build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје - Брутализам

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Jan-2012 at 19:01
VIII Градски архив / Skopje City Archive

1.

2.



IX ОУ "Јохан Хајнрих Песталоци" / Johann Heinrich Pestalozzi Elementary School




X Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ / Panche Karagjozov MD Medical High School

1.

2.

3.


Извори/Sources: eahn.org, Александар Кардашевски (panoramio)

Edited by OCB - 28-Jan-2012 at 19:22
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Jan-2012 at 19:09
Може насловов на темава да се смени, брутализам во Македонија, не верувам само во Скопје да има ваквии градби, пошто стамбениот комплекс при влез во тетово е во тој правец.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 28-Jan-2012 at 19:37
Архитекти и година на изградба / Architects and year of construction

I. Главна пошта / Main Post Office

Јанко Константинов / Janko Konstantinov, 1971, 1982, 1989.

II. НБРМ / National Bank of Macedonia

Радомир Лалович, Олга Папеш / Radomir Lalovic, Olga Papes, 1975.

III. Телеком / Macedonian Telecommunications Building

Јанко Константинов / Janko Konstantinov, 1975.

IV Студентски дом „Гоце Делчев“ / Goce Delchev Student Dormitory

Ѓорѓи Константиновски / Georgi Konstantinovski, 1971.

V Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ / SS. Cyril and Methodius University

Марко Мушиќ / Marko Music, 1974.

VI Хидрометеоролошки завод на Македонија / Macedonian Hydrometeorology Institute

Крсто Тодоровски / Krsto Todorovski, 1975.

VII Гимназија „Никола Карев“ / Nikola Karev High School

Јанко Константинов / Janko Konstantinov, 1968.

VIII Градски архив / Skopje City Archive

Ѓорѓи Константиновски / Georgi Konstantinovski, 1968.

IX ОУ "Јохан Хајнрих Песталоци" / Johann Heinrich Pestalozzi Elementary School

Алфред Рот / Alfred Rot, 1967.

X Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ / Panche Karagjozov MD Medical High School

Јанко Константинов / Janko Konstantinov, 1973.

Извори/Sources:
http://www.scribd.com/doc/62836800/Arhitektura-Na-Tlu-Jugoslavije-Deo-3 + Google search.

Edited by OCB - 29-Jan-2012 at 00:32
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 28-Jan-2012 at 20:07
Originally posted by Dragan

Може насловов на темава да се смени, брутализам во Македонија, не верувам само во Скопје да има ваквии градби, пошто стамбениот комплекс при влез во тетово е во тој правец.




http://www.panoramio.com/photo/2750257
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 29-Jan-2012 at 00:18
Originally posted by stratus

МОБ во што спаѓа? Инаку прекрасна нишка и се надевам еден ден сите достојо ке се обноват
дефинитивно не е брутализам
не сум сигурен, ама мислам дека МОБ е градена во стилот на Деконструктивизмот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 29-Jan-2012 at 00:51
инаку, најобесправениот стил во Скопската архитектура, за жал
и општо во светот, брутализмот е тежок за разбирање за многу луѓе, можеби најмногу поради неговите вонземски форми и асоцијација со ретро научна фантастика... едноставно стил премногу понапреден од своето време, во уметнички рамки

кај нас постои сосема непотребна омраза кон објективе, без разлика од што е инспирирана... а и сеуште не можам да поверувам колку глупости се изнаслушав од чаршиски муабети за постземјотресниот урбанизам во градов, едноставно, народот сеуште не е образован во областа на урбаната историја и култура и натамошната незаинтересираност да се научи нешто...
и јас порано се водев според сите тие чаршиски муабети и омраза, ама барем се потрудив да читнам нешто и да го променам мислењето во врска со сето ова

инаку, моментално од брутализмот во Скопје најсимпатичен ми е студентскиот дом (чисто екстериерно) ама ги почитувам сите... и патем, ако прогуглате барем малце, ќе пронајдете дека насекаде низ светов има кампуси, библиотеки, станбени објекти кои го користат овој стил и некои од нив се и светски познати

реално гледано, тоа што им треба на објективе е тешка реновација до најмали детали, промена на прозорите со нови (со слична боја и материјал) и малку фарба (слична боја на онаа природната на бетонот) за да се покријат сите тие флеки од влага и траги од загадување... објектите ќе светнат
и предлагам под итно да се смени дизајнот и да се воведат нови содржини на просторите околу објективе, дефинитивно се неатрактивни за денешен минувач бидејќи се правени според други времиња и стандарди и денес ако не се модернизираат и актуелизираат, ќе си останат пропаднати и мизерни

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 29-Jan-2012 at 04:18

Originally posted by zabegan

народот сеуште не е образован во областа на урбаната историја и култура и натамошната незаинтересираност да се научи нешто...

Клучно за лесното прифаќање на СК2014 кое се случува.

Originally posted by zabegan

реално гледано, тоа што им треба на објективе е тешка реновација до најмали детали, промена на прозорите со нови (со слична боја и материјал) и малку фарба (слична боја на онаа природната на бетонот) за да се покријат сите тие флеки од влага и траги од загадување... објектите ќе светнат

Траги од влага и загадување, ако мислиме на истите, би рекол и дека не пречат толку зошто се своевидна “патина“ на бетонот  кој така и треба да изгледа после извесно време.

Originally posted by zabegan

и предлагам под итно да се смени дизајнот и да се воведат нови содржини на просторите околу објективе, дефинитивно се неатрактивни за денешен минувач бидејќи се правени според други времиња и стандарди и денес ако не се модернизираат и актуелизираат, ќе си останат пропаднати и мизерни
 

Не се тие правени за други времиња за да не можат да функционираат денес, проблемот е што уште тогаш концептите не се до крај реализирани и заживеани поради низа препреки (за кои може да прочитаме во ова интервју http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2517&stID=37151&pdate=20040727) а потоа на таа недоследност “успешно“ се надоврзува новото време, транзицијата, која носи општа деградација на вредностите со кои и така не сме стоеле најдобро.

Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 369
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-Jan-2012 at 10:04
...ај сега прашајте некој што живеел или работел во скопскиот СФ како му било или како сеуште му е. И што тука Ве прави подобри од т.н. тортијаши. Јас одсекогаш сум ја восприемал оваа архитектура како модерна, строга и тотално нехумана, далеку подобра од нашата транзициска, но сепак нецелосна. Сепак ме влече мислењето дека овие објекти треба да се затворат за функција и да го вршат единствено она што знаат да го вршат, да бидат препознатлив скајлајн и ништо повеке.

Edited by BOJAN - 29-Jan-2012 at 11:57
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 29-Jan-2012 at 12:17
Јас имам поделени мислења околу овој правец, тоа што досега го истакнавте од позитивен аспект, можам горе-долу да го поддржам. Сепак, самиот чин на изградба на државни институции во бетон мене ме асоцира на затвореност, на цврстина на режим, на тоталитаризам, на покажување на моќност и цврстина, на ладни, објекти без душа и хуманост. Ова мое лаичко размислување произлегува исклучиво од мојот личен контакт со објектите и истото веќе го имам истакнато на форумов.

Втората работа е што и покрај квалитетната изградба на овие објекти, сепак нивната секојдневна работа и живеење во овие објекти е навистина невозможна. Јас би рекол дека библиотеки, галерии и музеи би можеле да го спојат архитектонскиот правец со функционалноста, но за образовни, станбени или административни објекти каде луѓето живеат, се образуваат и работат по 8 часа дневно во текот на своите животи, мислам дека ова е недоволно осмислен проект и пред се` нездрав елемент во човековиот живот. Ова се разбира повторно го говорам од моето лично искуство со овие објекти, не се базира на некаква теоретска поддршка, туку од феноменолошки аспект на гледање.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Jan-2012 at 12:18
јас сум живеел 5 години во студенскиот Гоце Делчев и искрено можам да пренесам дека сите 1200 студенти имаа став дека дизајнот на четирите згради е неако студен,морничав и потикнува некако да речам сивило во душата.буквално секој кога ќе разговараше за дизајнот се намуртуваше.не е сеедно кога се враќаш од партизанска и се опулиш према зградите и ги спуштиш веѓите надолу.верувај те дека делуваа депримирачки колку и да биле модерни во тоа време.можеби е до бојата на бетонот(некоја кафеава боја највероватно од речната песка ја добила).да биле направени од побел бетон многу поубаво би изгледале
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-Jan-2012 at 16:51
Незнам... Карев иако е гол бетон, дури и внатрешно во поголемиот дел... е пријатно место... Така да, јас немам проблем со школото во кое учам....
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 29-Jan-2012 at 19:43

Previous

И ја го делам истиот осечај за Карев. 

Иначе Фосил не е лошо утре и така си на школо да спукаш 4-5 фотки од Карев.

Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1163
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 29-Jan-2012 at 20:02
Originally posted by gorco

Originally posted by Dragan

Може насловов на темава да се смени, брутализам во Македонија, не верувам само во Скопје да има ваквии градби, пошто стамбениот комплекс при влез во тетово е во тој правец.




http://www.panoramio.com/photo/2750257


Да за тој комплекс мислим, а исто така и Клиничкиот центар е во тој правец, или наликуваат на тој правец Smile






Edited by Dragan - 29-Jan-2012 at 20:03
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 29-Jan-2012 at 21:22
еве и тука гледам дека сеуште многу луѓе се водат според тоа какви се објектите денес, а не како биле направени во свое време, зошто биле така направени, кои биле идеите, каде има пропусти и кои се доблестите на овие објекти...
реално гледано, голем дел од овие објекти не се изведени целосно оригинално според замислата на архитектите како прво, како второ, скоро ништо не е направено објектите да се модернизираат со текот на времето и да одговараат на современите стандарди (зборам за технолошки напредувања и ентериерен дизајн, не за стилот на објектот)
значи објектите нити се функционално надградувани во смисла на материјали, технологија и модерен дизајн, ниту пак се одржувани, а вие сакате да ви бидат привлечни за просечно незаинтересирано око?
згора на се, заборавате колку крпеници и додавки се правени на објективе без никаков осет, со текот на времето

има многу голем психолошки проблем при доживувањето на објективе, и ден денес кривец за сета депресија е бетонот и стилот на објектот, наместо проблемите да се бараат во други области... не ми е јасно зошто сеуште народот има проблеми со тоа да створи целосна слика за еден објект, кога веќе се заинтересирал за него...



Edited by zabegan - 29-Jan-2012 at 21:27
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 29-Jan-2012 at 21:38
Originally posted by Gradinarot

...ај сега прашајте некој што живеел или работел во скопскиот СФ како му било или како сеуште му е. И што тука Ве прави подобри од т.н. тортијаши. Јас одсекогаш сум ја восприемал оваа архитектура како модерна, строга и тотално нехумана, далеку подобра од нашата транзициска, но сепак нецелосна. Сепак ме влече мислењето дека овие објекти треба да се затворат за функција и да го вршат единствено она што знаат да го вршат, да бидат препознатлив скајлајн и ништо повеке.
после ваков став, ти запрашај се дали можеш да живееш или да работиш нормално во денешно време, во некој објект изграден пред 200 години, со полна оригиналност, без струја, водовод, било каква современа технологија или материјал за поголема удобност и т.н., згора на сето тоа, објектот да е недовршен и во фаза на распаѓање
па дури после ќе ти стане јасно на кого како му било и зошто е тоа така...

и патем, ве молам не отворајте нови конфронтации „тортијаши“ версус „бруталисти“, не е поентата на темава да докажуваме кој скопски градежен период бил подобар од другиот, ниту пак некогаш било тоа поентата на било која дискусија на форумов

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 29-Jan-2012 at 21:59
Originally posted by BOJAN

Јас имам поделени мислења околу овој правец, тоа што досега го истакнавте од позитивен аспект, можам горе-долу да го поддржам. Сепак, самиот чин на изградба на државни институции во бетон мене ме асоцира на затвореност, на цврстина на режим, на тоталитаризам, на покажување на моќност и цврстина, на ладни, објекти без душа и хуманост. Ова мое лаичко размислување произлегува исклучиво од мојот личен контакт со објектите и истото веќе го имам истакнато на форумов.

Втората работа е што и покрај квалитетната изградба на овие објекти, сепак нивната секојдневна работа и живеење во овие објекти е навистина невозможна. Јас би рекол дека библиотеки, галерии и музеи би можеле да го спојат архитектонскиот правец со функционалноста, но за образовни, станбени или административни објекти каде луѓето живеат, се образуваат и работат по 8 часа дневно во текот на своите животи, мислам дека ова е недоволно осмислен проект и пред се` нездрав елемент во човековиот живот. Ова се разбира повторно го говорам од моето лично искуство со овие објекти, не се базира на некаква теоретска поддршка, туку од феноменолошки аспект на гледање.
баш фактот што луѓето тргаат од ставови за тоа на кој општествен систем и емоции ги потсеќал некој објект прави архитектурата да се движи во погрешен правец, по иста логика во комунизмот се осакатувале објектите од класицизмот...
проблемот е што објектите како идеи и дизајн се одлични, но имаат пропусти во разни области на практичната секојдневна употреба, како уметнички дела воопшто никој не може да ги оспори, но како објекти може... во модернизмот често се пази на тоа генералниот дизајн да биде прилагоден на намената на објектот, но тука личи како накнадно да барале намена после изградбата на објективе...
затоа можам да се сложам делумно со твојот пост, и особено можам да се сложам дека брутализмот не може да се примени баш секаде и дека не е реално да се очекува секаде подеднакво да се доживее и разбере
затоа и напоменав неколку пати дека со многу промени може да се прилагодат објективе на нивната намена, а да го задржат брутализмот како нивен главен елемент... драстично би се променил начинот на кој се доживуваат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 29-Jan-2012 at 22:28

Како што се гледа на последната фотка - бетонот може да се фарба, не треба да се затвара објектот Roll%20eyes.

Инаку врзувањето на овој стил со тоталитаризам (некои дури мислат дека стилот е наша измислица од комунистичко време и дека само во комунистички земји се градело вака) е сосема погрешно, напротив, стилот е “увезен“ од Запад и овие градби се пример на наше фаќање чекор со тогашните светские текови во архитектурата на што можеме само да сме горди. Погледнете тука од која хемисфера се наведените примери од овој стил:

    http://en.wikipedia.org/wiki/Brutalist_architecture

Мене бруталистичките згради ми даваат едно чуство на сигурност, зрачат со моќност и компактност, претежно носат футуристичка естетика, а студенилото, кое лично не ми пречи, разбирам да е предмет на замерки но реално е релативно лесно променлива карактеристика.

Кога се градеа овие објекти чуството беше дека ако денес е Скопје вака модерно, макар и во трагови, колку ли модерно ќе биде утре, во блиска или подалечна иднина, кога нештата ќе се средат и се ќе дојде на свое место? Ни во најцрни сништа не се очекуваа “торти“ од минатото. Имаше извесни романтичарски полу-иницијативи за обнова на стариот театар на што не се гледаше негативно и тоа беше се, евентуално кај истите да имало ентузијазам и за обнова на уште две-три познати згради срушени во земјотресот, што ќе беше одлично ако само на тоа се завршеше. Но...

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 30-Jan-2012 at 01:13
@kenzo_fan
што се однесува до флеките, мислев на флеките на фасадата, најчесто што се наоѓаат на врвот или пак ги има во форма на растечена шара од врв до дно (како кај поштата на пример)
исто така, го семам во предвид фактот дека објективе во годината на изградба, биле со далеку посветла и пожива боја и со текот на времето посивеле, а баш тоа сивило од загадувањето и флеките се она што најмногу предизвикува „депресија“ при доживувањето на објектот... едноставно изгледа како да е напуштен и да се распаѓа, а тоа воопшто не е пријатно за било кое око... исто така кога врне има ужасно шаренило по фасадите
ништо не треба, само една боја... сети се само на промената што ја доживеа Ристиќева со една фрлена боја...

инаку фала за линкот Thumbs%20Up  штета што се игнорираат такви фини и кратки објаснувања на целата постземјотресна ситуација
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 01-Feb-2012 at 09:40

СУГС Гимназија ‘‘Никола Карев‘‘

  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
 
  
  
  
  
 

  
  

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 01-Feb-2012 at 11:08
Имам слика и од Воена Болница. Да ја поставам?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.