build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Голем комплекс над Јужен Булевар  (Лимак)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 01-Jun-2018 at 14:25



Во право си, рампата можеби воопшто не понира и веројатно се приклучува на булеварот кога е веќе на кота нула. Но не менува ништо суштински во случајов, многу лошо е решено.


Originally posted by Théoden



Јасно е дека тунелот сам по себе е нефукционален. Како привремено и релативно евтино решение за поголема искористеност, барем од источната страна, може да се преуреди триаголникот кај рампа. Сигурно оваа идеја е дискутирана и порано тука, двата крака на бул. Македонија да се направат еднонасочни како надоврзување на излезот од тунелот и да се вкрстат со 11 Октомври како кружни текови. Ова ќе го собира сообраќајот од Борис Трајковски и Македонска бригада низ подземниот булевар. За западниот излез сепак не би знаел ни за привремено решение.



Одлично е како евтино привремено решение за источната страна, кое воедно обезбедува добар пристап кон тунелот и поголема искористеност на Јужен булевар.

Thumbs%20Up


Трагично е тоа што твоево ефтино привремено решение обезбедува подобар пристап и искористеност отколку трајното решение зацртано во ДУП-овите...



Edited by Cloverstack - 01-Jun-2018 at 14:27
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 09-Jul-2018 at 14:40
Фоткава е од долниот линк



https://vecer.press/пораката-на-тито-за-солидарноста-ќе-се/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1603
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 09-Jul-2018 at 17:26
Овој објект го нема на макетата кај НЛБ Банка?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 14-Jul-2018 at 15:52
Забележувам дека на таблава ги нема кулите што беа предвидени за овој проект. Дали тоа значи дека проектот претрпел измени?



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11623
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 20-Aug-2018 at 16:12
Од среда привремен сообраќаен режим на Јужен булевар

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од среда поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „ЛИМАК“ се воведува привремен сообраќаен режим на булеварот Македонија (Јужен Булевар, зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“), соопшти Градот.

– Поради градежни работи ќе се извршат и промени во трасите на автобусите на јавниот превоз коишто се движат по оваа сообраќајница. Така, трасата на движење на автобуската линија бр. 9, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север е променета на тој начин што на крстосницата меѓу улицата Јордан Мијалков (поранешната улица Железничка) и улицата Герман, автобусите нема да вртат лево кон булеварот Македонија. Автобусите ќе продолжат да се движат право и истите подоцна ќе се приклучат кон булеварот „Македонија“ преку привремена улица пред натпатникот на улицата Павел Шатев, при што ќе продолжат да се движат по постојната траса на линијата со бр.9.

Согласно со овие промени, автобуското стојалиште на булеварот Македонија, кое што е во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето на „Макпетрол“) привремено ќе се премести на улицата Јордан Мијалков, по пешачкиот премин кој води до паркот „Урбан парк“.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

https://plusinfo.mk/%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B8%D0%BC-%D0%BD/
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3788
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 20-Aug-2018 at 16:50
Конечно!! Топ
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 470
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 20-Aug-2018 at 20:10
Originally posted by mladen_s

Во врска со парцелата позади рамстор:

Урбанистичкиот план предвидува улицата да биде долга речиси еден километар, широка 31,5 метри, да има две ленти за возење од по 3,75 метри во двата правца и две ленти по 3 метри наменети за застанување на возилата. На подземната улица е предвиден и средишен коридор со трамвајска пруга.

Тоа што ме интересира е дали инвеститорот ќе гради и трамвајска станица?

Се надевам останува првично планираниот профил. Идејата за трамвајска станица е одлична, дури и во интерес на Лимак. Веројатно предвиделе барем автобуски постојки.

Edited by <Fresno> - 20-Aug-2018 at 20:12
Back to Top
MrEdmund View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Jan-2017
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote MrEdmund Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 20-Aug-2018 at 20:41
Предвидена е и трамвајска станица, но во меѓувреме новиот ГУП ја измести трасата на трамвајот, па наместо по јужниот булевар, ќе оди по „Јордан Мијалков“ („Железничка“) поради тоа што заклучиле дека трамваите не можат да го совладаат наклонот за спуштање во тунелот кој ќе се изгради подлабоко заради пресекување со канализацијата од населбите на Водно.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1603
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 21-Aug-2018 at 15:33
Рок на изградба цели 6 години?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 21-Aug-2018 at 16:57
Со лопати изгледа ќе копаат, друго објаснување немам.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11975
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 22-Aug-2018 at 13:33
Originally posted by MrEdmund

Предвидена е и трамвајска станица, но во меѓувреме новиот ГУП ја измести трасата на трамвајот, па наместо по јужниот булевар, ќе оди по „Јордан Мијалков“ („Железничка“) поради тоа што заклучиле дека трамваите не можат да го совладаат наклонот за спуштање во тунелот кој ќе се изгради подлабоко заради пресекување со канализацијата од населбите на Водно.


Ohno

Двата колосеци ќе одат по улица Железничка, или едниот по Железничка а другиот по Мито Хаџивасилев Јасмин?

Всушност има ли некаде на нет закачено верзија на ГУП-от каде што се гледаат ваквите сообраќајни решенија?

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1603
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 22-Aug-2018 at 16:47
Првпат да се гради ваков крупен проект, а да немаме точни податоци и скици...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 22-Aug-2018 at 17:19
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 23-Aug-2018 at 17:46
Еве извадок од едно видео колку да имаме увид до каде се градежните активности на дел од парцелата.Само незнам на кој дел се предвидени 20-катниците и трговскиот

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1603
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 23-Aug-2018 at 18:18
Тие треба да бидат врз булеварот.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1603
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 29-Aug-2018 at 07:55
Улицата треба да биде готова најдоцна за 2,5 години, додека целиот комплекс, односно објектите над булеварот, најдоцна за 6 години.
А кога ќе се отпочне со реализација на кружните текови (3) и клучките за поврзување на подземната улица со останатите сообраќајници сеуште нема информација.

Значи пуштање во употреба на булеварот најрано Март 2021.

https://skopjeinfo.mk/shilegov-najavi-deka-podzemnata-ulica-kje-bide-gotova-najdocna-za-25-godini
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1194
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 29-Aug-2018 at 16:31
Од фб



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8930
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 29-Aug-2018 at 17:07
Глупавата страна на граѓанскиот (илу во случајов фејсбук) активизмот кај нас. Пишување за работи за кои се нема ниту елементарни познавања

Јужен булевар е класичен пример како делува урбаната мафија.
Јужен булевар е класичен пример како се киднапира еден град. Им се одзема градот од граѓаните и им се дава на приватните инвеститори.
Ајде да ставиме на кантар кој што добива?
Што добиваат граѓаните? Тие во моментот имаат функционална улица која ќе биде разрушена 6 години и на крајот повторно им се дава улица и тоа подземна.
Што добива инвеститорот?
Инвеститорот на оваа атрактивна локација во центарот на градот ќе изгради повеќенаменски комплекс со површина од околу 300.000 метри квадратни. Паралелно со издигнувањето на четири блока со 2.000 станови, деловни објекти, трговски центар, културен центар и паркинг.
Колку ќе добие инвеститорот за тие 300.000 метри квадрати во центарот на градот?

Значи имаме еден магионичарски трик во кој магионичарот става една улица во својот шешир, прави магија и од истиот вади повторно улица. Сите хипнотизирано ракоплескаат. Магионичарот за тој неверојатен трик добива 300.000 метри квадратни во центарот на градот.

Граѓаните дополнително го добиваат одржувањето на скапите системи за вентилација и целокупната конструкција на таа подземна улица кое ќе биде многу скапо.
Граѓаните засекогаш ја губат можноста на таа улица, да се одвива велосипедски сообраќај, а уште помалку пешачки.
Градот дополнително ќе се гради и наместо функционален јавен простор граѓаните ќе добијат трговски центри и згради. Знаете колку луѓе ќе донесат во центарот тие 2.000 станови, трговски и деловни центри на површина од 300.000 метри квадратни? Знаете колку автомобили ќе донесат овие луѓе? Знаете колку дополнително загадување е тоа?

Ќе ракоплескаме ли на трикот?


https://www.facebook.com/InicijativaEden?hc_ref=ARQNNu3lfqlsOmz6GBpCSiWcxBv9NLpiSo70j8dWeuwhT4iATzAEUBFQuTtZj3dd6EM&fref=nf&__xts__[0]=68.ARBxPZyn-8ZVG33P1JNsmkZP00DR6CV1xt0i-eOO90Sp0_TDWSCDr3dZH4N3qp7-OfTz8yTi3s8BLdqIWTUkSUrKBrXRmz8PRRa-h0sYAlZWCPW_saB0RFS2SJOv4lA2UNiLddA&__tn__=CH-R
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1603
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 29-Aug-2018 at 17:44
"Граѓаните засекогаш ја губат можноста на таа улица, да се одвива велосипедски сообраќај, а уште помалку пешачки."



Не им текнало дека тоа ќе се одвива на земја? Над булеварот, а не по него...
Само спинови сака некој да прави, премногу слободно време, а премалку информации...каков парадокс.

Edited by alexsend - 29-Aug-2018 at 17:45
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3361
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 29-Aug-2018 at 18:33
Јас не знам како успеаја да срочат толку квази аргументи против изградбата на подземната сообраќајница. Многумина од нас ќе се смејат на ваквите објави на „Фејсбук“, но морам да кажам дека многу луѓе ги читаат ваквите глупости. Да биде ситуацијата посериозна, токму вакви „иницијативи“ можат да донесат некакви промени... на полошо. Се надевам дека и од властите се прави селекција на тоа што е „здрава критика“, а кои иницијативи се чисти глупости.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.