build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 208>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 31-Oct-2008 at 21:07
Дечки многу побрзи сте од мене ја една слика да подигнам а вие три нови поста.

Еве да одговорам она што го знам, лавовите се нешто малку поголеми од старност, (што за мене е во ред да се добие таа почит во овој случај на снагата), и нормално постоље со рељев на сите четири страни.

Кога сме кај големината, еден пример за мене на лоша пропорција на еден великан е на  плоштадот Пела, буквално делува ко некое човече

штета немам слика



Edited by Vladimir P - 31-Oct-2008 at 21:08
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 04-Nov-2008 at 23:11
Итар Пејо
Според мене најубавиот споменик во Прилеп


build.mk, гради форумска историја
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 06-Nov-2008 at 09:58

Четири нови споменици ќе никнат во Центар

Дозвола треба да добијат спомен-обележјата на паднатите херои, на основачите на македонската револуционерна борба, на Првото заседание на АСНОМ и на Тарас Шевченко


Центар не го исчисти Споменикот на децата-бегалци во Паркот на жената-борец, а носи одлуки за изградба на десетина нови

Општината Центар со уште четири спомен-обележја ќе ја прошири планираната изградба и тоа во Паркот на жената-борец. Советот на Општината денеска треба да даде зелено светло за спомен-обележје на паднатите херои за Македонија, на основачите на македонската револуционерна борба, за Првото заседание на АСНОМ, како и за Тарас Шевченко.

Споменикот на големиот украински поет е веќе изработен. Бронзената биста на постаментот е дело на академик Томе Серафимовски, донација од Министерството за култура и туризам на Украина. Останатите спомен-обележја ќе бидат уметнички архитектонски дела според опис и содржина што ќе ги определи Одборот, именуван од Општината Центар. Парите за реализација, како и за чувањето и одржувањето дополнително ќе бидат одредени од буџетот на Општината.

Претходно, Општината реши да подигне спомен-обележја за Цар Самуил (меѓу улиците Максим Горки и Никола Вапцаров), и за Методија Андонов Ченто (на аголот меѓу улиците Македонија и 11 Октомври). Веќе е објавен и конкурс за изработка на идеен проект за споменик на свети Климент и Наум Охридски, планиран за левиот брег на реката Вардар, во примостието на Камениот мост. Спомен-обележјето ќе чини 20 милиони денари, ќе се постави на постамент и ќе биде од материјал што ќе се вклопува во архитектонскиот простор. Обележја ќе добијат и македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев, а ќе се работат според првонаградениот идеен проект на авторот Жарко Башевски, скулптор од Скопје. Тие ќе се постават на просторот пред Камениот мост, од страната на плоштадот и ќе чинат 8 милиони денари.

И Никола Карев ќе добие спомен-обележје, кое ќе се прави според идејното решение на авторот Богоја Анѓелковски, скулптор од Скопје. Ќе биде поставено пред Собранието на Македонија и ќе чини 5 милиони денари. Станува збор за коњаничка скулптура. На левиот брег на реката Вардар, во близината на зградата „Ибни Пајко“, на плоштадот што го носи неговото име, ќе биде поставен споменикот на македонскиот ајдутски водач Карпош, кој ќе се работи според идејниот проект на скулпторот Војдан Запров од Скопје. Спомен-обележјето на гемиџиите ќе се прави по идејното решение на скулпторот Ангел Коруновски од Велес. Локацијата допрва ќе се одредува. Одборот не доделил прва награда, туку втора, и тоа на авторот Валентина Стевановска, во износ од 250.000 денари и трета награда на идејното решение на авторот Жарко Башевски, во износ од 150.000 денари.

На десната страна на Вардар, покрај Камениот мост, предвидено е спомен-обележје на Јустинијан Први. Одборот за идејното решение не доделил прва награда, туку втора на авторот Роза Павлеска (200.000 денари) и трета - на авторот Наташа Божаров (100.000 денари). Второнаградениот труд е седечка фигура која симболизира грациозност, кралска мудрост и храброст.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1ADF58964BE324418EA3396931E52286
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 07-Dec-2008 at 00:54
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВЛОЖУВА ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Аларова крие 19 споменици
Општина Центар до крајот на годинава треба да потроши 530 милиони денари или околу девет милиони евра за подигање спомен-обележја, кои се дотации од Министерството за култура. Од Министерството велат дека се и

Општина Центар не сака да каже како ги троши деветте милиони евра што ги доби од Министерство за култура за подигање спомен-обележја.
Со ребалансот на буџетот што Советот на Општината го усвои минатиот месец, Центар до крајот на годинава треба да потроши 530 милиони денари или околу девет милиони евра за подигање спомен-обележја. Тогаш беше кажано дека овие средства се дотации од Министерството за култура, на чија иницијатива ќе се подигаат најголемиот број од спомениците, и дека ако не се потрошат оваа година, ќе останат за следната.
Од Министерството за култура велат дека се изненадени зошто Општината одбива да каже до каде е постапката за изработка на спомениците.
"Ние дадовме само иницијатива и средства за подигање на спомениците, а реализацијата оди преку Општина Центар. Принципот на нашето министерство е транспарентно работење и за сето она што досега сме го реализирале навреме ја известивме јавноста. Зошто Општината не кажува до каде е изработката на спомениците, не би можеле да кажеме", велат од кабинетот на министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска.
Надлежните во оваа скопска општина одбиваат да одговорат колку споменици ќе градат, каде точно ќе ги постават, кога и кој ги изработува. Локалните власти од Центар не сакаат да кажат колку ќе чини изработката на секој споменик одделно, ниту, пак, колкав е хонорарот на членовите на Одборот за подигање на спомен-обележјата, кој има идентичен состав за повеќето споменици.
Градоначалничката на Центар Виолета Аларова одбива да разговара со новинарите на "Вест", а од нејзиниот кабинет се правдаа дека за спомениците може да каже само одборот за нивно подигање и не упатија да ги бараме потребните информации на веб-страницата на Општината.
Претседателот на Одборот за подигање спомен-обележја и советник во Советот на Центар од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Богевски одби да зборува за спомениците, со објаснување дека информациите треба да ги бараме од Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на Аларова.
Центар досега не ги објави резултатите од распишаните конкурси за идејно решение за спомениците, ниту, пак, направи јавна презентација на избраните трудови, иако е должна да го направи тоа согласно со Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

***

Кој се ќе добие споменик во Центар

На Интернет-страницата на Општина Центар се објавени само одлуките на Советот за подигање на спомениците, но не и извештаите до каде е нивната реализација. Според овие податоци, Советот на Центар од 2006 година досега донесол одлуки за подигање на 19 спомен-обележја во строгиот центар на Скопје. Треба да им се подигнат споменици на: Александар Македонски, Крсте Петков Мисирков, македонскиот ајдутски арамбаша Карпош, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија Андонов-Ченто, Цар Самоил, гемиџиите, свети Климент и Наум Охридски, свети Кирил и Методиј, Цар Јустинијан Први, украинскиот поет Тарас Шевченко. Центар треба да подигне спомен-обележја и за Првото заседание на АСНОМ, на основачите на Македонската револуционерна организација, на паднатите херои за Македонија, на загинатите пилоти од мисијата АЛТЕА во Босна, на македонските бранители и спомен-обележје на воин. Центар пред две години распиша конкурс за идејно решение за четири скулптури на лавови, кои треба да ги постави од двете страни на мостот Гоце Делчев.
Од сите овие најавени споменици, досега се подигнати само две спомен-обележја, иако за некои одлуките и конкурсите се донесени и распишани уште во 2006 и 2007 година. Така, на оградата на Камениот мост Општината постави спомен-плоча на македонскиот ајдутски арамбаша Карпош, а на плоштадот Пела, пред управната зграда на ГП "Пелагонија", подигна бронзена биста на Крсте Петков Мисирков од академскиот вајар Боро Митриќески.

***

Споменикот на Александар Македонски - најстрого чувана тајна

Центар две години молчи за споменикот на Александар Македонски што треба да биде поставен во центарот на плоштадот Македонија. Иако Советот на Општина Центар ја донесе одлуката за подигање споменик на Александар Македонски во ноември 2006 година, а лани во март беше распишан меѓународен конкурс, локалните власти досега не дадоа официјална информација за подигање на овој споменик. Не кажаа колку трудови пристигнале на конкурсот, чие дело е избрано, дали се изработува споменикот, ниту кога ќе го постават на плоштадот. Општината не направи презентација на наградените трудови, иако законски е должна да ги изложи.
Според меѓународниот конкурс, Општината бараше идејно решение за фонтана и за скулптура на Александар Македонски качен на коњ. Ниту градоначалничката Аларова, ниту претседателот на Комисијата за меѓународниот конкурс и претседавач на Советот на Општина Центар Владимир Здравев сакаат да кажат до каде е изработката на споменикот. Префрлајќи ја одговорноста за информирање на јавноста еден на друг, тие речиси две години успеваат да го скријат Александар Македонски.
Но, како што веќе пишуваше "Вест", неофицијално се зборува дека споменикот на Александар Македонски се крие во Италија и дека се прави по идејно решение на млада вајарка од Скопје. Според овие неофицијални информации од дипломатски и од уметнички кругови, споменикот се прави од бронза, ќе биде висок 15 метри и се лие во Италија. Фонтаната, пак, се прави од мермер и неа ја работи една домашна градежна фирма.

***

Никола Карев пред Парламентот, а Гоце и Даме до Камениот мост

Центар треба да го подигне споменикот на претседателот на Крушевската република Никола Карев пред Парламентот, а спомениците на Гоце Делчев и на Даме Груев од двете страни на Камениот мост, во делот до плоштадот Македонија. Општината ги донесе одлуките за подигање на овие споменици лани во декември, а, според нив, спомен-обележјата треба да бидат уметнички скулптури. Нема никаква информација и за овие спомен-обележја, односно Општината не кажува дали се распишани конкурси, кој го добил правото да ги прави спомениците, колку ќе бидат високи и кога ќе ги постават.

***

Цар Самоил пред "Тренд", а Ченто - кај "Фуфо"

Општинарите треба да го подигнат спомен-обележјето на Методија Андонов-Ченто на аголот меѓу улицата Македонија и пешачкиот дел од улицата 11 Октомври ориентиран кон плоштадот, односно непосредно до ресторанот "Дал мет фу". Цар Самоил, пак, треба да добие споменик на аголот од улиците Максим Горки и Никола Вапцаров ориентиран кон плоштадот Македонија, односно непосредно пред кафулето "Тренд". Советот ги донесе одлуките за подигање на спомениците во март годинава и, според нив, тие треба да бидат уметнички скулптури. И за овие споменици нема никаква информација до каде е постапката за нивна изработка.

***

Споменик на Карпош - од левата страна на Камениот мост

Општината треба да го постави споменикот на Карпош на левата страна од Вардар, на долната зона на примостието на Камениот мост, а одлуката за негово подигање е донесена во јуни годинава. Скулпторот Војдан Запров ја доби првата награда од 400.000 денари на конкурсот за изработка на споменик на македонскиот ајдутски водач Карпош. Одборот за подигање на спомен-обележјето му ја додели втората награда од 250.000 денари на Слободан Милошевски, а третата награда од 150.000 денари на Ѓорѓи Димовски. На конкурсот за идејно решение пристигнале вкупно 14 трудови, а Општината ќе ги откупи трудовите на Ангел Коруновски и на Роза Павлеска со 60.000 денари. На останатите учесници на конкурсот ќе им подели 100.000 денари.
Овој извештај беше ставен на дневниот ред на претпоследната седница на Советот на Општина Центар, но точката беше повлечена и Советот ќе расправа за неа на наредната седница закажана за овој месец.

***

Гемиџиите ќе бидат дело на Ангел Коруновски од Велес

Општина Центар треба да го постави спомен-обележјето на гемиџиите од десната страна на реката Вардар, на долната зона на примостието на Камениот мост од левата страна гледано кон плоштадот Карпошово востание.
Според извештајот на Одборот за подигање на споменикот, кој беше усвоен на претпоследната седница на Советот, на конкурсот за идејно решение пристигнале 11 трудови, а првата награда од 400.000 денари му е доделена на скулпторот Ангел Коруновски од Велес. Втората награда од 250.000 денари на Сокол Цварки, а третата од 150.000 денари на Александар Ивановски-Карадаре. Општината ќе ги откупи трудовите на Синиша Новески и на Горан Стаменков со по 60.000 денари, а на останатите учесници на конкурсот ќе им подели 100.000 денари.
Општината ја донесе одлуката за подигање на овој споменик во јуни годинава, а кога Советот на Центар го разгледуваше извештајот на Одборот, не беше кажано ниту колкави ќе бидат димензиите, ниту од каков материјал ќе се прави, ниту, пак, беше покажана фотографија од наградениот труд.

***

За споменикот на воин нема прва награда

Општината во јули годинава одлучи на левата страна од реката Вардар, на плоштадот Карпошово востание пред објектот "Ибни Пајко", да постави спомен-обележје на воин. Одборот за подигање на оваа уметничка скулптура, како што беше кажано на претпоследната седница на Советот на Центар, одлучил да не додели прва награда, од 11 пристигнати трудови, бидејќи ниту еден во целост не ги задоволувал условите од конкурсот. Одборот и ја доделил втората награда од 250.000 денари на вајарката Валентина Стевановска, а третата награда од 150.000 денари - на уметникот Жарко Башевски. Општината ќе ги откупи трудовите од Дарко Дуковски и од Слободан Милошевски со по 60.000 денари, а на останатите учесници ќе им подели по 100.000 денари.
На седницата, членовите на Одборот за подигање на споменикот рекоа дека второнаградената Валентина Стевановска ќе може да ја работи скулптурата на воин ако го приспособи трудот на нивните забелешки. Оттогаш нема информација дали вајарката Стевановска ќе го прави споменикот на воин или Општината ќе распише нов конкурс.

***

Паско Кузман: Спомениците во Центар нема да бидат дивоградби

Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, локалната власт може да подига само спомен-обележја, односно бисти, скулптури, плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела со кои се одбележуваат личности од локално значење. На личностите, пак, што имале исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државотворно-правен континуитет, според овој закон, им се подигаат меморијални споменици, за чие подигање одлуките може да ги носи исклучиво Парламентот и тој да ја спроведе постапката за нивна изработка и поставување.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство на Македонија Паско Кузман, кој е и член на Одборот за подигање на спомен-обележјата во Центар, на прашањето дали овие спомен-обележја го кршат Законот за меморијални споменици и дали ќе бидат дивоградби, бидејќи личностите кои ќе се одбележуваат со нив немаат само локално значење, одговори дека тие се покриени со сите документи.
"Ниту еден споменик во Центар нема да биде дивоградба, бидејќи сите се покриени со потребните документи и одобренија. Овие споменици нема да бидат ставени под заштита како споменици на културата", рече Кузман.
Слична состојба со одбележување на ликот и делото на Скендер-бег имаше пред две години, кога Општина Чаир, без одлука од Парламентот и без консултација со Градот, му подигна споменик на овој албански државник во Старата скопска чаршија. Тогаш директорот на Управата за заштита на културното наследство Кузман, како и неговиот претходник Јован Ристов, тврдеа дека Чаир го крши Законот за меморијални споменици, бидејќи подига меморијален споменик на личност која нема само локално значење. Но, и покрај овие тврдења, актуелната власт присуствуваше на свеченото откривање на споменикот, кој досега никој не го урна, ниту, пак, се побара одговорност од Општината.
"Тогаш многу јасно кажав дека одлуката да остане споменикот на Скендер-бег беше чисто политичка, а за нас, како Управа, беше оправдано тоа што споменикот е на самата граница на контактната зона на Чаршијата, која е под заштита", рече Кузман.

***

Градот бара Општина Центар да ги почитува законите

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски пред една година ја повика Општина Центар да го почитува Законот за меморијални споменици и спомен-обележја и законите за урбанистички планирања и градба. Тој и забележа на Општината дека спротивно на Законот за меморијални споменици и спомен-обележја донесла одлуки за подигање споменици на значајни личности од македонската историја, иако само Парламентот може да подига споменици за нив. Костовски смета дека со овие одлуки Центар директно се меша во ингеренциите на Градот, бидејќи воопшто не го консултирала при нивното носење.
Од кабинетот на градоначалникот Костовски велат дека досега ништо не е променето и покрај инсистирањето на Градот Општина Центар да ги почитува законските прописи.
Елица Ангеловска

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160584&idg=8&idb=2543&rubrika=Revija


Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 07-Dec-2008 at 01:06

Бистата на Груев не се вклопува во битолскиот музеј

БИТОЛА - Бистата на илинденецот Даме Груев да се отстрани од дворот на битолскиот музеј за да се уреди просторот. Дислокацијата да не биде на некое друго место во Битола, туку во Демир Хисар! Ваквото барање на Заводот и музеј Битола до Општината ги скара власта и опозицијата.

„Директор од ВМРО-ДПМНЕ бара преместување на спомен-бистата на Даме Груев од дворот на музејот. И тоа не во Битола, туку во Демир Хисар. Образложението е со два збора, уредување на дворното место. Значи, основачот на историското ВМРО, Даме Груев, на директорот му пречи во екстерното уредување и му го нагрдува дворот“, заклучува Горан Милевски, советник на ЛДП во Битола.

Раководството на битолскиот Завод и музеј не одрекува дека поднело барање до општинската Комисија за спомен-обележја да се отстрани бистата на Даме Груев од дворот на музејот. Но, демантира дека побарале бистата да „замине“ за Демир Хисар.

„За бистата ќе има место во дворот на Основното училиште ’Даме Груев‘ во Битола“, изјави Зоран Николовски, директор на битолскиот музеј. Според него, годинава бил изработен нов проект, дворот на музејот кој неодамна беше ограден да биде наменет исклучиво за артефакти. Николовски вели дека тоа ќе биде импресивен лапидариум како увертира за посетителите и туристите на она што како богатство го поседува оваа институција. (А.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E126D62B4B7B304987B06FB38A402A55


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 07-Dec-2008 at 01:12
само со смајливо можам да опишам што мислам за ова погоре Wallbash
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 07-Dec-2008 at 13:26
Зошто така? Во право се, не си го видел музејот како изгледа сега. Таа бистата беше ставена на еден ќош во дворот повеќе ко на мајтап него одошто требало да биде таму. Затоа подобро да ја преместат. И онака музејот е воглавно за работи од Хераклеја, не се вклопува таму Даме Груев. А тоа каде сакале да ја пуштат, тоа може само на некој од спротивната партија да му текне. Секако, тоа е македонска работа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 07-Dec-2008 at 21:58
коментарот ми беше за спомениците на аларова, само БЃТ ме претекнал со вториот пост Big%20smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 08-Dec-2008 at 15:03
Ја тужиме Грција за кршење на времената спогодба, а правиме колосален споменик на Александар Македонски за главниот плоштад на главниот град. „Интересен“ пристап... Roll%20eyes
Не навлегувам во тоа колку е апсурдна целата ситуација со некакво парче хартија да ни се диктира какви споменици можеме да правиме, ама овие популистички трикови по обичај завршуваат на штета на државата.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 08-Dec-2008 at 15:12
Кловер еве ти ја времената спогодба. Никаде нема ништо што може да се препознае коклу споменици или име на аеродорм и слично. Тоа е само манипулација со домашната (грчката) јавност, како и сите овие години. Но да не трујам тука.

Факт е дека целава уметност е применета. Односно оваа уметност се сади на секој ќош не за да разубавува и потесеќа него да биде во улога на политички митинг. Затоа оваа уметност ќе биде безвреднаа после евентуално решавање на политичките проблеми. Исто како што се оние коцки бетон по цел град, што треба да бидат споменици. Некои ги викаат овие споменици "комуњарски", и со право ги викаат пошто тогаш тие коцки бетон беа во служба на спроведување политики во времето на комунизмот. Еве сега се безвредни. Истото ќе се случи и со овие склуптури. Ќе дојде време кога ќе ја изгубат вредноста. Зашто?! Зашто тоа не е уметност, ако е наменето за одредена ситуација. Ретко каде во Скопје некој се обидел и изградил безвременска уметност. Уметност што е уметност и сега и порано била и ќе биде.


Edited by lslcrew - 08-Dec-2008 at 15:13
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 08-Dec-2008 at 15:29
Знам дека во времената спогодба нема ништо конкретно за тоа какви споменици можеме или не смееме да правиме, ама правото е растеглива работа и клаузулите за гаење добрососедски односи и непровоцирање можат да бидат без проблем растегнати до таа мерка. Дали е тоа манипулација или не, мене не ми е битно, битно ми е што заради лошото темпирање на изработката на еден споменик се загрозуваат клучните интереси на државава. Кога тие две работи ќе ги ставам на вага, едноставно нема споредба. Затоа сум против овој споменик во догледна иднина.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 09-Dec-2008 at 12:33

Споменикот на Александар Македонски нема воопшто да ги заплаши грците, но дефинитивно ќе го нагрди центарот на Скопје, кој и онака од одамна не личи на ништо.

Сакам и да ми одговори некој, дали важат сеуште мегаломанските димензии на споменикот?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 11-Dec-2008 at 23:20
12 милиони ден. за споменик на Тоше Проески


Одборот за подигање на Меморијален споменик на Тоше Проески во Крушево на вчерашната прва седница даде согласност за негова изградба. Членовите на одборот се согласија дека за најголемата македонска музичка ѕвезда навистина е потребен меморијален споменик, прв од ваков вид во Македонија.

Претседателот на собраниската Комисија за култура, Оливер Шамбевски рече дека Комисијата за финансирање и буџет го одобрила неговиот амандман кој предвидува 12 милиони денари од Буџетот за 2009 година за подготвителната фаза од изградбата на споменикот.
- Исправени сме пред еден сериозен предизвик, не само поради големината, ликот и делото на Проески, туку и поради тоа што Собранието прв пат во историјата по независноста на земјава поддржа и ќе помогне изградба на Меморијален споменик, истакна Шамбевски.

Тој предложи да се формира и стручна работна група која ќе помогне за реализација на проектот. По гласањето, Одборот даде согласност да се вклучат уште седум стручни членови.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B577D0BC7454144EA03EE7F09126722B

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 12-Dec-2008 at 15:36
не мислите дека малку го претераа со тоше?
и зошто толку пари?
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 14-Dec-2008 at 23:07
Додека во Македонија се убедуваме дали е потребна или не, во Единбург постои уште од 1883та! Статуа на Александар со Букефал!


Heroic statue of Alexander the Great and one of the most famous horses of antiquity Bucephalus outside Edinburgh City Chambers on the Royal Mile. A plaque on the podium reads "Modelled 1832. Cast in Bronze 1883."

http://www.edinburghguide.com/photo/alexanderandbucephalus?size=746x560
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 14-Dec-2008 at 23:21
статуа на александар нема никакво значење за историјата на градот, такви статуи може да има во пелагонија и југозападниот дел на Македонија, но во Скопје е некако глупо, исто како и голем број на други статуи
ако веќе ставаат статуа на античка личност, нека биде тоа на пр. Јустинијан I
можда многу не би се согласиле ама барем ја држи симболиката
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 14-Dec-2008 at 23:33
Статуа на Александар Велики сигурно има повеќе значење за Скопје како за главен град на Македонија отколку за Единбург! Статуата во Единбург е подарок за градот и е поставена пред зградата на Градскиот совет, што не гледам некоја си поврзаност со тој град посебно, нели? Big%20smile

За Јустинијан - и тоа како треба да е централна историска личност за градење на препознатлив имиџ на Скопје. За мене не само статуа во центарот на Скопје, туку и ќе беше најсоодветно скопскиот аеродором да се нарече Јустинијан Први наместо Александар Велики. Таор, каде што и се родил Јустинијан е на само неколку километри од скопскиот аеродром. Немаше посоодветно име од тоа...

Да беше некој друг град кој би ја имал среќата да е родниот град на врвен Византиски император, кодификар на правото, градител на Аја Софија во Константинопол, чуда ќе наравија од таа приказна!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 15-Dec-2008 at 20:35
Eeek2

Не, ние не заслужуваме развој и поголем стандард! Повторно ги расфрламе ограничените средства со кои располагаме... Наместо продуктивно да вложуваме, некои таму решиле да се кочоперат без никаква мерка! Овие стварно немаат осет ниту за парите ниту за потребите.

Wallbash


Буџетот на Центар в година ќе се потроши на владините споменици

Советниците од власта и опозицијата не се согласија околу приоритетите за трошење на буџетот

Шест и пол милиони евра или една третина од буџетот за наредната година Општина Центар ќе потроши за изградба на споменици, а значителна сума и за нови вработувања, одлучи мнозинството на последната седница на Советот. За одлуката на седницата не гласаше советничката група на СДСМ. Опозициските советници реагираа на нацрт-верзијата на буџетот со образложение дека на Општината треба да и' е приоритет решавање на секојдневните комунални проблеми на граѓаните отколку градењето споменици.

Дали е оправдано милионски суми да се наменат за споменици, од СДСМ не добија одговор, бидејќи градоначалничката Виолета Аларова отсуствуваше од седницата, наводно, поради здравствени причини.

Инаку, покрај за изградба, Општината ќе потроши и околу 330.000 евра за подготвување на проектите за спомениците. Толку пари општинарите ќе наменат и за изградба на пешачки мост преку Вардар, а пак за изработка на проектот за него надлежните процениле дека ќе им бидат потребни околу 110.000 илјади евра.

Стотици илјади евра од општинската каса ќе се наменат и за изработка на урбанистички планови и за уривање на дивоградбите. За ДУП-ови во 2009 година од Центар планираат да потрошат 305.000 евра, што е за 100.000 евра повеќе од потрошеното за истата намена годинава. За уривање, пак, Општината ќе потроши само 165.000 евра, а за репрезентација на располагање ќе има повеќе средства од годинава, односно околу 45.000 евра.

Инаку, покрај од дотации и трансфери од министерствата, како и од даноци, општинарите процениле дека буџетот за 2009 година ќе им се наполни со дополнителен прилив на средства во висина од 820.000 евра од отуѓување градежно земјиште. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7A0C498BD513784E920D409D52988A69


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2008 at 02:48
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 15-Dec-2008 at 20:39
ај тоа, туку од толку најавување, одложување, убеден сум дека на крај преку сила едвај еден, два од тие 20 најавени споменици ќе испаднат, а парите пак ќе ги нема...


Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 15-Dec-2008 at 21:25
Да ти кажам право, боље нека ги испокрадат парите отколку да имаме пренатрупан центар со 100 кичозни споменици. УЖАС, Аларова е најлошиот градоначалник на опш. Центар. Ама овие избори тешко дека ќе ги преживее (во однос на останување на функцијата градоначалник).
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 208>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.602 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.