build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Споменици и скулптури (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 203>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 05-Aug-2009 at 11:08
Се обидов да пребарам во форумчево некој топик,тема  во кој ќе се постираат скулптури,инсталации од нашиве градови без разлика дали се направени сега во последно време  но не најдов...па ете отворив тема каде што  ќе можеме да ги приложуваме.

(до модераторите- доколку има таква тема слободно преместете ја темава во соодветниот дел,доколку  нема избришете ја нотава)

Мене пријатно ме изненади инсталацијата поставена пред МНТ иако не знам нисшто за неа па ја сликнав и ете да почнеме со нејзе па кој знае нешто за нејзе нека не просветли  а во продолжение нека се приложат и други скулптури инсталации па да поразговараме и за нив малце



.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 05-Aug-2009 at 12:20
И мене ми е интересна, после толку шмизли, бикови и морбидни дечиња ова е нешто скрос различно Cheers
Back to Top
igorius View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-Nov-2008
Online Status: Offline
Posts: 187
  Quote igorius Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 05-Aug-2009 at 18:18
kako da ima ispisano nesto so stilizirani bukvi ama ne mozam da provalam sto e
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 05-Aug-2009 at 18:24

СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ НА РУСКАТА КНЕГИЊА ОЛГА И КНЕЗОТ ВЛАДИМИР

Охрид ќе добие спомен обележје на руската кнегиња Олга и кнезот Владимир околу црквата Света Софија  едногласни советниците на општина Охрид.

Само се чека на потврда за точната локација од завод и музеј и црквата и може да се започне со реализација на истиот.

Ова всушност претставува предлог на Светскиот Македонски конгрес и Руската заедница во Македонија.

Поставувањето на ова спомен - обележје е од особено значење за црквата Света Софија бидејќи ќе го симболизира историскиот факт дека Русија го прими православието токму од Охрид, рече градоначалникот Петрески.

- За Охрид како град со богато културно историско наследство овој споменик би претставувал обележје за историското минато на Охрид и МПЦ  - изјави Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

Според историјата во 955-тата година во патријаршиската црква Света Софија во Охрид архиепископот Тимотеј извршил покрстување на кнегињата Олга од Русија, во истата црква која во тоа време беше столица на Македонската црква во 987-та година патријархот Николај го извршил покрстувањето на Кнезот Владимир внукот на кнегињата Олга кој подоцна се оженил со една од внуките на Цар Самоил

Со самиот чин на покрстување во Охрид било означено преземањето на православието како вера се со цел зајакнување на врските помеѓу Русија и Македонија.


http://sitel.com.mk/?ItemID=8D528AB551D3E64EA46DE815D7E25BBF
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 05-Aug-2009 at 18:42
што се однесува до скулптурата од погоре, мислам дека не и е место таму и не знам зошто упорно трпаат скулптури пред мнт, кога не им е местото таму
ова според мене би одело пред некоја стаклена модерна зграда, но не сум експерт
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 05-Aug-2009 at 19:15
Cheers  @  спомениците кај Св.Софија
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 07-Aug-2009 at 01:45

Фото вест

Скулптурата „Тешкото“ неодамна е откриена во зеленилото во непосредна близина на Спомен-домот на Мајка Тереза. Автор на ова интересно и впечатливо дело е скулпторот Златан Трајков. Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во центарот на Скопје.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=572E516B08B41A4EACADA0C4B5CE08C5
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 07-Aug-2009 at 02:03
Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп  Suicide

Што е ова бе, пародија на град?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 07-Aug-2009 at 02:14

Нови скулптури чекаат официјална презентација

Градот доби и скулптура на жирафа пред Зоолошката градина, една од планираните 35

Во центарот на Скопје се откри и последната скулптура од планираните за официјална презентација во текот на септември, од страна на Министерството за култура. Пред зградата на Македонската опера и балет стои ротирачката скулптура „Македонија“ на скулпторот Зоран Костовски, а од другата страна на Вардар се откриени „Починка“ на Ангел Нацевски, „На кафе-излет“ на Ристо Станковски и „Жена која медитира“ на Томе Бундевски.

Во близина на Спомен-куќата на „Мајка Тереза“, на улицата „Македонија“, откриена е скулптурата „Тешкото“ на Златан Трајков, а во близина на скулптурата „Бик“, поставена пролетоска, се наоѓа и новата скулптура „Семејство“ на Бранко Јакшиќ.

Градот ја доби и скулптурата „Жирафа“ на Васил Николовски, на просторот пред влезот на Природно-научниот музеј и Зоолошката градина.

Во оваа група скулптури, кои се дел од вкупно предвидените 35, нема да бидат претставени само две, скулптурите „Врби“ и „Порта“, што се очекува да бидат завршени и презентирани подоцна.

Ликовната уметница Искра Димитрова, која го предводи авторскиот тим на проектот „Врби“, работи на подготовката на идејниот проект, што предвидува поставување три скулптури на врби, во коритото на Вардар, во центарот на Скопје.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=72540D0B2FB71948B60A98AE40B60E3C
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 07-Aug-2009 at 13:14
Originally posted by Cloverstack

Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп  Suicide

Што е ова бе, пародија на град?
токму тоа ме нервира и мене, тоталната неповрзаност меѓу скулптурите и меѓу локациите, мене не ми сметаат скулптурите и нивниот број, туку дебилното поставување, ко по пат да им испопаѓале
каква врска има „тешкото“ со „рекорд“ Suicide
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 178
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 08-Aug-2009 at 23:20
Originally posted by zabegan

Originally posted by Cloverstack

Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп  Suicide

Што е ова бе, пародија на град?
токму тоа ме нервира и мене, тоталната неповрзаност меѓу скулптурите и меѓу локациите, мене не ми сметаат скулптурите и нивниот број, туку дебилното поставување, ко по пат да им испопаѓале
каква врска има „тешкото“ со „рекорд“ Suicide

Нема врска тешкото со рекорд, но има врска со луѓето што поминуваат нормално дека треба да стои на фрекфентно место каде што сите ќе го видат. За мене "Тешкото" е еден од по добрите споменици.

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 09-Aug-2009 at 12:51
самата скулптура не е лоша ама постаментот е како маса на селска свадба. Округол и ПЛАВ Ohno Да не зборуваме дека на 20 метри се наоѓа далеку попристојната и подостојна скулптура на Мајка Тереза!
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1312
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 09-Aug-2009 at 14:50
Скулптурата и мене ми се бендисува,но мислам дека местото не и е баш погодено.
Би требало да е пред некоја зграда што има врска со нашата култура и фолклор.
вака пред рекорд малку е кич.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 09-Aug-2009 at 15:02
Originally posted by IN_MOTION

Originally posted by zabegan

Originally posted by Cloverstack

Тешкото, па чистач на кондури, па Мајка Тереза, па шмизла, па бик... се на куп  Suicide

Што е ова бе, пародија на град?
токму тоа ме нервира и мене, тоталната неповрзаност меѓу скулптурите и меѓу локациите, мене не ми сметаат скулптурите и нивниот број, туку дебилното поставување, ко по пат да им испопаѓале
каква врска има „тешкото“ со „рекорд“ Suicide

Нема врска тешкото со рекорд, но има врска со луѓето што поминуваат нормално дека треба да стои на фрекфентно место каде што сите ќе го видат. За мене "Тешкото" е еден од по добрите споменици.

самата скулптура нема никаква логика, да ја ставеа во Галичник сфаќам, ама тука?
не е работата само да стои на фрекфентно место и да ја видат, туку да има значење, еве кловер ти кажа што е проблемот, чистач, тереза, шмизла, бик Crazy Question

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 09-Aug-2009 at 15:03
Originally posted by ovaj_stariov

Скулптурата и мене ми се бендисува,но мислам дека местото не и е баш погодено.
Би требало да е пред некоја зграда што има врска со нашата култура и фолклор.
вака пред рекорд малку е кич.
еве на ова мислев и ја Smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 09-Aug-2009 at 15:18
Јас не мислам дека локацијата сама по себе е проблем, далеку од тоа дека морало да биде во Галичник, ако не немало да прави логика... Локацијата ми е проблематична во контекст на сите други скулптури што се поставија во мал радиус наоколу, а кои тотално не идат една со друга со трета... Јасно е дека немаат сериозен концепт и дека само ги расфрлаат кај ќе им прдне.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 09-Aug-2009 at 15:52
А и на постаментот на Тешкото повеќе одговара некое од седумте џуџиња на Снежана отколку едно прилично значајно културно обележје...голема нула и од мене за немањето концепт во овој процес на поставување на скулптури.
Вчера видов и уште една која не е одбележана на форумов, нешто како маж и жена со детенце што стои на некаква даска (?!?), а е во уличката кај Лотарија на Македонија. И не е чудо ако не сте ја виделе, затоа што е буквално ставена во крошна од дрво...и слично како со Тешкото, што ако ја има, кога не може правилно да се доживее. Па и тие телци од скулптори, нели учат на тој факултет дека не е само да ја исклесаш скулптурата, туку треба и да споделиш со некого, да дадеш некаква порака!? Може јас погрешно ја разбирам веќе уметноста, ама тие се вечни правила што и ако е пристапот во моделирањето современ (што кај 90% од новопоставени воопшто не е), ама барем правилата во изборот на постаменти и локациите се универзални и безвременски...од сите што се накотија во последниов период, нема ни една што е коректно поставена, НИЕДНА!
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7346
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 09-Aug-2009 at 17:36
Originally posted by Cloverstack

Јас не мислам дека локацијата сама по себе е проблем, далеку од тоа дека морало да биде во Галичник, ако не немало да прави логика... Локацијата ми е проблематична во контекст на сите други скулптури што се поставија во мал радиус наоколу, а кои тотално не идат една со друга со трета... Јасно е дека немаат сериозен концепт и дека само ги расфрлаат кај ќе им прдне.
абе нема врска тоа, само го наведов онака Big%20smile
за се се согласувам со тебе и затоа викав дека изгледа како кога требало да ги достават скулптурите, како да им испопаѓале по пат
не знам како ги викаат скулптурите кои се ставени како обични луѓе и кои го обележуваат секојдневниот живот, како на пример шмизлата или чистачот или оној што довикува, но кога треба да се постават уметнички скулптури и оние кои треба да бидат споменици, треба малце да се размисли
и она што најмногу ми смета е што „тешкото“ го симнуваат на ниво на обична урбана скулптура како што е шмизлата, кога треба да се прикаже како симбол на нашиот фолклор
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 11-Aug-2009 at 04:32
Се бара идејно решение за бистата на Јане Сандански


Деновиве, Општина Аеродром распиша конкурс за избор на најдобро идејно решение за изградба на споменик на македонскиот револуционер Јане Сандански, кој ќе се гради во истоимената населба согласно одлука на Советот на Општината.

Потребната документација за конкурсот сите заинтересирани можат да ја подигнат во Општина Аеродром.
- Конкурсот за изработка на идејно решение за подигање на спомен-обележје на Јане Сандански и партерно уредување на околината е јавен и анонимен, а право на учество имаат домашни и странски, физички и правни лица. Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра и секој има право да учествува со по еден труд. Рокот на пријавување трае 30 дена од денот на објавувањето на конкурсот - велат од општината..

Изборот на идејното решение ќе го изврши Одборот за подигање на спомен-обележје со мнозинство гласови на неговите членови и ќе ги објави резултатите од конкурсот, во рок од триесет дена од денот на завршување на конкурсот.

Дополнителни информации и документација за конкурсот за избор на идејно решение може да се добијат на интернет адресата: њњњ.аеродром.гов.мк или на Е-пошта: односи.со.јавностЖаеродром.гов.мк.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=2EF079869D767D4F919D7539D73C0D59
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 16-Aug-2009 at 17:30

Просјакот и бикот плагијати?

недела, 16 август 2009, 18:00

Скулптурите на плоштадот не се плагијат – тврди Министерката за култура Канчевска Милевска по веста објавена во неделникот Фокус дека четирите скулптури – бикот, просјакот, дрво и заљубени  во центарот на Скопје се  слични на споменици поставени во метрополи во Европа и во Америка.

Претседателот на комисијата за избор на скулптурите , Митко Хаџи Пуља, Професор од архитектонски факултет  вели дека условите од конкурсот биле јасни, скулптурите да бидат оргинални и иновативни.

Ако има поклопувања со скулптури на странски уметници, одговорноста треба да се бара кај уметниците – вели Хаџи Пуља. Авторот на бикот, Дуковски вели дека се инспирирал од теракотна фигура на бик од вториот век најдена во Стоби, за споредбата дека неговиот бик личи на бикот од њујоршката берза вели дека убаво било да не споредуваат со Америка.

Авторот на скулптурата дрво, Дамјан Ѓуров вели дека досега не ја видел скулптурата во Шевенинген која е слична на неговото дело. Според Ѓуров позајмувањето во уметноста не е чудно, го користел и Пикасо.

Неговиот колега Димитар Филиповски вели дека скулптурата на Ѓуров асоцира на онаа од Шевенинген но не и неговата - заљубени за која исто така критичарите се сомневаат дека е инспирирана од веќе постоечки дела.

Критики дека и фалела инвентивност се упатени и кон авторката на просјакот, Наташа Божарова – личи на просјакот поставен во Отава, Канада. Во неделникот Фокус се коментира дека да се преземе идеја во најдолем дел како во случајов не е дозволиво. Во странство за ваква сличност кривично се одговара повикувајќи се на законите за заштита на авторски права – пишува Фокус.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=11487
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 203>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.655 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.