build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748 203>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #901 Posted: 19-Jun-2010 at 03:42

Војвода на коњ ќе дојава на Првомајска

Општина Кисела Вода ќе постави споменик на македонски војвода качен на коњ, на ротондата што ќе се гради на раскрсницата меѓу улиците Првомајска и Народни херои. Коњаникот е дел од Програмата за поставување спомен-обележја на територијата на Кисела Вода за периодот од 2008-2012 г., која Советот ја дополни вчера со нови споменици.

Коњаникот ќе биде висок 5 метри, ќе се лее во бронза и ќе се постави на мермерен постамент со височина од 3 метри. Ќе се гради со пари од Владата. Не е познато на кој македонски војвода се мисли, односно Општината остави тој дел да биде мистерија, слично како и Општина Гази Баба која со месеци не признава дека коњаникот што ќе го постави на плоштадот во Автокоманда ќе биде на античкиот крал Филип Втори.

Во предлог-програмата е предвидено да се постави и споменик на паднатите бранители во централниот парк на населбата Драчево, со општински пари. Тој ќе биде висок 3 метри, исто колку и постаментот, а ќе се изработи од бронза.

Предвидено е поставување на обележја-плочи на домовите на загинатите бранители Игор Костески, Бобан Трпков, Љубомир Акимовски, Тодор Стојановски, Александар Стојчев и Драган Илиевски. Плочите ќе бидат изработени од месинг, со изгравиран текст со димензии 25 на 35 сантиметри. Ќе се постави и плоча на комитата Јане Павлески-Блажо, роден во селото Драчево во 1884 година, кој загинал за Македонија во селото Сопиште пред 100 години, како и биста на Фредерик Шопен во Паркот на птиците, кај ОУ „Невена Георгиева Дуња“.

Идејата за изработка на споменик на македонски војвода на коњ наиде на жестока реакција кај советниците од СДСМ.

- Не разбирам како оваа програма предвидува споменици што не ја одразуваат денешницата. Кој е тој македонски војвода на коњ? Мислам дека никој не знае со што тој придонел за нашата општина - рече Бранислав Игњатовиќ од СДСМ и додаде дека овие споменици не се ни блиску до Општина Кисела Вода.

- Кога во населбата Пинтија нема вода, кога се' уште постојат септички јами и нема атмосферска канализација, ние ќе правиме споменици на македонски војводи. Тоа што меѓу останатите споменици е и споменик за паднатите борци-бранители, е злоупотреба на нивното име. Тие луѓе чесно и пожртвувано ја бранеа нашата држава и подобро би било парите за биста и спомен-плочи да се искористат за стипендирање на нивните деца или за помош на нивните најблиски - рече Игњатовиќ.

Советникот Милован Кнежевиќ од СДСМ реагираше дека прво треба да се најде техничко решение за изведба на ротондата, за што е потребно време. Како член на комисијата за култура и спорт, Јовица Димоски од СДСМ реагираше што во програмата не е наведена финансиската пресметка за тоа колку би чинеле наведените споменици.

Според Љупчо Трајчев од ВМРО-ДПМНЕ, на ваков начин се докажува постоењето на македонскиот народ.

- Предизвикот да се докажува оти Македонија постоела, постои и ќе постои ќе го бранам додека сум жив - рече Трајчев.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9E482924867DA448B144D63F6EF19742


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #902 Posted: 19-Jun-2010 at 03:44
Nuts
41°58'42.18"N 21°26'48.46"E

Дискусија за ротондата во соодветна нишка --> http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=695
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #903 Posted: 21-Jun-2010 at 13:51

Коњаник на Првомајска

Иако засега никој во Општината не кажува за кој јунак од македонската историја станува збор, Општинскиот совет донесе одлука тој да биде од бронза, да биде висок пет метри и да стои на мермерен постамент од 3,5 метри

Споменик на македонски војвода качен на коњ ќе се подигне на улица Првомајска во Кисела Вода. Иако засега никој во Општината не кажува за кој јунак од македонската историја станува збор, Општинскиот совет минатата недела донесе одлука споменикот да се изгради на главната улица во Кисела Вода.
Според одлуката, коњаникот ќе биде изграден од бронза, ќе биде висок пет метри и ќе стои на мермерен постамент од 3,5 метри.
На носењето на документот бурно реагираа голем дел од советниците. Најголем дел од приговорите беа за откривање на идентитетот на војводата, оти засега е познато само дека ќе биде некој од македонските војводи, без никакви други детали за неговата заслуга.
"Кој е тој македонски војвода на коњ или како се вика тој јунак што заслужил да му кренеме споменик среде Општина. Она што им недостига на граѓаните сигурно не се спомениците. Јас како советник и граѓанин на Кисела Вода сум против трошење пари и време за споменици кои во ниту еден сегмент не значат надградба на културните, естетските и уметничките дострели на македонските вредности", вели Бранислав Игњатовски, советник од СДСМ.
Новата одлука предвидува и изградба на уште еден споменик на паднати борци - бранители во паркот во населбата Драчево, плоча на комитата Јане Блажо Павлевски, како и уште пет плочи на бранители во Кисела Вода, меѓу кои на Игор Костески, Љубомир Акимовски, Тодор Стојановски, Александар Стојчев и Драган Илиевски.
Спомениците и плочите ќе се градат со пари од Владата, од Град Скопје и Општина Кисела Вода, од полската амбасада во Скопје, како и со донации од физички и правни лица.
2012 година е означена како краен рок за подигање на спомениците.

http://vest.com.mk/?ItemID=893BD423A7A1324CBB4C7725C9E8807A
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #904 Posted: 25-Jun-2010 at 02:43

Се испитува теренот за триумфалната порта?

Дали набрзо ќе почне да се гради триумфалната порта на плоштадот „Пела“, ќе зависи од тоа што ќе покажат геомеханичките испитувања на теренот. Местото на кое е предвидено да се постави овој објект, односно, скулптура, како што велат во Министерството за култура, вчера беше заградено и се почна со дупчење на теренот. Дилеми нема, ќе никне уште едно градилиште во центарот на Скопје.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E368823D4F643E4B88C4831A92D50C62
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #905 Posted: 25-Jun-2010 at 17:31

Споменик на Никола Вапцаров во Бутел

Споменик на македонскиот револуционер и поет Никола Јонков Вапцаров ќе се постави во паркот „Живко Брајковски“, пред спортската сала во општината Бутел

Споменикот ќе биде висок пет, а постаментот два метра. Вапцаров ќе биде претставен со полуотворена книга во рацете и со показалецот свртен кон земја. Автор на идејното решение е Мирослав Славковиќ, чиј труд е избран на конкурсот на кој пристигнаа осум понуди. Славковиќ е автор и на споменикот на Димитрија Чуповски, што ќе се постави во општината Центар. Изработката на паметникот ќе чини седум милиони денари, а парите ги обезбеди општината.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=625101028521&id=14&prilog=0&setIzdanie=22017
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #906 Posted: 29-Jun-2010 at 19:01
Bash

Се подготвува теренот за изградба на Триумфалната порта
 
„Портата Македонија“ или попозната како македонската Триумфална порта, дел од проектот „Скопје 2014“, ќе почне да се гради наскоро на плоштадот „Пела“  
 
%20  
Сепак, почетокот на изградбата ќе зависи од тоа што ќе покажат геомеханичките испитувања на теренот. Просторот на кој е предвиден да се постави овој објект, односно, скулптура, како што велат во Министерството за култура, е заградено, заради дупчењето на теренот.

- Процедурите за изградба на скулптурата „Порта Македонија“ се почнати и се во согласност со Законот за градење. За официјално да почне изградбата потребно е да се спроведе целокупната процедура пропишана со законите - вели Татјана Блажевска, портпаролка во Министерството за култура.

Оваа скопска креација, која ќе биде финансирана од Министерството за култура. Автор на портата е Валентина Стефановска, чие дело е избрано на конкурсот за избор на скулптури на Министерството за култура од 2008 година.

- Сé уште не може ни приближно да се каже колку пари ќе бидат издвоени за нејзина изградба, бидејќи сé уште не е доделен договорот за градење и сé уште не се извршени сите потребни работи за нејзината градба - додава Блажевска.
 
   
Автор: Б.Ст.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=629101034192&id=14&prilog=0&setIzdanie=22020




Edited by Cloverstack - 29-Jun-2010 at 19:01
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #907 Posted: 29-Jun-2010 at 22:00
Ме интересира во врска со Тримфалнава капија како ке биде изработена, со бетонско лиење (јадрото)  па после лепење на некој мермерни плочи со релјеф ( некој елементи), или ке се изработува од мермерни блокови кој заради габаритетот ке се спојуваат на лице место ( ќе биде изработена од повеке сегменти)? 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #908 Posted: 29-Jun-2010 at 22:24
Ех Базе, не се соопштуваат многу поосновни информации, ниту пак некакви визуелизации (освен онаа генеричката попатна вклучена во видеото Ск2014), а ти би сакал да знаеш вакви работи Smile
За да ги дознаеме овие работи извесно ќе мора да почекаме да видиме како ќе ја градат... со други зборови, се надевам дека никогаш нема да дознаеме каков им е планот  Smile
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #909 Posted: 30-Jun-2010 at 01:51
тие и самите сеуште незнаат, одат на варијанта поефтин изведувач го добива тендерот скоро со се во државава па зато иако идејата била и генијална, на крај посекако излегува килаво дело!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #910 Posted: 03-Jul-2010 at 19:16
Сабајле го демонтираа јарболот од пред собрание. Веројатно се спрема теренот за споменикот на Карев.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #911 Posted: 03-Jul-2010 at 19:45
А таман го наравивме јарболот за во Гугл Рт LOL
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Twoare View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Apr-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Twoare Quote  Post ReplyReply #912 Posted: 04-Jul-2010 at 13:06
Pozdrav do site.
Mi pristignaa fotografiji od završenite postamenti od spomenicite na sv. Kiril i Metodij i sv. Kliment i Naum pa imav želba da gi podelam so Vas. Mislam deka ubavo ispadnaa.


Site komplimenti ua ovoj sajt i forum.
Pozdrav od Beograd! Smile
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #913 Posted: 04-Jul-2010 at 13:16
Поздрав Twoare и добро дојде.
 
Не ми се свиѓа тоа што се одело со различен облик на текст.Кај Св.Климент и Св.Наум текстот е на страословенски начин а кај Св.Кирил и Методиј е со стандарден.Требало да се оди на исти начин,како кај Св.Климент и Св.Наум,сепак се Словенски просветители.


Edited by Buliwyf - 04-Jul-2010 at 13:19
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #914 Posted: 05-Jul-2010 at 09:02
Споменик на бегалците во Струмица

Во присуство на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, претседателот на Здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија, архимандритот Никодим Царкњас од Грција, претставници на ОМО “Илинден“ од Бугарија, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, пратеничката Цветанка Иванова и голем број на граѓани од Струмица, Македонија, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, вечерва во “паркот на бежанците“ во Струмица беше откриен Споменик на Македонските егзодуси.

Претходно пред бројната публиката се обратија претседателот на Осма Урбана заедница, претседателот на Здружението “Незаборав“, Благој Стојанов и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, а познатата актерка во пензија, Зора Ѓоргиева изведе монодрама за егзодусот на една мајка и нејзиното семејство































ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Шпер View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
  Quote Шпер Quote  Post ReplyReply #915 Posted: 05-Jul-2010 at 10:05
Член сум на Здружението на бежанците и нивните потомци (бежанци се нарекуваат протераните Македонци од егејскиот дел во 1912/13 година), потеклото ми е од Кукуш, ама споменикот нема врска дефинитивно... чисто промашување... камените стојат одамна, сега само ставиле скулптура која според мене е еротска...

Dunno


Edited by Шпер - 05-Jul-2010 at 10:06
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #916 Posted: 05-Jul-2010 at 12:40
Вчера поминав покрај споменикот на кирил и методиј до камени мост. Од сите споменици до сеа овие мислам дека можда и најдобро се вклопија. Али неможев а да не приметам дека името на методиј е напишано на следниов начин: ме тодиј. Значи со размак меѓу е и т.Се приметува и на сликата а у живо уште повеќе. Такви грешки на споменик од 500-600 илјади евра се недозволиви. Којзнае кој им ѓи лепи буквите.
Back to Top
Macedonian View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Macedonian Quote  Post ReplyReply #917 Posted: 05-Jul-2010 at 14:18
Previous
Абе јас тоа не го приметив.Сега видов и по мене не е грешка,секако има мал размак ама не се приметува ич.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #918 Posted: 05-Jul-2010 at 14:50
Јас сум доста цепидлака, меѓутоа сметам дека тој пропуст не е доволно голем за да се крене паника. Всушност буквата Е е малку полево од што треба, не дека ставиле " " измеѓу МЕ и ТОДИЈ. Толерабилно е.

Повеќе ми пречи неунифицираноста на дизајнот на двата споменика.


Edited by alexgizh - 05-Jul-2010 at 14:51
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #919 Posted: 05-Jul-2010 at 14:58
не кревам паника јас.Тоа најмал проблем е кај нас. Ама поминав тамо и ви кажувам многу повеќе боде очи него на сликава.јас ја имав видено сликава пред да го видам споменикот и не го загледав размакот.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #920 Posted: 05-Jul-2010 at 21:08
Originally posted by Шпер


Член сум на Здружението на бежанците и нивните потомци (бежанци се нарекуваат протераните Македонци од егејскиот дел во 1912/13 година), потеклото ми е од Кукуш, ама споменикот нема врска дефинитивно... чисто промашување... камените стојат одамна, сега само ставиле скулптура која според мене е еротска...Dunno

Ноќни слики....ама и јас имам сличен впечаток
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4445464748 203>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.469 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.