build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 03-May-2010 at 10:22
Originally posted by lslcrew

Официјалното откривање на споменициве го очекувам во вторник, 4-ти мај, дента на загинувањето на Гоце Делчев, вероватно и затоа е избран тајмингот овој викенд. Па следствено на тоа очекувам поставување на спомениците од другата страна на мостот Св. Кирил и Методиј и Св. Климент и Наум за три викенд од сега (22-ри, 23-ти) ден пред празникот Св. Кирил и Методиј, 24-ти мај. Моја прогноза. Не сум прошол оддамна, има ли постаменти, каква е ситуацијата тамо?


Според сликава на пбанкс, GOOD CALL lsl!!!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 03-May-2010 at 12:13
Ќе да е, постаментот се обложува со мермер


03-05-2010
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 03-May-2010 at 13:20
Забрзано се довршува


03-05-2010

Големо интерес од страна на граганите со своите апарати


03-05-2010
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 03-May-2010 at 13:46
Сега приметив, спомениците се обратно од тоа како што беа на визуелизацијата, односно сменети им се местата меѓусебно.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 03-May-2010 at 15:03
Точно. Меѓутоа вака се правилно поставени. Ако приметувате, коњите гледаат кон надвор, а Гоце и Даме гледаат кон минувачот преку Камениот мост.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 03-May-2010 at 16:28
А што има ли некоја стандардизација за коњаници на мост или?! Стварно не ми е јасно зашто се сменети местат, не дека е нешто битно, ама не ми е јасно.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 03-May-2010 at 23:08

Стотина споменици во центарот на градот

Најголема бронза ќе „натежне“ на двата пешачки моста преку Вардар. Таму ќе се постават дури 58 триметарски скулптури

Деспина Трајковска

Околу сто се врти бројката на споменици предвидени да се постават во централното градско подрачје. Тони бронза, а наместа и мермер ќе се разлее на плоштадот од засега планираните дваесетина споменици, од оние од левата страна на Вардар, од неколкуте предвидени во паркот „Жена-борец“, од шеесетината скулптури што ќе ги красат двата пешачки моста на Вардар, од скулптурите во самата река, од четирите по десетици тони тешки лавови на мостот „Гоце Делчев“... Од три па до шестметарски скулптури ќе има речиси на секој чекор во централното градско подрачје познато како Мал ринг.

Бројката на споменици и спомен-обележја очигледно допрва ќе се зголемува, ако се земат предвид се' погласните шпекулации оти веќе се договара место и за личности од албанската историја. Извесно е дека рамо до рамо со ликовите од македонската историја ќе се најдат и албански дејци, а меѓу нив споменик на Неџат Аголи, учесник во НОБ и прв министер во повоената Влада, на востаникот Дервиш Цара, на Пјетар Богдани, писател од времето на Преродбата, споменик на Јашар-бег Кумбараџи, првиот градоначалник на Скопје...

Никој од надлежните не кажува колку точно споменици ќе има, а уште помалку колку пари ќе се потрошат за нив. Само се потврдуваат неодамнешните најави на министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, оти проектот „Скопје 2014“ може да претрпи корекции и во него да се најде место за споменици и објекти од значење на сите етнички заедници во државава. Се докажа и дека рецесијата само на момент го „замрзна“ леењето на скулптурите. Во Фиренца интензивно се работи на речиси сите скулптури што треба да се постават на плоштадот, а наскоро ќе се избира леарница и за останатите.

Продолжуваат и шпекулациите во јавноста за потрошената сума досега за спомениците. И додека градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, упорно само најавува, но не го остварува ветеното, дека сите склучени договори ќе ги обелодени во јавноста, во јавноста се шпекулира дека бројката со која лицитираат надлежните е сигурно два пати помала од досега потрошените пари. Според досегашните уверувања, за спомениците се потрошени 17 милиони евра, што е симптоматично ако се има предвид дека само за леење на споменикот на Александар Македонски и изработката на фонтаната се потрошени речиси 10 милиони евра. За четирите лава, пак, кои ќе достигнат висина од пет метри, од кои едниот пар ќе бидат долги по пет, а другите по шест метри, државата ќе плати вкупно 2.330.000 евра.

И дури надлежните официјално ги кажат сите детали врзани за еден од најконтроверзните владини проекти, Општина Центар, односно Владата почна да остварува на терен. Започна со поставување на планираните споменици. Викендов на терен листата со споменици ја пробија коњаничките скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев, за чие леење само се потрошени 850.000 евра. Релативно за кус период, пред кафулето „Тренд“ ќе им се придружи мермерната скулптура на Методија Андонов Ченто, а се' поблиску е и доаѓањето на два од четирите лава што ќе го „чуваат“ мостот „Гоце Делчев“. Финишира изработката на нивните постаменти кои веќе извесен период фаќаат позиција на терен.

Неизвесно е кога ќе се постават останатите скулптури во непосредната околина. Од Општина Центар единствено потврдуваат дека тие моментно се' уште се леат и ни приближно не сакаат да лицитираат со временскиот период кога би се поставиле. Така, во исчекување сме на споменикот на Никола Карев, кој качен на коњ ќе се постави во зеленилото пред Собранието, а за негово леење ќе се потрошат 715.000 евра. Се чека и на споменикот на Цар Самуил, кој заедно со споменикот на Ченто ќе бидат едни од ретките изработени од мермер. За него е резервиран просторот пред „Дал-мет-фу“, а ќе се постави и споменик на гемиџиите во близина на револуционерите пред Камениот мост.

На листата за поставување се и спомениците на Јустинијан Први и на просветителите свети Кирил и Методиј и нивните ученици Климент и Наум Охридски, кои ќе ја разубавуваат другата страна на Камениот мост. Во нивна близина, пак, на Карпошово востание ќе се издигнат две помали и една поголема фонтана со четири споменика. Споменици ќе има и во паркот „Жена-борец“. Таму зеленилото ќе се разбие со споменик на паднатите херои, на АСНОМ и споменик во чест на бранителите од конфликтот во 2001 година.

Се чини, најголема концентрација на споменици ќе има на двата пешачки моста преку Вардар, на „Око“, што ќе води кон зградата на Уставниот суд и на Мостот на уметноста, кој ќе биде пешачка врска на десниот брег со зградата на Јавното обвинителство. На нив ќе има дури 58 скулптури високи по два метра. На секој мост ќе има по 29 симетрично распоредени по 14 од двете страни и една скулптура во средишниот дел на објектот. Во близина на мостовите, пак, во водите на Вардар е предвидено да се постави и скулптура „Три врби“.

Поставувањето на сите овие споменици, кои се дел од проектот „Скопје 2014“, треба да финишира до средината на 2011 година. За тогаш, всушност, е и најавено поставувањето на споменикот на Александар Македонски, со кој ќе се заокружи целиот владин проект. Теренот за него веќе се подготвува, се работи на изведба на фонтаната во која ќе се смести војсководецот со фалангата и заедно со постаментот ќе достигне висина до 30 метри.

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 04-May-2010 at 01:43

Гоце и Даме атракција на плоштадот

Спомениците на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев качени на коњи, кои завчера беа поставени на плоштадот Македонија, вчера беа вистинска атракција за граѓаните. Немаше минувач кој не застана да ги погледне или да ги фотографира двата споменика, кои се извишуваат од обете страни пред Камениот мост. Најмногубројни на плоштадот беа пензионерите, кои се собираа во групи и мотивирани од спомениците коментираа и за историјата и за политиката, но имаше и многу помлади граѓани, кои паузата во работниот ден ја искористија за да ги видат новите обележја. Се среќаваа и такви што специјално дошле од другите градови за да видат „како излегле“ Делчев и Груев.

Најголем дел од граѓаните што ги анкетиравме беа воодушевени од изгледот на спомениците и со восхит гледаа кон нив. Малкумина рекоа дека сега не е вистинското време за поставување споменици, бидејќи има поприоритени проблеми за решавање.

- Јас уште вчера ќе дојдев. Ова е Македонија и конечно дојде време да ја откриеме нашата историја и да им ја пренесеме на нашите деца и внуци. На овој начин соопштуваме дека македонскиот народ постои, дека постоел со децении. Ова е доказ дека Македонија ќе оди напред и дека македонскиот народ и понатаму ќе развива соживот - рече скопјанецот Гиго Ивановски.

Неговиот сограѓанин Трајко Кралев рече дека специјално за коњаниците дошол на плоштадот.

- Бидејќи сум шетал во Рим, Виена, Варшава и можам слободно да кажам дека нема плоштад на кој нема скулптура што ја претставува историјата на градот или на државата. Нашиот плоштад досега беше само празен простор. Оној што вели дека овие споменици се кич, изгледа дека не бил никаде и не видел ништо - дециден е Кралев.

На спортскиот новинар Александар Гочков единствено му пречи што се' уште се поставени тараби околу спомениците.

- Супер се. Со констатацијата дека не е вистинско време за нивното поставување, не се согласувам. Нема вистинско време во Македонија. Ме нервира тоа што се' е исполитизирано. Прв пат се поставуваат грандиозни споменици на кои поради мешањето на политиката не можеш да им се изнарадуваш - вели тој.

Според ликовниот уметник Коле Манев, овие споменици се врвно достигнување на авторот Жарко Башевски.

- Драго ми е што можам да кажам дека со овие дела Башевски се надмина себеси.

Најбитно е што скулптурите ги задоволуваат ликовните критеруми, кои се најважни. Овие скулптури ќе ги облагородат просторот и градот, па и целата држава - потенцира Манев.

Некои граѓани ни рекоа дека дошле од другите градови, специјално за да ги видат на новите споменици во главниот град.

- Дојдов од Тетово и воодушевена сум од спомениците. Мислам дека се поставени во вистинско време, за да знае светот дека ние Македонците сме постоеле, постоиме и ќе постоиме. Требаше веќе еднаш да ги покажеме нашите херои што се бореле за независна Македонија. А вакви споменици не се ништо ново во метрополите во соседството - вели тетовката П.Б.

Според Дора Андова-Фотева, кустос и советник во Музејот на Град Скопје, вакви споменици најмалку ни се потребни во криза.

- За уметничкиот впечаток сметам дека се испочитувани и задоволуваат критериумите што се однесуваат на анатомијата на фигурите, ликовите добро се профилирани, но сепак спомениците се преголеми и се наметнуваат во просторот. Лично не ми се допаѓа тоа што вака големи споменици се поставени на мал простор. Инаку, не сум против градењето - вели Фотева.

Вчера се' уште се работеше на зацвртстување на спомениците на постаментите, а се подготвуваше и нивната илуминација. На постаментите можеа да се забележат релјефни сцени, кои според општинските власти прикажуваат одредени настани од животот на двајцата револуционери.

Од Општината Центар, во нивен стил, нудеа само скудни информации за спомениците и за она што ќе следува. Рекоа дека сите градежни работи ќе завршат до крајот на неделава, но не знаеја да го прецизираат точниот датум за свеченоста кога и официјално ќе бидат откриени петметарските обележја, вредни 850.000 евра. Според нив, пред официјалното претставување спомениците ќе бидат избришани, но нема да се полираат бидејќи финалната обработка им е од платина.

Следува поставувањето на два од четирите лава на мостот „Гоце Делчев“ и споменикот на Методија Андонов-Ченто пред кафулето „Тренд“.

Анела Петрова

 

Авторот задоволен од делата

Авторот на коњаниците Гоце Делчев и Даме Груев, Жарко Башевски, вели дека е задоволен од она што е направено.

- Јас сум задоволен, а истото може и да се види од реакциите на народот. Сметам дека никогаш не е доцна за поставување вакви споменици. Овој момент е многу појак од која било социјална ситуација. Овие личности не би требало да се врзуваат со моменти на економската состојба во државата. Нашиот народ има премалку обележја и затоа трпиме удари - изјави Башевски.

Тој смета дека спомениците се легнати во просторот и по димензиите и по форма и тоа како отсекогаш да постоеле на ова место.

 
Ако претпоставиме дека 23-4ти могуче е да ги стават просветителите од страната на  стоун бриџ на камени, а следни според статијава се лавовите и ченто, значи секој викенд нови споменици ќе имаме месецов.. имам чувство дека баш недела ќе го одберат за ден, ко по-тапа ден.. заради поедноставен транспорт и монтажа.. епа дечки ако сабајлечки одите некаде (се прибирате Nuts Big%20smile), фатете низ центар, можда баш тогаш ставаат некој споменик.. не заборавајте апарат.. лов на споменици е ова или што Tongue Big%20smile
 


Edited by SkyBoy - 04-May-2010 at 01:49
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 04-May-2010 at 08:26
Изгледа дека допрва ќе расте нишкава Big%20smile, дури ми личи дека Вести набрзо ќе бидат симнати од 2 позиција.
 
Originally posted by pbanks

Кога го почнував сајтот некој да ми речеше дека Споменици и скулптури ќе биде 3та најпопуларна нишка немаше да му верувам  LOL

1. Национална арена „Филип II Македонски“ (130,569)
2. Вести (60,933)
3. Споменици и скулптури (37,966)
4. Спортска сала „Борис Трајковски“ (35,136)


Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 04-May-2010 at 14:47
И јас така мислам... тек ќе расте, а што е со спомениците кои ќе бидат поставувани на мостовите, пред се мислам на око и м. на уметноста, нив каде ќе ги коментираме ? Nuts Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 04-May-2010 at 15:29
Originally posted by SkyBoy

а што е со спомениците кои ќе бидат поставувани на мостовите, пред се мислам на око и м. на уметноста, нив каде ќе ги коментираме ? Nuts Big%20smile
Веројатно е најдобро да ги коментираме во тие нишки. Ова е општа нишка, за сето тоа што нема поспецифично место (како на пример споменикот на Александар во Скопје или Филип во Битола итн.)
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 04-May-2010 at 17:15
Thumbs%20Up


Edited by SkyBoy - 05-May-2010 at 00:03
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 04-May-2010 at 22:23

Што се однесува до споменициве, денеска разбрав дека наводно ќе се поставувале 3-4 споменици на истакнати Албанци во центар како дел од проектот ск 2014 и најверојатно уште 5 на мостот на уметноста.

Мене ваквата идеја ми е сосема прифатлива, и сметам дека кон било која ЛИЧНОСТ од македонската турбулентна историја, која придонела за нејзино опстојување и развој треба да се оддаде признание. Ако тоа е со поставување на споменик - моја поддршка.
 
Исто така разбрав дека до крајот на месецот или почетокот на следниот, ќе биде поставен и споменикот на Ченто изработен во мермер (пред Тренд).
 


Edited by SkyBoy - 05-May-2010 at 00:03
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 04-May-2010 at 23:38
SkyBoy, ај што сум против некои од спомениците, да го оставиме тоа настрана. Значи во сите 1000 испишани страници досега, (скоро) никој не се бунел против тоа да се оддаде признание преку споменик, туку сите што се бунеле се бунеле против тоа да се оддаде признание преку theme park со 100 споменици на километар квадратен. Тоа е смешно. Ни во СССР го немаше тоа. Друго е 100 скулптури на купче како во Рим (кој на сите ви е омилен за споредба), друго се 100 споменици/паметници на купче. Не е ова учебник по историја. За тоа има музеј (кој btw ќе биде на само 100 метри отспротива, и ќе има неколку од овие батки и во восочна форма).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #775 Posted: 04-May-2010 at 23:55

гитар

се согласувам, затоа реков (сакав да кажам) ако веќе мора да е споменик, нека биде.. би го прифатил.. ако пак има други алтернативни решенија - сум за, натрупаност и мене не ми се свиѓа особено без никаква поврзаност..
 
ако не се лажам на мостот на уметноста ќе има од поновата историја на македонија (19/20 век), а на око - антика.. така да, колку год чудно да изгледаат мостовиве, се фомираат некои засебни целини, themes Big%20smile
 
Да не забегуваме, проектот во целина е специфичен..
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #776 Posted: 05-May-2010 at 18:39

Крени го копитото, спушти ја расправата

Дали коњот на Даме Груев требало да биде кренат на две нозе или мирен се прашањата од новата расправа за проектот „Скопје 2014“, кои припаѓаат на семиотичкото толкување на скулптуралната композиција, кое наеднаш ја поклопи и досега јалово спроведената расправа за балансот како најважен елемент на јавната политика

 
Требало ли Гоце Делчев, кој бил учител, визионер и идеолог, да биде претставен на коњ? И дали коњот на Даме Груев, кој бил борец и револуционер, треба да биде мирен или скулпторската композиција морала да предвиди повеќе движење и да го претстави кренат на задните нозе?

Овие прашања од областа на семиотиката на уметноста деновиве отворија ново поглавје во расправата за новопоставените скулптури на Делчев и на Груев на градскиот плоштад.

Да, точно е, секоја скулптура со начинот на кој е поставена нејзината композиција испраќа порака до публиката, но за разлика од прецизните средновековни правила и канони, новата уметност, не само скулптурална, е ослободена од нив и препуштена на индивидуалната релација што се воспоставува или не меѓу авторот, делото и публиката.

- Тоа не се ликовни правила, туку канони позајмени од историјата на уметноста, кои му припаѓаат на некое друго време. Во новиот век не постојат такви правила - вели Беди Ибраим, професор по скулптура на Факултетот за ликовна уметност.

Поставеноста на секоја скулптура претставува семиотички код, кој се толкува во согласност со кодексот на толкувања на уметноста, почитуван низ историјата. Коњаникот на коњ во мирна позиција или во кас испраќа друга порака, различна од јавачот на коњ, кренат на задните нозе, како што обично се претставувани воините, кои загинале во битка. Кренатата лева рака испраќа еден значенски код, а кренатата десна - друг.

- Да, познати ми се тие правила, но сметам дека делото, пред сé, треба да е авторско видување на настанот или на личноста, па затоа не сакам да размислувам во рамките на тоа дали скулптурите на Делчев и на Груев исполнуваат дадени скулпторски правила, туку дали се авторски издржани - вели сликарот Коле Манев.

Тој и самиот е исправен пред сериозна државна нарачка. За Музејот на жртвите на револуцијата веќе го изработи портретот-фигура на Ѓорѓија Пулевски, а сега работи на сликата со димензии 5 х 4 метри, што треба да го претстави Кресненското востание.

- Овие правила што биле кодекс во средновековното творештво сега слободно се интерпретираат. Ако сакате да прикажете бунт, енергија - претставувате движечка фигура, ако сакате да постигнете контемплација - претставувате мирна фигура. Иако, би рекол дека таквите промислувања се своевидни изговори за прашањето дали е изведбата добра или не е - вели Манев.

Како и многумина скопјани, и тој деновиве дошол на плоштадот да ги види новопоставените скулптури на својот колега Жарко Башевски.

- Се ослободив од тежината. Би рекол, добро се направени и може да стојат без да се срамиме - вели Манев.

Естетската расправа за евентуалните семиотички превиди на скулптурите на Делчев и на Груев е изненадувачка нова епизода, која ги продолжува досегашните доста јалови расправи за проектот „Скопје 2014“. Проектот за уредување на централното градско подрачје, кој почна да се реализира без претходна јавна расправа, разви дополнителна дискусија, која и натаму не дава здрава аргументација, зашто се одвива како своевиден разговор на глуви.

При тоа еднакво се гласни двете страни - и поддржувачите и бранителите. На економските аргументи на противниците на „Скопје 2014“ од типот за несреќното темпирање на почетокот на проектот во време на рецесија, поддржувачите одговараат со историската, досега дури и задоцнета, нужност да им се изградат споменици на значајните личности од историјата.

- Кому му пречи Гоце Делчев - е противаргумент, кому тешко може да му се најде соодветен одговор, без при тоа да биде засегнато прашањето за патриотизмот на „противникот“.

На обвинувањата од противниците за споменична мегаломанија во услови на неподносливи и недозволени услови за лекување во психијатриските клиники, на пример, поддржувачите одговараат со неопходноста Македончето да го исправи ‘рбетот. Но тоа е, сепак, артилерија од различен калибар, која е некомпатибилна за иста битка.

Прашањата од неостварената јавна расправа за проектот „Скопје 2014“, сепак, не се во семиотичкиот код на скулптуралната композиција (иако сосема легитимна е и таа расправа), туку во балансот како најважен елемент на јавната политика. Како што велат познавачите, прашањето на политиката не е „или(клиники)-или(скулптури)“ туку „и(клиники)-и(скулптури)“, во балансирана пропорција што ќе овозможи непречено функционирање на системите во општеството и исправање на евентуалните историски грешки со просторното уредување и историското одбележување, направени во меѓувреме.

Кога и како ќе се гради, конечно, е легитимен избор на актуелната власт, врз чија основа потоа се проценува нејзината успешност или неуспешност во одминатиот мандат. Недостига само конзистентност во концептот, што може да се препознае и во најновава т.н. естетска расправа. Или ако веќе се работи во духот на класичарските традиции, што иако е анахроно е сосема легитимен избор на секоја власт, тогаш барем нека се почитува тоа докрај. Зашто за традиционално изработени скулптури треба да важат и сите класични канони при нивната изработка, во согласност со строгите правила на епохата од која е позајмен стилот.

- Рамките, очигледно, се прецизно зададени од Владата. Тоа што го нарачала - тоа го добила. Но ако се почитувал класицизмот, тогаш тоа не е сторено докрај, пренебрегнато е нешто што одело во тој пакет - вели Анета Серафимова, византолог.

Резимирајќи ја сета оваа ситуација, културната теоретичарка Сузана Милевска во интервју за „Нова Македонија“ неодамна изјави:

- Дихотомскиот приод кон уметноста, кој на едната страна ги разгледуваше прашањата за формата и стилот како естетички категории, а на другата прашањата на содржината, историско-општествениот контекст и етиката како вонестетски прашања е ограничен и ирелевантен.
 
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #777 Posted: 05-May-2010 at 20:16
Има многу убав израз за ова - тапани после свадба, што ако му е левата нога крената, а умрел во постела или се чеша со десна рака, веќе кога се ставени на постамент...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #778 Posted: 06-May-2010 at 12:14
Осамна една чудна ко недовршена скулптура пред гимназијата Ј.Б.Тито


05-2010

Edited by Vladimir P - 06-May-2010 at 12:15
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Macedonian View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Macedonian Quote  Post ReplyReply #779 Posted: 06-May-2010 at 18:03
Originally posted by Vladimir P

Осамна една чудна ко недовршена скулптура пред гимназијата Ј.Б.Тито


05-2010

Оваа ја направија пред 1 месец ама незнам што значи
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #780 Posted: 07-May-2010 at 22:34

За споменикот на Ченто 850.000 евра

Мермерниот споменик на Методија Андонов Ченто најверојатно ќе биде поставен во првата недела од следниот месец, на 6 или 7 јуни, на плоштадот Македонија. Како што неофицијално дознаваме, изработката на овој споменик чини околу 850 илјади евра, колку што заедно чинат неодамна поставените бронзени паметници на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев. Освен обележјето на Ченто, готови и донесени во Скопје се два од четирите лава, кои наскоро ќе бидат поставени на мостот „Гоце Делчев“.

За сите овие споменици се готови бетонските делови од постаментите, исто како и за спомениците на светите Климент и Наум Охридски, како и на нивните учители, светите Кирил и Методиј, кои ќе се поставуваат на другата страна од Камениот мост. Се шпекулира дека споменикот на браќата Кирил и Методиј ќе биде поставен на 24 Мај - Денот на просветителите, затоа што постаментите веќе се обложуваат со мермер.

Во исчекување сме на споменикот на Никола Карев, кој качен на коњ ќе биде поставен пред Собранието, а за негово леење ќе бидат исплатени 715.000 евра. По овие, следни за поставување ќе бидат споменикот на цар Самуил, кој ќе биде вториот паметник во мермер, обележјето на гемиџиите, за кое имаше информации дека чини милион евра и на Јустинијан Први.
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.510 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.