build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Споменици и скулптури (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 199>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Споменици и скулптури (општо)
    Posted: 15-Sep-2017 at 08:31
Кај Аџибадем-Систина

За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2367
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 14-Sep-2017 at 23:55
да ни е жива википедија.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 13-Sep-2017 at 09:28
Споменикот на Александар Турунџев стигна во Битола



Споменикот на македонскиот револуционер и учесник во македонското револуционерно движење Александар Турунџев денеска пристигна во Битола.

Споменикот е во висина од три метри, а чини околу 25 илјади евра.

Поставувањето на споменикот на Турунџев на новиот кружен тек кај Ат-пазар во Битола деновиве е одложено, откако жителите од околните згради се побунија да не се сечат дрвјата пред нивните влезови и да се намали дијаметарот на кружниот тек, кој според првичното решение е на само два метра од нивните влезови.

Името на војводата Турунџев е длабоко врежано во меморијата на битолчани. По Илинденското востание, турскиот суд го осудил на смрт, а тој бил јавно обесен на битолскиот Ат-пазар на 29 август 1905 година. Неговиот гроб се наоѓа на Светонеделските гробишта во Битола.











http://tvorbis.com.mk/?p=523
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 49
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 18-Aug-2017 at 10:08
Originally posted by iGi_PoP


Originally posted by skopskodete

Originally posted by hcitrS


Ете така, живот бидна и снебидна:


Заев ќе го догради споменикот на Субрата Рој

iPortal.mk

А чекај немаше да ги рушат сите градби од Скопје 2014?
Kakvo rusenje covek?! SDSM treba sega pari da pravi, izlegoa od golgota, sega na niv im e redot!

Па не знам...
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 17-Aug-2017 at 17:46
Originally posted by skopskodete

Originally posted by hcitrS


Ете така, живот бидна и снебидна:


Заев ќе го догради споменикот на Субрата Рој


iPortal.mk

А чекај немаше да ги рушат сите градби од Скопје 2014?


Kakvo rusenje covek?! SDSM treba sega pari da pravi, izlegoa od golgota, sega na niv im e redot!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Aug-2017 at 23:01
Јас предлагам да се надгради со уште еден кат со кафана на врвот, од каде ќе ечи турбо-фолк музика и ќе се точи алкохол до бесвест. На тој начин инвестицијата ќе се врати за помалку од една година. Може да се викне и Цеца на отворањето.
За сè има вторпат
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 16-Aug-2017 at 22:56
Цел СК2014 изграден со цигли од фирми на Заев. Ќе го рушеле.

Edited by HugoGoulding - 16-Aug-2017 at 22:56
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 49
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 16-Aug-2017 at 22:52
Originally posted by hcitrS


Ете така, живот бидна и снебидна:


Заев ќе го догради споменикот на Субрата Рој

Министерството за култура ќе го догради споменикот на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје, кога ќе обезбеди околу 4 милиони евра, колку треба да се доисплати за неговата изградба. Досега на фирмата „Бетон Скопје“, која го гради споменикот, исплатени ѝ се само 30 отсто од договорената цена, односно од 5.5 милиони евра колку што чини споменикот, заклучно со 1 јуни, 2017 платени се само 1.7 милиони евра.

Министерството за култура планира да го доврши споменикот бидејќи, како што велат од кабинетот на министерот Роберт Алаѓозовски, тој е во завршна фаза.

„Споменикот на Мајка Тереза е веќе готов, останува уште малку работа за да се доврши. Но, годинава нема пари за него ниту во буџетот на министерството, ниту со ребалансот на буџетот на РМ. Во септември кога ќе се прави буџетот за наредната 2018 година, ќе видиме дали ќе се обезбедат пари и за овој проект”, велат од Министерството за култура.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013, го најавија проектот отварајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде во затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври, 2015.



iPortal.mk

А чекај немаше да ги рушат сите градби од Скопје 2014?
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 16-Aug-2017 at 22:15

Ете така, живот бидна и снебидна:


Заев ќе го догради споменикот на Субрата Рој

Министерството за култура ќе го догради споменикот на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје, кога ќе обезбеди околу 4 милиони евра, колку треба да се доисплати за неговата изградба. Досега на фирмата „Бетон Скопје“, која го гради споменикот, исплатени ѝ се само 30 отсто од договорената цена, односно од 5.5 милиони евра колку што чини споменикот, заклучно со 1 јуни, 2017 платени се само 1.7 милиони евра.

Министерството за култура планира да го доврши споменикот бидејќи, како што велат од кабинетот на министерот Роберт Алаѓозовски, тој е во завршна фаза.

„Споменикот на Мајка Тереза е веќе готов, останува уште малку работа за да се доврши. Но, годинава нема пари за него ниту во буџетот на министерството, ниту со ребалансот на буџетот на РМ. Во септември кога ќе се прави буџетот за наредната 2018 година, ќе видиме дали ќе се обезбедат пари и за овој проект”, велат од Министерството за култура.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013, го најавија проектот отварајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде во затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври, 2015.



iPortal.mk
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 13-Jun-2017 at 10:51
Тоа е дел од герила-акција, обично авторите го кријат своето име од многубројни причини. Како и да е, според мене тоа е позитивен потег, облагородување на пенушка што најверојатно би завршила во некое чергарско ќумбе како огревно дрво.
За сè има вторпат
Back to Top
Jonski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jun-2017
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote Jonski Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 13-Jun-2017 at 10:19
Многу интересна замисла, многу невпечатлива изведба. Исто така имам прашање... Кој е тој истакнат автор, толку е истакнат што ни името не му се истакнува?
Сервилноста е лоша болес
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2367
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 10-Jun-2017 at 14:40
Originally posted by Staro Skopje

Супер!


+1
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Jun-2017 at 13:24
Супер!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-Jun-2017 at 13:11
Претставуваме неколку фотографии од новата урбана акција наречена Бакнеж.

Се работи за скулптура изработена од пенушка од исечено дрво кое беше исечено откако под притисок на снегот и ниските температури се скрши и се сруши во текот на зимата.

Со оваа интервенција и скулптура направена од пенушка уште еднаш сакаме да ја потенцираме важноста и корисноста од возрасните дрвја во Скопје кои дури и доколку се скршат или уништат по природен пат и понатаму можат да го украсуваат градот во нови форми и да го збогатуваат урбаниот пејзаж.

Скулптурата е дело на истакнат скулптор од средната генерација македонски скулптори кој воедно е член на екипата на урбаните акции.

Локацијата на скулптурата е во Франкофонскиот парк.

https://okno.mk/node/64658







За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2367
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 07-Jun-2017 at 21:13
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 20-Apr-2017 at 11:53
Одлична и обемна статија за спомениците од НОБ во државите од поранешна Југославија. Македонија спомената во мошне позитивен контекст

The most beautifully preserved memorial houses we found, however, were those in Macedonia.


http://www.thebohemianblog.com/2016/09/myth-memory-in-the-balkans-the-spomeniks-of-former-yugoslavia.html
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3171
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 01-Mar-2017 at 17:25
Споменикот е тргнат за да се изведе градежната јама за новиот објект на Народната банка. Ова нека биде привремено известување до оној момент кога некоја од институциите ќе се охрабри да го образложи потегот.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 01-Mar-2017 at 15:54
може го заложиле некаде
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 01-Mar-2017 at 14:28
Не, не, никој не не дупи во мозокот, немаме протната шипка низ череп па до желудник. Не е тоа вистина. Се' си е во ред и патриотски. Да го обзнаниме...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 01-Mar-2017 at 14:25
СПОМЕНИКОТ НА БОРИС САРАФОВ ТРГНАТ ОД ПРЕД МНР



Споменикот на Борис Сарафов што се наоѓаше пред зградата на Министерството за надворешни работи вчера беше срамнет со земја. Каде се наоѓа коњаникот, никој не кажува. Останува непознато и дали и каде ќе биде повторно поставен коњаникот. Од МНР велат дека споменикот не е во нивна надлежност, иако тој речиси една година се наоѓаше пред влезот на административниот објект. И од Владината служба за општи и заеднички работи, преку која генерално се изградија и поставија новите административни објекти и споменици, рекоа дека не се информирани за случајот. „Ниту поставуваме, ниту дислоцираме споменици“, ни одговорија кусо од Град Скопје.

Споменикот пред Министерството за надворешни работи беше поставен пред речиси една година. Вчера утро беше целосно срушен, откако пред истекот на ланската година беше отстранет коњаникот. Во текот на вчерашниот ден се чистеа остатоците од урнатиот постамент. Споменикот беше висок 5 метри, а стоеше на триметарски постамент. Автор на споменикот е Валентина Стефановска, која наводно го донирала своето дело.

Утрински
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 199>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.355 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.