build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 17-Sep-2009 at 13:35
Не чекај прво да се изгради, него прво да го видиш проектот, не објектот. Мене овој прокет ми е далеку од несоодветен po default. Мене не ми е јасно како до толку не оставаш простор дека може да биде нешто добро. Некој се посрал на Скопје пред неколку децении со цела штура урбана општина што ја поставил, како да сме у Пјонгјанг. Сега имаме ние за ринење доста гомна.

А во однос на објекти се залагам за непрекин во изгрдба. Подобро да добиеме грб објект одколку недограден објект. Недограден објект е погрд од било каков грд објект, па од тамо го влечам оној заклучок што толку ви брцна во око. Ниоти е алиби ниту ништо.



Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 17-Sep-2009 at 14:05

добро до кога ќе го терате овој бош муабет? дај некој нека се потруди нека се докопа до проектот или евентуално до информација дали и колку е дополнава на проктот е замислена со неокласични или пак необарокни ограда! ако оградите се со почисти линии може и добро да се вклопи со постојните контури на мостот, јасно тоналитетот мора да биде запазен, значи за да се вклопи со тоа бетонот ќе мора евентуално ограда и постаменти од сив гранит или пак може да тера и бетон но со чисти линии повторувам!

добро ќе биде цел тој потег да биде во една нијанса, доколку театарот е со бела фасада, воедно и мостот и пошта да се побелат! или пак накај окер нека ја затераат т,е, најдобро ќе биде се со травертин таму да поплочат како што е случајот со зоил! така ќе се добие екстра контраст во однос и на кале и на тоа блоковите спроти влада, а сепак тоа да е вклопливо, на некој начин питом претоп кој би требало да го префрли тежиштето кон неокласичната околина на плоштадот карпошово востание! но ваков зафат пријатели ќе чини пари! особено во однос на главната пошта, тука незнам колкав и кој се дел му припаѓа на телеком, претпоставувам дел од големата зграда, но и тоа е изводливо, доколку се сака!

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 26-Sep-2009 at 15:19

Јане Сандански ќе јава на коњ во Аеродром

И Општина Аеродром ќе добие споменик на истакнат македонски револуционер кој ќе биде качен на коњ. Станува збор за коњаничка скулптура на Јане Сандански, која ќе се постави во зеленилото во близина на полициската станица на аголот на булеварите „Јане Сандански“ и „АВНОЈ“. Кога ќе се постави скулптурата и колку пари ќе чини, се' уште не е утврдено.

Од Општината информираат дека е во тек конкурсот за избор на идејното решение за коњаничката скулптура и за партерното уредување на околината. Какви и колку решенија ќе бидат понудени, ќе се знае најдоцна за два месеца, кога истекува рокот надлежната комисија да избере најдобро решение. Предлозите треба да се достават во Општината најдоцна до 9 октомври. За најуспешните три труда Општината ќе обезбеди награден фонд во висина од 10.000 евра.

Идејата за поставување споменик на Јане Сандански е на градоначалникот Ивица Коневски, а беше поддржана и од мнозинството на Советот. Според градоначалникот, Сандански е најсоодветната личност, која преточена во скулптура би ја красела општината, бидејќи една од најголемите нејзини населби го носи токму неговото име.

Поставувањето на овој споменик, всушност, е дел од усвоената предлог програма за одбележување значајни настани и истакнати личности, во која револуционерот има приоритетно место. Надлежните објаснија дека програмата може да се проширува, што значи дека на подрачјето на Аеродром ќе се градат и други споменици. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DC29CB7FC810444A83ED8470B5409D77
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 29-Sep-2009 at 20:20

НА ИНИЦИЈАТИВА НА ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА

Биста на Шопен во Кисела Вода

Бистата ќе има цел да ја заживее класичната музика меѓу жителите на Кисела Вода, преку одржување музички настани

Бис­та на полскиот пијанист и композитор Фредерик Шопен ќе биде пос­та­ве­на во Општина Кисела Вода в година. Иницијативата за бистата на пол­ски­от композитор е на полскиот амбасадор во Македонија Карол Бахура, кој ми­на­та­та недела го посетил градоначалникот Марјан Ѓорчев. Според пр­вич­ни­те најави, паркот и споменикот на Шопен ќе се градот во паркот кај ОУ Невена Георгиева - Дуња", спроти општинските бараки, по примерот на рус­ко­то катче на Пушкин во Општината.
"И Општина Кисела Вода и полската амбасада во Скопје сакаме де се ове­ко­ве­чи името на Шопен во нашата општина. Сега се договараме, а кон­крет­на програма ќе се изработи следната година, кога планираме да ја от­кри­е­ме бистата", изјави портпаролот на Општина Кисела Вода Марјан Спа­се­ски.
На свечено откривање на бистата, Кисела Вода најави спектакуларен нас­тап на Македонската филхармонија. Велат дека целта на паркот на Шо­пен во Кисела Вода е во него да се одржуваат музички настани и да ја за­жи­вее класичната музика меѓу жителите. (М.Ѓ.)


http://vest.com.mk/?ItemID=930B3DC11696444383F3CB091CE9936A
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 29-Sep-2009 at 23:13

Скопје

Општина Ѓорче Петров со два споменика на својот патрон

Опозицијата во Советот бара да се финансира во градинката во Даме Груев

Сања Наумовска

Општината Ѓорче Петров ќе добие уште еден споменик на македонскиот револуционер, одлучил Советот на Општината. Новото обележје е дел од Програмата за споменици на Министерството за култура, кое треба и да го финансира целиот проект. Како една од локациите на кои ќе се постави новиот споменик се спомнува општинскиот парк каде што веќе има биста на Ѓорче Петров!

Според дел од советниците од опозиционите партии, иако споменикот треба да го гради Министерството за култура, Општината мора да одвои од својот буџет 3.000 евра за девет членови на Одборот за подигнување на спомен- обележјето. Одборот треба да го распише јавниот повик за идеен проект и да ја следи изградбата. Опозицијата смета дека овие средства се непотребен трошок, а парите можело да се искористат на поважни проекти.

Од Општината, пак, велат дека одлуката на Советот е само прв чекор во реализацијата на проектот, кој ќе трае подолго време и треба да и' донесе голем бенефит на општината. Според градоначалникот Сокол Митровски, не е донесено дефинитивно решение за локацијата на новото обележје, но треба да биде на место кое е лесно достапно и привлечно за посетителите. Митровски смета дека надоместокот за комисијата не е голем издаток за Општината, особено затоа што се работи за проект кој има огромна вредност.

Советниците, пак, сметаат дека во општината има поургентни проекти кои бараат поголемо внимание од локалните власти.

„Постојано се повторува дека кризата силно влијае на полнењето на општинскиот буџет и дека недостасуваат средства за реализација на проектите. Сметаме дека наместо за надоместоци, овие пари можеа да се пренаменат за градинката во населбата Даме Груев, која е од големо значење за жителите на неколку населби“, вели советникот Горан Симоноски.

Тој образложува дека Советот ја прифатил понудата од Министерството за култура, бидејќи биле информирани дека се работело за донација, без никаков трошок за Општината. Сепак, вели тој, сега на мала врата се турка исплатата на хонорарот на комисијата од општински средства. Петмина членови на Одборот се дел од општинската администрација, од Советот и пратеничка во Собранието на Македонија, а четворица се надворешни членови, меѓу кои и директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман.

Новиот споменик во Ѓорче Петров ќе биде со значително поголеми димензии од оние што ги има бистата во општинскиот парк. Според образложението на општинската администрација, со нов и маркантен споменик уште еднаш ќе се одбележи значењето на личноста и делото на македонскиот револуционер. Изградбата ќе се реализира во текот на следната година.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=9788F17FEE23D647B8AF008BC7FE70A7

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 03-Oct-2009 at 15:32

Споменик на бегалците ќе никне во Струмица





 

Споменик излеан во бронза висок 1,5 метар, кој ќе ги симболизира македонските егзодуси, ќе биде поставен во Струмица. Автор на скулптурата е младата Наташа Божарова Пијаманова, чие скулпторско решение за спомен-обележјето е одбрано за најдобро од страна на Комисијата за спомен-обележја на општината Струмица

 

 
%20  
Споменикот ќе биде подигнат во чест на македонските бегалци во периодот од балканските војни, Првата и Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. Тој ќе биде лоциран во малиот парк зад зградата на ЕВН во Струмица. Проектот е во целост финансиран и поддржан од општина Струмица, финансиската конструкција е околу 500 илјади денари, а се планира да биде завршен до 11 декември.

Струмица, како погранично место со соседна Грција, по Балканските војни била стационар за 7.000 бегалци од егејскиот дел на Македонија. Бегалците на изворен дијалект се нарекувале „бежанци“, термин што и денес е во употреба.
 
   
Автор: С.Џ.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1039943242&id=9&prilog=0&setIzdanie=21803
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 03-Oct-2009 at 15:32

Споменикот на Меџитлија ги подели Егејците





 

Најавата за изградба на споменик во близината на граничниот премин Меџитлија кај Битола повторно ги подели Егејците во Македонија

 

 
%20  
Се огласи Заедница на организациите на етничките Македонци протерани од Грција, асоцијација што обединува 24 здруженија. Лути се што никој не се консултирал со нив при изборот на локацијата, која за нив е исклучително лошо решение за оваа намена. Тврдат дека идејата ја турка здружение блиско до Владата.

- Со нас не се консултираа, но претпоставуваме дека оваа иницијатива е на една група здруженија, би рекол дисидентска што има седиште во Скопје и обединува пет асоцијации. Во време кога ние правевме напори да ги интегрираме сите здруженија, тие правеа сосема друго. И, за жал, портпаролот на Министерството за култура е дел од таа група, тој ги турка овие работи и има моќ - вели Никола Костурски, член на раководството на заедницата.

Од заедницата уште пред три години доставиле барање до Владата за изградба на спомен-парк во централното градско подрачје во Битола, но до денес не добиле одговор.

- Не сметам дека е провокација за Грција, затоа што тоа е спомен-обележје на наша територија и право на РМ е да го изгради таму каде што смета дека е најадекватно. Но оваа локација надвор од урбана средина е несоодветна. Воопшто не е важно дали Грците ќе се налутат или не. Тие нé протераа од родните огништа, па сега ние ќе се мислиме дали ќе се лутат или не - додава Костурски.

Советот на општината Битола донесе одлука за утврдување урбанистички план за изградба на споменичен комплекс на површина од 100 илјади квадратни метри во близината на Меџитлија, без да прецизира кому ќе биде посветен споменикот. Локалната опозиција тврди дека ова обележје ќе се гради во чест на протераните Македонци од Грција, а локацијата во близината на граничниот премин е уште една провокација за јужниот сосед, сметаат од битолскиот СДСМ.
 
   
Автор: Е.М.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=103994364&id=9&prilog=0&setIzdanie=21803
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 05-Oct-2009 at 12:50

Ohnoneznam saka gradot da zema pari kako osteta ili navistina ne razbira deka mostot ne moze da drzi 320toni

ova e idiotski sto prajt gradot

Бронзените лавови ќе бидат сериозна опасност за мостот „Гоце Делчев“

Ако скулптурите не се стават на 40 метри оддалеченост, на мостот може да му се случи катастрофа, тврди компанијата „Фресзинет“, која последна го санираласкопскиот мост

 
 
%20  
Бронзените скулптури на лавови што се очекува да бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“ до крајот на октомври, ќе ја нарушат безбедноста на мостот, затоа што сите четири скулптури според некои најави на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, ќе тежат вкупно 320 тони. Секој лав ќе биде висок пет метри, а широк од пет до шест метри.

Француската компанија „Фресзинет“, која пред речиси десетина години ја вршеше реконструкцијата на мостот, остро се спротивставува на поставувањето на скулптурите. Тие предупредуваат дека скулптури може да се постават најмалку на 40 метри оддалеченост од мостот, во спротивно би можело да се случи катастрофа.

Од општината Центар, пак, воопшто не го земаат предвид мислењето на францускиот гигант. Според деталниот урбанистички план, бронзените лавови се поставени на самата линија во почетокот и на крајот на мостот.

- Двапати испративме допис до поранешниот градоначалник Трифун Костовски за да го предупредиме дека мостот не се одржува како што треба. Од него не добивме никаков одговор иако лично јас му објаснив на Костовски што не е во ред со мостот. Ние се сомневавме дека во десниот овален столб на мостот има вода, но тоа никако не можеме да го провериме, затоа што службите на градот ги завариле пристапните врати. Поради лошото одржување на мостот ние ја повлековме гаранцијата која важи до 2012 година - објасни Зоран Гапиќ, официјален претставник за „Фрезинет“ во Македонија.

Од градот Скопје, пак, тврдат дека гаранцијата на француската фирма сé уште важи и дека немаат никакви документи или известувања дека таа е прекината. Додаваат и дека периодично ги проверуваат стабилноста и безбедноста на мостот, за да не настанат компликации. За замената на заштитната ограда, за која беше распишан јавен конкурс, не сакаат да кажат колку е предвидено да биде тешка. Иако причината поради која конкурсот беше откажан е токму тежината на оградата. Градските власти објаснија дека на јавниот конкурс не било избрано ниту едно идејно решение затоа што сите проекти биле со тежина поголема од предвиденото. Сепак останува нејасно зашто од градот не сакаат да кажат колку била предвидената тежина за оградата. Професорите од Градежниот факултет до кои општината Центар испратиле допис, во кој ги молат да им дадат мислење околу тежината што смеат да ја постават на мостот се сложни дека секоја дополнителна тежина не е безбедна за стабилноста на мостот. Професорите се пожалија и на слабата соработка со општината Центар, со објаснување дека општинарите правеле сé на своја рака. Од општината, пак, велат дека градот Скопје е надлежен за мостовите и дека тие не испратиле никаков допис ниту до професори, ниту пак до француската фирма „Фрезинет“.

Најавите за заштитната ограда што треба да се постави на мостот „Гоце Делчев“ се дека таа ќе биде во барокен стил и дека треба да се совпаѓа со скулптурите на лавовите од двете страни на мостот, кои ќе бидат во антички стил од едната и во средновековен стил од другата страна на мостот.
 
 

 


Edited by my Macedonia - 05-Oct-2009 at 13:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 05-Oct-2009 at 18:32


Навистина ненормална работа. Чекор по чекор недокваканите идеи стигнаа и до загрозување на безбедноста на капитални објекти.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 05-Oct-2009 at 18:36
jas ne razbiram sto saka gradot
koga firmata ti veli deka mostot ne moze da gi drzi lalovite zosto sakat da gi stavat
ne se raboti za garancija(pari -> odsteta)sto ke zema.. parite se vazni ama graganite se najvazni....
se raboti za luge sto mozam da go zagubat zivotot ako se sluci vakvo nesto, sto nie ne go sakame.
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 05-Oct-2009 at 21:04
еве културна шанса за ретерирање! само да знаат надлежните уште и со лезет да ја искористат (ако не е статичкиов муабет и од нив нарачан)!

како што реков претходно, нека стават еден лав пред мостот и завршена работа, а другите нека ги пуштат по останатите Македонски "метрополи"! инаку во антиката од секогаш Македонците поставувале лав како симбол за доминација врз таа област, но еден а не четири...

а што ако за грб се избере крилатиот лав, ќе треба ли тогаш да се менува овој или само ќе му натоварат крила!? доколку се менува грбот јас сум за крилат лав како симбол а следствено и како споменик на мостов, кој и симболично би ги соединил истокот и западот и културно и исторски и хералдички, но и на мостов естетски инаку крилатиот лав се среќава на овие простори како симбол и во неолитот и во антиката и во средниот век, кога се јавува како Христијански симбол, а денес воедно може да претставува симболично и компромис за меѓуетничките односи...  да нема забуни не говорам за грифон туку за крилат лав, иако испреплетена е нивната симболика, сепак хералдичарите во средниот век имаат создадено јасна дистинкција помеѓу ваквата симболика...

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 05-Oct-2009 at 21:12
Па можеа „Фрезинет“ да го покренат ова сериозно прашање малку порано, а не сега кога ги опалија парите веќе...да не зборуваме тука и за оградата на мостот која по „барокните принципи„ најчесто е со големи камени балустради и декорации и профили од лиен (а не валан, што е 100 пати полесен) челик...многу неодговорно и од нивна страна (освен ако не биле попречени да излезат во јавност)....
Во овој контекст - може има некој слики од период кога мостов имаше ограда со неонско осветлување во висина на ракофатот...тоа беа времиња, што не се зафатија да ја вратат таа ограда!?! А не со овие глупости! Кај се невиден кич и простаклук, уште се и небезбедни...

Edited by Dave Gahan - 05-Oct-2009 at 21:13
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 06-Oct-2009 at 11:42
Усте едни шмизли на платото пред фонтана во градскиот парк


2009-10-06

Мислам дека не се регистрирани
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 06-Oct-2009 at 14:30

Тодоровиќ: Лавовите не се опасни за мостот „Гоце Делчев“

Бронзените склуптури на лавови што треба да се постават кон крајот на овој месец нема да тежат 320 тони, појасни вчера Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар

 
 
%20  
 Тој објасни дека секој лав ќе тежи некаде помеѓу пет и шест тони, а заедно со постаментот на кој ќе бидат поставени ќе тежат 15 тони. Но, сепак, останува нејасно дали тие ќе бидат поставени на 40 метри, како што беше препорачано од француската компанија „Фрезинет“. Градоначалникот Тодоровиќ додаде само дека скулптурите ќе бидат поставени на соодветна оддалеченост од мостот, каде што нема да претставуваат никаква опасност за безбедноста. Според Тодоровиќ, не треба да се создава паника кај народот со тоа дека лавовите ќе ја нарушат безбедноста на мостот, затоа што сите безбедносни мерки биле запазени.

- Ние сме избрани да работиме за доброто на граѓаните на нашата општина и затоа сметам дека секоја скулптура и секое камче што ќе се постават во оваа општина ќе бидат добро проверени за да не дојде до катастрофа. Не знаеме на точно колкава оддалеченост ќе бидат лавовите, но според изработениот основен проект, тие ќе бидат поставени надвор од конструкцијата на мостот. Да знаеме дека лавовите ќе претставуваат опасност никогаш нема да ги поставиме - објасни Тодоровиќ.

 
inace smilzite sto gi postirase vladimir se super vo ova lokacija
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 07-Oct-2009 at 15:15

СКОП­ЈЕ ДО­БИ УШ­ТЕ ДВЕ РЕ­ЧИ­СИ ИС­ТИ СКУЛ­ПТУ­РИ

Ко­це ги от­кри жен­ски­те на Пе­нов

Скул­пту­ра­та на две де­вој­ки била по на­рач­ка од Пе­нов...

Ре­чи­си иден­тич­на скул­пту­ра на онаа ко­ја ја на­ра­чал по­ра­неш­ни­от гра­до­на­чал­ник на Скоп­је Рис­то Пе­нов и пред се­дум го­ди­ни ја пла­тил 13 ил­ја­ди ев­ра, ла­ни кај ис­ти­от ав­тор на­ра­ча­ло и Ми­нис­терс­тво­то за кул­ту­ра, па се­га де­вој­ки има и во Пар­кот и на Плош­тад

Од ми­на­та­та не­де­ла Скоп­је го кра­сат уш­те две ре­чи­си иден­тич­ни скул­пту­ри. Ед­на­та е пос­та­ве­на во Град­ски­от парк, кај фон­та­на­та "Ло­то­сов цвет", а дру­га­та на плош­та­дот Ма­ке­до­ни­ја, кај тр­гов­ски­от цен­тар "Си­ти га­ле­ри". И ед­на­та и дру­га­та скул­пту­ра се, всуш­ност, две де­вој­ки, об­ле­че­ни во ми­ни-здол­ниш­та, на ви­со­ки пот­пе­ти­ци и во ма­ич­ки со дла­бо­ки де­кол­теа. Раз­ли­ка­та е са­мо во тоа што ед­на од оние што се во Пар­кот, на син­џир во­ди ку­че, а оние што се на плош­тад мес­то да во­дат ку­че, но­сат ќе­си­ња, ка­ко да се вра­ќа­ат од шо­пинг.
И две­те скул­пту­ри ги из­ра­бо­тил ист ав­тор Алек­сан­дар Ива­нов­ски - Ка­ра­да­ре, но ед­на­та ја на­ра­чал Град Скоп­је, а дру­га­та Ми­нис­терс­тво­то за кул­ту­ра .
Скул­пту­ра­та пос­та­ве­на во Пар­кот уш­те пред се­дум го­ди­ни дал на­лог да се из­ра­бо­ти Гра­дот, во вре­ме­то ко­га гра­до­на­чал­ник на Скоп­је бе­ше Рис­то Пе­нов. То­гаш бил рас­пи­шан кон­курс за пос­та­ву­ва­ње скул­пту­ри на по­ве­ќе мес­та во Скоп­је, и ед­на од из­бра­ни­те скул­пту­ри би­ла скул­пту­ра­та на две де­вој­ки ка­ко ше­та­ат. За неј­зи­на­та из­ра­бот­ка од град­ски­от бу­џет би­ле од­во­е­ни 13.000 ев­ра.
Би­деј­ќи скул­пту­ра­та се ли­е­ла во Бу­га­ри­ја, мал­ку се одол­жи­ло вре­ме­то на неј­зи­на из­ра­бот­ка, па ко­га таа би­ла го­то­ва, Рис­то Пе­нов си за­ми­нал од гра­до­на­чал­нич­ка­та фун­кци­ја и не­го го нас­ле­дил Три­фун Кос­тов­ски. Но и во ман­да­тот на Кос­тов­ски скул­пту­ра­та ос­та­на­ла кај ав­то­рот.
"Не знам од кои при­чи­ни по­ра­неш­ни­от гра­до­на­чал­ник Три­фун Кос­тов­ски не са­ка­ше да ја пос­та­ви­ме скул­пту­ра­та. Не­кол­ку­па­ти ба­рав сред­ба со не­го за да им об­јас­нам де­ка скул­пту­ра­та е го­то­ва, де­ка е ве­ќе пла­те­на, и не знам ко­ја е преч­ка­та да се пос­та­ви. Ду­ри им ре­ков де­ка сам ќе си го пла­там и тран­спор­тот од Бу­га­ри­ја, ама за­луд­но. Но, еве, дој­де вре­ме де­вој­ки­те да би­дат пос­та­ве­ни. До­бив доз­во­ла од гра­до­на­чал­ни­кот Ко­це Тра­ја­нов­ски и скул­пту­ра­та, ко­ја сим­бо­ли­зи­ра мла­ди, уба­ви и до­те­ра­ни две де­вој­ки ка­ко се ше­та­ат низ парк, гра­ѓа­ни­те, ко­неч­но, по тол­ку го­ди­ни мо­жат да ги ви­дат", ве­ли ав­то­рот Алек­сан­дар Ива­нов­ски - Ка­ра­да­ре.
На Ка­ра­да­ре му тек­на­ло за за­бо­ра­ве­на­та скул­пту­ра от­ка­ко го­ди­на­ва Ми­нис­терс­тво­то за кул­ту­ра му на­ра­ча­ло ис­та так­ва скул­пту­ра, но за дру­га ло­ка­ци­ја.
"Би­деј­ќи две­те скул­пту­ри беа го­то­ви, а за но­ва­та се зна­е­ше де­ка ќе би­де пос­та­ве­на на Плош­та­дот, ав­то­рот ни пред­ло­жи ста­ра­та да ја пос­та­ви­ме кај фон­та­на­та во парк. Ни се до­пад­на не­го­ви­от пред­лог, и та­ка се слу­чи де­вој­ки­те што ше­та­ат ку­че да би­дат пос­та­ве­ни на вле­зот во Пар­кот", ве­лат од Гра­дот.
По­ра­неш­ни­от гра­до­на­чал­ник Три­фун Кос­тов­ски ве­ли де­ка не са­кал да ја пос­та­ви скул­пту­ра­та на Ка­ра­да­ре оти ло­ка­ци­ја­та пред фон­та­на­та "Ло­то­сов цвет" не би­ла со­од­вет­на.
"Не при­ле­га пред спо­ме­ни­кот на Го­це Дел­чев да пос­та­ву­ва скул­пту­ра на де­вој­ки во ку­си здол­ниш­та. На так­ва скул­пту­ра мес­то­то не $ е до ре­во­лу­ци­о­не­рот Го­це Дел­чев, за­тоа не доз­во­лив да би­де пос­та­ве­на за вре­ме на мо­јот ман­дат", ве­ли Кос­тов­ски.
А.Ан­тев­ска

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 08-Oct-2009 at 05:57
 
Лавовите не смеат да лежат на Мостот Гоце Делчев



Според професорот на Градежниот факултет, Санде Атанасовски тежината на скулптурите нема да биде никаков проблем за статиката на мостот, но само ако се поставени надвор од кејските ѕидови. Тие може да се наоѓаат дури и на самите крила од мостот, но никако на самиот мост или во средишниот распон

Четирите бронзени скулптури - лавови, кои Општина Центар наскоро ќе ги постави на Мостот Гоце Делчев, мора да бидат надвор од него за да се запази безбедноста и да се избегнат оштетувања на мостот, велат стручни лица од Градежниот факултет. Секое дополнително оптоварување на самиот мост може да ја загрози неговата статика. Дури и оградата, која Градот Скопје планира да ја менува, не смее да биде потешка од сегашната, која тежи околу четири тони.

Според професорот на Градежниот факултет, Санде Атанасовски, кој е консултант ангажиран од Градот, скулптурите не би биле никаков проблем со нивната вкупна тежина, но само ако се поставени надвор од кејските ѕидови. Еден лав ќе тежи од пет до шест тони без постаментот.

Скулптурите да бидат надвор од конструкциЈата

- Тие може да се наоѓаат дури и на самите крила од мостот, но никако на самиот мост или во средишниот распон - објасни Атанасовски.

Тој вели дека со мостот се занимава веќе 30 години. Бил еден од ревидентите при неговата санација во 2002 година, која ја изврши француската фирма „Фресине“ за два милиона евра. Мостот тогаш се санираше поради големи оштетувања што настапиле од временски деформации.

- Мостот Гоце Делчев по својата изведба трпеше временски деформации. Во еден момент тие достигнаа и до 32 сантиметра. Причините беа реолошки особини на бетонот, односно собирање и течење во бетонот, и релаксација на челикот. Тие деформации се одвиваат под дејство на постојан товар. Со санацијата беше потребно да се отстрани мртвиот товар, па сега би било крајно некоректно да се поставува товар кој е многу поголем од претходниот - вели професор Атанасовски.

Иако градоначалникот Владимир Тодоровиќ најави дека бронзените скулптури ќе бидат поставени до крајот на месецов, од Центар се' уште не ја обелоденуваат точната локација. Според изјавите на градоначалникот, нема место за паника, бидејќи лавовите ќе бидат надвор од конструкцијата на мостот и нема да претставуваат опасност за безбедноста.

Портпаролот на Општина Центар, Јовица Ацковски, рече дека денеска ќе ја информираат јавноста за деталите во врска со скулптурите - лавови. Тој вчера не знаеше да ја каже точната локација каде ќе бидат поставени. Во претпоследната верзија на детаљниот урбанистички план за мал ринг, четирите маркички за лавовите беа нацртани на самиот крај на мостот. Во најновата верзија на планот точното место не е прецизирано.

АнтитерористиЧка единица го проверувала мостот

Во врска со поставувањето нова ограда на Мостот Гоце Делчев, Градот Скопје распиша повторен конкурс за идејно решение, кој ќе трае до 3 ноември. Пријавените решенија на првиот конкурс, според објаснувањата, не одговарале на замислите на градските власти. Во вториот конкурс еден од условите е предложената ограда во идејното решение да не биде ниту 200 грама потешка од сегашната.

Во однос на забелешките од француската фирма „Фресине“, дека мостот не се одржува соодветно, наши извори во Градот велат дека тоа не е точно и дека имаат договор со Градежниот факултет.

Зоран Гапиќ, претставник на фирмата „Фресине“, која учествуваше во реконструкцијата пред седум години, изјави дека имаат сознанија оти во едниот столб има вода.

- Не можеме да влеземе внатре и да видиме за што станува збор, поради тоа што вратите се заварени. Своевремено и на градоначалникот Трифун Костовски му доставивме забелешки дека мостот не се одржува според прописите, па затоа не можеме да гарантираме повеќе за неговата безбедност - вели Гапиќ.

Од Град Скопје демантираат дека досега во писмена форма добиле официјално известување од француската фирма „Фресине“ дека гаранцијата за реконструкцијата на Мостот Гоце Делчев е еднострано повлечена.

- Град Скопје досега нема добиено никакви писмени или вербални забелешки за начинот како се одржува мостот од фирмата. При изработката на проектите за новата ограда и илуминацијата, Градот строго ќе води сметка за статиката и безбедноста на мостот, при што ќе бидат консултирани стручни институции - изјавија градските власти.

Стручни лица од Градот појаснија дека вратите морало да бидат заварени, бидејќи зависници ги кршеле бравите и престојувале во лаковите од мостот. Од Градот велат дека оттаму подигнале многу ѓубре, а воедно морале да ја викнат и Антитерористичка единица за да направи преглед пред вратите повторно да бидат затворени.

Јорданка Ивановска
 
 
Dnevnik
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 09-Oct-2009 at 13:53
Лавовите ќе го чуваат „Гоце Делчев“ оддалеку

Од Центар тврдат дека скулптурите ќе бидат надвор од кејските ѕидови, што не е опасно за статиката на мостот

Деспина Трајковска


Надлежните од Општина Центар уверуваат дека нема простор за сомневање околу статиката на мостот „Гоце Делчев“ кога на него ќе се постават четирите бронзени лава. Планирано е скулптурите да се постават надвор од конструкцијата на мостот и ѕидовите на кејот, така што нема да има дополнителни оптоварувања и можност за нарушување на неговата статика.

Токму ваквата местоположба на скулптурите, според експертите, нема да претставува проблем за објектот. Тие велат дека секоја друга локација, крилата на мостот, самиот мост или, пак, средишниот распон на објектот би ја довеле во прашање неговата статика.

Од француската компанија „Фресинет“, која пред речиси десетина години ја вршеше реконструкцијата на мостот, предупредуваат дека скулптури може да се постават најмалку на 40 метри оддалеченост од мостот.

„Според изработениот основен проект, лавовите ќе бидат поставени надвор од конструкцијата на мостот и нема да претставуваат никаков проблем за нарушување на статиката. Нивната локација ќе биде надвор од кејските ѕидови, при што нема да има оптоварување и загрозување на мостот“, вели Јовица Ацковски, портпарол на Општина Центар по зачестените шпекулации дека тежината и планираната локација на скулптурите ќе ја доведат во прашање статиката на мостот „Гоце Делчев“, стар речиси четириесет години.

Надлежните тврдат дека лавовите се' уште не се готови, но дека нивното лиење е во завршна фаза. Секој од четирите лава, од кои два се со антички, а два со средновековен изглед, заедно со постаментот ќе достигне тежина до 15 тона.

Иако Општина Центар е нарачател на скулптурите, оттаму тврдат дека се' уште не го планираат терминот за нивно поставување, ниту, пак, коментираат дали тој ќе се усогласи со монтирањето на новата ограда на „Гоце Делчев“ за која од Градот бараат идејно решение. „Немам такви информации“, накусо одговори Ацковски.

Очигледно, доколку се чека на обновувањето на оградата, скулптурите нема да се постават годинава, со оглед на тоа што Градот воопшто нема предвидено средства за таа намена во тековниот буџет. Градските власти информираат дека во тек е избор на идејно-обликовно решение на заштитните огради и илуминацијата на мостот. Проектот би се реализирал во текот на наредната година, кога по изработката на основен проект и избор на изведувач би се дефинирала и точната сума потребна за обновата на мостот. Конкурсот трае до почетокот на ноември. Тоа е повторен обид на градските власти за избор на идејно решение за обнова на оградата на мостот, откако првиот конкурс кој беше распишан летово, беше поништен, бидејќи единственото понудено решение не ги исполнуваше пропишаните услови.

„Трудот за мостот ‘Гоце Делчев‘ не ги исполнува условите за максимална тежина на предложената ограда, како особено важен услов поради статичката стабилност на мостот и воопшто не ја третира илуминацијата. Во недостиг од други пријавени на конкурсот, жири-комисијата одлучи да не додели награди и да не предложи откуп на ниеден труд“, информираат од Градот и ги отфрлаат шпекулациите дека се бара решение за оградата во барок-стил. Напротив, велат надлежните, токму идејните решенија треба да го понудат новиот изглед на оградите.

Мостот „Гоце Делчев“ е изграден во 1970 година по избрано идејно решение од меѓународен конкурс, на кој победи труд од факултет од Белгија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4C3B9C335735474E995EAF0D0F36BC5B



Всушност во право се од градот, во конкурсот не е спомнат никаков барок:
http://www.skopje.gov.mk/Uploads/85_2009.pdf

Е сега прашање е од каде потекнал таков муабет. Дали е дезинформација или навистина зад кулисите се готвело такво нешто. Ако е второто, тогаш оваа изјава охрабрува дека можеби се ретерира.
Back to Top
Vlatko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 18-Jun-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Vlatko Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 09-Oct-2009 at 13:54




Над 100 скулптури ќе бидат поставени во Прилеп


09.10.2009 14:16

Над 100 скулптури од домашни и светски познати автори кои се твореле во последниве 50 години во Прилеп во најстарата ликовна колонија во овој дел на Европа ќе бидат поставени во центарот на градот.

За почеток беа поставени 3 скулптури од српски и шкотски автори. Идејата е скулптурите кои сега се поставени во дворовите на поранешните фабрики обраснати со треви или стојат по депоата, да се изнесат на видни места. Освен од мермер ќе се поставуваат скулптури од дрво и метал.

„Центарот за современа ликовна уметност кој ја организира колонијата можам слободно да кажам дека е единствена организација во светот од ваков тип каде работат пет ликовни работилници. Постојат вакви организации, но тие се или само сликарска работилница или е само симпозиум за мермер, ние кај нас имаме пет такви ликовни работилници“, вели Диме Јанески, директор на Центар за современа ликовна уметност од Прилеп.

Иако проектот се поврзува со оној во Скопје, уметниците велат дека идејата е стара 4-5 години, а овие скулптури за разлика од оние во Скопје, имаат бесценета историска и уметничка вредност.

„Со тоа Прилеп ќе добие една димензија како град на културата и град каде што ќе имаме една постојана отворена изложба на овие скулптури“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Инаку досега во колонијата се изработени околу 300 скулптури и над 1.000 други уметнички дела.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114767





Edited by Vlatko - 09-Oct-2009 at 13:54
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 12-Oct-2009 at 19:40

па биваше ли Прилеп да биде поинвентивен на овој план, да се сетеа од министерството  нешто да позајмат од нив! ајде здравје понекогаш и ова треба да ни се случува, како би изградиле како јавност критериум... овие две подоле со се' онаа на пенов се целосен дебакл, а повеќето од останатите или имаат лошо постоље или се на лоша локација насадени...

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3605
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 12-Oct-2009 at 20:15

ауу Владимир јас не сум приметил што си постирал http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156&PID=48668#48668 изгледа некој озбилно забегал во однос на рафрлање со скулптуриве, абе се ова шмизливе и фраериве правец во лунапарк, а тоа волот во золошка или кланица, и дај нека не си играат градските власти мајтап со центарот! 

да ги лиееја во акрил можеби немаше волку дебилно да делуваат, но вака во бронза, па уште и обоени, абе ајде, нека извадат подобро тоа куклите од излози да не се резилиме пред цел свет, така бар на инсталација ќе тера муабетот, незнам можеби треба и вакво нешто да постои но на некоја тераса во нечив двор но не и на јавна површина! 

се нешто избегано од некоја сликовница од 20 век, како не им текна бар една кинетичка скулптура да нарачаат http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=481&PID=47837#47837 

http://www.strandbeest.com/



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.555 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.