build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Споменици и скулптури (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 195196197198>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2176
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #3921 Posted: 04-Dec-2016 at 11:52
Toкму ова е најјасен индикатор за тоа колку им било грижа за граѓаните и нивните потреби на проектантите на Скопје 2014.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Skopje 1982 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Nov-2016
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Skopje 1982 Quote  Post ReplyReply #3922 Posted: 04-Dec-2016 at 20:24
Тие не треба и не смее да се викаат проектанти. Евентуално дилетанти..
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10393
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3923 Posted: 10-Dec-2016 at 14:52
Ха-ха, почна големата преселба на спомениците

Се сели споменикот на Борис Сарафов од пред МНР

Се сели споменикот на Борис Сарафов поставен кај Министерството за надворешни работи во Скопје кој е лична донација од скулпторката Валентина Стефановска. Работници од утрово се качени на споменикот и се обидуваат да го разглобат на делови за полесен транспорт, објави СДК.

Каде ќе се сели споменикот од Град Скопје денеска не кажаа. Тој е висок пет метри, а поставен на триметарски постамен.

http://plusinfo.mk/vest/96169/se-seli-spomenikot-na-boris-sarafov-od-pred-mnr
За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 600
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #3924 Posted: 10-Dec-2016 at 16:08


Можеби кај кружниот кај католичка, денес гледам нешто се случуваше.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10393
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3925 Posted: 09-Feb-2017 at 10:18


НАЈСТАРАТА БОЧВА ОД „ТИКВЕШ“ – СИМБОЛ НА ВИНСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО КАВАДАРЦИ



Во пресрет на годинешната прослава на „Св. Трифун“– празникот на лозарите и винарите, винарската визба „Тиквеш“ донираше една од своите најстари дрвени бочви. Во соработка со локалната самоуправа, бочвата е поставена на кружниот тек на еден од влезовите во Кавадарци, со што таа, за сите посетители од земјава и странство, претставува своевиден препознатлив белег на градот и неговата традиција.

„Оваа бочва е повеќе од предмет, таа е сведок на богатата традиција на производство на врвно вино во Тиквешијата, што говори за нејзината голема вредност за сите нас, за ’Тиквеш‘, за градот Кавадарци, но и за сите лозари и винари во целиот регион“, велат во винарската визба „Тиквеш“. Оваа бочва со капацитет од 9.000 литри е меѓу првите кои биле поставени при проширувањето на винскиот подрум во далечната 1955 година.

http://utrinski.mk/?ItemID=4D4A21D00C48FE4180FA4933B986143D
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3926 Posted: 09-Feb-2017 at 19:00

супер, сега нека скапува полека под дејство на временски промени
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #3927 Posted: 10-Feb-2017 at 15:40
Jas vikam da stavime stakleno zvono preku bocvata

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 3765
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3928 Posted: 10-Feb-2017 at 19:32
Зошто воопшто не сум изненаден особено НЕ за овој дел на градот.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 439
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3929 Posted: 10-Feb-2017 at 20:27
десетици милиони евра тежат, стварно не можат 300 еур плус за издвојат за постамент?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3930 Posted: 10-Feb-2017 at 21:34
Originally posted by iGi_PoP

Jas vikam da stavime stakleno zvono preku bocvata

само кажувам дека везе немаме од презервација на историски предмети и локалитети... со толку пари фрлање и чукање во гради, за вакви работи ќе си имавме музеи и посетителски центри, па тука ако толку морало, ќе дизајнираа некаква соодветна скулптура
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 439
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3931 Posted: 16-Feb-2017 at 21:20

upload pic

Ако се сака - се можи.
(мислам дека не грешам дека споменикот датира од минатиот систем?)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10393
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3932 Posted: 16-Feb-2017 at 22:04
Да, во право си, беше сместен веднаш до Камениот мост, но го преместија поради изградбата на плоштадот Карпошово востание, подоцна преименуван во Филип Втори.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Online
Posts: 3765
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3933 Posted: 16-Feb-2017 at 23:14
Originally posted by hcitrS


upload pic

Ако се сака - се можи.
(мислам дека не грешам дека споменикот датира од минатиот систем?)


Ти се наполни срцето нели. Полно ми е и на мене. Разликата е само во тоа што јас се радувам и на Александар и на Филип, се радувам и кога им се одава почит на комитите и на просветителите Кирил, Методиј, Климент и Наум а се радувам кога истото се прави и за партизаните.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3071
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3934 Posted: 17-Feb-2017 at 09:25
Kultuzin, морам да ти одговорам овде, иако генерално се воздржувам. Овој спомен-обележје што се наоѓаше на Камениот мост беше посветено не на партизани, туку на недолжни граѓани кои фашистичката власт ги стрелаше собрани од улиците на Скопје, само поради одмазда. Станува збор за недолжни цивили кои биле стрелани на таа локација.

И тие го имаат правото да имаат обележје токму на оваа локација. Мојот дедо, партизан кој го ослободувал Скопје, бил ранет во близина на самото обележје и веројатно дека заслужуваат и загинатите партизани и посебно обележје.

На ова место не гледам зошто треба да стои Филип и Александар или кој и да е друг од спектарот на признати и не толку признати заслужни граѓани од нашата историја!
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 630
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #3935 Posted: 17-Feb-2017 at 09:59
Видиш Бојан, тоа што ти сметаш дека местото на Александар, Филип и други "не толку признати заслужни граѓани" не им е на некој плоштад во Скопје, не го прави поставувањето на тие споменици погрешно. Твоето или моето поимање и разбирање на историјата, не треба да биде поставувано како ултимативна вистина. Затоа постојат научници во секоја област. А ние треба да научиме да ги почитуваме ставовите на другите и можеби поважно, да научиме да го почитуваме мислењето кое преовладува во општествоот.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 439
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #3936 Posted: 17-Feb-2017 at 18:23
Originally posted by kultuzin

Originally posted by hcitrS



Ако се сака - се можи.
(мислам дека не грешам дека споменикот датира од минатиот систем?)


Ти се наполни срцето нели. Полно ми е и на мене. Разликата е само во тоа што јас се радувам и на Александар и на Филип, се радувам и кога им се одава почит на комитите и на просветителите Кирил, Методиј, Климент и Наум а се радувам кога истото се прави и за партизаните.


Не баш срцето, очите повеќе.
„Ако се сака - се можи.“ во смисла дека може да се испочитува недалечното минато на Македонија, да се освежи и истото да остани вклопено во новите контексти, а не да биде изгазено, облепено, преиначено, уништено - односно „цензурирано“ ради својата естетика. Еден ситен пример дека можи да се гради „до“ а не „врз“ (важи за сите власти, периоди, системи..). Иако сум свесен дека обележјето погоре било испочитувано чисто ради својата димензија, едноставност и „вклопливост“.

А Александар и Филип... по не знам кој пат: супер деца биле, да, битни на политичката сцена во регионот пред ... 2300 години. Република Македонија како држава (не земја или регион) своите корени ги има во 19-ти век (со интензивирање на тие стремежи на почетокот на XX век, а поготово во меѓувоениот период за што пример е масовноста на партизанското движење). Моите чувства се базираат на тоа што јас немам проблем со ова претходното, нити се осеќам понебитен од другите, нити помалку горд како Македонец, а па најмалку дека сум несвесен за богатството на културата на нашиот народ.
Но секако, со важечките стандарди кај нас останува твој личен избор толкувањето на историјата, ич не се замарај со извори, факти, лаги - или пак најдобро спаковај го во гипскартон тоа што не ти одговара, и решен проблем.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6957
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3937 Posted: 18-Feb-2017 at 18:34
морам да напоменам во дискусијава дека голем број од спомениците направени за време на Југославија, се локациски многу издржани и во најголема мера се прилично скромни, мислам дека и до некој степен е грешка тоа што во градов не се поставувале репрезентативни централни споменици
еве ја уште не можам да им простам што го прекрстија плоштадот Карпошово востание во филип втори и си поставија масивен споменик на локацијата, кој го блокира цел тој пешачки коридор, ама еве дане навлегуваме во тоа... нити се викаше Маршал Тито плоштадов, нити беше плод на некоја исфорсирана Југословенска политика, туку беше посветен на локален херој кој е директно физички поврзан со таа локација
па и да се викаше така плошадов, дали сфаќате дека на исфорсирани политички идеали во култура и историја, контрираат со исфорсирани политички културно историски идеали?... тотално несериозно, неприземјено и нереално е да поддржуваш такво нешто
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10393
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3938 Posted: 18-Feb-2017 at 20:29
Штом го „шитнаа“ името на националната арена, ќе го „шитнат“ и на плоштадов, само ако има некој да плати Патем, Карпош е далеку позначаен за нас и за нашата историја одошто Филип II, ама пусти Наполеонов комплекс на малите нации и уште помалите нивни „водачи“.

Кога сме кај плоштадот Карпошово востание/Филип Втори, бидејќи секој ден поминувам оттука, да ви кажам дека целиот е уништен од возилата што возат по него и многу од плочките се искршени, посебно оние околу отворите на канализационите шахти, и навистина е грда слика.

Истото би го кажал и за плоштад Јадран, посебно пешачките улици - кои се толку изорани од тешки возила - што веќе не личат ни на пешачки улици. Со други зборови, уште еднаш се уверив дека кај нас ништо не може да потрае подолго од 2-3 години.

Најсвеж пример е Боемската улица, иако поради притисок на јавноста, Жерновки нешто глуми дека ќе преземе мерки, иако мислам дека тоа е само мачкање очи.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1028
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3939 Posted: 18-Feb-2017 at 22:57
Со оглед на тоа што изборите се за помалку од 3 месеци, а Жерновски најверојатно ќе се бори за втор мандат, многу е веројатно да преземе некои едноставни мерки околу автомобилскиот проблем со Боемска. Нема да биде пресудно за исходот, но ќе му донесе позитивни поени.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #3940 Posted: 19-Feb-2017 at 19:54
Убаво е што ќе се бори за нов мандат Жерновски,само незнам со какви дела зад себе ќе излезе на маса.
Што направи човеков мандатов? Боемска? Друго? Не ми доаѓа у глава..
А многу добро памтам дека пред 4 години ветуваше брда и долини.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 195196197198>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.375 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.