build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Плажи и бродови на Вардар
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 616263
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12639
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1241 Posted: 21-Jun-2021 at 15:38
Судот уште не решил, а градот продолжи со уривањето на галијата

Во камионче се складира инвертарот од кафулето на бродот на „среќата“. Оваа галија во реката Вардар и официјално е под клуч за гостите. Нејзиното демолирање продолжи откако скопскиот Апелационен суд ја укина времената мерка со која беше сопрено демонтирањето. Причина за уривањето е раскинат договор откако фирмата Сервис која управува со бродот не платила три закупнини, за што се тужат со Град Скопје пред Граѓанскиот суд.

Основниот суд во Скопје закажа рочиште на 7 јули на кое што јас кажав дека ќе го застапувам Град Скопје. За оние кои што не знаат, бидејќи гледам дека има разни контроверзии во градот, согласно законот, законски застапник на институцијата Град Скопје е градоначалникот на Град Скопје. Јас имам право да го застапувам овој Град во секоја постапка“, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Го контактиравме Жарко Миленковски управителот на фирмата Сервис која раководи со галијата. Тој останува на истиот став од пред пет дена дека уривањето на бродот е собирање политички поени на Шилегов. Миленковски реагира дека уривањето е пред граѓанскиот суд кој треба да пресуди за спорот меѓу нив и Град Скопје.

„Лично на Градоначалникот му испратив две писма со молба да објасни како мисли да ни помогне, затоа што даваше изјави дека ќе помогнат на стопанството. Кога видов дека не одговара плативме сè што должиме 100%. Веднаш потоа договорот ни беше раскинат. Тоа е вистината. Сè друго е манипулација. На судењето на 7-ми jули може да дојде не лично Петре Шилегов, туку и Св. Петар да дојде фактите се сепак на наша страна“, нагласи Жарко Миленковски, управител на ЕМУС Сервис АД Скопје.

Инаку, ова е втор обид за демонтирање на галијата. Првичниот, Шилегов лично го најави уште во април, па со времена одлука на граѓанскиот суд цели два месеца беше сопрено уривањето. Галијата од Вардар треба да заврши во склад на Град Скопје. Ова е бугарска инвестицја и за случајот фирмата ги известила бугарскиот претседател Румен Радев, абмасадите на Бугарија и САД, како и делегација на Европската Унија.

https://alsat.mk/mk/https-alsat-mk-mk-grad-skopje-deneska-prodolzhi-da-go-otstranuva-inventarot-od-na-edna-od-galiite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12639
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1242 Posted: 30-Aug-2021 at 13:59
ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР РАЗУРНАТА ОДВНАТРЕ, ОД ГРАД СКОПЈЕ ВЕЛАТ ЕСЕНВА ЌЕ ЈА НЕМА



Галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ се урива одвнатре. Екипи од ЈП „Улици и патишта“ го отстрануваат мебелот и ентериерот на бродот, по што ќе се следи отстранување и на конструкцијата.

„Активностите за демонтажа на бродот се во тек, очекуваме есенва тој целосно да биде отстранет и овој дел ослободен“, велат од Град Скопје.

Сопственост на бродот, фирмата „ЕМУС сервис АД Скопје“, го тужи Град Скопје за уривањето. Од Град Скопје велат дека биле исполнети сите услови за раскинување на договорот односно газдата не платил кирија три месеци, а укината е и времената мерка од судот.

Од Град Скопје велат дека трошоците за уривање ќе ги плати газдата на бродот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/galijata-vo-vardar-razurnata-odvnatre-od-grad-skopje-velat-esenva-ke-ja-nema/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1243 Posted: 18-Sep-2021 at 14:07

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12639
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1244 Posted: 20-Sep-2021 at 06:59
Првата од трите галии „отпловува“ во историјата, Шилегов за ТВ21: Не е потребна судска одлука за отстранување



Првата од 3-те галиии во коритото на Вардар почна да заминува во историјата! Скопје, една поинаква приказна! -вака ја најави демонтажата градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. Откако беше најавено отстранувањето од страна на Град Скопје со реакција се јави сопственикот Жарко Миленковски.

„По повод рушењето на оваа галија во центарот на Скопје со реакција се јави и сопственикот на бродот, Жарко Миленковски. Тој вели дека судски спор има, но се додека нема судска одлука оваа галија не смее да биде срушена. Инвестицијата чини 1,2 милиони евра.“, вели репортерот на ТВ21.

ЖАРКО МИЛЕНКОВСКИ:

Град Скопје нема никакво побарување спрема нас!
Ова е приватна инвестиција, Град Скопје нема инвестирано ниту еден денар!
На градот плаќаме по 1000€ месечно за концесија. Сé е платено, не должиме ништо!
Не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи правниот акт врз основа на кој е поставен бродот, се уште е во сила.
Судот трпи огромен притисок да не донесе времена мерка како би се спречило настанување на штета.
Ова е странска инвестиција од бугарски инвеститор. Информирана е Бугарската Амбасада и Европската Унија.
Ние не сме виновни ниту за Пандемијата ниту за политиките на бившата власт, ниту треба да трпиме штета поради ветувањето на Градоначалникот дека ќе ги руши галиите.
Во текот на целата пандемија имаме пратено неколку писмени барања до Град Скопје на кои ниту еднаш не добивме одговор.
Плативме се’ 100% и по една недела добивме информација дека еднострано е раскинат договорот.

Според Шилегов нема никаква правна пречка за да се отстрани галијата, еве и зошто:

-Договорот со кој е поставена галијата е со извршна клаузула, извршната клаузула значи дека кога ќе се исполнат условите за раскинување на договорот галијата може да се отстрани автоматски без да се води судска постапка.-вели Шилегов.

Галииите во центарот на Скопје беа поставени во реката Вардар од централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ како дел од проектот Скопје 2014. Во 2011 година Советот на Град Скопје донесе Одлука за спроведување на постапка за доделување на правото на поставување урбана опрема за вршење угостителска дејност на Кејот на реката Вардар со која беа предвидени условите за давање на право на угостителите да ги постават овие објекти во времетраење од 30 години, за што треба да плаќаат надомест на Градот Скопје.

https://mk.tv21.tv/prvata-od-trite-galii-otplovuva-vo-istorijata-shilegov-za-tv21-ne-e-potrebna-sudska-odluka-za-otstranuvane/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1245 Posted: 20-Sep-2021 at 16:58
Темпирано ритуално сечење на скалпот на вмро. Курбан мора да иде нешто што изградила претходната власт, па макар и галијата. А подобро ќе беше на пример она ругло бетон на сред улица ткн. Споменик на Мајка Тереза.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13834
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1246 Posted: 20-Sep-2021 at 17:22
Можеа и Аце и Филип (само спомениците, фонтаните нека останат), да намалиме малку причини за потсмев низ светов.
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1247 Posted: 21-Sep-2021 at 06:48
Ако нешто треба да се тргне од СК2014 тоа се дефинитивно галиите.
За спомениците не се согласувам. Нека си останат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12639
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1248 Posted: 29-Sep-2021 at 06:59
СЕ ЗАПАЛИ ГАЛИЈАТА КАЈ „ХОЛИДЕЈ ИН“ КОЈА ГРАД СКОПЈЕ ЈА УРИВА

Вечерва пожар избувна во галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“. Како што вели за САКАМДАКАЖАМ.МК командантот на скопската Пожарна, Владимир Симоновски пожарот избил во една од просториите.

„Пожарот е изгаснат за десетина минути, поради брзата интервенција не се прошири низ целиот брод“, вели Симоновски.

Град Скопје летово почна да ја урива галијата во Вардар. Веќе се демолира внатрешноста на брадот и како што најавија од Градот есенва ќе биде отстранете целосно од коритото на Вардар.

Сопственик на бродот е фирмата „ЕМУС сервис АД Скопје“. Фирмата го тужи Град Скопје за уривањето бидејќи како што велат Градот нема основ да ја урива. Од Град Скопје пак велат дека биле исполнети сите услови за раскинување на договорот, односно газдата не платил кирија три месеци, а укината е и времената мерка од судот која беше донесена по тужбата на сопственикот.

Уривањето на галијата го врши градското претпријатие „Улици и патишта“ , а од Град Скопје велат дека трошоците за уривање ќе ги плати газдата на бродот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-zapali-galijata-kaj-holidej-in-koja-grad-skopje-ja-uriva/
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1928
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1249 Posted: 29-Sep-2021 at 07:20
Originally posted by skopskodete

Ако нешто треба да се тргне од СК2014 тоа се дефинитивно галиите.
За спомениците не се согласувам. Нека си останат.

Галиите и Мајка Тереза дефинитивно. А многу од спомениците треба да се дислоцираат на други плоштади или во други градови ама никако да се рушат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12639
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1250 Posted: 23-Oct-2021 at 10:18
од твитер





Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #1251 Posted: 23-Oct-2021 at 13:30
Мене ми личи или и галијава како мостот ќе биде отворена, односно, срушена два дена пред избори.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1525
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1252 Posted: 23-Oct-2021 at 14:10
Јас се повеќе мислам дека намерно "се руши" со овакво споро темпо и не се чепка ништо конструктивно статичко на објектот. Све со идеја после избори сопственикот да тужи и да добие обештетување, и градот практично да му ја реновира галијата. Фингерај за пред јавност, а намерата во позадина е сосема поинаква. Гледате дека се мотаат едвај двајца работници цело време и кобајаги ја рушат, а уствари само ја гребат и ја грицкаат.

Edited by user8642 - 23-Oct-2021 at 14:11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 616263

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.