build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 14>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)
    Posted: 28-Sep-2018 at 18:44
Паркот на новинарите се предвидува да се стопи во проектот за големиот кружен тек...
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 28-Sep-2018 at 15:26
Originally posted by <Fresno>



Ќе излегува дури западно од големиот кружен, а на исток треба клучка кај рампа да се направи. За западниот дел лесно е, може да има 1, 2 ленти за десно, што ќе носат назад кон кружниот. А источниот дел сега засега веројатно ќе излегува на површина пред двоењето кај рампа. Како ќе се оствари врска со двата кружни не ми е јасно. Веројатно на сличен начин, вртење десно па вклучување на јужниот кружен.

Тоа што воопшто не ми е јасно е како ќе го решат западниот влез. Ќе треба некако од Гологанов, Народен фронт, па дури и Васил Главниов да се влезе во подземниот. Кружен или семафори, се друго е скапо како за привремено решение.

Западен дел


epa na planov kolku shto mozam ja go procitam kaj zapadniod kruzen tek se gleda podzemnata soobrajaknica kako doi uste na zapad kako da ke se povrzuva od kaj katolicka taka izgleda   
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 476
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-Sep-2018 at 13:51
Осмицата од примерот е направена веројатно ради зградата што смета. А кај нас добро е што не излегува подземниот директно на кружен. Смешно би било, а и константен хаос ќе има. Иако ништо чудно и да се направи некоја импровизација од таков тип, се до продолжувањето на Јужен кон запад.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2018
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Sep-2018 at 13:12
Веќе заклучивме неколку страници наназад дека големиот кружен тек е само една фикс-идеја која никој не се нафатил да ја измени (можеби и затоа што никој не очекувал реализација во блиска иднина). Не можам да најдам никакво логично објаснување зошто не би се одело на некое решение со комбинација од два кружни тека како на источната страна кое е и попрактично и поевтино. Ако целта е да се задржи на кратко сообраќајот во него и да се избегне натрупување возила на семафорите на околните крстосници, може да се оди со своевидно хибридно решение на кружен тек од тип осмица. Ова би пружило погладок спој со рампите и околните улици, би се заробило помалку простор во средината на кружниот тек, тунелот би бил пократок и со тоа поевтин и се овозможува полесно премостување за евентуални пешачки мостови или подземни премини.

Говорам за нешто налик на ова (43.6555645,-116.2333828) во поголеми размери.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 476
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 28-Sep-2018 at 11:32


Ќе излегува дури западно од големиот кружен, а на исток треба клучка кај рампа да се направи. За западниот дел лесно е, може да има 1, 2 ленти за десно, што ќе носат назад кон кружниот. А источниот дел сега засега веројатно ќе излегува на површина пред двоењето кај рампа. Како ќе се оствари врска со двата кружни не ми е јасно. Веројатно на сличен начин, вртење десно па вклучување на јужниот кружен.

Тоа што воопшто не ми е јасно е како ќе го решат западниот влез. Ќе треба некако од Гологанов, Народен фронт, па дури и Васил Главниов да се влезе во подземниот. Кружен или семафори, се друго е скапо како за привремено решение.

Западен дел

Edited by <Fresno> - 28-Sep-2018 at 11:47
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Sep-2018 at 09:13
ni mene ne mi e jasno ne znam nekoj ako ima fotka kako bi izgledalo ja na net ne mozam da najdam neshto takvo
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Sep-2018 at 00:57
Не ми е јасно како точно булеварот ќе се поврзе со кружните текови? Ќе оди под нив па после тоа некако или?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 476
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Sep-2018 at 22:15
На макетава изгледа како да има многу зеленило, но всушност само Урбан парк е поконкретна зелена површина. Освен ако нема никаква маркица за делот карши Мала станица и ако планираат рушење на тие привремени објекти за да направат парк.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Sep-2018 at 22:01
Originally posted by Џоле

Originally posted by stef4o

Дали е предвиден уште еден објект да се гради во иста линија со оној кој веќе албекат го изведува?(мислам на просторот лево каде што се багерите)


Чекај, зарем не е тоа просторот каде ќе се гради Дајмонд на Лимак? Малку сум збунет.

Како и да е, од Лимак најавуваат дека подземната сообраќајница ќе биде завршена за 22 месеци.

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ПОДЗЕМНАТА СООБРАЌАЈНИЦА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР, НАЈАВИ ТУРСКИОТ ИНВЕСТИТОР „ЛИМАК“

За 22 месеци треба да биде готова подземната сообраќајница на јужен булевар, најави денеска на промоцијата на проектот инвеститорот „Лимак Холдинг“.

Градежните работи за изградба на булеварот под земја се веќе почнати и како што кажа потпретседателот во „Лимак инвестиции“ Сердар Баџаксиз, паралелно ќе се работи и на изградбата на „Дајмонд“ комплексот кој ќе вклучува станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња.

„Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Булеварот ќе има по две коловозни ленти од двете страни, посебна лента за движење на автобуси и ќе биде со должина од 800 метри. Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на ’Дајмонд Скопје‘ комплексот. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот, Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти. Вкупната инвестиција за овој проект е 250 милиони евра“, рече Баџаксиз.

повеќе на https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dve-godini-ke-bide-gotova-podzemnata-soobrakajnitsa-na-juzhen-bulevar-najavi-turskiot-investitor-limak/

da da kako sto gledate toj sto sea go gradi albekat se vodi kao limak, ama ... kako da ne e
pred edno dva meseci ko se trudev da vi go objasnam mi vadevte katastarska parcela drn drn jarinja
spored sega videnoto prasanjeto glasi dali toa mocuristeto pozadi objektot sto go gradi albekat ke ostane taka ili stvarno e na Limak?
ova vrz patot razbravme deka e dajmond limak...

Edited by Portal - 27-Sep-2018 at 22:02
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Sep-2018 at 18:41
Околу 1000 стана е околу 3000 нови жители во овој дел...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 27-Sep-2018 at 15:32
Originally posted by stef4o

Дали е предвиден уште еден објект да се гради во иста линија со оној кој веќе албекат го изведува?(мислам на просторот лево каде што се багерите)


Чекај, зарем не е тоа просторот каде ќе се гради Дајмонд на Лимак? Малку сум збунет.

Како и да е, од Лимак најавуваат дека подземната сообраќајница ќе биде завршена за 22 месеци.

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ПОДЗЕМНАТА СООБРАЌАЈНИЦА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР, НАЈАВИ ТУРСКИОТ ИНВЕСТИТОР „ЛИМАК“

За 22 месеци треба да биде готова подземната сообраќајница на јужен булевар, најави денеска на промоцијата на проектот инвеститорот „Лимак Холдинг“.

Градежните работи за изградба на булеварот под земја се веќе почнати и како што кажа потпретседателот во „Лимак инвестиции“ Сердар Баџаксиз, паралелно ќе се работи и на изградбата на „Дајмонд“ комплексот кој ќе вклучува станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња.

„Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Булеварот ќе има по две коловозни ленти од двете страни, посебна лента за движење на автобуси и ќе биде со должина од 800 метри. Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на ’Дајмонд Скопје‘ комплексот. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот, Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти. Вкупната инвестиција за овој проект е 250 милиони евра“, рече Баџаксиз.

повеќе на https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dve-godini-ke-bide-gotova-podzemnata-soobrakajnitsa-na-juzhen-bulevar-najavi-turskiot-investitor-limak/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1287
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 27-Sep-2018 at 15:06
Од фб профилот на градот

Дали е предвиден уште еден објект да се гради во иста линија со оној кој веќе албекат го изведува?(мислам на просторот лево каде што се багерите)



Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1287
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 27-Sep-2018 at 14:58
Убаво,конечно овој простор ќе се среди се надевам дека ќе ги испочитуваат роковите и рендерите.Сепак мислам дека немаше потреба од 1000 нови станови во централното градско подрачје но од друга страна пак ќе изгледаат доста модерно споредено со Cevahir Sky City кои иако се дупло повисоки ама надворешно не се дотолку доминантни со таа нивна бела боја.Само ќе видиме како Градот ќе ја изврши обновата на Старата Железничка за да се вклопи со останатото.Патем мислам дека овој проект и Скопје Ист Гејт се добредојдени за Скопје судејќи според модерниот изглед на зградите е сега како ќе излезе во реалноста ќе видиме.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3633
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 27-Sep-2018 at 13:35

Лимак ја почна изградбата на „Дајмонд Скопје“

Површината на вкупниот проект ќе биде околу 300.000 квадратни метри, а целат инвестиција се проценува на 250 милиони евра.

Напишано од
Рада И. Маневска
-
889


По шестгдишно стагнирање и чекање да ги добие потребните административни документи турската компанија Лимак Холдинг денеска најави дека почнува со градба на мултифункционален деловно – резиденцијален комплекс „Дајмонд Скопје“ кој ќе има за цел да го спои симболот на градот – Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје. Во рамки на преоктот е и изградбата на подземна сообраќајница.

Лимак холдинг овој проект во Скопје го најави уште во 2012 година.

– Доцнењето на реализацијата на проектот во Скопје е поради тоа што не можевме да ги добиеме потребните дозволи, но сега тоа е надминато и почнуваме со реализацијата – рече на денешната свеченост Сердар Бадексис, еден од директорите на Холдингот.

Дека Холдингот веќе ги има добиено потребните дозволи за градба потврди и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Проектот го затекнав во идејна фаза и со интензивирање на работните на градската администрацијата успеавме за неколку месеци да ги подготвивме и издадеме сите документи за проектот кој треба да го ревитализира и реконструира овој дел од градот – рече Шилегов.

За премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на официјалниот старт на проектот, мултифункционалниот комплекс ќе го промени градот на подобро, но и ќе ја подобри трговската размена со Турција.

– Тунелот кој ќе се гради ќе биде двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот – рече Заев.

Реализацијата на проектот, за вицепремиерот Кочо Анѓушев, пак, ќе значи раздвижување на градежништвото кое од минатата година е во минус.

Проектот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.

Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот.

Површината на вкупниот проект ќе биде околу 300.000 квадратни метри, а целат инвестиција се проценува на 250 милиони евра. Вкупниот број на вработени по изградбата на објектите ќе изнесува 1.500 луѓе. Градежните работи на проектот треба да завршат за 22 месеца.

Лимак Холдинг е основан во 1976 година и е специјализиран за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам. Оперира во 15 земји со вкупно 70.000 вработени.

https://plusinfo.mk/%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%ba-%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b0%d1%98%d0%bc%d0%be%d0%bd%d0%b4/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1287
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 21-Sep-2018 at 13:28
Секоја чест за Албекат Груп,навистина работат брзо и на голем број проекти колку што знам го изведуваат и објектот на ул.Максим Горки,Vel City-Велес а исто така и на одредени делници по патиштата.Патем има ли некој инфо што треба да се гради десно од објектов во градба? Бидејќи се споменува и хотел и трговски само незнам баш кое кај ќе биде?


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Sep-2018 at 10:47
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3791
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 20-Sep-2018 at 09:50
Од лимак линкед ин..



Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 476
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Aug-2018 at 11:44
Сепак треба градот да излезе со анимација или рендери барем за тоа што е планирано. Не е ова обичен приватен проект. Да објаснат детално како ќе изгледа профилот, траса за лрт дали ќе има, пешачки, велосипедски патеки итн. Да ги претстават и кружните текови и врзувањето со подземнава. Така луѓето ќе се запознаат со целата идеја. Вака, 90% знаат само дека се прави огромна зграда со некаква подземна улица што со години ќе ја блокира постоечката улица.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Aug-2018 at 18:33
Јас не знам како успеаја да срочат толку квази аргументи против изградбата на подземната сообраќајница. Многумина од нас ќе се смејат на ваквите објави на „Фејсбук“, но морам да кажам дека многу луѓе ги читаат ваквите глупости. Да биде ситуацијата посериозна, токму вакви „иницијативи“ можат да донесат некакви промени... на полошо. Се надевам дека и од властите се прави селекција на тоа што е „здрава критика“, а кои иницијативи се чисти глупости.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1610
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Aug-2018 at 17:44
"Граѓаните засекогаш ја губат можноста на таа улица, да се одвива велосипедски сообраќај, а уште помалку пешачки."



Не им текнало дека тоа ќе се одвива на земја? Над булеварот, а не по него...
Само спинови сака некој да прави, премногу слободно време, а премалку информации...каков парадокс.

Edited by alexsend - 29-Aug-2018 at 17:45
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 14>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.