build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 201>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Споменици и скулптури (општо)
    Posted: 08-Jun-2018 at 20:50

ќе почнат ли општините да размислуваат како Скулптурите би ги вклопиле освен парковски и пејсажно, но за нивната сулптурална езгија да биде повпечатлива треба тие да се дел од хортикултурно катче а не само флорално донакитени

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=226537#226537

во овој случај и ниска жива ограда формално обликувана како нотен запис од некоја Песна или Оро минималистички добро би се надоврзала, ако им е скапо или мака да одат со расцветани композиции
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 565
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Apr-2018 at 15:46

убава идеја, но крајно нерамноправно во однос на жените, бар некој паметник за Васка Вања или Петранка требало да има меѓу нив, а зошто не и трите заедно ...

исто вака ко несиметрична двојка се вишок во визурата на паркот, каква и како и да е поставена фонтаната, чиниш ко кафанска грешка на келнерот да е муабетов, иако куварот (скулпторот) колку толку си ја завршил работата убаво, но би било логично да одат или со пониски или со скалести постаменти ...

а зошто не се досетиле да бидат Паметнициве дел од музичка фонтана!? бар тука вакво нешто би го личело, а не она театар комедија на Плоштад, бреј под антички воин на коњ класична музика посреди неокласичното опкружување, но никој не ет крив што имаме вакви закони каде е дозволено секаква какафонија да поминува, бидејќи нели во Општините не се обврзани да имаат обврзувачки параф од ФЛУ или ДЛУМ


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-Apr-2018 at 12:41
Спомениците продолжуваат да „никнуваат“, Бадев и Атанасовски поставени во парк во Кисела Вода



Два нови споменици се појавија во парк во Кисела Вода во близина на Домот на култура кој пред две години беше реновиран од претходното раководство на општината.

Пејачот на народни песни, Никола Бадев и музичарот Пеце Атанасовски, кој веќе има споменик во Прилеп се ликовите на постаментите поставени во средина на паркот, веднаш до фонтата.

Од општината за „Фокус“ кратко брифираат дека спомениците се нарачани и изработени од претходното раководство, а тие само требало ги постават. Сепак до објавување на текстот, не добивме одговор колку чинат спомениците, а не беше одговорено ниту на другите прашања кои ги испративме на мејлот на општината.

Инаку, еден од главните аргументи на СДСМ, од чии редови доаѓа актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Филип Темелковски, беа дека ќе се стави крај на „лудилото“ со градење на спомениците.

Поставувањето на новите споменици го нема ниту на општинската веб страна, на која се бележат сите настани.

https://fokus.mk/spomenitsite-prodolzhuvaat-da-niknuvaat-badev-i-atanasovski-postaveni-vo-park-vo-kisela-voda/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Mar-2018 at 12:34
dvoglaviot orel e spomant deka treba da se trgne istotaka i sponeikot na UCK vo topansk o pole ama nikoj ne reagira site se pravat napudreni stramota za makedonija i makeodncitre
За сè има вторпат
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 367
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Mar-2018 at 12:23
a dvoglavion orel na UCK ok e taka samo Kjoseto e problemot so vakov stav ne zasluzuvame drzava nie jadni makedoncinja
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 28-Feb-2018 at 09:40

Потпис. А ако проблемот е ликот на Ќосето, нека отворат карти и нека го тргнат и од Струмица. Интересно е и што нелегалниот постамент сеуште си стои.
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 778
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 28-Feb-2018 at 02:37
Не го разбирам прикажаниот анимозитет спрема поставување на споменикот на некоја друга локација. Се сложувам дека можеби на претходната локација даваше лоша порака и треба да се има на ум дека постаментот на кој бил поставен е нелегален. Освен тоа самата концентрација на споменици во центарот треба секако малку да се намали. Ама кој е проблемот да е поставен на некое друго место? Уште кога беше во реализација Скопје 2014 се не говоревме за уништување туку за релоцирање. Освен тоа точно дека има дебати за тоа колку некои сметаат дека ликот и делото треба да ја претставува нашата историја ама пак низ целата во северо-западна Македонија има веќе на повеќе места споменици на борци од ОВК чии лик и дело се дискутабилни колку е соодветно да стојат во Македонија.

Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1325
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 27-Feb-2018 at 17:15
Нека го добијат во форма на капаци за шахти.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Feb-2018 at 14:25
Сопиште си гази , значи сите споменици од „Скопје 2014“ по ридојте на Водно

Сопиште го бара Ќосето да го постави на кружниот тек кон Сончев град

Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот на Андон Јанев Ќосето, откако Град Скопје го отстрани од пред Судска палата по основ дека е дивоградба.

Барањето било експресно поставено и изгласано на денешната се седница на општинскиот совет на Сопиште.

http://24vesti.com.mk/sopishte-go-bara-kjoseto-da-go-postavi-na-kruzhniot-tek-kon-sonchev-grad
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Feb-2018 at 17:14
Strasno samounistuvacki mentalitet vo Skopje i vo Mk... Ovie istrosia millioni da postavat spomenici a ovie sega demek ke potrosat samo stotica iljadi da gi otstranat, deka gi potsetuavale na losoto vladeenje na VMRO... Zemi zapali go celo Skopje deka mene polno drugi mesta i raboti me potsetuvaat na Branko C., Frcko, Ljubco Georgievski, ... itn.. itn...
Samo napred!!!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Feb-2018 at 16:10
Previous
 
Види пријателе, жал ми е за твоите колеги со кои си студирал новинарство, но јас никогаш не спомнав дека актуелната влада на Македонија е тоталитарна, туку спомнав дека продолжува по истите корумпирани и криминални стапки на претходната влада.
 
Кога ќе видиме споменици и дивоградби од другата страна на булевар Гоце Делчев и северно од булевар Никола Карев да бидат отстранувани, тогаш и јас ќе го повлечам моето лично мислење дека и актуелната влада на Македонија е корумпирана и криминална.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Feb-2018 at 16:00
Видете пријатели, кога двајца од вашите колеги со кои сте студирале новинарство ќе ви завршат на клиника претепани од заурлавени вмровци, потплатени за тоа да го направат, е кога тоа ќе ви се случи на ваши колеги, од сегашнава власт, е тогаш можете да велите дека и оваа власт е тоталитарна.

Ве молам да не се расфрламе со зборови кои суштински го немаат своето значење.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Feb-2018 at 15:00
Originally posted by BOJAN

Видете вака, јас не планирам да ги бранам УЧК. Само ќе споменам дека кој-год да помине низ косовските и македонските градови, а е странец и е со мене, се смее/исмева на кичот што го прикажуваат овие споменици на УЧК. Можам да го кажам примерот на Призрен, каде во центарот на стариот град е поставена статуа на УЧК војник со шмајзер. Мене лично не ми пречи, доколку мнозинското население смета дека тоа е врвна уметност и нешто што треба да се прикаже пред странски гости.

Мнозинското население? Локалното? Тоа значи дека секое маало треба своја политика за споменици да си тера? Ало, си има закони што мора да се почитуваат, ирелевантно е дали тебе или мене ми пречи Ќосето или некој орел. Но имам проблем со селективност.

Originally posted by BOJAN


Апропо на ова, ние треба да сфатиме дека „спомениците“ се нашиот репрезент пред светот. Кога ќе застанам на моите пријатели, па и да се од самава земја и се недоволно запознати со политика, пред некогашниот споменик на Ќосето и ќе им ја раскажам неговата историја, мене би ме фатило срам од тоталитаристичкото лудило.

Споменикот на Ќосето е налик на спомен на еден Феликс Дзержински во Полска од минатото. За мене, овој споменик беше симбил на окупацијата на судството, окупација на просторот на една тоталитарна идеологија. Тој беше само една „мала“ визуелна интервенција за да се покаже/вроди страв на секого дека ВМРО го контролира судството и дека модерниот Ќосе е судијата којшто ќе ти пресуди во една нерамноправна судска постапка. Од таа причина беше ставен Ќосето на таа локација.

Одлично, твојата желба е задоволена. А не ќе беше подобро историчари да се произнесеа, некоја јавна расправа? Или ајде, брендиран е Ќосето како дел од режимот, па што ни е гајле за некој што извршувал наредби од Гоце и Даме како ќе заврши. Еден тоталитаризам заменивме со друг, што ми заличува на оние што не сакаат неисламска историја на Блискиот исток.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 22-Feb-2018 at 14:44
Previous
 
Убаво ако ти е драго бидејќи споменикот на Андон Лазов Јанев "Ќосето" е отстранет, и убаво што очекуваш и други споменици да "паднат".
 
Но жал ми е да те информирам дека не го делам твојот ентузијазам и оптимизам не само за спомениците, туку и за дивоградбите од другата страна на булевар Гоце Делчев, како и за спомениците и за дивоградбите северно од булевар Никола Карев, кои случајно или не, за Македонците ја имаат кристално истата симболика која би ја имал и споменик на Феликс Џержински во Полска.


Edited by Dexter26 - 22-Feb-2018 at 14:45
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 22-Feb-2018 at 14:31
Видете вака, јас не планирам да ги бранам УЧК. Само ќе споменам дека кој-год да помине низ косовските и македонските градови, а е странец и е со мене, се смее/исмева на кичот што го прикажуваат овие споменици на УЧК. Можам да го кажам примерот на Призрен, каде во центарот на стариот град е поставена статуа на УЧК војник со шмајзер. Мене лично не ми пречи, доколку мнозинското население смета дека тоа е врвна уметност и нешто што треба да се прикаже пред странски гости.

Апропо на ова, ние треба да сфатиме дека „спомениците“ се нашиот репрезент пред светот. Кога ќе застанам на моите пријатели, па и да се од самава земја и се недоволно запознати со политика, пред некогашниот споменик на Ќосето и ќе им ја раскажам неговата историја, мене би ме фатило срам од тоталитаристичкото лудило.

Споменикот на Ќосето е налик на спомен на еден Феликс Дзержински во Полска од минатото. За мене, овој споменик беше симбил на окупацијата на судството, окупација на просторот на една тоталитарна идеологија. Тој беше само една „мала“ визуелна интервенција за да се покаже/вроди страв на секого дека ВМРО го контролира судството и дека модерниот Ќосе е судијата којшто ќе ти пресуди во една нерамноправна судска постапка. Од таа причина беше ставен Ќосето на таа локација.

ДРАГО МИ е што е тргнат, и ОЧЕКУВАМ други споменици да паднат. Пак ќе кажам, немам проблем и да бидат оние на УЧК.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2014
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 22-Feb-2018 at 14:10
Originally posted by BOJAN

Споменикот на ВМРО е срушен во вистинското време, на вистинскиот начин, со легална процедура, со решение од Општина Центар и Град Скопје. За сите споменици на УЧК во Чаир, процедурата си ја носи Општина Чаир. Ако таа се ангажира во рушење на нелегално подигнат орел, јас нема апсолутно ништо против да се сруши.

 
Единствено се согласувам околу коментарот дека споменикот е отстранет на вистински начин, а би се согласил и со коментарот дека споменикот е отстранет во вистинско време, доколку под "вистинско време" конкретно мислиш на временскиот период од деноноќието.
 
Ова отстранување на споменик е најобично подмачкување очи, продавање на ветер во магла и ништо друго, бидејќи ако на споменикот на Андон Лазов Јанев "Ќосето" не му било местото на раскрсницата кај судскиот комплекс, тогаш има и безброј други споменици и дивоградби кои чекаат отстранување и од другата страна на булевар Гоце Делчев, а и северно од булевар Никола Карев.
 
Но таму од поодамна е "дојден" поинаков "живот" од овој кој "дојде" од оваа страна на булевар Гоце Делчев.
 
И те молам немој да браниш отстранување на еден споменик наспроти безброј други дивоградби - вклучувајќи и споменици со злосторнички и терористички мотиви - кои со години чекаат отстранување, со оправданието дека тоа е работа на конкретната општина, бидејќи повеќе од очигледно е дека одредени општини не работат во корист на сите граѓани, туку само во корист на поединечни етнички и/или религиозни заедници.
 
За таквите општини треба да интервенира централната власт, односно владата, исто како што интервенираше во периодот помеѓу 2006 и 2009 година со одземање на ингеренциите на општина Центар - без разлика колку и какви задни намери имаше тогашната влада, сепак останува фактот дека можеше да интервенира и интервенираше.
 
Истото важи и за актуелната влада, ако навистина актуелната влада верува дека нема правда = нема мир, тогаш останува морална и законска обврска на актуелната влада да им ги одземе ингеренциите на одредени општини кои не работат во корист на сите граѓани и да демонстрира на дело како се спроведуваат законите за сите, а не само со отстранување на еден споменик пред раскрсницата кај судскиот комплекс.
 
Ако овие претходниве од 2006 до 2017 година си тераа свои криминални бизниси, а во замена за тоа дозволуваа законите да останат неспроведувани, тоа не им дава ама баш никакво оправдание на овие сегашниве од 2017 до 2020 (???) година да го продолжат делото на нивните претходници, и жал ми е ако те разочарам со мојот став, но вака делуваат како воопшто да не отстапуваат од истата пракса на нивните претходници, со исклучок на меѓународната дипломатија, каде што се однесуваат како Македонија да е протекторат или провинција, а не независна, суверена и самостојна држава.


Edited by Dexter26 - 22-Feb-2018 at 14:17
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 22-Feb-2018 at 12:52
Originally posted by BOJAN

Споменикот на ВМРО е срушен во вистинското време, на вистинскиот начин, со легална процедура, со решение од Општина Центар и Град Скопје. За сите споменици на УЧК во Чаир, процедурата си ја носи Општина Чаир. Ако таа се ангажира во рушење на нелегално подигнат орел, јас нема апсолутно ништо против да се сруши.

Не е само Чаир, пола Македонија е. И не работата дали имаш нешто против, туку дали како жител на градов и државава си заинтересиран за нивно рушење, исто како за Ќосето. А Чаир ако не постапува по закони, треба да се одземат ингеренции и да руши Владата. Едноставно е, се останато е селективна примена на закони.

Да не навлегувам во тоа колку не е ова вистинско време. Вистинско време можеби за задоволување на хард-кор гласачи, considering секојдневниве скандали.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11506
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-Feb-2018 at 11:32
Да, само што никогаш нема да го видиме тоа. Мислам дека на сите ни е јасно.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3335
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 22-Feb-2018 at 11:12
Споменикот на ВМРО е срушен во вистинското време, на вистинскиот начин, со легална процедура, со решение од Општина Центар и Град Скопје. За сите споменици на УЧК во Чаир, процедурата си ја носи Општина Чаир. Ако таа се ангажира во рушење на нелегално подигнат орел, јас нема апсолутно ништо против да се сруши.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 22-Feb-2018 at 10:11
Остануваат уште едно 230 споменици на УЧК и разноразни орли. А и баш вмровски го срушија, сред ноќ. Sad.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 201>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.