build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Diamond of Skopje (Limak)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dwa View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jun-2021
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote dwa Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 18-Jun-2021 at 10:51
Здраво форуме, долго време ве читам највеќе заради тоа што сум во фаза на купување живеалиште.

Ме интересира дали имате повеќе инфо за зградиве ... квалитет на градба, каква санитрија би се користело врати/прозори итн?
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 148
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 18-Jun-2021 at 22:05
Денешни слики, ги тргнаа бројките на спратовите, мислам им беа грешни, имаа 5-6 а требаше да е 4-5 за тие што беа обележани.



Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 898
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 22-Jun-2021 at 08:54
По новински сајтови се пишува дека подземната улица уште не е започната со изградба?
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 909
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 22-Jun-2021 at 09:12
Линк?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 22-Jun-2021 at 09:47
Originally posted by kiriOK

По новински сајтови се пишува дека подземната улица уште не е започната со изградба?


Добро тогаш, нема да им верувам на сопствените очи и на десетици фотографии од разни агли, туку ќе верувам на „по новински сајтови се пишува дека подземната улица уште не е започната со изградба“.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 22-Jun-2021 at 11:23
ЗГРАДИ НИКНУВААТ НА СКОПСКИОТ ЈУЖЕН БУЛЕВАР ИАКО ПРВО ТРЕБАШЕ ДА СЕ НАПРАВИ ПОДЗЕМНА УЛИЦА



Згради никнуваат над трасата за подземната улица на Јужен булевар во Скопје, а улицата уште не е готова. При презентацијата на проектот уште во 2012, беше кажано дека турскиот инвеститор „Лимак“ прво треба да ја изгради улицата, а потоа објектите над неа.

На Јужен булевар сега покрај хотелот на „Лимак“, кој пред два месеца беше официјално отворен, и уште два објекта кои веќе се готови, во моментов се гради објект на крајот од трасата, односно до зградата на „Тутунска банка“. Зградата се наоѓа точно над делот каде што минува подземната улица и треба да излезе кај зградата на поранешна „Нова Македонија“. Веќе се кренати неколку ката, а градежна механизација секојдневно работи на објектот.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека за сите објекти инвеститорите имаат дозволи и нема ништо спорно во градењето на зградите, бидејќи подземната улица била веќе пробиена и сега се работи над неа.

„Според информациите кои ги имаме од инвеститорот, се планира целиот проект да биде готов во 2023. Подземната улица е пробиена и таа ќе биде изведена. На тој дел има четири градежни парцели. Над подземниот булевар треба да никне трговски центар и четири кули со висина од 20 ката“, вели Богдановиќ.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, исто така, тврди дека коридорот за улицата е пробиен и затоа сега може да се работи над трасата.

Град Скопје треба да изгради три приклучоци за подземната улица, односно кружен тек кај „Нова Македонија“, на крстосницата на Железничка со Бихаќка и кај подвозникот кај крстосницаата на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин. Но, на терен сè уште нема никакви активности за нивната изградба, ниту пак градоначалникот Шилегов ги најави за годинешната градежна офанзива.

„Сите три кружни текови за излез и влез во подземната сообраќајница се проектирани и догодина ќе ги распишеме тендерите за изведувачи. Очекувам паралелно со завршување на градежните работи за подзмената улица во 2023 да бидат и тие готови. Според првичните проценки, ќе чинат околу 22 милиони евра“, вели Шилегов.

Договорот за Јужен булевар под земја со турскиот инвеститор „Лимак“ беше потпишан во 12 март 2012 од ексградоначалникот Коце Трајановски и на тогашната прес-конференција беше најавено дека ќе се почне со градба за една година. Но, повеќе од 6 години на терен ништо не се работеше, ниту пак од Град Скопје кажуваа зошто проектот не се реализира.

Со доаѓањето на градоначалничката функција на Петре Шилегов, од „Лимак“ рекоа дека ги надминале проблемите со добивањето на потребните дозволи и во септември 2018 почнаа градежните работи. На прес-конференцијата за стартот на проектот покрај градоначалникот Шилегов, присуствуваа и премиерот Зоран Заев и тогашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.

Сообраќајницата треба да биде долга 800 метри, 6 метри под земја и со 6 коловозни ленти. Комплексот на ’Дајмонд Скопје‘ ќе има станбени и деловни објекти, трговски центар, простор за културни активности ресторани, кафулиња. Во комплексот автентично треба да се вклопи и симболот на градот, Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје. Вкупната површина на комплексот ќе биде 325.000 метри квадратни. Максималната висина на објектите кои ќе се градат е приземје плус 20 ката.

Вкупната инвестиција за овој проект е 250 милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgradi-niknuvaat-na-skopskiot-juzhen-bulevar-iako-prvo-trebashe-da-se-napravi-podzemna-ulitsa/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 22-Jun-2021 at 14:48



Значи новинарката се обратила и до Општина Центар и до Град Скопје, и од двете адреси добила појаснување дека подземниот коридор е веќе изведен на локацијата кадешто никнува зграда!

Ама сепак новинарката и/или уредникот решиле да одат со кликбејт наслов и со замена на тези во текстот. Какви стоки!




Edited by Cloverstack - 22-Jun-2021 at 14:49
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 22-Jun-2021 at 15:02






И една од Водно:

За сè има вторпат
Back to Top
dwa View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jun-2021
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote dwa Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 22-Jun-2021 at 15:18
уште еднаш да прашам за помош и ако некој има информации или видување од терен, како ви стои градбата гледано од аспект на квалитет?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 22-Jun-2021 at 19:10
Originally posted by dwa

уште еднаш да прашам за помош и ако некој има информации или видување од терен, како ви стои градбата гледано од аспект на квалитет?


Мислам дека е рано да се зборува, куливе ќе имаат по дваесетина ката, сега се стигнати само до 6-7. Во однос на материјалите внатре, најдобро е да се обратиш кај нив, имаат канцеларија во зградата на НЛБ веднаш до комплексов.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 23-Jun-2021 at 11:07
od fb

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 24-Jun-2021 at 16:59
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 24-Jun-2021 at 17:17


https://www.facebook.com/diamondofskopje
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 09-Jul-2021 at 17:23
од 04.07.2021

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4008
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 11-Jul-2021 at 14:44
Знае некој случајно колку е цената по квадрат?
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 11-Jul-2021 at 15:22
последна информација 1400е/м2
Back to Top
wadzyp View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 13-Jul-2020
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote wadzyp Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 12-Jul-2021 at 15:32
Зависи на кој кат е и каде е погледот, Центар или Водно. Мој пријател купи стан на 10 кат 1510 евра квадрат.

Edited by wadzyp - 12-Jul-2021 at 16:21
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 12-Jul-2021 at 17:24
А што е поскапо, поглед на Центар или Водно
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4008
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 12-Jul-2021 at 18:27
Добро, секако треба да се чека малку да видиме каков квалитет има. Мислам дека цените се високи, иако е во центар сепак и центарот не е баш којзнам јас што . Во истанбул со 30илјади евра ќе си купиш ,,убав,, стан и тоа истанбул е, не скопје. Фала вас.
Back to Top
dwa View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jun-2021
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote dwa Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 13-Jul-2021 at 13:15
Јас бев пред 10 дена да се распрашам цени мени квадратури спратови.

Цената за квадрат почнува од 1650 на 6ти спрат
10ти спрат 1700
17ти спрат 1775
Конкретно знам за тие спратови зошто само на тие има слободни станови за квадратурата која ми одговара на мене.

Ја качиле цената пред 2 месеци инаку почетна била 1400, голема побарувачка имале и плус поскапени материјали. Најскапиот е мислам 1820 или така нешто. Не прави голема разлика дали станот ќе има поглед на кај Водно или Центар. Паркинг место мислам дека е 7000 или околу 7000 не сум сигурен, гаражата е под зградите т.е. првите 4 спрата од земја се гаражи.

Имаат изложбен стан фино уреден ми се допаѓаше тоа.

Од "презентацијата" сум многу разочаран, одговори на прашањата од типот што ќе се користи како преграден ѕид помеѓу станови и собите во станот добив одговор не знам, ниту малку интерес да ми каже ќе го исконтактирам инвеститорот итн итн, каков тип на плочки, паркет/таркет дали ќе може промени дезени, одговорот беше "не знам".

Очекував многу повеќе информации за типот на градба, прозори меѓутоа ништо од тоа, ако ги споредам со другите компании овие се дно во тој поглед. И да ако евентуално некој оди на "презентација" облечете се поелегантно да оставите впечаток дека може да си дозволите стан во спротивно становите се многу "солени"
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2728293031 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.