build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 176177178179180 201>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3541 Posted: 29-Jun-2015 at 08:34
Недостаток на ингеренции. Плоштад, главни улици, кејови итн (воглавно спомениците се на или покрај овие), се е тоа под град Ск.



Edited by fichot - 29-Jun-2015 at 08:35
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #3542 Posted: 29-Jun-2015 at 17:06
Originally posted by fichot

Недостаток на ингеренции. Плоштад, главни улици, кејови итн (воглавно спомениците се на или покрај овие), се е тоа под град Ск.



Или Жерновски лажел кога стопати кажа дека ке ги дислоцира повеќето споменици (а знае дека нема ингеренции), или има ингеренции ама многу бргу се ујдиса со овие од власта, па споменици и понатака си никнуваат низ Општина Центар како печурки.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3543 Posted: 29-Jun-2015 at 17:33
Политичар лажел? Неверојатно. Кликни тука.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3544 Posted: 02-Jul-2015 at 21:01
Zadnji krik tehnologoije. Na vakvi strucnjaci trebase da im dademe da go kreirat Skopje 2014. Se pokazaa lugeto na delo i toa so amfiteatarot vo Strumica, casovnikot vo Strumica i fontanata (vidi Foto). Taka namesto neoklasicizam u barok ke dobievme Hard Core komunizam i toa vo negovata najbrutalna faza.




Napomena ova na slikata ne e pisoar tuku e "umetnicko" delo na nepznat (za mene barem) umetnik angaziran i platen od opstina Strumica.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #3545 Posted: 02-Jul-2015 at 21:44
Poveće prilega za nadgroben spomenik na zaginati partizani
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3546 Posted: 02-Jul-2015 at 22:27
Moram da dodadam deka na fotografiite poubavo lici otkolku vo zivo.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3547 Posted: 02-Jul-2015 at 22:29
Ццц. Овде некои ко за инфомакс да работат. Фонтанава, не е задњи крик, е од 2010та. Искритикувана е до сега милион пати.

Патем, тоа подземната улица под неа... уште чекам(е) од Коце некој таков зафат. Ај можда нареден мандат.

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #3548 Posted: 02-Jul-2015 at 22:48
Originally posted by fichot

Ццц. Овде некои ко за инфомакс да работат. Фонтанава, не е задњи крик, е од 2010та. Искритикувана е до сега милион пати.

Патем, тоа подземната улица под неа... уште чекам(е) од Коце некој таков зафат. Ај можда нареден мандат.



Na tolku sorosova vojska sto se nasobra ne e loso da se vidi i drugata strana na medaljata.
Podzemnata ulica i parkingot se navistina dobar proekt i tuka nema sto da se kritikuva. Moze da se kritikuvat samo detali, kako resenieto so semaforite i nedorecenostite na izvedbata. No toa se raboti sto se rezultata na nasata kolektivna nesposobnost i ne moze da se prepisat isklucivo na lokalnata vlast.
Muabetot e tuka PISOAROT, Saatot i Amfiteatarot tri "UMETNICKI" tvorbi koi se izgradeni vo 21 vek a licat kako da se od sredinata na 20 vek.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #3549 Posted: 03-Jul-2015 at 21:15
Originally posted by kultuzin

Originally posted by fichot

Ццц. Овде некои ко за инфомакс да работат. Фонтанава, не е задњи крик, е од 2010та. Искритикувана е до сега милион пати.

Патем, тоа подземната улица под неа... уште чекам(е) од Коце некој таков зафат. Ај можда нареден мандат.



Na tolku sorosova vojska sto se nasobra ne e loso da se vidi i drugata strana na medaljata.
Podzemnata ulica i parkingot se navistina dobar proekt i tuka nema sto da se kritikuva. Moze da se kritikuvat samo detali, kako resenieto so semaforite i nedorecenostite na izvedbata. No toa se raboti sto se rezultata na nasata kolektivna nesposobnost i ne moze da se prepisat isklucivo na lokalnata vlast.
Muabetot e tuka PISOAROT, Saatot i Amfiteatarot tri "UMETNICKI" tvorbi koi se izgradeni vo 21 vek a licat kako da se od sredinata na 20 vek.


Само едно нешто, ти се допаѓа како е направен плоштадот на "ВМРО" ?!
Се надевам си прошетал натаму.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #3550 Posted: 03-Jul-2015 at 22:57
Јас сум бил, не ми се допаѓа плоштадот на ВМРО, ама оваа со писоарот е срамно и одвратно.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #3551 Posted: 04-Jul-2015 at 03:15
Previous
 
Да не беше картата на светот, и јас ќе го кажев истото.
 
Но вака, пораката е јасна - да му се мо_ам на светот. Bash Rollin 


Edited by Dexter26 - 04-Jul-2015 at 03:15
Back to Top
Spiridon View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 03-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 70
  Quote Spiridon Quote  Post ReplyReply #3552 Posted: 18-Jul-2015 at 20:11
Ama be dosta so toj termin "sorosoidi".Uste poodvratno deluva koga doga od lugje bez mozok,so partiski kniski,so zavrsen privaten faks vo Radovis i normalno,lugje koi za nastanite vo svetot se informiraat preku Kurir.
Dosta vise.PS A 95% od narodov vo Makedonija nema poim koj e Soros.

Edited by Spiridon - 18-Jul-2015 at 20:18
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12198
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3553 Posted: 24-Jul-2015 at 11:09
Ако некој се прашуваше каде е преместена скулпурата со мачка која порано се наоѓаше на улица Македонија - еве го одговорот: во дворот на АСУЦ „Боро Петрушевски“.

DSC09947 by george k. 1981, on Flickr

Edited by Џоле - 24-Jul-2015 at 11:09
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3554 Posted: 24-Jul-2015 at 14:41
Одлично, повеќето треба на сличен начин да се "децентрализираат".
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3555 Posted: 25-Jul-2015 at 14:03
Не е преместена, дупликат е. Таа кај АСУЦ е поставена уште пред таа на улица Македонија:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=156&PID=42487#42487


Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3556 Posted: 25-Jul-2015 at 17:43
Неверојатно, некои глупости и по два пати ги имаме.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3557 Posted: 19-Aug-2015 at 09:54
НИВЕН И / ИЛИ НАШ СПОМЕНИК или

КОНТИНУИТЕТОТ НА БЕЗЗАКОНИЕТО (1)


Златко Теодосиевски

1.

Да не спомнеше г-динот Томе Серафимовски дека, со Трифун Костовски, сакале „на еден законски начин“ да го реализираат (во 1999 година) споменикот на Мајка Тереза во центарот на Скопје пред некогашната католичка црква „Свето срце Исусово“, можеби и ќе си премолчев. Да не спомнеше и пред некој ден г-динот Трифун Костовски дека тој, со г-динот Серафимовски, се навредени од тековните реализации на последната (којзнае дали е последна?) глупост на Владата на РМ да ја реализира идејата (на индискион лажго) за нов споменик на блажената Мајка Тереза среде центарот на Скопје и дека размислуваат да си го тргнат „нивниот“ споменик, можеби пак ќе премолчев. Ама, ко за беља, ги најдов текстовите што во таа 1999 година ги пишував апропо тогашното инсталирање на нивниот споменик, и ме заскокоткаа прстите. Особено што сега испаѓа дека тие двајцата нешто ни дале нам, на неблагодарните скопјани, а сега сакаат да си го земат назад. Зашто, изгледа, ние тоа – нивниот споменик – не го заслужуваме. И можеби требаше со голи гради да го браниме односно да не дозволиме, прво, да се изгради „оној невиден кич од архитектура наречен дом на Мајка Тереза“ (Т. Серафимовски) пред нивниот споменик, и второ, да легнеме сите заедно пред да се постават темелите на новото чудовиште во центарот на Скопје, посветено повторно на Мајка Тереза?

Меморијата е опасна работа. Кога функционира, ако функционира. Односно, не се сеќавам дека господава – лично и персонално – реагираа и по првиот и по вториот повод. Не, напротив, ракоплескаа и се редеа да му честитаат на Големиот архитект на неговите идеи и успеси. А сега нас не’ буцкаат да си ги вадиме очите со него. Или – ќе си го земеле споменикот (!?) односно ќе го преместеле на „некое посвето место“! Мислам дека јас тоа, или нешто слично, го предлагав уште во далечната 1999 година, кога го поставуваа на сегашната локација. Зашто (и) тој споменик е комплетна дивоградба, како и сето денешно „Скопје 2014“, вклучувајќи ја и најновата скаламерија на Големиот архитект посветена (божем) на блажената Тереза.

2.

Се разбира, ништо од тоа не е точно, односно не беше така како што двајцава денес сакаат да го прикажат. И, да бидам искрен, мислев дека во овие пет-шеснаесет години ќе се најде една влада што ќе стави ред на узурпациита и беззаконието во оваа област. Односно, мислев дека ќе се најде човек кој на узурпациите ќе одговори со ред и закон и прв на удар ќе се најдеше токму тој споменик на Мајка Тереза, насилно и незаконски инсталиран пред очите на целата македонска јавност, а сега прикажуван како некаква жртва на денешниве малверзации.

Имено, уште тогаш пишував дека Скопје, без оглед на постојаниот растеж и развој, секогаш ќе си остане некаква чудна балканска касаба. Градот и понатаму ќе се шири и ќе се (пост)модернизира, ќе се раѓаат и ќе растат нови и нови генерации … а менталитетот ќе остане – ист! Оној типичен, балкански, паланечки, малограѓански, кафеански менталитет и начин на шушкање и озборување, на “јавни тајни”, на филозофијата (ако тоа воопшто може така да се нарече) “не се замерувај”. А “нештата” навистина се случуваа(т), сите знаат, сите муабетат, а јавно – молчат!? Молчи државата, молчи Скопје, молчи културата, молчат уметниците … ! И тогаш, и сега, некако сакав да верувам дека нештата сепак ќе мораат да добијат нормален, демократски, јавен тек … Можеби сум го мислел Скопје поинакво: возрасно, мудро, умно, европско. Излегува дека не е така!

И пред пет-шеснаесет години се чудев зошто му е на Скопје споменик на Мајка Тереза? Не сум достоен и немам апсолутно никаква намера да ставам дури и интерпукциски знак на животот и делото на таа жена. Нејзиното дело е споменик! Сепак, Скопје / Македонија, во тоа време, немаше споменик на Самоил, Карпош, Прличев, Пулевски, Миладиновци … На мајката на (можеби) сите мајки Скопје и’ оддаде почит со спомен плочата во центарот на градот. (Не дека таквото ликовно-естетско-споменичко решение особено ми се допаѓаше, но сепак…). Ама, и тогаш, како и денес, остана нејасно кој беше тој / тие што одлучил(е) дека Скопје задолжително треба да има споменик на Мајка Тереза? Зошто, како, според кои критериуми? Та нели веќе има спомен плоча, нели велеа дека ќе се снима и игран филм, итн? Впрочем, Гонча Бојаџиу го спомнуваше Скопје само како роден град, и толку.

Но, најважно, оваа држава и тогаш имаше Закон за споменичко одбележување на настани и личности, многу сличен на денешниот. Според него, никој во оваа држава не смее да поставува споменици на настани и/или личности спротивно на законот. И законот велеше дека во оваа држава ќе се донесе Програма за споменичко одбележување на настани и личности, во којашто децидно ќе бидат набележани сите настани и личности во Македонија на коишто ќе им биде подигнат споменик! И таа Програма беше направена односно изгласана од Собранието на (тогаш) СРМ! Во неа, сепак, го немаше навестуваниот споменик на Мајка Тереза!!! Многумина ќе речат дека во тоа време не можело да се предвиди се’. Точно, но спомнатиот закон водел сметка и за тоа па предвидел дека претходно спомнатата Програма може да се дополнува и со нови споменици, но според прецизно утврдена процедура! (Што, се разбира, во случајов не беше направено!). Понатаму, пишував пред пет-шеснаесет годидни, кои се тие – или тој – што го плаќаат овој споменик? И зошто го прават тоа? Не ги знаат ли законите во оваа држава или тие ништо не им значат? Дали, навистина, парите кај нас значат – се’?! Дали навистина со пари кај нас може да се купи се’? Па дури и – споменик?! (На што: на парите?). Конечно, не помислиле ли тие “спонзори” дека целото случување за нив ќе биде само – лоша реклама?

И конечно, значи ли тоа дека воведуваме ризична пракса на “принцип” секој да подига споменици каде ќе му текне и како ќе му текне? Само заради тоа што – има пари?

mothertereza1

3.

Целава скопска (или, ако сакате – македонска) можеше да се постави и поинаку. На пример: Скопје треба да има споменик на Мајка Тереза; таква одлука донеле надлежните државни органи; таквата одлука била донесена во склад со законите на оваа држава … И потоа, што? Нормално: се распишува конкурс, се формира комисија, се пријавуваат уметници, комисијата избира најдобар проект … градот / државата добива културен споменик!

Некој ќе рече: да, ама финансиерот не сака да плати за културен споменик туку – за некаков друг. И тоа е за почитување. Секој си ги арчи парите за нешто. Така и овие спонзори. Но, нека платат за одбраниот споменик, ама нека си го постават во сопствениот двор. Едноставно: не можат / не смеат нивното незнање, или несакање, или непочитување… да (ни) го сместуваат во центарот на градот!

Скопје и тогаш, како и денес, имаше дури отповеќе јавно декларирани надобудни набљудувачи, историчари, пишувачи, хроничари, архитекти, уметници … кои, велат, толку го сакаат градов што се’ би дале за него. Во дадениот случај, како впрочем и денес, сите – молчеа!

Во тоа време искрено посакував споменикот на Мајка Тереза да биде пристојно уметничко дело, реализирано преку позитивните прописи и процедури, без лаги и малограѓански измами. Не се оствари ништо од посакуваното! Нејсе.

Тогашниот мој текст беше објавен на страниците на “Дневник”, а во оригиналот имаше наслов “Култ-ура од неколку метри”, сакајќи да ги потенцира токму некултурните аспекти на поставувањето на споменикот на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Требаше едновремено да потенцира дека култ-овите од минатото навистина се’ уште ни траат и дека на ура можеме да направиме буквално – се’!

Тогашната редакција на “Дневник” изгледа не го беше бендисала мојот оригинален наслов, па поимот култ-ура го беше заменила со “споменик”, такашто текстот се појави со наслов “Споменик од неколку метри” (28 август 1999). Не знам зошто била извршена оваа измена; можеби поимот култ-ура им изгледал премногу некултурен за еден таков споменик!?

Меѓутоа, многу бргу се покажа дека оваа измена во насловот била одлична замисла, зашто низ сите тогашни весници (“Дневник”, “Утрински весник” и другите) “надлежните” почнаа да коментираат и да “објаснуваат” дека всушност и не станува збор за споменик туку САМО за спомен-обележје на Мајка Тереза! И ете од каде потекнува идејата за изигрување на законот и за сите „спомен – обележја“ високи по десетина и повеќе метри во фамозното „Скопје 2014“. Но за тоа во следната прилика.

https://teodosievskiumetnost.wordpress.com/2015/08/15/%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%B8-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%88-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BA/


Edited by BOJAN - 19-Aug-2015 at 09:54
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #3558 Posted: 19-Aug-2015 at 09:56
СПОМЕНИЧКО ЛУДИЛО или

КОНТИНУИТЕТОТ НА БЕЗЗАКОНИЕТО (2)

Златко Теодосиевски

4.

Дека ова е луда земја не сведочи само фактот дека еден уметник и еден спонзор / донатор намислиле да си го земат назад споменикот што своевремено, со помпа, му го подарија на Скопје, и тоа само заради фактот што сега и некој друг ќе прави споменик за истата личност. Иако нивниот споменик е чиста довоградба, исто како што ќе биде дивоградба и новиот споменик, од другава „уметничка“, а „донатор“ требаше да биде еден белосветски. Земјава дефинитивно докажува дека е налудничава затоа што, еве, во Битола, велат, скулптура ќе реализира и Руслан Сергеев, исклучително интересен современ уметник кој, за живо чудо, не е ни барокно ориентиран, уште помалку неокласик. Зошто и како власта го дозволува ова? Та зарем не може тоа да го сработи некој од нашиве веќе познати, и видени, „уметници“ кои ни го украсија Скопје? Зошто тие да не преминат и во Битола, малку и таму да заработат? Што ќе и’ е на Македонија некој од надвор, па уште и познат? И не знаеме што може да смисли, да направи? Ако направи и тој некаква „темна естетика“ па да ни ги зарази малите битолчанчиња? Овака, знаевме што може да направи Серафимовски, знаеме што може да направи Валентинчето. Чист рачун!

Но, да се вратам на темата.

5.

Имено, како и денес, и во времето на првиот (нелегален) споменик на Мајка Тереза, овој што овие денес сакаат да си го земат, локалната и централната власт соработуваа како лева и десна рака. Фатени со рацете во незаконскиот мед, почнаа да шират приказни дека тие всушност подигаат спомен-обележје (од неколку метри!), дека тука нема потреба од примена на (тогашниот) Закон за споменици и спомен обележја итн., се’ со цел да се протурка замисленото, иако целосно нелегално.

И тогаш, и денес, надлежните мислеа дека живеат во град на тапоглавци и слепци кои нема да видат дека наводното спомен обележје на Мајка Тереза достигнува височина од цели три (3) метри, а денешново исто така наводно спомен обележје на Ацета цели 15-тина метри. Никој од надлежните во таа 1999 година не одговори на прашањето зошто ни е уште едно (тооолкаво) спомен обележје на Мајка Тереза кога само неколку месеци претходно поставија спомен плоча (т.е. спомен обележје, по дефиниција) среде Скопје? Впрочем, никој од надлежните ни денес не одговара на истите прашања. Ниту пак објаснува ако ваквите шверцувани спомен-обележје ни се толкави, колкави (ќе) треба да ни бидат спомениците: 20, 30, 50 … метри? Како никој да не разбираше, или не сакаше да разбере, дека со вакво (квази) спомен-обележје од 3 и кусур метри воспоставува (квази) стандард што веќе утре ќе ни се удира од глава? Е тоа утре е денес, односно самонаречениот проект „Скопје 2014“ којшто сите споменици ги прогласи за спомен обележја само за да ја избегне законската (собраниска) процедура!

Но, споменикот на Мајка Тереза што денес сакаат да си го земат назад воведе уште еден квази стандард за којшто и тогаш пишував: дека донаторот на споменикот (читај: тој кој плаќа) определува каде и како ќе ја реализира својата донација! Машала!!! Па така, на градот му требал, можеби, споменик на Самоил или Миладиновци, ама донаторот вели – не, тој намислил тоа да биде Мајка Тереза; или на градот можеби му требала концертна сала, ама донаторот вели – не, тој сака да гради спортска сала … итн! Значи градот ќе расте, ќе се развива и ќе се естетизира согласно замислите на донаторите а не според своите планови и потреби? А што ако некој американски донатор, некогашен рок-енд-рол тип а сега познат бизнисмен, намисли да „донира“ споменик на Елвис Присли, блиску до овој на Мајка Тереза? Или токму до Ацета? И тоа ли ќе биде – донација од скопски тип?

Оттука, “надлежните” на овој начин воведоа и втор квази стандард: дека секој со пари односно донација може во Скопје и Македонија да подигне споменик – кому сака и каде сака!!! И тогаш прашав: не им се чини ли дека е тоа премногу опасно? Нормално, одговор не добив, ама: „Скопје 2014“ и Главниот архитект, како и во се’ друго, го доразвија овој квазистандард па и со туѓи (народни) пари градеа како со свои – што, како и каде сакаат! И после некој ќе каже дека во македонската политика немало континуитет!!!

6.

И повторно: сериозно мислев дека некоја власт, која и да е’, кога и да е’, ќе го „реши“ овој споменик на Мајка Тереза. Прво заради фактот што е нелегален односно ги прекрши сите позитивни законски процедури, и второ, затоа што во суштина е лош споменик. Далеку е под нивото и на Серафимовски и на тогашната македонска скулптура. Дотолку повеќе што е и анатомски нелогична, односно невозможна (десната нога на Мајка Тереза е неприродно изместена, пробајте да застанете така!), иако скулптурата пледира на некаква реалистичност.

majka_tereza

Но, дури и да беше ремек дело, што не е, секоја нормална власт ќе мораше да го отстрани како пример за непочитување на законски процедури. И денес / утре, сосема лесно и легално, повикувајќи се токму на тој чин, ќе може(в)ме да се решиме од кичерајов низ Скопје!

Но затоа, во оваа луда држава – меѓу другото и заради ова, на почетокот, напишав дека ова е дефинитивно луда земја – во 2008 година беше отстранета како нелегална бистата на Тодор Александров поставена во приватниот двор на Драги Каров во Велес. Локалната власт на Велес, пишуваше тогаш „Дневник“, соопштила дека со програмата на Советот на Општината не била предвидена ваква биста на Тодор Александров и тие побарале да биде отстранета. (На овој типичен наш куриозитет ме потсети Рамадан Рамадани, за што му благодарам!). А како и можела да биде предвидена со некаква општинска програма, кога човекот си ја подигнал бистата во сопствениот двор, со лични средства?

Па оттука, кај нас човек не смее ни во сопствениот двор да си постави биста на некоја историска личност која ја почитува (од едни или други причини), но некој донатор, или пак локалната и државната власт, можат (во наше име!) сосема бесправно да подигаат споменици на кого сакаат и каде сакаат! Или Тодор Александров е непожелен, ама Мајка Тереза е добредојдена? (Но, се разбира, во лудите држави апсурдите секогаш победуваат: само пред две-три години оваа власт – повторно лажејќи дека подига спомен обележје – му подигна цел споменик на истиот Александров, на коњ, под полна воена спрема, среде Кисела вода! А Мајка Тереза? Е неа овие двајцава ќе си ја земеле зашто власта ќе градела уште еден споменик. Чисто лудило! ).

7.

Конечно, останува да виси во воздух прашањето: зошто всушност нам ни беше потребен закон во оваа област, па уште и законски донесена долгорочна програма што ќе предвиди на кои значајни настани и личности, важни за оваа држава, ќе им бидат подигнати споменици, и какви? Затоа што во оваа област во изминативе 50-тина години во Македонија се случуваше токму ова што се случуваше и во 1999 година, но и денес: безредие, беззаконие, илагала, споменичко насилие … Низ Македонија беа изградени секакви споменици и спомен-обележја. Некои достојни на личноста или настанот, достојни и на називот јавен споменик, но и секакви други! Дури срам да те фати. И овие другиве се во значително поголем број. А се граделе токму на денешен начин, по диктат на полуписмени властодршци, партиски профитери и селски кметови. Важно било на ура да се одбележи со споменик култ-от кон личноста, кон настанот… И „никнувало“ се’ и сешто!

А се решавало слично како и во сегашниов скопски случај: решавале некои “надлежни” – некои од општинските собранија, комбинирани со претставници од општинските комитети, па сојузите на борците … итн. И споменикот – никнал! А, вообичаено, можело да се претпостави и кој уметник ќе го работел споменикот. Односно, поголемиот дел од уметниците си ги добивале спомениците во нивниот роден крај или според слични роднокрајни врски! (Освен ако во меѓувреме не се преселиле во Скопје, но врските долго и успешно функционирале!). Се разбира, и тоа време не било баш толку „диво“ како денешново бидејќи има(ло), останале и доволен број исклучоци, особено за поголемите споменички зафати, кога се’ одело по некаков канален ред: со конкурси (јавни или повикани), со стручни комисии и слично. Така впрочем Македонија и доби неколку вредни јавни споменици. Односно споменици што можат да се наречат и – уметнички дела!

Односно идејата на законското и програмското регулирање на оваа материја беше токму таа: секој споменик финансиран од јавни средства да биде транспарентно програмиран и процедурално реализиран. Само така државата можеше да воведе ред во оваа област, а културата ќе добиеше споменици што ќе можеа да се вбројат во уметнички (ремек) дела! Ама редот и поредокот некогаш не ни одговараат, нели?

https://teodosievskiumetnost.wordpress.com/2015/08/17/%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%BE-%D0%BB%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%BE/
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3559 Posted: 26-Aug-2015 at 12:14
ЧИСТЕЊЕ НА ДАМЕ ГРУЕВ И НА ПИТУ ГУЛИ

Се чистат спомениците на Даме Груев и на Питу Гули на плоштадот Македонија. Деновиве просторот околу спомениците е заграден со скелиња и се чистат флеките и нечистотијата на коњаниците и на постаментите.

Од Град Скопје велат дека станува збор за тековно одржување на спомениците
"Со коњаниците Даме и Питу ќе започне сезонската редовна чистка на содржините од проектот 'Скопје 2014"', за кои е задолжен Град Скопје. Фирмата која ја ангажиравме, во наредните месеци ќе работи на спомениците според утврдената динамика", велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски.
Надлежните од Градот пред неколку месеци склучија договор со фирмата "Бетон" за половина милион евра да ги одржува спомениците и фонтаните.


http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=9374C26531033940A8583DE04F8F7D0B
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #3560 Posted: 28-Aug-2015 at 11:31
Извонредни футуристички монументални споменици од Југославија

Пред распадот на Југославија, таа била дом на едни од најмаркантните архитектонски имиња во тоа време. Југословенските власти граделе разни скулптури и градби во непосредна близина на градовите, најчесто во природни амбиенти.

И ден денес овие градби се посетувани од голем број на туристи кои ги гледаат овие форми кои слободно можат да бидат копирани и искористени во некој добар научно – фантастичен филм.

Околу 26 години подоцна, белгискиот фотограф Jan Kempenaers кој студирал на Кралската академија за ликовни уметности во Гент и има докторат по визуелни уметности, ја посетил целата територија на поранешна Југославија се со цел да ги фотографира овие архитектонски чуда.

1. Споменик на Космајските партизани, Планина Космај, Белград, Србија 1982 годинa



2. Споменик на револуцијата, Подгарич, Хрватска, 1967



3. Споменик Тифус, Кореница, Хрватска, 1959



4. Споменик „Камено цвеќе“ во концентрациониот логор Јесеновац, Хрватска, 1966



5. Споменикот на убиените патриоти, Никшич, Црна Гора



6. Споменик во меморијалниот центар Шушњар во близина на Сански Мост, Босна и Херцеговина, 1971



7. Споменик во Меморијалниот комплекс „Долина на хероите“, Тјентиште, Босна и Херцеговина, 1971



8. Споменик на паднатите борци, Колашин, Црна Гора, 1949



9. Споменик на партизанскиот одред, Остра, Чачак, Србија, 1969



10. Споменик на востаниците од Кордун и Банија, Петрова Гора, Хрватска, 1981



11. Споменик на убиените за време на првото партизанско ослободување на Книн, Хрватска, уништен 1995



12. Споменик посветен на паднатите словенечки војници, Илириска Бистрица, Словенија, 1965



13. Првиот споменика во Кадињача, во близина на Ужице, Србија, 1952-1979



14. Споменик на операцијата „Црн пад“, Босна, 1970



15. Споменик „Македониум“, Крушево, Македонија, 1974



http://www.porta3.mk/izvonredni-futuristichki-monumentalni-spomenici-od-jugoslavija/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 176177178179180 201>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.499 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.