build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Споменици и скулптури (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 203>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6925
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Споменици и скулптури (општо)
    Posted: 26-Oct-2020 at 17:50
ГОТОВА Е КЛУПАТА НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ЌЕ СТИГНЕ ВО СКОПСКО ДЕБАР МААЛО

Клупата на бардот на македонската култура Горан Стефановски е готова, и според градоначалникот на Општина Центар, за еден месец треба да стигне во Скопје од Англија.

„Не се знае кога ќе се постави. Чекаме време кога ќе можеме тој ден да го прославиме на убав начин“, ни рече синот на Горан, Игор Стефановски.

Тој ја сподели информацијата на Фејсбук со фотографија од клупата, каде меѓудругото пишува: „Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова“.

„Очекувам клупата да стигне за еден месец. Од Општина Центар не е побарана помош за транспортот, тоа ќе го регулира Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски“, ни рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Поради пандемијата на ковид-19, пролетва од Лондон во Скопје не стигна клупата која требаше да се постави за неговиот роденден. Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години.

Поставувањето на клупата во неговото омилено скопско Дебар Маало, по неговата смрт го најави Општина Центар. Лани, на 27 април во негова чест беше засаден чинар во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. Тогаш, поранешната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева најави дека покрај дрвото ќе биде поставена метална клупа, во човечка големина ќе биде излиена неговата фигура како седи на клупата и на неа ќе има место за секој што сака да седне.

„Клупата е сосема готова, т.е. излиена во бронза, не е таква како на фотографијата, но за жал чека во ателјето во Англија. Се планираше убав настан за поставувањето, но се разбира откако се затворија границите и се воведоа мерките сѐ’ се одложи. Ем не можевме да ја донесеме до Скопје, ем нема смисла таков настан кога никој не смее да биде надвор. Како и да е, се надевам дека наскоро ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за отворањето, ама се разбира никој не може да знае кога ќе биде тоа“, изјави неговиот син за САКАМДАКАЖАМ.МК во април.

Лани во јуни, Игор Стефановски побара да се донираат пари за изработка на скулптура од неговиот татко. Богдановиќ ни рече дека парите потребни за лиење на клупата во Лондон, Општина Центар ги обезбедила преку донации и дека се префрлени на сметката на неговото семејство.

Игор вчера исто така објави дека е формирано Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски.

„Целта на Здружението е едноставна: опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми (и дигитални), дека он не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Доста беше ситуација во која ‘Диво месо’ се чита во гимназија, а ја нема никаде да се купи како лектира. Тоа е таква балканска кеч-22 ситуација — баш таквите него го фасцинираа и го инспирираа. (Памтам дека средношколци редовно ни тропаа на врата барајќи копија од драмата, и кога веќе немаше за давање, татко ми почна да им кажува ‘прашај ја учителка ти зошто немаат они да ви дадат’. Сепак, би било убаво што повеќе луѓе да знаат за што се работи во ‘Диво месо’, исто како што оние во дијаспората (или оние кои планираат да отидат натаму) би требало да ја знаат премисата на ‘Тетовирани души’. Се разбира, Горан остави и многу други бисери и мудрости во есеи и говори кои се надеваме дека ќе можеме да ги прошириме во јавноста, особено за помладите генерации“, вели неговиот син.

Горан Стефановски, бардот на македонската драма, почина на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Академик Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.

Роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 е и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

https://sdk.mk/index.php/kultura/gotova-e-klupata-na-goran-stefanovski-za-eden-mesets-ke-stigne-vo-skopsko-debar-maalo/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13146
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Oct-2020 at 16:43
Споменик на драматургот Горан Стефановски, што наскоро ќе биде поставен во Дебар Маало, на локацијата позната како „Јас и ти“:

(тука некаде)

https://www.google.com/maps/@42.0015902,21.4212416,3a,75y,22.66h,87.3t/data=!3m6!1e1!3m4!1siZfcUkfcJUy7JIaOGKGnww!2e0!7i13312!8i6656



фотката е преземена од фб профилот на неговиот син

https://www.facebook.com/dzigor
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6925
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Oct-2020 at 14:00
Мисирков од Пела се пресели во МАНУ



Град Скопје го одобри барањето на академиците на МАНУ од мај годинава, споменикот на Крсте Петков Мисирков од плоштадот „Пела“ до Триумфалната порта да се пренесе во дворот на Македонската академија на науките и уметностите. Постаментот и скулптурата на Мисирков веќе се наоѓаат во дворот на МАНУ, а каде точно ќе биде поставена од академијата не сакаат да кажат повеќе детали. Од Град Скопје појаснија дека споменикот претходно ќе биде конзервиран бидејќи има мали оштетувања

Град Скопје го одобри барањето на академиците на МАНУ од мај годинава, споменикот на Крсте Петков Мисирков од плоштадот „Пела“ до Триумфалната порта да се пренесе во дворот на Македонската академија на науките и уметностите.

Постаментот и скулптурата на Мисирков веќе се наоѓаат во дворот на МАНУ, а каде точно ќе биде поставена од академијата не сакаат да кажат повеќе детали.

Во предлогот со барањето за дислокација на скулптурата на Мисирков од МАНУ потенцираа дека досегашната локација не е адекватна со оглед на значењето на овој наш деец и на авторот – скулпторот Боро Митриќески.

– Мисирков е еден од нашите најпознати дејци, основоположник на македонскиот идентитет. Скулптурата беше донација на семејството Рамковски во 2007 година, но во 2013 година е поместена на споредна и минијатурна позиција, наспроти скулптурата која е поставена покрај неа. Со тоа е обезвреднет ликот на Крсте Мисирков – пишуваат академиците.

Од кабинетот на скопскиот градоначалник за весникот ВЕЧЕР иѕјавија дека исто такво барање до нив пристигнало и од писателката Гордана Михаилова Бошњаковска.

– Со изградбата на Порта Македонија и поставувањето на големиот споменик на Крсте Мисирков како дел од проектот „Скопје 2014“, малиот споменик кој е дело на Митриќески беше девастиран и имаше несоодветна положба. Барањето од МАНУ и писателката Михаилова Бошњаковска беше за нас добредојдено. Сега на споменикот му најдовме погодно место, во дворот на МАНУ. Претходно споменикот ќе биде конзервиран бидејќи има мали оштетувања. Префрлањето од Пела до МАНУ го направи екипа од ЈП „Улици и патишта“ – велат од кабинетот на скопскиот градоначалник.

Таа 2007 година на промоцијата на споменикот пееше и Тоше Проески и тоа беше завршница на една голема промоција на делото на Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци.

Инаку, споменик излеан во бронза и висок пет метри на Крсте Петков Мисирков има во истоимениот парк меѓу зградите на Апелациониот суд и МАНУ. Таму беше поставен во мај 2013 година. Сега, практично, на растојание од околу стотина метри ќе има два споменика на овој наш деец.

Мисирков е мошне значајна личност во македонската историја. Тој е кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Автор е на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, на списанието „Вардар“ и голем број научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

https://www.vecer.press/мисирков-од-пела-се-пресели-во-ману/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13146
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Sep-2020 at 17:12
И онака со својата „големина“ таа биста беше срам за ликот и делото на Мисирков, а и како стоеше до оној седнат на стол до него, петпати поголем споменик, подобро што го отстраниле, вака само мизерно ќе изгледаше.
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6925
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 16-Sep-2020 at 15:49
Отстранета бистата на Мисирков, Рамковски е емотивно погоден

Бистата на Крсте Петков Мисирков, авторот на книгата „За македонцките работи“, завчера вечерта била изненадно отстранета. Отстранувањето на бистата го дочека неподготвен и Велија Рамковски, финансиерот на целокупната акција за промоција на делото на Крсте Петков Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци.

Слободен печат стапи во контакт со Велија Рамковски, кој не го криеше изненадувањето од ваквиот потег.

– Не знаев дека споменикот е отстранет, сега првпат слушам за тоа од вас. Никој не ми најави, ниту ме информираше дека споменикот ќе се отстранува. Морам да кажам дека пред една година ми се јави секретарката на МАНУ и ме праша за согласност споменикот да биде дислоциран пред влезот на МАНУ, јас се согласив, за што потпишав и изјава. Меѓутоа, тоа беше пред една година. Оттогаш ми се немаат јавено, јас мислев дека се откажале, вели Рамковски, кој не го криеше незадоволството од отстранувањето на бистата.

Многу ме погодува тоа што го отстранија делото од Крсте Петков Мисирков. На промоцијата на бистата пееше и Тоше Проески, тоа беше завршница на една голема промоција на делото на Мисирков, во рамки на која беа направени повеќе од 20 презентации во Македонија, а книгата „За македонцките работи“ беше отпечатена во над 40.000 примероци. Криво ми е што од сите споменици од 2014 година, го отстранија само Мисирков, додава тој.

Од Град Скопје велат дека немаат ништо со отстранувањето на споменикот. Од МАНУ се уште чекаме одговор на прашањето, дали можеби тие ја земале бистата на Мисирков.

https://www.slobodenpecat.mk/otstraneta-bistata-na-misirkov-ramkovski-e-emotivno-pogoden-foto/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 275
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 19-Aug-2020 at 17:51
Ајде со здравје нека „жолтее“ овој постамент. Баш пред некој ден поминував од тука и сите споменици заедно со Портата, од негрижа и неодржување личат како да се наоѓаат во некој си пост апокалиптичен филм, каде се е оставено на милост на природата. Едно е да не го сакаат ВМРО кое ги постави ама друго е да плукаат по националните обележја. Ако имаат 500.000е за трева можат да ги средат и спомениците.

А оваа плоча на парцелата на „шпанските скали“ е поставена или? Ако е така Град Скопје изгледа има право на сечиј приватен имот.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 19-Aug-2020 at 17:29
Непотребно гломазно, на мавзолеј личи повеќе него на спомен плоча. Па можеле малку повеќе да се потрудат од обичен гробарски стил. Доволно е стаклена плоча на постамент или плочата на земја да беше поставена како обележување за куќата кај била и толку.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6925
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Aug-2020 at 11:26
СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА ВО СКОПЈЕ СВРТЕНА ОД ДРУГАТА СТРАНА НА ПЛОШТАДОТ ЗА ДА НЕ СЕ ОДИ НИЗ ТРЕВА ДО НЕА

Екипи на Град Скопје, по барање на граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“, ја дислоцираат спомен-плочата на Плоштад Македонија. За да има директен пристап до неа, а не да се газ по трева, сега таа се наоѓа во делот кај новоизведениот плочник, односно е свртена кон ресторанот „Пелистер“.

„За да обезбеди директен пристап плочата е свртена од другата страна, односно се наоѓа под трите дрвја насадени во нејзина чест. Изведен е нов постамент на кој ќе бидат поставени трите плочи напишани на македонски, албански и англиски јазик“, велат од Град Скопје.

Спомен-плочата на местото на куќата каде се родила Мајка Тереза стоеше свртена кон ТЦ „Сити галери“. Но, откако Град Скопје го изведе тревникот на местото каде требаше да се градат „Шпанските скали“, за да се стигне до неа требаше да се гази низ тревата. Од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ велеа дека со ваквото решение на плоштадот спомен-плочата е заробена и граѓаните немаат пристап до неа. Тие бараат од градоначалникот Петре Шилегов да обезбеди поплочен пат до плочата на Мајка Тереза.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/spomen-plochata-na-majka-tereza-vo-skopje-svrtena-od-drugata-strana-na-ploshtadot-za-da-ne-se-odi-niz-treva-do-nea/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6925
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 19-Aug-2020 at 11:03
Спомен плочата за куќата на Мајка Тереза, со ново, достоинствено решение.
Пристапна од новиот плочник на Плоштадот Македонија.







https://www.facebook.com/petreshilegov
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6925
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Aug-2020 at 15:43
Спомен плочата на куќата на Мајка Тереза се преместува од страната на Пелистер



По налог на Град Скопје, екипа на ЈП „Улици и патишта“ вршат префрлање на спомен плочата на куќата на мајка Тереза на плоштадот „Македонија“.

Димче Петрушевски од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ за весникот ВЕЧЕР изјави дека и тие дале одобрение да се направи префрлање на трите спомен плочи кои досега гледаа кон тревникот и кон Теранова. Со тоа што новиот мермерен постамент е висок 60 сантиметри на кои ќе бидат ставени спомен плочите напишани на македонски, англиски и албански јазик ќе биде на 5 метри подалеку од сегашното место, поточно помеѓу трите борови дрвца и ќе гледа кон рестораните Пелистер и Ла Тераца.

– Преместувањето го одобривме во знакот на неизмерната љубов, солидарност и верба меѓу луѓето кои ги ширеше светицата. Работите треба да завршат за два – три дена и потоа тоа ќе биде многу убаво место за одбележување на 110- годишнината од раѓањето на Мајка Тереза. Новото одбележје треба свечено да биде пуштено на 26 август на денот кога е родена оваа светица – рече Петрушевски.

https://www.vecer.press/спомен-плочата-на-куќата-на-мајка-тере/
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 143
  Quote David Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 15-Aug-2020 at 16:01
Па може малце е оф топик,ама кога се наметна темава,според мене,проблемот е што имаме премногу политичари,и се тера премногу политика во државава,последниве избори на пример беа добро освежување и шамар за партиите дека се прочитани,неинвентивни,досадни и лажливи. Страшно е што јас не ни знам еден прокет,нешто конкретно што еве овие што пак добија власт "ќе направат" или ќе лажат дека ќе направат Ко во лоша симулација да сме влезени,зомбифицирано е се.
За тоа што спомна 20-30 години некој да владее,па тоа е меч со две острици,посебно за нашиве неизживеани политичари,ако им дадеш премногу моќ забегуваат,и на секое едно добро,прават две лоши,односно штети работи. Конкретно Груевски love him or hate him имаше поддршка кај народот да владее за навек,ама политичките околности го зезнаа,се замери со луѓе со кои што не требаше да се замери,народ му вика доста споменици,тој не,инатот го однесе до крај.Економската политика од негово време се покажува како најуспешна,сакал некој да признае или не тоа си е негов проблем.

Лошото за нас,како македонски народ е што сме премногу поделени,а тек ќе се делиме кога станува збор за политика со оглед на брзо растешката популарност на левица која сигурно ќе им украде на дпмне неколку пратеници,сдс која додека има власт ќе има алатка за подмитување и поткуп,така да ќе си остане пата/пата работава. За владар,ете сега сме во нато и ќе мора да ги слушаме нашите партнери и да делуваме ко едно,нема тука дискусии и шврљање лево десно.

Ако живееме во светот на бајките убаво би било прво да се заврши со крупна политика и бришење на тоа што остана да се брише да се смени власта и ете со нов план за главниот град 2022 кога излегува таму, да се избрише се што е 50+ години старо,згради,бараки,зградичиња и да се замни со ново модерно и квалитетно,да се реши хаосот со јавниот превоз,со не знам подземни улици,жичари,што да не метро,значи било што само да е одвоено од сообраќајот,и да не е БАП...практично нов ск2014 без споменици и пластика,да се најмат странски професионалци да го нацртаат градов ко што треба зошто очигледно нас толку ни е капацитетот. Поентата на тоа би била,слична како и таа на ск2014 привлекување туристи,со оглед на тоа дека ние сме мала држава што нема природни ресурси,нема гас,нафта,море...мора да направи се за да го направи Скопје,Охрид ко модерна туристичка дестинација,дури не знам зошто нашите министри не форсираат:Мериот,Хилтон,Холидеј Ин...да отворат хотели во Охрид,Струга,Преспа,всушност знам ама ајде..

АМА ако живееме во реалноста,најверојатно тоа што е старо и згазено од влага(зградите) ќе добијат некое јакимовски/жерновски фарбање со бомбастични наслови дека сме добиле "енергетски ефикасни" згради ,куќите и дворовите ќе станат 7 катни Хантерси,место Менхетн ќе добиеме нови расадници,маџир маала, 0 отворени фабрики и работни места,и најсигурно од се ќе продолжи исселувањето од овде.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13146
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Aug-2020 at 15:23
Ајде малце да се вклучам и јас во дебатава, зашто кај и да некој ќе ги спомене вонземјаните и космичкиот заговор против семакедонците Работам во близина, често на пауза или после работа седам во Жена-парк на пивце, и од она што го гледам е дека парков се претвори во прибежиште за бездомници, пијаници, наркомани и коцкари (да, среде бел дел група луѓе клекнати фрлаа коцка и држеа пари во рацете). И оттука можеби произлегува најглавниот проблем, овие луѓе тука јадат, тука пијат, некои тука и спијат и тука вршат нужда (поминете само да осетите како смрди покрај грмушките и дрвјата). Овој споменичен комплекс (кој, како прво, воопшто не требаше ни да биде тука, ама ајде, сега е доцна да се мрчи) е вандализиран, меѓу другото, и од вакви ликови.

За идеолошко-политичката страна и причина за неговата запуштеност не би зборувал, видете само што им се случи на повеќето социјалистички споменици по падот на комунизмот (паралелата е намерна).

Толку.
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 500
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Aug-2020 at 15:01
Проблемот е што не знаеме Македонија чива е. Лесно е во други држави што го поминале процесот како на пример Грција или Шпанија како граѓански војни и се знае после тоа на чива политичка страна припаѓа дрќавата и политичкиот живот иако организиран во повеќе партии, пак е на едн линија. Кај нас е премногу пата-пата ситуацијата и затоа е ова. Југославија беше јасно чива е, кој си ја освои и затоа имаше долг период на развој. Кина е јасно чива, Америка, Русија, Германија, Јапонија за сите е јасно. Е за Македонија не е. Мора едната политичка страна да надвладее сурово над другата и да се задржи таа ситуација неколку децении. Друг рецепт нема.
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 143
  Quote David Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Aug-2020 at 14:34
Чиста политика ти е ова друже,да и народов е несовесен,не му е гајле,нема пари,има милион грижи и проблеми,ќе скрши што случајно што намерно,ама за тоа треба некој да го најде вандалот и да го установи,еве гледаш како одма го најдоа тој што им запали на евн возила...ова е одржување јавен простор и си е домен на градот и државата. Плус ептен е проѕирно како буквално се што се изградило или се гради од претходно е оставено да се распадне,и потоа да се ликува и собира дневно политички поени.
Апсурдни цитати имаш кај што скап бил музејот на ВМРО/жртви на комунистиочкиот режим што е еден во цела држава за одржување а притоа секоја година се трошат милиони евра на вазелини,фстаци,сјо...итн итн.

Нема,имаме дупка во еволутивниот процес,ние како народ,зошто политичарите произлегуваат од народот,500 години турско и 50 години комунизам,не е мала работа. Да му умре козата на комшијата,па за другото здравје.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 103
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Aug-2020 at 14:17
За вака да се испокрши и усере треба труд, не е ова случајно. Не можам да го сфатам поривот кај некои луѓе да уништат, да усмрдат, зарем хаосот им е помил од среденото, чистото.. И не е ова од политички опоненти, шиптари или грци, едноставно менталитетот на народов кој живее тука е одвратен. Го имам ова забележано насекаде, не само во Скопје и не само на споменици, туку и на клупи, скали, ѕидови, огради, мостови, на сите јавни површини. А ќе кажеш се работи за настрогиот дел на Скопје, па каде е таа полиција да реагира, што не стават камери па на баграта да и наплатат десеткратно, лесно е да се фрли вината на тој што треба да ги одржува објектите, но вандализиран објект не се одржува, туку треба да се поправи, па после тоа чува и одржува.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 6925
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Aug-2020 at 09:47
Нов споменик на негрижата и јавашлукот сјае во „Жена парк“



Сте биле ли скоро во некогаш популарниот „Жена парк“ кој е мала оаза меѓу ГТЦ и парламентот? Ние од редакцијата бевме и видовме дека оазата е преполнета со споменици, а многу од нив се ептен запуштени. Оној најголемиот, Споменикот на паднатите херои за Македонија е и најзапуштен. А тој е релативно нов.

Белиот мермер не е веќе така бел, па се повеќе наликува на запуштен објект од кој секој дигнал раце. А тоа е обележјето за оние кои ги жртвувале своите животи за татковината.

На секој од триде дела на компзицијата од споменикот направен во 2012 година и кој чинел 1,7 милиони евра се забележуваат оштетувањата. На првиот дел кој го симболизира „Светот на живите“ веќе се гледаат оштетувањата на скулптурата на Прометеј, додека вториот дел – на кој е претставен преминот помеѓу светот на живите и светот на вечноста – е во исклучително лоша состојба. Електричните светилки долж патеката се речиси сите оштетени, искорнати од лежиштата не функцинираат, патеката е потемнета, а мермерот на повеќе места оштетен. Третиот дел каде е Светот на вечноста веќе претворен во депонија во која доминира со години изгаснатиот вечен оган кој веќе никој нема намера да го поправи и е оставен да пропаѓа. Долниот дел од ротонда, пак, е центарот на депонијата во која се трупа валкана вода, шишиња, фрлени хартии и кои никој не ги чисти…

Очигледно е дека споменикот во кој до 2016 година редовно се прославуваше Денот на независноста е оставен на заборавот и дека пропаѓа. Патем, за одржување на овие споменици и фонтани постои договор меѓу Градот Скопје и општина Центар, потпишан од претходниците на актуелните градоначалници.

Можеби идеата е да имаме нов споменик – на негрижата и јавашлукот иако тоа го гледаме насекаде во Скопје.

https://skopskoeho.mk/nov-spomenik-na-negrizhata-i-javashlukot-sjae-vo-zhena-park
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2218
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 20-Jul-2020 at 16:26
Не може да очекуваш здраво општество кога навидум успешни луѓе се палат на идеите на Слободан Милошевиќ (дали злосторничкиот водач се презива Туѓман, Изетбеговиќ, Јашари, Тарчуловски, Мелас или Згдугго е небитно). Кога таквите идеи имаат поддршка од голем број луѓе, а од самото општество од кои потекнуваат нема сеопшта осуда (каква што има кај други општества), освен пропаст и поделби ништо друго нема.

За автохтоната музичка ѕвезда зборам (ама не оди на Косово да праи пари, у Англија праи), ме мрзи да ставам скриншот. И не сфаќаат дека нема разлика помеѓу нив, Милошевиќ и Мусолини. Сеа Косово ќе стане богата држава зашто стаила етно-националистичка сепаратистичка назадна слика на твитер.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 14-Jul-2020 at 12:12


Гитар токму тоа што сега немаме ние Национална ами граѓанска Држава тоа во однос Македонските Албанци не прави нерамноправни кои за своја си ја сметаат Албанија, ббидејќи да ја сметаа Македонија немаше да ја избегнуваат територијалноста Македонски, вака видено во костец нерамноправноста во однос споменичниот тренд, нас не не става во дефанзива културно туку не носи во ендек се’ повеќе на начин да самите Македонци ете бар пола однив кои имаат Национална Ориентацја наместо граѓанска се’ повеќе си ја презираат својта Татковина, што можам да кажам е еднакво на самоуништување бидејќи во случај на каков и да е иден Пожар токму Тие би скокнале во оган без око да им трепне, нели откако платените граѓански ориентирани спласнат со Волја За Слобода еве да речеме во случај на ww3 кога ко и во ww2 нема да се знае на балканиве ни кој што пие ни кој што јаде внатре во секоја Држава и меѓу своите, токму ова треба да е главен мотив да се бара што побрзо Еднаквост во однос ваквата реалност за да се амортизира бесчестието кое е фрлено врз Патриотите Загинатите Заборавените ... 


... сето ова се случи уште претходно кога при потпишувањето на ОД не се земаа во предвид сите овие ризици кои денес се нус ефект од овој спменичен тренд, кој ко што реков и’ неопходен е за Сите на некое ниво и во некоја форма, но вака стихијно да се тера е погрешно доколку Помирувањето е главна спона за натамошен Соживот, но без да се отвори Континуирана Научна Дебата преку која ќе се демистифицира 2001-ва нема ни да стигнеме колективно до Агенда За Соживот која сама по себе ќе наметне прифаќање и од страна на Македонските Албанци дека ваков споменичен тренд не допринесува за Соживот туку дополнително го раслабува, но кој да ја отпочне, смешно е што додека АлиА е во ДУИ не се турна ваква инерција Научно да се демистифицира воопшто зошто и која им била потребата на некои Македонски Албанци да се фатат за оружје доколку се знае дека војна се води за територии, конечно да се разбере како дошло до тоа да се префрли дрско пожарот од Косово во Македонија и покрај тоа што ние тогаш не им свртевме грб на Косовскиките Албанци, како да беше малку тоа та ни вратија со куршуми и бомби што им подадовме рака и не ја затворивме границата при при прогонот тогаш, а можевме и бар сега ќе имаше причина за 2001-ва, додека ова сега вака е вакум од разбирање за причините мотивите, бидејќи ако беа во прашање Национални Права на тоа Арбен Џафери уште одма му одговори на АлиА ова вие што го праевте со крв в Планина ние (читај ДПА) ќе го добиевме и без еден испукан куршум во Собрание, што чинам доколку и ова се земе во предвид во една таква Научна Дебата каде обострано ќе бидат фатени наоро и Македонски и Албански Научници но и Европски како амортизер за да нема повредени суети, дефакто така лесно и брзо лесно ќе се дојде до официјално сознание дека 2001-ва кај нас Небеше Војна предизвикана од Македонските или Косовските Албанци туку од дипстејтовци кои во случајот со Косово си имаа еден експеримент и нусефекти од истиот а во случајот со Македонија друг експеримент и нусефекти од истиот, мое мислење е дека сето тоа беше исфингирано за да америте си го исчистат Косово но и Босна воошто Балкан од муџахедините кои ги трупаа во последните балкански војни при распадот на сфрј, зар би си терале тие нато-бази на Косово а наоколу им се шетаат екстрим воени платеници!? точно дипстејтовци си го искористија вакумот во однос нашата дрскост кон Браќата Македонски Албанци и каков третман статус можности имаа во земјава, но дефакто тоа беше само маска, но ваквите мотиви не беа вистинската причина за 2001-ва, а доколку вака се демистифицира војната чинам и Сите ќе разбереме дека сме биле Жртви на нечиј туѓ спин, што сега откако државава е отанизирана не ни гледам опасност зошто така Научно да не се бара нзс како би ги надминале фрустрациите меѓесебно ...


... во ваков случај спомениците на она ќе бидат сведоштво за дипстејтовската манипулација на сите нас тука, што реално може да е болна вистина иако попролично катарзична сестрано, но доколку се правиме и понатака мутави на сите нивоа, така С нема да дочекаме од Соживот, а постојната толеранција се повеќе ќе не гетоизира во свои ровови единствено амортизирани преку властодршко-коалицирање, кое јасно кога и ако пукне ќе го продлабочува јазот и во однос толеранцијата а ова потенцијално како етникуми не фрла во конфликтни ситуации кои повторно може некој да си ги искористи за да си затера низ некој Пожар свои геополитичко-дипстејтовски експерименти, еден може иден е намерно потпалување балканското буре како би се создал контролиран хаос преку кој би се иницирала ww3, особено знаејќи дека нато е гарант на безбедноста од надворешна а не внатрешна нестабилност и ризици, фали уште да се остави вака ко до сега фејкбуковски да се пумпа дрско големоалбанскиот фолклор, а на сето тоа и самите Македонски Патриоти да наседнат и фрлат некако камен дрско провокативно терсене наопаку онака од ифрустрираност од инает, но среќа во несреќа е што сега националното ни е здраво ресетирано нам како Македонци па мнозина и ќе кренат раце, некои пак ко мене не се возбудуваат бидејќи и’ така знаат дека концептот Нација е масонско масло како појава па и нема потреба да паѓаат во тансоини од гневои, Но реално ова е ризик во однос Волјата за Слобода т.е. нејзино зачувување при даден склет натака! Сепак ваквите денационализирани околности се потенцијален бонус доколку успееме да се надраснеме а за тоа имаме акал, гледајќи на месонско-дипстејтовските геополитички балкански експерименти последниве два века како вишок,  така фокусирајќи се пред се’ кон Наднационална Православна Сплотеност денеска по европска инерција, иако тро запушено ет таму во моментов, но повторно тоа не не’ спречува тука по Мијачка Линија со Албанците да бараме нзс, но се’ додека вакиот вајб околу споменичарењево не биде надминат какви и да се обиди за НЗС По Соживот да се бараат ќе биде се потешкп, најчесто ко такви сведени на Индивидуална наместо Колективна Основа, евентуално ако политичките избори и административната поделба на функции не се разбира како сигурна спона, хм, штом таа пукне кој да задржи Народ во колосек, чим Народ нема други начини да амортизира таков ризик, од кој пак сме заложници во недоглед виа уцените дека ако не се коалицира со dui тоа не е почитување на волјата на Македонските Албанци Гласачи, но среќа во несреќа е да ваквото непишано правило за мнозински влади самата дуи го ресетира минатите избори, ама ај да ја видам утре која Македонска Партија би им свртела грб за по идеолошка основа да формира Влада ...

 

Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 985
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Jul-2020 at 10:56
Дискусијава не е за тука, моето мислење си е јасно и јас убаво се однесувам со моите сограѓани Албанци, ама ова е моја критика до нив, иако очигледно не смее ниту тоа повеќе, одма си прогласуван за екстремен националист.

Џоле убаво кажа, соживот треба од двете страни, а јас убаво напишав, ако едната страна си ги критикува и сопствените грешки, а другата не го прави тоа, тогаш очигледно некој нешто не сака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13146
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 14-Jul-2020 at 08:46
За соживот е потребна обострана волја, ако едната страна има волја за соживот, а другата си тера по свое (без разлика за која страна станува збор), не може да постои соживот во пракса. Впрочем, последниве две децении убаво го покажаа тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 203>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.563 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.