build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје - Брутализам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 01-Feb-2012 at 11:42
Originally posted by FoSsiL

Незнам... Карев иако е гол бетон, дури и внатрешно во поголемиот дел... е пријатно место... Така да, јас немам проблем со школото во кое учам....


ова школо е исклучок од сивото правило, особено заради две појави, првата се децата а втората е дебелото зеленило, само живата ограда да се тргне одма ќе почне да преовладува бетонот, а што е до внатре хелиоцентрично поставените училници околу централниот и осветлен хол многу го отвораат просторот, така да школото делува полесно од внатре него од надвор...

само да се измалтари фасадата (јасно со бел цемент и пуц машина) школово ќе биде уникат дури и зеленилото ќе живне, па и рампата која сега штрчи со лезет ќе се вклопи, ова исто би важело за се во карпош од брутализам почнувајќи од гоце делчев и архивот преку никола карев и орце николов па се до золошка и стадионот... во најмала рака би се вклопиле во срединита во која сега само натежнуваат
Brutalism also is criticised as disregarding the social, historic, and architectural environment of its surroundings, making the introduction of such structures in existing developed areas appear starkly out of place and alien [1]
иако истото денес може да се каже и за неокласичното патинирање на градот, сепак и едните и другите се недоносени, пред се како резултат на просечниот економски капацитет ако е тоа за утеха, а и тогаш а ни сега немало и се нема абер за компактност, иако и импровизацијата знае да биде многу од корист доколку државниот и градскиот буџет се распеани наместо зарипнати или неми, но бадијала да имаме средства ако "градителите" си пеат по свое што било случај и порано а е случај и денес... ајде бар имаме музејски артефакти, можеби фали еден веб сајт за изневерената современа мак.арх. како архитектонска туристичка разгледница...   http://www.scribd.com/doc/80081756/Sovremena-Arhitektura-Makedonija

Edited by Max - 01-Feb-2012 at 11:52
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 01-Feb-2012 at 12:08

Точно за Карев. Иако и зимно време престојот таму е пријатен, сепак се чуствува некоја разлика споредено со пролет, лето, есен... додека вегетацијата е зелена... Вака голите дрвја го откриваат бетонот и во комбинација со облачно или магловито време знае понекогаш да биде онака даун... да влијае негативно на расположение...

За разлика од внатре, кога атмосферата е секогаш пријатна... иако ми е криво што го избришаа цртежот на ѕидот кај бината... беше посебен елемент од целата претстава и појава на школото... 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 01-Feb-2012 at 12:42
Originally posted by FoSsiL

Имам слика и од Воена Болница. Да ја поставам?
Во друга нишка, оваа најдобро нека биде стриктно за Брутализам.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-Feb-2012 at 12:45

Па добро... не бев сигурен дали и таа спаѓа во Брутализам. Најверојатно не?

Како и да е.... која нишка би била соодветна, бидејќи се работи само за еден кадар... и две слики...

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 01-Feb-2012 at 12:53
Сигурно не спаѓа

Можеш да ја сместиш во некоја од постоечките фото-нишки доколку ти се чини прикладна, или да отвориш нова фото нишка Скопје - разно, или евентуално во проекти>здравствени институции
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 01-Feb-2012 at 14:04
Не сум сигурен уште за 2 згради во Скопје:

1. Природонаучен музеј
2. Театар на националностите

Вториот објект е изграден во 1974 а архитектите се Љубинка Маленкова и Вера Ќосева. На мене ми личи како да припаѓа на брутализам. Доколку е така, претставува добар пример за тоа како белата боја го менува впечатокот. Знае ли некој дали овие 2 згради припаѓаат на овој стил? Доколку тоа е случај, во следниот пост ќе ги вметнам во нишкава.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 01-Feb-2012 at 14:16
Наместо јас да давам одговор, еве еден линк..

http://www.mihailtokarev.mk/knigi.html

Третата книга зборува за Македонија и Југославија, но добро е да се разгледаат и другите бидејќи таму се општо дефинирани разните стилови и движења (секогаш има нијанси, јасно). Исто така има книга за некои други минати стилови

Поздрав за добрата воља на проф.Токарев да ги направи овие книги вака лесно достапни, а и самите книги не се скапи, со оглед на тоа дека се работи за релативно добар печат во боја.

Edited by mladen_s - 01-Feb-2012 at 14:24
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 03-Mar-2012 at 21:46
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 11-Mar-2012 at 00:08

Интересен прилог на Јутарњи Лист за социјалистичката архитектура во регијата: http://www.jutarnji.hr/socijalisticka-arhitektura--regija-bi-bila-urbanizirana-bas-poput-japana-da-su-se-svi-projekti-realizirali/1011298/

На фотографијата се гледа скопскиот Универзитетски кампус во седумдесеттите години, долго пред да го закрпат со фушерајски лимен покрив (фотки има на првата страна од овој топик), решение за кое не знам кому оди “заслугата“. Илустрирањето на текстот токму со фотографија од Скопје е своевиден комплимент но за жал и показател дека странци се посвесни за нашето архитектонско наследство одошто ние самите, ако знаеме каков ни е односот кон модерната.

Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 11-Mar-2012 at 01:47
Нова книга:

Modernism In-between: The syncretic аrchitectures of socialist Yugoslavia.
Authors: Wolfgang Thaler, Maroje Mrduljas, Vladimir Kulic


http://www.jovis.de/index.php?idcatside=3331&lang=2
http://www.wolfgangthaler.at/projekte/yuarch/yuarch.html

Се очекува да излезе од печат во април, а во неа ќе може да се прочита повеќе за најголемиот дел од објектите претставени во нишкава.

Уште една слика од Градскиот архив во Скопје:



Од книгата Land of the in-between : modern architecture and the State in socialist Yugoslavia, 1945-65 од Владимир Кулич (.pdf, 31MB)
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 11-Mar-2012 at 16:22

Сликата од текстот на Јутарњи.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 01-Dec-2012 at 18:52
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 01-Dec-2012 at 18:53
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 22-Feb-2013 at 16:41
http://www.lupiga.com/vijesti/index.php?id=6636
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 08-May-2013 at 15:14
Наидов на една статија на интернет со фотографии од скопскиот брутализам. Сликите ќе ги постирам овде, додека текстот можете да го читате на линкот.















За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 08-May-2013 at 15:15









За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 08-May-2013 at 15:16
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 08-May-2013 at 16:13
искрено,иако не се приговара за стилови и убавина,мене овој стил не ме бендисува.ми делува многу сиво,а можеби тоа е и од фактот што 5 години живеев во една од нив
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 08-May-2013 at 17:18
Ова се прекрасни градби, ама не се одржувани, и затоа оставаат таков впечаток. Според мене, ова се едни од најзабележителните современи белези (знаменитости) на Скопје. Многу често на интернет наидувам на луѓе кои се воодушевени токму од нив.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 08-May-2013 at 17:24
Еве неколку мои слики од градскиот архив во Скопје, од 28 март годинава.







За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.