build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

G Mall Skopje

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 05-Dec-2014 at 16:45
Како беа оние транзициски градби, почнати недовршени, Југобанки и сл? Е има и сега, ама кој да потенцира, кој сите вакви рупи у град да ги собере на купче па да видиме колку вакви прпаднати проекти се десија за само 8 години...
23ka.wordpress.com
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 05-Dec-2014 at 17:48
Најпрвин го имавме Radisson Blu Swamp а сега ви го претставувам G-Mall Swamp ^_^


Edited by Macedonicus - 05-Dec-2014 at 17:48
ಠ_ಠ
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 05-Dec-2014 at 17:50
Баравме добро место за Црква во Карпош еден дел од овој плац би можело и за тоа да се искористи
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 29-Dec-2015 at 21:58

Кој го распродава имотот на Алумина?

Кој е вистинскиот сопственик на земјиштето на поранешната фабрика Алумина и за колку пари е продадено.Ова прашање јавно го поставуваат  поранешните вработени   кои  поседуваат 42 проценти од акционерскиот капитал ,според централниот депозитар за хартии од вредност.  

Над 42 илјади метри квадратни во сопственост на  Алумина во 2008 година за 23 милиони и 500-тини илјади евра,се продадени на фирмата Г-Нидерландс со седиште во Амастердам.Во 2013 година како сопственик на истото земјиште во имотниот лист е запишана фирмата Г-Македонија со седиште во Скопје. Вредноста на овој договор никаде не е објавена.

Со решение на министерството за транспорт и врски во 2002 година е извршена трансформација на земјиштето на Алумина од право на користење во право на сопственост.Во сегашната структура на акционерскиот капитал државата учествува со 58 ,а поранешните вработени со 42 проценти.Како може велат Алуминци, државата да го распродава имотот  без да ги информира и каде се парите.

Од 2005 година трае стечајната постапка во Алумина за која неофицијално се  вели  дека е завршена, но досега ниту еден вработен не добил судско решение.Заради матните игри  околу продажбата на земјиштето и на имотите што ги поседувала фабриката, поранешните вработени ке побараат ревизија на стечајната постапка.

http://telma.com.mk/vesti/koj-go-rasprodava-imotot-na-alumina

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 30-Dec-2015 at 09:32
Многу ми е криво што оној футуристички проект не ни почна да се остварува...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 20-Jun-2018 at 10:48

Заглавени инвестиции: Почнува ли изградбата на комплексот кај Алумина

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2018

Во септември ќе стартува изградбата на трговскиот центар и станбените згради од комплексот кој треба да никне на местото на поранешна Алумина во скопско Тафталиџе, тврдат за Фактор доброупатени извори. На локацијата моментално нема никаква активност, а локацијата ја чува обезбедувањето. Првично најавата за изградбата беше пред повеќе од десет години, кога поранешната Влада објави дека израелската фирма Газит Глоуб ќе почне да го гради деловниот објект Џи мол. Сепак и покрај помпезните најави инвестицијата не беше реализирана.

Од општина Карпош за Фактор велат дека тие не добиле барање за издавање на одобрение за градење на ова место.  Сепак додаваат и дека општината нема податоци кога некое барање ќе биде поднесено, па не ја отфрлаат можноста тоа да се случи.

„До денеска општина Карпош нема добиено барање за издавање на одобрение за градење на местото на стара Алумина. Општината нема податоци кога некое барање ќе биде поднесено ниту кој бил инвеститор, ниту истото може да се претпостави бидејќи правото на градење може да го стекне и друго физичко лице преку отстапување на правото на градење. Општината не навлегува во имотно правните работи, финансиски или бизнис планови на сопствениците на земјиштето“, велат од општина Карпош.

Оттаму додаваат дека согласно важечкиот Детално урбанистички план (ДУП) на тоа место основната намена е Б2 – големи трговски единици со можни компатибилни намени до 40 отсто.

А ДУПот општина Карпош го смени во 2009 години и тогаш беше најавено дека Џи мол ќе почне да се гради. Поранешниот градоначалник Стевче Јакимовски следната година објави дека комплексот ќе почне да се гради во февруари 2011 година, но и од тоа немаше ништо. Подоцна самиот Јакимовски изјави дека Израелците најверојатно немаат пари за градба и дека според негови сознанија тие планираат да го продадат земјиштето.

Газит Глоуб го купи земјиштето од 150 илјади квадратни метри на јавно наддавање во 2007 година и за него плати 19 милиони евра. Официјален сосптвеник на локацијата стана во 2008 година, а според најавите инвеститорот планирал да вложи 100 милиони евра во резиденцијално- комерцијален центар кој требаше да содржи и луксузен хотел и деловни згради.

https://faktor.mk/zaglaveni-investicii-pochnuva-li-izgradbata-na-kompleksot-kaj-alumina

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 20-Jun-2018 at 15:27
Реално Скопје веќе нема потреба од овакви молови и комплекси со висококатници.Дури и постоечките се повеќе од доволни

Во Аеродром Скопјанка згасна,Бисер некако живурка но затоа го имаме Капитол и кога тогаш ќе биде готов и оној во склоп на Cevahir Sky City

Во Центар покрај ГТЦ и Рамстор за некоја година ќе има уште еден во склоп на комплексот на Лимак(каде се работи мошне интензивно до доцна вечер)

Гази Баба ќе добие огромен комплекс наречен Skopje East Gate каде ќе никне еден од поголемите трговски центри во регионот(барем така најавуваат) и таму сметам дека зградите се премногу ама ајде...

Незнам што ќе се случи со Емпорио во Ѓорче Петров каде мислам дека долго време нема некоја активност.

За G-Mall мислам дека нема потреба да се реализира,тука се случи голема пренатрупаност со згради(да беше само Гранд Престиж ќе беше ок,ама со Домино веќе се претера а гледам сега и некои други TRIM & LUM и ЗСФ почнаа да реализираат нови проекти.) Сметам дека Skopje City Mall e доволен за Карпош.

Нелогично е во град од 800.000 жители(отприлика) да опстојуваат 10 трговски центри.По извесно време некој од нив може да ја доживее судбината на Скопјанка,Мавровка...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 20-Jun-2018 at 22:29
Штета што не го изградија, преубави се зградите од рендерот...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 21-Jun-2018 at 20:35
Originally posted by stef4o

Реално Скопје веќе нема потреба од овакви молови и комплекси со висококатници.Дури и постоечките се повеќе од доволни

Во Аеродром Скопјанка згасна,Бисер некако живурка но затоа го имаме Капитол и кога тогаш ќе биде готов и оној во склоп на Cevahir Sky City

Во Центар покрај ГТЦ и Рамстор за некоја година ќе има уште еден во склоп на комплексот на Лимак(каде се работи мошне интензивно до доцна вечер)

Гази Баба ќе добие огромен комплекс наречен Skopje East Gate каде ќе никне еден од поголемите трговски центри во регионот(барем така најавуваат) и таму сметам дека зградите се премногу ама ајде...

Незнам што ќе се случи со Емпорио во Ѓорче Петров каде мислам дека долго време нема некоја активност.

За G-Mall мислам дека нема потреба да се реализира,тука се случи голема пренатрупаност со згради(да беше само Гранд Престиж ќе беше ок,ама со Домино веќе се претера а гледам сега и некои други TRIM & LUM и ЗСФ почнаа да реализираат нови проекти.) Сметам дека Skopje City Mall e доволен за Карпош.

Нелогично е во град од 800.000 жители(отприлика) да опстојуваат 10 трговски центри.По извесно време некој од нив може да ја доживее судбината на Скопјанка,Мавровка...


Малку да се повториме, освен Скопје Сити Мол е МОЛ во вистинската смисла на зборот. Останатите си се локални трговски центри кои ги има насекаде и си функционираат во обемот кој дозволува и што не секогаш е во потрошувачката моќ на граѓаните.

Да, можеби најавениот Скопје Ист Гејт ќе биде конкуренција, но во моментов никако не сметам дека во Скопје има премногу молови, бидејќи има само еден.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 202122

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.111 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.