build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 201>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 20-Jan-2009 at 14:28



На секои сто метри - скулптура

 Тоа е премногу - коментира еден скулптор. И историчарите на уметност, уште при првите најави за серијата скулптури планирани за поставување во централното градско подрачје, искоментираа дека со тоа само ќе се зачини урбаниот хаос. 



Applause
ne da e premnogu da ima na sekoj cekor skulptura,pa vaka ako gi postavuvaat nie ke bideme grad so najmnogu skulpturi.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 20-Jan-2009 at 14:36
Сакам да кажам дека неможе вечно да кукаме дека улиците не чинат! И неможе вечно тоа да биде изговор за неставање споменици со цел повеќе средства да отидат за инфраструктура. Ајде сега стварно е премногу 36 споменика, ама таквите коментари се даваат и ако се работи за една единствена скулптура. Секогаш ќе може да се прави нешто ново во инфраструктурата што незначи дека нема да треба ни е еднаш да се одвојоат чат-пат пари за уметност.

Како прво незнам од каде го вадиш заклулучокот дека наводно не е сега времето! Dunno А кога би било?! Еве кажи ми листа на предуслови за да биде времето за поставување на некој споменик. И јас сум против исполитизираноста на пректов.

Ако мислиш на александар и слично дека не е времето тогаш јас ќе поставам едно друго прашање. Ова може да се продолжи у соодветната нишка, не тука!

Тоа со идентитетот ептен не си ме сватил! Сакав да кажам дека после подолг период ова е културен проект којшто нема допирни точки со кампањата "за зачувување на идентитетот".

Edited by lslcrew - 20-Jan-2009 at 14:46
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 20-Jan-2009 at 15:23
Previousnema odredeno vreme za postavuvanje na spomenici,a za aleksandar e drug muabet i kako sto rece za nego na drugo mesto.moze ne se slagame so spomenicive,za mene malce se prerano postaveni,ima milion drugi prasanja nereseni,a niv im doslo do spomenici,aj spored tebe kukame za ulicite ama koga ke dojde turist sto poveke ke mu ostavi vpecatok,kakov spomenik sme imale t.e kolku spomenici ili kolku pplatil za popravka na negovata kola zasto zaglavil vo nekoja dupka kaj nas i propadnal vo kal do kolena?normalno deka i spomenicite ama poveke mislam deka ke bide ulicata i nesredenoto mesto.zashto za da stigne do toj spomenik ke treba da pomine milion rupi..
aj da postavat nekolku spomenici,ama na sekoj cekor e preterano i prenatrupano,jas za toa se bunam...

Edited by Б.Ѓ.Т - 20-Jan-2009 at 15:26
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 20-Jan-2009 at 15:38
Originally posted by Б.Ѓ.Т

Previousnema odredeno vreme za postavuvanje na spomenici,a za aleksandar e drug muabet i kako sto rece za nego na drugo mesto.moze ne se slagame so spomenicive,za mene malce se prerano postaveni,ima milion drugi prasanja nereseni,a niv im doslo do spomenici,aj spored tebe kukame za ulicite ama koga ke dojde turist sto poveke ke mu ostavi vpecatok,kakov spomenik sme imale t.e kolku spomenici ili kolku pplatil za popravka na negovata kola zasto zaglavil vo nekoja dupka kaj nas i propadnal vo kal do kolena?
aj da postavat nekolku spomenici,ama na sekoj cekor e preterano i prenatrupano,jas za toa se bunam...


Види бе како ме свати, како да реков да не се чепнат улициве! Кај нас планирањето е во криза затоа и се јавуваат вакви аномалии. Одозгора централната власт со декрет се убацува во сметките на локалците и тоа што било малку испланирано веќе не вреди. Мора јасно да си имаме зацртан процент колку иде за инфраструктура колку за култура колку за плати колку за донации и слично. Па ако има пари, за све ќе има, ако има мањак у сите домени ќе има мањак. Друга работа како да ние скулптуриве ги праиме за туристи. Може ли малку уметност за своја душа да направиме. Вечина Македонци купуваат слика само за свадба! Така да ова е уствари истата работа. Уметноста не е за себе недо како поклон за туристите, за гостите. Ако сакаме да погледнеме друг агол, тогаш.... Ниеден турист не отишол некаде за да се изнагледа нови улици и да се иначуди на ифраструктура (освен македонците. Што сме сироти ние Македонците, чекаме да се качиме на авион и да се изнавозиме у метро и да плукнеме од дваести кат! Ohno До кога ќе го трпиме овој темен облак ......) Малку избегав!

Ако прочиташ погоре ќе видиш и јас дека ја искритикував бројката од 36 склуптури кои не дека се многу, но проблем е што се ставаат од еднаш и дека не се доволно дисперзирани, премногу се набиени блиску.


Edited by lslcrew - 20-Jan-2009 at 15:40
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 20-Jan-2009 at 15:45
Originally posted by lslcrew

.... Ниеден турист не отишол некаде за да се изнагледа нови улици и да се иначуди на ифраструктура (освен македонците. Што сме сироти ние Македонците, чекаме да се качиме на авион и да се изнавозиме у метро и да плукнеме од дваести кат! Ohno

Нема што, ме обори реченицава. Б Р А В О  Applause
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 20-Jan-2009 at 15:54
Originally posted by Vladimir P

Нема што, ме обори реченицава. Б Р А В О  Applause
Bow

Душава ми се стега кога гледам колку народов е напатен и сирот и пак знае да понекогаш да биде задоволен! Thumbs%20Up
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 20-Jan-2009 at 16:03


Да но на ова на ЛСЛ ќе дополнам дека никој не оди по градови да гледа ни статуи. Особено не денеска, урбаниот туризам има многу повеќе слоеви и димензии и никакво стихијно поставување на споменици нема да ни го компензира недостигот на истите.

Носечкиот слој е урбаната матрица, урбаната критична маса. Дали ние ја имаме?

Погоре во нишкава се спомнаа изложби, Вазарели. Колку интерес генерираше таа поставка? Колку културни содржини воопшто има во градов? Колку концерти, колку читања, колку има културни движења и организации? Колку книжарници има Скопје? Можам да одам до бескрај но одговорот ќе биде истиот. Многу малку споредено со било кој друг град со слична големина кој претендира да биде метропола.

Само една автентична урбана средина ќе ги привлече луѓето да не посетуваат а убавите статуи и детали во центарот на градот ќе бидат само гарнир во целата приказна и во едена таква констелација всушност природно ќе произлезат.

Во нашиот случај поголемиот дел од статуите ќе бидат само олицетворение на нашите комплекси и фрустрации и ништо повеќе.

Кажувајќи го ова се враќам на тезата која ја држи ArchiTechTone. Културата не може, не треба и не смее да се гради вештачки и институционално. Таа може да има институционална подршка но треба да произлегува од граѓаните, од уметниците... Таа треба да е одраз на нашето време, сведоштво на нашата креативност а не да биде компензација за нашето непрежалено и понекогаш непостоечко минато.


Edited by pbanks - 20-Jan-2009 at 16:03
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 20-Jan-2009 at 16:20
Originally posted by pbanks

... Погоре во нишкава се спомнаа изложби, Вазарели. Колку интерес генерираше таа поставка? Колку културни содржини воопшто има во градов? Колку концерти, колку читања, колку има културни движења и организации? Колку книжарници има Скопје? Можам да одам до бескрај но одговорот ќе биде истиот. Многу малку споредено со било кој друг град со слична големина кој претендира да биде метропола.

Не се сложувам,
Дневно во Скопје има толку збиднувања што човек кога би сакал физички не би постигнал. (можеме нишка за тоа но би била полна и заморна за полнење)

Originally posted by pbanks

... Кажувајќи го ова се враќам на тезата која ја држи ArchiTechTone. Културата не може, не треба и не смее да се гради вештачки и институционално. Таа може да има институционална подршка но треба да произлегува од граѓаните, од уметниците... Таа треба да е одраз на нашето време, сведоштво на нашата креативност а не да биде компензација за нашето непрежалено и понекогаш непостоечко минато.

Во потполнос се сложувам,
Но стварноста кај нас и надвор не е така идилична
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 20-Jan-2009 at 16:20
Донекаде да! Најголем фактор за да се посети некоја дестинација е пред се угостителството и како сајд-фактор може да биде архитетура, уметност, природна убавина и слично*.Недостатокот е факт и неможеме да го замижеме. Има една поговорка "Ако некоја работа не си ја завршил на време има две најдобри времиња кога тоа да се направи. Едното време е пред некој период кога уствари требало, а воторото време е сега!" Така ако ние не сме имале континуитет у скулптурите, најдобро време е на не се претрупува сега него да си се почне на време и да се создава самостојна скопска школа и да си биде уникат и препознатлива а не тоа да се прави со декрет и со камион скулптури одеднаш!

Ги спомна вазарели и другите културни настани. Кај нас недостасува маркетинг. Информирање има и е лесно достапно за тој што сака да прочита, ама нема реклама за да се вбризга информацијата во јавноста. Еве видете добро изрекламиран филм неможеш да дојдеш на ред за карта за во кино. Па каде се тука театрите да се рекламираат?! Каде се музеите да се рекламираат! Па ја до скоро незнаев дека има музеј на кале у некоја си куќа. Јас сум крив штоне сум дознал или они  се криви што не ми кажале?!

За да ни произлегува уметноста од некаде сама треба да се постави нешто за почеток, но најмалку вака како сега. Треба да се почне внинателно и да се гради после само од себе.

И јас се слагам со архитектоне, само што овдека нема директен политички упад во уметноста, односно иконографијата не е политичка како што е тоа случај лавовите. Тука политички е причината за поставувањето односна начин на дигање преизборна фама.

*кога се македонците во прашање, дополнителен фактор е што подолга километражада биде тоа. Зашто, ич не ми е јасно!


Edited by lslcrew - 20-Jan-2009 at 16:26
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 20-Jan-2009 at 21:29
Originally posted by Vladimir P


Не се сложувам,
Дневно во Скопје има толку збиднувања што човек кога би сакал физички не би постигнал. (можеме нишка за тоа но би била полна и заморна за полнење)


Да дефинитивно не се сложуваме околу ова но би било офтопик да продолжиме да спориме околу истото.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9079
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 20-Jan-2009 at 21:45
Originally posted by lslcrew


Ги спомна вазарели и другите културни настани. Кај нас недостасува маркетинг. Информирање има и е лесно достапно за тој што сака да прочита, ама нема реклама за да се вбризга информацијата во јавноста. Еве видете добро изрекламиран филм неможеш да дојдеш на ред за карта за во кино. Па каде се тука театрите да се рекламираат?! Каде се музеите да се рекламираат! Па ја до скоро незнаев дека има музеј на кале у некоја си куќа. Јас сум крив штоне сум дознал или они  се криви што не ми кажале?!

За да ни произлегува уметноста од некаде сама треба да се постави нешто за почеток, но најмалку вака како сега. Треба да се почне внинателно и да се гради после само од себе.


Не ти ја разбирам логиката. Како уметноста сама од себе треба да постави нешто? Уметноста ја прават луѓето, тие треба да ја изградат свеста и осетот за нејзе. Неможе обратно тоа да иде.

Примерите не ти се на место. Маркетингот во Скопје има ефект само некои настани да ги направи извикани и да ги пополни со помодари. Ништо повеќе.
Но и повторно се враќаме на тоа дека треба да има што да се рекламира за да дојдеме до маркетингот а јас стојам на тоа дека за град од 800.000 жители Скопје е анемично на културен план.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 22-Jan-2009 at 14:19


Не сакам да звучам сега како преизборен активист , ама мислам дека еден од свирачиве сега е пред седиштето на една партија (На Бихачка). Ако не е некој од свирачиве, тогаш се работи за некоја друга слична скулптура којашто треба да ја архивираме. Може така ми заличело на тв, како на овој првиот свирач од лево.


Edited by lslcrew - 22-Jan-2009 at 14:22
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 22-Jan-2009 at 15:01
Сигурно не е еден од свирачите, тоа е друга за мене скулптура која неможам да ја сварам
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 22-Jan-2009 at 19:25

Избрани четири труда за спомениците во Центар

Избрани се авторите на четири труда за изградба на спомен-обележја во центарот на Скопје. Ќе им се гради споменик на Светите Кирил и Методиј, чиј автор на трудот е Жарко Башевски, на Првото заседание на АСНОМ (Слободан Милошевски), на свети Климент и Наум Охридски (Перо Кованцилиев) и на Основачите на македонската револуционерна организација (Ангел Корунов). Конкурсот за споменикот на македонските бранители е поништен и ќе се повтори.

Според одлуката на Општина Центар во строгиот центар на Скопје се планираат 19 споменици. Освен посочените пет, на листата се Александар Македонски, Крсте Петков Мисирков, ајдутскиот арамбаша Карпош, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов-Ченто, Цар Самоил, гемиџиите, цар Јустинијан Први, украинскиот поет Тарас Шевченко. Ќе биде подигнат и паметник за паднатите херои за Македонија, на загинатите пилоти од мисијата „Алтеа“ во Босна, како и обележје со наслов „воин“. Досега се поставени два: споменикот на Карпош кај Камениот мост и на Мисирков кај плоштадот Пела.Споменикот на Никола Карев се предвидува да биде пред парламентот, а на Гоце Делчев и Даме Груев кај Камениот мост. Цар Самуил ќе биде поставен пред кафулето „Тренд“, а Ченто пред „Дал Мет Фу“.

Според градските власти, со одлуката за подигање на 19 споменици Центар не го почитува Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. Градоначалникот Трифун Костовски обвини дека сите споменици, вклучувајќи го и оној на Александар Македонски на плоштадот Македонија, ќе бидат дивоградби, зашто Општината одлуките ги донела на своја рака и без консултација и одобрение од градските власти.

 (Ј.И.)



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=49612C58120CE448AFAE681808DF69D9
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 22-Jan-2009 at 23:08
Многу интересно интервју, кој има време нека прочита. Ми се допаѓа неговиот начин на гледање на работите и верувам дека баш поради тоа неговата скулптура е најпопуларна.

ИНТЕРВЈУ СО ВАЈАРОТ ДИМИТАР ФИЛИПОВСКИ, АВТОР НА СКУЛПТУРАТА КОЈА ГИ РАЗДВИЖИ СКОПЈАНИ


Шмизлата - еротична, упадлива и препознатлива


Скопје треба да има нешто што кога ќе влезе некој странски турист ќе го насмее, ќе се фотографира до него и кога ќе се врати дома ќе прераскажува за тоа каква скулптура видел. Како што јас раскажував за човекот со чадор што го видов во Фиренца


Веднаш по поставувањето на улицата Македонија, скулптурата Шмизла предизвика бурни реакции кај скопјани. Според едни топ, според други кич, и за едните и за другите - провокативно дело, кое нема да ве остави рамнодушни...
Шмизла е субкултурен поим кој се обнароди со голема брзина во последниве десетина години. Тој не постои како збор во литературниот јазик. Шмизла е сленг. Шмизли се оние што глумат гламур, но во евтин и простачки кожурец. Некои под шмизла подразбираат нешто друго, а некои воопшто ништо... па веројатно и од таа категорија на граѓани доаѓаат и оценките дека скулптурата Шмизла е кич. Како и да е, интересно ми е да го набљудувам сето ова што се случува со и околу скулптурата. Инаку, ваков вид на скулптури се среќаваат по европските големи градови. Кој бил и видел може да зборува за скулптура на двајца старци што седат на клупа, келнерка со послужавник во рака, човек што врзува врвки на чевлите... шмизла што шета и се јавува на мобилен на друга шмизла за да и каже што си купила...

Зошто токму шмизла? Од каде идеја да конкурирате токму со ваква скулптура?
Идејата за шмизла, едноставно, се роди кај мене додека размислував каква скулптура би поминала на овој конкурс и што е тоа што треба да постигне овој проект на Министерството? Сфатив дека Скопје треба да има препознатлива, упадлива скулптура со доза на еротика. Нешто што кога ќе влезе некој странски турист ќе го насмее, ќе се фотографира до него и кога ќе се врати дома ќе прераскажува каква скулптура видел во Скопје. Како што јас раскажував за човекот со чадор што го видов во Фиренца.

Министерството за култура најави поставување на вкупно 36 скулптури во Скопје...
Мислам дека потегот на Министерството беше добар, одличен. Факт е дека досега во Скопје немавме баш и некои, мали и симпатични скулптури кои нема да ве остават рамнодушен, освен Трубачите кои за жал ги украдоа. Затоа сметам дека Скопје навистина ќе добие еден нов, повесел и шармантен лик со овој проект на Министерството. Сега некој обвинува дека е ова кампањски, но добро е што конечно има почеток и шанси за повеќе автори, па наречете го кампањски или како сакате. Ќе посочам само еден пример. Во Софија, Академијата поставува по 10-ина скулптури од студенти годишно низ Софија и никому тоа не му смета. Овде, внимавајте, поставувањето на скулптурите го осудија и исплукаа без воопшто и да ги видат скулптурите. Тоа е момент кој упатува на други позадини... но нејсе, ќе пројде и тоа.

Воедно Вие и ги леете скулптурите. Која е границата - разликата меѓу вајарството и леењето?
Да, јас самиот ги леам скулптурите од бронза и многу сум горд на тоа. Порано сите уметници самите си ги лееле своите дела. Во мојата фамилија веќе 40 години е традицијата на леење на скулптури во бронза. Во нашата леарница е излеан и споменикот на светите Кирил и Методиј поставен во универзитетот, споменикот на г.г Доситеј, во Соборниот храм, и многу други. Процесот на лиење во бронза е многу тежок, бара многу прецизност, вештина, знаење. Имав среќа да се родам како син на голем мајстор-леар од кого и се научив. А за границата меѓу вајарството и леењето...

Па, види... кај нас под вајарство почнаа да се провлекуваат многу работи. Разни инсталации, објекти, кутии, жици и што уште не, се поистоветуваат со вајарство. Фигуративната, асоцијативната, па дури и апстрактната скулптура имаат многу врска со леењето. Тенка е линијата што спојува и раздвојува. Разликата е во тоа што во вајарството работите со глина и гипс претежно, а во лиењето со бронза. Она што ги спојува е дека за двете треба да имате вештина и да бидете подготвени на бескомпромисно жртвување во служба на уметноста.


Димитар Филиповски е роден 1975 во Скопје, каде 1998 завршил Факултет за ликовни уметности-вајарски оддел. Негови дела се скулптурите ,,Жена-пеперутка" во Струмица, ,,Дивокоза" во Маврово и ,,Рис" во Охрид, како и скулптурата ,,Сила" поставена на плоштадот во општина Сарај, сите од бронза. Филиповски има остварено студиски престој во Италија, кај познатиот италијански скулптор Винченцо Бјанки, а негова скулптура исклесана во камен има и во Италија во Червара ди Рома...

Стручно се усовршувал и во ателјето на академикот Томе Серафимовски, каде последниве 10 години работел на сите негови големи споменици. Моментално е професор во Средното уметничко училиште во Скопје.


Даниела ТРАЈКОВСКА



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 22-Jan-2009 at 23:43
Дефинитивно нема граќанин кој сеуште неможе да ги прежали тие свирачи!

Патем, дечково дава одлична дефиниција за терминот шмисзла. На facebook се прошири некоја слика од шмизлава и веќе видов доста девојки истагирани на стиката!


Edited by lslcrew - 22-Jan-2009 at 23:43
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 22-Jan-2009 at 23:53
Originally posted by lslcrew

Дефинитивно нема граќанин кој сеуште неможе да ги прежали тие свирачи!

Патем, дечково дава одлична дефиниција за терминот шмисзла. На facebook се прошири некоја слика од шмизлава и веќе видов доста девојки истагирани на стиката!


„Девојче“ и  „Мачка“ никогаш нема да бидат прифатени како „Шмизла“.

Особено девојчето, тоа е дефиниција за језиво
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12066
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 23-Jan-2009 at 00:32
Свирачите дефинитивно треба повторно да се изработат и постават на истото место!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7074
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 23-Jan-2009 at 16:11
колку и да нејќеме да прифатиме вакви скултури сепак шмизлата е карактеристична за градов и држи симболика, сигурно повеќе од некоја мачка, шмизлите сигурно се гордеат Big%20smile
и патем скулптурата карши музеј на град скопје (мислам дека беше за земјотресот) е поеротична од шмизлата LOL (се шалам нормално)
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 23-Jan-2009 at 19:13
Originally posted by zabegan

колку и да нејќеме да прифатиме вакви скултури сепак шмизлата е карактеристична за градов и држи симболика, сигурно повеќе од некоја мачка, шмизлите сигурно се гордеат Big%20smile
и патем скулптурата карши музеј на град скопје (мислам дека беше за земјотресот) е поеротична од шмизлата LOL (се шалам нормално)


Кога веќе ја спомна, сакам да кажам дека таа скулптура на некој чуден начин ми се допаѓа. Немам сомнеж во тоа дека Томе Серафимовски е одличен скулптор, но предолго се поставуваат неговите скулптури додека младите скулптори чекаа на нешто вакво.

Да не ја заборавиме онаа скулптура наспроти скулптурата што ја збориме,, таа со некаква апстрактна форма...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213 201>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.