build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Цени на станови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Цени на станови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1763
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 02-Apr-2021 at 17:06
Биткоин е за да фрлиш пари што не си ги заработил сам.    Наследство, лото, подарок. Тешко заработени пари не ги дава македончето на виртуелни пирамидални шеми. Доволно тепано куче е!

Edited by user8642 - 02-Apr-2021 at 17:06
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Apr-2021 at 17:19
На пазарот огромна е побарувачката од станови меѓу 30 и 50 м2,многу од инвеститорите веќе не градат станови поголеми од 70м2 за да не им стојат празни со години бидејќи се најмачни за продажба сите оние што се над 80 или 90 м2.
Се сложувам со тоа дека сме далеку од инвестиции во акции и во мали бизниси и дека во догледно време сеуште како основна ќе служи инвестицијата во станбен простор.
Проблем е тоа што поприлично забегаа со цените во одредени делови од градот каде отидоа до 1350 до 1400 евра за м2(Млечен,Капиштец,Ново Маало,Маџир Маало) а ок ми е што во Маџари и Керамидница се колку-толку реални и продаваат околу 850 до 1000 евра максимум за м2.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 03-Apr-2021 at 01:25
Originally posted by гитардемон


Бумот на станови не е толку поврзан со миграцијата внатрешност->Скопје, туку со порастот на куповната моќ, и на луѓето веќе не им се живее во истото станче со старците, туку младите брачни парови се трудат да си живеат настрана, и уште поважно, поимашните млади луѓе кои се single си живеат на страна наместо дома со мама и тато. Меѓу другото, да не заборавиме дека добар дел од становиве зјаат и празни со години.


Пораст на куповна моќ е мерливо, и покажува дека последната декада цел раст на БДП по глава на население е равно на инфлацијата, т.е два напред еден назад е муабетот.

Тоа дека веќе неќеле у станче три генерации да живеат е субјективно гледање...

Миграциите се дефинитивно носечки фактор...
Доселени / Иселени Македонци во Скопје за 2019: 1,578 / 684
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Apr-2021 at 14:27
Originally posted by kiriOK

Миграциите се дефинитивно носечки фактор...
Доселени / Иселени Македонци во Скопје за 2019: 1,578 / 684


Од каде е податокот за доселени / иселени Македонци во Скопје? Ако податокот е точен, тогаш внатрешните миграции веќе не се особен фактор во побарувачката. Ваква нето миграција може да апсорбираат 2-3 згради во Стар Аеродром.

Edited by Cloverstack - 03-Apr-2021 at 14:30
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 26-Apr-2021 at 12:50
Застојот со мораториумите ги зголеми цените на становите

Градежните компании бараат за нив државата да искреира посебен пакет мерки со кој ќе се ублажат негативните ефекти од ковид панедмијата во секторот. Бараат и недела да им биде работен ден поради спецификите на дејноста, односно неможноста да се одложуваат планираните проекти и договорените рокови.

Според прогнозите на градежниците, цените на становите се очекува да растат, но сѐ уште не може да се каже со колкаво темпо.

– Наша констатација и очекување во моментов е дека со покачување на минималната плата и најавените уште поголеми поскапувања на репроматеријалите, цените на становите ќе растат. Дополнително, граѓаните увидоа дека во време на пандемија е најдобро да вложуваат во недвижнини. Сепак, не би можел да кажам за колку ќе се покачуваат цените со оглед дека сме во најтешкиот момент за градежништвото и не знаеме колку тоа ќе трае – рече Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото при Стопанската комора.

Тој додаде дека голем фактор при креирањето на цените на становите во иднина ќе биде застојот со мораториумите.

– Колку се поголеми застоите во градбата, толку повисока цена на становите треба да очекуваме. Сведоци сме дека по четири-пет години нема конкретни резултати од ревизиите на ДУП-овите и нема конкретни благодети од мораториумите. Единствено што имаме е желба да не се гради. Затоа ги повикуваме државните институции да ги почитуваат законите и правото на сопственост на имот. Градежништвото изгуби огромен капитал неградејќи – рече Серафимовски.

Во однос на состојбата во градежништвото и најновите барања, претседателот на Здружението посочи дека бројките во јануари 2021 година се поразителни. Секторот остварил реален годишен пад од 16,6 отсто што е резултат на намалувањето на извршените градежни работи кај високоградбата од 18,2 процента и кај нискоградбата од 14,9 отсто.

Градежништвто лани, напомена Серафимовски, не отпушти вработени, успеа со свои сили да ги издржи сите притисоци. Но, плановите и очекувањата на компаниите не се исполнија. Веќе постои несигурност и страв дека секторот може да се соочи со згаснување на одредени капацитети во некои потсектори.

-Досега не се преземени конкретни мерки за економска поддршка на градежните компании кои имаа можност да ги користат само општите мерки за поддршка на стопанството. Дополнително, одредени јавни политики и случувањата во индустријата на градежни материјали влеваат неизвесност и страв дека градежништвото не само што нема да биде двигател на растот, туку може да се соочи и со згаснување на градежните капацитети – рече Серафимовски.

Анализите на Здружението покажуваат дека поскапувањата се движат до 80 отсто за челикот (бетонско железо и арматура до 30 проценти), до 25 отсто за дрвото, до 20 отсто за производи од битумен и масла, до 30 отсто за производи од сувата градба, до 50 отсто за синтетички цевки, плочи, фолии, геомрежи и геотекстил ПВЦ, ПЕ, ПП (стиропорот до 38 проценти) и до 30 проценти за заштитни премази, течна хидроизолација, епоксидни и полиуретански смоли. Кај последните две групи производи се најавени и задоцнувања на испораките, а има и откажувања на нарачките.

-Апелираме до Министерството за транспорт и врски да ги поддржи нашите барања и заложби. Веруваме дека ќе имаме поткрепа во оваа наша борба со што би се заштитиле над 55.000 вработени, над 5.000 компании би се одржале во форма и нема да има пречка во реализација на капиталните инвестиции – рече Серафимовски.

Бројот на активни градежни деловни субјекти лани изнесувал 5.263 или 7,2 отсто од вкупниот број активни деловни субјекти во државата што е речиси исто ниво како во 2019 година. Најголем дел од нив, 4.395 или 83,5 проценти се компании со 1 – 9 вработени. Само 8 компании или 0,15 отсто имаат повеќе од 250 вработени. Бројот на вработени изнесува 55.165 лица или 6,9 проценти од вкупниот број вработени на ниво на државата што е пад од 1,6 оттсо во споредба со 2019 година.

https://plusinfo.mk/zasto-ot-so-moratoriumite-gi-zgolemi-cenite-na-stanovite
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 26-Apr-2021 at 17:09
Градежниците најавуваат повисоки цени на становите



Градежниците велат дека цените на градежните материјали се драстично поскапени дури до 80%, а проблем имаат и со набавките поради затворените граници. Сето тоа влече поскапа градба, а секторот е во тешка состојба. Бараат посебен пакет мерки како и измени во законот за јавни набавки во кој единствен критериум е најниската цена...

„Наша констатација и очекување во моментов е дека со покачување на минималната плата и најавените уште поголеми поскапувања на репроматеријалите, цените на становите ќе растат. / Дополнително, граѓаните увидоа дека во време на пандемија е најдобро да вложуваат во недвижнини./ Сепак, не би можел да кажам за колку ќе се покачуваат цените со оглед дека сме во најтешкиот момент за градежништвото и не знаеме колку тоа ќе трае.“ изјави Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК

Според Серафимовски поради намалената работа од почетокот на годинава секторот бележи поразителни бројки со пад од над 16%. Дополнителен удар биле и мораториумите на ДУП-овите. Велат дека со неградењето е изгубен огромен капитал.

„Сведоци сме дека по четири-пет години нема конкретни резултати од ревизиите на ДУП-овите и нема конкретни благодети од мораториумите. Единствено што има е желба да не се гради. Затоа ги повикуваме државните институции да ги почитуваат законите и правото на сопственост на имот. Градежништвото изгуби огромен капитал неградејќи.“ истакна Андреа Серафимовски, претседател на градежна комора СК.

Поради спецификите на дејноста бараат и недела да биде работна за нив. Во градежниот сектор работат 5 илјади фирми со над 55 илјади вработени.

ПОСКАПЕНИ ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИ ЗА:

80% челик

25% дрво

50% синтетички цефки, плочки, фолии, геомрежи

20% производи од битумен и масла

30% производи од сува градба

30% заштитни премази, течна хидроизолација

https://kanal5.com.mk/gradezhnicite-najavuvaat-povisoki-ceni-na-stanovite/a472084

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 26-Apr-2021 at 17:16
Се очекува еден квадрат новоградба во центарот на Скопје да ја пробие границата од 2.000 евра



Цената на ново изградените станови во центарот на Скопје е до 2.000 евра квадратен метар. И покрај растот на цените, градежниците најавуваат дека трендот на зголемување на цените ќе продолжи поради драстичниот раст на цените на градежните материјали. Челикот има нова, повисока цена, за 80 насто, додека другите градежни материјали се поскапи и за 50 насто.

https://alsat.mk/mk/se-ochekuva-eden-kvadrat-novogradba-vo-tsentarot-na-skopje-da-ja-probie-granitsata-od-2-000-evra/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 28-Apr-2021 at 01:52

тврдат има побарувачка а нема изградба, а 90% од градежниве активности во земјава отпаѓаат на станбена површина, и така е веќе долги години по ред
тврдат немало доволно изградба на станови, па после викаат имало 7000 празни станови
исто, не знам од кој ракав го извадија тоа дека материјалите поскапеле за 80%

дури и од рестрикциите не се засегнати, со оглед на тоа дека кај нас градежните активност не се одвиваат 24/7 во најголем дел од случаите и за празници не се работи

ако ништо друго, со оглед на тоа колку се штеди и онака на метријали кај нас, колку поволно добиваат земјиште и тоа колку станови се градат на број, цените требаше да бидат пониски во изминативе години, па сега да се качеа таму кај што се ако имало некаква „криза“

мислам дека работава колку толку ќе се стабилизира ако се зголемува конкуренцијата во градежништво кај нас... сега за сега, вкупно во градов градат 4-5 фирми и тие имаат некој консензус за најниски/највисоки цени... верувам не се водат ни по логика на побарувачка бидејќи потребата за станови сеуште расте, обратно од тоа што го зборат... реално ако има непродадени станови тоа се должи на куповната моќ на граѓаните

Edited by zabegan - 28-Apr-2021 at 02:05
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-May-2021 at 14:38
Илјадници станови низ земјава зјаат непродадени, а и уште се градат

Зголемената цена на становите и најавата за дополнителен раст на цените по станбен квадрат е само една од причините што во моментов во Македонија има околу седум илјади новоизградени, а непродадени станови. Алсат го отвора прашањето колку бизнисот со станови може да биде ризичен со оглед на фактот што градежниците за нивните инвестиции подигнуваат високи кредити од комерцијалните банки. Од Народната банка велат дека секако постои ризик, но трендот на лоши кредити од ваков тип засега е во надолна линија.

Во зависност од нивото и структурата на задолженоста кај овие субјекти, евентуалната појава или оддолжување на одредени неповолни движења на пазарот за недвижности може да доведе и до раст на нефункционалните кредити на банките одобрени на овие субјекти. Сепак, засега нивото на нефункционални кредити одобрени во градежништвото бележи надолен тренд – велат од Народна Банка.

Од Македонската банкарска асоцијација не одговорија на прашањето, колку од подигнатите кредити од банките за изградба на станбени згради станале нефункционални, односно градежниците не можеле да ги враќаат.

Од Здружението на градежништво за Алсат велат дека сигурноста на инвестицијата ја потврдуваат токму банките со тоа што одобруваат финансирање со кредит. Во спротивно тие не би финансирале нефункционални кредити. Градежниците велат дека изградбата на еден објект зависи од финансиската конструкција која ја определува инвеститорот.

Во моментот цениме дека продажбата на недвижностите и интересот на граѓаните за купување на станови се големи особено за локациите каде што има најголем број на изградени станови со оглед дека недвижностите се покажаа како „безбедна“ инвестиција во услови на пандемија – велат Здружение на градежништвото при Стопанската комора.

Податоците на Народната банка покажуваат дека во 2019, нивото на нефункционални кредити одобрени во градежништвото бележи тренд од околу 10 отсто, за во 2020 година да падне на околу пет отсто. На крајот на февруари оваа година нивото е спуштено на три отсто.

https://alsat.mk/mk/iljadnitsi-stanovi-niz-zemjava-zjaat-neprodadeni-a-i-ushte-se-gradat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 12-Jul-2021 at 06:59
Трендот на поскапување ќе продолжи, се зголемуваат и цената и интересот за купување станови



По објавата на Народна банка за поскапувањето на становите во првиот квартал од 3, 2 %, некои од агенциите за недвижности и компаниите кои продаваат станови велат дека се покачени и за 7, 8% или од 150-200 евра по м2.

„Во првиот квартал од годинава станбениот квадрат поскапел за 3,2 проценти во однос на истиот квартал лани. Ова поскапување се надоврзува на ланското, кое во првиот квартал изнесуваше 1,7 проценти. Според градежниците растот на цената на становите е резултат на енормното поскапување на материјалите за градење, пред се железото, чија цена од почетокот на годинава е двојно зголемена“, велат од Народна Банка.

Се чини како коронакризата и да не ги погоди компаниите кои продаваат станови, со исклучок на првите 2, 3 месеци и покрај поскапувањето. Еве, на што се должи поскапувањето на становите:

„Од 150-200 евра за м2 се повисоки цените на становите. Тоа се должи на поскапувањето на градежните материјали и до 100%. Новите цени важат и за старите згради што не би требало да биде така. Но, сопствениците изгледа го следат трендот на пазарот.“, велат од Агенцијата за недвижности „Атлас“.

Се поставува прашањето зошто тогаш и старите станови, дури и оние од после земјотресот кои не користеле градежни материјали по нови цени ги покачија цените?

-Не само градежните материјали и работната рака поскапува. Второ, нема станови, да не се лажеме, нема станови. Сега да пробате да најдете стан во Центар, Карпош 1, 2 и 3 нема да најдете. Сето тоа влијае на пазарот за цената да се покачи. Некои ќе речат старите станови се премногу скапи. Но, за да продадеме стар стан и да купиме нов, треба да одредите цена-вели Слободан Боби Митровски.

Стар стан во зграда од после земјотресот во населбата Пролеќе, само реновиран можете да купите за 1 200 евра по м2, објаснуваат од Атлас. Во Скопје, најевтини се во Чаир и Скопје Север по цена до 850- 950 евра за м2, а најскапи на Водно каде достигнуваат и до 2 500 евра за м2.

ЧАИР 850-950 ЕВРА ПО М2

СКОПЈЕ СЕВЕР И ТОПАНСКО 850-950 ЕВРА ПО М2

ТАФТАЛИЏЕ 1 НОВОГРАДБА 1 200- 1 300 ЕВРА ПО М2

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 900-1000 ЕВРА ПО М2

ХРОМ 1000- 1050 ЕВРА ПО М2

ВЛАЕ 1050-1100 ЕВРА ПО М2

КАПИШТЕЦ 1 200- 1 300

ЦЕНТАР 1300 – 1500

АЕРОДРОМ 1100 – 1250

ЛИСИЧЕ 1000- 1150

ВОДНО 1 500- 2 500 ЗАВИСИ ОД ПОЗИЦИЈАТА

Од компанијата Џеваир Скај Сити велат пак дека имаат станови за „сечиј џеб“ и покрај поскапувањето.

„Цените на становите зависат од цените на градежните материјали што во моментов имаат повисоки цени. Од почетокот на продажбата на становите направивме понуда која може да ги задоволи сите потреби на клиентите. Понудите се креирани според потребите на пазарот. Се нудат различни категори на станови со различна ценовна понуда во соработка со неколку банки во државата. Тоа ни овозможува да имаме флексибилен пристап за секој клиент.“, велат од Џеваир Скај Сити.

Едногласни се барем оние што ги контактиравме дека трендот на поскапување ќе продолжи и во иднина.

https://mk.tv21.tv/trendot-na-poskapuvane-ke-prodolzhi-se-zgolemuvaat-i-tsenata-i-interesot-za-kupuvane-stanovi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 16-Jul-2021 at 09:04
Надуениот балон со цените за станови во Скопје почнува да пука и цените ќе одат надолу!

Големиот број на огласи во кои се пречкртува една повисока и се става пониска цена на чинење на м2 на становите во Скопје се само најава за трендот на намалување на вештачки високите цени на станови за продажба на кои сведочиме периодов.

Празните станови кои зјаат во старите или новоизградените згради веќе губат од својата вредност како што изминува времето и веројатно само прашање на време е кога цените кои достигнаа нивоа од 1,200+ евра за метар квадратен, ќе се стабилизираат и ќе почнат да одат надолу.

Експертите кои ги консултиравме од Агенциите кои го следат трендот ни кажаа дека растот на цените периодов не е воден од економската логика на понуда и побарувачка, туку од порастот на цените на дел од материјалите кои се користат за градба. Со оглед на тоа што светскиот пазар на основните материјали за градба пополека почнува да се стабилизира, се очекува дека и цените на становите во Скопје ќе почнат да се намалуваат со оглед на тоа што сегашните цени се реално недостапни за повеќето од граѓаните.

“Еден нов или реновиран просечен стан со две спални од 65 метри квадратни со сегашните цени се проценува на околу 80,000 евра. Ако се земе предвид дека повеќето од домаќинствата тој стан ќе го купуваат на кредит, во просек на отплата од 20 до 30 години, вкупниот трошок ќе им испадне некоја неверојатна сума од речиси 100,000 евра. Плус на тоа треба да се додадат средствата што ќе се потрошат за уредување. Така што оваа опција е целосно неповолна ако се знае дека ист таков уреден стан може да се изнајмува за цена од 250 до 300 евра” – велат нашите соговорници и надополнуваат “Со овие цени за купување и изнајмување Вие можете да изнајмите стан за наредните 30 години и секогаш кога ќе посакате да можете да го менувате без да ги почуствувате негативните ефекти на амортизирање што би ги имале доколку го купите на долгорочен кредит”.

Дека овие зборови се вистина секој може да се увери со мала вечерна прошетка околу дел од новите згради низ Скопје. Иако формално “купени”, повеќето станови зјаат празни, неосветлени и со месеци невселени. Во актуелната понуда на најпопуларните сајтови за огласување како што се Пазар3 и Реклама5, можат да се видат на продажба (и постојано намалување на цената) и станови за згради кои претходно објавиле дека се “распродадени”, веројатно од компании и поединци кои учествувале на некој начин во градбата, ги добиле на компензација и сега бараат начин за поврат на парите.

Крајниот совет е дека кога се купува стан не треба да се брза. Во Скопје постојано се гради и многу станови остануваат непродадени.

“Почекајте да се стабилизира пазарот, да се намалат цените и купувањето да има реална економска логика” – заклучуваат експертите.

Во следните продолженија на темата ќе ги третираме профитните маржи на компаниите што се занимаваат со продажба на станови.

https://marketing365.mk/nadueniot-balon-so-cenite-za-stanovi-vo-skopje-pocnuva-da-puka-i-cenite-ke-odat-nadolu/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 16-Jul-2021 at 09:05
Стан во Скопје од 70 квадрати за 30.000 евра: Се прошируваат списоците на евтини недвижнини

Куќа во Битола од 354 квадратни метри за помалку од 32.000 евра, стан со земјиште во Скопје во вкупна квадратура од 278 метри за само 85.000 евра. Недвижнини со вакви цени можат да се купат и во Македонија. Има и поевтини и покрај тоа што цените на становите, куќите и деловниот простор во последната година драстично се зголемува. Кој сака може да купи ексклузивна куќа во Скопје од 253 квадратни метри за нешто над 400.000 евра или стан во Струмица од 83 квадрати за 30.000 евра. И ова се само почетни цени. Сите недвижнини се наоѓаат на списоците на извршителите ширум земјава. Тие ги продаваат поради тоа што нивните сопственици се должници – не успеале да вратат некој кредит па останале без нив.

Најчесто недвижнините кои ги распордаваат извршителите имаат многу ниски конечни цени. Но и покрај тоа распродавањето не оди баш лесно. Некои стојат со години, некогаш не се продаваат ниту атрактивни станови па истите се провлекуваат во списоците за имот на продажба подолго. А исти списоци имаат и банките. Ги објавуваат оние недвижнини кои биле заложени за кредитите за кои ангажирале присилна наплата.

Меѓу огласените имоти има стан во Скопје од над 70 метри квадратни за почетна цена од 30.000 евра или стан земјиште и гаража во Охрид сите вкупно 147 квадратни метри, а за 54 илјади евра.

Извршителите аукциите ги закажуваат јавно однапред и најчесто се извршуваат во нивните канцеларии.

Нема точен податок што се е на продажба во моментов, затоа што ситуацијата се менува на дневна основа, а секојдневно стануваат активни и нови решенија за присилна наплата.

Во регистарот на преземени недвижности наменети за продажба, на крајот на првиот квартал 2021 година се потврдени 506 делови од згради, 134 катастарски парцели и 304 податоци за инфраструктурни објекти.

Според Извештајот на Катастарот на недвижности во првиот квартал годинава биле запишани 1.759 хипотеки во вредност од 160.187.107 евра. Од нив 759 се во Центарот за катастар на недвижности во Скопје во вредност од 67,8 милиони евра.

Фактор веќе пишуваше дека за цела 2020 година, сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра – сума која е речиси идентична на таа од 2019 година иако лани имаше прекинување на извршувањето. Од фирми должници повлечени се над 89 милиони евра, од државата, безмалку 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се симнати од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници.

На огласите се продаваат и движни предмети, а огласувач често е и Управата за јавни приходи која заложува по основ на даночен долг.

https://faktor.mk/stan-vo-skopje-od-70-kvadrati-za-30000-evra-se-proshiruvaat-spisocite-na-evtini-nedviznini
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14995
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 25-Aug-2021 at 11:27
Становите во Битола станаа луксуз, куќите одат за џабе, но никој не ги сака



Да купиш стан во нова градба во Битола стана луксуз за просечен битолчанец. Цената скокна и над 900 евра за метар квадратен. Познавачите на приликите велат дека и градежните трошоци се повисоки, но и дека инвеститорите не се откажуваат од високите добивки кои изнесуваат и по 400 евра од квадрат. Нови згради се градат во поранешната касарна, во Областа, во Нова Битола и уште на неколку други локации во градот. Становите најчесто се купуваат уште во градба, зашто купувачите сметаат дека така ќе заштедат по 100 евра од квадрат за разлика од понудата на станови кои се веќе изградени во нови објекти.
Инвеститори од градот велат дека цените на новите градби пораснаа бидејќи пораснаа и трошоците и услугите за градба. Од агенциите за недвижности велат дека купувачи има само за помалите станови, а најчесто стари станови продаваат оние кои се иселуваат од градот.

И старите нереновирани станови и во згради од пред четири децении го следат трендот на новите градби. Цена држат становите од 40 до 55 квадрати со засебни спални. Големите станови од по 100 квадрати се продаваат по 600 евра од м2, ама нив заради високите трошоци за живеење ретко кој ги купува.
За разлика од колективните згради, куќите во Битола се нудат за џабе, тоа е така зашто никој не е заинтересиран нив, па куќа од 100 квадрати од спрат со засебен двор чини колку двособен стан и пак нема купувачи.
Битолчани кои сакаат да вложат во стан се жалат на „набилдани“ цени.
– Едноставно кажано, цените се лудница. Инвеститорите на новите станови претераа, за гарсониера бараат и по 36.000 евра, нема нова градба под 850 евра. Цела година барам стан еднособен или двособен до 55 квадрати и не можам да најдам. Се што е понуда од стари станови е со цени повисоки за 200 до 300 евра по квадрат од лани. Значи ако лани квадратот бил 550 евра сега е 750 за стар стан, а имав понуда и од 830 евра по квадрат за стан вселен во нова градба, каде сопствениците живееле кратко неколку години, вели битолчанката Силвија.

Од агенциите за недвижности што ги консултиравме велат дека во последната година во Битола веќе е „скроена“ атмосфера дека цената на становите уште повеќе ќе растат, па се бара оправдување за големата заработувачка. Цената на новите станови ја диктира цената на старите станови.
-Дојдовме во ситуација становите да се луксуз, има нови станови од по 850 до 900 евра од квадратен метар зашто инвеститорите одат со висока маржа. Претходно имавме цени од 680 до 750 евра. Факт е дека има покачување на цените на материјалите и работната рака, ама сепак заработката е многу висока. Имаат профит и по 400 евра од квадратен метар. Сето ова услови покачување на цените и на старите станови. Јас кога во нашата агенција ќе дојде продавач на стар стан и ќе каже цена која не е реална и не е пазарна, не прифаќаме да посредуваме во продавање. Му кажуваме сам да ги го продаде по таа цена. Значи имаме понуда да продаваме стари станови за 800 евра од квадрат, нереновирани. Сопствениците велат ако може новите да одат по 900 евра, зошто да не заработиме и ние. Така цените станаа нереални, непазарни, неоправдани, вели Драги Стојановски од Агенцијата Итон – БС во Битола.
Инвеститори во разговор за „Независен“ велат дека цените се формираат во зависност од трошоците, а трошоците растат неколкукратно. Квалитетна градба со добра изолација и лифт не може да се продава под 800 евра од квадрат.
-Производната цена е зголемена, па тоа ја диктира и продажната цена. Не сметам дека цената на новите станови во Битола е висока, би требало да е уште повисока во чекор со трошоците. Имаме покачување на цената на градежните материјали и услугите. Пример, рипна цената на железото за неколку пати, ако порано услугата за местење плочки беше 5 евра од м2, сега е од 8 до 10 евра таа услуга. Тоа ја диктира цената, а тука е и квалитетот на градбата која е со поскапи материјали за разлика од порано, вели инвеститор од Битола.
Инвеститори велат дека битолчани најчесто купуваат станови во градба за да постигнат подобра цена на станот. Така на пример, за стан од 50 квадратни метри попустот достигнува и до 5 илјади евра, што за финансиски просечно семејство и не е мала заштеда.

Според Стојановски од Итон – БС за разлика од становите, куќите во Битола едвај се продаваат. Малите индивидуални инвеститори најчесто ги купуваат и на нивно место градат мали колективни згради со по неколку ката, само така можат да ги продадат.
-Младите не сакаат да живеат во куќи, не сакаат да се грижат дали прокиснал покривот, дали има кал во дворот, сакаат станови и помали трошоци. Јас им велам еве за 50 илјади евра имате куќа веднаш вселлива, не сакаат ниту да ја погледнат. Затоа куќи и во центарот на градот не можат да се продадат со години, цените паѓаат и пак нема заинтересирани. Нив поретко ама ги купуваат индивидуални инвеститори и градат по неколку мали станови. Сепак многу куќи во Битола пропаѓаат оставени на забот на времето. Битолчани се иселуваат, па ни ги оставаат куќите да им ги продаваме, вели Стојановски.
Познавачите на приликите велат дека во едни вакви пазари услови кога цената на становите вештачки расте, она што треба да го направи државата е да инвестира во државни станови што ќе значи пад на цената по квадратен метар и кај приватните инвеститори, но и ќе го раздвижи пазарот на недвижности, велат тие.

https://nezavisen.mk/stanovite-vo-bitola-stanaa-luksuz-kukjite-odat-za-dzhabe-no-nikoj-ne-gi-saka/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 25-Aug-2021 at 15:22

Ova e pausalen tekst. Cenata na kvadratot zavisi od kvalitetot i opremata na samiot stan. Npr. Kvaliteten parket, podno greenje, vgradena kujna, drvena stolarija itn ja vigaat cenata. Od druga strana pretpostavuvam deka stanuva zbor za stari dotraeni kuki za koi interesot e slab. Slicno e vo cela Evropa. Cenite na kvadratot rastat. Toa e normalna pojava vo kapitalisticko opstestvo. Onie koi imaat pari ke kupuvaat, drugite ke ziveat pod kirija ili vo periferija. Problemot kaj Makedoncite e sto se uste ja drzat jugoslovenskata matrica i sakaat drzavni stanovi za sitni pari. Ako covek malku podlaboko razmisli 800 evra za kvadrat e sosema korektna cena, da ne recam evtino. Npr. 60 kvadrati po 800 evra pravat 48,000 evra. Za 20 godini toa e rata od 200 evra mesecno, na 30 godinsna isplata toa e mesecna rata od 133 evra. Ako se znae deka kupuvacot mora da dade ucestvo togas mesecnata rata e uste pomala. Jas navistina ne znam sto sakate poveke!?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 25-Aug-2021 at 18:06

Ќе да забораваш дека банките наплаќаат камати
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 25-Aug-2021 at 19:41
Originally posted by гитардемон


Ќе да забораваш дека банките наплаќаат камати
Sekade naplakaat kamati i sekade stanovite se skapi. Stanovi se kupuvaat na dolgorocen kredit od 25-40 godini (ako nemas nasledstvo nekoj vredet imot od roditelite). Ne veruvam deka Bitolcani nemaat 200 evra za stanarina (plakanje kreditna mesecna rata)...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 25-Aug-2021 at 20:34

Ама математиката ти е без камата бе пријателе. На 30-годишен кредит каматата е скоро колку главнината.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 25-Aug-2021 at 21:49
Originally posted by гитардемон


Ама математиката ти е без камата бе пријателе. На 30-годишен кредит каматата е скоро колку главнината.
Dosega kvadratot bese ogin a sega kreditot i bankite ispadnaa krivi. Vo cela Evropa e isto. Cenata rapidno raste vo poslednite 10 godini i mnozinstvoto kupuvaci kupuvaat na kredit. Prosecen stan vo posirokoto centralno gradsko podracje se kupuva sekade vo Evropa so 25% mesecna rata od dve pristojni plati i sekako barem 20% ucestvo.
Vo Makedonija kvadratot e megu poevtinite i ne drzi muabetot deka stanovite vo Bitola stanale luksuz. Pa se e prodadeno. Znaci ima luge koi mozat da kupat. Pa ne se glupavi investitorite da gradat na slepo!?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 26-Aug-2021 at 06:47

Никогаш не реков дека не си во право бе Denko. Јас се сложувам со тебе во глобала, само забележав дека математиката ти беше премногу поедноставена.

Сепак, Битола е сиромашен град. Дека е сè продадено, не верувам. Исто како во Скопје, има толку станбени згради изградени со криминогени пари, што на газдите не им пречи да останат становите непродадени и со години. Поентата била само да се вложат некаде парите.

Верувај, не секое битолско семејство може да си дозволи рата од 300 евра. Проблемот е што обично родителите (кои се со ниски примања) се тие кои запнале да им купат „станче и количе“ на децата, а младите (со повисоки примања) не се баш заинтересирани за станови, туку за да заминат странство.

Верувам дека муабетов со високите цени кој беше цитиран погоре е од некој таков повозрасен кој очекува стан за 20.000 евра.

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2120
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 26-Aug-2021 at 15:28

OK. se soglasuvam so napisanoto. Jas generalno komentiram kako stojat rabotite. Makedonskiot mentalen kod e baziran na edno vreme koe odamna izumre. Jasno mi e deka ne moze sekoj da si dozvoli rata od 300 evra (i so rata od 200 evra se kupuva stan vo MKD), no toa e i poentata koja nasiot covek ne ja razbira. Bez pari ne se kupuva stan a poklon od drzavata veke nema. Tie sto imaat mali primanja ke ziveat pod kirija na periferijata na gradot. Makedonskite roditeli se posebna prikazna koja zasluzuva posebna niska.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.