build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонска авијација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 50
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Македонска авијација
    Posted: 06-Feb-2012 at 00:21
Ryanair otvara 31 nov let od Budimpesta
Ryan Air Opens Budapest Base

No, spasot za nas e ako povtorno docekame vakva edna gletka, za koja ne znaeme vekje 20 godini!


Neverojatno e samo kolku i do kade toa imalo direktni letovi od Skopje so Palair Macedonian vo 1993! Ova e od InFlight magazinot na Palair Macedonian
Ryan Air Opens Budapest Base

Edited by antigona - 06-Feb-2012 at 00:23
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1605
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 06-Feb-2012 at 01:16
Еве ви едена доста интересна хронологија за ПАЛЕР МАКЕДОНИЈА и за 2 нивни авиони !!!
 
27.05.2011, 13:38
ВО БУГАРИЈА ВО ЦРНОТО МОРЕ

Потопен првиот авион со македонско знаме

Авионот од советско производство "туполев -154", нарачан специјално за по­ра­неш­ни­от бугарски диктатор Тодор Живков, подоцна беше изнајмен од првата македонска ави­о­ком­па­ни­ја "Палер Македонија"

Ави­о­нот на поранешниот комунистички лидер на Бугарија Тодор Живков, кој беше по­то­пен минатата недела во Црното Море, е и првиот млазен авион со кој почна да лета пр­ва­та македонска авиокомпанија "Палер Македонија" на 1 април 1991 година. По 12 го­ди­ни откако престана да лета, авионот без крила беше пренесен во Варна, потопен на длабочина од 22 метра на 700 метри од брегот, за да се формира вештачки гребен, и ќе служи како атракција за нуркачите.
Ави­о­нот од советско производство "туполев - 154", освен што превезувал славни лич­нос­ти во времето на Живков, и по неговото изнајмување од "Палер" бил предизвикувач и од­бе­ле­жу­вач на историјата.
"Па­лер Македонија" во 1991 година го изнајмила овој авион од бугарската ави­о­ком­па­ни­ја "Балкан". Уште пред да биде испорачан во Македонија, а веќе бојадисан во бо­и­те на "Палер" со старото македонско знаме со шеснаесеткракото сонце, предизвика бу­ра во јавноста. "Балкан" го искористи авионот за да го превезе бугарскиот министер за правда на средба во Атина. Но Грците тогаш не можеа да преминат преку шес­на­е­сет­кра­ко­то знаме на опашката од авионот, па предизвикаа инцидент. Речиси една го­ди­на само овој авион беше прозорец кон светот за македонските патници, по што "Па­лер" ја зголеми својата флота. Во најдобрите денови "Палер" леташе и до 18 дес­ти­на­ции низ Европа и имаше исто толку претставништва. Интересно е што освен што овој "ту­по­ле­в" летал на редовни дестинации, повеќепати носел и македонски аџии во Џеда, Са­у­ди­ска Арабија.
Ка­ко што вели тогашниот генерален директор на компанија Вања Битољану, со от­во­ра­ње­то на "Палер" на шест месеци пред македонската независност, всушност, било нај­а­ве­но создавањето на новата држава на Балканот. 
Ве­ќе во април 1992 година бугарскиот "туполев", кој собирал 164 патници, под ма­ке­дон­ско знаме повторно ја одбележа историјата, правејќи го последниот лет од Са­ра­ев­ски­от аеродром, пред да биде затворен со почетокот на војната. "Палер" тогаш не­кол­купати на ден леташе за Сараево, пренесувајќи бегалци пред разгорувањето на бор­бе­ни­те дејства во Босна и Херцеговина, па така се случи овој авион да биде пос­лед­ни­от кој го виделе од контролната кула на аеродромот "Бутмир". 
"Во 1992 го 'затворивме' Сараевскиот аеродром. Потоа авионот, освен што беше ко­рис­тен за комерцијални летови, честопати со него леташе и претседателот Киро Гли­го­ров, кога на патувањата требаше да носи поголеми делегации. Во 1995 година $ го вра­тив­ме на 'Балкан'", ни изјави Битољану. 
При полетувањето од Сараево, врз авионот бил отворен оган, но, за среќа, без пос­ле­ди­ци. За историскиот лет изјава има дадено сараевчанката Нада Путица која, заедно со нејзиниот тригодишен син, успеала да го фати последниот авион од главниот град на Босна и Херцеговина. 
"Во­оп­што не знаевме каде одиме. Беше важно да се побегне од смртта. По шес­тча­сов­но исчекување, слета авионот на 'Палер Македонија'. На полетување од правецот од Бјелашница некој пукаше во авионот. Тоа беше последниот лет од Сараево".
Го­ран Панчевски, тогашен стјуарт во "Палер Македонија" сведочеше:
"Лу­ѓе­то очајнички се обидуваа да влезат во авионот. Беше ужасна помислата дека од тој обид можеби им зависи и голиот живот".
Од компанијата биле свесни за ризикот на целата операција, па поради тоа екипажот во авионот бил дуплиран. Дарко Дуридански


"Туполев" во Гинисовата книга на рекорди

Пос­лед­ни­от лет на "туполевот" на Живков се случил во 1999 година. Тој бил спе­ци­јал­но нарачан и направен за потребите на Живков во 1971 година. Меѓу славните лич­нос­ти што ги превезувал, бил и кубанскиот комунистички лидер легендарниот Фидел Кас­тро. 
Пос­лед­ни­от лет се случил во септември 1999 година од Софија до Варна. Во сеп­тем­ври 2009 година, 40 тони тешкиот авион без крилата бил пренесен близу езерото кај Вар­на, за да биде подоцна пренесен во бродоградилиштето каде што бил исчистен и од не­го биле извадени сите системи, кабли, столчиња и другиот ентериер. Во по­не­дел­ни­кот беше пренесен во пристаништето кај Варна, по што во средата, 11 метри високиот и 48 метри долгиот авион беше потопен во Црното Море. 
Се очекува авионот да биде голема атракција за нуркачите, особено за оние што се нос­тал­ги­чни по тоталитарната ера, како и да го размрда морскиот жив свет. Три­е­се­ти­на нуркачи во средата пливаа околу авионот при неговото потопување, а Бугарската нур­кач­ка асоцијација веќе добила најави од руски колеги што сакале да го ис­тра­жу­ва­ат сега веќе подводниот авион. 
"Цел­та е авионот да биде атракција и место каде што ќе тренираат нуркачите. Овој авион е најголемиот авион во светот ставен под вода, и размислуваме да аплицираме за влез во Гинисовата книга на рекорди", рече Орлин Цанев, претседател на Цр­но­мор­ска­та нуркачка асоцијација.
Ина­ку, Живков, кој 35 години, до 1989, беше на чело на Бугарија, имаше и рибарски брод "Пионер", кој за туристички цели во 2008 година, исто така, беше потопен покрај бре­гот на црноморскиот бугарски град Созопол. 

"Палер" ги вадел македонските дезертери од ЈНА

За еден друг авион на "Палер Македонија" е врзана, исто така, една историска случка за Македонија. Есента 1991 година со турбопропелерскиот "антонов АН-24" беа из­вле­че­ни македонските војници во ЈНА што им се предадоа на хрватските власти, по по­че­то­кот на граѓанската војна во Југославија. 
ЈНА во Хрватска беше третирана како окупациска сила и затоа, откако македонските вој­ни­ци дезертираа од југословенската војска, беа прифатени од тамошните власти.
Ко­ор­ди­на­тор на целата акција за нивно враќање беше тогашниот функционер во ВМРО-ДПМНЕ Борис Змејковски кој, преку ХДЗ на Фрањо Туѓман, издејствувал да би­дат префрлени од Загреб во Будимпешта. Бидејќи немале како да си дојдат дома, то­гаш­ни­от премиер Никола Кљусев го повикал директорот на "Палер" Вања Битољану и му наредил како знае да најде авион и начин да ги донесе македонските војници. Би­то­ља­ну раскажува дека пријавиле цивилен лет до Будимпешта и во најголема тајност ги качиле македонските војници, со страв да не бидат соборени додека летаат над срп­ска територија, ако некој дознае дека во авионот има дезертери. 
Би­деј­ќи во Скопје сe уште имаше југословенска војска и небото беше контролирано од ју­гос­ло­вен­ски­те воздухопловни власти во Белград, а поради страв од нивна реакција, "Па­лер" пријавил наводни технички проблеми и побарал авионот да слета во Охрид.

 

Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Feb-2012 at 17:03
Originally posted by Obedineta Makedonija


Ави­о­нот од советско производство "туполев - 154", освен што превезувал славни лич­нос­ти во времето на Живков, и по неговото изнајмување од "Палер" бил предизвикувач и од­бе­ле­жу­вач на историјата.
Пос­лед­ни­от лет на "туполевот" на Живков се случил во 1999 година. Тој бил спе­ци­јал­но нарачан и направен за потребите на Живков во 1971 година. Меѓу славните лич­нос­ти што ги превезувал, бил и кубанскиот комунистички лидер легендарниот Фидел Кас­тро.


Добра статија, само малку збунувачки е дека е произведен 1971 година.Можно е да е нарачан, ама дефинитивно не и произведен истата година.Првиот официјален патнички лет на Ту-154 е на почетокот на 1972 со Аерофлот, освен ако не била специјална нарачка за уште непознат авион.

Друго, негде имам налетано на информација дека баш Туполев-от на Палер бил произведен на почетокот на 80-те и во Палер бил релативно ново летало, исто како и урнатиот Фокерот 100.

Tрето, моделот е Туполев Ту-154-Б; произведувани се од 1977-1979, далеку од 1971 и ова е многу поблиску до втората верзија за годината на производство.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Feb-2012 at 17:40
Originally posted by Тркало

Originally posted by Obedineta Makedonija


Ави­о­нот од советско производство "туполев - 154", освен што превезувал славни лич­нос­ти во времето на Живков, и по неговото изнајмување од "Палер" бил предизвикувач и од­бе­ле­жу­вач на историјата.
Пос­лед­ни­от лет на "туполевот" на Живков се случил во 1999 година. Тој бил спе­ци­јал­но нарачан и направен за потребите на Живков во 1971 година. Меѓу славните лич­нос­ти што ги превезувал, бил и кубанскиот комунистички лидер легендарниот Фидел Кас­тро.


Добра статија, само малку збунувачки е дека е произведен 1971 година.Можно е да е нарачан, ама дефинитивно не и произведен истата година.Првиот официјален патнички лет на Ту-154 е на почетокот на 1972 со Аерофлот, освен ако не била специјална нарачка за уште непознат авион.

Друго, негде имам налетано на информација дека баш Туполев-от на Палер бил произведен на почетокот на 80-те и во Палер бил релативно ново летало, исто како и урнатиот Фокерот 100.

Tрето, моделот е Туполев Ту-154-Б; произведувани се од 1977-1979, далеку од 1971 и ова е многу поблиску до втората верзија за годината на производство.


Освен Palair Macedonian, во истото време беа активни и Airlines Meta Aviotransport (ги памтам како детиште поради интересната колор шема на опашката).Мислам дека (чудно) Охрид им беше база.Летале со Туполев Ту-154М и Јаковлев Јак-42Д.Ова се единствени слики на нет од нив, премногу малку информации имаше за оваа коммпанија.
Ту-154М RA-85745 во Хамбург - Fuhlsbutel на 2.7.1993

RA-85619 во Дизелдорф - Lohausen, 1992

RA-85619 на Москва - Внуково во Август 1993

Јаковлев Јак-42Д(RA-42406) во Штутгард - Еchterdingen, 2.7.1993


Мета пропаднала поради долг од околу милион тогашни марки спрема АЦВ и дозволата им е одземена на 18-ти Мај 1994 година (чудно Туполевот подолу RA-85745 е сликан на 31.5.1996 година во Амстердам - Schiphol Airport).

И во Франкфурт (RA-85619)на 5.5.1995 година

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Feb-2012 at 18:15
МЕТА Е ТРЕТА (кој разбра, разбра)   
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Feb-2012 at 18:22
Од сите македонски авиокомпании, имам летано само со Палер, на релација Скопје-Амстердам во 1995 и 1996 Cheers
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 09-May-2013 at 14:54
Најдов нешто изненадувачко по интернетов...
Палер била единствената домашна авиокомпанија со авион за долги релации во еден период во своја флота, изнајмен DC-10 (VR-BNR)...



Ќе почекаме некој поупатен за објаснување на намената на ова летало, дали имало барем чартер прекуокеански линии
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 09-May-2013 at 16:43
колку што се сеќавам(а мислам дека точно се сеќавам) Палер и Мета започнаа со изнајмени авиони,а подоцна Палер купи Фокер 100-овој на сликата мислам дека беше,и за кратко време на двете компании им се случија падови.По тоа овој фокер му налепија етикета дека тоа 100 значело дека можи да лета само 100 метри.

овој падна во скопје на полетување од замрзнати крила,кои не ги испрскале со посебна течност,а тој на мета падна кај Охрид(за нив викаа-Мета,со мета во центарот на земјата напред,по нивната реклама со мета во центарот на метата).Малку хорор ,ама тоа е тоа
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 09-May-2013 at 16:58
Авиоимпекс падна кај Охрид, затоа и викаа Мета е трета!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 09-May-2013 at 17:00
Не Мета туку Авиоимпекс, после чиј пад кај Охрид се викаше “Мета е трета“. Инаку Мета не беше авиокомпанија туку туристичка агенција која продаваше авиобилети, ако добро памтам.  
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 09-May-2013 at 17:59
можеби,знам за оној авион дека беше фокер100
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-May-2013 at 19:26
Originally posted by gjoko

колку што се сеќавам(а мислам дека точно се сеќавам) Палер и Мета започнаа со изнајмени авиони,а подоцна Палер купи Фокер 100-овој на сликата мислам дека беше,

На сликата погоре е MD DC-10-30, авион со прекуокеански домет.Баш поради таа причина постирав, да видиме дали некој е запознат како се нашол во Палер.
Инаку, ова е несреќниот авион од 05.03.1993:

Originally posted by gjoko


овој падна во скопје на полетување од замрзнати крила,кои не ги испрскале со посебна течност,а тој на мета падна кај Охрид(за нив викаа-Мета,со мета во центарот на земјата напред,по нивната реклама со мета во центарот на метата).Малку хорор ,ама тоа е тоа

Точно е дека паднал поради неодмрзнатите крила.Веројатно премногу била ниска температурата - само 80 претходно слетал од друга линија; инаку авионот бил само 11 месеци стар! и еден од најсовремените во тој период.Грешката на аеродромските служби предизвика 83 загинати и не знам дали некој одговараше.Летот бил од Скопје за Цирих со број PMK 301.

    Несреќата во Охрид 6 месеци покасно (20.11.1993), се заведе официјално како пилотска грешка и неследење на процедурите.Иако во критичните моменти ВОР сигналот на аеродромот не работел, а претходно слетал владиниот авион, па не сакале патниците многу гужва и Јак-от на Авиоимпекс после 1 одбиено слетување е пуштен на кружење без соодветна навигација и радио поддршка.
At the time of the accident the VOR beacon at Ohrid was not working. Macedonian investigators said this was a factor in the accident. The crew did not follow the airport traffic pattern and continued with the approach even though they were unaware of their exact position. Russian prosecutors however claimed that there was a misunderstanding because air traffic controller spoke Macedonian while the crew used Russian and English in their transmissions.
Летот (M4 110) бил редовен лет од Женева за Скопје, пренасочен кон Охрид поради снег на Петровец.
Авионот Јаковлев 42Д бил само 3 години стар.


Status:     
Date:     20 NOV 1993
Time:     ca 23:00
Type:     Yakovlev 42D
Operating for:     Avioimpex
Leased from:     Saravia - Saratov Airlines
Registration:      RA-42390
C/n / msn:      4520424016557
First flight:      1990
Engines:      3 Lotarev D-36
Crew:     Fatalities: 8 / Occupants: 8
Passengers:     Fatalities: 108 / Occupants: 108
Total:     Fatalities: 116 / Occupants: 116




Originally posted by kenzo_fan

Не Мета туку Авиоимпекс, после чиј пад кај Охрид се викаше “Мета е трета“. Инаку Мета не беше авиокомпанија туку туристичка агенција која продаваше авиобилети, ако добро памтам.  

МЕТА функционираше од 1992 - 1995 со база во Охрид.


Една интересна ситуација во врска со прскањето на крилата со течност против мрзнење, имаше редовни интересни ситуации на Охридскиот аеродром.Во време на МАТ и Авиоимпекс и двете компании користеа руски летала (најчесто ЈАКОВЛЕВ Јак-42Д и Туполев ТУ-154М).
Истовремено, во среда и сабота имаше лет во 5:30 за Љубљана на Адриа ( променливо одеа A-320/DC-9-30/CRJ-200LR), после нив со некои 15 минути покасно лет за Цирих на Авиоимпекс и најчесто рускиот ѕвер.
Многу пократко траеше процедурата за русинот и често полетувањето одеше навреме, а летот на Адриа после нив поради понежните летала.Со еден збор го опишуваа како пали - вози

Edited by Тркало - 09-May-2013 at 19:58
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-May-2013 at 20:00
Тркало и јас наидов на истата информација ,но вистината испадна дека тоа биле само визуелизации (изменети оргинални фотографии од друга компанија) односно планирања на Палер да купи ДЦ-10 и да ја измени целата контура на нивните авиони со тоа што ќе ги направи црвени со лавот како заштитен знак позади и на телото ќе пишува Palair Macedonia со жолти букви (всушност целата работа е да биде ново руво во светот и да се содржи од боите на Македонија) и тие така би изгледале како на визуелизацијата.
100% сум сигурен дека Палер никогаш немал дц-10 особено не во овие бои.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 10-May-2013 at 00:12
новиот авион сигурно беше фокер,а мислам дека беше тој црвениот.е сега дали падна срвениот или тој изнајмениот,не се сеќавам најдобро.

за тој што падна кај охрид,тоа време слушнав некои муабети(низ студенските куолари) дека нашите и русите се збуниле околу мерните единици.наводно русите работеле во метрички систем,а знаеме цела светска авијација работи по англосаксонскиот во стопи(1:3).наводно нашите им кажале во метри,а тие сватиле во стопи и авионот при приодот го спуштиле премногу ниско.

дали е точно-појма немам
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 10-May-2013 at 01:06



Originally posted by Тркало


На сликата погоре е MD DC-10-30, авион со прекуокеански домет.

Точно така. Единствена допирна точка помеѓу џиновскиот DC-10 и малиот Fokker 100 е тоа што и двата се патнички авиони.

Тркало, баш ме изненади со фотографијата. Многупати имам наидено на информација дека Palair Macedonian накратко изнајмил еден од ЈАТ-овите DC-10 со амбиција да лета на прекуокенски летови. Со оглед на тогашните околности тоа и не звучи толку неверојатно, но не ми е јасно како би ги регулирале тие летови. Всушност имам прочитано и дека стигнале да го офарбаат и да направат неколку летови низ Европа, но за ова бев поголем скептик со оглед на недостатокот на слики, а и поради очигледната неекономичност да го користат на вообичаените европски линии. Но оваа фотографија што ја постираше навистина ме става во мисла дали се работи за монтажа, или сепак има вистина во приказната. Но можно ли е од таква глетка (легендарниот DC-10 во боите на Палер) доколку навистина постоела, да останала само една фотографија?

Инаку ЈАТ пред распадот на Југославија располагаше со 5 ѕверови од типот DC-10-30. Во тешките времиња кои следуваа потоа, еден по еден ги продаваа за да се прикрпат. Муебетот е дека токму еден од овие ЈАТ-ови DC-10 накратко бил во рацете на Palar Macedonian. Е сега дали си сигурен дека она на сликата е токму DC-10-30? Дали има јасни надворешни разлики помеѓу оваа верзија и другите верзии на DC-10, а тие разлики да можат да се приметат на сликата?



Originally posted by daci92

Тркало и јас наидов на истата информација ,но вистината испадна дека тоа биле само визуелизации (изменети оргинални фотографии од друга компанија) односно планирања на Палер да купи ДЦ-10 и да ја измени целата контура на нивните авиони со тоа што ќе ги направи црвени со лавот како заштитен знак позади и на телото ќе пишува Palair Macedonia со жолти букви (всушност целата работа е да биде ново руво во светот и да се содржи од боите на Македонија) и тие така би изгледале како на визуелизацијата.

Тоа не биле само планови, туку Палер имаше офарбано авиони во таква колор шема. Еден од нив е подоцнежен Fokker 100 (после несреќата, а тој што се урна беше црвено-бел), а друг беше еден постар Fokker 28. За други не знам.




Edited by Cloverstack - 10-May-2013 at 01:15
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 10-May-2013 at 08:13
Originally posted by Cloverstack


....
Originally posted by daci92


Тоа не биле само планови, туку Палер имаше офарбано авиони во таква колор шема. Еден од нив е подоцнежен Fokker 100 (после несреќата, а тој што се урна беше црвено-бел), а друг беше еден постар Fokker 28. За други не знам.



јас се извинувам навистина имало таков Фокер ,еве слика од фокерот на германската википедија
http://commons.wikimedia.org/wiki/File:Palair_Macedonian_Fokker_100_KvW-1.jpg
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1599
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 10-May-2013 at 15:48
Sto se odnesuva za paganjeto na Fokerot, tocno e deka pricinata e zamrznati krila. No aerodromskite sluzbi nikako ne mozat da bidat vinovni za toa. Najglaven faktor za eden let e kapetanot. Mene samo ne mi e jasno dali krilata ne bile doodmrzneti ili voopsto ne bile isprskani. So ogled deka ova nesreka se sluci pred 20 godini, koga tecnostite na odmrznuvanje vo avionskiot soobrakaj ne bea tolku efikasni, predpostavuvam deka edno prskanje ne bilo dovolno za odmrznuvanje na krilata. Vo pocetokot na devedesettite efikasnotna na ovaa tecnost bila 10 minuti. Toa znaci ako temperaturata e vo minus, za 10 minuti posle prskanjeto kriloto pak ke zamrzne. Denes situacijata e mnogu poinakva. Tecnosta e mnogu podobrena, taka sto edno prskanje go drzi avionot odmrznat najmalku 45 minuti.
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Jul-2013 at 17:34
Originally posted by Denko

Sto se odnesuva za paganjeto na Fokerot, tocno e deka pricinata e zamrznati krila. No aerodromskite sluzbi nikako ne mozat da bidat vinovni za toa. Najglaven faktor za eden let e kapetanot. Mene samo ne mi e jasno dali krilata ne bile doodmrzneti ili voopsto ne bile isprskani. So ogled deka ova nesreka se sluci pred 20 godini, koga tecnostite na odmrznuvanje vo avionskiot soobrakaj ne bea tolku efikasni, predpostavuvam deka edno prskanje ne bilo dovolno za odmrznuvanje na krilata. Vo pocetokot na devedesettite efikasnotna na ovaa tecnost bila 10 minuti. Toa znaci ako temperaturata e vo minus, za 10 minuti posle prskanjeto kriloto pak ke zamrzne. Denes situacijata e mnogu poinakva. Tecnosta e mnogu podobrena, taka sto edno prskanje go drzi avionot odmrznat najmalku 45 minuti.


Не би рекол дека е грешка само на пилотот. Федералната авио асоцијација има строг критериум кога е во прашање вработување на нов екипаж во било која авио компанија. Еден од условите е совршен вид, 20/20 vision (или субјектот чисто може да гледа на 20 стапки) *(минимално 6/9 метри) - како основна потреба за истиот доказ, екипажот (cabin crew) се единствените кои можат да забележат мраз на крилата.

Конкретно за летот PMK 301 - повеќе фактори играат улога. Тоа што неправилно биле испрскани самите крила со одмрзнувач (наводно, еднаш биле, но дозвола за полетување добиле по 30тина минути, а за истото тоа време и самата течност ја губи својата моќ), во наводите е спомнато и недоволнот искуство на целокупниот екипаж (стујајрди/еси + пилоти) во дадените услови, како и недоволно внимание од страна на on ground вработените заслужни за припрема на летот.
Traveling.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12197
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 03-Mar-2014 at 00:22
Македонија доби модерен Центар за обука на пилоти



http://vlada.mk/node/8476

Edited by Џоле - 03-Mar-2014 at 00:23
За сè има вторпат
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Aug-2016 at 03:00

дали некој знае за каков квар станува збор кај ер-тракториве

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3347&PID=215104#215104

колку и ова да звучи паушално, веројатно оние кои се упатени можат да кажат дали се исплатеше што инвестиравме во тракторчината, а во однос на ПП авиони излезе поарно ќе беше да инвестиравме во 2 канадери наместо то 3те тракторчина, мижи асан да ти бајам ќе немало каде да ги полниме
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.