build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

G Mall Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 23>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13216
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: G Mall Skopje
    Posted: 27-Oct-2020 at 11:41
Еве еден пример од Бордо, Франција. Според рускиот блогер Илја Варламов, од чија репортажа се преземени фотографииве, во населбава Жинко се планираат 2.700 станови за 7.000 жители, а целиот проект се гради етапно, почнал во 2006 година и треба да биде завршен во 2022 г. Покрај населбата поминува и трамвајска линија.









Процентот на зеленило во населбата изнесува 40%.





Улиците се најчесто со една лента, а голен акцент е ставен на поддршката на велопатеките и на пешаците.





Она што е битно да се напомене е тоа дека во населбата жителите се од разни социјални групи, односно околу 33% од становите се наменети за социјални случаи и 22% за привилегирани семејства (веројатно се мисли за многу сиромашни), додека во другите проценти спаѓаат жители со натпросечни и просечни приходи.









целата репортажа (на руски) тука

https://varlamov.ru/4068922.html
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 686
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 27-Oct-2020 at 11:33
Originally posted by Џоле

Не велам дека треба да биде исто, туку слично. Како прво, домашните инвеститори немаат доволно знаење, пари и капацитет да изградат нешто повеќе од 10 ката. Второ, баталете ги тие фантазии за две високи кули и зеленило околу нив, секој инвеститор ќе гледа да оствари максимум профит со минимум вложување. Да го купеа овој простор Адора или Голден Арт, ќе видевте само начичкани розови или кафени десеткатни кутии на 5 метри растојание. Затоа, најреално (па и највозможно) ми е изградба на некој блок од таков тип, 5-7 катни згради на пристојна оддалеченост и фино уредено зеленило околу нив, со доволно паркинг простор. Ајде, некој друг ден ќе наведам некои примери од светов за споредба, сега немам време.

Јасно, само ми сметаше малото растојание меѓу зградите. Инаку да, веројатно е поедноставно за фирмите да градат помали згради, но од примерот на Sky City гледаме дека може да бидат профитабилни и висококатници и тоа по 900е/м2.

Идејата за парк е одлична, бидејќи изградбата на Јужен е секако потребна (заедно со клучка кај Рампа и мост кај Нерези). Во тој случак дел од Гологанов може да се пренамени во вело автопат. Проблемот е што веројатно Газит нема да сака лесно да го продаде земјиштето, освен е регулирано нешто со рокови во самиот договор.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 163
  Quote David Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 27-Oct-2020 at 07:03
Originally posted by Staro Skopje

Другите фази од Асперн се супер за тука, Маџир Маало, ф-ка Карпош, Охис, касарна Илинден, Ќерамидница, Расадник...

Bruh,барем овие 4 високи да ги изгради некој ко за почеток,во Расадник или негде кај што има повеќе отворен простор во градов ќе го гласам до крај на живот
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 27-Oct-2020 at 01:10
Колкава потреба има од булевар Македонија? Не е доволен МТГ од Католичка до Ѓорче? Толку сообраќај за да оправда уште еден булевар веднаш до постоечкиот, згора на тоа на местото на парк, нема, ниту пак има големи проекти во Ѓорче и Сарај кои значително би го зголемиле сообраќајот. Од јужниот урбан автопат (во вистинска смисла), засега евентуално може да се оправда врската Сарај-Крушопек-Лака-Нерези (со ревитализација на Треска и станбени проекти во Сарај), од каде како булевар МТГ би продолжил до Католичка, па повторно у.а. до Тутунски. Ако се урбанизира Охис и подрачјето околу него, долж пругата може да продолжи до таму.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 220
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-Oct-2020 at 23:38
По мене, овој простор идеално би требало да остане вака празен. Од имотно-правен аспект тоа ќе биде малку потешко, не знам колкав дел е во државна сопственост, ако воопшто уште има таков дел, но знам дека имаше некои проблеми околу сопственоста што и беше една од причините за одложување на проектот. Се надевам и ќе остане вака што подолго.
Со изградбата на Дримлукс и уште последното ќоше и ќе се комплетира тој блок, затворајќи го просторов од запад, а можна е изградба на уште еден крак од Настел што ќе го затвори од север и ќе се формира една целина околу него. Понатаму може да се уреди во парк со различни содржини, тука може да се премести и некој споменик од Центар итн. Со изградба на бул. Македонија би се изгубило многу од сегашното зеленило покрај Теодосиј Гологанов, и ваков парк овде би можел да биде еден добар надоместок.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7423
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Oct-2020 at 22:06
Желбата за профит и немањето концепт за развој на просторот ги убиваат сите надежи дека во блиска иднина би можело да очекуваме нешто од горенаведените примери. Се додека плановите се кројат по мерка на инвеститорите нема да добиеме ништо освен копии на Стар Аеродром,Дебар Маџир маало и други слични примери за тоа како не треба. Мислам дека веќе е доста од безвезно градење молови на секој празен простор Сити Мол и во иднина Ист Гејт ги сметам за повеќе од доволни дури и премногу за наш стандард а притоа се градат Џеваир Мол и она што ќе биде зад Рамстор во склоп на Дајмонд. Премногу е,нема толку можност сето тоа да функционира,некој дебело ќе извиси од сите овие бидејќи е економски неизводливо се да работи со овој стандард и број на население.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 26-Oct-2020 at 20:55
Овие населби, веројатно од САД/Канада, исто изгледаат одлично и применливо. Многу подобро од Стар Аеродром, Гранд Престижи и слични



Или ова од Хановер, Германија


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13216
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 26-Oct-2020 at 20:45
Originally posted by <Fresno>

Што е тука добро смислено? Гранд престиж х 10. Освен фина архитектура, друго ништо добро. Тука добро би легнал некој комплекс од типот на Sky City / Diamond, или некоја населба со мини згради од типот на Реонски центар од полузатворен тип (со заеднични сервиси, содржини итн.)


Не велам дека треба да биде исто, туку слично. Како прво, домашните инвеститори немаат доволно знаење, пари и капацитет да изградат нешто повеќе од 10 ката. Второ, баталете ги тие фантазии за две високи кули и зеленило околу нив, секој инвеститор ќе гледа да оствари максимум профит со минимум вложување. Да го купеа овој простор Адора или Голден Арт, ќе видевте само начичкани розови или кафени десеткатни кутии на 5 метри растојание. Затоа, најреално (па и највозможно) ми е изградба на некој блок од таков тип, 5-7 катни згради на пристојна оддалеченост и фино уредено зеленило околу нив, со доволно паркинг простор. Ајде, некој друг ден ќе наведам некои примери од светов за споредба, сега немам време.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 26-Oct-2020 at 20:43
Другите фази од Асперн се супер за тука, Маџир Маало, ф-ка Карпош, Охис, касарна Илинден, Ќерамидница, Расадник...


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 163
  Quote David Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Oct-2020 at 20:35
Originally posted by axel

<h1>Заглавени инвестиции: Почнува ли изградбата на комплексот кај Алумина</h1>
    
    
    
    


Еве што најдобро би легнало овде

Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Online
Posts: 686
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Oct-2020 at 20:29
Што е тука добро смислено? Гранд престиж х 10. Освен фина архитектура, друго ништо добро. Тука добро би легнал некој комплекс од типот на Sky City / Diamond, или некоја населба со мини згради од типот на Реонски центар од полузатворен тип (со заеднични сервиси, содржини итн.)

Edited by <Fresno> - 26-Oct-2020 at 20:30
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13216
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 26-Oct-2020 at 16:52
Тука само некој добро осмислен комплекс, блоковска градба, нешто слично на овa (нова населба Асперн во Виена):



повеќе фотки на линкот

https://www.google.com/search?q=wien+aspern&rlz=1C1GGRV_enMK751MK751&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwjyz9yKztLsAhXH-ioKHTWmCOAQ_AUoAXoECBcQAw&biw=1366&bih=635#imgrc=vEingy1BqmKd6M

Edited by Џоле - 26-Oct-2020 at 16:52
За сè има вторпат
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Oct-2020 at 15:30
Нека им се даде парцелава на градежниците сосе нивнте 2 милијарди со кои се „прчат“ овие денови дека ќе инвестирале, нека изградат нешто нормално да зиличи на нешто градов, на пример планот за молот е добар ама веќе е застарен и тешко дека ќе има ефект. Тука треба два облакодера еден станбен друг деловен сосе подземни гаражи и парк горе . А за некој објект од јавно-општествено значење, тешко тоа...   
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 521
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Oct-2020 at 13:05
Еве една друга идеја: стадион на ФК Вардар на местово. Уште да можеше некој да инвестира...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7423
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Oct-2020 at 12:59
Еве уште една фотка од локацијава,незнам во чија сопственост е сега земјиштето...да не бидне по неколку години и овој дел да се нареди со 7-10 катни фарбаници



https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 385
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Sep-2020 at 01:38
Мислам дека уште многу години нема да видиме вакво нешто во Скопје и тоа е депресивен факт.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1966
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 04-Sep-2020 at 20:52
А зошто нема уште 20 згради измеѓУ? Аматери

Шала на страна штета што ова не е реалност...сега немора до толку високи ама подобро високо отколку набиено.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7423
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 04-Sep-2020 at 15:39
Еден предлог од 2015 незнам дали досега бил евидентиран на форумов но еве тука го постирам

--------------------------------------------------------------
Урбанистички проект – Алумина / Ивана Ангелова 2013

За да се дојде до најскладна и функционална идеја за зададената дипломска тема “Урбанистички проект локација Алумина” најпрвин беше направено опсежно истражување на локацијата и нејзиниот потенцијал и се отворија и неколку прашања: Како преку архитектурата може да се оствари општествен напредок, имено: Kои намени треба да и се дадат на архитектурата за да се постигне таков напредок; Дали оваа локација може да одговори на овие потреби

Приказната се фокусира на разноликоста на социо-економскиот и етничкиот статус на граѓаните која создава хиерархиja и социјална стратификација, додека слепо продолжува да се занемаруваат оние општествени групи кои имаат егзистенцијална потреба и социјална помош. Еден од многуте начини да се посвети внимание на ранливоста на ваквите социјално оштетени групи, е да им се обезбеди урбан простор на кој што би се промовирала идејата за развој на граѓанската свест и капитал во урбаното градското ткиво како па како таква е избрана локацијата Алумина. Иако нејзината диспозиција карактерно се одликува со луксузитет како потенцијален атрибут, напротив таквата карактеристика го оправдува изборот за истата да биде искористена на сосема поинаков начин од веќе планираниот а со цел да се промовира диверзитетот.

Предлог решението за овој простор подразбира урбана наменска поделба проследена со социјален и економски баланс како и потенцијален капитален добиток. Подеднакво се застапени и двете основни намени, т.е. домување Програма на Влада и сервисни дејности, поткрепени со нивните компатибилни намени.

Според тоа проектот Алумина претставува еден тип на “урбанистички активизам” и треба да послужи како платформа за развој на граѓанската свест, наместо исклучиво да претставува генератор на профит со комерцијална намена.

Урбаниот зафат – локација Алумина се наоѓа во југоисточниот дел на општина Карпош, Скопје. На југ таа се граничи со собирната улица Митрополит Теодосиј Гологанов а на источната со булеварот 8ми Септември. Зададената локација се протега на површина од 3,93 Ха. Планскиот опфат во себе содржи 1 градежна парцела со намена лесна индустрија.

Според новопроектираната состојба локацијата се дели на две зони односно парцели. Поделбата е таква што парцелата на која лежи социјалната кула и нејзините компатибилни намени, односно пазарот и расадниокот и е во сопственост на владата на Р.М. Втората парцела каде што се наоѓа деловната кула и трактот од култура е во јавно-приватна сопственост остварена помеѓу владата и приватен инвеститор.

Според новопроектираната состојба локацијата се дели на две зони односно парцели. Поделбата е таква што парцелата на која лежи социјалната кула и нејзините компатибилни намени, односно пазарот и расадниокот и е во сопственост на владата на Р.М. Втората парцела каде што се наоѓа деловната кула и трактот од култура е во јавно-приватна сопственост остварена помеѓу владата и приватен инвеститор.

Мемориска кула Единствениот објект на локацијата оставен е да сведочи за минатото на локацијата.

Расади и пазар Расадите се пред се наменети за користење од страна на жителите на социјалната кула со што се нуди алтернативна можност за заработка и просперитет, а би се вработиле околу 20-30 луѓе.

Зона 2 СЕРВИСНИ ДЕЈНОСТИ



Преку соработка помеѓу владата и приватниот инвеститор оваа парцела има потенцијална економска добивка.

Препознаваќи го развојот на млади предприемништва како придонес за развој на општата економска состојба во државата, а притоа недоволно развиен кај нас, доведува до тоа да се појави ваков тип на објект на локацијата.

Деловна кула Во сепарираните волумени од кулата сместени простори за невладини организации и платформи, бизнис инкубатор, технолошки парк како и станови под наем. Овде социјалните случаеви би добивале бесплатни професионални обуки и консултации. Сите предприемништа се поттикнати да вршат одржливи и еко бизниси, изнаоѓајки креативни начини за економски исплатливи сценарија кои не го нарушуваат природниот баланс. Конструкцијата е челична со централно бетонско јадро во кое се сместени комуникациите а фадата стаклена. И кај оваа кула има отворени катови погодни за разни социјални собири.

Спорт и рекреација Повеќенаменското игралиште и тениското локациски се надоврзуваат на соседните игралиштата на север. Тие се отворени и наменети за сите посетители на паркот. Двете водени плитки површини во паркот во зимскиот периот може да се користат како лизгалишта.









https://marh.mk/урбанистички-проект-локација-алумин/







Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Online
Posts: 163
  Quote David Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 16-Aug-2020 at 14:05
Па нема види ги зградите како изгледаат бонбона кај може тоа кај нас да помине ? Кај нас еве пример одма до него наполитанка што вика овој диносаурусот ,наполитанки и аптекарски шишиња,иста висина,иста фарба,иста депресија,иста узурпација на простор.

Еве да не биле дебилчини настел,да ја сменеле малку зградана и да ја граделе во висина пак ќе се почнело од негде,овие Г-МАЛЛ згради кога ќе се изграделе ќе имало терен да речам за нешто НОРМАЛНО.....вака,уште еден школски пример како секој отворен простор во градов е уништен и узурпиран.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 7423
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 16-Aug-2020 at 13:36
Ништо не бидна на локацијава,веќе нема никакви гласини за било каква изградба





Edited by stef4o - 16-Aug-2020 at 13:40
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.