build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Голем комплекс над Јужен Булевар  (Лимак)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 10-Nov-2016 at 23:52
Originally posted by Navigator

Originally posted by zabegan

ама некако не демантирате дека по стоти пат се најавува проектот за комплексот на Јужен булевар, а и на самава последна страна од нишкава, имате три различни најави од три различни периоди од годинава
нишката прв пат е отворена на 14-ти јануари 2012 година, ако направиме некои напорни пресметки, испаѓа дека тоа било пред скоро пет години
исто така пред големата галама за овој комплекс (значи уште порано), околу тој простор се најавија три поголеми проекти и се отворија градилишта, а од сето тоа, остана само едно градилиште во кое имаме многу атрактивно мочуриште
збориме за период од околу 6-7 години, додека култузин лупета за некаков период пред 10-15 години... ете затоа, коментаров на кулузин и двата коментари под оној на гитардемон (од кои едниот од член кој нема никаква историја на форумов), ги нарекуваме куртони коментари... пишани во некаков политички афект, една кратка реченица чисто колку да се расправаме
Не разбирам што треба да демантираме или не и зошто е релевантно тоа од кога постои нишката. Оваа нишка се однесува на проект на приватна компанија, која ќе гради на приватно земјиште, со сопствени средства. Доколку се запазени правилата, работа на компанијата е кога ќе почне и кога ќе заврши со изградбата. Ако сака, може 50 пати да го најави проектот и уште 50 пати да го најави завршувањето. Што сака прави, нивно право, разбираш? А тоа што вие ги поврзувате приватните проекти со политиката, политичките партии и нивните изборни кампањи само зборува за вашите исполитизирани мозоци.
а Џоле нема право да направи констатација? ...да не спомнеше избори што ќе кажевте? ...јас само констатирам дека е во право и дека тоа го докажува самава нишка, ништо повеќе...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11803
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 11-Nov-2016 at 00:31
Според она што знам јас, Лимак е подготвен да почне со изградба, но мора да чека да се комплетираат сите дозволи и папирологија, не само од страна на институциите, туку и од сите субјекти кои имаат подземна инфраструктура под парцелата, а таму работата била прилично замрсена.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10876
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 07-Mar-2017 at 10:42
Лимак, 657 епизода...

„ЛИМАК“ СТАРТУВА СО АКТИВНОСТИ КАЈ „РАМСТОР“

Дали конечно ќе почнат градежните активности околу изградбата на одамна најавуваната подземна сообраќајница кај Старата железничка станица и трговскиот центар „Рамстор“ над која треба да никне голем станбено деловен комплекс. Деновиве турската компанија „Лимак холдинг“, која е сопственик на земјиштето почна да го оградува просторот.

„На посочениот потег е воспоставен привремен сообраќаен режим, поради дислокација на вреловод од страна на компанијата ’Лимак‘“, ни одговорија кусо од Град Скопје.

Во јануари годинава Градот распиша оглас за изработка на основен проект за изградба на подземната сообраќајница кај „Рамстор“, односно Јужен булевар која ќе се протега од раскрсницата кај поранешна „Нова Македонија“ до клучката кај Црниче, на кои места треба да бидат изградени два кружни тека. Од Градот засега не откриваат кого избрале да го проектира сообраќајното решение и да го изготви основниот проект. Оттаму велат дека детали околу конечниот исход од јавната набавка ќе биле објавени по склучување на договорот за изработка на проектот.

Подземниот булевар треба да го гради турската компанија „Лимак холдинг“, која е сопственик на градежното земјиште над сообраќајницата со површина од 300.000 квадратни метри каде што е предвидена изградба на четири блока со околу 2.000 станови во 20-катни објекти, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, паркинг... Вкупната инвестиција е вредна 250 милиони евра.

„Лимак“ треба на своја сметка да го изгради подземниот булевар, а за возврат ќе го добие земјиштето над сообраќајницата и на него ќе го гради комплексот. Освен тоа, паралелно ќе гради и комерцијален објект до Старата железничка станица, кој ќе биде со пресликана фасада и висина како и железничката и ќе претставува влез во новиот комплекс. Подземната улица треба да биде 6 до 6,5 метри под земја, со должина од 800 метри и ќе има 6 коловозни ленти, по три во двата правци. „Лимак“, по изградбата ќе има обврска сообраќајницата да ја предаде во владеење на Град Скопје.

Од компанијата неодамна за „Утрински“ изјавија дека прво ќе почнат со изградба на објектот до Старата железничка станица, а кусо по отворање на тоа градилиште, ќе стартуваат и со изградба на подземниот булевар. „Двата проекта ќе се изведуваат паралелно, со оглед на тоа дека и двата плаци беа купени во речиси ист период, односно, имаат безмалку идентични рокови за почеток на изградбата“, рекоа од „Лимак“.

Компанијата ги купи двата плаца од државата пред повеќе од четири години на лицитација, кога, практично, се наддаваше сама со себе. За плацот кај Стара железничка станица, со површина од речиси 10.000 квадрати Турците платија околу половина милиони евра, а за другата парцела, од над 30.000 квадратни метри околу 3,2 милиони евра.

Изградбата на подземната улица и на комплексот требаше да стартува одамна. Но, освен што лани беше ограден просторот до Музејот на Град Скопје, на терен немаше никакви други активности. Поради тоа во јавноста почна да се шпекулира дека Турците се откажале од инвестицијата. Но, од компанијата ги демантираа таквите гласишта, објаснувајќи дека сложените проекти биле причина за пробиените рокови. „Се работи за сериозни зафати, имаше корекции на проектите и затоа од оправдани причини малку ги пробивме роковите. Прашање на ден е кога ќе почнеме со работа“, изјавија од „Лимак“ за „Утрински“ уште кон средината на минатата година.

http://utrinski.mk/?ItemID=213A5237C4EDDC49BE9C3284BD5B0DFC
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 07-Mar-2017 at 21:05


Малечката невеста доби жестока конкуренција
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 08-Mar-2017 at 16:45
Еве нешто од денешен Вест

ТРОТОАРОТ ГРАДИЛИШТЕ, ПЕШАЦИТЕ НА УЛИЦА КАЈ ТЦ "РАМСТОР"

Од неделата, улицата која минува покрај ТЦ "Рамстор" и ги поврзува Јужен булевар и улицата "Св. Кирил и Методиј" е заградена со лимени тараби и споена со градилиштето на турската компанија "Лимак", која треба да ја изгради подземната сообраќајница.

Тарабите се поставени на коловозот, па заграден е и целиот тротоар. За пешаците не е оставен ниту сантиметар. Од Град Скопје велат дека тие треба да минуваат од другата страна на булеварот.
"На посочениот потег е воспоставен привремен сообраќаен режим поради дислокација на вреловод од компанијата 'Лимак'. И одобрението за времениот режим важи 45 дена, од денот на воведувањето на инвеститорот во работите. Пешаците во овој период ќе се користат со тротоарот од другата страна на коловозот", велат од Град Скопје.
За да преминат од другата страна на коловозот, пешаците треба да се вратат назад до пешачкиот премин кај Музеј на Град Скопје. Откако е затворена улицата покрај "Рамстор" , речиси по цел ден има долги колони возила, кои прават преминувањето на улицата да трае и по десетина минути.
Турската компанија "Лимак" пред четири години купи два плаца на трасата на Јужен булевар за 3,7 милиони евра. Најави дека ќе изградат 2 000 станови, трговски центар и уште многу други содржини, но пред да почне да гради, има обврска да го изгради Јужниот булевар под земја. Просторот кај Музеј на Град Скопје беше ограден минатата година, а од неделата градилиштето е проширено и на улицата покрај ТЦ "Рамстор".



http://www.vest.mk/?ItemID=8E170FDBB9F57D41A74798A6C191D6D5
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3650
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 14-Mar-2017 at 13:44
Може некој да слика, се работи за важна инвестиција.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 16-Mar-2017 at 21:04
Originally posted by my Macedonia

Може некој да слика, се работи за важна инвестиција.
па и нема што да се слика, немаат ништо почнато, нема нови табли, само што ја затворија уличката помеѓу Рамстор и Стара железничка со тараби, кои се на фоткава горе
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 20-Mar-2017 at 11:03

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Познат изгледот на мултифункционалниот комплекс што ќе се гради до Рамстор

Објавено на 20 март 2017, 01:21


Лимак е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам.

Денес компанијата објави соопштение дека компанијата започна со подготвка на теренот помеѓу Музеј на град Скопје и Рамстор Мол на местото каде што треба да се изгради атрактивниот комплекс. Во соопштението се вели дека мрежа од инфраструктурни текови, водоводни цевки и други инсталации, кои му служат на градот се наоѓаат во внатрешноста на земјиштето во сопственост на Лимак Груп. Овие инфраструктурни инсталации треба да се релоцираат, возобноват и повторно стават во функција.

По завршување на овие подготвителни градежни работи, Лимак очекува дека сите дозволи за проектот ќе бидат комплетирани и многу наскоро ќе започне со изградба на подземна сообраќајница во централното градско подрачје на Скопје, а потоа и со планираниот мултифункционален комплекс.

Станува збор за тунел, модерна подземна сообраќајница , со двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри долж Јужен Булевар, и кој во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје. Овој проект кој е во согласност со деталниот урбанистички план на град Скопје, пред чие донесување беа извршени неколку месечни геомеханички испитувања на земјиштето, ќе биде од особено значење за централното градско подрачје.

Од компанијата потврдуваат дека во Скопје ќе се гради атрактивен, мултифункционален комплекс лоциран зад Музеј на град Скопје, долж просторот помеѓу булеварот Св.Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков. Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот.Проектот вклучува четири 20 катници со резиденцијални апартмани, деловен простор, шопинг центар, хотел, ресторани, простор за културни настани, фитнес центар, паркинг и други функционални објекти.

Фотографиите покажуваат приближно како ќе изгледа овој комплекс кој ќе го смени ликот на главниот град.

http://zase.mk/ekskluzivno-foto-poznat-izgledot-na-multifunktsionalniot-kompleks-shto-ke-se-gradi-do-ramstor/
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 20-Mar-2017 at 11:05
Gornata i dolnata animacija nemaat vrska edna so druga ili jas slabo gledam.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 20-Mar-2017 at 16:09
I found this rendering on the internet, but it's from 2012







Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7006
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 20-Mar-2017 at 18:44
навистина е штета што едно од најпознатите обележја на градов ќе стане дел од генеричен трговски центар... решени се културно да го осакатат градов додека не се осакати и последниот грам култура во него
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Online
Posts: 3192
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 20-Mar-2017 at 18:54
Како и во многу случаи во Скопје, се водиме од „рекла-казала“ муабети. Би било нормално од инвеститорот да организира една изложба на која ќе го претстави проектот. Се работи за огромно здание над земја и исто толку големо под земја. Заедно со тоа што он планира да прави, би сакал да ги видам и архитектите-автори на комплексот во Скопје за да го објаснат проектот. Се разбира, со сето ова ќе ја имаме целокупната проектна документација на увид.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 20-Mar-2017 at 19:35
За тоа ќе си се вратиш во времето на едноумието на комуњарите од Југославија и македонубиецот Тито, таму во просторија специјално наменета за тоа јавно беа изложувани детални информации за капитални зафати, како на пример ГТЦ. Скопје 2014 е демократски проект изгласан од мнозинството и мудриот македонски НАРОД стои зад него.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 21-Mar-2017 at 02:01
Од улицата фино изгледа надоврзувањето со музејот, ама од другите страни е ДУПКА. Што ќе биде таму, јавно веце? :/

Се сложувам дека треба (мора) да се направи подобра презентација на проектов. Макета, рендери, секции, пресеци, булеварот... ваков крупен зафат не треба да помине само со кратка презентација преку медиуми како што власта навикна да прави последнава деценија.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 21-Mar-2017 at 10:06
Интересно. Што е планирано да има во целиот овој простор, мол? Или молот е само до Стара железничка? Има некаде податок за GLA?
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 374
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 22-Mar-2017 at 00:59
na proektov ima najmalce pola godina da se raboti na odstranuvanje na postoecki instalacii, ako se sekavam dobro vo stara zeleznicka imase i cela trafostanica, so miljon kabli kakvi ti ne... isto trasata pozadi zeleznicka patot za da voopsto pocne da se iskopuva treba dislokacija na uste miljon instalacii, pozadi nego ezeroto imase fotki kade se gleda deka poprecno minuvaat celi toplovodi... taka da ova i kolku da saka investitorot nemoze taka vednas da pocne, ovije renderi se prvicni i ne gi svakajte tolku ozbilno deka se raboteni...

Edited by Portal - 22-Mar-2017 at 01:00
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 350
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 23-Mar-2017 at 10:35
Pa vakava vizueleizacija pari cini i ne mi se veruva deka e ne seriozno sraboteno

Edited by Dzeksi - 23-Mar-2017 at 10:35
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 374
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 25-Mar-2017 at 22:19
vov vakvite kompanii toa go raboti nekoj junior arhitekt
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 598
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 26-Jun-2017 at 11:51
Еве една фотка од каде може да се забележат активностите кај Лимак (од десната страна на фотографијата.)

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4675
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 26-Jun-2017 at 19:47
Тоа не е Лимак, ако не грешам ќе биде маркет на КАМ.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.