build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 29-May-2008 at 15:37

Скулптурите на Делчев, Груев и на Карев ќе бидат дело на Башевски и Анѓелкоски

Ликовите на историските личности преточени во скулптури ќе се наоѓаат во центарот на градот

Да се подигнат скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев според идејниот проект на скулпторот Жарко Башевски, а според решението на скулпторот Богоја Анѓелкоски да се изведе спомен-обележјето на Никола Карев. Ова е предлог-извештајот што в петок ќе биде доставен на разгледување пред Советот на Општина Центар. Од Одборот за подигање на спомен-обележјата информираат дека за изработка на скулптурите на Гоце Делчев и на Даме Груев конкурирале осум автори, а за Никола Карев пристигнале 16 труда. И на двата конкурса, покрај првоизбраните дела кои се наградени со по 400.000, односно 300.000 денари, доделени се втора и трета награда, а по два труда се откупени. Деветчлената комисија заклучила дека авторот на идејните решенија за спомен-обележјата на Делчев и на Груев комплетно одговорил на предизвикот за сериозно аналитичко и современо решение, а едногласно дала позитивни критики и за решението за спомен-обележјето на Никола Карев. Според комисијата, во поставката на Анѓелкоски, држењето на Карев е типично за водач.

Ликовите на историските личности преточени во скулптури ќе се наоѓаат во центарот на градот. Според урбанистичкиот план, скулптурата на Никола Карев ќе биде лоцирана во тревниот појас пред Собранието, а на Даме Груев и на Гоце Делчев од левата, односно десната страна на Камениот мост. Од Општина Центар не кажуваат кога ќе бидат поставени скулптурите и колку пари ќе се обезбедат за нивната изработка. Посочуваат дека тие детали допрва ќе треба да се дефинираат. Досега општината има потрошено повеќе од 30.000 евра и тоа само за наградување на авторите на трудовите. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6821CF91785AC6438DEF079AB8EC28B7
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 10-Jun-2008 at 22:41

Избрани скулптурите кои ќе го красат Скопје


Жири комисијата за избор на идејни решенија, изработка и поставување на скулптури во централното градско подрачје на Скопје, вчера ги објави идејните решенија. Добитници на конкурсот се 28 апликанти, меѓу кои и Антони Мазневски, Александар Ивановски Карадаре, Наташа Божарова, Ангел Димовски, Сашо Саздовски, Димитар Филиповски, Нина Ниневска, Симеон Арнадудов...

Претседател на жири комисијата беше архитектот Митко Хаџи Пуља. Во текот на следната недела треба да се одржи средба во Министерството за култура, на која треба да се направи договор со избраните автори. Министерството на авторите треба да им исплати по 30.000 денари авторски хонорар, а ќе ги покрие и трошоците за изработка на делата. На конкурсот биле пријавени 108 проекти на 51 автор, а секој уметник имал право да конкурира со најмногу по три дела.




http://www.vecer.com.mk/?ItemID=41707E7FECE5B34E9D249AB51BF8B467
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 28-Jun-2008 at 12:11
Како за промена, соодветна статуа на соодветно место. Каква ќе биде изведбата тек треба да видиме. Само се надевам дека прво ќе го реконструираат плоштадот Карпошово востание а дури после ќе размислуваат за статуа.

Споменик на гемиџиите во околината на плоштадот

Скулптури на ајдучкиот водач Карпош и на гемиџиите се две нови спомен-обележја што ќе се постават во централното подрачје. Ова вчера го одлучија советниците од Општина Центар, по иницијатива на Министерството за култура. Предвидено е спомен-обележјето на Карпош да се постави на плоштадот Карпошово востание, од левата страна на реката Вардар, покрај Камениот мост. Локацијата, пак, за споменикот на гемиџиите не е точно дефинирана, единствено е утврдено дека таа ќе биде на некоја јавна пешачка површина во централното подрачје. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=33CBC97DEB768C4784CBE424EDF932A2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 28-Jun-2008 at 19:27
Подетално за Карпош и гемиџиите и дополнително за Самуил и Ченто

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=4C52D41F5E9D1547A226F5E620618F30&arc=1

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОДИГА УШТЕ ДВЕ спомен-ОБЕЛЕЖЈА

Карпош и гемиџиите ќе го красат центарот

Спомен-обележјето на Карпош ќе биде лоцирано на плоштадот Карпошово востание, а тоа на гемиџиите ќе биде поставено на јавна пешачка површина во централното подрачје


Споменикот на цар Самоил ќе биде поставен пред ресторанот „Дал мет фу“

Скулптури на ајдутскиот водач Карпош и на гемиџиите се две нови спомен-обележја кои годинава треба да бидат подигнати во Општина Центар. Предлог-одлуките за нивно подигање денеска треба да бидат усвоени на седница на Советот.Обележјето на Карпош ќе биде поставено на плоштадот Карпошово востание, од левата страна на реката Вардар, покрај Камениот мост. Споменикот на гемиџиите, односно на претставниците на македонската интелигенција заслужни за афирмација на идејата за формирање на македонска држава, ќе биде лоциран на јавна пешачка површина во централното градско подрачје, но точното место не е се' уште утврдено. За подигањето на спомениците, како и за нивното управување, заштита и одржување ќе биде одговорна Општина Центар, а иницијативата е на Министерството за култура. За спроведување на постапката за подигање на спомен-обележјата ќе биде именуван одбор, кој ќе распише јавен конкурс за изработка идејните решенија.

Споменикот на Карпош ќе биде трето обележје што ќе се подига во околината на Камениот мост. Од десната страна на Вардар, од обете страни на мостот, на плоштадот Македонија ќе бидат поставени скулптури на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев, а на другата страна на плоштадот, кај локалите „Дал мет фу“ и „Тренд“ ќе бидат поставени обележја на цар Самуил и на Методија Андонов-Ченто.Веќе се избрани идејните решенија за обележјата на Делчев и на Груев, а деновиве беа избрани и победниците на конкурсот за проектите за спомениците на цар Самуил и на Ченто. Споменикот на Самуил ќе се подигне според проектот на скулпторот Димитар Филиповски, а на Ченто според идејата на скулпторот Александар Ивановски-Карадаре. Авторите на скулптурите ќе бидат наградени со по 300.000 денари.Според извештајот на Одборот, авторот Филиповски комплетно одговорил на нормите за високоаналитичко скулптурско и ликовно решение. Скулптурата е единствена по својата едноставност и монументалност, но и по ликовно-естетските содржини. Позицијата на седечката фигура ги покажува грациозноста, кралската мудрост и храброста, а софистицирано одбраните декоративни елементи го зголемуваат чувството на продлабочени и диференцирани психолошки ефекти - се вели во извештајот на одборот. Првонаградениот проект за обележјето на Ченто, според одборот, се издвојува со вонреден иновативен и скулпторски пристап.

- Делото е врвно решение во однос на развиениот ликовен ракопис, но и во однос на чувството за форма и нејзината стилизираност и минимализираност. Примената на ликовно-скулпторските содржини е многу сериозна и упатува на високо познавање на ликовноста и занаетот. Поставката е едноставна, монументална и комплетна и многу сугестивна со пласираните психолошки моменти. Држењето на Ченто е типично за водач - се потенцира во извештајот.Втората награда за обележјето на Цар Самуил во износ од 200.000 денари ја доби скулпторот Ангел Коруновски од Велес, а третата, во износ од 100.000 денари, му припадна на скулпторот Дамјан Ѓуров од Гевгелија. Втората награда за споменикот на Ченто му е доделена на Димитар Филиповски, а третата на Ангел Димовски-Чауш.

Анела Петрова

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 29-Aug-2008 at 10:16
RollinRollinRollinRollinRollin
Ова стварно незнам кај да го ставам али знам дека паско сигурно заслужува скулптура за својот труд  Crazy Nuts Crazy Bonk
 
СРПСКИОТ СКУЛПТОР СО ЕВРОПСКО РЕНОМЕ, РАДЕНОВИЌ НАЈАВУВА
Ќе се прави скулптура на Паско Кузман
Скулпторот Драган Раденовиќ го познавал Кузман 20 години, а идејата за скулптурата му ја соопштил пред три години

Српскиот скулптор со европско реноме Драган Раденовиќ, кој деновиве престојува во Охрид, сака да изработи скулптура - портрет на директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман. Со Кузман тој се знаел подолго време, а идејата да направи скулптура на нашиот познат археолог ја носел во себе од поодамна.
"Со Паско се знам веќе дваесет години. Добро го познавам, ја знам неговата работа и поради тоа одлучив да изработам негова скулптура - портрет.Тоа нема да биде само скулптура на неговиот лик, туку приказ на личност што придонесува во развојот на културата. Деновиве се слушнавме по телефон и тој ми рече дека е сега на одговорна функција и оти нема многу слободно време. Сепак, се надевам дека оваа моја идеја која на Кузман му ја соопштив пред три години, летово ќе ја реализирам", вели Раденовиќ, кој има и три докторски титули.
Паско Кузман вчера ни потврди дека телефонски се слушнал со скулпторот Раденовиќ за кого вели дека спаѓа во редот на најпознатите скулптори во светот.
"Раденовиќ ми рече дека сака да направи моја скулптура - портрет. Му одговорив дека моментално сум презафатен, но дека деновиве ќе дојдам во Охрид. Јас немам многу време да седам на едно место и да позирам, но ако скулпторот има толку голема желба, ќе го направам и тоа, ќе позирам", ни изјави Паско Кузман. ( Д. Ч.)
легенда- "Немам многу време да седам на едно место и да позирам, но ако скулпторот има толку голема желба, ќе го направам и тоа, ќе позирам", Паско Кузман

 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 30-Aug-2008 at 12:08
На глупите идеи им нема крај Crazy

ОПШТИНАТА ЈА УТВРДИ ПРОГРАМАТА ЗА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА

Тарзан во Скопје

Оваа програма ќе биде дадена на усвојување на Советот на Град Скопје и на Владата бидејќи меѓу личностите за кои се предвидени спомен-обележја има и такви што не се само од локално туку и од национално значење, вели градоначалникот Џорџе Арсов

Скулптури на Крали Марко на коњот Шарац, лавица и лавче, фудбалска топка, бисти на академик Никола Кљусев, Часлав Божиновски, Моцарт, Александар и Филип Македонски, Черчил, Ајнштајн и Џони Вајсмилер се само дел од личностите што ќе добијат спомен-обележја на територијата на општината Кисела Вода. Ова се предвидува со Програма за поставување спомен-обележја, која беше усвоена на седницата на Советот на Општината во средата, а која ќе се реализира во следните пет години.Целта на донесувањето на оваа програма е да се негува традицијата и минатото, како и да се надградува културното богатство. Со скулптурите ќе се обележи и националниот идентитет - велат општинските власти.Со оваа програма ќе бидат постават спомен-плочи на стари куќи и објекти во општината, кои се од културно-историско значење, бисти на патрони на основни училишта и на истакнати личности од општината, како и на великани, научници, просветители и спортисти од македонската и од светската историја. Спомениците ќе бидат поставувани на скверови и во паркови, пред пошти, игралишта, училишта, амбуланти и други јавни објекти.Првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, ќе добие спомен-биста пред новата спортска сала во Основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во населбата Кисела Вода. Скулптурата на Крали Марко ќе биде поставена во месноста Говедариште, во селото Драчево. На постамент од половина метар ќе има скулптура на легендарниот јунак и неговиот прочуен коњ со висина од 1,7 метар.На скверот на последната автобуска станица број 41, во населбата Драчево ќе бидат поставени фигури на лавица и на лавче од камен. Фигурата на лавицата ќе биде долга 1,2 метар, а висока 60 сантиметри, а лавчето ќе биде долго 80 сантиметри и високо четириесет сантиметри.

Врвните спортски резултати на Џорџ Бест, Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, Часлав Божиновски и Делчо Станинов ќе бидат одбележани со бисти пред игралиштето во Црниче. Фигура од фудбалска топка со пречник еден метар и бисти на Благојче Пановски-Рио и на Веле Трајчевски-Келеник ќе има во паркот спроти црквата, на игралиштето во селото Драчево. Скулптурите ќе бидат изработени од камен и од метал. Во Паркот на бранителите во населбата Драчево ќе биде поставен споменик на загинатите бранители.

На улицата Огњан Прица, кај воената зграда број 16, ќе бидат поставени бисти на истакнати војсководци меѓу кои: на Наполеон Бонапарта, генерал Кутузов, генерал Кастер и на Винстон Черчил. Тие ќе бидат изработени од бронза и камен и ќе бидат високи седумдесет сантиметри. Научниците Чарлс Дарвин, Луј Пастер, Алберт Ајнштајн, Галилео Галилеј, Никола Тесла, Исак Њутон, Никола Коперник ќе добијат спомен-бисти од камен и од бронза долж улицата Милан Мијалковиќ во Пржино. Љубителите на музиката ќе шетаат во паркчето пред зелената стара куќа во Црниче меѓу бистите на Јохан Себастијан Бах, Лудвиг ван Бетовен, Петар Илич Чајковски, Волфганг Амадеус Моцарт и Џузепе Верди. Таму ќе бидат поставени и фигури од музички инструменти од бронза и камен. Пред бараката на Месната заедница Пржино ќе стојат бистите на артистите Ристо Шишков, Илија Џувалековски, Дарко Дамески, Петре Прличко и Ѓорѓи Колозов.Спомен-плоча посветена на куќата во која се одржувале состаноци во НОВ ќе биде поставена спроти Средното економско училиште „Васил Антевски Дрен“. Од спротива ќе се постават бисти на Филип и Александар Македонски, Гоце Делчев, Махатма Ганди, Винстон Черчил и Франклин Рузвелт.Во реализација на Програмата финансиски ќе учествуваат Владата, преку Министерството за култура, Градот Скопје, Општината Кисела Вода и граѓани и фирми со свои донации.

- Оваа програма ќе биде дадена на усвојување на Советот на Град Скопје и на Владата бидејќи меѓу личностите за кои се предвидени спомен-обележја се и личности кои не се само од локално, туку и од национално значење - вели градоначалникот Џорџе Арсов.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=41A6D3858874ED4FA2C0292A9AA45830
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 30-Aug-2008 at 13:47
Nuts Nuts Nuts Nuts Nuts Nuts


Ништо ново... Малоумниве продолжуваат со глупостите со исто темпо Wallbash

Ваљда треба да бидеме среќни што не решија сите овие скулптури да бидат на плоштадот Македонија Crazy

Исто така убаво што решиле истовремено да прават скулптури и на Наполеон и на Кутузов. Можеби ќе ги стават еден до друг Crazy Crazy Crazy

А Кастер? Confused
Веројатно нема да сме метропола без да имаме споменик на таков истакнат учесник во геноцидот врз Индијанците Roll%20eyes

А кога веќе ќе прават споменик на Марк Шпиц, мислам дека мора да му се направи и  на Мајкл Фелпс Stern%20Smile


Edited by Cloverstack - 30-Aug-2008 at 13:50
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 30-Aug-2008 at 18:24
Само да не му текни да направат споменик на Али-Баба и 40 разбојници,ќе го зголемат трговскиот дефицит само од увоз на бакарBig%20smile

Еве јас ќе покренам една иницијатива да му се направи споменик на Кинг Конг,како најпознат прилепчанецBig%20smile
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 31-Aug-2008 at 07:29
ХахаLaugh па Џејн следи а?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 31-Aug-2008 at 14:59
пази ја реченицава „Со скулптурите ќе се обележи националниот идентитет“ Crazy
не знаев дека Моцарт, Ајншајн, Черчил и Вајсмилер биле македонци и направиле нешто за Македонија, особено за Скопје, едноставно и нема крај на креативноста Wallbash

но би се согласил на пример со лавицата и лавчето, кои немаат ама баш никакво значење но можат да бидат чисто декоративни за некое уредено паркче, налик на мечето во градски парк
или пак некоја друга уметничка скулптура можеби Dunno
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 31-Aug-2008 at 15:02
Originally posted by zabegan

пази ја реченицава „Со скулптурите ќе се обележи националниот идентитет“ Crazy
не знаев дека Моцарт, Ајншајн, Черчил и Вајсмилер биле македонци и направиле нешто за Македонија, особено за Скопје, едноставно и нема крај на креативноста Wallbash

но би се согласил на пример со лавицата и лавчето, кои немаат ама баш никакво значење но можат да бидат чисто декоративни за некое уредено паркче, налик на мечето во градски парк
или пак некоја друга уметничка скулптура можеби Dunno


Точно се сложувам но ако збориме за Скопје а посебно за кисела вода прво треба ред други работи да се средат па после да се ставаат такви декоративни елементи. Мораат прво да се оформат паркчињата, плоштадите, пешачките зони па потоа да се облагодоруваат. Вака на опаку. Кај ќе го стават Моцарт. На Првимајска на кривината накај Усје?!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 02-Sep-2008 at 22:07
не иде да не го регистрираме ова уште еднаш. Овој пат се разоткри и начинот на финансирање... Претпоставувате од главните адути се донации Crazy

Споменик на Тарзан во Кисела Вода

Што имаат заедничко Чарлс Дарвин, Марк Шпиц и Тарзан? Општина Кисела Вода. Токму тука ќе бидат изградени споменици посветени на нив.

Ќе има алеи на познати актери, писатели, лекари, музичари, наши, но и светски. Проектот чија прва фаза веќе беше одобрена од Советот на општината, предвидува изградба на повеќе од 100 споменици.

Проценка за тоа колку пари ќе бидат потрошени се уште нема.

„Се планираат повеќе извори на средства. Еден дел е од сопствени извори, од буџетот на Општината, еден дел се планира и со донации од граѓани, од бизнисмени итн.“, вели Џорџе Арсов, градоначалник на општина Кисела Вода.

Граѓаните се поделени околу најновата општинска иницијатива.

„Може да се каже дека се потребни, иницијативата не е лоша. Парите нека не ги троши толку градоначалникот, нека пушти автобуски линии. Добра идеја е за помладите да знаат како изгледаат тие и нешто повеќе за нив. Јас не знам со што би придонел Џони Вајсмилер за општинава, тоа навистина ми беше чудно“, рекоа жителите на Кисела Вода.

Останува само уште прашањето кон што ќе бидат вперени погледите на Ајнштајн, Коперник, Тесла, Моцарт.



http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97108
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 02-Sep-2008 at 22:13
тц тц тц тц тц........ До кога бе веќе со овој џорџе?! Да си ги стави у драчево споменициве. Тамо на три круши да си ги стави!!!

Конкретно моето маало нема асфалтирано улица у задњи 3 години ништо. Другото маало до мене нема атмосферска канализација, а е на 2 км од центар. Ова е пак некој обид да се препере пара. Срамота. Дај боже да не бидне ништо од ова споменициве!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 03-Sep-2008 at 23:18

Спомениците што ќе се градат - кич или вистински решенија?

Прашање е колку од најавените проекти вистински ќе му го вратат духот на Скопје


Деспина Трајковска


Врби среде Вардар, лавови пред мост, војводи на коњи, Менхетен во Центар, 160-катници во Аеродром, споменици и бисти на Џони Вајсмилер - алијас Тарзан, на Марк Шпиц, Бах и Ајнштајн на подрачјето на Кисела Вода, улица на славните пред Драмски театар. Скулптури на Скопска шмизла во центарот на градот, а во нејзина близина скулптурни решенија на просјак што проси за љубов, а не за пари, вљубена двојка, мотив на излет, на кафе...

Ова се само дел од најавените проекти на некои од општинските власти и на Министерството за култура, за чија реализација во најголем дел стои образложение оти со нив ќе му се врати духот на Скопје, дека се негува традицијата, културните глобални вредности, или дека одиме во чекор со времето. Колку и да се дебели кориците на образложенијата, многумина се прашуваат дали во нив е детектирана вистинската потреба од реализација на посочените проекти. И тоа токму во град кој, де факто, се соочува со бројни комунални проблеми несвојствени во 21 век.

Антоанела Петковска, професорка на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет, не сакајќи да биде погрешно разбрана од некои од надлежните, вели дека најголем дел од проектите претставуваат наплив на кич. Толкувањето од каде идејата и мотивите за изградба на разни видови споменици и објекти, иако е тешко изводливо, Петковска го лоцира како нечија потреба за создавање сопствени идентитети, или оставање печат на своето време. Апсолутно, според неа, станува збор за несоциолошки и некултурни потреби, кои несвесно ќе го предимензионираат животот на граѓаните, кои пак, се соочуваат и можеби имаат потреба од поинакви културни вредности.

„Скопје се претвора во крајно грд град, преплавен со кич и шаренило. На пример, повеќе од сигурно е дека изградбата на стокатниците никогаш нема да го направи градот метропола“, смета Петковска.

За неа, изградбата е оправдана само на некои од спомениците, како на пример, споменик на Александар Македонски. Доколку се има предвид дека тој не само што е идентитет за националната култура туку и пошироко во регионот, ни и во светски рамки, нема потреба од прашањето зошто токму тој.

„Другите планирани бисти, скулптури и споменици се во најголем дел небулозни решенија. Неопходно е да се најде одговор на прашањето зошто токму во спомен-обележје да се преточи некој лик, кога тој нема да биде препознатлив за идните генерации. Сепак, треба да се внимава тој да не се изедначува со денешнината со нас, туку да биде препознатлив сам по себе“, додава Петковска.

Од Општина Кисела Вода, пак, не се согласуваат целосно со некои од ваквите размислувања. Општинарите деновиве предизвикаа не само бура во јавноста туку и одредена доза на потсмев со најавата за изградба на скулптури на научниците Ајнштајн, Њутн, но и на Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, истакнатите светски музичари Бах, Моцарт, Чајковски. Иако реакциите на повеќе граѓани се дека нема потреба овие ликови да се преточат во скулптури и споменици, од Општината го мислат спротивното. Велат дека на тој начин ќе им се одолжат на овие личности за нивниот придонес во развојот на спортот, музиката, науката! Наедно, додаваат општинарите, тие со овој потег ја негуваат традицијата и минатото, а го надградуваат и културното богатство.

„Со дел од скулптурите ќе се обележи и националниот идентитет“, додаваат општинските власти, потенцирајќи дека е предвидено спомениците на подрачјето на Кисела Вода да бидат изградени во наредните пет години.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=245EBDE16BE8584ABB6B775931A905B6
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 04-Sep-2008 at 00:16

Мене споменикот на шмизла ми е баш штосен во Берлин пред еден трговски имаше сличен таков на Мерлин Монро

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 04-Sep-2008 at 08:55
Originally posted by 46&2

Мене споменикот на шмизла ми е баш штосен во Берлин пред еден трговски имаше сличен таков на Мерлин Монро



тоа е сосема друг филм. Веројатно вкусно уреден кварт со убав трговски центар во него и штосна статуа како бонус.

Што е ситуацијата кај нас. Станбена/индустриска населба делумно субстандардна, делумно производ на урбаната мафија и делумно стари блокови од пред 50 години излитени и никакви. Непостоечка инфраструктура и не една туку 50 статуи од комплетно неповрзани луѓе на секој чекор.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 04-Sep-2008 at 09:44

Originally posted by pbanks

Што е ситуацијата кај нас. Станбена/индустриска населба делумно субстандардна, делумно производ на урбаната мафија и делумно стари блокови од пред 50 години излитени и никакви. Непостоечка инфраструктура и не една туку 50 статуи од комплетно неповрзани луѓе на секој чекор.

главен момент кај декорот внатрешен или наДворешен е едноставноста и местоположбата која дефинитивно од цела композиција може да направи или растеретување или оптеретување на сетилата а и мислите, па може пример многу лесно да спастриш цела околина со неколку расфрлени грмушки во најразновидни форми или да ја натовариш со мермерни пиедестали, но сето тоа е субјективно и релативно бидејќи затоа и сме организирано општество па се што е поставено од локалната власт и надвор од централното градско подрачје со одлука на совет може да се корегира или замени.

мислам дека она што е битно кај ваквите зафати е да се стопат во околината до степен на доволна препознатливост но без  да одскокнат и ја нагрдат околината, за илуминацијата не треба ни да се спомне збор бидејќи истата кај нас тотално изостанува кај фонтаните а не пак кај спомениците, т.е. има по некое рефлекторче тук таму...!

а ако јас се прашувам споменик прво би кренал од живите рарите на македониај како ендемичните риби, дрва, птици, животни... исто би предложил по кеј како алеја на фолклорот и културните дејци, додека за светителите, царевите, кралевите, бранителите и војводите на Македонија би го зафатил делот околу Крстот на Водно, мора да бараме и симболика во местоположбата она со кејот и културата би било константната динамика на тој поле, она со Крстот и Великаните би имало симболика дека сите тие ни се од Бога дадени, а за природните реткости добра симболика би се добило доколку таква композиција на споменици би се истурила на матка или тумбите во градски парк.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 04-Sep-2008 at 09:59
Originally posted by beTon

главен момент кај декорот внатрешен или наДворешен е едноставноста и местоположбата која дефинитивно од цела композиција може да направи или растеретување или оптеретување на сетилата а и мислите, па може пример многу лесно да спастриш цела околина со неколку расфрлени грмушки во најразновидни форми или да ја натовариш со мермерни пиедестали, но сето тоа е субјективно и релативно бидејќи затоа и сме организирано општество па се што е поставено од локалната власт и надвор од централното градско подрачје со одлука на совет може да се корегира или замени.

мислам дека она што е битно кај ваквите зафати е да се стопат во околината до степен на доволна препознатливост но без  да одскокнат и ја нагрдат околината, за илуминацијата не треба ни да се спомне збор бидејќи истата кај нас тотално изостанува кај фонтаните а не пак кај спомениците, т.е. има по некое рефлекторче тук таму...!

Добра поента. Тоа воопшто не го гледам како возможно во Кисела Вода. Воопшто ваквиот метод на инсталација на споменици во густа урбана средина (со декрет на локалната администрација веројатно повторно без никаква стручна подлога) не ми се допаѓа. Затоа не ми се допаѓаат ни сличните иницијативи на Општина Центар.

Најдобар пример на ваквото однесување е споменикот на Крсте Петков Мисирков. Ако човек не помине на 2 метри до него неможе ни да примети дека има споменик. Комплетна утка и локациски и од секој друг поглед. Сепак далеку потрагично ќе биде антиподот на ова а тоа ќе бидат неколку избрани мегаломански скулптури со максимална демонстрација на кич. Длабоко сум уверен во тоа а штетата од нив ќе биде уште поголема.


а ако јас се прашувам споменик прво би кренал од живите рарите на македониај како ендемичните риби, дрва, птици, животни... исто би предложил по кеј како алеја на фолклорот и културните дејци, додека за светителите, царевите, кралевите, бранителите и војводите на Македонија би го зафатил делот околу Крстот на Водно, мора да бараме и симболика во местоположбата она со кејот и културата би било константната динамика на тој поле, она со Крстот и Великаните би имало симболика дека сите тие ни се од Бога дадени, а за природните реткости добра симболика би се добило доколку таква композиција на споменици би се истурила на матка или тумбите во градски парк.



Ова е веќе добра идеја. За содржините може да дискутираме (иако генерално се ОК да речеме) но како концепт е добро.

Еве еден убав пример на тематски парк со склуптури

Vigeland Sculpture Park - Oslo





Зошто неможе малку да размислуваме и во ваков правец? Зарем сме до толку некреативни за да мора да обесуваме само отсечени глави и коњаници на постаменти?


Edited by pbanks - 04-Sep-2008 at 10:02
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 04-Sep-2008 at 10:02
Инаку кога сме веќе кај рарите, мислам дека треба да се тргнат од парите и на парите да се стават револуционери.
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 04-Sep-2008 at 12:43

Еве и друг пример како во еден споменик може да се вметне голем дел од историјата на градот и државата. Овој споменик се наоѓа во Кобленц- Западна Германија и имаше некои преголеми бројки кои се спомнуваа за неговата изградба на времето. Како што се гледа има многу историски детали и практични на десет квадрата се поставени, а со тоа сигурно би се решил македонскиот синдром за негираниот историски идентитет без да се квари голем дел од просторот во центарот

 
Како втор пример ќе го спомнам и овој споменик што се наоѓа во истиот град. Пумпите за вода на секоја минута се активираат и детето ги прска со вода љубопитните туристи. Секако најсмешно им е на тие што ја сфатиле поентта пред да се намократ.
 
 


Edited by 46&2 - 04-Sep-2008 at 12:45
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.480 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.