build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 02-Mar-2009 at 23:21

ВО КАТЛАНОВСКО БЛАЦЕ ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ ПОСВЕТЕН НА ЗАГИНАТИТЕ МИРОВНИЦИ


Бронзена скулптура - паметник за хероите


Во селото Блаце, на местото на трагичниот настан, каде во хеликоптерска несреќа загинаа единаесетте македонски мировници, враќајќи се од мировната мисија Алтеа во БиХ, вчера беше извршено свечено откривање на спомен-обележје во нивна чест и слава. Со благослов на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, тројца свештеници ја осветија и црквата, која е во фаза на изградба, а е посветена на Св. Великомаченик Тодор Тирон, кој е светец-заштитник на војниците.
Проектот за изградба на Меморијален центар, посветен на трагично загинатите мировници, го иницираше и реализираше Општина Петровец и лично на градоначалникот Звонко Цветковски. На поменот освен претставници од локалната власт и месното население, присуствуваа и потесното семејство на трагично загинатите, кои положија цвеќе.

Градоначалникот Цветковски рече дека жали што црквата не е изградена во целост .
- Во изминатиов период побаравме помош од многу институции, но се уште немаме одговор. Се надевам дека Владата и сите министерства ќе помогнат во доправување на овој проек. Тој додаде дека ќе се потруди во целост да се изгради и да се означи ова место, и да прерасне во место кое ќе го паметат и посетуваат сите генерации.

Точно на местото на трагедијата, на постамент од еден метар е поставена бронзена скулптура - хеликоптер со скршени елиси што ја изработи архитектот Панче Ковачев. Црквичка е на педесетина метри подалеку.

Фото: Н. Батев


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC6E3A932518B04AA26BAEE8C2C2F485

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 03-Mar-2009 at 08:38
Каде е спомен-плочата на Перо Наков од пред Домот на АРМ?


Спомен-плочата на Перо Наков пред триесетина години беше поставена пред Домот на АРМ, на местото каде што се наоѓале затворските зандани во кои починал

Обележјето беше тргнато кога почнаа градежните работи на Куќата на Мајка Тереза

Снежана Калабакова

„На секои три месеци одев да положам цвеќе на спомен-плочата на мојот чичко Перо Наков. Еден ден, кога се приближив до споменикот на Мајка Тереза, многу непријатно се изненадив кога забележав дека плочата е фрлена помеѓу градежниот материјал оставен за изградба на Спомен-куќата на Мајка Тереза. Им реков на мајсторите дека местото на едно спомен-обележје не е таму. Оттогаш помина време, објектот се изгради, а спомен-плочата на Перо Наков не е вратена на место“, вели Билјана Цуцулова, внука на овој великан и еден од членовите на врвот на политичкото раководство на НОБ на Македонија.

Цуцулова телефонски се обратила до Министерството за култура, од каде што барала некој да ја информира што се случува, но, како што вели, до ден-денес не добила никаков одговор, па со право се прашува каде завршила спомен-плочата. Цуцулова смета дека не е в ред едни спомен-обележја да се уриваат за да се изградат други. Сега нејзиното семејство ќе бара од Министерството за култура спомен-плочата на Перо Наков да се врати на старото место, независно дали и колку таа сега ќе се вклопи во околината на Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Од Министерството за култура одговараат дека спомен-плочата ќе биде повторно поставена веднаш штом Здружението на борците од НОБ и Градот кажат точно на кое место да се постави.

„Спомен-плочата за мене беше гробно место на мојот чичко, затоа што никој не знае каде е неговиот гроб. Перо Наков починал во затворските зандани што се наоѓале зад Домот на АРМ, каде што сега е спомен-собата на Мајка Тереза, и никој не знаел каде завршило мртвото тело на чичко ми. Токму затоа, кога пред триесетина години се градел Домот на АРМ, во знак на спомен кон него била поставена и спомен-плочата. За нас и за македонската историја е особено важно спомен-плочата на Перо Наков да се врати на истото место и некој мора да го предвидел тоа“, објаснува Цуцулова.

„Спомен-плочата на народниот херој Перо Наков е дислоцирана од страна на градежната фирма ’Гранит‘ пред почнувањето на изградбата на Спомен-домот Мајка Тереза, а со дозвола на Град Скопје. Спомен-плочата сега се наоѓа во магацинот на ’Гранит‘, заштитена, конзервирана и реновирана согласно со сите процедури за заштита и таа ќе биде повторно поставена штом ќе се добие информација за точното место“, објасни Анита Јованоска, портпаролка на Министерството за култура.

 
 


Edited by pbanks - 03-Mar-2009 at 13:55
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 06-Mar-2009 at 20:30
Уште некојаслика од споменик во чест и слава на трагично загинатите мировници

Прекршена хеликоптерска елиса



И недовршена-прекината црквица



превземено од Општина Петровец
повеќе на:
http://opstina-petrovec.gov.mk/opstinapetrovec/index.php?option=com_content&view=article&id=140:2-2009-&catid=29:2009-02-03-17-19-40&Itemid=124
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 06-Mar-2009 at 21:56
Сега за сега нека биди кафански муабет,но налетав на два проекти за Прилеп.

Првиот проект за слонот(карпа на Марковите кули за која има многу легенди)знаев за порано и е вклучена во предизборната кампања на сегашниот градоначалник,за вториот проект со пирамидата првпат слушам.

Слонот:




Пирамидата:



build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 07-Mar-2009 at 01:42
Благодарност до @lsl за префрлањето на постот од меана тука.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
kovac View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Mar-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kovac Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 11-Mar-2009 at 22:53
Originally posted by La Linea

ВО КАТЛАНОВСКО БЛАЦЕ ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ ПОСВЕТЕН НА ЗАГИНАТИТЕ МИРОВНИЦИ


Бронзена скулптура - паметник за хероите


Во селото Блаце, на местото на трагичниот настан, каде во хеликоптерска несреќа загинаа единаесетте македонски мировници, враќајќи се од мировната мисија Алтеа во БиХ, вчера беше извршено свечено откривање на спомен-обележје во нивна чест и слава. Со благослов на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, тројца свештеници ја осветија и црквата, која е во фаза на изградба, а е посветена на Св. Великомаченик Тодор Тирон, кој е светец-заштитник на војниците.
Проектот за изградба на Меморијален центар, посветен на трагично загинатите мировници, го иницираше и реализираше Општина Петровец и лично на градоначалникот Звонко Цветковски. На поменот освен претставници од локалната власт и месното население, присуствуваа и потесното семејство на трагично загинатите, кои положија цвеќе.

Градоначалникот Цветковски рече дека жали што црквата не е изградена во целост .
- Во изминатиов период побаравме помош од многу институции, но се уште немаме одговор. Се надевам дека Владата и сите министерства ќе помогнат во доправување на овој проек. Тој додаде дека ќе се потруди во целост да се изгради и да се означи ова место, и да прерасне во место кое ќе го паметат и посетуваат сите генерации.

Точно на местото на трагедијата, на постамент од еден метар е поставена бронзена скулптура - хеликоптер со скршени елиси што ја изработи архитектот Панче Ковачев. Црквичка е на педесетина метри подалеку.

Фото: Н. Батев


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AC6E3A932518B04AA26BAEE8C2C2F485


Поздрав и респект кон репортерот за објавата  од настанот. Споменикот и црквата се на растојание од седум метри . Црквата е проектирана и изведена како што е и осветена и ќе остане недовршена како што не им се исполни  животот на несреќно загинатите мировници од мировната мисија Алтеа во БиХ. Објектите се изградени со авторитетот на Општината. Неточни се информациите дека е барана помош од институции или од Владата за довршување на црквата .Кажав дека изградбата е завршена према проектот и како таква ќе остане. Благодарност до В. Петков кој исто се потрудил и објавил фотографии од чинот на осветување и откривање на споменикот.
Автор на проектите.П.Ковачев
kovac
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 11-Mar-2009 at 23:12
Previous
Мнаогупати нашите репортери знаат да известуваат за нешто а да не се присутни на самиот настан, него на чуено, недочуено или лошо препишано.



П.С. Добродојде на форумот Ковач
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 12-Mar-2009 at 23:10
Уште седум скулптури во центарот на Скопје


В недела, на различни локации низ Центарот на Скопје, ќе бидат поставени нови седум скулптури од проектот на Министерството за култура за поставување на вкупно 35 скулптури.
Во оваа група ќе биде поставена скулптурата "Просјак", на Наташа Божарова, а ќе биде лоцирана пред продавницата Мекс. Кај Пеко на улицата Македонија ќе биде поставено делото на Дарко Дуковски наречено Бик. Свое место во центарот на градот ќе имаат и скулптурите "Чистач на кондури", на Елена Дуковска, како и скулптурите "Жена со гитара", на Синиша Новески , "Балерина" на Зоран Тошевски , "Кафез на душата", на Сашо Поповски и "Маски" на Ристо Станковски.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=718C898DE5477E4DB8BAE8F8A8D4A98D
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 12-Mar-2009 at 23:25
не ми е јасно кое е задоволството на бутање на скулптури на едно место, односно на делот од ул. Македонија кај Пеко
мене ми се допаѓаат такви скулптури како сега најавениве, ама навистина на глупав начин се форсирани во центарот, можам да набројам милион локации каде што може да има скулптури а да не се натрупани на едно место
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 13-Mar-2009 at 02:34
Ja mislim deka skulpturite ne ja pravat glavnata guzva na ul. mkd ,tuku masite od kaficite i restoranite.Mislam deka treba da im se ogranici na dva reda masi, ne povece za ulicata da se rastereti.I mene mi e fino u prolet da sedim na kafe i da se suncam ali ova e preterizam,celi satori se locirani na ovaa ulica.Taka sto skulpturite ne se nekoj problem na ul. mkd. 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 13-Mar-2009 at 03:08

па не е проблемот толку просторен колку што е естетски,  просторов  не би требало толку и на ваков начин на е натоварен, но мислам дека во иднина ќе се најде некое компромисно решение. јас мислам дека најдобра комбинација би било овие позиции што се зафачаат сега да бидат отворени! сега ова малку делува конфузно на прв поглед што тоа би било отворено, поентата ми е да се ротираат редовно на овие позиции некакви скулптури, односно да биде како галерија под отворено небо цела улица во тек на цела година, а овие веќе стокмениве скулптури за градов да се разместат по паркови или околу културни, деловни или комерцијални опкружувања...

чудно но оваа кампања дефинитвно одговара на денешнава реалност во МКД ,  само сега што е пресликана во мало на ул.МКД,  скулптуриве се слика и прилика  за неверајотностите во нашата ни мила земја, па донекаде на неверојатен начин исто како и нашата реалност си легнуваат на свое место.

да не бидам само саркастичен, еве би кажал дека во случајов единствен лек е добра илуминација на скулптурите навечер, а преку ден не елошо да се облекуваат пример во плакати или рекламни платна, па да видиме од нив повремено и економски аир... 

Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 13-Mar-2009 at 10:48
Originally posted by ovaj_stariov

Сега за сега нека биди кафански муабет,но налетав на два проекти за Прилеп.Првиот проект за слонот(карпа на Марковите кули за која има многу легенди)знаев за порано и е вклучена во предизборната кампања на сегашниот градоначалник,за вториот проект со пирамидата првпат слушам.Слонот:Пирамидата:


Koga bese vo Avstralija pred edna godina gradonacalnikot na Prilep Marjan Ristevski, (za zbratimuvanjeto megu prilep i opstinata Vincent od gradot Pert) imav nekolku priliki da po razgovaram so nego. Zaedno bevne so uste 5-6 dusi na kasino tuka vo Pert. Veruvam deka ovie raboti koj gi izplaniral moze da gi ostvari, bidejki i koga bese ovdeka mi kaza za nekolku ambiciozni proekti koj odma bi gi napravil dokolku opstinata prilep imala finansiski sredstva. covekot e cesen i si go saka svojot grad
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 17-Mar-2009 at 12:14
Култура
Фотовест



Автор:  Игор Бансколиев
Култура
Скулптурата „Питач“ од Наташа Божовска викендов е поставена на улицата Македонија, во непосредна близина на кафеаната „Дал метфу“. Скулптурите, кои се поставуваат во рамките на акцијата на
Министерството за култура за облагородување на централното градско подрачје, како да го бележат пулсот на овој простор.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 18-Mar-2009 at 12:35

Се чистат дамките на Гоце Делчев


Со мали четкички, вчера екипи од "Паркови и зеленило" ги чистеа вал­ка­ни­ци­те од споменикот на Гоце Делчев во Градски парк. Тој е исчистен од гра­фи­ти, а вчера од него беа исчистени и сите други дамки.
Чис­те­ње­то на споменикот е дел од проектот за обнова на платото околу фон­та­на­та "Лотосов цвет", која беше поплочена со нов мермер. Поплочени и ас­фал­ти­ра­ни се и патеките околу фонтаната и споменикот, и целиот простор е уре­ден со ново зеленило.
"До сабота треба да завршат сите работи за обнова на овој дел од паркот, ко­га ќе организираме хепенинг по повод првиот ден на пролетта. На хепенингот ќе настапи Градскиот оркестар и културно-уметнички друштва, а одовде ќе стар­ту­ва и пролетната велосипедска трка до Милениумскиот крст. Со тоа и све­че­но ќе го предадеме во употреба овој дел од паркот", велат од од­де­ле­ни­е­то за односи со јавност на Градот.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=831A669207534D41B3B88269B9870BF8


Edited by lslcrew - 18-Mar-2009 at 12:38
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 25-Mar-2009 at 07:50
 
 
Во Паркот на Револуцијата повторно поставени бистите на хероите
19.03.2009
 
 
 

Во Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата повторно се  поставени седум бисти на хероите Кире Гавриловски, Орде Чопела, Рампо Левката, Борка Талески, Круме Волнароски, Лазо Филипоски и Борка Велески- Горанов, кои пред две години беа украдени.Ова е единствениот начин да бидеме современици на нашите претходници, да ја браниме историјата и да испишуваме нови страници. Културата и историјата се нашиот идентитет, она што не прави различни и посебни, но и она што не зближува и не поврзува со Европа, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска на денешната пригодна свеченост на откривањето на бистите во Алејата на хероите.

 
За Методија Костоски од Сојузот на прилепските борци алејата е доказот за херојското минато на градот, на неговите жители и ова е враќање на достоинството. Според градоначалникот Марјан Ристески исправена е неправдата што на градот и на прилепчани им е нанесена кога бистите беа украдени. Апелот се уште е отворен да се пронајдат крадците и најстрого да се казнат. Седумте бронзени бисти на хероите повторно ги изработи прилепскиот скулптор Емил Солески. За нивната изработка се одвоени 1,3 милиони денари во кои со 40 насто учествува Министерството за култура. На Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата во Прилеп се моштите на 650 борци од НОБ, а во алејата на хероите се бистите на 10-те од 15-те народни херои кои градот ги дал во народната револуција.
 
 
 
 
 
 


Edited by vardar - 25-Mar-2009 at 07:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 25-Mar-2009 at 12:02
Applause

Во оваа манија по нови, конечно се присетивме дека треба да се грижиме и за старите споменици.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 26-Mar-2009 at 03:20

Споменици за метрополата која смрди од септички јами

Локалните власти немаат пари да решат капитални проблеми, но затоа со поддршка на централната власт најдоа за подигање спомен-обележја



Зошто милиони евра за поставување скулптури, споменици, кога градот Скопје има еден милион нерешени проблеми, реагира стручната јавност, но и лаиците на владината одлука за разубавување на метрополата. Две третини од градот се без атмосферска канализација, а една третина се' уште користи септички јами. Овие факти го мачат Скопје со децении затоа што локалните власти немаат пари да ги решат овие капитални проблеми. Иако поминаа две години од обелоденувањето на намерите, во јавноста се' уште се кршат копја околу оваа замисла на државната власт. Причината можеби е тоа што неодамна намерата стана стварност, бидејќи се поставија дел од 35-те скулптури во централното градско подрачје. Се очекува и удирањето на камен-темелникот на споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија. Тој ќе биде трет споменик од вкупно 19-те спомен-обележја, посветени на личности од античко време, но и од поновата македонската историја, кои ќе ги подига Општината Центар.

ЦЕНТАР ЌЕ ПОТРОШИ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПОМЕНИЦИ

Од Министерството за култура тврдат дека ќе ги поставуваат само скулптурите во износ од 700.000 евра, а Општина Центар сама ќе ги гради спомениците. За таа намена од годинашниов буџет предвидено е да се потрошат шест милиона евра. Тоа што најмногу ги засега граѓаните, но и стручните лица, не се само парите што ќе се трошат, собрани од даноци, туку и сомнежот дека во прашање е политичка одлука. Останатите прашања на кои јавноста две години не добива одговор е - кои се авторите на конкурсите, како беа избирани, дали по блискост со партијата на власт, колку се ценети, дали се стручни. Немаше никаков одговор од властите ни кој ќе ги одржува откога ќе бидат изградени, со чии пари, колку ќе чини тоа и дали ќе заршат исто како поголемиот дел од постојните споменици, осквернавени и уништени.

ВЛАСТА САКА ДА ОСТАВИ ПЕЧАТ ЗА СВОЕТО ВЛАДЕЕЊЕ

- Да, тие ќе бидат подарок за Градот, но тој има многу други приоритети. Прашањето на естетика воопшто не е прашање со кое треба да се занимаваме, туку тоа што Скопје има многу нерешени проблеми. Скопјани пијат вода од канцерогени цевки и веројатно уште долго ќе пијат, па не е тешко да се погоди што е попотребно. Прекрасно е да се поставуваат споменици и скулптури, но тоа се случува во развиени држави каде што се решени основните прашања. Никој не е против скулптури, но во вакви услови тоа е исто како да му подарите „мерцедес“ на некој што живее во шупа. Владата има многу други прашања со кои треба да се занимава - војска, полиција, надворешна политика, здравство...Не знам зошто се меша во локалната власт -изјави наш извор кој инсистираше на анонимност.

Градските власти се најзасегнатите по ова прашање. Нив никој за ништо не ги праша, не ги консултираше, иако тие ќе се градат и на плоштадот Македонија, кој е во нивна концесија на 99 години. По усвојувањето на планот „Мал ринг“, во кој беа весени 35-те скулптури и 19-те споменици, единствено Градот реагираше на незаконската процедура околу неговото усвојување од мнозинството на владејачката партија во Советот на Општина Центар.

СПОМЕНИЦИ И СКУЛПТУРИ -ДИВОГРАДБИ

Градоначалникот Трифун Костовски одлуката на власта ја нарече насилие врз локалната самоуправа, а спомениците и скулптурите дивоградби. Затоа тој лани го даде планот на Уставен суд како незаконски и спротивен на Генералниот план на Скопје (ГУП), но неодамна ја изгуби битката, бидејќи Судот реши во полза на Општината Центар.

- Приказната за Малиот ринг се претвори во приказна за политички ринг поради насилието на власта врз ингеренциите на локалната самоуправа. Најтрагично е што политичкиот ринг се претвори во криминален ринг, бидејќи се поставуваат скулптури без елементарни дозволи - е ставот на Костовски околу ова прашање.

И Софија Куновска, член на Советот на Град Скопје, но и на Комисијата за култура, е на иста линија.  Владата на Груевски сака да остави личен печат за своето владеење, како што претходно направи Љубчо Георгиевски со Милениумскиот крст. Тоа е карикатурален пристап кон уметноста. Никој не е против скулптури, но не може да се поставуваат со акција. Со акција може да се асфалтираат улици, да се гради железничка пруга, да се постави ново осветление, но не и да се поставуваат спомен-обележја. Споменикот подразбира контекст на време, на место, изразување дух на некаква елита. Тоа е референца за нас како цивилизација - смета Куновска. Таа рече дека одлуката за нови спомен-обележја низ Скопје воопшто не поминала преку Комисијата.

- Никој од нас не знае колку се референтни авторите избрани за изработка на спомениците, како и дали се ценети од стручната критика. Не знаеме кој ги прави. Знаеме само дека на премиерот му текнало дека сите треба да работат за него за да се постават - вели Куновска. Ова мислење го дели и скулпторот Томе Серафимовски, кој неодамна изјави дека не може улицата Македонија и плоштадот да се доверат на почетници. И партијата НСДП реагираше во врска со спомениците. Според нив, трошењето пари за вакви намени е нерационално и ја повикаа владејачката гарнитура парите да ги пренамени на изградба на нови фабрики во кои ќе се вработат нови луѓе од масата невработени.Архитектот Вангел Божиновски, пак, има сосема поинакво мислење. За него беспарицата е вистинско време за градење споменици.

- Кризата е баш време за поставување споменици. Државата те храбри дека без разлика дали е криза, не е се' толку лошо. Затоа се прават споменици. За да не заборавиш дека има некој покрај тебе и дека не си сам. Те храбри нешто да сториш. Споменик во секој случај носи пари и е економски оправдан чекор - смета Божиновски.

НИКОЈ НЕ ВОДИ ГРИЖА ЗА ПОСТОЈАНИТЕ СПОМЕНИЦИ

И додека власта планира да гради нови спомен-обележја, никој не го отвора прашањето дали тие ќе ја доживеат истата судбина како и постојните бисти, споменици, спомен-обележја, подигнати децении наназад на територијата на Скопје. Во Градски парк, но и на други локации, бистите се украдени, спомениците уништени и осквернавени, исшарани со погрдни зборови. Никој со години не се грижи за нив. Слободно може да се каже дека во градот недостига дел од македонската историја. А тоа е затоа што со години многу институции се прогласуваат за ненадлежни. И ден-денес Градот и Конзерваторскиот завод си ја префрлаат топката за одговорноста.

- Нема логика постојните споменици и спомен-обележја низ Скопје да бидат во наша надлежност, кога повеќето ги има поставено Градот. Ние сме надлежни за недвижното културно наследство. На пример, при реставрацијата на Калето моравме да бараме дозвола за дислокација на скулптурата на Јордан Грабул, како од Општината Центар, така и од Градот. Нема логика да им бараме дозволи ако таа е во наша надлежност - изјави Ема Петрова, директорка на Конзерваторскиот завод Скопје. Правниците од Градот, пак, објаснуваат дека самата држава се' уште не ги впишала во регистар спомениците, па затоа не се знае кој за што е надлежен.  Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, министерот за култура во рок од две години од стапувањето на законот во сила, треба да формира Комисија која треба да ги впише во регистар спомениците и спомен-обележјата, но рокот се' уште не е изминат - објаснуваат оттаму.

СКАНДАЛОЗНИ ВЛАДИНИ КОНКУРСИ

Освен за нетранспарентноста околу трошењето на парите и анонимноста на авторите, жестоки реакции на сметка на Владата, пристигнаа и од учесниците на конкурсите. Тие се масло во огнот во оваа нивна акција. По завршувањето на речиси секој конкурс во медиумите имаше реакции дека биле наместени, дека победувале анонимни или нестручни трудови на автори, блиски до владејачката партија, како и дека учесниците не добиле никакво објаснување кој, зошто и како добил прва награда. Еден од најконтроверзните владини конкурси беше оној за изградба на спомен-куќа на Мајка Тереза. Нејзиниот автор Вангел Божиновски учествуваше на двата меѓународни конкурса, а доби на вториот. Тоа беше моментот на кој реагираа учесниците и јавноста. Дури и сега по отворањето на музејот, се' уште има реакции, но сега за нејзиниот изглед.

- Јас знам дека јавноста добро го прими објектот. Тој е најпосетен музеј за овие еден-два месеца колку што е отворен во однос на другите на годишно ниво и воедно најсликан објект. Тоа што има одглас во медиумите е поради разни луѓе што се почуствувале повикани нешто да кажат. Но, аргументирана архитектонско-естетска критика немаше. Партиската потреба за пишување нема врска со естетиката - вели Божиновски. За обвинувањата дека добил прва награда затоа што е близок со власта, тој вели дека не може да стане збор за каква било блискост кога 80 отсто од жирито одлучило во негова полза. Вели и дека учествувал и на други владини конкурси, но не добил дури ни откуп.  Мене конкурент ми беше труд кој немаше содржина, имаше пристап од 20 метри и тунел под земја. Мојата порака беше јасна - радосно враќање на еден живот - објаснува тој.Во интервју за „Дневник“ скулпторот Томе Серафимовски неодамна изјави дека при градењето има судир на многу материјали, неинтегрални, кои не виреат еден со друг, односно си пречат.

- На пример, горниот дел е целиот од стакло, кое не е дефинирано. Не е чисто стакло, ниту е витраж. Под стаклото има еден многу стар наш рустичен камен, кој е доминантен. Има и неколку добри детали. Објектот може да се спаси со одредени интервенции, но архитектот треба да има доблест да прифати дека скулптурата, архитектурата, се колективни работи - смета скулпторот Серафимовски. Божиновски, пак, вели за да се сфати градбата треба поголемо познавање на македонската традиција.  Објектот е изграден во стил на традиционална македонска куќа. Ако има луѓе на кои не им се допаѓа, тоа се луѓе што не знаат. Оние што критикуваат, а се со диплома, покажуваат елементарно непознавање - дециден е Божиновски.

За подигање споменик доволни се кренати два прста

Според Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, општините може да подигаат спомен обележја, бисти, плочи, чешми и други уметнички дела, но само на личности од локално значење. На личностите кои се од исклучително значење за развојот на државноста на Македонија и државнотворниот-правен континуитет, им се подигаат меморијални споменици. Одлуките ги носи Собранието на Македонија, а оваа институција воедно и ја спроведува постапката.

Во овој дел од Законот се наоѓа и моментот кој општините го користат да подигнат споменик, кој не би бил дивоградба. Тоа го прават без носење програма, без одобрение од Град или од Собрание, само со одлука од Советот за подигање спомен-обележје. Доволна е иницијатива, која потоа се става на дневен ред и се гласа. Министерството за култура нема обврска да се грижи за обележјата, зашто правно ќе немаат статус на културно наследство. Под капата на одлуката за споменично обележје, иако се работи за значајни личности, а не за личности од локално значење, општините Чаир и Центар ги поставија спомениците на Скендер-бег во Старата чаршија, на Крсте Петков Мисирков на плоштадот Пела, а сега на ред се и 19-те споменици во центарот на Скопје.

Скулптурите беа избрани транспарентно

Од Министерството за култура, и покрај поставените прашања, не соопштија дали е вистина дека на сметката на Општина Центар неодамна префрлиле девет милиона евра за изработка на 19 спомен-обележја, меѓу кои и масивниот споменик на Александар Македонски, кој ќе се гради на плоштадот Македонија. Се задржаа само на 35-те скулптури за кои лани министерството распиша конкурс.

- Министерството за култура го реализира проектот за поставување на 35 скулптури во централното градско подрачје. Во изминатиов период беа промовирани пет скулптури од проектот, а наскоро ќе бидат промовирани уште седум. Целта на проектот е разубавување на централното градско подрачје - одговорија од Одделението за односи со јавност. Не сметаат дека со одлуките за поставување скулптури или со финансирање спомен-обележја се мешаат во локалната власт.

- Основна задача на Министерството за култура е грижа за културата, како и негување и промовирање на културните вредности. Грижата за урбанистичките и инфраструктурните проблеми е надлежност на Градот и на локалната власт - велат од Министерството за култура.Наспроти обвинувањата за партиска блискост и анонимност на авторите, нагласуваат дека скулптурите биле избрани транспарентно.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AAE1A00073F1434B9AAAC0A1B68B6D70
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 27-Mar-2009 at 12:18

Питач пред "Мекс", кафез пред Тутунска банка

Од Министерството за култура велат дека промоцијата на новите седум скулптури ја одложиле поради презафатеност со подготовките за изградба на зградата на Филхармонијата

Министерството за култура преку ноќ поставува скулптури во строгиот центар на Скопје, иако уште пред десетина дена беше закажана, а потоа откажана нивната официјална промоција. На улица Македонија пред продавницата на "Мекс", неделава беше поставена скулптура "Питач" на Наташа Божарова, а на кеј 13 Ноември пред Тутунска банка скулптурата "Кафез на душата" од скулпторот Сашо Поповски. На кеј 13 Ноември до хотелот "Холидеј ин" поставена е скулптурата "Жена со гитара" од Синиша Новески, но таа сe уште е покриена со најлони.
Од Министерството за култура велат дека во оваа трета фаза од реализацијата на проектот за поставување 35 скулптури од 26 автори во строгиот центар на градот, планирале да постават седум скулптури, но дека нивната промоција ја одложиле, бидејќи биле зафатени со подготовките за ставање камен - темелник на новата зграда на Филхармонијата.
"Дел од скулптурите се поставени, остатокот ќе бидат допоставени и наскоро и официјално ќе ги промовираме. Локациите за скулптурите ги избираме во соработка со авторите и Општина Центар", велат од Министерството за култура.
За најновата промоција на скулптури од Министерството за култура велат дека треба да се постават уште четири, односно скулптурата "Бик" од Дарко Дуковски, која ќе стои на вториот дел од улица Македонија кај продавницата на "Пеко", а "Чистач на кондури" од Елена Дуковска на првиот дел на улица Македонија кај ресторанот "Дал мет фу". Пред Македонската опера и балет ќе стои "Балерина" од Зоран Ташевски, а пред Театарот за деца и младинци делото "Маски" од Ристо Станковски.
Досега на плоштадот и на улица Македонија беа поставени пет скулптури, односно скулптурите: "Дрво" од Дамјан Ѓуров,"Шмизла" и "Заљубени" од Димитар Филиповски,"Девојче" од Грозданка Каникова и "Мачка" од Томе Аџиевски.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2296FBC73B4E4C41A755781800B29A91
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 07-Apr-2009 at 13:13




Мумија на Македонија

Министерството за култура вчера, на вториот дел од улица Македонија, до "Кафе ди Рома" постави уште една од 35-те скулптури од 26 автори, кои ги поставува во строгиот центар на градот. Скулптурата сe уште не беше откриена и извадена од сандакот за транспортирање. Замотана во црните најлони, таа личеше на мумија, па место да го разубави просторот, скулптурата вчера ги плашеше и децата и возрасните.
Од Министерството за култура вчера кажаа дека скулптурата се вика "Еееј" и е на скулпторот Димитар Филиповски. Висока е два метра и е направена од бронза, а ќе биде откриена заедно со сите новопоставени скулптури низ градот.

 
 


Edited by Cloverstack - 07-Apr-2009 at 13:15
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 07-Apr-2009 at 23:09

Скулптури никнуваат како печурки

Никој не ги зема предвид ниту реакциите во јавноста, ниту стручното мислење за тоа каде треба да бидат поставени скулптурите

Тина Иванова

„Еееј“ е насловена најновата скулптура, на авторот Димитар Филиповски, која како печурка вчера никна на улицата „Македонија“. Најпрвин завиткана во црн најлон, како мумија, ги плашеше случајните минувачи, а и сега откриена се уште ги плаши, како што велат, но и им пречи тие слободно да минуваат. Како печурки или како слепи црева се појавија и претходните скулптури кои се дел од проектот наречен „35 скулптури во централното градско подрачје на Скопје“ што го спроведе Министерството за култура. Најверојатно така ќе биде и со идните. Зашто, никој од одговорните не ги зема в предвид ниту реакциите во јавноста за тоа каде треба скулптурите да бидат поставени, ниту постојано искажуваното стручно мислење. Едноставно, јавното мислење никој не го есапи.

Градот може да биде уметничка галерија. Уметниците можат да го ’окупираат‘ градот, уметноста може да излезе на улица. Но, таа, уметноста, треба да се покаже на оние локации од градот каде што навистина постои естетска потреба за нив. А, не да никнува или да се создава на најнеочекуваните места, сметаат историчарите на уметност. Но, за тоа, треба да се прашаат оние кои живеат во градот - граѓаните.

Историчарот на уметност, проф. Небојша Вилиќ, во интервју објавено во еден од минатите броеви на неделникот „Глобус“, ќе каже дека уличната јавна уметност треба да го одразува урбаниот сензибилитет на градот. Вели, клучна улога во поставувањето на уметноста во јавниот простор, пред се треба да ја имаат урбанистите, а не како што е кај нас - политичарите. „Токму поради фактот што оваа уметност, особено уличната, смета на факторот на изненадувачки топоними: движејќи се по урбаните комуникации, наидувате на таков еден проблесок на неочекуваната уметничка сензација“, продолжува Вилиќ. „Погледнете како се поставени сегашниве пет скулптури - тргнати настрана, како да се нужно зло, па морале да ги постават..., а со сите 50 улицата ’Македонија‘ ја замислувам како ’скопска Кроазета, како мртва природа’...“ Вилиќ истакнува дека на пешачка должина не подолга од 1,5 километар да се постават 30-40 скулптури е рамно не само на невкус, туку на лудост.

Историчарот на уметност, Љубен Пауновски, вели дека во однос на локациите на кои се поставуваат скулптурите, имаме хроничен проблем. „Затоа што не само што често се прават промени во урбанистичките планови, туку и голем дел од новите градоначалници, токму овие денови, дадоа ветување дека повторно ќе бидат менувани тие урбанистички планови. За ваквите проекти, кои по природа се многу сложени, немам елементарни информации дали на високо професионален начин бил осмислен овој проект“, смета Пауновски.

Но, како што истакнува проф. д-р Сузана Милевска, историчар на уметност и куратор, сега повеќе не станува збор за тоа колку се и дали се добри скулптурите и локациите каде тие се поставуваат. Сега, станува збор за начинот на владеење на одговорноста на Владата кон нејзините граѓани. „За скулптурите, спомениците, за разните објекти, за демонстрациите на плоштад, досега се пишувало многу пати, но никој тоа не го зема во обзир. Никој од Владата не дава контрааргумент, односно некаков одговор на јавното мислење“, смета Милевска. „Излегува дека тој што го одобрил поставувањето на скулптурите, и на останати објекти, никогаш не одговара на сите овие повици за преиспитување на одлуките. Граѓаните не ги зема никој во предвид, односно никој не го зема во предвид нивното мислење. А, тоа се јавни простори со кои изгледа располага власта, а не граѓаните“. Милевска вели дека ваквата појава е сериозен проблем, зашто утре може да никне кој знае што, а стручната јавност нема да има можност да го преиспита тоа. Милевска смета дека треба да се слушнат граѓаните, да се слушне мислењето на стручните лица, пред да се реализира нешто. Зашто, вели таа, многу е полесно да се постават сите тие објекти, одколку потоа да се тргнат. „Затоа треба да се водат јавни дискусии пред да се поставуваат објектите. А, сега е веќе доцна“, вели Милевска.

И Љубен Пауновски смета дека ова не е време на монархии. „Уметноста е елитна работа и таа со масите комуницира или како своевиден луна-парк и туризам, или како идеологија. Иако вистинското уметничко дело е реткост, и најчесто е надвор од се што е јавно, сепак, јавната уметност е невозможна без меценарство (приватно или државно). Но, ова не е време на монархии. А, јавната уметност, обично во последниов демократски период на западната култура, запазува во најголем обем критериуми на висока стручност, на конкретно искуство за овие прашања при осмислувањето на вакви проекти“, истакнува Пауновски. „Но“, вели тој, „за ваков вид на стручност, во конкретниов случај, лично не сум добил информации дали била применета“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AD13622A03152848AC6F566B3FE7E0AB
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.699 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.