build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 204>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Споменици и скулптури (општо)
    Posted: 26-Aug-2021 at 15:33
Во чест на донорот на срце Емилија Динева, поставена скулптура „Срце за вечноста“ во Стар Дојран



Во Градскиот Парк во Стар Дојран беше поставена и промовирана спомен скулптурата/урбана инсталација „Срце за вечноста“, која е изработена во знак на чест, почит и благодарност кон хуманоста и човечноста на семејството на Емилија Динева, донорот на срце и органи во Македонија.

Идејата на оваа акција е уште еднаш да се одаде почит на Емилија Динева и нејзиното семејство за овој несебичен и херојски чин и преку јазикот на уметноста да се поттикне органо дарителството како врв на хуманост и можност за спасување на стотици животи.

„Скулпурата „Срце за вечноста“ на младиот академски скулптор Андреј Миневски е водена од идејата да се овековечи дарувањето на органи како еден од највисоките чинови на човековата хуманост и можност кога еден живот згаснува друг да се распламти односно како што најчесто и бива да започне одново. Токму затоа и тематиката на скулптурата но и нејзината визуелност ја третира и темата на бесконечноста и начините со кои човекот може да се поврзе со бесконечноста преку постојната размена на енергии и материи. На овој начин авторот го овековечува херојството на Динева односно нејзиното семејство отворајќи и го патот до бесконечноста и незаборавот. Самата скулптура е работена во техника која опфаќа спој на различни материјали како мермерно брашно, епоксид, метал изработени во стандарден скулпторски опус и доведени до совршенство од вештата рака на авторот,“ се вели во соопштението.

Реализацијата на проектот е на Центарот за современи уметности – Скопје и Општина Дојран со финансиска поддршка од Фондацијата отворено општество – Македонија.

https://meta.mk/vo-chest-na-donorot-na-srce-emilija-dineva-postavena-skulptura-srce-za-vechnosta-vo-star-dojran/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Aug-2021 at 12:59
По Twitter се шират некои слики за отстранети споменици во Охрид, ама јас неможам да ги познаам кои споменици се овие, каде стоеле.







https://twitter.com/Effo_Antivirus/status/1429398626091024386
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Aug-2021 at 15:08
ГОРАН ВЕ ЧЕКА ЗА МУАБЕТ ВО ДЕБАР МААЛО, ВЕЛИ СИН МУ ИГОР ОТКАКО КЛУПАТА СТИГНА ВО СКОПЈЕ ПО ГОДИНА И ПОЛ





Клупата на бардот на македонската култура Горан Стефановски после една година изработка, долги ковид-месеци во магацин, и неколку недели во кутија, од денеска е поставена во скопско Дебар Маало.

Бронзеното спомен-обележје е поставено во неговото омилено Дебар Маало, во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. На 27 април 2019 во негова чест беше засаден чинар на тоа место.

Поради пандемијата на ковид-19, лани од Лондон во Скопје не стигна клупата која требаше да се постави за неговиот роденден.

Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години.

За жал, поради новите мерки, нема да има јавен настан за отворањето. Но, сигурно така и требало да биде, бидејќи Горан секогаш се враќаше во Скопје тивко и ненајавено – едноставно си сакаше да се појави (всушност, никогаш не се сметаше за отсутен). Горан би требало да биде поставен на своето место, каде ќе ве чека за седенка и муабет. Кога ќе бидете во можност, отидете да го поздравите“, напиша на Фејсбук неговиот син Игор Стефановски.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ лани изјави дека парите потребни за лиење на клупата во Лондон, општината ги обезбедила преку донации и дека се префрлени на сметката на неговото семејство.

Горан Стефановски, бардот на македонската драма, почина на 66 години по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше. Академик Стефановски е автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ и на најславната ТВ-серија во историјата на македонската продукција „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат. Неговата соработка со режисерот Слободан Унковски, од 1980-те па со децении натаму, создаде претстави кои беа во врвот на театарската уметност во регионот.

Роден во Битола на 27 април 1952, во театарско семејство, дипломец е на англиски јазик и книжевност на Филолошки факултет во Скопје, а магистрирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1986 беше професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) од 1979, а од 2004 е и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Добитник е на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Стериина награда“, „Војдан Чернодрински“.

https://sdk.mk/index.php/kultura/goran-ve-cheka-za-muabet-vo-debar-maalo-veli-sin-mu-igor-otkako-klupata-stigna-vo-skopje-po-godina-i-pol/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 16-Aug-2021 at 14:53
Спомен обележјето на големиот Горан Стефановски конечно пристигна и за неколку дена ќе го краси неговото Дебар Маало.





https://www.facebook.com/photo?fbid=396766662030221&set=pcb.396766778696876
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Jul-2021 at 16:56
Супер, сада чемо да Додикујемо и да саградимо споменик жртава Јасеновца у Куманову и Чучер-Сандеву. Едно општество за сите, брееее! Кој кур бре увезување туѓи конфликти у домашна сензитивна политичка атмосфера.

Edited by user8642 - 12-Jul-2021 at 16:56
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5269
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Jul-2021 at 09:11

Зелената трансферзала си работи во Малата Палестина.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Jul-2021 at 07:04
Во Чаир ќе се гради споменик во чест на жpтвитe на гeнoцид во Сребреница

Делегацијата на Македонија му го претстави на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Сефик Џаферовиќ проектот за изградба на споменик посветен, како што се наведува, на жртвите на геноцид во Сребреница, кој ќе биде поставен во скопската општина Чаир

Како што беше објавено на веб-страницата на Претседателството на БиХ, Џаферовиќ им се заблагодари на гостите од Македонија и истакна дека изградбата на овој комеморативен комплекс ќе даде исклучително важен придонес за зачувување на споменот на жртвите на геноцидот во Сребреница, пренесува Танјуг.

Џаферовиќ рече дека сите во регионот треба да ги прифатат пресудите на меѓународните судови за геноцидот во Сребреница и дека, како што рече, вистината и правдата се единствената здрава основа врз основа на која е можно да се врати довербата и да се изгради подобра иднина.

На Фејсбук страницата на Општина Чаир беше објавено дека градоначалникот Висар Ганиу, заедно со пратеникот на албанската ДУИ Изет Меџити и член на претседателството на таа партија на власт, како и со поранешниот претседател на Лигата на Бошњаците во два мандати Рафет Муминовиќ, беа гости на Џаферовиќ.

Ганиу рече дека проектот на споменикот на жртвите од геноцидот во Сребреница, кој ќе биде поставен на територијата на општина Чаир, му беше претставен на Џаферовиќ.

Се наведува дека делегацијата го поканила Џаферовиќ да учествува во откривањето на овој споменик.

https://vecer.mk/balkan/vo-chair-kje-se-gradi-spomenik-vo-chest-na-zhptvite-na-genocid-vo-srebrenica/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Jun-2021 at 16:30
Липковската општина ќе гради споменик на ОНА



https://kanal5.com.mk/lipkovskata-opshtina-kje-gradi-spomenik-na-ona/a478795
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 10-Jun-2021 at 15:03
Липково ќе гради спомен кула во чест на ОНА, ќе чини 200.000 евра



Спомен кула во чест на ОНА ќе гради Општина Липково во селото Слупчане. На сајтот на бирото за јавни набавки веќе е објавен договорот меѓу општината и компанијата „Хоџа инжинеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и локалната власт минатата недела на 20-годишнината од војната во 2001 година, таму положија цвеќе со ветување дека кулата ќе биде завршена до 28 ноември – денот на албанското знаме.

Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен – рече тогаш Ахмети.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, тогаш изјави дека изградбата на споменикот доцни а до тогаш биле поминати разни процедури додека урбанистичкиот план на општината започнал во 2015 година.

https://plusinfo.mk/lipkovo-e-gradi-spomen-kula-vo-chest-na-ona-e-chini-200-000-evra/?fbclid=IwAR0qSv8XrFdazxYYG8G_Ite8m-9qCqF1vq5Kbo_2bSZLIaLBudcekHJULWo
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 31-Mar-2021 at 07:58
Две години се чека да се замени скршената опашка: Бикот од скулптура стана канта за ѓубре



Од Музејот за современа уметност, во чија надлежност е оваа скулптура, објаснуваат дека најголем проблем е што старата опашка е изгубена и треба да се изработи нова, што според нив е долготрајна процедура, која бара средства со кои Музејот не располага.

Повеќе од две години бронзениот бик на улица Македонија е без опашка, а скулптурата вредна 26 560 евра, се претвори во канта за отпадоци. Оние кои ја направија штетата и ја скршија опашката, до денес не се пронајдени, ниту пак се пронајде откинатиот дел, кој пред да го снема, неколку дена лежеше покрај скулптурата.

Во меѓувреме, дупката на скулптурата се прошири и, благодарение на несовесните граѓани, внатрешноста е наполнета со ѓубре, а службите задолжени за одржување на хигиената не се ни обидуваат да ја исчистат.

Скулптурата „Бик“ беше една од првите поставени скулптури во центарот на градот во 2009 година, во рамките на проектот „Скопје 2014“ и чинеше 1 633 440 денари. Нејзин автор е Дарко Дуковски, кој своето дело го објаснуваше како манифестација на сила, но и древен македонски симбол на плодноста. Поради тоа, бронзениот бик беше многу интересен за посетителите на главниот град и за дел од скопјани, кои го допираа, ги качуваа децата на него, се лулаа на опашката, по што неминовно беше оштетување на скулптурата.

Од Музејот за современа уметност, во чија надлежност е оваа скулптура, објаснуваат дека најголем проблем што досега уште не е поставена нова опашка е што после нејзиното кршење, таа најверојатно била украдена, па треба да се изработи нова. Тоа според нив е долготрајна процедура, која бара средства со кои Музејот не располага.

-Бидејќи ја нема опашката сега е долготрајна и макотрпна процедурата, затоа што треба да се изработуваат нови калапи, да се лее во бронза, која што е скап материјал, потоа да се плати ливница. Во процедура сме да се изработи тоа и да се заврши тој проект. Министерството за култура треба да ни одобри средства, бидејќи ние немаме специјални средства за таа намена – вели Благоја Варошанец од Музејот за современа уметност и додава дека не се знае кога ќе се заврши санирањето, бидејќи сите процеси биле одложени заради ситуацијата со пандемијата.

И додека скулптурите се во надлежност на Музејот на современа уметност со одлуката на Советот на Град Скопје за воспоставување соработка помеѓу Градот Скопје и Општина Центар заради отстапување на чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на спомен- обележјата на подрачјето на Општина Центар, донесена во 2013 година, Градот Скопје ја презеде надлежноста за одржување на спомениците од проектот „Скопје 2014“.

-Околу одржувањето на фонтаните во централното градско подрачје, Советот на Град Скопје донесе одлука нивното одржување да го презеде ЈП „Водовод и канализација“, бидејќи истото е најстручно за оваа проблематика. Во однос на спомениците, за нивното одржување и чистење е задолжен Град Скопје, и нивното одржување го вршат нашите јавни претпријатија, за што не се издвојуваат дополнителни средства – велат од Град Скопје.

Нејасно е чија е надлежноста да ја исчисти внатрешноста на бронзениот бик од насобраното ѓубре.

https://www.slobodenpecat.mk/dve-godini-se-cheka-da-se-zameni-skrshenata-opashka-bikot-od-skulptura-stana-kanta-za-gubre/
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 425
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 23-Mar-2021 at 22:29
Да бевме во нормална земја и доколку бикот не се средеше веднаш, полнењето ѓубре би било интересен протестен акт на љуѓето, у стил втф средете го ова. И веднаш би бил исчистен и поправен споменикот.

Ама не, овде не е среден бикот оти властите се неспособни кретени, а полн е со ѓубре(и скршен) оти луѓето се неписмени идиоти.

Edited by FT - 23-Mar-2021 at 22:29
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 23-Mar-2021 at 14:57
Импровизирана“ канта за отпад на улица Македонија



https://twitter.com/RadioMOF/status
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Feb-2021 at 22:56
This statue is of a truly wonderful man and legendary playwright, Goran Stefanovski. I had the honour of being taught by him in the months before his tragic & sudden passing. He's now on his way home to Skopje, Macedonia. Do be sure to look up his works if you get a moment.




https://twitter.com/WilkiWaves/status/1362180608559112192/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 02-Feb-2021 at 02:20
Еве една интересна иницијатива. Некако со СК14 ни ја збогтисаа целата таа идеја со поставување споменици, сите се презаситивме, па како сега да владее некое јавно мислење дека не треба веќе никогаш да се поставуваат споменици. Мораме да се вратиме во нормала и да направиме нешто сосема нормално на оваа тема. Власта мора да се испере од мислењето дека они се тие кои се против споменици, заради тоа што биле против СК14.

Затоа, еве која е следната идеја. Во нашата историја има една интересна личност, која всушност во Македонија и е малку позната. Се работи за мајката на Скендербег, Војислава Трибалда. За жената нема многу податоци, но она што ја врзува за Македонија е дека со сигурност се знае дека потекнувала од регионот на Полог и дека била од словенско потекло. Бројни историчари од Италија како и од регионов, сметаат дека потекнува од средновековното српско кралско семејство Бранковиќи кои го владееле просторот на Полог и дека е од линијата Ѓураѓ-Гргур Бранковиќ, но тоа се непотврдени податоци заради малиот број на пишани податоци. Исто така терминот Трибалда се однесува на странец-словен од перспектива на оние не-словените и така ги називале словените во тоа време, како Трибали, припадници на племе.

Друга работа со оваа историска личност е што од денешен аспект, дури и најполитички гледано согласно македонската политичка денешна сцена, ова е сосема компатибилна личност за одбележување. Да бидеме искрени, ние немаме нешто многу заедничка историја со албанците на овој простор, животот течел едни покрај други, со преданија за арнаутските зулуми како црна дамка на односите, нешто малку во НОБ недоволно објаснето и длабоко засенето од балистите, и ништо повеќе. Затоа вреди понекогаш да се спонзорира на некој начин одбележување на овакви врзивни точки. Може некој ќе рече еве српско било кралското семејство, па македонско и немало во тоа време, и словените од тој период историски се или срби или бугари, така да сосема нормално е дека денешните словени македонски се крвно и историски културно врзани за словенското кралско семејство кое владеело во Полог, а тоа се Бранковиќи во тој период.

Уште еднаш по незнам кој пат треба да објаснуваме дека ДУИ и генерално албнаските политички партии неможат да изградат политика со која ги застапуваат интересите на сопственото гласачко тело на некој понормален посоодветен начин, без разлика што тоа тело ги гласа по којзнае колку пати. Не им текнува дека имаат вакви супер фасцинантно-подобни ликови "на свој терен", мајката на албанскиот национален симбол им е родена "во двор", ама не им текнува дека можат и нејзе споменик да и направат. Ама затоа меѓувремено уште сто квази-споменици УЧК од бекатон и ковано железо ќе направат без грам вредност во нив, со единствена ефтина намена да им пркосат на Македонците. Да не зборуваме дека имаат шанса да испратат политичка порака во очи решавањето на статусот на Косово, дека немаат ништо против овакви српски елементи во сопствената историја, напротив ги уважаваат. Еве како партија ДУИ се трудат да покажат дека имаат и полова еднаквост па Теута Арифи ја поставија за градоначалник на Тетово. Што па да не и она да покрене оваква иницијатива за споменик на историски лик жена од заедничката историја. Да идеме понатаму, па уште малку заеднички да им бодеме во џигер на бугарите. Ако се лутат за српски изборен јазик во школи, што па да не ги пржи малку и еден оваков средновековен српски лик. Од многу аспекти гледано, едноставно е поволно и пожелно ова да се направи.

За личноста и нема некоја јасна претстава како изгледала, со оглед на временската дистанца и оскудноста на изворите од тоа време. Има само една гравура од 16ти век, уметничка претстава од неколку децении после животот на Војислава Трибалда. Што па да нема и уметничка слобода во приказот на споменикот. Онаа Олга Мицевска да не личи воопшто на човек? Има многу историски личности кои се уметнички слободно прикажани и за кои нема јасен податок за ликот, ги нема на гравура, ги нема на фреска и мора да се импровизира.

Во однос на позицијата мислам дека еден од трите кружни тека во Тетово, меѓу влезот од автопат и плоштадот би бил соодветен, можда некаде после пазарот последниот пред да се излезе на плоштад меѓу улиците Маршал Тито и Јане Сандански. А зошто да не па и главниот плоштад. Личноста е врзана историски со градот, Скендербег го има во Скопје, што па да не и овој споменик да биде на главниот плоштад во Тетово.

The Dream of Skanderbeg's Mother – Jörg Breu II 1533




https://en.wikipedia.org/wiki/Voisava_Kastrioti
https://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%BE%D1%98%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%9A%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82

Edited by user8642 - 02-Feb-2021 at 02:39
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1270
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 31-Jan-2021 at 16:32
Интересно

Инаку, врската не ти беше добра, еве ја вистинската Олга Мицеска (споменик)
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1400
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 29-Jan-2021 at 01:48
Fun fact... Дали сте знаеле дека имало во Кичево еден споменик од НОБ "Олга Мицеска" по некоја партизанка, кој е срушен некаде 60тите години заради преголема разголеност. Сепак не бил прв Прометеј кој пројде полесно само со гаќи.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D0%BB%D0%B3%D0%B0_%D0%9C%D0%B8%D1%86%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B0_(%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA)



Edited by user8642 - 31-Jan-2021 at 17:44
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2514
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 29-Jan-2021 at 01:24
топ обработка, ама позата чудна некако.

(мала шала) јако ќе беше малото прсте и показалецот да му се испружени.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Jan-2021 at 23:08
Од фејсбук страницата на Spomenik Database...

Roughly 6km northwest of the town of Prilep, N. Macedonia is the small village of Mažučište. On the southern outskirts of the village (between it and the large cemetery) situated on a small grassy hillside known as 'Pejsobrdce' is the Mausoleum to Fallen Fighters from the People's Liberation Struggle (WWII) against fascist occupation and oppression. A collective underground crypt houses the remains of fallen fighters from the surrounding area who participated in the war, specifically the "Borko Taleski" Partisan Unit, among others. The central element of the complex is a 5m tall bronze figurative sculpture on a pedestal which depicts a man with his arms raised to the sky and his head hanging low. This work was created in 1978 by notable Macedonian sculptor Branko Koneski, who himself was born there in the village of Mažučište. This photo seen here was taken by Instagram user "O Macedonii".




И оваа феноменална фотка на Бобан Андриески

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 20-Jan-2021 at 17:53
ЈАВЕН КОНКУРС
за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година

ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Берово бр. 09-4039/1 од 15.12.2020 година и Одлуката за подигање на спомен обележје на четворицата загинати бранители од Општина Берово, во воениот конфликт во 2001 година бр. 09-4060/1 од 15.12.2020 година, Одборот за подигање на спомен – обележje на четворицата загинати бранители од општина Берово во воениот конфликт во 2001 година формиран со Одлука на Совет на Општина Берово со Бр.09-4061/1 од 15.12.2020 година распишува ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година
За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Берово има донесено Одлука Бр.09-4060/1 од 15.12.2020 година за подигање спомен-обележје на четворицата бранители (Зоран Бубевски, Николчо Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски) од општина Берово кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година.
Спомен обележјето ќе се подигне во паркот кај Основен суд Берово, на катастерска парцела број 2144 КО Берово.
Идејниот проект треба да содржи:
 опис на видот и содржината на спомен- обележјето (податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење);
 основни елементи за текстот што би бил истакнат на спомен- обележјето;
 порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето;
 потребна документација и прилози што треба да ги содржи идејниот проект, како проектна документација;
 пресметковна вредност на спомен- обележјето.
Право на учество имаат домашни и странски физички и правни лица.
НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра.
Учесниците на конкурсот до Архивата на Општина Берово, треба да поднесат Пријава со прилог Идеен Прокет најдоцна до 19.2.2021 година во затворен плик.
Во затворениот плик треба да стои мал затворен плик во кој ќе биде напишана повторно истата шифра како на пријавата и податоци за подносителот на пријавата.
Пријавите со Прокетот треба да се достават во писмена форма, на следната адреса:
Општина Берово, ул.„Димитар Влахов“ бр. 10, 2330 Берово,
со назнака: “Не отварај” За Јавниот КОНКУРС за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година.
Идејниот проект треба да биде погоден за излагање и изведба.
Идејните проекти ќе бидат јавно изложени.
Одборот со мнозинство гласови го избира идејниот проект за спомен – обележјето што ќе се подигне.

https://www.facebook.com/opstinaberovo2
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 12088
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Dec-2020 at 14:28
Споменик на гравот во село Теарце



Споменик во чест на гравот беше поставен во село Теарце, Тетовско. Споменикот беше изработен од идеаторот Љубиша Камењаров, чија замисла e да креира спој на традиционален и модерен уметнички израз.

Тој од една страна го претставува гравот како долговековна и автохтона култура најпозната и далеку прочуена од овој крај, а од друга страна како уникатен и перспективен македонски земјоделски производ со голем потенцијал за развој и доходовност.
Овој споменик во чест на гравот се постави токму во село Теарце, во чест на манифестацијата „Ден на Гравот” која 10 години по ред, секоја година се имплементираше во Теарце во организација на Центар за Едукација и Развој- ЦЕД од Теарце и бројни партнери и поддржувачи од земјата и странство. Настанот Ден на Гравот секоја година собира над 500 посетители од различни генерации, националности, религии и географски подрачја.

„Оваа година со цел почитување на мерките од пандемијата Ковид-19, сакавме на еден начин да го оддржиме актуелно настанот, и тоа што најмалку можевме да направиме, без да се загрпозат животите на сите граѓани кои веќе се навикнати да придонесат и уживаат во овој веќе традиционален настан, решивме да се постави уметничка инсталација на јавен простор. Според нас нас и во овие времиња треба да се негува уметноста, бидејќи без неа и култура станува тивка, вели Метин Муареми“, претседател на Центар за едукација и развој-ЦЕД.

На тој ден се готват и дегустираат разни јадења приготвени од грав, се изведуваат музички точки и танци од страна на културно уметнички друштва и музички групи. Настанот има за цел да го промовира и ја потенцира вредноста на далеку прочуениот тетовски грав како агрокултурна вредност подеднакво важна за сите жители во регионот. А особено да поттикне повеќе млади да се занимаваат со производство на грав како добро доходовна и перспективна дејност во регионот.

https://info.mk/makedonija/споменик-на-гравот-во-село-теарце/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 204>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.828 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.