build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Голем комплекс над Јужен Булевар  (Лимак)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Голем комплекс над Јужен Булевар (Лимак)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 12-May-2016 at 18:38
ovaa fotografija so prethodnite bas nese sovpaga
Лимак, една од најголемите градежни компании во светот, ќе гради во Скопје

Секој град има свои обележја по кои е препознатлив во светот. Тоа се најчесто маркантни архитектонски изданија кои се градени со години, и кои се дел од историјата на една земја. Париз е познат по Aјфеловата кула, Барселона по Гаудиевата Катедрала, Истанбул по Капали чаршијата, речиси секој поголем град има свој карактеристичен белег.



Скопје било препознатливо по Старата железничка станица, по Калето, Камениот мост. Она што е карактеристично за исклучителните архитектонски зданија е што секогаш во нивната реализација е вклучен голем, финансиски стабилен инвеститор, кој има искуство и капацитет да изгради нешто значајно. Токму поради овој факт, добрите познавачи на градежните состојби во регионот, изразуваат задоволство што токму реномираната и светски позната градежна компанија Лимак ќе гради на просторот околу Старата железничка станица во Скопје, а постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот.

Се планира современ, атрактивен, мултифункционален деловно резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот-Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.
Основана во 1976 година, Лимак Холдинг постави високи стандарди во областа на градежништвото, туризмот, хотелиерството и инфраструктурата. Компанијата гради капитални објекти во повеќе од 10 земји во светот, а за истакнување е моменталната изградба на најголемиот аеродром во светот, третиот во Истанбул кој ќе биде седиште на 150 авио – компании, паркинг на 500 авиони и шест авионски писти. Лимак Холдинг стои и зад изградбата на Аеродромот во Приштина “Адем Јашари“. За овој проект доби 4 престижни, интернационални награди за општествена одговорност и животна средина. Неодамна, компанијата победи на тендер за изгрaдба на аеродромот во Кувајт, што претставува еден од најголемите тендери за изградба добиени од турски изведувач.

Не изостануваат во своите успеси и со изградбата на голем број на луксузни хотели во најпопуларните туристички места во Турција. Нивното искуство и традиција во овој сектор се негува уште од 1995 година па се до денес кога стануваат репер за современо хотелиерство збогатено со алтернативни туристички содржини. Тие се еден од најбрзо растечкиот туристички ланец во Турција со веќе изградени 8 хотелски комплекси лоцирани во 4 градови и опслужуваат 1.2 милиони туристи годишно.





На своите почетоци Лимак беше сконцентриран на проекти од областа на градежништвото и конструкцијата како што се монтажа и изградба на челични конструкции, брани за наводнување, од цевководи за рафинериски системи, автопати, аеродроми, пристаништа, индустриски инсталации и др. За да со текот на годините ги поместува границите и успешно да го прошират полето на интерес збогатувајќи ја својата експертиза и умешност во повеќе нови сегменти како што се туристичкиот и енергетскиот сектор и секторот за цемент.
Несомнено дека желбата и интересот една ваква компанија, како што е Лимак, да гради во Скопје, ќе значи многу за градот, а граѓаните ќе добијат објект на кој ќе бидат горди.

http://www.porta3.mk/limak-edna-od-najgolemite-gradezhni-kompanii-vo-svetot-kje-gradi-vo-skopje/

Edited by Portal - 12-May-2016 at 18:43
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3643
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 12-May-2016 at 18:50
По 5 годино ќе видиме резултат. Да не доцнеше толку ќе ја имавме веќе улицата.
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 21-Jun-2016 at 17:45
pocna tuka nesto da se raboti veke ednas?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 596
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 30-Jun-2016 at 14:16
Има ли нешто ново на градилиштето?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 596
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 17-Jul-2016 at 11:04
Почна ли лимак нешто да работи.Има ли нешто ново на градилиштата зад Рамстор.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10872
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 20-Jul-2016 at 14:22


Мислам дека нема ништо.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 596
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 10-Aug-2016 at 13:38
КОМПАНИЈАТА "ЛИМАК" НАЈАВУВА СТАРТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР

НОВИОТ КОМПЛЕКС ЌЕ БИДЕ НАЈМАРКАНТЕН ГРАДСКИ СИМБОЛ

Проектот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили

Наскоро ќе стартува изградбата на подземната улица под Јужен булевар и комплексот околу Старата железничка станица. Од компанијата "Лимак", која е инвеститор, велат дека проектот го помина периодот на планирање, така што ќе се гради современ, атрактивен, мултифункционален деловно-резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот - Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.
"Проектот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили. Постоечката зграда на Музеј на Град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 300.000 квадратни метри. Со новата, функционална, а сепак естетски возбудлива архитектура на ова ново комплексно и хармонично архитектонско дело, Скопје ќе добие уште едно урбано собиралиште за квалитетен живот на граѓаните", велат од "Лимак".
Подземната улица ќе биде двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, ќе го дислоцира булеварот "Македонија" под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.
"Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Несомнено, овие капитални инвестиции ќе значат многу за градот, а граѓаните ќе добијат објект на кој ќе бидат горди", велат од компанијата "Лимак".
Основана во 1976 година, "Лимак холдинг" е светски реномирана компанија со седиште во Турција, специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти, вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам. Како компанија која поставува силно посакувани, високи стандарди во овие области, "Лимак холдинг" се најде на листата на 250 топ градежни компании рамо до рамо со светски докажани градежни магнати.
http://vesti.mk/read/news/10054887/3534176/noviot-kompleks-ke-bide-najmarkanten-gradski-simbol
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 12-Aug-2016 at 09:51
Многу тишина за ова, да не пукне фекалната канализација во меѓувреме, што правиме тогаш...
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2262
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 21-Aug-2016 at 10:06
Колку споменици е планирано да се изградат во тој комплекс?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 08-Nov-2016 at 16:13
КАЈ МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ: Турска фирма ќе гради тунел и модерен деловно-станбен комплекс


Целосната реализација на проектот треба да биде заокружена за 2,5 до три години. Притоа, постојната зграда на Музејот на Град Скопје воопшто нема да се наруши и ќе биде вградена во рамките на комплексот


До крајот на годинава турската компанија „Лимак холдинг“ очекува да ги добие потребните дозволи за реализација на инвестицијата вредна 250 милиони евра.

„Лимак холдинг“ ќе гради мултифункционален деловно-станбен комплекс кај Старата железничка станица, веднаш до Музејот на Град Скопје, тунел и двонасочна сообраќајница со шест ленти.

На површина од 300.000 квадратни метри, проектот предвидува четири блока, околу 1.000 стана во 20-катни згради, канцеларии, трговски центар, простор за културни активности, места за јадење и пиење, паркинг...

Според менаџментот на компанијата, во текот на изградбата месечно ќе се ангажираат по 700 лица, а по завршувањето на комплексот ќе бидат вработени 2.000 до 2.500. Во градежните активности ќе бидат вклучени македонски фирми и набавката на потребните материјали ќе се врши од домашни компании.

Целосната реализација на проектот треба да биде заокружена за 2,5 до три години. Притоа, постојната зграда на Музејот на Град Скопје воопшто нема да се наруши и ќе биде вградена во рамките на комплексот.
http://telegraf.mk/aktuelno/makedonija/ns-newsarticle-kaj-muzejot-na-grad-skopje-turska-firma-ke-gradi-tunel-i-moderen-delovno-stanben-kompleks.nspx

Edited by kultuzin - 08-Nov-2016 at 16:13
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 596
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 08-Nov-2016 at 20:46
Aman veke neka pocnat samo najavuvaat.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10872
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 08-Nov-2016 at 22:40
Ха-ха, и јас сакав да го напишам истото. Не знам веќе по кој пат е оваа најава. Тоа што е пред избори воопшто не ми се чини случајно.
За сè има вторпат
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 09-Nov-2016 at 00:04
jas kolku sto moze da se vidi zad limovite gledam ima gradezni masini nesto kopkaat... ako ima nekoj od okolnite zgradi da slikne...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 09-Nov-2016 at 00:19
Originally posted by Џоле

Ха-ха, и јас сакав да го напишам истото. Не знам веќе по кој пат е оваа најава. Тоа што е пред избори воопшто не ми се чини случајно.


Аман Џоле со оваа констатација. Постојано ја повторуваш. Ај да не се гради во Македонија па да кажеме еве чекале избори па колку толку сега да замачкаат очи. Умре времето пред десет години. Кога 15 години се чекаше да се обнови 20 километри пат меѓу Струмица и Радовиш. И на секој избори излегуваа машини за да направат по еден километар и потоа да си заминат.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4390
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 09-Nov-2016 at 01:30
Уште еден куртон коментар. Секоја чест.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Doni View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote Doni Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 09-Nov-2016 at 06:55
Секој коментар што не ти одговара на твојата политичка определба е куртон коментар. хехехе
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 675
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 09-Nov-2016 at 11:16
Тој не е политички определен, туку политички затруен. А за таквите најчесто нема назад.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 09-Nov-2016 at 23:51
ама некако не демантирате дека по стоти пат се најавува проектот за комплексот на Јужен булевар, а и на самава последна страна од нишкава, имате три различни најави од три различни периоди од годинава
нишката прв пат е отворена на 14-ти јануари 2012 година, ако направиме некои напорни пресметки, испаѓа дека тоа било пред скоро пет години
исто така пред големата галама за овој комплекс (значи уште порано), околу тој простор се најавија три поголеми проекти и се отворија градилишта, а од сето тоа, остана само едно градилиште во кое имаме многу атрактивно мочуриште
збориме за период од околу 6-7 години, додека култузин лупета за некаков период пред 10-15 години... ете затоа, коментаров на кулузин и двата коментари под оној на гитардемон (од кои едниот од член кој нема никаква историја на форумов), ги нарекуваме куртони коментари... пишани во некаков политички афект, една кратка реченица чисто колку да се расправаме

Edited by zabegan - 09-Nov-2016 at 23:52
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 114
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 10-Nov-2016 at 10:49
Се молат сите членови без форумска историја, да не коментираат, бидејќи коментарите им содржат само една кратка реченица, немаат тежина, а истите ќе бидат квалификувани како куртон коментари, од членовите со богата историја.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 675
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 10-Nov-2016 at 11:22
Originally posted by zabegan

ама некако не демантирате дека по стоти пат се најавува проектот за комплексот на Јужен булевар, а и на самава последна страна од нишкава, имате три различни најави од три различни периоди од годинава
нишката прв пат е отворена на 14-ти јануари 2012 година, ако направиме некои напорни пресметки, испаѓа дека тоа било пред скоро пет години
исто така пред големата галама за овој комплекс (значи уште порано), околу тој простор се најавија три поголеми проекти и се отворија градилишта, а од сето тоа, остана само едно градилиште во кое имаме многу атрактивно мочуриште
збориме за период од околу 6-7 години, додека култузин лупета за некаков период пред 10-15 години... ете затоа, коментаров на кулузин и двата коментари под оној на гитардемон (од кои едниот од член кој нема никаква историја на форумов), ги нарекуваме куртони коментари... пишани во некаков политички афект, една кратка реченица чисто колку да се расправаме
Не разбирам што треба да демантираме или не и зошто е релевантно тоа од кога постои нишката. Оваа нишка се однесува на проект на приватна компанија, која ќе гради на приватно земјиште, со сопствени средства. Доколку се запазени правилата, работа на компанијата е кога ќе почне и кога ќе заврши со изградбата. Ако сака, може 50 пати да го најави проектот и уште 50 пати да го најави завршувањето. Што сака прави, нивно право, разбираш? А тоа што вие ги поврзувате приватните проекти со политиката, политичките партии и нивните изборни кампањи само зборува за вашите исполитизирани мозоци.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.