build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 175176177178179 203>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13213
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3521 Posted: 23-Jun-2015 at 11:29
Споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија во паркот Жена-борец, познат и како Жена-парк (постара фотографија):



Инаку, споменикот е направен според оваа фотографија која ги прикажува децата бегалци од Егејска Македонија (објаснување од Википедија: Деца бегалци ја преминуваат границата меѓу Грција и СР Македонија непосредно пред нападот на грчките владини сили)



За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2268
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3522 Posted: 24-Jun-2015 at 12:37
Брошура на Дамјан Момировски која ги прикажува партизанските споменици низ Скопје. Истата е дел од изложбата „13 начини на гледање на градот“
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3523 Posted: 24-Jun-2015 at 12:43
ЦАР САМОИЛ СЕ СЕЛИ

На новото место за споменикот на улица Македонија веќе е направен постаментот. Цар Самоил се дислоцира заради поставувањето на нов плочник на Плоштадот

Почна преместувањето на споменикот на цар Самоил на Плоштадот Македонија. Екипи и механизација од фирмата "Трансмет" почнаа со дислокација на споменикот неколку метри поназад од сегашната локација. На новото место за споменикот на улица Македонија веќе е направен постаментот. Цар Самоил се дислоцира заради реновирањето на Плоштадот, односно поставување на новиот плочник.
Од Град Скопје велат дека нема да се потрошат дополнителни средства за дислокацијата на цар Самоил.
"Фирмата 'Трансмет' го дислоцира споменикот на цар Самоил.



Средствата за дислокација на споменикот се предвидени во рамки на вкупно предвидените средства за реконструкција на Плоштадот", велат од Град Скопје.
Изградбата на новата фонтаната и реконструкцијата на Плоштадот, во која е вклучена и дислокацијата на споменикот, чини 2,4 милиони евра.
Споменикот на цар Самоил беше поставен на Плоштадот во јуни 2011 година. Во заедничкиот отчет на Министерството за култура, на Општина Центар и на Службата за општи и заеднички работи во Владата стои дека за поставување на цар Самоил на Плоштадот се потрошени вкупно 1.779.922.71 евро. Автор на споменикот е Димитар Филиповски, а се лееше во леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=83B4D5509E63534D94A1B954D80AC362
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3524 Posted: 24-Jun-2015 at 13:07
„се лееше во леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца.“

Како тоа мермер се лееше? Новинарштина.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13213
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3525 Posted: 24-Jun-2015 at 13:37
Originally posted by Staro Skopje

Брошура на Дамјан Момировски која ги прикажува партизанските споменици низ Скопје. Истата е дел од изложбата „13 начини на гледање на градот“


Споменикот на страница бр. 12 е погрешно лоциран, т.е. се наоѓа кај зградата на МРТВ, а не зад новата торта на (зградата) АЕК. Инаку, голема штета е што најголемиот дел од овие споменици се запуштени, а некои и уништувани намерно. Тоа доволно зборува за нашиот однос кон сопствената историја, но и кажува што ќе се случи со сегашните споменици кога ќе се смени идеологијата на владејачката врхушка или „елита“.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3526 Posted: 24-Jun-2015 at 13:59
Originally posted by fichot

„се лееше во леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца.“

Како тоа мермер се лееше? Новинарштина.


Pa isto kako sto KOLOvoz e za PESACI.
Zatoa ke bidam presreken ako nekogas site tie fakulteti kako politicki nauki vo Makedonija se zatvorat. Dzabe egzistiraat koga nepismeni izleguvaat od niv a toa im e osnovnata rabota , da bide PISMEN i da znae da prenese informacija.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #3527 Posted: 24-Jun-2015 at 15:25
Originally posted by kultuzin

Originally posted by fichot

„се лееше во леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца.“

Како тоа мермер се лееше? Новинарштина.


Pa isto kako sto KOLOvoz e za PESACI.
Zatoa ke bidam presreken ako nekogas site tie fakulteti kako politicki nauki vo Makedonija se zatvorat. Dzabe egzistiraat koga nepismeni izleguvaat od niv a toa im e osnovnata rabota , da bide PISMEN i da znae da prenese informacija.


Удираш у болна точка Да не избегаме од темата, али факултет за политички науки нема, тоа е студиска програма на Правен. Плус, кадар има и тоа повеќе од квалитетен, освен неколку професори и асистенти, но студентите кои таму се запишуваат се тотално незаинтересирани за она што им се предава. Генерално, таму доаѓаат ученици само со "јаки" оценки, кои факултетот не може да ги одбие. И сеа доаѓаме тука до тоа кој е крив, професорите у средно или системот, али како и да е, од секој факултет искачаат тотални аматери и незналици.
Извинете вака, али морав студиската програма да си ја одбранам
23ka.wordpress.com
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3528 Posted: 24-Jun-2015 at 16:23
Originally posted by N23


Originally posted by kultuzin

Originally posted by fichot

„се лееше во леарницата "Фернандо Маринели" од Фиренца.“

Како тоа мермер се лееше? Новинарштина.


Pa isto kako sto KOLOvoz e za PESACI.
Zatoa ke bidam presreken ako nekogas site tie fakulteti kako politicki nauki vo Makedonija se zatvorat. Dzabe egzistiraat koga nepismeni izleguvaat od niv a toa im e osnovnata rabota , da bide PISMEN i da znae da prenese informacija.
Удираш у болна точка Да не избегаме од темата, али факултет за политички науки нема, тоа е студиска програма на Правен. Плус, кадар има и тоа повеќе од квалитетен, освен неколку професори и асистенти, но студентите кои таму се запишуваат се тотално незаинтересирани за она што им се предава. Генерално, таму доаѓаат ученици само со "јаки" оценки, кои факултетот не може да ги одбие. И сеа доаѓаме тука до тоа кој е крив, професорите у средно или системот, али како и да е, од секој факултет искачаат тотални аматери и незналици.Извинете вака, али морав студиската програма да си ја одбранам


Zborot mi e deka nema LEB od niv. Baska Imame hiperprodukcija na takvi kadri sto na krajta rezultira so politiziranje na opstestvoto. Bidejki covek so zavrsen praven, filozovski ili polski jazik na primer osven administracija drugo ne go pere. Da ne ja dolzime kako sto rekov od NIV nemame ama nikakva PRAKTICNA polza na nas ni trebat INZINERI a siguren sum deka sekoj inziner po potreba moze da bide mnogu podobar i politicar i novinar od kvazi NOVINARITE i KVAZI politicarite koi ni se slucuvat.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13213
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3529 Posted: 25-Jun-2015 at 08:39
ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПОПРАВКА НА СПОМЕНИЦИТЕ И ФОНТАНИТЕ

Толкава сума Градот ќе плаќа за едногодишна грижа за дел од објектите од „Скопје 2014“

Половина милион евра од градскиот буџет ќе се потрошат за одржување на спомениците и фонтаните од „Скопје 2014“. Град Скопје одлучил обврската да му ја довери на „Бетон“. За тие пари фирмата ќе биде задолжена една година да ги одржува и поправа објектите. Да го чисти коњаникот на Александар Македонски, мермерот на цар Самоил и другите, да ја прочистува водата во фонтаните на плоштадот „Филип Втори“...

„Станува збор за договор што Градот го склучува по втор пат откако ја презеде обврската од Општина Центар. Конкретно, ‘Бетон‘ по утврдена динамика и по потреба ќе има обврска да ги одржува и поправа објектите, на пример, да врши чистење на мермерот, миење на спомениците, тековно да ги сервисира фонтаните и слично“, накусо појаснуваат од Градот.

Трошоците со овој договор се поголеми за околу 160.000 евра од претходниот. Сумата се зголемила, како што појаснуваат надлежните, поради новопоставените споменици и фонтани.

Инаку, Градот ја презеде оваа обврска од Општина Центар која побара градската власт да се грижи за тековно одржување на „Скопје 2014“, меѓу другото со образложение дека е финансиски немоќна. А дека на спомениците, фонтаните и другите објекти од грандиозниот проект им е потребна секојдневна грижа, е повеќе од јасно. Доволна е куса прошетка низ центарот за да се видат недостатоци кај стотиците тони бронза. Речиси да нема споменик што не е избербатен од птици и инсекти, некои од постаментите се начкртани со мрсна боја, вечниот пламен често се гаси, а повеќето пешачки приоди до некои споменици се руинирани... (Д.Т.Д.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=71125F9E83D5C7498C90098069B8A0BC
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3530 Posted: 25-Jun-2015 at 11:22
Машала. Пола милионче, година за година... добра пара.
Ја би ги оставил да пропаднат малку, еве 10тина години пример, како ќе фатат од „патината“ инаку.


Патем, нели плативме ултра-скап ултра-звучен систем за бркање на инсекти и птици од спомениците?

Edited by fichot - 25-Jun-2015 at 11:24
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13213
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3531 Posted: 25-Jun-2015 at 14:10
Да, ама птиците и инсектите што ги бербатат спомениците се од „комуњарските“
За сè има вторпат
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #3532 Posted: 25-Jun-2015 at 22:03
Фонтаната работи, а споменикот не е во лоша форма (сликано вчера)



Edited by Z|evzek - 25-Jun-2015 at 22:03
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3533 Posted: 25-Jun-2015 at 22:08
Епа треба ли да нешто да работи леарницата у Фиренца, како ако не преку споменициве
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #3534 Posted: 26-Jun-2015 at 09:28


Edited by alexgizh - 26-Jun-2015 at 09:29
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3535 Posted: 26-Jun-2015 at 14:59
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3896
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #3536 Posted: 28-Jun-2015 at 17:12
Веќе е дислочиран споменикот (од инстаграм)
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13213
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3537 Posted: 28-Jun-2015 at 21:21
И јас го видов денес, преместен е. Сега е преблизу до зградата на Пелистер. Очекувам дека ќе има уште едно преместување за некоја година.
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3538 Posted: 28-Jun-2015 at 21:31
Кутар Самоил, не може да си го најде местото.
Тоа е, кога се распоредуваат споменици како коцки фрлени од (детска) рака.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3539 Posted: 28-Jun-2015 at 21:45
Tokmu lokacijata na toj spomenik najmnogu go kritikuvav i tokmu toj pocnaa da go mestat i za zal i ovoj pat na nelogicna lokacija.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #3540 Posted: 29-Jun-2015 at 07:15
Originally posted by Џоле

И јас го видов денес, преместен е. Сега е преблизу до зградата на Пелистер. Очекувам дека ќе има уште едно преместување за некоја година.

Па нели Жерновски ке ги тргаше, откако тој е градоначалник на Центар десетина нови споменици се поставија во неговата општина, и уште ке се градат (Мајка Тереза, Бегалците од Егејска Македонија). Да не се надеваме дека нешто ке се смени назад по промена на власта на национално ниво.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 175176177178179 203>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.512 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.