build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Голем комплекс над Јужен Булевар  (Лимак)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1416
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 15-Dec-2018 at 19:37
Не ми текнува дека најавија обезличување на стара железничка...

13.12.2018 by Ani.build, on Flickr

13.12.2018 by Ani.build, on Flickr

Инаку многу подобро ќе беше наместо уште еден генерички влез на трговски центар, до стара железничка да направеа плоштад на солидарноста со светлосна рекреација на железничката:

marh.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 17-Dec-2018 at 14:27


https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112390/?fbclid=IwAR19Gl0WK-S22rifOR0M-8zD7IW9iPbt8kUghR5L17S0RiSRwli0auLNyso
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4426
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 17-Dec-2018 at 15:35
http://diamondofskopje.com/

Не знам дали некој го има постирано ова веќе, но браво за сајтот. Не се сеќавам некој проект во Македонија да имал сајт досега.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11868
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 17-Dec-2018 at 17:48
Знаеме одамна за страницата, баш вадевме рендери оттаму пред некое време.
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2404
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 17-Dec-2018 at 18:28
А што ќе биде оној празен простор помеѓу катната и делот од молот што е од лева страна на МГС?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 25-Dec-2018 at 08:54
Еве рендери од кулите што треба да се градат во комплексов





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 19-Jan-2019 at 14:43
Трговски центар наместо Музеј на жртвите од скопскиот земјотрес

Политичките и бизнис интересите во Македонија се многу поважни отколку заштитата на културното наследство и сеќавањата на трагедиите како скопскиот земјотрес од 1963 година. Најдобар показател за тоа е што наместо Музеј на 26 јули до Старата железничка станица се гради мултифункционален деловно-станбен комплекс кој ќе го фрли во сенка овој споменик на културата.

Оркестрираното обезвреднување на Старата железничка станица што почна за време на претходната власт доби амин и од актуелната владејачка гарнитура. Имено, договорот за реализација на мултимилионски проект „Дајмонд“ на турската компанија „Лимак“ беше потпишан додека градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски, а продолжува и сега кога во градоначалничката фотеља седи Петре Шилегов.

Повеќе инфо на линкот долу и фотките се од истиот












http://samoprasaj.mk/naacik/1257-2019-01-17-14-36-39?fbclid=IwAR0JSAUXeL85iuPgNAjgoYCsyJA9vVwdswpgwVqDkOl-P2bxVeT9VPpwiZo
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4426
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 19-Jan-2019 at 17:15
Не сфаќам како ова е „обезвреднување“. Баш напротив ќе го популаризира местото.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 489
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 20-Jan-2019 at 08:04
Не ми е јасно зашто е ограден делот кај железничка, на рендерите е паркче. И што е планот со срушената страна? Застаклување?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1572
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 23-Jan-2019 at 13:50
Место прво да се изгради подземната сообраќајница, кај Стара железничка се гради хотел

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара железничка прво гради хотел.
Зад „Рамстор“ веќе се гледа објект од приземје и четири ката, а во исто време на трасата на подземната сообраќајница видливи се само подготовки за градење. Овој проект е уште еден во низата проекти што имаат поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година беше продадено државното земјиште, но се молчеше иако со години не се градеше, а властите од СДСМ, пак, лани наплатија комуналии за сите предвидени објекти и издадоа одобренија за градење и покрај мораториумот за градење во Центар.

Сега властите молчат за редоследот на градење. Обврската прво да ја изградат подземната сообраќајница на Турците им ја наметна поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, веднаш по продажбата на земјиштето во 2012 година. Трајановски ги уверуваше скопјани дека Град Скопје склучил договор со Турците кој нема да дозволи тие да си ги изградат комерцијалните содржини над земја и да ја баталат подземната сообраќајница бидејќи се обврзале прво да ја изградат сообраќајницата, а дури потоа да почнат да ги градат останатите содржини. Изградбата се одолговлекуваше со години, а кога веќе почнаа да градат минатата година, Турците покажаа дека приоритетен им е хотелот, спротивно на уверувањата на поранешниот градоначалник.

Иако објектот зад „Рамстор“ секојдневно расте, и од Град Скопје и од „Лимак“ велат дека не е прекршен договорот за изградба на подземната сообраќајница.

Од Градот тврдат дека е на сила договорот што го потпишал поранешниот градоначалник, но го сокрија кога „Макфакс“ со барање за пристап до информации од јавен карактер побара копија. Не одговорија на барањето и по истекот на законскиот рок од еден месец.

„Градот Скопје го нема променето договорот склучен помеѓу Град Скопје и ‘Лимак’ од 12.03.2012 година“, кусо одговорија од Градот на прашањето кога го смениле договорот што го обврзува „Лимак“ прво да ја изгради подземната сообраќајница, а потоа да ги гради останатите содржини со оглед на сегашната состојба на градилиштето зад „Рамстор“.

Од „Лимак“ избегнаа да одговорат директно на прашањето зошто не ја изградија подземната сообраќајница пред да почнат да ги градат другите содржини. Велат дека и покрај одолговлекувањето, ќе ги исполнат обврските од договорот потпишан во 2012 година.

„Според распоредот за изградба на ‘Лимак’, подземната сообраќајница ќе биде прва точка од проектот на ‘Лимак’, кој ќе се гради на парцелата 1.1. ‘Лимак’ прво ќе ја гради подземната сообраќајница на секвенци на парцелата 1.1 и ќе работи нагоре за да ги комплетира паркинзите, а дури потоа ќе почне со активности за изградба на станбените објекти и трговскиот центар кои е предвидено да се наоѓаат на ова место. Според инженерите, ова е сосема изводлив проект. Планирано и буџетирано е дека ‘Лимак’ ќе инвестира до 250 милиони евра за да го заврши овој проект“, изјавија од „Лимак“ за „Макфакс“.

Од компанијата се правдаат дека почнале да го градат хотелот зад „Рамстор“ оти заедно со локацијата го преземале и одобрението за градење што претходниот инвеститор го добил во 2008 година. Морале да почнат да градат оти биле обврзани во рок од десет години од издавањето на одобрението градбата да заврши. Поради истечениот рок за завршување на градбата „Лимак“ плаќа казна од два милиона денари месечно.

Официјално изградбата на комплексот кај Јужен булевар Турците ја почнаа лани во септември и најавија дека подземната сообраќајница ќе биде готова за 20 месеци, односно до средната на 2020 година. Ќе се гради прво потпорен ѕид од 17.000 квадратни метри околу сите парцели опфатени со проектот.

„Лимак“ на просторот кај Стара железничка станица покрај подземната сообраќајница најави изградба на мултифункционален комплекс со четири дваесеткатници, трговски центар, простор за рекреација, угостителски објекти и паркинг. Земјиштето со вкупна површина од 41.824 квадратни метри во 2012 година го купи за 3,7 милиони евра. Лани за комуналии на Град Скопје се обврза да му исплати 6,5 милиони евра на рати, а за 20 отсто помала сума треба да исплати на име комуналии и во Општина Центар.

https://skopjeinfo.mk/mesto-prvo-da-se-izgradi-podzemnata-soobrakjajnica-kaj-stara-zheleznichka-se-gradi-hotel-video
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1859
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 23-Jan-2019 at 20:00
Глупост, хотелот е сосема друга парцела и неповрзана со договорот за купување на местото каде што е сообраќајницата.  Новинарството во Македонија падна и под нултата точка.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11868
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 17-Feb-2019 at 18:19
Хотелот и деловна зграда истовремено



За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1859
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 17-Feb-2019 at 18:48
На хотелот и на делот после него турбо се работи, до стара железничка изгледа исто така, додека идниот булевар не го имаат пипнато и улицата си ја користат како пристапна кон останатите објекти.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1700
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 18-Feb-2019 at 08:55
Има две тест опции за фасадни бои, може да ги забелеѓите на фотографијата на прв кат во средина.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 141516

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.