build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 11-Dec-2009 at 17:27
Очигледно лавината веќе тргна и нема друг начин... сите постови се скриени.

Се надевам дека следниот што ќе коментира внимателно ќе ги одбере зборовите.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 11-Dec-2009 at 17:30
А има некој информации за изгледот на црквата (дали била типична византиска), и дали била црквиче или голема црква?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 11-Dec-2009 at 17:32
Еве нешто од Премин Портал и нешто од кај Волан од блог...

НА КАЛЕ - ПРОНАЈДЕНИ ТЕМЕЛИ НА СРЕДНОВЕКОВНА ЦРКВА


 


Поминаа речиси три месеци откако започна копањето на скопско Кале. На овој проект се ангажирани 250 луѓе, од кои повеќето се студенти по археологија, раководители на одделни сектори за истражување, меѓу кои и Љубинка Џидрова и Марјан Јованов од Институтот за историја на уметноста и археологија, м-р Силвана Блажевска, м-р Антонио Јакимовски и м-р Златко Видески од Музејот на Македонија, како и м-р Кирил Ристов од Музејот на град Скопје.


Иако на почетокот на истражувањата постоеле сугестии тие да бидат од затворен тип, сепак е одбрана сегашната отворената опција, со која според раководителот на истражувањата, археологот Драги Митревски, секој има можност да дојде и да види како се истражува. Во методологијата на модерното археолошко работење има еден многу важен момент, се настојува во урбана средина каде што има локално население, да се работи што е можно поотворено. На тој начин населението има можност да се запознае што се случува на неговата територија, за да може да изгради некој однос кон тоа наследство, да се грижи за него, да го чувствува како свое. Доаѓаат луѓе секојдневно, се сликаат, се интересираат, се носат групи ученици и гледаме дека навистина има ефект.
Позборувавме со раководителот на проектот  Проф. д-р Драги Митревски  за досегашните откритија на Кале и за сето она што се случувало на таа локација пред многу векови.

Што е откриено за овие речиси три месеци?


 
Ископана е поголема површина од неколку илјади квадратни метри и се надоврзавме на старите истражувања кои беа направени пред 40 години, но тие беа од помал обем. Сепак, ова не значи дека ќе го истражиме цело Кале, бидејќи тоа бара повеќегодишна континуирана работа. Потребно е време за да се истражи секој локалитет, а особено овој, бидејќи станува збор за град со долговековна историја со многу дебели напластувања на човеково живеење со илјадници години. На некои места имаме ископано и по пет метри во длабочина и се' уште наидуваме на остатоци од човеково живеење, а до здравата геолошка структура на некои места има да се копа уште толку. Досега откривме остатоци од енеолитскиот период. Тоа е време 4.000 години пред новата ера и, најверојатно, тогаш е настаната првата населба на Кале. Уште тогаш луѓето ги увиделе поволностите на земјиштето и формирале населба. Оттогаш во континуитет тој локалитет постојано бил користен за живеење до периодот по Втората светска војна.

По енеолитскиот период мислевме дека има целосен континуитет во сите периоди, но, според тоа што го откривме досега, произлезе дека, сепак, во некои праисториски епохи не се користел тој простор за живеење како што е, на пример, железното време, но тоа не значи дека воопшто немало живот таму, бидејќи остануваат огромни површини кои се' уште не се истражени. Има остатоци од раноантичкиот период што укажуваат на населба од помал обем. Во римскиот период, првите пет века од нашата ера, нема живот, бидејќи во овој регион главен град бил Скупи и таму е концентриран градскиот живот, но од доцната антика повторно почнува да се користи овој простор за живеење и најинтензивно е живеењето во преттурскиот период. Тогаш се гради населба заштитена со високи дебели одбранбени ѕидови и станува најмоќно место во овој регион. Со потпаѓањето под турска власт, Турците го согледуваат значењето на овој град и неговата моќ и продолжува животот и во целиот турски период и практично до втората половина на 20 век на Кале има живот.



Какви материјали до сега се пронајдени?

- Во јужниот бедем на скопското Кале во 12 и 13 век имало работилници за преработка на бронза, за топење и обработка на бронза и обработка на предмети. Моментално има сериозни индиции за постоење и на црква на тој простор од преттурскиот период. Има премногу елементи што укажуваат на тоа, како што се архитектонска пластика, остатоци од фрески, погребувања на христијани... Сите тие елементи укажуваат дека на овој простор се наоѓала и христијанска црква и само прашање на време е кога ќе биде откриена.
Досега најдовме огромна количина керамички материјал, керамички садови, од средновековниот и турскиот период и има огромен број монети. Археологијата со своите методи сака да проникне во човековото минато и тоа благодарение на пронајдените предмети кои зборуваат за карактерот на градбите, за густината на населеноста на одреден простор и за многу други работи. Неодамна најдовме еден многу симпатичен експонат од доцното бронзено време од 11-12 век пред нашата ера, керамичко свирче кое се' уште испушта прекрасен звук како пред 3.000 години во облик на риба. Преку материјалните остатоци успеваме да реконструираме дел од материјалната култура на еден народ, цивилизација, да проникнеме и во духовната култура, но тоа што не можеме да го реконструираме е нивната музика и нивните звуци кои се многу важен дел во живеењето на секој народ. Неодамна, на еден друг локалитет беше откриена и топчестата флејта и сега имаме можност да го слушнеме звукот што го произведувале луѓето пред 3.000 години. Тоа е посебен момент.

 Досега се пронајдени и делови од фрескоживопис, првично датиран во 13 или 14 век. Тие веднаш се однесени на конзервација во лабораторијата на Музејот на Македонија.
 
Фрескосликарството е пронајдено на ѕид во секторот со кој раководат археолозите Бранислав Ристески од Институтот за старословенска култура од Прилеп и Љубинка Џидрова од Музејот на Македонија.

- Фреските ги пронајдовме недопрени. Има и поголеми парчиња. Сочувани се боите, на еден дел има слој и од постар живопис. Веројатно се од 13 и 14 век. Пронајдовме и камен-бигор, карактеристичен за горни делови од црква. Но, се' уште не сме пронашле темели од храм. Имаме индиции каде приближно се наоѓа, но тие делови се' уште се затрупани и допрва треба да ги истражиме - објаснува Џидрова.

Местото го посети и Архиепискотот Охридски и Македонски Господин, Господин Стефан ... и беше видно заинтересиран за наодот ...
 

Во близината на местото каде беа најдени деловите од фреските е пронајдена и надгробна плоча со старословенски натпис.



 
 


Во доцниот среден век, на скопското Кале, изворите соопштуваат, постоеле најмалку три црковни храмови кои се уште не се убицирани на теренот. Имено, Скопје, во времето на српскиот крал Милутин (1282 - 1321) постепено почнува да се издигнува во важен центар на овој дел од Балканот. Во негово време, во Скопје, се градат и обновуваат поголем број црковни храмови и манастири. Дел од манастирите располагаат со имоти во скопско, но и пошироко. За ова сведочат грамотите од времето на Милутин и царот Душан (1331 - 1355) каде поименично се спомнуваат сите имоти кои им биле подарени на конкретните манастири во Скопје.

Меѓу средновековните цркви кои се наоѓале во утврдениот град Скопје, со својата монументалност, предничел  храмот посветен на Св. Богородица Троеручица. Иако за прв пат се спомнува во грамотата на српскиот крал Милутин од 1300 година, сепак, се смета дека истиот постоел и порано. Подоцна, во времето на царот Душан, црквата станала седиште на Скопската Митрополија. Токму во неа, на 16-ти април 1346 година, било извршено крунисувањето на Душан. Подоцна, на 21-ви мај 1349 година, во Скопје бил објавен и познатиот Душанов законик. Се претпоставува дека Законикот бил официјално објавен токму во црквата Св.Богородица Троеручица.

По паѓањето на Скопје во османлиски раце, во 1392 година, Црквата Богородица Троеручица постепено почнала да го губи својот сјај. Стотина години потоа, или поточно во 30-те години на XVI црквата била разрушена. Оттогаш повеќе не се спомнува во изворите.

Од времето на кралот Милутин се датира црквата Св.Прокопиј како и манастирот Св. Јован Крстител. И за овие два објекти се претпоставува дека се наоѓале на скопско Кале. Подоцна, по разурнувањето на црквата Богородица Троeручица, манастирот Св.Јован Крстител станал седиште на Скопската митрополија. Разурнат е во 1688 година.


Професорот и раководител на проектот, господинот Драги Митревски е особено чувствителен на прашањата за бројот на црквите кои би можеле да се пронајдат на Кале, како и на прашањето за локацијата на Јустинијана Прима. Неговиот став е  дека постојат многу индикации за тоа дека  Јустинијана Прима е токму  на Кале, дека на Кале имало многу повеќе Цркви, а не само три, но дека археологијата е сериозна наука и од тој аспект не смее да се говори за претпоставки. Едноставно, вели тој, треба да пронајдеме, да ископаме докази за активен живот од периодот на 6 век, па потоа да зборуваме за Јустинијана Прима. “Не велам дека тоа нема да се случи, туку велам дека сеуште не сме до таа фаза.“



Неколку денови, после нашето интервју со господинот Драги Митревски-раководител на проектот на Кале, на наше големо задоволство  медиумите објавија:


 
 


НА КАЛЕ ОТКРИЕНИ ОСТАТОЦИ ОД ЦРКВА [13.06.2007]

 


преземено од Волан

 Долж јужниот одбранбен бедем на скопското Кале, на најдоминантниот негов дел, археолозите открија остатоци од црква, која според градбата и пропратните елементи потекнува од подоцнежниот среден век.

Претспоставките се дека црквата била градена и обновувана во периодот на 12, 13 и 14 век. Има доста керамика и неколку гробови, кои покажуваат дека црквата била во употреба неколку векови во средниот век.
Тоа е христијанска црква - вели професорот Митревски, додавајќи дека сето тоа е поткрепено со безброј наоди на движен материјал, кои се пронајдени во гробниците околу црквата.


КАЛЕ - Црквата конечно на светло на денот

На Скопското кале од историски извори се знае дека во поширокиот комплекс на Долен и Горен град постоеле четири цркви ... тоа го тврди и архелогот во пензија Проф. Иван Микулчиќ ... Ова го кажа во свој пост и Кибицерот ... Епохално откритие на скопско Кале ...

- Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:
1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.
- Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век.
* Четвртата црква според Проф. Микулчиќ е пештерска црква која најверојатно се наоѓала под западниот бедем – од кој стрмо се спушта литица (природен бедем...). Во Литицата и денеска можат да се забележат полупештери ...

Возбудата дека е на повидок откритие на една од црквите порасна кога случајно до еден зид (во близината на округлиот бедем ...) на 20-ти Април оваа година се открија повеќе парчиња од фрески .. од кои три беа поголеми ... Очито тоа беше знак дека во близината има црква - а дека фреските се остатоци од намерно рушење на фрески ... кои тука до ова зидче се оставени како шут ...

2.jpg
Оваа фотка ја направив на 23 Април оваа година ... На заокруженото поле е местото каде се најдени остатоците од фреските ...
Местото го посети и Архиепискотот Охридски и Македонски Господин, Господин Стефан ... и беше видно заинтересиран за наодот ...
Дента кога во друштво на Кибицерот ја снимав оваа фотка се запознав и со раководителот на овој дел од истражувањето археолгот Љубинка Џидрова од Институтот за историја на уметноста и археологија ... која одпрвин и не беше така љубезна со нас ... но одкога виде дека се работи за луѓе кои сепак не се “лаици“ не удостои со муабет и ни даде некои информации ... Кибицерот и појасни дека во историските извори од средниот век се спонуваат трите цркви ... а јас нешто водејки ме внатре во мене и реков - дали сака да ти ја убицирам локацијата на црквата ... која во тоа време беше тотално три метри подземја ... Џидровска се насмеја, за момент ја остави шпаклата и метлата од рака и рече - е каде е де !! ... Ја поведов према блиската точка за посматрање на Скопје, која беше прекрасно обликована како видиковец ... застанав точно над олтарот кој сега се откри ... и реков долу под мене е црквата ... Таа се насмеја ме праша ... е од кај знаеш бе и зошто си толку сигурен ?! ... и реков - нешто внатре во мене вели дека е така ...
Во тоа време незнаев за една друга информација - дека во близината на местото каде беа најдени деловите од фреските е пронајдена и надгобна плоча ... пишана на старословенски ...
IMG_3958%20%28Small%29.jpg

Ова е плчата за која ви зборувам погоре ...

Средновековна%20црква%20-%20Кале%2011%20до%2014%20век%20%28Small%29.jpg

Фотката ја покажува близината на Црквата ... на фреските и на надгробната плоча ... Покриното со најлон и картон се гробови кои како и црквата имаат чиста орјентација исток/запад ... Археологот Џидровска сеуште тука спореше - дека ова не црква ... а орјентацијата не е исток/запад ... Фотката е сликана на 12.Мај 2007 ...

IMG_4391%20%28Small%29.jpg

Вчера разбрав дека конечно е потврдена локацијата на црквата откако претходно се пронајде сребрен прибор за причестување (путир и ...) ... Појдов на локалитетот и направив неколку нови фотки ... Во горниот дел на сликата јасно се гледа Олтарот на црквата која по габарит и не е преголема ...


Ова е воена барака во внатрешноста на Калето ... која била лоцирана со десниот нејзин дел точно врз скоро пронајдената Црква на Калето ... за што сведочат многуте темели
Klip%20od%20Crkvata.jpg

Клип на Јутјуб од позицијата на Црквата ... кликнете на него за да го погледате ...

IMG_4402%20%28Small%29.jpg

Археологот Џидровска во друштво на свој колега ... задоволно се смешка ... задоволно - веројатношто бидејк

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 17-Dec-2009 at 14:18
Паско Кузман: Не се предвидени пари за црква на Калето
 
image

Директорот на управата за заштита културното наследство Паско Кузман денеска повторно негираше дека има одвоени пари за црква на Скопското кале, но не негираше дека постои таква идеја.
Вели дека во буџетот се одвоени пари за ревитализација и реставрација на Калето, но оти нема посебни средства за изградба на црква. Пишувањата во медиумите дека на тврдината ќе се обновувал стар православен храм од 14 век, а чии остатоци се веќе пронајдени, Кузман ги оквалификува како шпекулации. Во телефонски разговор за Алсат тој најави дека во програмата за ревитализација на Калето која ќе се изработува идната година е можно да се испланира и таков проект.

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 27-Dec-2009 at 01:20
ne se koj znae sto ali dobro e da imame i nokni fotki od rekonstrukcijata =)
eve nekolku ...










"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 27-Dec-2009 at 02:41
Cheers
Back to Top
Keeray View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Sep-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Keeray Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 27-Dec-2009 at 11:46
Слика 3 wow... многу добро изведеноRock
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 27-Dec-2009 at 19:53

Дали некој знае дали се предвидени да ѓи стават куполите на кулите , како што може да се види од гравурите од среден век ?

Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 06-Jan-2010 at 09:47
Јас колку што забележав во последното поминување, куполите се веќе полуизградени, така да дефинитивно ќе ги има.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 10-Jan-2010 at 22:49
01.


02.


03.


04.

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 11-Jan-2010 at 00:36
Прво, алал вера mitat, не само за овие фотки од калево, туку целата сесија! Applause

До мене е или малце ја утнаа работата со запциве (таму кај што веќе месец дена не чепкаат, слика 02 од митат)? Малце одат премногу нагорно.

И воопшто, знае ли некој кога ќе продолжат со работа?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 11-Jan-2010 at 00:39
а што функција имаат тие сводовите на слика 2?

митатос, како и обично, одлични апдејти
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 11-Jan-2010 at 01:10
Фала забеган, што ме потсети бидејќи и јас сакав да прашам за сводовите.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 11-Jan-2010 at 01:25
Доле не чепкале ништо валда чекаат да завршат горе, таа долната кула на слика бр 3 ја почнаа уште пред калето ,тука има и влез за калето, и до него е долниот зид, значи тука не работеле ништо скоро , имаше тогаш некои реакции дека не ја правеле автентично ,но ја мислам дека овие другиве не се автентични ама ај нема везе, а тие свадовите ги сликав затоа што и ја не знам точно зошто го направиле, најверојатно при ископувањето наишле на такво нешто , навистина нашето кале е сложено бидејки има многу репарирања и реновирања низ историјата, ваљда тоа датира некаде од византискиот период,а после тоа има српски ,нешто од царството на самоил , и турски т.е отомански.
Неколку пати е разрушена и репарирана, но времето ке покаже сигурно ке има наскоро некоја вест до каде е работава со калето =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 02-Feb-2010 at 15:52
За рес­то­ра­нот "Ка­ле" се ба­ра но­ва ло­ка­ци­ја на ри­дот на Ка­ле­то

Дис­ло­ка­ци­ја­та на рес­то­ра­нот не е спор­на за неп­ре­че­но за­вр­шу­ва­ње на ар­хе­о­лош­ки­те ис­тра­жу­ва­ња, се че­ка со­од­вет­но мес­то за ка­фе­а­на­та ко­ја пос­тои 52 го­ди­ни

По три го­ди­ни пре­го­во­ри, до­го­во­ре­но е ка­фе­а­на­та на Скоп­ско­то ка­ле, ко­ја е во сре­ди­на­та на ар­хе­о­лош­ки­от ло­ка­ли­тет, да се дис­ло­ци­ра. Таа се ја­ву­ва­ше ка­ко проб­лем во ар­хе­о­лош­ки­те ис­ко­пу­ва­ња на Ка­ле­то, заш­то сопс­тве­ни­ци­те има­ат доз­во­ла за трај­но ко­рис­те­ње на об­јек­тот во кој вло­жи­ле.
"Со ог­лед на тоа де­ка се ра­бо­ти за др­жав­но зем­јиш­те и за кул­тур­но нас­лед­ство, на ба­ра­ње на Ми­нис­терс­тво­то за кул­ту­ра и на Уп­ра­ва­та за заш­ти­та на кул­тур­но­то нас­лед­ство, јав­ни­от пра­воб­ра­ни­тел и Су­дот од­лу­чи­ја екс­проп­ри­ја­ци­ја за зем­јиш­те­то на ка­фе­а­на­та, а по­себ­ни ко­ми­сии ја оп­ре­де­ли­ја и су­ма­та за на­до­мест кон сопс­тве­ни­ци­те за об­јек­тот", ни ре­че Па­ско Куз­ман.
Сопс­тве­ни­ци­те на рес­то­ра­нот "Ка­ле", кој пос­тои од 1958 го­ди­на, ни ре­коа де­ка не­ма ни­ка­ков от­пор и оти, по три го­ди­ни пре­го­во­ри, се на­де­ва­ат де­ка ова пра­ша­ње ќе се ре­ши. Тие сe уш­те ја че­ка­ат по­ну­да­та од др­жа­ва­та за со­од­вет­на ло­ка­ци­ја на ри­дот на Ка­ле­то. Зна­ат де­ка не­ма вре­ме, а има­ат и до­го­во­ре­ни об­вр­ски и оти си­гур­но дис­ло­ка­ци­ја­та на рес­то­ра­нот не мо­же да би­де оваа го­ди­на.
Куз­ман, ди­рек­то­рот на Уп­ра­ва­та, ни ре­че де­ка е при крај кон­зер­ва­ци­ја­та на ју­го­за­пад­ни­от бе­дем, а де­ка го­ди­на­ва ќе поч­не кон­зер­ва­ци­ја­та и на Кик­лоп­ски­от ѕид.

http://vest.com.mk/?ItemID=CD0D0B08B80CFC499985A016F1C6DE89
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 02-Feb-2010 at 15:56
Овде пишува екпропријација на земјиштето. Зарем продал некој земјиште во сред археолошки локалитрет. Или па дозволата за трајно користење неможе да биде имотен лист. А всушност како би можела државата да се согласува на размена на земјиште со приватни сопственици, не ли е тоа противзаконски?!
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 18-Mar-2010 at 00:35
Повторно се зуи на Скопско Кале

Продолжува ископувањето


2010-03-17


2010-03-17


2010-03-17


2010-03-17


2010-03-17


2010-03-17


2010-03-17


2010-03-17



Edited by Vladimir P - 18-Mar-2010 at 00:36
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 18-Mar-2010 at 20:31

2010-03-18
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 21-Mar-2010 at 23:06
inaku za dvete gravuri od Skopje sto ne mozat da se spojat eve vi video i videte ja slikata nekade vo sredina, ne mozam da ja izvadam kako slika, koga ke ja videte se ke vi bide jasno, ke imate nekakva pretstava, samo ako ne e nekoja fotomontaza .... http://images.google.com/imgres?imgurl=http://img.youtube.com/vi/TzkGm_84U0w/0.jpg&imgrefurl=http://www.kerals.com/malayalamvideos/iljov/&usg=__MQ8xPG8zSXkpH6WhYJ5HVr2obRY=&h=360&w=480&sz=9&hl=mk&start=142&um=1&itbs=1&tbnid=MnXJAYiCPJ5OaM:&tbnh=97&tbnw=129&prev=/images%3Fq%3Dnew%2Bskopje%26start%3D126%26um%3D1%26hl%3Dmk%26sa%3DN%26rlz%3D1T4SKPB_enMK350MK350%26ndsp%3D18%26tbs%3Disch:1

Edited by lupo - 21-Mar-2010 at 23:12
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 10-May-2010 at 12:33

Калето да стане жив капитал


Големиот проект за ревитализација на Калето што се очекува да биде завршен во 2012 година предвидува претворање на овој значаен археолошки локалитет и споменик на културата во жив капитал. Најпрепознатливата точка на Скопје ќе ги привлекува туристите со реставрирани и убаво осветлени бедеми од каде што ќе можат да уживаат во глетката

 
 
%20  
Конзервацијата и реконструкцијата на Калето е во завршна фаза, вели археологот Паско Кузман, координатор на проектот. За тврдината да блесне во полн сјај, по завршувањето на археолошките истражувања и реставрацијата на проблематичниот северен бедем, во план е изградба на објекти наменети за туристите: сувенирници, кафулиња, мал музејски простор, археолошки центар... Овие објекти се дел од програмата за ревитализација на тврдината, која предвидува осмислување и на празните простори.

- Овие мали нови објекти ќе го оживеат Калето и ќе го предизвикаат посетителот да застане и да седне на кафе. Идејата е Калето да стане жив капитал од кој ќе може да се учи, но и да се ужива во него - вели Кузман.

Станува збор за огромен проект, кој се очекува да заврши во 2011-2012 година. Сите бедеми ќе бидат конзервирани и ќе се гледаат од сите страни, посетителите ќе се движат по нив и ќе уживаат во глетката на Скопје. Некои од архитектонските остатоци ќе бидат конзервирани и ставени на увид на посетителите.

Според Кузман, неодамна е завршена конзервацијата на југозападниот бедем со што се привршува целиот процес на реставрација и реконструкција на Калето, почната уште во 2007 година. Во тек е тендерот за конзервација, реставрација и реконструкција на киклопскиот бедем од североисток, кој е составен од големи камени блокови. Состојбата на овој бедем е алармантна бидејќи киклопскиот ѕид прогресивно се навалува.

- Реконструкцијата на северниот бедем ќе потрае бидејќи е многу комплициран и опасен зафат. Распукан е и има големи камени блокови, па бара посебен ангажман - вели Кузман.

Во рамките на овој габаритен проект, кој требаше да чини околу 200 илјади евра, беше неопходно прво да се завршат археолошките истражувања на различни делови од локалитетот за да сле

дува реконструкција на бедемите.

- Остатоците од ѕидовите, покривните конструкции и остатоците од дрвените материјали ни дадоа увид како треба да изгледа тврдината - додава Кузман.

До крајот на јуни се очекува целосно да завршат археолошките ископувања по што следува подготовка на проекти за конзервација и реставрација на објектите и артефактите од старите цивилизации, која е во надлежност на Конзерваторскиот центар.

Археолошките истражувања, кои се во полн ек, ги реализира Музејот на град Скопје. Паралелно се работи и на конзервација на ископаните артефакти. Неодамна заврши и тендерот за осветлување на западниот бедем, со што Калето ќе стане видливо за окото на набљудувачот во неговите вистински димензии.

Во текот на сите овие градежни зафати и археолошки ископувања, Калето постојано е отворено за посетителите, иако, потсетува Кузман, во светот, онаму каде што се вршат ископувања, публиката нема пристап.

На овој археолошки локалитет се наоѓаат културни слоеви од четири и пол илјади год п.н.е - од енеолит, преку бронзено, железно време, среден век сé до пред скопскиот земјотрес. Ретки се наодите само од античкиот период. Во отоманскиот период таму имало касарни, а пред земјотресот на Кале се наоѓале објектите на Историскиот музеј, како и Архивот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=510101055573&id=16&setIzdanie=21979

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.488 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.