build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Споменици и скулптури (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 164165166167168 206>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3301 Posted: 10-Jul-2014 at 13:19
Оваа скулптура би требало да биде во Дојран. Да не знае некој каде поточно, дека јас никогаш ја немам видено.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3302 Posted: 10-Jul-2014 at 15:56
На кејот. Ја претставува Дојрана, според која езерото го добило своето име (барем според легендата).

Повеќе информации за легендата тука: http://www.dojran-info.com/index.php?option=com_content&view=article&id=25&Itemid=4&lang=mk

Edited by Џоле - 10-Jul-2014 at 15:57
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3303 Posted: 11-Jul-2014 at 00:20
ОГРАДАТА КАЈ МНР ЌЕ БИДЕ УКРАСЕНА СО ДЕВЕТ БРОНЗЕНИ ФИГУРИ


Оградата на Kејот на Вардар, на потегот од Министерството за внатрешни работи па с` до Археолошкиот музеј, ќе биде декорирана со девет нови бронзени фигури, а за нивно чување и одржување ќе се грижи Градот Скопје, се вели во Одлуката за нивно поставување, која следната недела ќе се најде пред Советот на Скопје. Четири од деветте фигури, како што е појаснето, се донација од неколку уметници, а за останатите фигури нема таква информација.

Kејот ќе добие поубав изглед

На оградата предвидено е да се постават бронзени елементи на просветителите Kирил Пејчиновиќ и Јоаким Kрчовски, учебникарот и филолог Партенија Зографски, уметникот Христофер Жефаровиќ, книжевникот Висарион Дебарски, охридскиот архиепископ Доротеј, монасите Евтихиј и Михаил, како и на светите Георги Kратовски и Прохор.

- Со нивно поставување, од едната страна, кејот ќе добие поубав изглед, а од друга ќе го надополнат културното наследство во градот Скопје со што би се добила една целина - објаснуваат надлежните градски власти.

Оттаму потенцираат дека уметниците Димитар Филиповски, Kристина Пауновска, Зоран Тошевски и Слободан Милошевски, решиле да донираат четири фигури- безусловно и без надомест. И тоа на Зографски, Пејчиновиќ, Kрчовски и Жефаровиќ.

Меѓу другото донации се и петте спомен-обележја, кои ќе се постават на разни локации во градот. Предлозите за нивно подигање беа усвоени на минатата седница на Советот на Скопје, без да бидат обелоденети локациите. Станува збор за генерал Михајло Апостолски, а и на револуционерите Андон Јанев-Ќосето, Пере Тошев, Никола Петров-Русински и Ѓорѓи Сугарев. Kако донатор се јавува „Здружението на духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Kрушоради од Лерин во Македонија-Скопје“.

Петте споменици меѓу МОБ и Сајмиште

Споменици ќе се постават во реонот каде што се наоѓаат Универзитетската библиотека, Судската палата и Сајмиште. Четири од личностите се претставени како коњаници, само Андон Ќосето - не.

Најголема висина има обележјето на генерал Апостолски, вкупно десет метри, а останатите се по 8,5 метри. Предвидено е генералот да се издигне на кружниот тек кај хотелот „Kонтинентал“, а Русински на аголот меѓу Универзитетската библиотека и МОБ. На другиот агол од библиотеката, оној што гледа кон Судска палата ќе биде поставен споменикот на Пере Тошев. Отспротива, кај Судска палата, ќе се најде обележјето на Андон Ќосето, а на Сугарев кај Универзитетскиот факултетски комплекс.

Претседател на одборот за подигање на спомен-обележја е Бранислав Саркањац, а членови Марјан Додовски и Љупчо Трпевски.
ГРАДСКАТА КУЌА ЌЕ СЕ ВИКА „МАЈКА ТЕРЕЗА“, КАТНАТА ГАРАЖА – „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“

Градоначалникот на Скопје, Kоце Трајановски, му предлага на Советот на Скопје, градската куќа, која е во изградба на кејот на Вардар под Kале, да го носи името на Мајка Тереза. Додека, пак, катната гаража, исто така во изградба кај ТЦЦ „Плаза“, да се именува по Тодор Александров.

- Градот Скопје ја изразува својата почит во одбележувањето на ликот и делото на Мајка Тереза и го потенцира значењето што таа го има на светско ниво. Со донесувањето на оваа одлука, Градот, ќе придонесе кон зачувување и негување на споменот, ликот и делото на Мајка Тереза и нераскинливата врска што ја има со градот, како најистакната личност од историјата и културата - е образложението на предлагачите за нивната намера.

Околу именувањето на катната гаража, од Градот појаснуваат дека Тодор Александров претставува личност која активно учествувала и придонела во македонската револуционерна борба за самостојност и сувереност на Македонија.

Со донесувањето на оваа одлука, од Градот сметаат ќе придонесат за зачувување на споменот и значењето на ликот на Тодор Александров.

Предлозите се очекува да се усвојат на седница, која е закажана за следната недела.
Јорданка Ивановска
http://dnevnik.mk/?ItemID=ED3AED5D3B1F7E488B6ACEE409A82E63
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7675
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3304 Posted: 11-Jul-2014 at 03:12
...барем нов објект да си најдеа за скулптури... што е следно? катни скулптури на мостот на уметноста?

и со која дрскост си кажуваат дека кејот ќе бил поубав Bash
тој простор на кејот е нешто најпусто и најнеатрактивно моментално во тој реон, барем да се потрудеа да стават некое фонтанче или жардиниери, место каде што би можел да поминеш и да седнеш да одмориш, да имаш приватност или да се социјализираш
се утепаа од плукање по платото на МОБ и тоа колку било пусто, а креираа нов тесен и пуст простор кој е коплетно еднаков на тоа што претходно го имаше таму - пустелија, ама потесна и поклаустрофобична... згора на тоа се осеќаш уште понепријатно поради обезбедувањето и ограничувањето на движењето, затоа што освен археолошкиот музеј, сите други објекти се ограничени административни објекти... знаев дека ќе биде вака, ама нееее, платото на МОБ не било ок...
културата на која се повикуваа е еднаква на нула, за логика пак воопшто не знам дали да збориме Wallbash .... ама битно, скулптури ќе си наредат пак


Edited by zabegan - 12-Jul-2014 at 02:32
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3305 Posted: 11-Jul-2014 at 10:16
за тие на кејот веќе се знаеше пошто се виде дека има обезбедено место.само никој не ни кажа дека ни е скроил капата
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2532
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3306 Posted: 12-Jul-2014 at 00:58
ГРАДСКАТА КУЌА ЌЕ СЕ ВИКА „МАЈКА ТЕРЕЗА“, КАТНАТА ГАРАЖА – „ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ“

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3307 Posted: 12-Jul-2014 at 03:04
Како сме тргнале со споменициве и скулптуриве, еден ден ќе се појави легенда како таа за кинеската палата во која се наоѓаат скулптури на војници, за кои едни велат дека се вештачки, а други велат дека се вистински војници кои биле скаменети.
 
Еден ден ќе се појават будали кои ќе велат дека сите овие споменици и скулптури во Скопје всушност биле вистински личности кои се скамениле на лице место.
 
Или ќе се тропаат глупости од типот на вулканска ерупција од вулканот Водно, кој го уништил целиот град. Bash
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3308 Posted: 16-Jul-2014 at 11:53
ФОТО: Воинот на коњ меѓу најубави фонтани во светот

Порталот „BoredPanda" ја објави листата со најубави фонтани во светот. Покрај фонтаните во Дубаи, Австрија, Шпанија, Јужна Каролина на листата го има и Воинот на коњ кој го краси центарот на Скопје.



http://skopjeinfo.mk/gradot/1884821109/foto-boinot-na-konj-megju-najubavi-fontani-vo-svetot
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #3309 Posted: 16-Jul-2014 at 12:12
Originally posted by jyvation

ФОТО: Воинот на коњ меѓу најубави фонтани во светот

Порталот „BoredPanda" ја објави листата со најубави фонтани во светот. Покрај фонтаните во Дубаи, Австрија, Шпанија, Јужна Каролина на листата го има и Воинот на коњ кој го краси центарот на Скопје.



http://skopjeinfo.mk/gradot/1884821109/foto-boinot-na-konj-megju-najubavi-fontani-vo-svetot


Не бивајте излажани жртви на нашето т.н. новинарство. Со едно просто пребарување се дознава дека тоа е само повик кон читателите на boredpanda.com да постираат слики од ним најубавите фонтани, при што некој Мартин Петковски ја постирал нашава фонтана. Не се работи за некаков избор, ниту за селекција од страна на сајтот (кој патем, не е ништо особено битен за да се замараме за нивното мислење).

http://www.boredpanda.org/post-the-most-creative-fountains-from-around-the-world/
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #3310 Posted: 16-Jul-2014 at 19:29
More like BLIND Panda.

Македонецот се запознава со интернетот.

Traveling.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3311 Posted: 23-Jul-2014 at 14:35
Споменик за киднапираните Македонци од Непроштено


Четворицата киднапирани и убиени Македонци од воениот конфликт во 2001 година од село Непроштено, добија свое спомен обележје во нивното родно село. На денешен ден пред 13 години, Стојан Михајловски беше свирепо убиен во сопствениот дом а телата на киднапираните Крсто Гоговски, Михајловски Цветко и Михајловски Васко, се уште не се пронајдени. Законот за амнестија, ги спречи надлежните институции да спроведат истрага за пронаоѓање на сите 12 киднапирани Македонци. Семејствата на киднапираните бараат повторно поведување на
истражна постапка.
Семејствата на киднапираните Македонци велат дека за разлика од кај нас, во земјите од поранешна Југославија, интензивно се работи на откривање на исчезнатите лица од војните. Спомен обележјето е единственото место, каде засега можеме да оддадеме почит на нашите најблиски, кои ги загубија животите во воениот конфликт.
На отворањето на спомен обележјето присуствуаше и потпретседателот на собранието, Антонио Милошоски кој истакна дека правдата ќе биде задоволена а злосторниците ќе се казнат
Почит на киднапирани Македонци испратија и повеке здруженија и невладини организации.

Зоран Димовски
http://telma.com.mk/vesti/spomenik-za-kidnapiranite-makedonci-od-neproshteno
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3312 Posted: 24-Jul-2014 at 07:31
Originally posted by kultuzin

Споменик за киднапираните Македонци од Непроштено




http://www.utrinski.mk/?ItemID=47710E0F4C5A3244A6F400DFFD51A90A
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3313 Posted: 25-Jul-2014 at 00:50

(ГАЛЕРИЈА) Иницијатива за обновување на спомен обележјето од „Масакрот кај Дабница“

прочитано 195 пати
24-07-2014 23:56:03

Центарот за стратегии и развој „Пактис“ – Прилеп, во соработка со здружението „Плоштад слобода“ – Скопје, покрена иницијатива за акцентирање на проблемот со спомен обележјето од „Масакрот кај Дабница“ и потребата од негово обновување, реставрирање и уредување.

dabnica%20glavna


„Масакрот кај Дабница“ е извршен на 19 септември 1942 кај прилепското село Дабница од страна на фашистичкиот-бугарски окупатор. Во масакрот настрадале 19 луѓе.
Денес, две основни училишта од вкупно шест во целиот град, носат имиња на двајцата паднати херои, Добре Јованоски и Рампо Левката, а во чест и спомен на останатите 17-мина, имињата ги носат многу улици во Општина Прилеп.
Што се однесува до спомен обележјето во Дабница, каде и се случил Масакрот, е целосно запуштено и запоставено, а во непосредна близина, просторот се користи како дива депонија. Бронзената статуа изработена во бронза од страна на првиот академски образован скулптор во Македонија, Димо Тодоровски (1910 – 1983), која долго време стоела во чест на загинатите е украдена во 2006-та година.
Иницијативата вклучува:
- Барање за обнова и реставрација на скулптурата за „масакрот кај Дабница“, од страна на надлежните и нејзино повторно поставување на празниот постамент.
- Уредување на спомен обележјето и околината.

Поддршка на иницијативата може да дадете тука.

dabnica%201

dabnica%202

dabnica%203

dabnica%204

dabnica%205

dabnica%206

dabnica%20glavna

http://libertas.mk/%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD/

Edited by kultuzin - 25-Jul-2014 at 00:51
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3314 Posted: 28-Jul-2014 at 10:47
Неколку фотографии од акцијата за чистење на просторот околу горниот споменик... Кога само би имало повеќе вакви акции, земјава не би изгледала толку запуштено.













Целата галерија можете да ја видите тука https://www.facebook.com/media/set/?set=a.770004673052261.1073741830.768621386523923&type=1

Edited by Џоле - 28-Jul-2014 at 10:51
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3315 Posted: 03-Aug-2014 at 17:13
Крст на третиот милениум, Кокимбо, Чиле





За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2532
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3316 Posted: 05-Aug-2014 at 22:49
Од кога е овој? Ми личи на брутализам, ама името не ми е некако складно за тие години?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3317 Posted: 06-Aug-2014 at 08:25
Изградбата започнала 1999 година, а завршила 2001. Висок е 83 метри, а широк 40. Се смета за највисокиот споменик во Јужна Америка.

http://en.wikipedia.org/wiki/Cruz_del_Tercer_Milenio

Излегува дека џабе сме се гордееле со нашиот Милениумски крст дека е највисок во светот, а не ме чуди нашиве да ја украле идејата од Чилеанците (како што крадат идеи и од многу други земји, посебно последниве години).
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2426
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #3318 Posted: 06-Aug-2014 at 11:37
Наспроти 66 метри високиот Милениумски Крст, крстот на Базиликата на Светиот Крст во Долината на паднатите во Мадрид е висок 152.4 метри.



Edited by phenomenon - 06-Aug-2014 at 11:40
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3319 Posted: 06-Aug-2014 at 21:57
Цар Душан поправен, ќе остане ли таков?

06.08.2014 | 17:20МакедонијаПрочитано: 454
Цар Душан си го доби крстот и жезлото назад, а му го поправија и носот. Преку ноќ, како што го поставија, демолираа, така и го поправија



http://24vesti.mk/car-dushan-popraven-kje-ostane-li-takov
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3320 Posted: 10-Aug-2014 at 11:26


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 164165166167168 206>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.750 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.