build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Голем комплекс над Јужен Булевар  (Лимак)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 21-Oct-2018 at 17:32




Блок А



Блок Б



Блок Ц



Блок Д

За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 21-Oct-2018 at 18:47
Добро, каде е подземниот булевар?
Каде излегува на кружните токови?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1661
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 22-Oct-2018 at 08:09
Значи сепак тоа што се гради кај мочуриштето на Радисон и е моментално до 4-5ти кат не е дел од проетков. Го нема на сликиве, прва улица лево накај рамстор од Јордан Мијалков е празен плац, парк. А не е.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 376
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 22-Oct-2018 at 15:06
toa e na Kam mislam
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 22-Oct-2018 at 16:04
Ми се чини дека мисли на овој објект (фотката е постара, но се гледа на таблата), ако не се лажам, ќе биде хотел или деловна зграда.



На овој рендер е зад кулите, десно, белата коцка.

За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1661
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 22-Oct-2018 at 16:55
Да на тоа мислам, но исто и тоа е на Лимак а не е дел од комплексов и многу ме интересира што е поентата некако како да е во втор план, не се збори многу за тој објект.

Инаку го оградиле просторот и со бодликави жици...сериозен пристап ептен...


Edited by alexsend - 22-Oct-2018 at 16:57
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 22-Oct-2018 at 17:04

Да не имаш фотка од Кам,излезени ли се над земја?

Инаку проектов на рендерите изгледа фантастично би било добро да се реализира без отстапки.Но не ми е јасно со подземната сообраќајница ќе почнува од кружниот тек што ќе се гради кај НИП но каде ќе излегува на другата страна?
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 22-Oct-2018 at 18:29
Веќе дискутирано во нишкава, погледни неколку страни наназад. Smile


Edited by Blagh - 22-Oct-2018 at 18:30
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1393
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 23-Oct-2018 at 20:00
Уште по некој рендер од страницата на проектов и emagazin.com

















Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 08-Nov-2018 at 15:37

Кај „Радисон“


Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 08-Nov-2018 at 15:48
Се отепа од верглање нашата „архитектонска фела“ за модернистичко Скопје, за пост-земјотресната обнова, бла бла бла.. А за скандалозното узурипрање на просторот и градежната парцела на Музејот на Град Скопје - ни збор.

Патем, генијалната градска администрација претпоставувам воопшто нема ни помислено да побара од инвеститорот на Лимак да фрли некој денар за оспособување на Музејот, хм?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 10-Nov-2018 at 12:53


http://samoprasaj.mk/naacik/1166-2018-11-09-16-05-48?fbclid=IwAR32lq1noKQ0tNx91CKaSxJEXfiqkDqczhr25JSXC3lTzo7XaYs8GF4nIOA
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 401
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 12-Nov-2018 at 00:12
ova zelenilovo od renderive ne veruvam deka deka ke go ima voopsto, se ke e vo betoni...
Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 38
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 13-Nov-2018 at 16:02
Супер! Уште еден ѕид пред водно!Bash
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 159
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 13-Nov-2018 at 21:51
Мене супер ми изгледаат зградиве и целиот комплекс, но гледам дека премногу е ставен акцент на зеленилото и парковите кои најверојатно ќе останат само на рендер. Бидејќи нели сега така е модерно со зеленило по целата градба, паркови итн но во реалност 90% од случаите не се реализирани, а во останатите 10% нема никаков систем за одржување на истите.
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 376
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 14-Nov-2018 at 15:58
aega e ok sho se gradat vakvi megalomanski proekti bez nikakov elaborta kako bi vliale na okolinata itn. taka ?
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 15-Nov-2018 at 12:38
da
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11768
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 17-Nov-2018 at 18:16




За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 01-Dec-2018 at 15:36
Урбан земјотрес ќе ја проголта Старата железничка станица

Старата железничка станица, која што е главно спомен-обележје на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година и дом на Музејот на Град Скопје е најновата жртва на „легалниот“ урбанистички хаос, предизвикан од несоодветната подготовка на деталните урбанистички планови.

Во нив, приоритет имаат профитерските интереси на градежниците наместо стручно поткрепените архиктектонски решенија кои би требало да обезбедат услови за нормален и квалитетен живот на граѓаните.

Иако е прогласен за објект од значајно културно наследство, Старата железничка станица наскоро речиси целосно ќе биде апсорбирана од мултифункционалниот комплекс „Дајмонд“ кој го гради турската компанија „Лимак“ на парцела од околу 30.000 m2 во строгиот центар на Скопје. Со други зборови, ова наше културно наследство од две страни ќе стане лепенка до објекти од новиот комплекс.
Приказната за потегот каде што се гради новиот комплекс почнува уште кон крајот на 2011 и почетокот на 2012 година, период во кој тогашното раководство на општина Центар, предводено од градоначалникот Владимир Тодоровиќ го одобрува деталниот урбанистички план за Старата железничка станица подготвен од Друштвото за планирање, проектирање и инжинеринг „Тајфа-план“. Всушност, уште при носењето на овој ДУП на некој начин е одредена судбината на Старата железничка станица бидејќи уште тогаш е испланирано да се градат објекти во непосредна близина на ова кутурно наследство.

Набргу потоа градежната парцела во центарот на Скопје со површина од 31.929 m2 и должина од речиси еден километар, која се наоѓа зад Старата железничка станица е продадена по цена од 6.300 денари за 1 m2, односно за вкупно околу 3,3 милиони евра на реноминираниот турски холдинг „Лимак“. Во купопродажбата и плановите на турската компанија нема ништо спорно со оглед на тоа што станува збор за приватна компанија која се занимава со изградба на големи и комплексни градежни објекти насекаде во светот.
Неизбежно се наметнува прашањето по кои принципи и регулативи се воделе и денес се водат надлежните институции за заштита на недвижното културно наследство кога е познато дека при вадењето на градежните одобренија е неопходно нивно мислење/одобрување за градби во близина на објекти кои се сметаат за споменици на културата. Одговори на овие прашања побаравме од Управата за заштита на културното наследство, Националниот конзерваторски центар – Скопје и Музејот на град Скопје.

Биљана Јовановска од Управата за заштита на културното наследство рече дека ова институција не е надлежна за ова прашање и нè упати одговори да бараме во Националниот конзерваторски центар Скопје и во Музејот на Град Скопје.

Коле Чапналковски, директор на Националниот конзерваторски центар Скопје исто така изјави дека оваа институција не е надлежна за оваа проблематика, односно дека е само во делот на санации и други работи, но не конкретно за објектот што се гради околу Старата железничка станица.

Одговори не дадоа ниту од општина Центар, ниту пак одговорија на барањето да дадат копии од документите од надлежните институции кои биле приложени при издавањето на одобренијата за градба за објектите од „Дајмонд“.
Тоа значи дека „Лимак“ побарал одобрение за градба за еден од објектите само десетина дена пред да биде прогласен мораториум, а одобрението е издадено дури во август, годинава со што е целосно отворен патот за рализација на овој грандиозен проект.
Во Музеј на Град Скопје велат дека во нивната архива нема заверено никакво барање за одобрение или мислење во врска со градежниот комплекс „Дајмонд“. -Зградата на Старата железничка станица која е прогласена за значајно културно наследство, а во која сега е сместен Музејот на град Скопје, е во сопственост на Градот Скопје, додека Музејот има само право на користење. Исто така, согласно член 75 од Законот за заштита на културното наследство: Заради оцена на доследната примена на заштитно-конзерваторските услови, во случаи кога на заштитено подрачје се изведуваат градежни работи кои не претставуваат непосредна заштита на недвижното културно наследство, Управата (за заштита на културното наследство) издава претходно заштитно-конзерваторско одобрение за недвижно културно наследство.

Претходно заштитно кознерваторско одобрение се дава на барање на инвеститорот, во рок од 15 дена по приемот на барањето – велат од Музејот. Оттаму информираат дека Управата за заштита на културното наследство има донесено Решение за прогласување на Старата железничка станица за значајно културно наследство од 15.07.2011 година, и уште едно Решение за изменување на решението за прогласување на значајно културно наследство од 24.06.2015 година. -Во точка 4 од измената, даден е точен опис на контактната зона со нејзините граници. Инвеститорот поседува имотен лист за сопственост на парцелите на кои се простира контактната зона.

Инаку, контактната зона на споменикот Стара железничка станица има режим на заштита од трет степен, кој меѓудругото подразбира можност за изградба на нов објект (објекти) во границите на контактната зона, со габарит соодветен на градежната парцела и максимална висина во северниот дел еднаква на висината на некогашниот средишен волумен на Железничката станица, односно 19,50 метри – велат од Музејот. Од Музејот укажуваат дека растојанието од зградата на Старата железничка станица до планираните објекти од западната страна изнесува 6 метри, од јужната страна изнесува 6 метри и од источната страна планираните објекти се предвидени до оградата на отворениот двор на музејот.

ДУП-овите алатка на профитерскиот урбанизам

Експертската јавност досега во повеќе наврати укажува дека урбаниот хаос наскоро може да го направи животот во Скопје целосно нефункционален. Уште повеќе, несоодветното планирање придонесува кон неразумно зголемена густина на градби на мал простор, несоодветна патна и комунална инфраструктура и спречување на нормално струење на воздухот. Тоа дополнително го зголемува загадувањето за кое веќе има докази дека е причинител за повеќе смртни случаи отколку кој било друг фактор.

Професор д-р Анета Христова од Архитектонскиот факултет вели дека деталниот урбанистички план за Старата железничка станица е несоодветен урбанистичко-архитектонски гест за таа локација од аспект на претерано згуснување на објекти на место каде што веќе постои преголема густина, но и од еколошки аспект со оглед на тоа што ќе се градат објекти кои ќе го задушуваат струењето на воздухот во Скопје.

Деталните урбанистички планови се повеќе се оддалечуваат од архитектурата и наместо да се предмет на сериозно преиспитување од архитекти и други стручни лица, да поминуваат низ јавни дебати во кои ќе се чујат мислења од повеќе страни, тие најчесто стануваат алатка за тотална окупација на просторот и профитерски урбанизам – вели Христова.

Таа додава дека планот за целиот потег по Јужен булевар е неправилно обмислен и погубен.

-Уште со изградбата на зградите на улица Железничка, а сега и со новите планирани објекти целосно се затвора оваа локација и се спречува струењето на воздухот од Водно, што значи ставање барикади во услови кога се зборува за воведување еколошки концепти – вели Христова.

Конкретно за Старата железничка станица која е законски заштитено културно наследство, таа вели дека е потребно посебно внимание.

-Не е дека во светот нема примери со кои се споменици на културата се реконструираат во согласност со урбаното ткиво, но со актуелното решение Старата железничка станица целосно ќе се апсорбира во новиот комплекс – вели Христова.

Кога станува збор за фактот дека надлежните органи при подготовката на урбанистичките планови сè почесто се водат од потребите на инвеститорите наместо од научно утврдените правила, таа вели кај нас вообичаено се реагира постфестум со петиции или реакции кои не можат да ги сменат работите.

-Архитектурата е интелектуална дисциплина и ако требаше да одговори на профитерските потреби на инвеститорите наместо на потребите на граѓаните, таа ќе се изучуваше на економските факултети, а не на факултетите за архитектура – вели Христова.

Дајмонд“ ќе зафати простор од околу 325.000 квадрати

Според најавите од инвеститорите проектот „Дајмонд“ ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот на Град Скопје, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.

Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

И сликиве се од истиот линк







http://samoprasaj.mk/naacik/1204-2018-11-30-10-52-06?fbclid=IwAR09NvsPeLij30z3qLhdYCrDDCEorb3aTGegR--ednjZ3s39UCuNQwijDas
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1476
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 15-Dec-2018 at 10:30
Од фб

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 13141516>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.093 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.