build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 17-Apr-2009 at 13:23
Izgleda se napraveni pogolemi za da bide nevozmozno nekoj pameten da gi otkornit ko prethodnite. Sepak edna od retkite skulpturi koj mi se svigaat
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 20-Apr-2009 at 02:14
во Жена Парк е поставена новата скулптура на украинскиот поет Тарас Шевченко - донација од Украина. Изгледа мошне културно. Исто така, пред објектот на Мак. Опера и Балет поставена е скулптура Балерини - деф. најубава за мој вкус од сите до сега поставени современи скулптури во СК. За жал немав апарат.

Back to Top
Bitola View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Apr-2009
Location: Philadelphia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Bitola Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 20-Apr-2009 at 05:04
    "скулптура Балерини"
     skulpturata nema nikakvo umetnicko znacenje i nema nikakov dopir so sovremena skulptura...mozebi so dekoracija na urbana okolina,,no toa ne ja pravi za skulptura..duku ednostavno samo dekor,,,koj ne drzi nikakva ideja,kako i 90% od skulpturite skoro postaveni.
     Skopje nema dobri skulpturi....i ne e nekoj kriv za toa sto nemame dobri skulptori.
     Im dadoja sansa i se pokazaa,,,sto gomna se iznaredija niz gradot
     Ako imavme posle tolku postaveni skulpturi,,gradov ke licese na nesto...

     
    
   
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 20-Apr-2009 at 11:25
Јас воглавно се сложувам дека не треба да се трошат толку пари на скулптури (1000 пати сум го рекол тоа), меѓутоа тоа со уметничката вредност на скулптурите е најголема глупост! Ене ја и онаа пред старата железничка мајка ли се викаше, што личи како да има преживеано лепроза и гангрена заедно, можеби е уметничка но е апсолутно прегрда. Јас не го гледам уметничкото во скулптурите, веројатно колку е погрда и по-без-врска толку е поуметничка. Свирачите во Скопје се супер, и кој и да рече дека не чинат, има некој комплес на виша вредност (99% од времето уметниците). А Bitola, новинарите можеби грешно се изразуваат скулптури/споменици, многу знаат тие за вајарство и скулпторство, меѓутоа идејата и на тој што ги постави беше декор, не беше да застанат луѓето и да викаат што треба сега ова па да биде? Ај кажи ми една скулптура со уметничка вредност (ете во Битола), штом скопските немаат никаква. Баш ме интересира што е уметничка вредност, дали колку е посложена и позагадочна, толку е поуметничка?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 20-Apr-2009 at 14:31
се согласувам со тоа дека скулптурите немаат големо значење за просторот во кој се наоѓаат и пошироко за градот (не сите нормално), но бидејќи „Балерини“ се наоѓа пред МОБ нејзиното значење е во ред
не сум ја видел „балерини“ но посакувам да беше модерна скулптура, бидејќи таква одговара на зградата на МОБ и околните објекти

ама кога збориме за значењево некои од скулптурите имаат значење за градов (сега ми текнува на шмизлата, „еј“ и питачот)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 22-Apr-2009 at 03:16
Вечност, како Македонија што е вечна


Саздовски во 2000 година има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел вајарство и графички дизајн, каде и магистрирал 2002 година. Учествувал на бројни конкурси во државата. Има реализирано десетици изложби во земјава и странство, а добитник е и на голем број награди


Вашата скулптура стана дел од центарот на нашата метропола. Дали веќе имате одгласи за тоа како граѓаните го доживуваат вашето дело?
За да се даде суд за едно уметничко дело најдобар показател е времето. Само од една подолга временска дистанца подложени на едуцирана и стручна уметничка критика, може да се разговара за тоа колку едно дело е успешно или не. Граѓаните за моето дело додека го поставував воглавно имаа позитивни забелешки, една минувачка ме запраша дали скулптурата претставува бесконечност и јас кога и потврдив таа ми одговори дека и се допаѓа. "Вечност, како Македонија што е вечна" - беше нејзиниот коментар.

Која беше Вашата главна инспирација додека творевте и како ќе го објасните значењето на вашата скулптура во контекстот во кој е поставена?
Главна инспирација за скулптурите од мојот циклус "Енергија" е движењето и промената на енергијата. Сакав преку ликовен јазик да ги доловам тие промени на енергијата т.е. едно мое субјективно гледање на таа вечна промена.
Бидејќи таа трансформација на енергиите од една во друга, околу нас се случува многу брзо сакав да ја "замрзнам", односно да ја претставам во еден траен материјал како што е мермерот.

Преферирате изложување на отворено или во затворен музејски простор?
Поставувањето на едно уметничко дело се одредува пред неговото креирање, значи според просторот во кој треба да егзистира, се одредува неговата големина и изглед. Мојата дипломска работа "Бесконечност" беше осмислена за поставување во галериски простор, но по моето запишување на Постдипломските студии главна цел ми беше монументална скулптура. Бидејќи во Скопје немам ателје за работа, а сакав да изработувам монументални дела кои ќе бидат поставени во урбана средина во текот на моите магистерски студии и по нивното завршување живеев 3 години во Прилеп, а мојот труд "Енергија" од која се дел скулптурите "Енергетски трансфер" и "Бесконечна циркулација" се изработени во рудникот за мермер "Бела Пола" Ларин А.Д. во Небрегово. Преферирам изработка на монументални скулптури па затоа конкурирам на многу светски конкурси за симпозиуми за изработка на монументални скултури од кои можам да ги издвојам симпозиумот Санта Круз во Португалија 2006 каде што изработував 2 скулптури во мермер 50х50х100 и 90х30х170 цм и симпозиумот во Чешка 2008 каде изработив скулптура во дрво 350х90х90 цм.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=697A34A60356754ABCCAA8BFABA7A639
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 22-Apr-2009 at 17:39
Еве ги двете скулптури од платото пред МОБ....





Оваа е на улицата Димитрија Чуповски (Рекорд) пред театарот за деца....

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 22-Apr-2009 at 18:00
...
Оваа е на улицата Димитрија Чуповски (Рекорд) пред театарот за деца....


Морам да призанм дека овака оваја скулптура има нешто морбидно во себе, а одоагора поставена пред театарот за деца.
(не сум ја видел во живо)


Edited by Vladimir P - 22-Apr-2009 at 18:00
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 22-Apr-2009 at 18:05
Владимир и мене ми е така малку морбидна. Може одговара склулптурава за пред театар, а ма за пред детски театар воопшто. Тука можеше некакви седум џуџиња, нешто ликови од приказни и слично да се испентарат по оградава. Шмизлата можеше да биде снежана Шала на страна, требеше нешто "подетско" да се вклопи пред театарот ако веќе се сакаше да се отцрта театарот и да се укаже на неговото присуство во зградата.
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 22-Apr-2009 at 18:18
Се слагам! Ептен бесмислено ги истураат скулптуриве, оваа е стварно добар приимер за тоа...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 23-Apr-2009 at 19:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 02-May-2009 at 00:03
Споменик на Гоце Делчев во Г. Лисиче

Во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче наскоро ќе почне да се гради споменик на еден од најголемите македонски револуционери Гоце Делчев. Изградбата на споменикот е донација од Здружението на иселениците „Браќа Миладиновци“ од Калифорнија. Моментно во тек се подготовките околу деталите и пресметките за висината за донацијата. Средствата ќе ги донира Цветан Стефковски, претставник на Здружението, кој повеќе години живее во Калифорнија, а е роден во Горно Лисиче.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=53D56D166C5E2648B8152D5760DBDDDB
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 04-May-2009 at 06:45

Цела Фиренца лее за Македонија

Фирмата од Фиренца специјализирана за леење во бронза „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ е изведувач на спомениците нарачани од Општина Центар вредни околу десет милиони евра, дознава „Дневник“ кој дојде до петте договори меѓу Општината и италијанската леарница. Во договорите за јавна набавка, кои се од 2008 година, за одредени скулптури се наведени имињата на историските личности што се мотив за скулптурата, а за некои се наведени само парите што треба да се платат. Во документите пишува дека сите скулптури се од бронза. Покрај „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“, во зделката се вклучени уште две помали леарници - „Фондерија артистика Гуастини“ и „Галерија Базанти“, фирми-сестри на познатата леарница од Фиренца. Општина Центар две години ги крие точните суми што ќе се потрошат за скулптурите што предизвикаа многу контроверзи и полемики во јавноста и поради висината на средствата - пари од даночни обврзници и поради таканаречената антиквизација. Иако проектот е во времето на поранешната градоначалничка Виолета Аларова, ниту новиот татко на општината, Владимир Тодоровиќ не сака да одговори на прашањата за спомениците. Тој не беше достапен за коментар на договорите, а и неговите служби не сакаа да потврдат дали нарачката е готова и навистина толку пари ќе се платат од буџетот на Центар. 

 Во Службеното гласило на Општина Центар на 4 февруари лани е објавено решение за програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја. Во решението се вели дека локалната власт ќе подигне споменици на Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев. Уште се вели дека Општината може да ја проширува оваа листа по барање на правни или физички лица, согласно со Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. Според документот, трошоците за чување, заштита и одржување на спомен-обележјата, Општината ќе ги обезбедува од својот и од државниот буџет. Портпаролот на Општина Центар, Лидија Неделковска, вели дека штината тендер за изработка на скулптурите Општината распишала на некои меѓународни интернет-сајтови, притоа не именувајќи ниеден од нив. Таа додава дека се' уште не се знае до каде е реализацијата на проектот.

- Тендерите се меѓународни и ги распишавме на меѓународни сајтови за ваков вид тендери. За секоја скулптура формиравме повеќе комисии, кои ќе разгледуваат како ќе се реализира проектот - вели Неделкова.Таа притоа посочи дека конкурсите и тендерите за спомениците се објавени и во службеното гласило на Општината.Сепак, во службеното гласило во 2008 година воопшто не е објавен тендерот за скулптурите, туку само програмата.

Нашите информации говорат дека десетте милиона евра ќе бидат платени за изработката и монтирањето за коњаничките скулптури на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, како и за четирите лава што ќе треба да се постават на мостот „Гоце Делчев“, како и за „скулптури и релјефи од бронза од готови модели“ вредни 4,5 милиони евра. Најверојатно токму последниов договор, во кој не е именуван ликот-мотив, се однесува на грандиозната скулптура на Александар Македонски. За едниот пар лавови цената е 1.150.000 евра, а за другиот е 1.180.000 евра. За коњаничка скулптура на Никола Карев во бронза Општината ќе и' плати на фирмата 715.000 евра, а за онаа на Гоце Делчев и на Даме Груев - 850.000 евра.

Ако дојде до оштетување на скулптурите, се наведува во документите, трошоците за поправка и за превоз ќе ги плати италијанската фирма што е извршител. Предвидено е транспортот да биде во делови, но нема детали по која рута и какви превозни средства ќе се користат. Рокот за завршувањето на скулптурите не е прецизен и се движи од 15 до 24 месеци. Според тоа, дел од скулптурите би требало да бидат готови до крајот на годинава, а дел во текот на 2010 година. Општина Центар требало да ја исплати првата рата - една петтина од сумата - веднаш по потпишувањето на договорот, 40 отсто по завршувањето на леењето на скулптурите и уште 40 отсто кога ќе заврши монтирањето.

Цените наведени во договорите се без ДДВ. Авторските права за скулптурите ги задржува Општината. Со посебен член е прецизирано дека договорот е од доверлив карактер и дека како таков ќе се чува меѓу договорените страни. Притоа, „без претходна писмена согласност од другата страна, нема да се открива ниту делумно, ниту целосно пред никого“.Од Центар не сакаа да соопштат дали платиле дел од сумата и кога нарачките ќе стасаат во Скопје. Од „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ од Фиренца се придржуваа кон договорот за недавање информации и, иако им беа испратени писмени прашања, не одговорија.

Оваа италијанска леарница е основана во 1905 година од Фердинандо Маринели и е позната по својата квалитетна изработка на леење скулптури со користење на архаичниот метод со восок и рачна изработка каква што користеле ренесансните мајстори. Во 1922 година почнала со изработка на големи бронзени скулптури какви што се коњаничките, орнаментите и фонтаните. Клиенти им биле Ватикан,Соединетите Американски Држави, Полска, Унгарија, земји во Јужна Америка, Канада... Како едни од позначајните нивни изработки се оградата на монументалните скалила во Музејот во Ватикан, портите во Катедралата „Св. Павле“ исто така во Ватикан, скулптурата на Ајзенхауер во Лондон, реставрација на скулптурите во палатата Кремљ во Москва. Досега Општина Центар ја информира јавноста само за локациите на кои скулптурите ќе бидат поставени. Скулптурите на Гоце Делчев и на Даме Груев ќе бидат лоцирани пред Камениот мост од страната на плоштадот, додека споменикот на Никола Карев ќе стои спроти Собранието.

Екстра-трошоци

Не е само леењето трошок за спомениците. Општина Центар во минатата година, освен 207 милиони денари за изградба на капитални спомен-обележја, ги реализирала и следниве трошоци: за подготвувањето на спомен-обележјата - 28 милиони денари; за награди и обесштетување на авторите на конкурсните трудови - 6,621 милиони денари; за надоместоци за членовите на Одборот и за лицата одговорни за подготвување на проектно-техничката документација и за консултанти за следење на работата на уметниците - 3 милиони денари; за распишување на меѓународни конкурси за идејни решенија - 797.000 денари.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=56CF0E67D8739940B059D961D735395E



Edited by Cloverstack - 04-May-2009 at 14:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 04-May-2009 at 14:32


No comment...

Следниве извадоци зборуваат сами за себе


Фирмата од Фиренца специјализирана за леење во бронза „Фондерија артистика Фердинандо Маринели“ е изведувач на спомениците нарачани од Општина Центар вредни околу десет милиони евра, дознава „Дневник“ кој дојде до петте договори меѓу Општината и италијанската леарница.


Општина Центар две години ги крие точните суми што ќе се потрошат за скулптурите што предизвикаа многу контроверзи и полемики во јавноста и поради висината на средствата - пари од даночни обврзници


Иако проектот е во времето на поранешната градоначалничка Виолета Аларова, ниту новиот татко на општината, Владимир Тодоровиќ не сака да одговори на прашањата за спомениците. Тој не беше достапен за коментар на договорите, а и неговите служби не сакаа да потврдат дали нарачката е готова и навистина толку пари ќе се платат од буџетот на Центар.



 

Портпаролот на Општина Центар, Лидија Неделковска, вели дека штината тендер за изработка на скулптурите Општината распишала на некои меѓународни интернет-сајтови, притоа не именувајќи ниеден од нив. Таа додава дека се' уште не се знае до каде е реализацијата на проектот.
Таа притоа посочи дека конкурсите и тендерите за спомениците се објавени и во службеното гласило на Општината.Сепак, во службеното гласило во 2008 година воопшто не е објавен тендерот за скулптурите, туку само програмата.


За едниот пар лавови цената е 1.150.000 евра, а за другиот е 1.180.000 евра. За коњаничка скулптура на Никола Карев во бронза Општината ќе и' плати на фирмата 715.000 евра, а за онаа на Гоце Делчев и на Даме Груев - 850.000 евра.





Не е само леењето трошок за спомениците. Општина Центар во минатата година, освен 207 милиони денари за изградба на капитални спомен-обележја, ги реализирала и следниве трошоци: за подготвувањето на спомен-обележјата - 28 милиони денари; за награди и обесштетување на авторите на конкурсните трудови - 6,621 милиони денари; за надоместоци за членовите на Одборот и за лицата одговорни за подготвување на проектно-техничката документација и за консултанти за следење на работата на уметниците - 3 милиони денари; за распишување на меѓународни конкурси за идејни решенија - 797.000 денари.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 04-May-2009 at 16:30

Александар Македонски в година на Плоштад


Коментари (0)   
04.05.2009 16:49
Споменикот на Александар заедно со коњот е висок 12 метри

 

Александар Македонски ќе никне на скопскиот плоштад следната година. Споменикот чини 4,5 милиони евра, се лее во бронза во леарницата Фердинандо Маринели во Фиренца.

По долгото молчење, но и по написот во „Дневник“, општината Центар конечно ги кажа деталите.

Споменикот на Александар заедно со коњот е висок 12 метри. Има и придружна содржина, а со постаментот кој ќе се поставува годинава, ќе биде висок 22 метри.

Во тек е изработката на четири лава во истата леарница. Два од нив се долги и високи по пет метри. Другите два се долги шест метри и високи пет метри. Ќе стојат уште годинава од двете страни на мостот Гоце Делчев. Вредни се 2 милиони и 330 илјади евра.

Целиот проект чини 10 милиони евра

 

850 илјади евра чинат спомениците на Никола Карев и Гоце Делчев кои ќе стојат од двете страни на Камениот Мост. Сите пари за нив се од државниот буџет префрлани во Центар минатата и оваа година. Целиот проект чини 10 милиони евра.

„Се направи една тензија во јавноста како да се прави огромна штета во државата. Мене ми е жал за таквата атмосфера. Спомениците се прекрасни, фасцинантни, запаметете дека по две или три години кога ќе се видиме, ќе имаме што да покажеме“, рече Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар.

Освен овие, во изработка се и споменикот на Никола Карев кој треба да е готов до 2010 година и Цар Самоил од мермер.

На некое време одложена била реализацијата на спомениците на Цар Јустинијан, на Кирил и Методиј, на Климент и Наум, на основачите на македонско револуционерната организација, на гемиџиите и на Карпош.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=108044





Edited by lslcrew - 04-May-2009 at 16:30
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 06-May-2009 at 02:45

Историјата излеана во бронза чини повеќе од 10 милиони евра?


Коментари (18)   
05.05.2009 17:18
Финансиските детали за спомениците контрадикторни

 

Александар на Букефал и целата историја излеана во бронза, или чини многу повеќе од 10 милиони евра, или власта треба попрецизно да објасни каде, како и колку пари се уплаќаат.

Финансиските детали за спомениците контрадикторни, и меѓу Владата и општината Центар, но и спроти договорот со изведувачите.

Во него пишува дека 20 проценти ќе се уплатат на почетокот, односно сега кога се во фаза на изработка. 40 проценти од сумата се плаќа откако ќе бидат завршени и уште 40 проценти по поставувањето.

Досега од Владата до општината се префрлени 7 милиони и 250 илјади евра. Има 4 трансфери и тоа во јуни, септември, октомври и декември 2008 година, во екот на економската криза.

Овие пари во општината тврдат дека биле веднаш уплаќани, но без многу детали каде. На сметката ги нема повеќе.

Вчера и градоначалникот на Центар потврди дека во следните години на рати ќе се плаќа поголем дел од сумата.

Уште повеќе, за пет споменици чија цена Тодоровиќ рече дека е во просек по 800 илјади евра не е уплатен ниту денар. Тие се одложени на неодредено време.

30 проценти од плоштадот уште годинава ќе биде забранет за движење

 

„Целото ова плаќање спрема изведувачите ќе трае 3, 4 и 5 години“, изјави Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар.

Без многу детали и министерката за култура. Избегна да даде попрецизен одговор за критиките од Фуере и околу финансирањето.

„Постои закон за споменици и споменобележја, кој закон и вие би требало да го разгледате и да го разработите, така што во самиот закон децидно стои дека подигнувањето на споменици и споменобележја е во надлежност на општините и на Собранието. Министерството за култура во овие делови нема ингеренции“, рече Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.

За милионски суми плоштадот ќе стане претесен. Од Камениот мост ќе дочекува Јустинијан, Ченто на другиот крај на плоштадот, Гоце Делчев на коњ зад Јустинијан.

Кругот на плоштадот ќе биде заменет со фонтана и војници, а над нив Александар на Букефал.

Друштво од лево ќе му прави Цар Самуил, а пред него повторно кај Камениот мост Даме Груев на коњ, близу гемиџиите и малку подалеку од неодамна поставените човек дрво и споменикот Вљубени.

30 проценти од плоштадот уште годинава при поставувањето на постаментот за Александар ќе биде забранет за движење.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=108095



Edited by Cartman - 06-May-2009 at 02:48
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 07-May-2009 at 04:07

Малку познати имиња меѓу авторите на идните споменици

Најпознат од нив е професорот Жарко Башевски

Катерина Богоева

Скулпторот Жарко Башевски, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и раководител на Одделот за вајарство, е автор на двете најавени коњанички скулптури на Гоце Делчев и Даме Груев, кои ќе бидат поставени во центарот на Скопје откако ќе бидат излеани во бронза во Фиренца. Башевски ќе биде автор и на спомен-обележјето на св. Кирил и Методиј.

Тој и досега им беше познат на граѓаните по двете скулптури поставени во центарот, едната во близина на Музејот на град Скопје, а другата кај Домот на градежниците. Останатите автори на спомениците, кои како и тој, за изработка на своите дела се финансираат од Владата преку Општина Центар, помалку и' се познати на македонската јавност.

За името на авторката на скулптурата на Александар Македонски, Валентина Стевановска, во јавноста се слушна на крајот на минатата година, кога беше наградена за идејно решение за скулптура на Филип II и за фонтана со придружни фигуративни елементи, што треба да бидат поставени на плоштадот во Автокоманда.

Скулпторот од Гостивар Богоја Ангелкоски зад себе има шест-седум изложби на скулптури и цртежи, реализирани во земјава и во странство. Прв пат пред јавноста ќе се претстави и како автор на скулптура на отворен простор, со изработка на коњаничка скулптура на Никола Карев, што треба да биде поставена пред Собранието.

За разлика од него, младиот брачен пар Дарко и Елена Дуковски им станаа познати на граѓаните кои минуваат низ центарот. Дарко е автор на скулптурата „Бик“, а Елена на „Чистач на чевли“ на улицата „Македонија“ во Скопје. Тие во оваа прилика ќе изработат и две скулптури на лавови и релјефи, исто како и скулпторот Константин Јанев, кој за разлика од нив, досега не е познат по дело изложено во јавен простор.

Димитар Филиповски, автор на бронзените скулптури „Шмизла“ и „Еееј“, поставени на улица „Македонија“, во мермер ќе ги изработи и спомен-обележјата на цар Самуил и на Методија Андонов-Ченто.

Авторка на спомен-обележјето на цар Јустинијан I е Роза Павлеска, на обележјето на македонскиот ајдутски водач Карпош - младиот Војдан Запров, додека на обележјето на св. Климент и Наум автор е Перо Кованцaлиев. Изработката на спомен-обележјето на Првото заседание на АСНОМ му е доверена на скулпторот Слободан Милошевски. Станува збор за автори чија уметничка активност не и' е доволно позната на македонската јавност.

За разлика од нив, изработката на спомен-обележјата на основачите на Македонската револуционерна организација и на обележјето на гемиџиите му е доверена на скулпторот Ангел Коруновски, автор наградуван за своите скулптури и автор на решението за скулптурата на Филип II во Битола и на скулптура на коњаник, поставена во центарот на Велес, посветена на велешките војводи-учесници во Илинденското востание.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=13DDBA24E1445C468A6426406D9517C6

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 08-May-2009 at 11:30
Педесетина скулптури во центарот на Прилеп


Крали Марко“ отсега поблиску до граѓаните

Скулптурата на Крали Марко, Фолка, Дете со топка, Жена и десетици други уметнички дела во мермер, метал и дрво заробени на градилишта, во фирми, зарастени во плевел и на несоодветни локации ќе се извадат на виделина во Прилеп. Повеќе од педесет скултури ќе бидат поставени во центарот во првата фаза на проектот „Галерија на отворено“, кој го промовираа локалната самоуправа и Центарот за современа ликовна уметност. Дел од скулптурите ќе биде поставен до почетокот на театарскиот фестивал во Прилеп на 5 јуни. Формирана е локална комисија, која евидентирала 111 скулптури. Таа ќе предложи соодветна дислокација или уредување на просторот. Прилеп располага со над 300 експонати, подарени од уметници-учесници на уметничкото лето што се одржува речиси 50 години.

- Голем дел од творештвото, создавано речиси половина век, е на несоодветни места, подалеку од очите на граѓаните, туристите и на љубителите на уметноста. Локалната самоуправа во соработка со Центарот за современа ликовна уметност и соодветна комисија ги документира скулптурите и ќе предложи соодветно преместување - вели Снежана Ристеска, советничка за култура.

Диме Јанески од Центарот за современа ликовна уметност смета дека само стотина се на очиглед на јавноста, од околу 300 дела, создавани речиси 50 години од уметниците-учесници на многугодишните манифестации на Симпозиумот во мермер, работилницата на пластика во метал и дрво. Некои од скулптурите се оштетени, зарастени во трева или локациите ја изгубиле важноста. Некои се поставени и во прилепските фирми, кои не ги одржуваат. Ќе се преместат на фреквентни места, обележани со наслов, со името на авторот и времето кога биле создадени. Ќе се избираат локации блиски до граѓаните и посетителите, но нема да бидат композициски поврзани - вели Јанески.Според него, дел од оштетените ќе се чистат, на дел ќе им се уредува пристапен простор и постаменти за да бидат попривлечни. Тој соопшти дека дел до креациите на уметниците-гости на манифестациите се поставени во Битола и во Скопје, а четири се во Националната галерија во Скопје.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D1BA8BB45CF18149A5EE7E95A4EA6418


[/quote]
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 08-May-2009 at 17:22
Седница на Советот на Општина Битола
Петок, 08 Мај 2009 18:01

SLIKA%20ZLATKO%20KURCIEVSKI%20SDSMНа последната седница на Советот на Општина Битола се постави советничко прашање за споменикот на бранителите.

-Споменикот на бранителите како идеја постои веке 3,5 години дури беше изработена макета, можеби не на истата локација каде што сега се наоѓа Филип Втори. Но од за мене неразбирливи причини овој споменик не се изгради, за жал и на фамилиите, праша советникот на СДСМ, Златко Ќурчиевски.

-Не се работи за истата маркица, се работи за друга, таа постои и се надевам идниов период повторно ќе имаме средба со најблиските на загинатите зашто изминатиов период доста се среќавав со нив. Имаше една идеја која ја предложивме, штом се заврши Филип Втори и целото партерно уредување доколку им се допадне на најблиските, тука во еден дел на центарот, во постоечката маркица, но не онаа што беше предвидена за тој споменик, а тој се наоѓа некаде во паркот пред саат кулата, доколку им се допадне ова што ќе го направиме тогаш ќе посветиме еден дел на бранителите до или кај Филип Втори.

Доколку не им се допадне тогаш повторно ќе се обидеме транспарентно преку општината да направиме еден оглас за идејно решение затоа што она што беше избрано минатиот пат, најблиските на бранителите не го прифатија. Јас морам тоа да го кажам затоа што она што беше избрано, а беше избрано затоа што мораше нешто да се одбере од SLIKA%20VLADIMIR%20TALESKIпонудата, а ликовите во предлогот беа безлични. Најблиските бараа споменик со друг облик, сакаат ликовите да се препознатливи. Бидејќи е тоа така, следната средба ќе биде одлучна дали дел од ова што е од Филип Втори ќего посветиме на бранителите или ќе одиме со нов оглас каде точно ќе прецизираме што се бара од понудувачите. И во тој случам мислам дека достоинствено, како и досега внимателно ќе го решиме тој проблем, мислам дека следната сезона тоа мора да го завршиме. И тоа е веќе наша должност. Мислам дека доцниме, но не доцниме од субјективни причини, туку едноставно процесот беше пред неколку години завршен, но најблиските тоа не ги прифатија, а знаете дека желбата нивна мора да се почитува, рече градоначалникотна Општина Битола, Владимир Талески.



http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=7561&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cartman View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Cartman Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 19-May-2009 at 15:41
Постари вести сме ги испуштиле изгледа... инаку на линкот имате и клип со изјавата на конкурентска леарница од Верона за цените...


Малиновски за милионите за споменици
вторник, 12 мај 2009, 18:47

Додека конторолните механизми на власта молчат за аферата споменици– поранешни антикорупцинери реагираат дека незавините регуларторни тела треба веднаш да го испитаат случајот со леењето на монументите за неколку пати повисока цена. Некој треба да одговори зошто склучил штетет договор од 8, 5 милиони евра, наместо да го договори леењето за три пати пониска сума – вели Драган Малиновски поранешен антикорупцинер.

Денеска не рреагираше ни антикорупциската ниту државниот правобранител со кој контактираше Алфа телевизија по информациите од леарницата  Арте Брозо од Верона дека целата работа наместо за 8, 5 милиони евра колку што власата договорила да плати на леарницата Фердинандо Маринели, ќе ги излееле спомениците за  2,7 милиони евра. Еве ја вчерашната изјава на сопственикот на Арте Бронзо, Андреа Пизани шокиран од астрономската сума што ќе му се плати на неговиот колега од Фиренца.

Целата процедура со спомениците власта цело време ја држеше во тајност – дозирани информации презентираше во јавноста новиот градоначалник Тодоровиќ за кого десетте милиони евра потрошени на споменици во време на криза и не се висока сума што може да се вложи во други инвестиции.

Милка Смилевска


http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=7955


Edited by Cartman - 19-May-2009 at 15:55
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.672 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.