога било. Познатата исландска поговорка „Човек на човека се радува“ ни е сѐ поприсутна во овие пандемични времиња. Скопје ако претендира да биде зелена престолнина треба да го впрегне сиот потенцијал на архитектонската професија, да му застане на пат на профитерскиот урбанизам и да ги реши проблемите во централното јадро. Здрав и квалитетен живот на граѓаните може да им овозможи само компетентна и одговорна градска власт во соработка со некорумпирана стручна фела.

АВТОР: Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.

https://www.porta3.mk/skopje-gradot-na-vardar/?fbclid=IwAR1A4-eM8KEPoKinLFtqWaFeTWQQL1gYSx-Ydw-HhHJgM3h8U3hmb0Lpzhc
За сè има вторпат
Back to Top
Шарла View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-Apr-2021
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote Шарла Quote  Post ReplyReply #1238 Posted: 16-Jun-2021 at 10:17
Интересно ми е како скоро секогаш луѓе што презимето им завршува на ИЧ,а живеат во Скопје имаат нешто поротив проекти за облакодери,висококатници,барок во градот,се што личи на нешто нормално и не е изградено за плашење народ.
Фатени за тоа време како слеп за стап каде што тие одлучувале за се,тие лапале мито за се,тие го урнисале градот засекогаш и сега како циста што не може да престане да цица,делат памет,позади сите тие паметувања,"добри намери",плачења се крие една и единствена желба,Македонија да има најслабо развиен и естетски најгрд
главен град.

САМО СТРАНСКИ ИНЖЕЊЕРИ И АРХИТЕКТИ се спасот за Скопје,од нашиве паметниковци се виде и се гледа,секој ден колку им е капацитетот.

Edited by Шарла - 16-Jun-2021 at 10:19
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 455
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1239 Posted: 16-Jun-2021 at 10:41
Originally posted by Шарла

Интересно ми е како скоро секогаш луѓе што презимето им завршува на ИЧ,а живеат во Скопје имаат нешто поротив проекти за облакодери,висококатници,барок во градот,се што личи на нешто нормално и не е изградено за плашење народ.
Фатени за тоа време како слеп за стап каде што тие одлучувале за се,тие лапале мито за се,тие го урнисале градот засекогаш и сега како циста што не може да престане да цица,делат памет,позади сите тие паметувања,"добри намери",плачења се крие една и единствена желба,Македонија да има најслабо развиен и естетски најгрд
главен град.

САМО СТРАНСКИ ИНЖЕЊЕРИ И АРХИТЕКТИ се спасот за Скопје,од нашиве паметниковци се виде и се гледа,секој ден колку им е капацитетот.


100% se soglasuvam. Na krajot mislam deka na Skopje mu treba eden biznis centar na potegot sproti Holiday-Inn 4-5 zgradi so katnost pomegju 25-35 kata i uste nekolku pomali super bi go sredile centarot. Nesto slicno moze i sporti Skopje East Gate.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1240 Posted: 16-Jun-2021 at 22:43
Originally posted by Шарла

Интересно ми е како скоро секогаш луѓе што презимето им завршува на ИЧ,а живеат во Скопје имаат нешто поротив проекти за облакодери,висококатници,барок во градот,се што личи на нешто нормално и не е изградено за плашење народ.
Фатени за тоа време како слеп за стап каде што тие одлучувале за се,тие лапале мито за се,тие го урнисале градот засекогаш и сега како циста што не може да престане да цица,делат памет,позади сите тие паметувања,"добри намери",плачења се крие една и единствена желба,Македонија да има најслабо развиен и естетски најгрд
главен град.

САМО СТРАНСКИ ИНЖЕЊЕРИ И АРХИТЕКТИ се спасот за Скопје,од нашиве паметниковци се виде и се гледа,секој ден колку им е капацитетот.
да да, сосем нормално е река чија ширина на малото корито е некои 50-тина метри повеќе или помалку и длабочината во текот на годината не е повеќе од два-три метри, да има огромни бродови, фонтани и врби во неа
нормално е да има има два пешачки моста на далечина од 100 и нешто метри, што не се дел од ниеден природен сообраќаен/пешачки коридор и завршуваат во објекти
нормално е столбовите на мост да се на сред пешачките/велосипедските патеки
нормално е над таа мала река да надвиснуваат огромни објекти и поради нив да се доградува платформа на кејот
све ова се нормални урбанистички појави во 21-ви век, до презимето е сигурно проблемот... не сте ни свесни која иронија ја има во вакви постови и колку сите овие глупости во рекава и над неа се идентично понашање на она што сакате да го критикувате живеејќи сеуште со паметот во минатото
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.225 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.