build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопско Кале

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 16-Jun-2010 at 14:09

Sto e so Dolen grad? ke ima li tamu nesto iskopuvanje?



Edited by lupo - 16-Jun-2010 at 15:11
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 16-Jun-2010 at 18:43
На сите почнати локалитети се е нагло прекинато - финансиски проблеми
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 17-Jun-2010 at 04:29
Југозападниот бедем на „Кале“ е готов, на ред е Киклопскиот ѕид

Напредуваат работите на проектот за систематски археолошки истражувања, конзервација и реставрација на Скопската Тврдина. Неодамна завршија градежните активности на југозападниот бедем  во должина од 310 мет­ри – дел од тврдината кој гледа кон центарот на градот и реката Вардар. Целосно се обновени и конзервирани ѕидовите, три квадратни и една кружна кула, како и јужната порта која е изведена според проект на архитектот Митко Пренџов. Изведувач на работите беше скопската фирма „Макаус“. Во моментов во тек е тендер за конзервација, реставрација и реконструкција на североисточниот Киклопски ѕид, кој е изграден од големи четириаголни делкани камени блокови, без врзувачки материјал. Неговата состојба е алармантна бидејќи ѕидот прогресивно се навалува и на него постојат големи пукнатини.

На археолошкиот фронт, каде ископувањата започнаа на 14 мај 2007 година, во моментов е затишје. Досега е опфатен поголем дел од Калето. Копано е на површина од неколку илјади квадратни метри и пронајдена е огромна количина керамички материјал, монети и разни други артефакти. Останува да се доистражи просторот на терасата на постоечкиот ресторан и се чека на негова дислокација, за што е постигнат договор со сопствениците. Инаку археолошките ископувања на тврдината беа од отворен тип за јавноста, за да може таа непосредно да се запознае со историското наследство и да се поттикне позитивен однос и грижа кон него.

Големиот проект за ревитализација на Калето се најавува дека ќе биде завршен до 2012 година и очекувањата се дека овој културно-историски споменик ќе стане магнет за граѓаните и туристите. За остварување на таа цел ќе се работи и на уредување и анимирање на просторот. Неодамна заврши тендерот за осветлување на западниот бедем, а во план е изградба на објекти како сувенирници, кафе-ресторан, мал музејски простор и археолошки центар. За овие содржини ќе се обрне особено внимание околу нивното вклопување во амбиентот. Се најавува и реставрација на средновековната црква од 13-14 век, чии остатоци беа пронајдени при истражувањата во 2008 година.


Галерија:

(кликнете на сликите за поголема резолуција)

Пронајдени%20артефакти  Археолошки%20ископувања  Археолошки%20ископувања

Киклопскиот%20ѕид  Јужна%20порта  Јужна%20порта

Обновени%20бедеми  Обновени%20бедеми  Обновени%20бедеми

Обновени%20бедеми  Обновената%20кружна%20кула  #

#  #  #



http://www.build.com.mk/?p=3918



Edited by build.mk - 17-Jun-2010 at 04:30
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 17-Jun-2010 at 20:57
Сакав да направам една анализа на калето после земјотресот, пробарував низ интернет и најдов доста интересен материјал за демонстрирање на некои забелешки и интересни точки од тој период.

Ке почнам со неколку слики па со неколку анализи

бр.1
Во ова слика одлично се гледаат деловите кои се највеке оштетени


бр.2 Ист агол од поголема далечина


бр.3 На ова фотка многу убаво може да се забележи дека тогашното Кале не било и толку оштетено за да дојде до тотално рушење на некои објекти кои се наогале во него, тука многу убаво може да се види дека тука постојат скоро повекето од прозорците и влезовите, кои според мене требало да се превземе мала интервенција да се реконструира дел од тие ,и ке имавме  одличен пејсаж на градот,можело да се насели ресторанот, па сигурно може  сеуште да се изгради музеј, би било убаво доколку се изгради музеј или било каков објект тоа да биде изградено во овој дел.



бр.4 На ова фотка може убаво да се види влезот на тогашниот воен музеј.



бр.5. Видете колку прекрасно изгледа скопје од овој поглед,навистина се изненадив кога ја најдов оваа слика, Скопје изгубил навистина многу убави градби после земјотресот кои навистина е жал сто не ги реконструирале во оргинален стил,барем овие делови можеле да се вклопат со калето и тогаш би имало 2 периода, Турскиот-и стариот кој сега е во изградба од 13 век.


бр.6 Поглед од тогашното еврејско маало, според мене имало доста простор за мостот,барем да не ги рушеа сите  ,навистина не требало овие убави градби да се рушат кои како што гледате биле во одлична состојба.


бр.7 Еве огриналниот пред-земјотресен изглед на калето.









бр.8 Тука одлично може да се видат и другите бедеми кои се планираат да бидат изградени и долната кула.





бр.9 Тука и во други слики може убаво да се забележи дека тука имало и кукички,мислам дека најголемата грешка за пропагање на неколку зидови е токму рушењето на неколку куки кои биле изградени во времето на отоманската империја,а имало и други начини за заштита на калето, не во буквалниот изглед, но барем да не дојде до темелно распагање на дел од зидот и кулите.


Една моја мала забелешка : можеби ја имам кажано и претходно, не ми е целта да го политизирам или национализирам мојот пост, но повекето од објектите што биле срушени во тогашно време сигурно биле анти-турско расположени ,исто и во белград се дешавало истото како и кај нас, еден вид на србизација на македонското културно наследство.


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 17-Jun-2010 at 22:49
Не верувам дека некои обични куќички се туку така срушени од националистички мотиви на тогашните власти. За репрезентативни објекти од тоа време можно е да настрадале, некои џамии или некои амами, ама станбени куќи не.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 17-Jun-2010 at 23:00
kako i da e treba da se obnovat nekoi objekti na Kale. Eve najdoa temeli od crkva mozat da ja izgradat...
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 18-Jun-2010 at 00:48
Sega se gleda deka zemjotresot ne unistil 80% od skopje kako sto e prestaveno !!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 18-Jun-2010 at 01:18
На која слика?  Dunno
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 18-Jun-2010 at 18:16
Сум ги гледал повекето тврдини низ бивша југославија низ интернет, почнувајки од словенија па се до македонија, скоро во сите до ден денес постои живот во тврдините , како што е тврдината Рихемберк во Словенија, Сплит и дубровник во Хрватска,Улцин,Котор,Mанастија во Деспотевац Србија,Петраварадин ,и сите фортификации што се во близина на градот се скоро населени,таму постојат етно мали старо-градски кукички за сувенири,во последната слика погоре ке видите дека тука постоеле такви кукички и некои од нив биле навистина староградски.
Ке пребарувам низ компјутерот мој имам неколку фотографии од тие кукички па ке ги споделам со вас.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 18-Jun-2010 at 19:21
Mitatos i jas celo vreme potenciram deka Kaleto treba da se reizgradi vnatresno povtorno no prvo po tolku godini izguben lik na gradot sea e tesko da se stori toa prvo za pari a potoa i vidot na arhitekturata, bidejki pominati se dosta vekovi i toj prostor ima pretrpeno dosta promeni. Jas kazav i pogore deka mozat slobodno da se obnovat crkvite bidejki konceptot im e na site ist od toa vreme i kako i nekoi pogolemi i poznacajni objekti. Inaku i jas sakam da setam niz kaleto kako niz Dubrovnik.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 18-Jun-2010 at 19:34
Во мојот нареден пост што ке го постирам тука ке ти објаснам за што по конкретно мислев,имам доста материјали за кои што можат да ги видат и да направат нешто во врска со тоа, за црквата не знам ,нема доволно аргументи каква била, и како изгледало во тоа време, за разлика од тоа има аргументи дека имало и џамија, која била изградена во турскиот период  за армијата која била стационирана тука, како и да е, ке дојдам до мојата поента во наредниот пост =)
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 18-Jun-2010 at 22:30
Правев интервју со Драги Митревски, раководителот на истражувањата на Калето. Рече дека се е договорено со газдата на ресторанот и дека до крајот на летово ќе се тргне, па од есен ќе почнат да ископуваат под него. Киклопскиот ѕид ќе се реконструира целосно и бедемите од западната страна. Се уште нема план дали ќе се обнови црквата, а најдени биле темели на уште две (значи вкупно 3 цркви има на Калето). Истражувањата летово мируваат ради ребалансот на буџетот, ќе се прави само конзервација на најденото, а од септември ќе продлжат ама со многу поспоро темпо. Инаку истражувањата и реконструкцијата сосема посебно се прават и археолозите немале врска со фирмата што реконструира и која си работела по свој проект (не ми кажа кој го направил проектот и врз основа на што).

Edited by Superman - 18-Jun-2010 at 22:31
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 18-Jun-2010 at 23:58
Како што најавив и прееска еве сега ќе ви кажам за што ми беше зборот за кои објекти во калето, сега ке почнам да ги постирам полека.

1. Ете убаво може да се види колку е прекрасен овој објект, и нели имаме јасна слика како изгледало.
 


2.И тука може да се види дека тука имало кукички


3.


4.


5.Панорама


6.Тука убаво може да се гледа еден дел од кружните кули која е реконструирана после земјотресот ,а над неа сега има друга окружна кула, и тука убаво може да се забележи дека како што е киклопскиот зид од влезот на калето, и тука имало такви големи камени блокови од кои токму таа новата кула била изградена токму од тие блокови.



7. тука на ова честитка може убаво да се види дека тој зидот пролжува до кружната кула ( новата што е сега изградена )


8.На ова слика фино може да се види дел од долната порта ,и кулата ,и тој новиот зид што е изграден пред реконструкцијата, и може исто да се забележи и ново-пронајдената порта, и зидот до кружната кула.



9.Еве и неколку фамилјарни слики од Кулата која беше срушена после земјотресот.





10.Тука на ова фотка се гледа доле долната кула и некои градби горе во калето како што било тогашната армија, и некогашниот археолошки музеј.



11. Еве уште еден редок поглед од доле кон калето.



Тоа што според мене требало да се реконструира, и ден денес може пошто тој простор е скоро празен, и просторот  позади Современиот Музеј на Скопје.

Тука може да се изградеше Воениот Музеј, или Археолошкиот, кој според мене е тотална грешка што се гради поред кејот на вардар.







Касарната навистина има добар вкус, и зошто не би било и резиденција за причекување на гости, јас како што сум наишол низ стари фотографии од Калето , таму сум начекал и градина која денеска фали, и нормално уредување на амбиентот.


"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3645
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 01-Jul-2010 at 05:48

Архитектура - Конкурси

Игор Василевски

Јул 01 |04:49

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ


Број на оглас:  100/2010

ДЕЛ I:  ДОГОВОРЕН ОРГАН

I.1) Податоци за договорниот орган
I.1.1) Назив на договорниот орган: Управа за заштита на културното наследство
I.1.2) Адреса: ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 61
I.1.3) Град и поштенски код: Скопје 1000
I.1.4) Интернет адреса: www.uzkn.gov.mk
I.1.5) Лице за контакт: Саша Крстевски    Адреса на е-пошта: < ="" ="text/"> contact@uzkn.gov.mk< ="" ="text/"> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите < ="" ="text/">     Телефон/Факс: 3289759/3289777
I.1.6) Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат:
На горната адреса
I.2) Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Државни органи-Општи јавни услуги

ДЕЛ II:  ПРЕДМЕТ НА КОНКУРСОТ ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

II.1) Предмет на конкурсот:
ИДЕЈНО - АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПОКРИВНА КОНСТРУКЦИЈА СО РЕКОНСТРУКТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА САКРАЛЕН ОБЈЕКТ НА АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ “СКОПСКА ТВРДИНА-КАЛЕ”
II.2) Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.3) Дали конкурсот ќе се реализира од група на договорни органи: Не
II.4) Референтна номенклатура (ОПЈН)
II.5) Подетален опис на конкурсот:
Конкурсниот труд треба да содржи: ■ Ситуација на Скопската тврдина - Кале, М 1:1000; ■ Ситуационо решение со поширок опфат, М 1:500; ■ Партерно решение на објектот во контекст на Скопската тврдина, ■ М 1:200; ■ Основи на сите потребни нивоа, М 1:100; ■ Основа на под, М 1:100; ■ Основа на плафон, М 1:100; ■ Петта фасада, М 1:100; ■ Карактеристични пресеци, М 1:100; ■ Изгледи, М 1:100; ■ Скици од анализи на решението; ■ Пишувани, технички и фотографски материјали од користени аналогии; ■ Текстуално образложение на проектното решение и технички опис на конструктивното решение на објектот, со табеларен приказ на бруто и нето површини; ■ Тродимензионални прикази на објектот; фотографски материјал од макета или виртуелен модел; ■ Визуелна претстава на објектот во околината на заштитеното подрачје; ■ Електронски запис од решението (ЦД или ДВД) со сите наведени прилози;

ДЕЛ III:  ПРАВНИ, ЕКОНОМСКИ, ФИНАНСИСКИ И ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

III.1) Конкурсот за избор на идејно решение е дел од постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги: Да
Ако е ДА се наведуваат минималните услови за утврдување на способност:
-Право на учество на овој конкурс имаат правни лица регистрирани за вршење на дејност-предмет на овој конкурс и да поседуваат лиценца А за проектирање и физички лица - дипломирани инженери-архитекти кои имаат лиценца А за проектирање согласно Законот за градење (Сл.весник на Република Македонија бр.130/09).
III.2)  Од учесниците на конкурсот се бара посебна стручна квалификација: Не
III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
■ Целосна застапеност на програмските содржини;
■ Функционална и просторна структурираност како одговор на содржините и функционалните
барања од програмската содржина;
■ Идејно решение според условите утврдени во проекгната програма;
■ Задоволеност и почитување на сите православни сакрални канони при функционално и
естетско обликување на објектот;
■ Обликовниот карактер на објектот да произлегува од пронајдените археолошко -
архитектонски остатоци од средновековна сакрална градба со крстообразна основа;
■ Постигнати квалитети во рамнотежа со околниот амбиент;
■ Сеизмичка стабилност;
■ Иновативност;
■ Изводливост;
■ Видот, карактеристиките и својствата на применетите материјали и нивната временска трајност;
■ Подржување на јавниот простор на локацијата

ДЕЛ IV:  АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ

IV.1) Услови за доставување на планот/плановите или проектот/проектите
IV.1.1) Плановите или проектите да се достават најдоцна до:
04.08.2010 во 12.00 часот. Место: Скопје
IV.1.2) Доделување на наградa/награди: Да
Ако е ДА, да се наведе која/кои:
Прва награда - 200.000,00 денари
IV.2) Имиња на членови на жири комисија:
IV.3) Дополнителни информации:
1. Потребната документација за конкурост може да се подигне во архивата на Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерство за култура со својство на правно лице „Ѓуро Ѓаковиќ,, бр.61 Скопје

2. Надоместокот за документацијата на конкурсот и проектната програма изнесува 1.000,00 денари и истиот се уплаќа на образец ПП 50, на сметка број 100000000063095, во корист на сметка на буџетскиот корисник 1800160097787-17, приходна шифра 724149, програма 20,

3. Секој од учесниците кој подигнал документација има право да учествува со по еден труд.

4. Заради потполна анонимност на конкурсниот труд, потребно е трудовите да бидат доставени во затворен плик со назнака “Јавна набавка Конкурс бр. 100/2010“ со шифра - Не отворај! Податоците за авторот треба посебно да се наведат во посебен затворен плик приложен во трудот со назнака „Автор“ и назначен со истата шифра.

Пријавените кандидати треба да дадат согласност за откривање на идентитетот по отварање на кункурсните трудови. Трудот треба да се достави во непрозирна и запечатена обвивка обезбедена од оштетување при транспортот.

5. Проектот кој нема да ги содржи сите елементи опишани во овој конкурс, односно е доставен ненавремено или е некомплетен, нема да биде предмет на разгледување од жири комисијата. Проектите кои нема да бидат прифатени ќе се вратат во рок од 10 дена на барање на авторите, а по завршување на постапката.

За дополнителни информации може да се обратите секој работен ден од 10-12 часот на телефон 3289- 700.
IV.4) Датум на објава: 30-06-2010

http://architect.mk/arhitektura/konkursi/766-idejno-arhitektonsko-resenie-na-pokrivna-konstrukcija-na-skopska-tvrdina-kale
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 01-Jul-2010 at 12:49
Не разбирам... што точно ќе се покрива? Дел од археолошките ископини? Кај црквата?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 04-Jul-2010 at 12:11
eve eden proekt za kale(ne znaev deka se podgotvuva proekt za bibliotekt, turisticka kuka vo kale, mozebi se lazam ili pak bil samo eden experiment od arhitektite.
 
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 04-Jul-2010 at 15:12
Kako mozat da pravat planovi za toa mesto koga tamu se naogja Dolen grad. Neli i toa treba da se istrazi?

Edited by lupo - 04-Jul-2010 at 15:13
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3873
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 04-Jul-2010 at 15:24
pa da neli se zboruvase za rusenjeto na restoranot za da istrazuvaat, pa potoa mozno e da se gradi drug objekt kako ovaj gore, taka mislam jas!
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 04-Jul-2010 at 15:42
Da ok, a za modernisticki stil na objekt vo Kale malku i ne mi odi. Toj e istoriski simbol na gradot i mu trebaat samo objekti od taa arhitektura koja e prepoznatliva za kaleto. Turistite sigurno nema da odat da go posetat za modernistickite objeti vo nego. Da moze da se napravat nekoi objekti od vremeto na najubaviot period na Kale ke bide vistinska atrakcija za turistite, i da se pretvorat vo hotel, muzej, nacionalna kujna, prodavnicki so suveniri i crkvata da se obnovi ke bide top. Roll%20eyes

Edited by lupo - 04-Jul-2010 at 15:43
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 05-Jul-2010 at 12:29
Originally posted by lupo

Da ok, a za modernisticki stil na objekt vo Kale malku i ne mi odi. Roll%20eyes

Чим може мостот Гоце делчев да го прават со старинска ограда и старински канделабри и да му стават лавови тогаш негледам зашто да не стават модерен објект на кале
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.