build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје - Брутализам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Скопје - Брутализам
    Posted: 21-Jan-2018 at 16:30
Првпат ја гледам скицава/цртежов (што и да е)

За сè има вторпат
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 440
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 12-Jan-2018 at 21:31
камо и Скопје да беше чисто, ко што било некогаш пред земјотресот, или веднаш понего ...

~

надополнување на сето ова би било Сајмиште ... чие дело е? ќе го срушат ли овој брутал-експонат на нашата младост [1] од сите постојни единствено тој МНТ и МКЦ беа најексплоатирани од обичниот човек, евентуално МСУ и Муз.Мак. но тие ко отсечени и ретко кога свртилиште на музички перформанси и баш не беа сеопшто експлоатирани како зданија, се сеќавам единствено на две контра приредби Кирил во ММ, а ОПА во МСУ, иако Оркестарот Пеце Атанасовски тоа го беше напраил од немукает, веројатно за да укаже на кое дереџе ни е изворноста, или можеби на која висина треба да е инсталирана, додека на Кирил изгледа премалу му беше во Куршумлијан а прешироко на Кале та истера свирка ниваму нитаму, којзнае ...

него лифтот од палата на Ристе може ли да се смета како локален предвесник на модерната ако не брутализмот, може нема да биде лошо да го сместат во мсу

http://www.kultura.mk/2017/10/chie-delo-se-10-te-najpoznati-zgradi-vo-skopje/
Originally posted by Max

http://www.scribd.com/doc/80081756/Sovremena-Arhitektura-Makedonija

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 440
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Nov-2017 at 14:15

колку само убаво изгледа кога е бел, како и НБРМ да ја искречеја, а и на МАНУ нема да му биде склет да го подобелат, иако НУБ чинам плаќе за шарен агитпроп, таман за шарените да се доакадемизираат подобно, мислам нека си ја завршат работата на своите дедовци, онаму каде брутализмот ко проевропски ориентирани ќе го осуетат до фаза на шалување, бреј нека почнат од Нова Железничка Станица [1] но претходно нека ги тргнат тоа импровизираните кровои по окната од лифтовите ...

брутализмот буквално знае да истрауматизира доколку е сив, бар црно да го шлакосаа, еве Порта Влае колку ет мелем за око, а колку ќе беше терсене да е гол бетон, после се чудам како тоа од УКИМ излегуваат дива градба интелектуалци ... не секам да замислам какви интерпретатори ќе имаше МОБ ако зградата беше остаена сива, а вака и театар и опера и балет на купче зијан не виделе, бар психички, иако то скоцканите симетрии здраво им искривувале светоглед ...


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7055
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 28-Mar-2016 at 21:53
уште една интересна галерија
http://skopjeandme.com/2016/03/28/brut-cute/
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Feb-2016 at 19:34
ШТО МОЖАТ ГРАДОВИТЕ НА ИДНИНАТА ДА НАУЧАТ ОД БРУТАЛИЗМОТ?

Според вообичаеното сфаќање, брутализмот бил 20-годишен експеримент (1955-1975), кој резултирал со интересни и необични градски пејзажи. Но модернизмот чиј изданок е брутализмот е минато, нашата верба во иднината е веќе на залез, па денешната архитектура треба само да реагира на она што веќе постои, а не да се занимава со храбри нови светови.


Или не?

Минатиот месец добитник на највисоката, Прицкерова награда за архитектура стана Алехандро Аравена (за што тука пишувавме). Неговите дизајни кои ги изработува за студиото Елементал од Чиле се целосно необруталистички - големи блокови наредени еден врз друг, и згради главно за социјално домување, што е исто така карактеристика на брутализмот.

Не само градењето нови, туку и освежувањето на постојните бруталистички згради е тренд - нивната бетонска јачина е нешто што се фетишизира и посакува. Во таков стил се неодамна реновираните (а стилски нечепнати) згради во Лондон, Шефилд и Израел.

На градовите на иднината добро би им дошло да научат нешто од брутализмот. И пред денешните градоначалници и урбанисти да се засркнат од неверување, еве зошто: брутализмот, едноставно, не е ни приближно лош како што е прикажан.

Не дека брутализмот на времето немал свои маани, како на пример ригидната поделба на луѓе и коли, и неговиот бесрамен длабок наклон пред моторот со внатрешно согорување кој доведе до создавање простори кои не се пријателски настроени кон пешаците, и подземни премини во кои никој не би сакал да се најде. Ова е голем недостаток, ама разбирлив бидејќи архитектите сакале да ги заштитат луѓето од сообраќајот - и во тоа време ова разделување на месото од металот се смета за мудрост.

Но ова е мала работа во споредба со добрите страни. Бруталистичките згради се наметнуваат себе си и изгледаат добро. Тие се издржливи и иконски и без да се трудат. Тие се архитектура како чиста уметност - скулпторски и апстрактни форми што ги тестира минувачот. И ни требаат уште такви.

Денешните "иконски" згради се кичести, дела за фалење кои изгледаат како ѓубре по неколку години: на пример поранешниот Музеј на поп музиката во Шефилд, или Musée des Confluences во Лион. За секој успешен Тејт Модерн или Гугенхајм Билбао објект има стотици кутри претенденти. Стариот Витни музеј на Марсел Бројер во Њујорк годинава повторно се роди како Мет Бројер - совршен простор за изложување уметност.

Бруталистичките згради се така градени за да оставаат на располагање голем некорпоративен, јавен простор, како плоштадот Нејтан Филипс пред Градското собрание во Торонто, или водните градини на Барбикан во Лондон. Таква великодушност во располагање со просторот за сечие уживање денес ретко се наоѓа, затоа што секое ќоше се пополнува со продавници, ескалатори и што и да е, само да не стои празно.



Класната поделба намерно е отсутна од бруталистичките згради. Светкавите кули кои денес ги имаме за богатите се пример за нееднаквостите, како "врати за сиромашни" или шилците против бездомници. Сите беа добредојдени во бруталистичките библиотеки, станбени блокови, цркви - пред 'одбранливиот простор' и индивидуалистичката ера од 80-те да се помочаат на овој сон. Во градовите на утрешнината овие навистина егалитарни простори можат да одбележат град кој навистина се грижи за своите жители.

Бруталистичките згради гледаа во иднината. Тие признаваа дека се вонземски, а некогаш и страшни, ама и различни од се што веќе беше присутно. Тие беа инвестиции во град, кои покажуваа на голема визија и оптимизам. Најголемиот дел од она што е изградено во последните 10 години најчесто изгледа како да е дојдено директно од минатото - посебно куќите, од кои најголемиот дел само подведуваат кон лажните престави што ги имаме за удобното минато.

Она што градовите на иднината можат да го научат од брутализмот е верата. Брутализмот е дело на верата, песна посветена на градот. Тој бил груб и цврст, ама такви се и градовите - тие не се селска идила. Ако повторно градиме вака тоа ќе покаже дека ги сакаме нашите градови и ги гледаме како места кои можат да бидат возбудливи, иновативни, фер, просперитетни и долготрајни.

Christopher Beanland
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 132
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Oct-2015 at 17:16
Лустерот во четвртата слика (горе лево) - врв.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Oct-2015 at 12:38
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Sep-2015 at 22:33
Сум живеел во Гоце и настрана лоша изолација и квалитет на изведба собите се токму така решени како што е опишано во почетокот на тостот односно и покрај тоа што не си сам во собата сепак имаш интима. Искрено се надевам дека ќе се реши проблемот со изолацијата и дека ќе се реновира домот а притоа ќе се добие енергетски издржан објект. Настрана нашата СЕКТАШКА опозиција која е вмешана во сите протести околу Гоце овој дом заслужува реновирање а секташите од опозицијата имаа доволно време тоа да го сторат. Токму во времето кога јас таму живеев тие ја имаа таа неповторлива шанса зошто проблемите таму не се од вчера.     
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Sep-2015 at 22:20
МНОГУ ТАЈНИ ЗА МАЛИТЕ СОБИ – КАКО СЕ ГРАДЕШЕ СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“?

На третиот кат од архитектонскиот факултет во Скопје, се наоѓа кабинетот на професорот и архитект во пензија, Георги Константиновски. За него и неговите проекти има слушнато цел свет бидејќи тој има соработувано со едни од најдобрите архитекти како што се Пол Рудолф, Сергеј Чермаев и Јо Минг Пеи. Но, она што најмногу му лежи се студентските домови. Делото за кое освои награди и кое се уште сè обидува да опстане против временските фактори е студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

„…Најголемата филозофија на студентскиот дом е решавањето на еден карактеристичен кат“, вака Константиновски ја започнува приказната за студентскиот дом.

Тој при проектирањето многу внимание посветил на тоа како од двокреветна соба студентот да се чувствува како да е сам во собата. Приказната за овој студентски дом има неколку карактеристични моменти. Прво, при отворање на двете врати од двете соседни соби, студентите коишто живеат во едната и во другата соба може да бидат многу блиски и да се чувствуваат како семејство. Ходниците се направени во таква рамнина што оној којшто поминува нема да ја почувствува издолженоста.

Многу тајни за малите соби - како се градеше студентскиот дом „Гоце Делчев“?Константиновски жали што дел од планот не бил реализирани. Такви се мостовите што ги поврзувале сите блокови и каде што било планирано да се постават дневните соби опремени со телевизор, радио, столчиња за седење. Не бил изграден ниту амфитеатарот наменет за разни приредби и културни настани, како и спортската сала. Што се однесува на ресторанот, првите генерации во студентскиот дом „Гоце Делчев“ имале можност да јадат во вистински ресторан со двор и зеленило покрај нив и пријатен поглед кон Водно.

Во првата фаза биле направени блоковите А и Б бидејќи, се сеќава Константиновски, немало пари за целиот објект да се комплетира.

„Тогаш при свеченото пуштање на студентскиот дом, тогашниот градоначалник на Скопје, другар, господин Љупчо Ставрев ми пријде и ми рече -Константиновски дали може во оваа друга фаза да вметнете бањи во собите?’. Јас одлучно одговорив и реков „не“. Реков „не“ бидејќи кога го проектирав студентскиот дом, како минимална површина по еден студент се зема 7 квадрати, тоа значи дека за двокреветна соба треба да има 14 квадрати. Јас бев толку амбициозен и реков нема да биде 14 ќе биде 13,95, нешто помалку. Сега во минимална соба бара да уфрлам и бања…?!“, вели архитектот.

Но, тоа прашање станало предизвик за Константиновски, па поради неговата амбициозност и смелост кон експериментирањето, во блоковите В и Г сепак секоја соба била направена со бања во неа.

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ е карактеристичен и по тоа што е целосно покриен со бетон, одлика на т.н. бруталистичка архитектура којашто во тој период била популарна во Америка и низ цела Југославија. Причината поради која Константиновски го употребил овој стил на архитектурае економичноста што ја нуди овој тип на градба. Така веќе изградениот дом можел да се смета како хотел од Б категорија, но разликата е во тоа што за изградба на еден студентски дом биле потребни 3 и пол милиони тогашни денари, а за хотел од Б категорија биле потребни од 8 и пол до 11 милиони денари.

„Тоа кажува дека со тие пари што го градат хотелот можат два студентски дома да изградат како што е „Гоце“. А истиот конфорт го имаат и во студентскиот и во хотелот од Б категорија“, забележува Константиновски.

„Доаѓа зима, голем број на студенти се жалат на студот, зарем бетонот не држи ладно“, го прашувам професорот.

„Кај луѓето е создадена таа психоза дека бетонот делува негативно и мислат дека е постудено. Јас во мојот студентски дом во собите имам предвидено на бетонските ѕидови изолација уште тогаш. Ако не се добро изведени, тоа не зависи од мене, туку од тој што изведувал. Знам, се жалеа студентите дека има провев. Тоа е прашање на организацијата што го изведувала студентскиот дом“, вели тој.

Многу тајни за малите соби - како се градеше студентскиот дом „Гоце Делчев“?Константиновски последен пат влегол во студентскиот дом „Гоце Делчев“ пред три години. Од она што го забележал сфатил дека во „Гоце“ ништо не се променило. На прашањето колку еден објект може да издржи да биде населен, а да не биде реконструиран тој одговори дека уште од првиот ден треба да се одржува објектот, кога ќе се пушти. Ако некаде прегорела сијалица, веднаш да се смени. Ако некаде попуштил радијаторот веднаш да се поправи.

„Државата треба да ги поддржува студентите и студентскиот дом припаѓа на државата, државата е таа што треба да води грижа за да се одржува тој објект. Јас сега и би препорачал бидејќи имаме милијардери во нашето општество нека преземе еден студентски дом, барем еден блок да го реновира за да го врати во онаа состојба кога беше нов“, цврсто проговори Константиновски.

Архитектот на овој студентски дом што на некој начин претставува одлика и за самата држава вели дека кога би имало акција поттикната од самите студенти за подобрување на состојбата на домот тој апсолутно би се приклучил во секој момент.

„Она што сум го зел како професија, тоа е просветен работник, јас таков останувам до крај на својот живот. Мојата цел во животот и општо можам да ги подучувам младите и особено врз база на моето големо искуство како архитект да давам се од себеси несебично да ги насочувам како треба да проектираат. Совети и од најразлични други професии кога ќе дојдат кај мене како повозрасен човек со поголемо животно искуство сакам секогаш да ги насочувам кон тоа како треба да се движат кон животот“, рече Константиновски.

Разговорот го заврши велејќи дека му е мило што „Гоце“ не е гледан само како место за живеалиште. Константиновски бил радосен кога во неговиот кабинет дошла студентка што седела во домот и му покажала слики од студентскиот. Тој вели дека „Гоце“ е еден вид архитектонска скулптура што треба да ги инспирира студентите да творат.

http://www.radiomof.mk/mnogu-tajni-za-malite-sobi-kako-se-gradeshe-studentskiot-dom-gotse-delchev/
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 21-Sep-2015 at 22:41
За вкусови и лепота неможи да се завземи конечен став, но едно е јасно-од енергетски аспект овие објекти се права катастрофа. Уште ме боли целото тело како последица на 5 години живеење на 20 см до чист бетон
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 21-Sep-2015 at 21:28
Originally posted by zabegan


и ете зошто не може да имаме убави работи... затоа што некој не знае прозор со кружна форма да изведе

Премногу си брутален.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7055
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 21-Sep-2015 at 20:59

и ете зошто не може да имаме убави работи... затоа што некој не знае прозор со кружна форма да изведе
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 21-Sep-2015 at 20:57
Circles by Tomatograph, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 11-Sep-2015 at 09:42
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Aug-2015 at 10:38
Народна банка на Република Македонија (1975)

DSC00154 by george k. 1981, on Flickr

DSC00155 by george k. 1981, on Flickr

DSC00157 by george k. 1981, on Flickr

DSC00158 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11317
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Aug-2015 at 20:13
Одлична серија си направил денес.
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 23-Aug-2015 at 16:56
Средно медицинско
20150818_175403 by staro.skopje, on Flickr

2
20150818_175528 by staro.skopje, on Flickr

3
20150818_175417 by staro.skopje, on Flickr

4
20150818_175450 by staro.skopje, on Flickr

5
20150818_175343 by staro.skopje, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 20-May-2015 at 19:36

Фотогалерија “Skopje Macedonia brutalism, modernism” / Борис Гаџовски

Локации: Архива на град Скопје, Хидрометеоролошки завод на Македонија, Ст. дом „Гоце Делчев”, Станбен објект спроти City Mall

Автор: Борис Гаџовски

Извор: https://www.flickr.com/photos/21656962@N05/sets/72157644285372825














marh.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2387
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-May-2015 at 00:13
а еве го и вториот дел од документарецот.

https://vimeo.com/93116236
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1270
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 02-May-2015 at 18:44

Кадри од „македонскиот брутализам” во документарец на BBC


Кадри од македонскиот брутализам искористени во документарец на BBC, насловен како “Bunkers Brutalism and Bloodymindedness Concrete Poetry”. Набљудувајќи го овој начин на творење архитектура, од неговите корени во одминатите стилови до неговата кулминација, документарецот се стреми да го најде континуитетот, да ја дефинира појавата, и да ги истакне вредностите и негативните впечатоци низ игра на зборови и дефиниции. Во документарецот, можете да забележите кадри од Скопје, Велес, Кавадарци во комбинација со светските познати бруталистички остварувања, што говори за нивната вредност и посебност на меѓународно ниво. Македонските архитекти се свесни за ова наследство, но како да се обнароди тој впечаток дома е сеуште килава мисија.

Недостатокот на документарецот е во неспомнувањето на потеклото на кадрите. Единствено во една реченица каде се најавуваат во контекст со СФРЈ. Не е погрешно, но не е ни исправно докрај. Како доминантен избор на слики, специфичната приказна на Скопје и македонскиот брутализам, заслужуваат да бидат спомнати или дефинирани визуелно.

Документарецот можете да го погледнете во продолжение, заедно со галеријата на одбрани кадри по наш избор:


Пошта – Скопје


УКИМ – Скопје


Спомен костурница-Велес


МКРТВ-Скопје

Документарецот и повеќе кадри на marh.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.