build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 200>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Online
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Споменици и скулптури (општо)
    Posted: 01-Dec-2017 at 12:56
Сум поживеал во Швајцарија и се слагам дека добар им е моделот, но граден е многу долго, кај нас само што почнуваме. Но од друга страна, мора да признаам, дека не е возможно да се постигни тоа ниво доколку не се покаже дух за компромис од двете страни. Тука мислам на реториката на албанските партии, која нема ни намера да се сврти кон градење на еден локален албански идентитет, како албанци кои не се од Албанија, туку се од тука, од Македонија. Ми се чини дека со текот на времето се повеќе се трудат да го отуѓат народот од неговото историско тло, неговата вистинска татковина, ами константно се тера со истакнување на врска со Албанија наместо со Македонија. Едноставно не гледам на повидок едно движење или концепт кое реално се залага за Албанците во Македонија, туку се тера цело време на единство со народот кој живее надвор од границите на Македонија, а кохезијата со сограѓаните останува само формална клаузура во говори кои се држат пред меѓународна публика. Можда не сум во право, ама ете посочи ми некој пример каде што некој тера по искрена стратегија за градење на заеднички идентитет внатре во Македонија.

Во Швајцарија на пример, франкофоните не се осеќаат како Французи, ами како Швајцарци што зборуваат француски. Исто и германофоните се осеќаат како Швајцарци кои зборуваат германски, и дури постои и благо нетрпение кон Германците од Германија кои работат во Швајцарија, кои се „туѓиници кои ни ги крадат работните места“. Не би рекол дека станува збор за истото во Македонија. Ама ете би сакал да знам, бидејќи не познавам многу луѓе од Тетово, каков би бил односот кон еден Косовар кој работи во Тетово?

Edited by hcitrS - 01-Dec-2017 at 12:57
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Nov-2017 at 21:04
Wow, добар пост!! освен тоа со вентилаторот.. Државата станува поинтересна а и нешто заедничко зошто да не. Неписмени сме затоа така си тераме како сега. Колку ми е криво што не сме како во швајцарија, кога стават француски споменик швајцарците најмногу се гордееат а секој сака или повеќе да знае или пак да раскаже нешто. Има споменици од личности што лом правеле но тоа е минато ама горда историја каде стигнале. Звучи скандалозно ама дојдете и видите!!!
Кај нас бил терорист или бугар или што знам. Ни треба време, се ќе си дојде а ако не тогаш државата ќе ни отиде. Пак ќе кажам, не сме луѓе ние!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Nov-2017 at 16:55

баш ... ако и тоа поарно, него петокраката титоистичка, иако во сличен стил ко со орденот грчев го нацртал, а на крај не го ни потпиша .. демек од народ за народ било претпоставувам гр гр уште немам чуено од него изјава каде и зошто му скубнал потписот ..

ако веќе менувавме, требаше да одиме со некоја реплика на Сонце од по нашите Фрески Икони или Царски Двери та ето наместо античко средновековно Сонце да имаме како симбол за да направиме спој некаков со нашата историја ... вака сега имаме футурама пристап, кој освен со далечни земји, со ништо друго не не конектира, после се чудиме зошто други не гледаат како новокомпонирани наместо изворни, а всушност сами тоа си го дозволуваме и тоа по сите страни и на сите нивоа ..

вака земено албанскиот орел е далеку поавтохтон и немам ништо против да го има по знамиња насекаде развиорен а не па ко скулптури истурен, сепак тој е визнтиски симбол та и да не е Ѓорѓи ко мијак посреди како спојка меѓу нашите етникуми доволно е ко византиски да ни биде заедничка нишка, а ние абдали наместо да бараме заеднички интереси се ќљофтаме преку истите како да се од други светои, хм да бевме паметни та за грб да стаевме и Крилат Лав како ва заедничка основа на која заедно ќе се надградуваме, но ние лавот го резервиравме партиски, а доколку е крилат ќе веруваме дека тоа ќе бил политички компромис, а всушност Крилатиот Лав е пред се апостолски симбол за Свети Апостол Марко кој ко таков пред се ние треба да си го разбереме, а дури после како компромис за со албанците да бидеме рамноправни, конечно тие се македонски албанци та истиот вака предочен и самите ќе го истакнуваат како посебност меѓу своите роднини, ко што ние ко таков ќе го истакнеме пред нашите оние полево од нас ако на светов гледаме превртено впрочем во овој универзум никој со сигурност не знае што е горе или доле но некому тоа му одговарало така та и мапите си ги срочил така ... ајде и ова е сајнс шикшн за многумина, но кога можеа вентилаторот да си го дозволат што па НЕШТО ЛОГИЧНО И ПОТРЕБНО ...

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Nov-2017 at 16:23
Originally posted by Zelenikovo


Аирлија! Што повеќе византиски амблеми толку поарно за сите нас, можеби така од Охридска Архиепископија ќе дотераме и до Јустинијана Прима ... Дај Боже ...

се додека не разбереме дека имаме заедничка историја се до тогаш ќе се ќлофтаме за глупости ... лично подостоинствен симбол и за македонците освен албанците во моментов е двоглавиот орел него тоа вентилаторот на Грчев!


Нгардмау


http://www.ngardmau.com/index.php?section=ngardmau


Edited by phenomenon - 30-Nov-2017 at 16:24
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Nov-2017 at 00:09
Originally posted by Zelenikovo


после Ск'14 изгледа ништо не ги плени странците од локален бутализам и транзициона архитектура носи ги друг пат прво директ на Шапка па здравје ако се може со жичница назад до Тетово па и нема толку да го једе ...


Нема со тетово Ск 2014 сепак почисто за млад странец баш убаво. Му реков забрането е да се чепкат зградите, имав страв да не крши несакајќи стиропор, рече што правиш во швајцарија богаташи сте и кога влегов позади пластичарската улица аууу што видов.. авганистан или индија.
Демек ромска околина било и не коорперираат

Edited by my Macedonia - 30-Nov-2017 at 00:13
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 29-Nov-2017 at 23:00

после Ск'14 изгледа ништо не ги плени странците од локален бутализам и транзициона архитектура носи ги друг пат прво директ на Шапка па здравје ако се може со жичница назад до Тетово па и нема толку да го једе ...

Edited by Zelenikovo - 29-Nov-2017 at 23:00
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Nov-2017 at 21:55
Странецот што го носев секаде сака да дојде само во тетово не. Тешка траума има
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Nov-2017 at 21:29
Сакав да искоментирам за споменикот уште вчера, па се премислив, ама пак ќе си кажам - до неодамна во центарот на Тетово имаше депонија, а воедно гласи за град со најзагаден воздух, иако се наоѓа под Шар Планина. Овој споменик нема да промени ништо во врска со тоа. Мислам дека се претера и со двоглавите орли. Навистина треба да се постават приоритетите во државава, додека уште има луѓе во неа.

Edited by Џоле - 29-Nov-2017 at 21:30
За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Nov-2017 at 17:08

Аирлија! Што повеќе византиски амблеми толку поарно за сите нас, можеби така од Охридска Архиепископија ќе дотераме и до Јустинијана Прима ... Дај Боже ...

се додека не разбереме дека имаме заедничка историја се до тогаш ќе се ќлофтаме за глупости ... лично подостоинствен симбол и за македонците освен албанците во моментов е двоглавиот орел него тоа вентилаторот на Грчев!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3678
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Nov-2017 at 15:33
Ах ништо страшно, и така не се гледа во некое ќош/село. 😳😂
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Online
Posts: 467
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 29-Nov-2017 at 14:12
Убаво. И бонус: не диши орелов, ќе трај.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 298
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 29-Nov-2017 at 04:20
В Тетово вчера




Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2286
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 15-Nov-2017 at 14:38
Како на европејските гејци и нивните гладијајатори им пречи споменик на Александар во Скопје, кој патем и не е Александар, а не им пречат скулптурите на Вигеланд во Осло?

https://www.google.com/search?biw=1280&bih=630&tbm=isch&sa=1&ei=vEEMWsqNCumMgAaQ9rygBw&q=vigeland+park&oq=vigeland+park&gs_l=psy-ab.3..0l10.181284.189436.0.189786.38.29.9.0.0.0.176.2873.0j24.24.0....0...1.1.64.psy-ab..7.31.2706...0i30k1j0i10i30k1j0i19k1j0i10i19k1j0i30i19k1j0i5i30i19k1j0i67k1.0.oW0Xtxb0PRI
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 15-Nov-2017 at 13:19

Скопје ќе рече некој заслужува повеќе, и' да, среќа сдсм дојде на власт, па ко град и' ќе дочекаме каков таков баланс вака, бидејќи тиа ко историски минималисти ќе удрат турбо со лѐс-ѝс-мòр максимата ... еве почнувајќи со ЌосЕто како навидум поконтроверзан дизајн, иако и ним ко и мене некогаш најмногу им боде очи принтот на алЕКс'а [1][2][3] но повторно ко и дпмне, ваквите рокади ги оправдуваат само од внатрепартиски порив, намЕсто да наметнат активна јавна дебата покрај нивната оштроумност да најдат гачка како да осуетат некоја појава од колегите им од сегашната опозиција ... камо да им пРесечеше на арно паметот та место по телевизии и фејкбуци, да речеа народе бујрум имаме форум ко билд, ајде сите заедно да дојдеме до ендо нзс што каде како трЕба да биде и останЕ од споМЕницит, нејсе еве и од ова малку луѓе што смЕ активни тука нека берат памет ко и до сЕга, ноРмално препишувајки место дебатирајќи, ко и до сега, а потем нека му речат на народ евала нашите совети дојдоа од еден креативен сокак само што не би му одале почит за да не ни се удри некако истиот од глава ...
1. Алекс доколку сакаат да го шалтаат, тоа треба да биде во пакет со Јустинијан и Самоил, кои заедно така топтан би направиле една херојска целина, или на Кале или на Водно, хм, да ги прашаат грци ним само топење ќе им одговара, но ова кај нас на толку народен камен и бронза фрлени за овие три споменика, народ ни на сон нема да го дозволи, макар Грујо го пикнале и во удбашки зандани, нели наводно така ќе нема кој да таласа маси и столици по дебати, кои пак ќе речам иако ги бараа ко опозеционери 24/7, денеска од позиција на власт ги нема ни ко 7/31 да ги протуркаат ... ха, сликајте се со време пред фонтаната, но и сцената на Јустин Камени и Архивот вонпозадина ...

конечно, логично и корисно би било да до епицентарот на плоштадот се понови ликови од нашата историја, само заборавете особено на тито па и кај гимназијата подолу, но и на Киро, Борис и сите останати македонски современи политичари, додека не постхумно не наполнат бар 50 години од нивните политички кариери ...



2. Историските паметници по мостовите и одоколу, нека ги распоредат по кеј како алеја на великани, како најцелисходно и економско решение и претходно [1] а особено во моментов [2] но воедно нека внимаваат и околу пејсажното уредување, бидејќи ова навистина би можело оригинално да се реши, можеби со паркинг жардињери со скриени тркала, а кои паркови и зеленило сезонски би ги ротирал, и пејсажно но и ко пазл доколку нивниот дизајн е фрактален или пак разиграно закачен на една ваква алеја ... битно да остават простор да може пејсажната архитектура да не е фиксна него саксиско-скулптурна како елемент кој постојано штом здосади да се ротира, можеби со нова пејсажна донација на пример од збратимен град држава континент планета па и сончев систем ... хм вака и Врбите вардарски ВЛН ќе дојдат особено до израз, а уште повеќе доколку во нивните жардињери стават и пи некое зрно песок од Сахара, Антартик, Гренланд и Австралиските прерии за туристичката САГА и понатака да продолжи ...

3. Портата исто чинам може да се потстилизира [1] па ако навистина се естетски засегнати околу визурите в Центар, новите во Мин.заКул. нека думаат и потака та комши капиџик да се транспонира фрактално а модерно [2] за да се надоврзи и на Лумикс, но и во најава новите модерни фасади на ЕВН, ГТЦ и плоштад, т.е. тоа модерно може да биде некоја неонска инсталација од ел.жица, која ко таква денски би се спастрила на кровот, кој пак сега каков што е со тоа недоносената настрешница од браварски галиматијас бар ќе има и оправдување за својот неестетски упад, па дури и во неокласичниот на портата тука, бреј ја затворија визура со капијата наместо ако веќе сакаа да стават слична, требаше ко онаа кај едниот влез на чаршија да ја паркираа на другиот кај Филипа, дури и него нанеа па пак немаше ко сега да ја утнат, она мотивација плус за спортски двокатни автобуси да минуваат под неа ... инаку Филип и Олимпија не би требало да ги гибаат од таму, бидејки колку толку држат вода, за разлика од толчникот на Алекс'а или капијата, но Алекс ајде ќе го прошетаат но капијава, 'тнка работа, вака пак ме чуди што со толчникот откако би го преселиле Александар, може ќе срушат некогаш тоа арматурата со експлозија на плоштад а, заради што одма ќе мораат да думаат за некое компромисно решение кое би било достојно а лесно протуркано како некој посттранзиционен браварско-витражен Македониум ил слично [1]

3. заради конекцијата со ГТЦ кој сега би биднал модерен ако не футуризам, ова го велам идеолошки да не ве збуни архи правец, се отвора простор да има ревизија кај НИКА Победоносните Кони и Прометеј, кои без постаментот и огнениот септум т.е. колонадите, би се трансферирале пр. ко донација во Битола, а каде јас би го додал и Херкулес, но и еден немејски лав, таман супер би се вклопиле некаде под Тумбекафе, а и на Битола ко втор град би било фер нешто да и се донира од скулптуријадава, со оглед дека сличен естетско-реформски порив ко на дпмне и патнирањево, а после рецесијата која ни е во најава, мислам дека ниедна наредна влада ќе нема ... би било смешно и нив да ги паркираат на калето до Алекс Јустин и Самоила ...

4. вака видено може има простор и други градови да добијат од споменичниот колач во Жена Парк, евентуално да ги разместат сите тие споменици низ Скопје или Македонија, а тука да го остават обеликсот и колонадата т.е. а на нив нека стават еден јарбол и знаме, на постаментот од Прометеј можеби грбот, или грбот над колонадата, а на постаментот Химната на Р.Македонија ...

се на се има простор и за Панорамското тркало некаде кај МСУ па и над него, како постмодерен галиматијас во метрополава, ако некому му е до лечење фрустрации та да му улепшам ден со ваквата етикета, а преди се бидејќи жално е да за вакво панорамско тркало се фрлат 19 милиони евра, а истите да завршат некаде забитачени во градски парк како детска клацкалка, наместо она што е Панорамско Тркало ... плус и доживувањето на Александар на Кале а панорамско кај МСУ би било и повеќе од добредојдено ...


Edited by Zelenikovo - 15-Nov-2017 at 14:29
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 373
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Nov-2017 at 17:27

Грчев апансаз најави напор за селење на Ќосето од пред суд, и ајт ок, но каде, навистина хардкор споменик за да се паркира лесно другде, колку и да е терсене сега онде ... хм ако не пред золошка, нека го паркираат пред гинекологија, чисто ко оштроумен спунт за локалната културна потсвест ...

инаку ова стимпанков горе пред Систина нема да биде лошо да го оплеменат со мов или ползавци, бреј кој и да ја нарачал симболиката сокрш, бујрум на сајборг третман ..
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 15-Sep-2017 at 08:31
Кај Аџибадем-Систина

За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 14-Sep-2017 at 23:55
да ни е жива википедија.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11025
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Sep-2017 at 09:28
Споменикот на Александар Турунџев стигна во Битола



Споменикот на македонскиот револуционер и учесник во македонското револуционерно движење Александар Турунџев денеска пристигна во Битола.

Споменикот е во висина од три метри, а чини околу 25 илјади евра.

Поставувањето на споменикот на Турунџев на новиот кружен тек кај Ат-пазар во Битола деновиве е одложено, откако жителите од околните згради се побунија да не се сечат дрвјата пред нивните влезови и да се намали дијаметарот на кружниот тек, кој според првичното решение е на само два метра од нивните влезови.

Името на војводата Турунџев е длабоко врежано во меморијата на битолчани. По Илинденското востание, турскиот суд го осудил на смрт, а тој бил јавно обесен на битолскиот Ат-пазар на 29 август 1905 година. Неговиот гроб се наоѓа на Светонеделските гробишта во Битола.











http://tvorbis.com.mk/?p=523
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 57
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-Aug-2017 at 10:08
Originally posted by iGi_PoP


Originally posted by skopskodete

Originally posted by hcitrS


Ете така, живот бидна и снебидна:


Заев ќе го догради споменикот на Субрата Рој

iPortal.mk

А чекај немаше да ги рушат сите градби од Скопје 2014?
Kakvo rusenje covek?! SDSM treba sega pari da pravi, izlegoa od golgota, sega na niv im e redot!

Па не знам...
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 164
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 17-Aug-2017 at 17:46
Originally posted by skopskodete

Originally posted by hcitrS


Ете така, живот бидна и снебидна:


Заев ќе го догради споменикот на Субрата Рој


iPortal.mk

А чекај немаше да ги рушат сите градби од Скопје 2014?


Kakvo rusenje covek?! SDSM treba sega pari da pravi, izlegoa od golgota, sega na niv im e redot!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 200>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.500 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.