build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Diamond of Skopje  (Limak)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Diamond of Skopje (Limak)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 614
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 01-Jul-2020 at 23:00
Originally posted by гитардемон


Ова е многу добар пример зошто јазик без падежи е многу лесно да се изврти.

Не викаат дека со градење на ваков недвижен имот ќе „се зголеми“ интеграцијата во НАТО, туку ти вика дека после влезот во НАТО и ЕУ, вредноста на имотов ќе порасне (значи е добра инвестиција), многу слично како Бугарија и Романија околу 2007 кога цените на недвижностите рипнаа ненормално.


Хаха, мислам дека беше јасно од почеток, само глупа е изјавата и идеата секако. Ај со интеграција во ЕУ да, ќе влијаје на пазарот со недвижности (макар шо за 15тина години) ама ова со НАТО шо ни го продават како историско бинго е тежок булшит.
Башка, не е до падежите, до новинарот е или преведувачот, можеле просто вака да го сложат: „Вредноста на ваков брендиран недвижен имот ќе се зголеми и со интеграцијата во Европската унија и НАТО“


Originally posted by stef4o


...

Ја сакаме Македонија, земјата, народот и нашата заедничка историја повеќе од 600 години ги направи нашите култури многу блиски. ....
https://biznisinfo.mk/kurthan-apajdin-nie-ne-prodavame-samo-dom-nie-nudime-unikaten-zhivoten-stil


А бе милениумски топли браќа . Таква љубов досега не била, поготово од 903та наваму

Edited by hcitrS - 01-Jul-2020 at 23:06
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 652
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 02-Jul-2020 at 02:27
Originally posted by гитардемон

Originally posted by kiriOK

''Вредноста на ваков брендиран недвижен имот ќе ја зголеми и интеграцијата во Европската унија и НАТО'' ....Читав до тука, за повќе IQ'то не ми дава.

Очекував турциве да се малце интелелтуално и неапашки просветлени за разлика од нашиве гревови,бар коа станува збор за описи на проективе...ама не.


Ова е многу добар пример зошто јазик без падежи е многу лесно да се изврти.

Не викаат дека со градење на ваков недвижен имот ќе „се зголеми“ интеграцијата во НАТО, туку ти вика дека после влезот во НАТО и ЕУ, вредноста на имотов ќе порасне (значи е добра инвестиција), многу слично како Бугарија и Романија околу 2007 кога цените на недвижностите рипнаа ненормално.


Тие примери на Бугарија и Романија се фиктивни и се форсираат од медиуми и индивидуи кај нас како некоја позитивна иднина што не чека...и денес Скопје има цена на метар квадратен ко Софија (поразвиен,поголем,Еу град...)
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 652
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 28-Jul-2020 at 00:33
Originally posted by hcitrS




Originally posted by stef4o


...

Ја сакаме Македонија, земјата, народот и нашата заедничка историја повеќе од 600 години ги направи нашите култури многу блиски. ....
https://biznisinfo.mk/kurthan-apajdin-nie-ne-prodavame-samo-dom-nie-nudime-unikaten-zhivoten-stil


А бе милениумски топли браќа . Таква љубов досега не била, поготово од 903та наваму


Кога сме кај љубов...

Сите турски инвеститори што ги гледаме кај нас се во некоја ортачка комбинација со турци/муслимани од тука (обично бошњаци кои се мислат за турци)...
Забележите ги девојките македонки што се вработени во фирмиве,сите се примани по изглед...то ест кадарот што го бираат е искључиво на сексуална основа.
Ова го зборам како согледување и директна соработка кога имав...ова е разработено до препримитивно и вулгарно ниво...доаѓа девојка на интервју,овој ја мерка од позади му дига прст на тој што ја интервјуира и овој ја одобрува...ова се случи во голема туристичка агенција што работи примарно со турски туристи кај нас.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 28-Jul-2020 at 02:24
No such thing as "турски бизнисмен". Све е тоа ситно-пазарџиска логика, костумосана багра, и разликата е што малку на поголеми количини што работат. Немаат западњачки њух за бизнис.

кириОк,    Така е, Сељачко, примитивно понашање! Не разликуваат убавина, елоквентност, привлечност, туку се водат само по обичен биолошки инстинкт "што би и направил". Особено им е важно да бидат Македонки. Тоа им додава за иситите пари, добиваат гратис плус ем малку примитивно чувство дека земале "робиња рисјанка", а па ко за беља Калеш Анѓи шетаат колку сакаш по градов. Јбг, најстарата професија само во малку завиена форма, ја имало и ќе ја има. Сексот продава, проверена формула. Секоја девојка која дошла на интервју добила базична претстава зашто е одбрана. Не сакам да верувам дека другите исклучително професионалните позиции се бираат по овакви критериуми, особено ако немаат контакт со надворешни корисници што па е битен изгледот. Или можда сум само глуп?! Од друга страна па гледано чисто еволутивно, убавината се поврзува со секс, а сексот е за размножување. Значи.., човекот има вграден биолошки филтер да од една генерација поубавите го продолжат родот. Колку и да звучи ова eugenics, така е. Од тука водејќи се, се доаѓа до заклучокот зашто па да не бира и по тој критериум ако му значи за бизнисот и има зголемена заинтересираност за некои позиции па може да си дозволат и плус критериум.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 478
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 28-Jul-2020 at 14:28
Има ли еден саглам новинар во државава да праша дали се гради подземниот булевар тука...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 09-Aug-2020 at 18:31
0 новинарски прашања?

Originally posted by Џоле

ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ПОДЗЕМНАТА СООБРАЌАЈНИЦА НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР, НАЈАВИ ТУРСКИОТ ИНВЕСТИТОР „ЛИМАК“ (27.9.2018)

За 22 месеци треба да биде готова подземната сообраќајница на јужен булевар, најави денеска на промоцијата на проектот инвеститорот „Лимак Холдинг“.

Градежните работи за изградба на булеварот под земја се веќе почнати и како што кажа потпретседателот во „Лимак инвестиции“ Сердар Баџаксиз, паралелно ќе се работи и на изградбата на „Дајмонд“ комплексот кој ќе вклучува станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња.

„Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Булеварот ќе има по две коловозни ленти од двете страни, посебна лента за движење на автобуси и ќе биде со должина од 800 метри. Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на ’Дајмонд Скопје‘ комплексот. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот, Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти. Вкупната инвестиција за овој проект е 250 милиони евра“, рече Баџаксиз.

повеќе на https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dve-godini-ke-bide-gotova-podzemnata-soobrakajnitsa-na-juzhen-bulevar-najavi-turskiot-investitor-limak/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote David Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 09-Aug-2020 at 18:51
Другар,турциве пред некој ден правеа банкет со Тамара Тодевска и Катерина Ивановска ко главни "ѕвезди"...јасно ти е сеа колку е саатот и зошто нема прашања?

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 09-Aug-2020 at 20:17
Кои новинарски прашања, од кои новинари очекуваш. Партиски портпароли, да не им е коронава и дневна политика, нема да знаат со што да пополнат програма. Па една емисија нема посветена на урбани прашање. Порано имаше телескоп на мтв, и урбано ...нешто... на МТМ. Порта3 е повеќе архитекруа професионално нема комунални прашања. Се што се пишува печатено на темиве се партиски/општински гласници со одбрани убави работи. Па гледаш дека едвај 50тина луѓе свртуваат тука на форумов. Нема критична маса за дискусија на комунални прашања, јебига фарма и сандра африка се поинтересни. Јасвноста си го заслужува тоа што и се случува со градот и државата, немам друго објаснување.

Edited by user8642 - 09-Aug-2020 at 20:18
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 09-Aug-2020 at 20:49
Доколку по некое време не се изведе подземната сообраќајница новинарите ќе ставаат наслови од типот Скандал среде Скопје,урбана мафија и слично а сега никој не е заинтересиран да ѕирне подетално зад тарабите. Премногу е баталено и фрлено на маргините,постојат само фиктивни и неиздржани фб и твитер препирки и ништо повеќе толку е капацитетот за жал. Затоа многу измами се протуркаа низ плацовиве каде сега градат Лимак.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 09-Aug-2020 at 21:01
Ниту некој да ги побара проектите за раскрсниците, ниту да праша за булеварот, ниту да направи анализа што булеваров ќе значи за Скопје, како зградите ќе придонесат кон градов, симбиозата со стара железничка, ниту некој да се заинтересира за потребата од трговски центри во градов, местото на трговија (во Британија има дебата за трговијата на главните улици, каде таа се сели и како да се врати) и импликациите врз економијата (цена на недвижности, ефекти врз помалите трговци наспроти големите, сопствениците на дуќани наспроти големите центри, цена на продукти), шопинг одлуките, сообраќајот, урбанизмот, архитектурата, протокот на луѓе... Ништо. Вестите и анализите на новинарите кај нас генерално се делат на 2 групи, дневна политика и рандом настани од денот. Нема критички осврт, нема истражувања, нема изнаоѓање нови теми. И дебатните емисии се монотони. Секоја чест на малкуте исклучоци.

Edited by Staro Skopje - 09-Aug-2020 at 21:05
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 20-Aug-2020 at 13:15
Неколку денешни фотки

Овој објект е единствено нешто кое во моментов се гради,веројатно ќе биде некаков мол според објаснувањата од претходните постови е сега од терасава на рамстор не се гледа ама кипери со земја излегуваат од пределот што е зад Лимак Хотел можеби е нешто поврзано со подземната улица но не сум сигурен.За 20 катните кули немам видено ниту темели ниту било каква друга активност







парцелата што е веднаш до старата железничка има само извесен ископ и набиени шипови странично



Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 117
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 20-Aug-2020 at 13:18
Kulite lezat vrz trasata na podzemnata ulica. Ne bi trebalo da se primeti nivna gradba se dodeka ne ja napravat podzemnata ulica.
Back to Top
Phiko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 28-Aug-2020 at 07:26
Од Инстаграм, делот каде што би требало да започне подземмниот булевар

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 28-Aug-2020 at 10:20
Хмммм...

Не се тоа густи столбови за 3+3 лент?

Тука нешто е сумљиво

Шилегов за сите улички излезе, за најголемата нема коментар
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 28-Aug-2020 at 15:48
Или пак 2x2 ќе се изгради... како и да е, ова е чудно што не се дава изјава.

Edited by my Macedonia - 28-Aug-2020 at 15:48
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 28-Aug-2020 at 16:59
Originally posted by alexsend

Хмммм...

Не се тоа густи столбови за 3+3 лент?



Ширината на целото корито, мерено на google earth, изнесува 36 метри, точно како што е предвидено со ДУП-от.

Од тие 36 метри, предвидената ширина на коловозите е по 11 метри, што одговара на 3 ленти (3 х 3,5 и плус мал страничен простор обострано). Е сега, ширината на отворите за коловозите е малку потешко точно да се измери на актуелната снимка на google earth, ама ако е помалку од 11 метри тоа би сугерирало дека тука коловозите на Јужен булевар постепено се стеснуваат кон 2х2 профил на деловите што се вон ДУП Стара железничка станица. На соседните ДУП-ови кои би требало да дадат одговор на ова прашање, за жал нема податоци за ширината на Јужен булевар.


Edited by Cloverstack - 28-Aug-2020 at 17:03
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 28-Aug-2020 at 17:13
Многу отворени прашања има за проектов, а сред центар е. Не знаеме ни дали се гради булеварот, а не па каков ќе биде, какви ќе бидат кружните текови и поврзувањата со другите сообраќајници.

Од Градот Скопје и општините мора да ја подобрат транспарентноста за нивните проекти, не знам зошто не се објавуваат скиците за новите и проширените улици и булевари.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 478
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 29-Aug-2020 at 16:34
Навистина многу чудно што никој ништо не прашува за проектов, ниту од Градот даваат некои соопштенија за тоа до каде е изградбата и сл.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1951
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 29-Aug-2020 at 20:14
Ајде да ве израдувам со информација од прва рака

И веднаш потоа да ве разочарам...

Според наш соработник од градежна компанија која изведува хидро на булеварската траса (значи се гради дефинитинво булевар), според проектот кој му е даден булеварот има профил од нажалост само 2+2 и средишен празен простор наменет за трамвај...

Тоа е тоа народе...

Незнам само како вака на своја рака те 3+3, те 2+2... А штом Градот ќути...

Edited by alexsend - 29-Aug-2020 at 21:37
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 29-Aug-2020 at 20:34
Не беа најавени 2+2 + посебни автобуски на почетокот?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 21222324>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.