build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Diamond of Skopje  (Limak)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Diamond of Skopje (Limak)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 15-May-2020 at 19:12
stanovI ?
Back to Top
Pasha View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 15-May-2020
Location: Beograd
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Pasha Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 18-May-2020 at 01:55
Dobro de stana , se potkralo nekako
MMK
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 21-May-2020 at 19:40




Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 21-May-2020 at 19:51
Ништо посебно, изгледа на реновиран тутунски комбинат. Last-straw ќе биде ако не го напраат булеварот кој им е дел од договорот и се заташка и заборави тоа.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4669
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 22-May-2020 at 10:49
На новата снимка на Google Maps се гледа дека коридорот за подземната улица е оставен празен, мислам дека ќе одат со dig&cover кога ќе му дојде редот. Мислам дека покомплицирано ќе биде спојувањето со кружниот тек кај католичка и сите тие други сообраќајни спојки.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 06-Jun-2020 at 10:13
Од Инстаграм

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 09-Jun-2020 at 09:18
Хотелот на Лимак изгледа ова лето ќе се стави во функција,тарабите се тргнати...



https://www.facebook.com/groups/787942044967923/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12905
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 09-Jun-2020 at 10:04
Не ми личи баш на реновиран тутунски комбинат Краен рок беше 2017 година, барем според една вест, и тоа за целиот комплекс, не само за хотелско-деловната зграда.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 14-Jun-2020 at 14:16


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7262
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 14-Jun-2020 at 15:22
Radisson Blu swamp уште стои на google
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12905
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 14-Jun-2020 at 17:50








За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 21-Jun-2020 at 14:21
Објектите кои никнуваат во линија со хотелот на Лимак



https://www.facebook.com/albekatgrup2019/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 01-Jul-2020 at 10:00

„ЛИМАК“ МЕСЕЧНО Ѝ ПЛАЌА 80.000 ЕВРА ПЕНАЛИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР ОТИ ДОЦНИ СО ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ПОД ЈУЖЕН БУЛЕВАР


Со секој изминат месец, вели градоначалникот Саша Богдановиќ, висината на пеналите расте, па според моменталната состојба на терен и динамиката на одвивање на градежните работи, сумата може да стигне и до 10 милиони денари месечно; - Од презентацијата на проектот пред година и пол. (Фото: СДК.МК)

За доцнење со изградбата на подземната улица под Јужен булевар и објектите над него, турската фирма „Лимак“ ѝ плаќа пенали на Општина Центар. Досега, висината на пеналите за доцнењето е 5 милиони денари, а од овој месец ќе биде 6 милиони денари. Со секој изминат месец, вели градоначалникот Саша Богдановиќ, висината на пеналите расте, па според моменталната состојба на терен и динамиката на одвивање на градежните работи, сумата може да стигне и до 10 милиони денари месечно.

„За една година по основ пенали поради пробивање на роковите за градба во буџетот на Општината влезени се околу 1 милиони евра. Во моментов, покрај ‘Лимак‘ пенали плаќаат уште две фирми, но нивните суми се многу помали за разлика од турсkиот инвеститор бидејќи станува збор за помали објекти. Сега, месечно во Oпштината по овој основ вкупно наплатува 6 милиони денари“, вели Богдановиќ.

Во септември 2018, турски „Лимак“ повторно го промовираше проектот за подземнaта сообраќајница за чија изградба договорот беше потпишан уште во март 2012 со тогашниот градоначалник Коце Трајановски и беше најавено дека ќе биде готова за 6 години. Но, со градежни активности се почна дури пред година и пол. На прес-конфренцијата на која присуствуваа тогашните премиер Зоран Заев и вицепремиер Кочо Анѓушев, градоначалниците на Скопје Петре Шилегов и на Општина Центар Саша Богдановиќ, претставниицте на „Лимак“ кажаа дека улицата ќе биде готова за 2 години. Паралелно ќе се работи и на изградбата на „Дајмонд“ комплексот, кој ќе вклучува станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња.


https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/limak-mesechno-plaka-80-000-evra-penali-na-opshtina-tsentar-oti-dotsni-so-izgradbata-na-ulitsata-pod-juzhen-bulevar/?fbclid=IwAR1WG7sbTxoLDMzbhOirKhRr-E8vo0HRUjh0CsHKmF8KBGfhdTd8OgfKaGs#.Xvw7ZMO5I-w.facebook

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 01-Jul-2020 at 11:37
Куртхан Апајдин: Ние не продаваме само дом, ние нудиме уникатен животен стил

Реномираната и светски позната градежна компанија Limak Group, во Скопје го гради мултифункционалниот комплекс Diamond of Skopje.

За тоа како се одвива изградбата, какви се македонските клиенти, по кои цени се нудат становите и деловниот простор, каков архитектонски печат и стил на живеење ќе понуди овој комплекс, разговаравме со главниот извршен директор на Limak Скопје, Куртхан Апајдин.

Вкупната инвестиција е над 250 милиони евра. Компанијата е рангирана на 67-мо место меѓу најдобрите 250 градежни компании, а нејзиното богато портфолио вклучува изградба на аеродроми, пристаништа, автопати, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, гасоводи, угостителски и туристички објекти.

Бизнис Инфо: Limak Construction е рангиран на 67-мо место на листата на 250 најдобро градежни компании. Што е клучно за ваков интернационален успех?

Основана во 1976 година, од двајца млади инженери, силната посветеност и напорна работа, потрага по постојан успех, квалитет и обид да се направи “подобро“ за да се исполнат и надминат очекувањата, беа клучни фактори за компаниите од Limak Group.

Да се биде една од најголемите бизнис групации во Турција, работејќи во 17 земји во светот со повеќе од 60.000 вработени во различни сектори, од градежништво до енергетика, инфраструктура и туризам, преку цемент, храна и авијација, Limak е дел од тековните мега проекти во Турција, вклучувајќи ги аеродромот Istanbul Grand Airport и мостот Dardanel 1915. Активен во Турција и многу други земји, како што се Русија, Украина, Косово, Албанија, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, Мозамбик и Брег на слонова коска, Limak доби договор вреден 4,3 милијарди долари за изградба на International Airport New Terminal во 2016 година во Кувајт, што претставува и најголем тендер добиен во странство од еден турски изведувач. Над 100 проекти со вкупна вредност од над 10 милијарди долари, почнувајќи од аеродроми и пристаништа, преку брани и постројки за наводнување, експресни патишта и гасоводи, индустриски објекти и нафтоводи, објекти за одмор и комплекси за домување, Limak е меѓу најголемите меѓународни градежни компании во светот.

Проекти што го одбележуваат Limak:

Аеродром – IGA Istanbul Grand Airport: завршена прва фаза (еден од најголемите аеродроми во светот),
Аеродром – Kuwait International Airport Terminal 2: дизајниран од Foster&Partners, има за цел да добие златен сертификат,
Хидроцентрала Yusufeli – трета највисока брана во светот со висина од 275 метри.
Limak Construction доби награда за изградба и пуштање во употреба на објект на Централна банка на Република Турција во Истанбул, којашто ќе биде највисоката зграда во Европа со висина од 360 метри.
Во Limak ние веруваме дека “секое позитивно влијание што го креираме за земјите во коишто работиме ќе има корист од нашиот бизнис и ќе овозможи долгорочна одржливост“. Затоа, во Limak, ние се фокусираме на тоа нашиот бизнис и инвестициите да придонесат за создавање позитивни ефекти врз земјата и нејзините луѓе.

За таа цел, ја основавме Limak Foundation во 2016 година за стратешко управување со социјалните инвестиции на Limak Group. Во нашето портфолио, имаме бројни проекти и иницијативи во Турција: Девојки инженери на Турција; SDG Impact Accelerator; Limak Philharmonic Orchestra; TEA – прва акцелераторска програма за стартапи од областа на енергетиката; најголемо училиште за хендикепирани деца и различни програми во образование; здравство; спорт и слично. Во странство, исто така, инвестираме во идните генерации на земјите во коишто работиме, преку најразлични видови на активности. На пример, во Кувајт организираме Девојки инженери во Кувајт, како и платформа за економска поддршка на жените во оваа земја. Во Сенегал, LAS Academy, тренинг центар за аеродромски услуги. Во Косово имаме два различни проекта: KEDS Academy и Limak ASI.

Во рамки на одржливоста, Limak е активна компанија не само во бизнисот, туку и во нејзините напори за негова одржливост. Нашиот прв извештај за одржливост беше објавен во 2014 година и бевме меѓу првите компании од секторот во Турција што објавуваат таков извештај. Секоја година редовно го објавуваме овој вид на извештаи, а оваа година го објавивме извештајот под наслов: For a Better World: Walk the Talk – Assessing Limak’s Performance from Sustainability Rhetoric to Action, што ги проценува своите цели за одржливост од 2014 до 2019 година, согласно одржливите развојни цели на Обединетите нации.

Настојуваме да реализираме повеќе проекти на глобално ниво, прифаќајќи ги целите за здрав и одржлив развој, како и општествената одговорност на нашиот менаџмент.


Бизнис Инфо: Што ќе понуди Diamond of Skopje како станбен и деловен комплекс? По што ќе се издвојува од она што сме навикнати да го гледаме во Македонија?

Diamond of Skopje е уникатен. Нуди најдобра локација, најдобар квалитет, најдобар поглед и најдобра можност за инвестирање во Северна Македонија.

Нашиот комплекс опфаќа голем трговски центар, на бруто површина од 45.000 метри квадратни, хотел Limak Skopje Hotel со пет ѕвезди што располага со 142 соби и Chiva Spa, канцеларии од А класа, домашни канцеларии и 772 единици за резиденти со четири кули и 3.200 затворени паркинг места. Вкупната инвестиција е над 250 милиони евра. За време на изградбата ќе бидат ангажирани до 1.200 работници. По завршување на изградбата, околу 5.000 луѓе ќе живеат и работат во Diamond of Skopje.

Diamond ја опфаќа втората по големина зелена површина во Скопје, веднаш зад Градскиот парк, со околу 11.000 метри квадратни тревна површина, со цел да се обезбеди безбедна и одржлива рекреација и место за спорт, во непосредна близина на жителите. Имаме различни големини на станови со цел да се задоволат различни потреби, од 42 до 105 метри квадратни, Diamond нуди 1+1 до 2+1, 3+1 станови. Горди сме што дизајнот е модуларен, што значи дека може да се комбинира стан 1+1 и 3+1 за да имате резиденција од 4+1. Нашите архитекти, исто така, развија ефикасен простор за живеење, што ја максимизира искористеноста на просторот за да го оправдаат секој платен денар.

Ние не продаваме само дом за луѓето, ние нудиме уникатен животен стил за нашите ценети клиенти и ова е нешто на што сме целосно посветени.

Бизнис Инфо: Последниве неколку години се изменија состојбите на пазарот на недвижности во земјава. На страната на понудата сега има многу повеќе станови за продажба на пазарот. По кои цени се нудат становите и деловниот простор и колкав е интересот, колкав дел е распродаден?

Diamond of Skopje нуди луксузен живот во центарот на градот. Нашите единици за престој имаат почетна цена од 1.420 евра за метар квадратен. Точно е дека има многу станови за продажба на пазарот, но Diamond of Skopje се разликува од останатите, поради гореспоменатите предности. Ние нудиме животен стил што им одговара на потребите на луѓето и го подобрува квалитетот на нивниот живот. Интересот за нашиот проект е огромен и постојано расте. Имаме клиенти од целиот светот, нашите клиенти не се само од Северна Македонија, туку и од Германија, Австралија, Србија, Словенија, Хонгконг, Катар, Велика Британија и Турција.

Свесни сме дека Diamond of Skopje ќе ја обезбеди вредноста за своите жители, во склад со соседството и заедницата. Веќе станавме како семејство со нашите клиенти и сме посебно горди на тоа.

Бизнис Инфо: Зошто, според вас, купувањето стан во Diamond of Skopje, е паметна и долгорочна инвестиција за граѓаните?

Diamond of Skopje е во срцето на градот. Бидејќи не може да се промени местото на срцето во човечкото тело, локацијата на Diamond е беспрекорна во убавото Скопје. Покрај тоа, јас силно верувам дека купувањето дом во Diamond е мудра и безбедна долгорочна инвестиција за Северна Македонија, имајќи ги предвид ниските каматни стапки во денари и евра. Diamond нуди високи и конкурентни приноси, во однос на продажба и изнајмување. Вредноста на ваков брендиран недвижен имот ќе ја зголеми и интеграцијата во Европската унија и НАТО, што веќе почна да привлекува голем број мултинационални инвеститори и иселеници, како што се случи и во главните градови на другите балкански земји за време на нивната интеграција во ЕУ.

Бизнис Инфо: Какви се преференциите на македонските купувачи? Што има предност при избор на стан – дали тоа е цената, квалитетот на градбата, енергетската ефикасност…?

Македонските клиенти имаат прилично многу барања и познавање кога купуваат дом, покажува нашето искуство. Тие се интересираат за сите детали при нивната посета на нашата канцеларија за продажба, како што е енергетска ефикасност на објектот, нивото на децибели на столаријата/внатрешните врати, видот на паркетот, фасадата и слично. Тие, исто така, прашуваат за висината и погледот на нивниот стан. На нашата интернет страница може да се види погледот кон Водно или Шар Планина со цел да се исполнат различни барања на секој кат. Забележавме дека го ценат квалитетот кога прават споредба со цената.

Посебно ни е драго што имаме високо свесни клиенти бидејќи тие гледаат како Diamond ќе се развие меѓу останатите места за живеење во Македонија. Воодушевени сме кога ќе видиме дека нашите клиенти се сигурни што направиле стилски избор за живеење и паметна инвестиција.

Бизнис Инфо: Кога се очекува вселување на првите станари и првите клиенти во Diamond of Skopje?

Нашите први соседи во Diamond ќе се вселат на пролет 2022 година, во западните кули. Домувањето во источните кули ќе почне на есен 2022 година.

Бизнис Инфо: Дали ситуацијата со пандемијата ги помести плановите за реализација на проектот, како се одвива динамиката на изградба, дали ќе го завршите проектот во предвидениот рок?

Како и сите бизниси и ние се соочивме со предизвикот уште на самиот почеток на пандемијата. Сепак, многу брзо се прилагодивме на новото нормално. Здравјето и благосостојбата на нашиот тим, подизведувачи и добавувачи се наш главен приоритет. Поради оваа причина, презедовме сериозни мерки на претпазливост во текот на нашите дневни и канцелариски рутини. Воведовме работа од дома онаму каде што е применливо, ги заменивме нашите внатрешни и надворешни состаноци лице в лице со онлајн платформи, ги дезинфицираме нашите канцеларии и затворени простории, користиме средства за дезинфекција на раце, се користи прибор (чаши-чинии) за еднократна употреба, маски за лице за еднократна употреба, средства за дезинфекција и секојдневно проверување на температурата на целиот тим.

Инсталиравме специјални сертифицирани прочистувачи кои го дезинфицираат воздухот во канцеларијата за продажба. Редовно ги дезинфицираме сите површини и го прочистуваме воздухот со генераторите на озон за безбедноста на нашиот посетител.

Во целина, додека ги преземавме горенаведените мерки на претпазливост, ние не застанавме ниту ги одложивме нашите градежни работи, дури ни еден ден. Како тим, ние сме посветени да го реализираме проектот безбедно на време и квалитетно.

Бизнис Инфо: Во изградбата на комплексот се вклучени повеќе македонски градежни компании, голем број на стручни работници, локални градежни експерти, луѓе од Институтот за сеизмологија. Како ќе ги опишете македонските работници?

За време на изградбата на Diamond, досега, во просек над 80% од работната сила е од локалното население. Локалните професионалци, експерти и работна сила додаваат вредност на нашиот проект со својата компетентност. Како и да е, морам да признам дека не беше лесно за нас, нашите подизведувачи / добавувачи да ги регрутираат овие локални таленти, бидејќи постои општа тенденција младите професионалци да ги бараат и истражуваат можностите надвор од Македонија. Diamond е уникатен проект во регионот и ние привлекуваме најдобри таленти и работна сила во нашиот тим, затоа што сите тие знаат дека стекнувањето искуство во мултинационално опкружување со предизвикувачки опсег на проектот ќе го разликува нивниот развој во кариерата, и технички и социјално.

Бизнис Инфо: Локацијата на која градите чува едно обележје од земјотресот 1963 година. Како е сеизмички обезбеден овој комплекс?

Да, Старата железничка станица е симбол на разорниот земјотрес во 1963 година. Нашиот структурен дизајн се изведува според најразвиените меѓународни и македонски спецификации и стандарди. Соработувавме со професори и експерти на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), не само со дизајн, туку и со чести посети на терен. Покрај тоа, ние работиме со меѓународни консултантски структурни / геолошки консултанти за безбедно спроведување на работите на локацијата. Ние користиме најголеми количини на дијафрагма ѕидови, и не правиме компромис за факторите за квалитет и безбедност.

Бизнис Инфо: Дали Limak планира друга инвестиција во блиска иднина во земјава?

Ја сакаме Македонија, земјата, народот и нашата заедничка историја повеќе од 600 години ги направи нашите култури многу блиски. Ние ја видовме Македонија како долгорочен и постојан дом. Се чувствувам благословен што сум сведок на историското патување на Северна Македонија кон Европската унија, при што реформите се спроведуваат за создавање инклузивно население, со еколошки здрави, ефикасни и одржливи пристапи. И оттаму, постојано ги истражуваме можностите за општи договори или инвестиции во јавни проекти.

https://biznisinfo.mk/kurthan-apajdin-nie-ne-prodavame-samo-dom-nie-nudime-unikaten-zhivoten-stil
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 628
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 01-Jul-2020 at 17:11
''Вредноста на ваков брендиран недвижен имот ќе ја зголеми и интеграцијата во Европската унија и НАТО'' ....Читав до тука, за повќе IQ'то не ми дава.

Очекував турциве да се малце интелелтуално и неапашки просветлени за разлика од нашиве гревови,бар коа станува збор за описи на проективе...ама не.

Edited by kiriOK - 01-Jul-2020 at 17:15
Back to Top
David View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 79
  Quote David Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 01-Jul-2020 at 19:07
Иста шема ко џевахир,copy-paste 4 исти згради што во поголем европски/американски град би биле под просек,ама зошто ние сме убиени од господ и кај и да погледнеш гледаш хорор нас ни доаѓа ко Менхетн и ни го претставуваат ко ДИЈАМАНТ.

А ова 80.000 евра,општина центар,подземна улица смрди труе на криминал,but you already know....
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 01-Jul-2020 at 19:20
Не сфаќам како им е исплатливо да плаќаат пенали и да не ја прават. Се знаеше дека нешто смрди кога место прва неа да ја почнат, ги дигнаа зградите. Можно ли е да си плаќаат додека не ги завршат сите објекти и никогаш да не биде направена?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4669
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 01-Jul-2020 at 21:26
Originally posted by kiriOK

''Вредноста на ваков брендиран недвижен имот ќе ја зголеми и интеграцијата во Европската унија и НАТО'' ....Читав до тука, за повќе IQ'то не ми дава.

Очекував турциве да се малце интелелтуално и неапашки просветлени за разлика од нашиве гревови,бар коа станува збор за описи на проективе...ама не.


Ова е многу добар пример зошто јазик без падежи е многу лесно да се изврти.

Не викаат дека со градење на ваков недвижен имот ќе „се зголеми“ интеграцијата во НАТО, туку ти вика дека после влезот во НАТО и ЕУ, вредноста на имотов ќе порасне (значи е добра инвестиција), многу слично како Бугарија и Романија околу 2007 кога цените на недвижностите рипнаа ненормално.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 01-Jul-2020 at 23:00
Originally posted by гитардемон


Ова е многу добар пример зошто јазик без падежи е многу лесно да се изврти.

Не викаат дека со градење на ваков недвижен имот ќе „се зголеми“ интеграцијата во НАТО, туку ти вика дека после влезот во НАТО и ЕУ, вредноста на имотов ќе порасне (значи е добра инвестиција), многу слично како Бугарија и Романија околу 2007 кога цените на недвижностите рипнаа ненормално.


Хаха, мислам дека беше јасно од почеток, само глупа е изјавата и идеата секако. Ај со интеграција во ЕУ да, ќе влијаје на пазарот со недвижности (макар шо за 15тина години) ама ова со НАТО шо ни го продават како историско бинго е тежок булшит.
Башка, не е до падежите, до новинарот е или преведувачот, можеле просто вака да го сложат: „Вредноста на ваков брендиран недвижен имот ќе се зголеми и со интеграцијата во Европската унија и НАТО“


Originally posted by stef4o


...

Ја сакаме Македонија, земјата, народот и нашата заедничка историја повеќе од 600 години ги направи нашите култури многу блиски. ....
https://biznisinfo.mk/kurthan-apajdin-nie-ne-prodavame-samo-dom-nie-nudime-unikaten-zhivoten-stil


А бе милениумски топли браќа . Таква љубов досега не била, поготово од 903та наваму

Edited by hcitrS - 01-Jul-2020 at 23:06
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 628
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 02-Jul-2020 at 02:27
Originally posted by гитардемон

Originally posted by kiriOK

''Вредноста на ваков брендиран недвижен имот ќе ја зголеми и интеграцијата во Европската унија и НАТО'' ....Читав до тука, за повќе IQ'то не ми дава.

Очекував турциве да се малце интелелтуално и неапашки просветлени за разлика од нашиве гревови,бар коа станува збор за описи на проективе...ама не.


Ова е многу добар пример зошто јазик без падежи е многу лесно да се изврти.

Не викаат дека со градење на ваков недвижен имот ќе „се зголеми“ интеграцијата во НАТО, туку ти вика дека после влезот во НАТО и ЕУ, вредноста на имотов ќе порасне (значи е добра инвестиција), многу слично како Бугарија и Романија околу 2007 кога цените на недвижностите рипнаа ненормално.


Тие примери на Бугарија и Романија се фиктивни и се форсираат од медиуми и индивидуи кај нас како некоја позитивна иднина што не чека...и денес Скопје има цена на метар квадратен ко Софија (поразвиен,поголем,Еу град...)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.