build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Воздухопловство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Македонска авијација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 14-Nov-2016 at 17:41
Засега нема услови за формирање национален авиопревозник

Во овој момент нема услови, ниту е одржливо Македонија да формира национален авиопревозник, соопштија генералните директори на ТАВ Македонија и Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), Зоран Крстевски и Горан Јандреоски, по последната анализа направена минатата година.

– Темата околу националниот авиопревозник е поврзана со локалните трендови. Националниот превозник како категорија, односно формирањето авиокомпанија од страна на државата како тренд, е напуштено. Приватизацијата е доминантен фактор на формирање авиокомпании, а друго прашање е дали државата ќе одлучи на крилата од авионите на некоја компанија да го аплицира своето знаме, посочи Крстевски.

Според него, секоја иницијатива што ќе значи влез на нова авиокомпанија во која било форма, е добредојдена и ТАВ е подготвен да ја услужи.

– Првата анализа направена од консултантот кажува дека не е одржливо да се формира национален авиопревозник под сегашните пазарни услови, сообраќајот, капацитетите,… Консултантот имаше задача да направи проценка дали е одржливо Македонија да оди со формирање национална авикомпанија, знаејќи ги трошоците за кадар, инвестирање во авиони, преговарање со потенцијални партнери за сите слободи кои треба да се дозволат,…, напомена Јандреоски.

Не постои полош управител на авиокомпанија од државата, а друго е, рече, кои се државните интереси.

– Не се откажуваме, но под условите кога е правена анализата минатата година, се покажа дека формирањето национална авиокомпанија не е одржливо. Во 2017 година не е планирана нова анализа. Можно ќе биде да се прави наредната ако порастот на патници е доволно голем. Само во тој случај би имало логика, подвлече генералниот директор на АЦВ.

http://republika.mk/683857
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 14-Nov-2016 at 18:22
Ајдеее, и ова е победа! Нема национален авиопревозник, ЈЕЕЕЕЕ! Да остане само „Визер“ во земјава, ништо друго да не лета од Скопје, така најдобро би било.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Nov-2016 at 18:51
Originally posted by BOJAN

Ајдеее, и ова е победа! Нема национален авиопревозник, ЈЕЕЕЕЕ! Да остане само „Визер“ во земјава, ништо друго да не лета од Скопје, така најдобро би било.


Навистина не ми е јасна потребата од ваков коментар онаму каде не треба...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Nov-2016 at 18:59
Поентата ми е дека цела деценија се ветува цела една лепеза на нешта. Прво, Туркиш ќе станеше национален авиопревозник, па после власта ја прешалта топката на формирање на сопствен национален авиопревозник, за сега да дојдеме до тоа дека не ни е потребен. Ама што е уште поважно, за две години пак ќе сме потрошиле пари за да направиме сондажа. Тоа значи нова владина пропаганда, па да ќе имаме сопствен авиопревозник, па повторно нова тура ветувања..... и така се до бесвест.

Оваа земја треба да биде свесна дека не може да се сведе единствено на услугите на „Визер“, и покрај тоа што на некого од власта тоа му одговара... од финансиска гледна точка.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Nov-2016 at 19:07
Тоа што се ветува е популизам. Тоа што е реално е дека е прилично тешко да направиме национална компанија а тоа да има било каква смисла.

Многу поголеми земји со многу повеќе потенцијал не успејаа. Ние ние успеавме во 3 наврати.

Визер очигледно нуди продукт кој на овој пазар поминува. Кажи ми дали ти би летал со класичен авиопревозник во своја режија?
Back to Top
FlytheSky View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Sep-2016
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote FlytheSky Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Nov-2016 at 21:17
Убаво рече Бојан, на некого и тоа како му годи, ништо кај нас не е туку така, меѓутоа да бидеме реални да признаеме донесе раст и бум Визер што тешко ќе се случеше. Е сега ништо не е вечно ни власт ни Визер еден ден ќе се менуваат работите па да се надеваме дека ќе гледаме конкуренција и подобри цени со влез на уште еден ЛЦЦ.
Критичар за критика
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 15-Nov-2016 at 09:10
Уште да ми објасни некој по која основа ТАВ, т.е. Крстевски има право нешто да *соопштува* во ситуацијава.. (недостига facepalm emoji).

Edited by Tranquilis - 15-Nov-2016 at 09:11
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3389
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 15-Nov-2016 at 09:50
Јас само знам дека кога се отвораше скопскиот аеродром сенешто се ветуваше од страна на ТАВ и тогашните власти. За денес да се сведеме од месец за месец да ни укинуваат летови редовните авиокомпании. Откаже ли „Аустриан“, останавме без ниту една врска со главните аеродроми во Европа. Јас на тоа гледам како на ИЗОЛАЦИЈА, ама секој со своето мислење.

А можеше да биде и поинаку. На аеродромот во Охрид ништо не му фали да биде точка од која ќе полетуваат нискобуџетните авиокомпании, а скопскиот да си остане врска за редовните авиокомпании. Заедно со тоа, ТАВ посериозно да си поработи на привлекување на „Луфтханза“, или на „Аерофлот“, или на „Свис“.

Искусувајќи ја лично Босна и аеродромот во Сараево, излегува дека дури и босанците имаат пологична стратегија за развој. Ја имаш Тузла за нискобуџетни летови и Сараево за редовни летови. Аеродромот „Бутмир“ е празен, ама барем има подобри врски од нашиот аеродром. Сериозно, до кои аеродроми се лета од Сараево, со двојно помалку патници овој аеродром има подобри врски.

По моето едно и единствено искуство со „Визер“, можам да кажам дека ако треба да бирам, подобро би патувал со автобус/воз/кола/точак/ отколку да се качам уште еднаш во оваа авиокомпанија.

Интимно длабоко во себе би сакал национална авиокомпанија да ми биде словенечка „Адриа“. Никогаш не сум рекол дека ние треба одново да создаваме нов МАТ.
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 15-Nov-2016 at 10:00
Originally posted by BOJAN


Искусувајќи ја лично Босна и аеродромот во Сараево, излегува дека дури и босанците имаат пологична стратегија за развој. Ја имаш Тузла за нискобуџетни летови и Сараево за редовни летови. Аеродромот „Бутмир“ е празен, ама барем има подобри врски од нашиот аеродром. Сериозно, до кои аеродроми се лета од Сараево, со двојно помалку патници овој аеродром има подобри врски.




Босна ми е омилениот пример кога некој ќе спомне дека Македонија е најлоша во нешто. Нивната корупција и политичка заглавеност е ненадмината. Сарајево е убедливо најдобриот пример за неискористен потенцијал на сметка на полнење на џебовите на заинтересирани странки. Поврзаноста им е далеку послаба отколку на Скопје, освен ако не го игнорираш Wizz Air комплетно, што е сосема апсурдно.

А за децидни финални заклучоци донесени врз основа на една обзервација можам само да кажам - место им е во кафана.

Секако, црешка на шлагот во целава ситуација е домашната проценка за потенцијалот на нашиот пазар.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 15-Nov-2016 at 10:09
@Bojan

Адриа мака мачи да не отиде по ѓаволите. Зошто би доаѓала во Скопје да одржува некакви линии кои во овие 25 години не се покажале како одржливи?

Зошто би си отишол Аустриан? Хипотетичкото сценарио не ти држи вода. Аустриан и Туркиш очигледно ја задоволуваат генерално потребата за ваков вид на летови. Дополнително, Луфтханса очигледно му го има предадено нашиот пазар (а во голема мерка и регионот) на Аустриан. Како очекуваш едно аеродромче како Скопје да ги смени тие политики.

За кого ќе биде Охрид LCC хаб? Колкав catchment area има таму? Колку е развиен туризмот, колку воопшто има капацитет Охрид и регионот (во сместувачки места).

Босна пример за стратегија? Ситуацијата на терен во Босна е резултат на се, само не на стратегија.

Многу прашања на кои одговорите не може (или генерално не може) да бидат дека се работи за изолација. Напротив, во најголема мерка се работи за реалениот капацитет на овој пазар.

Визер очигледно ги погодува потребите на овој пазар, тоа се гледа по сите можни параметри. И реално ни отвара многу опции кои не сме ги имале порано. Наместо да се молам на музичките богови да има добар line up на Exit во Нови Сад (нешто што под default го нема) па да се зезам со возење, сега можам да бирам дали ќе идам на Rock Werchter или на Roskilde без два пати да мислам.


Edited by pbanks - 15-Nov-2016 at 10:09
Back to Top
Tranquilis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Nov-2013
Location: Женева
Online Status: Offline
Posts: 391
  Quote Tranquilis Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Nov-2016 at 10:16
+1'000

Алал ти ќуфте пбанкс.
Perfect speed, my son, is being there.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 15-Nov-2016 at 17:51
Originally posted by pbanks


@Bojan За кого ќе биде Охрид LCC хаб? Колкав catchment area има таму? Колку е развиен туризмот, колку воопшто има капацитет Охрид и регионот (во сместувачки места).


База.Со 1 летало.А и не е морално.

1.Од Тирана до Охрид немаш LCC опција.ОТ - добро е да видиме некоја статистика колку патници од Албанија одат до Охрид и Скопје за летови до Лондон/Барселона, respectively...
2.Колкав процент од патниците на Визер се од Југозападна Македонија или воопшто од различни делови на Македонија настрана од Скопје?
Ако си од сосем трета страна, која е разликата според наша територија дали ќе патуваш до Охрид или Скопје за да леташ понатака - освен предности/недостатоци во патна инфраструктура?
Истото го додаваме и за точка бр.1
3.Недостаток овде би биле далечината на Косово и Јужна Србија, дополнително тешко остварливо е барем дел патници од околината на Лерин/Костур итн. со оглед каков е изборот од Солун

Сепак, да се потсетиме на примерот со Охрид и Лутон на кој поголем дел овде превртувавме очи.
Базел е супер, сигурен сум уште неколку места дека би оделе добро од Охрид :
Холандија - Амстердам (т.е. Ајндховен, Ротердам (сон за Тransavia, евентуално CND ),
Германија - Карлсруе/БаденБаден, сигурно Келн или Дортмунд,
Италија - Болоња или подалечна околина: Форли/Римини/Анкона/Фиренца и посебно Тревизо (ама за ова ако би бил Виз веројатно ќе ја укинат скопската врска).
Скандинавија - било која од Малме/Копенхаген е ок (ако веќе имаме 3 пати неделно со автобус! ).Мислам дури и Осло би функционирала одовде ако гледаме генерално како досега со ослонување на иселениците, конкретно преспанскиот регион и нешто од Пелагонија

Малку ми е чудно како порано одеа фул директно по 2 пати неделно (за толку можат и LCC) Цирих, Женева, Виена, Љубљана (4pw), Дизелдорф, Келн, Амстердам, Штутгарт, Копенхаген, па и Софија едно време Балкан (имаа конекции за Њујорк и доста за Азија), т.е. во времето кога имавме наводно несериозни играчи и уште подрски агенти со изгор цени и продавање карти над бројт на седишта од типот на МАТ/Авиоимпекс/Палер/Мета/Мергими итн.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 16-Nov-2016 at 12:20
Тоа вака убаво звучи но.

Од Тирана до Охрид има многу лоша комуникација со патишта иако е подобрена + 1 граничен премин. Делот на Албанија кон Македонија е послабо населен отколку приморскиот дел, особено делот Тирана-Драч на кој неможе да претендираме. Најголемо место е Корча која сосе селата нема ниту 80к жители. Овој сегмент дефинитивно не е пресуден во приказнава.

Во перспектива, под услов да има перфектни автопатишта од Охрид до албанското приморје и да нема граници (или формалностите да се на минимум) можеме да се обидеме да профитираме на масовниот туризам кој несомнено ќе го носи албанската ривиера, но во овој момент услови за такво нешто нема ниту на нивна ниту на наша страна. И тука секогаш ќе биде ТИА да ги помати сметките.

Нискобуџетните летови во Скопје пак имаат многу поозбилен „кечмент ареа“ од соседството. Пред се од Косово, но и Јужна Србија па до некаде и Бугарија. Ова позиција веројатно во голема мерка е нарушена со развојот во Софија и Ниш, но тоа е тоа, борбата никогаш не престанува.

Во врска со дестинациите кои си ги набројал, секако не велам дека летовите во Охрид треба да се укинат или да не се развива, но прикаската за LCC хаб во Охрид ми е тотално без врска. Дополнително, што е тоа LCC хаб? LCC e обично се користи П2П, сосема е друга природата на тој сегмент во однос на legacy превозниците.

Back to Top
FlytheSky View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Sep-2016
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote FlytheSky Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 16-Nov-2016 at 13:31
Тоа пбанкс само ако Албанија и Македонија се дел од еу, би имало еден граничен заеднички пункт и се укинуваат царински формалности. Така функционираат премините меѓу Бугарија и Грција и Бугарија со Романија на пример.

А јас искрено се надевам спасот е во втора нискобуџетна компанија на скопски аеродром, да не дојде ситуација да се повлече уште некој, тогаш ќе биде ептен кнап..
Критичар за критика
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 26-Dec-2016 at 23:47
Една интересна слика во Балканско Руски стил...Веројатно претходно користен од Мета..


извор:
https://en.wikipedia.org/wiki/Vnukovo_Airlines_Flight_2801

Edited by Тркало - 26-Dec-2016 at 23:48
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 768
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 04-Nov-2017 at 00:23
Originally posted by FlytheSky

А јас искрено се надевам спасот е во втора нискобуџетна компанија на скопски аеродром, да не дојде ситуација да се повлече уште некој, тогаш ќе биде ептен кнап..

слободно нека си оди ако нема профит ... кнап е само стравот од мањак хедонистичко скитање, она на кафе попладне во Италија вечер на спиење назад Македонија ... бизнисмените и студентите чинам без проблем ќе се аклиматизираат ...

јас би за сметка на субвенционирање странски авиопревозници, субвенционирање домашен јавен превоз [1] та оние туристи кои летаат на буџет, колку и да се малку да имаат блиску до 100% експириенс оф Скопје ... во принцип постојната мерка е повеќе рајат за домашни патници, иако не е мала бројката и на туристи, но секогаш треба и мора да имаат предност социјалните наспроти туристичките потпори ...

патем незнам зошто сеуште немаме ер-такси компании!?


Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 536
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 31-Jul-2018 at 17:26
Ако била некогаш постирана сликава, слободно бришете, јас ја немам видено до сега. Од Вики ентузијасти вработеи во Државен Архив, Скопскиот Аеродром некогаш (нема дата):

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.