Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#581 Posted: 10-Nov-2009 at 15:11 |
Центар не ни покажува како ќе изгледа плоштадот со спомениците
Анимацијата
за тоа како ќе изгледаат спомениците што ги работи Општина Центар се
изработува и наскоро ќе биде промовирана, велат од Општина Центар.
Градоначалникот Владимир Тодоровиќ пролетва вети дека ќе
изработи 3Д-анимација за да ги увери скопјани дека спомениците нема да
го нагрдат, туку ќе го разубават Скопје, но во меѓувреме, како да
заборави на ветувањето. Оттогаш од Општината упорно повторуваат дека
анимацијата е при крај, но не прецизираат кога јавноста ќе ја види.
- Не знаеме кога точно 3Д-анимацијата ќе и' биде презентирана на јавноста, но тоа ќе се случи набргу - велат во Општина Центар.
Јавноста
пролетва бурно реагираше на најавата дека Општина Центар ќе постави 19
споменици на својата територија. Реакцијата беше особено жестока за
споменикот на античкиот војсководец Александар Македонски, кој сосе
постаментот ќе биде висок 22 метра. Тој ќе биде поставен на плоштадот,
каде што се предвидени уште десетина споменици, меѓу кои и коњаниците
Гоце Делчев и Даме Груев кај Камениот мост.
Дел од спомениците
што ги поставува Општина Центар се изработуваат, а дел се ставени во
мирување, меѓу кои и споменикот на Александар. Се очекува први да бидат
поставени скулптурите на четири лава од двете страни на Мостот Гоце
Делчев.
Советот на Општина Центар има донесено одлуки за
подигање на следниве споменици: Крсте Петров Мисирков, на македонскиот
ајдутски арамбаша Карпош, Гоце Делчев, Даме Груев, на загинатите
припадници на МВР, на Цар Самоил, Методија Андонов-Ченто, гемиџиите,
цар Јустинијан Први, скулптура на воин, Кирил и Методиј, Климент и Наум
Охридски, на македонските бранители, на паднатите херои за Македонија,
на основачите на македонската револуционерна организација, на првото
заседание на АСНОМ, на украинскиот писател Тарас Шевченко и на
Александар Македонски. Во минатата недела Советот изгласа одлука за
поставување на уште едно спомен-обележје на свети Климент Охридски, кој
ќе биде поставен пред Универзитетската библиотека. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CB5271E0AB805C489D1B8BD7EC1F8A4C
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#582 Posted: 12-Nov-2009 at 20:42 |
Споменици како новогодишен подарок
Списокот со
желби за споменици во Центар не е исцрпен. На седница на Советот,
закажана за утре, треба да бидат изгласани одлуки за подигање на уште
три спомен-обележја, посветени на Блаже Коневски, Крсте Мисирков и на
Славко Јаневски
Во текот на новогодишните празници ќе почне поставувањето на неколку
споменици на плоштадот Македонија и на два од четирите лава на мостот
Гоце Делчев, вели градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. Први
на плоштадот ќе бидат поставени коњаничките скулптури на
револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев, чија изработка е при крај.
-
Според динамиката на завршување на спомениците во Фиренца, Италија, до
Нова година ќе бидат готови спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев. Ќе
ги поставиме пред Камениот мост, од левата и од десната страна. Полека
ќе почне да се полни плоштадот Македонија со споменици - вели
Тодоровиќ.
Тој додава дека два од четирите лава што треба да
се постават крај мостот Гоце Делчев се изведени во стилот на реализмот,
а другите два се помодерни.
- Имаме дилема дали двата лава што
се готови да ги поставиме веднаш по Нова година или да ги причекаме и
другите два. Можеби ќе почекаме да видиме што ќе направи Градот Скопје
со нивната идеја за промена на оградата на мостот и како лавовите ќе се
вклопат. Комисијата што го правеше изборот на споменици сметаше дека
два лава треба да бидат во еден стил, а два во друг. Сите четири лава
ќе бидат поставени на почетоците на мостот, но не на самата
конструкција, така што се разбиваат сите дилеми околу статиката на
мостот - објаснува Тодоровиќ.
Тој ветува дека наскоро ќе биде
готова компјутерската презентација на изгледот на плоштадот Македонија,
кога на него ќе се постават сите планирани споменици.
- Многу
скоро на целата јавност ќе и' презентираме како ќе изгледа скопскиот
плоштад кога на него ќе бидат поставени сите предвидени споменици. Со
3Д-анимацијата ќе се разбијат претпоставките за новиот изглед на
плоштадот, кои настанаа зашто имаше многу грди претпоставки во
медиумите. В понеделник ќе биде готова првичната верзија и очекувам
дека за дваесетина дена ќе биде готова конечната анимација - вели
Тодровиќ.
Општина Центар на својата територија ќе постави над
20 споменици. Во текот на 2007 и 2008 година Советот донесе 19 одлуки
за подигање спомен-обележја на значајни личности и настани, а неодамна
на својот список додаде и споменик на свети Климент Охридски, кој ќе
биде поставен пред Народната и универзитетска библиотека која го носи
името на просветителот.
Но, списокот со желби за споменици во
Центар не е исцрпен. На седница на Советот, закажана за утре, треба да
бидат изгласани одлуки за подигање на уште три спомен-обележја,
посветени на Блаже Коневски, Крсте Мисирков и на Славко Јаневски.
Марија Тасев |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B653995F89F6D44688FCA324A1CB2AE8
|
|
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#583 Posted: 13-Nov-2009 at 12:20 |
Originally posted by Cloverstack
Полека
ќе почне да се полни плоштадот Македонија со споменици - вели
Тодоровиќ. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B653995F89F6D44688FCA324A1CB2AE8
|
Ко пиперки да полнат... Со фил од скулптури
|
|
Cifra
Groupie
Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
|
Quote Reply
#584 Posted: 13-Nov-2009 at 12:46 |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#585 Posted: 14-Nov-2009 at 13:04 |
И после за инфраструктура немало пари...
Уште 3,16 милиони евра за споменици во Центар
Општина Центар вчера усвои нов ребаланс на својот буџет, кој е зголемен за околу 193 милиони денари, односно за 3,16
милиони евра, наменети за изградба на споменици. Овие пари во
општинската сметка се префрлени од Владата. Општината планира да
изгради уште три спомен-обележја, посветени на Блаже Коневски, Крсте
Петков Мисирков и на Славко Јаневски, но не е јасно дали префрлените
пари се наменети за нив или за довршување на некои од спомениците што
веќе се во изработка.
Советот вчера не ја изгласа програмата
за одбележување значајни личности и настани, која требаше да биде
дополнета со новите обележја. Со 11 гласови „против“ и десет „за“,
советниците на СДСМ ја надгласаа коалицијата ВМРО -ДПМНЕ.
Членовите коментираа дека одлуката не поминала оти во писмените образложенија имало куп печатни грешки.
Дел
од советниците дебатираа и за тоа зошто во време кога социјалните
случаи во земјава плачат за покрив над главата, се подигаат и по два
споменика за исти историски личности и се трошат милионски суми.
-
Не сме против подигањето споменици или спомен-обележја. Личностите за
кои тоа се прави се наша историја и гордост, но во време кога голем дел
од граѓаните одвај се прехрануваат, Владата троши милиони за споменици.
Споменик за Крсте Петков Мисирков има на плоштадот Пела, зошто да се
гради уште еден? Тоа се залудно потрошени пари - вели Благородна К.
Мојсовска, советничка на СДСМ. (М.Д.Т.) |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=242961A1EBAF974EA98706C3B5AB1E30
Edited by Cloverstack - 14-Nov-2009 at 13:05
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#586 Posted: 14-Nov-2009 at 14:53 |
Во Скопје откриена биста во спомен на претседателот Борис Трајковски
Скопје, 13 ноември (МИА) -
Пред спортската сала „Борис Трајковски“ денеска беше откриена биста во
спомен на трагично загинатиот претседател на Република Македонија Борис
Трајковски, дело и донација на академик Томе Серафимовски.
Обраќајќи се на свечената церемонија на откривањето
на бистата претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов истакна
дека на ваков начин се оддава почит кон Трајковски, како човек со
визија, кој честопати одел пред времето.
- Борис Трајковски го смени сфаќањето за тоа каков
треба да биде македонскиот политичар. Тој постави високи стандарди на
посветеност кон сопствената држава, кои сите ние би требало да ги
следиме. Тој постави стандарди и на обични, човечки односи. Не научи
што е тоа чувство за разбирање на потребите и очекувањата на граѓаните
од своите лидери. Трајковски беше толку потребниот застапник на
искреноста и човечноста, во честопати суровиот и циничен свет на
политиката, истакна Иванов.
Тој додаде дека голема е можноста кога некој оди
еден чекор пред другите да остане неразбран, а другите да сфатат што
имале кога ќе го изгубат.
- Во една таква атмосфера, човек како Борис
Трајковски можеше да биде и напаѓан и оспоруван. Но, како Претседател,
Борис Трајковски честопати знаеше да каже дека е подготвен да ги
прифати сите напади, сите обвинувања и жолч, и притоа да остане
посветен на својата цел и уверен во нејзината исправност. Тој смирено и
достоинствено ги примаше нападите, и со карактеристична христијанска
трпеливост одбиваше да им одговори на тие кои без да го разберат, го
осудуваа. Во тоа беше единствен, истакна претседателот Иванов.
Академикот Серафимовски, како што истакна Иванов, во
бронзата го излеал споменот на загинатиот претседател, а оти сите други
можат преку професиите што ги имаат да ја покажат инспирираност од
неговото дело.
- Неговиот спомен најдобро ќе биде зачуван преку
реформските акти што ги спроведуваме. Преку европските закони што ги
носиме. Преку промовирање на добрите меѓуетнички односи засновани на
почитување и меѓусебно уважување. Преку натамошно поврзување на
Македонија со соседите и со светот. Тоа е визијата за Македонија на
претседателот Трајковски, потенцираше Иванов.
Шефот на државата смета дека во остварувањето на
своето животно дело, во неговиот човечки, општествен и политички
ангажман Трајковски бил соочен со исклучителни предизвици, од сите
страни.
- Неговото семејство и соработниците најдобро можат
да Ви зборуваат за непроспиените ноќи, за осаменоста, за жртвите
направени од чувство за одговорност пред себе и пред својот народ.
Претседателот Трајковски на тој пат ја даде најголемата жртва. Нашата
обврска кон него е да се погрижиме таа жртва да не биде залудна и
заборавена, рече Иванов посочувајќи дека придонесот и неуморната работа
за напредна и развиена Македонија може да се видат и денес во
завршените реформи за укинување на визите за нашите граѓани, во
исполнетите услови за почнување на преговорите со ЕУ, во исполнетите
услови за полноправно членство во НАТО...
Академикот Томе Серафимовски, кој е автор на
поставената биста на Борис Трајковски, поставена пред спортската сала
што го носи неговото име, истакна дека делото го изработил и донирал во
чест на споменот на загинатиот претседател. Тој додаде дека бистата е
излеана во бронза и поставена на постамент од наш прилепски мермер.
На свечената церемонија присуствуваа
и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, сопругата на
претседателот Трајковски, Вилма Трајковска и други членови не неговото
семејство, претставници од политичкиот и јавниот живот и дипломатскиот
кор во Република Македонија.
По завршувањето на церемонијата претседателот Иванов
заедно со сопругата на загинатиот пртседател засадија дрвца во близина
на спортската сала во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја
својата иднина“. сст/паг/13:51 http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=1&vId=69105118&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%92%D0%9D%D0%90%D0%A2%D0%A0%D0%95%D0%A8%D0%9D%D0%90+%D0%9F%D0%9E%D0%9B%D0%98%D0%A2%D0%98%D0%9A%D0%90
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#587 Posted: 15-Nov-2009 at 01:05 |
кловер, забелешка на место не ми се допаѓа што за сите личности спомениците се нивните ликови, има и други начини како да се направи споменик а воопшто и да не го видиш ликот на човекот можеа да направат и нешто што многу ќе одговараше на салата
Edited by zabegan - 15-Nov-2009 at 01:06
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#588 Posted: 15-Nov-2009 at 02:02 |
Originally posted by zabegan
кловер, забелешка на место не ми се допаѓа што за сите личности спомениците се нивните ликови, има и други начини како да се направи споменик а воопшто и да не го видиш ликот на човекот можеа да направат и нешто што многу ќе одговараше на салата
|
Кои други начини? Зошто сметаш дека со постојаното негирање на се и сешто нудиш изградена и издржана критка?? Мене повеќе ми наликува на недостаток од креативност и конкретен став. И кои се тие „други начини“ за да „се направи споменик а воопшто да не го видиш ликот на човекот“ ? Како изгледаат тие други начини, дали имаш конкретни примери да посочиш или имаш некои твои идеи кои би ги споделил? Доколку немаш, те молам прекини со млатење празна слама и следниот пат добро размисли пред да ни кажеш што друго „не ти се допаѓа “, бидејќи навлегуваш во она што кај пумпите се вика „јалов режим“. ... Мое мислење: не би било лошо на платото пред влезот на салата да се постави некоја уметничка инсталација или пак некаква кинтечка скулптура која ќе симболизира движење и активност, нешто што ќе го анимира и дополни просторот. Следниве примери се скулптури што се наоѓаат пред различни стадиони и спортски објекти 1. Пекинг, Олимписки парк
2. Сиднеј 3. 4. 5.
Edited by La Linea - 15-Nov-2009 at 02:03
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#589 Posted: 15-Nov-2009 at 20:21 |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
558848
Newbiе
Joined: 18-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#590 Posted: 15-Nov-2009 at 20:33 |
lelelelelel totalno promasuenje od KRIK na CRY
|
|
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#591 Posted: 15-Nov-2009 at 20:40 |
како го накитија градов, колку да се рече дека има скулптури, не дека имаат некоја смисла, само ај, а има и некои добри сепак, но тоа не се прави така не е акција за пошумување, па за една година да никне цела шума склуптури, споменици и што уште не. а за оваа горе што да кажам има некојаси интересна форма, ама кога ја видов последната слика ме фати смеа. незнам
|
|
558848
Newbiе
Joined: 18-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#592 Posted: 15-Nov-2009 at 20:54 |
hahhahahahaha smej se smej se fossil stvarno izglea ko genitalen organ
|
|
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#593 Posted: 15-Nov-2009 at 23:10 |
Originally posted by 558848
lelelelelel totalno promasuenje od KRIK na CRY |
како тогаш?
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
|
Quote Reply
#594 Posted: 16-Nov-2009 at 00:24 |
Cry е плач, а крик би дошло како Scream
|
|
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#595 Posted: 16-Nov-2009 at 00:45 |
a usfari koj place na skulpturata?
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#596 Posted: 16-Nov-2009 at 01:32 |
Originally posted by alexgizh
Cry е плач, а крик би дошло како Scream
|
Во ред е cry, ima пошироко значење: http://www.answers.com/cry
Edited by Cloverstack - 16-Nov-2009 at 01:33
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#597 Posted: 26-Nov-2009 at 03:26 |
Скулптура „риба“ на улицата Македонија
Скулптурата
„Риба“ од завчеравечер им измамува погледи на минувачите по улицата
Македонија. Делото на авторката Грозданка Каникова е поставено во
зеленилото спроти хотелот „Бристол“. Просторот околу рибата наскоро ќе
биде поплочен и уреден.
Ова уметничко дело е дел од проектот на Министерството за култура за
поставување на 35 скулптури во центарот на Скопје. Од Министерството
велат дека проектот е речиси исцрпен, односно остануваат да се постават
уште две скулптури, „Врба“ и „Порта“, во текот на следната година.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B3F0AB37FF22534E90F0412636E98DE9 |
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#598 Posted: 26-Nov-2009 at 18:48 |
Владини 100.000 евра за споменик на Јане Сандански во Аеродром
Општина Аеродром од Владата ќе добие 100.000 евра наменети за
изградба на споменици. Уште толку, како што најавуваше градоначалникот
Ивица Коневски, ќе бидат издвоени од општинската каса за изградба на
споменик на Јане Сандански. Очигледно и владината донација ќе биде
наменета за тој проект, оти Сандански засега е единствениот лик што е
предвидено да се преточи во споменик, а е дел од општинската програма
за одбележување значајни настани и истакнати личности на подрачјето на
Аеродром.
Според процените на Коневски, целосната реализација на
проектот не би требало да ја надмине сумата од 150.000 евра. Ако на
денешната седница на Советот неговите членови го прифатат извештајот на
комисијата за избор на идејно решение, споменикот на Јане Сандански ќе
се работи по идејно решение на авторот Гоце Давидов. Освен ова
првонаградено решение, комисијата одлучи да додели награди и за второ и
за трето место, како и две откупни награди од вкупно 16 понуди.
Инаку,
општинарите се' уште не информираат кога може да се очекува поставување
на споменикот. Велат дека допрва треба да се избере фирма која ќе го
излее ликот во бронза. Согласно со конкурсот, споменикот ќе може да
достигне максимална висина до 8,5 метри, од кои 3,5 метри е
максималната дозволена висина за постаментот, а петте метри се за
коњаничката скулптура на Јане Сандански. Споменикот ќе се постави во
зеленилото во близина на полициската станица, на аголот на булеварите
„Јане Сандански“ и „АВНОЈ“. (Дс.Т.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3C1335C1F2EF2B4BBD71618B815C83B2
|
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#599 Posted: 30-Nov-2009 at 21:04 |
Еве контрадикторна информација за локацијата:
Сандански ќе дојава кај „Пулевски“
Општината Аеродром
одвоила 100 илјади евра за изградбата на споменикот, а Владата и'
понудила уште 100 илјади евра во случај општинските пари да не се
доволни
Споменикот на револуционерот Јане Сандански, кој ќе го постави
Општина Аеродром на својата територија, ќе го изработи скулпторот Гоце
Давидов од Кавадарци, кој победи на конкурсот. Обележјето ќе биде
високо 8,5 метри сосе постаментот, а ќе биде поставено во тревникот кој
се протега од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ до булеварот
Србија. Не се знае точно колку ќе чини, односно Општината од својот
буџет за изработката издвоила 100 илјади евра, а уште толку пари
понудила и Владата.
На последната седница на Советот беа
соопштени петте наградени труда, кои како макети стасале во Општината.
Општината го известила добитникот на првонаградениот труд, а деновиве
треба да се усогласат поединостите околу исплатата на авторот, по што
тој во најбрзо време ќе почне со изработката на споменикот.
Според
договорот што ќе му биде понуден на Давидов, Општината за изработка на
делото ќе му исплати 60 илјади евра, а споменикот треба да биде готов
во гипс во рок од девет месеци, по што ќе се лие.
Споменикот
ќе биде направен од бронза, а Јане Сандански ќе биде претставен како
коњаник. Скулптурата ќе биде висока пет метри, а постаментот најмногу
до 3,5 метри.
- Околината на споменикот ќе биде уредена со
канделабри и зеленило, а по исклучителни поводи, како државни и
општински празници, таму ќе се положува цвеќе. За одржувањето на
споменикот ќе се грижат сезонските работници ангажирани од општината -
велат во одделението за односи со јавноста.
Градоначалникот на
Аеродром, Ивица Коневски, изјави дека со нетрпение ја очекува
изградбата. Тој смета дека споменикот ќе биде центар на општината,
односно собиралиште на граѓаните од сите делови на Аеродром.
-
Општината одвои 100 илјади евра за изградбата на споменикот, но мора да
напоменам дека и Владата ни понуди помош од дополнителни 100 илјади
евра, во случај ако не можеме сами да ги покриеме трошоците. Од сите
пристигнати макети, сметам дека комисијата го одбра најубавото решение.
Наградивме три труда, а откупивме два - изјави Коневски.
Тој додава дека е можно и да се промени локацијата на која ќе биде поставено обележјето, ако такво нешто побараат граѓаните.
Советниците
од СДСМ негодуваа околу штурите информации кои им беа презентирани на
седницата. Тие изјавија дека начелно не се против подигање споменици,
но пред се' им е важно домаќинското работење на општината и
транспарентноста.
- Подобро е за тие пари што ги вложуваме во
спомениците да се варосаат училиштата и да се сменат азбестните
покриви. Парите може многу подобро да се искористат - изјави Диме
Велковски, советник од СДСМ.
Марија Тасев |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8833BA31A59CB642B3A41F6C0F2C9257
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#600 Posted: 30-Nov-2009 at 21:20 |
Значи да се разбереме, не читам ВЕЧЕР
Меѓутоа, побарав малку, и еве што вика:
Избрано идејното решение за споменикот на Ј.Сандански
Жири-комисијата за избор на најдобро идејно решение за подигнување на спомен-обележје на македонскиот револуционер Јане Сандански ги избра петте најдобри трудови од вкупно шеснаесет кои се пријавија на конкурсот. Првата награда, која изнесува 300.000 денари, ја освои авторот Гоце Давидов, за идејното решение на споменикот. Покрај наградените, жири-комисијата избра и два откупи од по 50.000 денари. Едниот му припадна на авторот Зоран Тошевски, додека вториот откуп припадна на групата автори Деспина Милановска, Драган Ристоски и Иле Јовановски. Средствата за најуспешните трудови ги обезбеди Општина Аеродром, а изградбата на споменикот ќе се реализира во соработка со Владата. Изградбата на овој споменик е дел од предлог-програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности на подрачјето на Аеродром.
Коњаничката скулптура на Јане Сандански ќе се постави на локација што ќе ја утврди тим од стручни и компетентни лица. Споменикот ќе достигне максимална височина до 8,5 метри, поточно до 3,5 метри ќе изнесува постаментот, додека скулптурата на Јане Сандански качен на коњ ќе изнесува до 5 метри. Споменикот ќе биде уметничко - архитектонско дело кое ќе го отсликува ликот и делото на револуционерот.
(Д.С)
|
A сликата е истата, значи тоа е и моделот.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|