build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Споменици и скулптури (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 202>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 31-Jan-2009 at 23:35


Уставниот требаше до сега 100 пати да излезе со пресуда, ова сепак не е којзнае колку комплициран случај.

А и да е предизборие, пак што има врска. Уставниот суд не смее да го интересираат такви работи! Единствено што смее да го интересира е правната логика и запазување на фер постапка.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 31-Jan-2009 at 23:40


Не е само тоа во прашање.

Пред 3 години ДУПот кај Рамстор беше оспорен и затоа се оддолжи почетокот на изградбата на објектот на НЛБ Тутунска. Овие вести ги имаме евидентирано на ССЦ а и ги имам некаде на компјутер.

Значи инвеститорот не се дрзна да инвестира додека устваноста на ДУПот не беше утврдена.

Колку што знам тоа не само што е етички и коректно од страна на инвеститорот туку и тој нема право да почне да гради пред исходот од уставниот суд.

Доколку уставниот суд утврди дека се е регуларно околу измените на Мал ринг тогаш државата ќе ги девалвира архитектурата, урбаното планирање и уметноста како дисциплини но барем ќе имаме правно јасна слика.

Во моментов со сеење на дивоградби во сред центар се девалвира цел правен систем и уставен поредок токму од оној што треба да го брани и се промовира принцип на феудално одлучување.

Wallbash


Edited by pbanks - 31-Jan-2009 at 23:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 31-Jan-2009 at 23:43
Уставниот сум треба да е најизолирана и самостојна институција во судската власт, ама за жал не е така. Судиите како и сите други се партизирани, пошто впрочем и другше неможе да бидат судии, пошто нели ги назначува собрание. Има одлична политичка рамномерсност во редовите на тој суд, ама како жто кажав не е од интерес на самиот суд и на одлуката да биде соопштена сега! Крај крајева и не е толку лошо, ама се тактизира. Јас барем така мислам дека е донесена и се чува во фиока да се види расположението на новата власт.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 31-Jan-2009 at 23:45
Originally posted by lslcrew

Јас барем така мислам дека е донесена и се чува во фиока да се види расположението на новата власт.
Па каква одлука би било тоа доколку е вака како што мислиш?????????


Крај крајева и не е толку лошо, ама се тактизира.
Богами многу е лошо, овие симптоми не смеат да се игнорираат или релативизираат, затоа што ги рушат темелите на цело општество!!!



Edited by Cloverstack - 31-Jan-2009 at 23:48
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 31-Jan-2009 at 23:47
Па таква забошотена у еден случај (промена на раководство кое е расположено за заебување на мал ринг), а објавена во друг случај многу скоро.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 31-Jan-2009 at 23:53
Originally posted by lslcrew

Па таква забошотена у еден случај (промена на раководство кое е расположено за заебување на мал ринг), а објавена во друг случај многу скоро.
Кога би земале дека работите висат вака како што кажуваш (можеби), тогаш каква е логиката воопшто да има веќе одлука која би се чувала во фиока. Стварно не разбирам.
Ај да кажеше дека можеби има две „одлуки“ кои се чуваат во фиока и ќе се избере „правата“ во зависност текот на настаните ќе разберев.

Ама и покрај сомнежите, нема да коментирам понатака за уставниот суд додека не ја видиме пресудата или додека не пукне филмот од чекање доколку смислиле бесконечно да го одлагаат ова прашање.

Сега за сега почитувам пресумпција на невиност.


Edited by Cloverstack - 31-Jan-2009 at 23:53
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 01-Feb-2009 at 23:30
прашање до сите - дали воопшто некоја од планираните преку 30 скулптури ќе се постават на други локации освен на плоштад Македонија, Улица Македонија и Жена Парк?

Ако нешто најповеќе не можам да сварам е зошто сите тие гомила статуи сакаат да ги збутаат во само тие три локации кои, секоја по-одделно, просторно и естетски, не можат да трпат повеќе од 3-4 споменици, а се планираат десетина на секоја од нив!

Има безброј останати локации во поширокото централно градско подрачје каде може и треба да се постават скулптури: платото пред Основен Суд 1 и 2 (идеална локација за споменик на Јустинијан поради симболиката на неговата улога во кодификацијата на правото - воедно тука веднаш е и Правниот факултет кој го носи неговото име), платото пред Универзитетската библиотека (ова беше идеална локација за споменик на Мисирков), платото пред Пошта 1 (супер локација за некоја модерна скулптура, откако ќе се уреди тој простор како сквер - сега е права џунгла), паркот помеѓу зградата на парламентот и Министерството за надворешни работи (ова е соодветна локација за скулптура на лице од поблиското политичко минато на МК - како Ченто), паркчето спроти Хотел Бристол, Старата чаршија, кампусот на скопскиот универзитет, платото пред МАНУ и МКЦ, тревниот простор пред возобневаната црква Св Богородица (за статуи на светци со потекло од овие простори), итн итн...

Edited by anDarko - 01-Feb-2009 at 23:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 01-Feb-2009 at 23:53


Одлична поента и одлични предлози. Ни мене не ми е јасно зошто би се трупале толку статуи на мал простор, небаре се работи за некаква излжба под отворено небо.

Особено ми се допаѓа локацијата што ја предложи за Јустинијан  Applause
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 02-Feb-2009 at 00:00
а Јустинијан чинам сега е предвиден да се постави залепен до Камени мост, на пониското ниво, веднаш под новиве две скулптури (вљубени и човек-дрво)...ужас...до толку осет за простор да се немало...Wallbash а платото пред судска палата на просторот каде сега се наоѓа онаа јадна фонтана од социјалистички тип е совршена локација за споменик на Јустинијан кој ќе биде свретен према раскрсницата и Мавровка...

мене пак омилена локација која плаче за средување е платото/влезот во Пошта 1 - колку само би бил тој простор прекрасен да се поплочи во интересен сквер ориентиран кон Вардар и на него да се постави модернистичка скулптура која ќе се вклопи во архитектурата на објектите на Пошта и Телеком...еве ми фантазија за пред спиење...која тешко некогаш да стане јаве...Roll%20eyes


Edited by anDarko - 02-Feb-2009 at 00:01
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 02-Feb-2009 at 11:22
@anDarko и јас имам слична визија како твојата во врска со споменициве и мислам дека тука работата сепак може да се оправи.

Споменици рушат само варварите како што вели на крајот статијата на Фокус која ја постирав неколку страни поназад. Но тоа не значи дека не може да ги разместиме на локациите кои ги посочуваш или пак на некои други алтернативни локации во иднина.

Единствено смртно се плашам од статуата на Александар. Ако е навистина таков мастадон како што се најавува каде и како тоа би се дислоцирало останува тешко да се замисли. За сето друго мислам дека има чаре.

Конкретно ако го прескокнам начинот на кој сето ова се случува против статуите од типот на Заљубени, Шмизла или Човек Дрво немам ништо против. Проблемот е тоа што кога ќе се натрупаат сите статуи што се планираат комплетно ќе се загуши просторот.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 02-Feb-2009 at 12:50

Александар лесно може да се дислоцира со хиликоптер на Кале дури и навистина  да е толку голем што не верувам, мислам дека од таму ќе има уште по впечатлива глетка на него а и симболиката е блиску до паметот. иако пологично е на калето да има споменци од владетелите од касна антика и среден век како Св.Јустинијан или цар Самоил со оглед дека во нивно време СК бил поважен град, а за Александар најлогично е гледано локациски да биде баш на плоштад како најголем владетел кој е произлезен од овиее простори а воедно во однос на денешниот центар на МКД, сепак калето добро основа ќе биде за да се потенцира ваквов лик...

вака сега како што стојат работите има една друга сопка  односно грешка во чекори, ова го велам пред се дека треба да се одлучиме ако има Црква на плоштад тогаш каков и да е лик спроти неа ќе делува многу пагански, во таков случај ќе се добие голем контраефект гледано и Црковно канонски и естетско архитектонски со оглед дека просторно ќе биде задскриена Црквата!

затоа се надевам дека доколку падне постојниов дуп некој ќе се одваѓи да направи после локалните избори законска ревизија ГУПот за СК, следствено на тоа и нови или дополнети дупови, каде некои работи ќе се разгледаат од малку поширок агол, вклучувајќи ги туку и спомениците, кои мислам дека е добро што постаментите бар на овие сега што се поставени не се засадени длабоко Smile односно има простор истите да се дислоцираат, можеби да се отвори некоја анкета или дебата каде која од понудените решенија ќе се вклопи најдобро, очигледно она мислење што го имав за тоа дека работат цели тимови архитекти и урбанисти на визуелизацијата на овие скулптури во просторот малку повеќе ми избледе сега откако го видов резултатот, реално може и работат тимови на оваа проблематика но седејќи во канцеларија и размислувајќи која акција е најатрактивна на македонската берза во моментов!

пак ќе кажам ме радува тоа што не се скулптуриве со масивни постаменти туку само едноставно позиционирани без многу големи интервенции, што значи утре во одреден момент истите во малку поинакви околности и атмосфера може да се дислоцираат, но потребно е за тоа да се истурка до крај доволно критична маса, односно треба некое НВО да досаѓа постојано и медиумски и нституционално за нешто да се подобри,  во спротивно ќе си останеме со ова импровизираните инсталации, конкретно она дрвото јас би го сместил или зад бивши рекорд односно риплеј она тревниците на Мин.Фин. или во паркчето кај јужен булевар односно спроти тинекс... вака сега како што е испланирано посебно на кејот ај што немаат никаква врска ова стопениве заљубени и сувото дрво со македонските владетели што треба на кеј покрај камени да се постават туку и со лавовите во линија ептен ќе бодат очи, се надевам дека ова е само експеримент кој лесно може да се дислоцира и оправи, за разлика од скоро и непоправливиот случај со првиот спрат од спомен куќата на мајка Тереза!    

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 04-Feb-2009 at 20:23
малку офтопик ама во врската со киоскот на сликата:
ете им добра локација за споменик или статуа, ако не грешам ова е на триаголникот кај мекдоналдс
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 04-Feb-2009 at 23:16
Originally posted by zabegan

малку офтопик ама во врската со киоскот на сликата:
ете им добра локација за споменик или статуа, ако не грешам ова е на триаголникот кај мекдоналдс


Забаган да добра е локација за скулптура, само уште да беше готов тунелот под плоштад за рекорд да беше печака зона! Вака само може повеќе гужва да се направи тука и да го подкачи некој возач.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 04-Feb-2009 at 23:30
Koj kiosk?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 04-Feb-2009 at 23:31
Карши мекдоналдс на рекорд!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 04-Feb-2009 at 23:32

Постот на забеган беше префрлен од привремени објекти каде беше оргинално постиран, па гледам овде се јави забуна во однос на точната локација која тој ја посочи. Според сликата од текстот верувам дека забеган мислеше точно на локацијата кај киосците кои се веќе во пешачка зона то ест на тротоар, па ќе треба да е некој ептен ненормален возач за да поткачи споменик тука Big%20smile

Еве ја сликата



Инаку се слагам со забеган, печена локација за споменик Thumbs%20Up



Edited by Cloverstack - 05-Feb-2009 at 01:56
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 04-Feb-2009 at 23:34
ОК фала за објаснувањето дечки Thumbs%20Up
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 05-Feb-2009 at 00:28
Originally posted by lslcrew

Originally posted by zabegan

малку офтопик ама во врската со киоскот на сликата:
ете им добра локација за споменик или статуа, ако не грешам ова е на триаголникот кај мекдоналдс


Забаган да добра е локација за скулптура, само уште да беше готов тунелот под плоштад за рекорд да беше печака зона! Вака само може повеќе гужва да се направи тука и да го подкачи некој возач.
мислам дека е доволно и ако се поплочи улицата што води до плоштад (како се викаше ја заборавив?) заедно со самиот триаголник каде што се наоѓаат киосците, така ќе се формира мало плоштадче кај што може да има и споменик во средината
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 10-Feb-2009 at 20:33
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 11-Feb-2009 at 12:20
OhnoOhnokakvi glupostiWallbashWallbashNuts
Александар ќе пее песни од Тоше на плоштадот
Скопје
Фонтаната со споменик на Александар Македонски што ќе се гради на плоштадот „Македонија“ ќе биде музичка, а во неа ќе бидат вградени и две песни од Тоше Проески. Ова вчера се најави како можно компромисно решение за спорот меѓу општината Центар и државата од една и градот од друга страна, во врска со тоа дали во централниот круг треба да се постави статуа на славниот антички крал или на трагично загинатата поп икона.

Содржините на фонтаната ги откри Виолета Аларова, градоначалничката на Центар, по нејзината вчерашна средба со Трифун Костовски, кој пред крајот на својот мандат ги посетува сите општини. Двајцата градоначалници не ги надминаа недоразбирањата во врска со уредувањето на централното подрачје и со спорните детални урбанистички планови, но се договорија да соработуваат додека се на функциите за да се направат неколку сообраќајни проекти во корист на граѓаните.

- Недоразбирањата траеја од почетокот до денеска, но сепак мораме да соработуваме. Фонтаната ќе биде навистина убава. Земјиштето е државно, а таа ќе се гради за граѓаните. Од неа ќе свири музика, по која ќе играат водоскоците, а ќе се вметнат и две песни од Тоше Проески. Среќна сум што со тоа ќе заживее плоштадот, на кој му треба вода, убавина,естетика, скулптури, да добие нов дух - рече Аларова.

За Костовски главен проблем е правната процедура за нејзиното поставување, бидејќи, како што рече, градот е надлежен за плоштадот и никој друг.

- Гледате, јас сум градоначалник на главниот град, а не добивам никакви информации за таа фонтана. Сега првпат слушам дека ќе била музичка. Едно е јасно. Ние сме владетели на плоштадот и без наша согласност никој нема право да го узурпира. Не знам само зошто бевме целосно исклучени од целиот проект, за разлика од општината. Ако фонтаната е предворје на Александар Македонски, тогаш јас сум против. Ако се посвети на Тоше, ќе се согласам - нагласи Костовски.

Тој додаде дека главната причина за несогласувањата со општината бил недостигот од дијалог, кој, според него, имал длабоки корени што доведувале до нивните спротивставени мислења. Градот и општината досега се искараа за фонтаната, за црквата на плоштадот и воопшто за целиот детален план за Малиот ринг, за планот со кој се предвидуваат стокатници и за неиздавањето градежни дозволи за сообраќајни проекти како клучката кај „Континентал“, проширувањето на Илинденска и друго. Главната тема на вчерашниот состанок била токму сообраќајната инфраструктура, односно што може да се направи до крајот на мандатите.

- Можеме да почнеме со проширувањето на Илинденска, на потегот од Владата до бараките на градската управа. Готов е и проектот за реконструкција на раскрсницата кај Тутунскиот комбинат, бидејќи тоа место е тесно грло по цел ден, а не само во одредени периоди. Проектите се готови, тендерите се завршени, изведувачите се избрани, се чека само да се подобрат временските услови и да почнеме со работа - рече Костовски.

Аларова на тоа додаде дека нема да ги кочат градските проекти и ќе се обидат што поскоро да ги завршат административните работи.





Костовски ќе се преиспитува, Аларова ќе објавува книги

Двајцата градоначалници веќе најавија дека нема да се борат за уште еден мандат на претстојните локални избори, а направиле и планови што ќе прават откако ќе си заминат од сегашните функции.
Костовски рече дека најпрво ќе се одморел.

- Сите трагаме по сопствен мир. Прво треба да направам рекапитулација на сработеното, дали сум направил се што сум планирал. Се сомневам дека целосно ќе ме снема од политичката сцена - додаде тој.

За градоначалничката на Центар, пак, почнуваат пензионерските денови.

- По 45 години работен стаж заминувам во заслужена пензија. Веројатно по малку ќе се занимавам со новинарство, а наскоро треба да излезе од печат и мојата трета книга. Среќна сум што полека ми се враќа стариот живот - рече Аларова.
 
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 202>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.654 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.