build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административна зграда на ЕЛЕМ на ул. Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 789
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 30-May-2017 at 09:32
Баш ме интересира што тоа ќе направи раста-бој. Во секој случај интересна реторика, со нагласен реваншизам, уште неседнати во фотелјите.
Back to Top
Понтифик View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Mar-2017
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Понтифик Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 31-May-2017 at 13:40
Можеби ќе изгледа како реваншизам, но не! Правда ќе е!
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 1517
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 01-Jun-2017 at 00:09
Originally posted by BOJAN

Хаха, наместо јас да зборувам, од денеска па натаму ќе дејствува Роберт Алаѓозовски. Немам што да додадам на ова!


желби ли се желби тешки големи.... касни си навечер порано стани си наутро најрано...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11757
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 25-Oct-2017 at 16:19
Скриените лица зад „Скопје 2014“: Како ЕЛЕМ ја доби Палатата на Зевс

БИРН истражува кој го овозможи барокниот изглед на зградата на ЕЛЕМ во центарот на Скопје

Автор: Тамара Чаусидис
Објавено на 25 октомври 2017

Потребата на раководството на ЕЛЕМ да работи и твори во зграда со класицистички или популарно наречен барокен изглед најнапред била фокусирана врз постојниот објект што го дели со некогашното Јавно претпријатие ЕВН, во близина на Градскиот трговски центар, што и самиот за влакно избегна да биде подложен на архитектонскиот израз на „Скопје 2014“.

Според документите до кои дојде БИРН, веќе на почетокот од 2011 година, ЕЛЕМ и ЕВН се договараат да изведат групна набавка за идејно решение и проект за реконструкција на фасадата, при што формално постапката ќе ја води ЕВН во име на двете компании. Во февруари се склучува договор за реконструкција на фасадата со фирмата Жагра – ком, а како лице за контакт е наведен Никола Стакинов, еден од омилените архитекти на инвеститорите на „Скопје 2014“.

Стакинов се јавува како автор на фасадата на Министерство за правда, Палатата „Лазар Поп Трајков“ и многуте фасади во централното градско подрачје. Речиси никогаш Стакинов не е единствен автор. Најчесто работи на идејни решенија каде што како автори се јавуваат и Жарко Чаушевски, Лазар Димов или фирмата Неимар инженеринг.

Но, нешто се случува и тој договор не е реализиран. Сепак, ЕЛЕМ и ЕВН не се откажуваат од намерата да го откорнат мермерот од модернистичката зграда и да ја барокизираат. Тие во февруари 2012 склучуваат договор за идејно решение и проектна документација со Градежниот факултет, а подоцна и договор за изведување на работите со градежната компанија БЕТОН вреден над 4 милиони евра.

Целата постапка за менување на фасадата на заедничката зграда на ЕВН и ЕЛЕМ се легализира дури откако се склучени договорите со проектантите. Имено ЕЛЕМ испрати формално барање за одобрување на менување на фасадата на зградата дури на 24 декември 2012 што е и одобрено на седница на советот на Општина Центар на 28 декември со која раководеше претседателот на Советот Владимир Здравев.

ЕЛЕМ сака своја барокна зграда

Во 2011 година, проектот „Скопје 2014“ е во подем. Веќе се поставени или почнале да се градат 144 објекти или споменици. Дирекцијата на ЕЛЕМ има 200 вработени, а компанијата е едно од најбогатите државни претпријатија во Македонија. Таа година ЕЛЕМ решава да гради сопствен деловен објект на локација која во тој момент е зелен појас околу кулите на Градски ѕид, наспроти хотелот „Бристол“ и Старата железничка станица.

Начинот на кој ЕЛЕМ ја добива локацијата за новиот објект е образец преку кој се спроведуваше таканаречениот проект „Скопје 2014“. Идејата ја црпи аргументацијата од типот „Миле ми текна“, а потоа се сподвижува цела машинерија од институции, функционери и професионалци кои прават сѐ таа да биде реализирана.

Цели 16 часа траеше седницата на општина Центар на 24 септември 2011 каде што мнозинството го сочинуваат советници на ВМРО ДПМНЕ под раководство на Владимир Тодоровиќ од истата партија на која се расправаше за промена на Деталниот урбанистички план. Советниците опозиционери се противеа, беше потпишана и петиција од 1.400 жители во близина на спорната локација, но во 5 часот наутро мнозинството ја одобри измената која овозможи ЕЛЕМ да ја добие локацијата на улица „Македонија“, во зелениот појас.

Ни отпорот на станарите, ниту потпишаните петиции, ниту протестите во јавноста не го запреа ноќното сечење на дрвјата во присуство на специјалната полиција и заградување на просторот каде што ќе никне новиот деловен објект.

И кога во вторникот, 15 ноември, за последен пат е отпечатена проектната програма за изработка на конкурс за идејно архитектонско решение на деловната зграда на ЕЛЕМ, нејзиниот надворешен изглед практично веќе беше определен. Во самата програма која е наменета за архитектите што планираат да конкурираат со свое идејно решение е наведено дека објектот мора да биде „во стил на класицизам и соодветно репрезентативен на нивото на институцијата“ која судејќи според воведот на документот многу држи до себе.

Шест години подоцна, објектот сѐ уште не е пуштен во употреба, иако ништо не навестуваше дека новиот деловен објект толку ќе се оддолжи. Токму спротивното, роковите кои беа поставени на почетокот сугерираа брзина во изведбата.

Ни два месеца не поминаа меѓу одлуката на општинарите на Центар за промена на Деталниот урбанистички план на општина Центар и огласот со кој ЕЛЕМ бара идејно решение на новиот објект.

Првичниот оглас предвидуваше идејните решенија на заинтересираните архитекти да пристигнат најдоцна до 22 декември, но веројатно заради претпразничната атмосфера карактеристична за крајот од годината, рокот е продолжен по Новогодишните празници и веќе на 18 јануари беше одреден победникот на конкурсот.

Комисијата во состав Лиљана Митровиќ, Паско Кузман, Благој Здравев, Андрија Фаренвалд и Катарина Боцевска од осум предложени решенија, три во старт отфрли, затоа што не предвиделе „фасадата да биде во стилот на класицизмот“ што е еден од основните услови. Четири идејни решенија се наградени, другите обештетени. Првонаграденото решение на Жарко Чаушевски, Лазар Димов, Стефан Смилевски и Неимар инженеринг доби 500 илјади денари.

Комисијата решила во еден ден, едногласно

Претседател на комисијата за зградата на ЕЛЕМ е Лиљана Митровиќ, сопруга на Миодраг Митровиќ кој пак, претседаваше со комисијата за избор на идејното решение на зградата на Јавното обвинителство. Брачниот пар Митровиќ се сопственици на фирмата Метрика која учествува во градењето на зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј и подземната гаража кај Уставниот суд.

Зградата на Јавното обвинителство и зградата на ЕЛЕМ ги поврзува уште еден член на комисијата, архитектката Каролина Боцевска која решава за избор на идејно решение на двата објекта.

Паско Кузман е единствен член од комисијата која го решаваше изборот на зградата на ЕЛЕМ кој не е архитект, туку археолог. Во тоа време е директор на Управата за заштита на културното наследство со неформален статус на „државен археолог“. Паско Кузман е човекот кој ја постави археологијата на државно ниво како алатка за докажување на континуитетот на македонската култура од антиката до денес, па оттаму и се смета за еден од иницијаторите на таканаречената „антиквизација“ на Македонија. Негова беше идејата за поставување антички фигури од Стоби пред зградата на Владата, што и лично го надгледуваше. Неговата блескава кариера заврши најнапред со домашен притвор и потоа затвор на три години за неправилности во работењето на Управата со која раководеше.

Андрија Фаренвалд учествува во комисијата за избор на идејно решение на новата зграда на Елем, член е и на комисијата за избор на идејно решение на фасадата на Владата. Неговото име се јавува и во тендерската документација за изградба на оградата за објектот што е веднаш до зградата на Владата како дел од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија надлежен за предмер на објектот.

Благој Здравев е архитект, сопственик на компанијата Слеме проект од Штип. Според негово идејно решение ќе се гради универзитетска клиничка болница во Штип, што е изборно ветување на ВМРО ДПМНЕ од 2011 година, па сѐ до последните парламентарни избори, иако првичниот рок за завршување на објектот беше 2016 година, па потоа поместен на 2018. Здравев меѓу другото е и автор на идејното решение на црквата св. Лидија Македонска во скопската населба Ченто која започна да се гради во 2014 година.

Според документите со кои располага БИРН, комисијата заседаваше само еднаш на 18 јануари 2012 година кога едногласно го избра идејното решение на: Жарко Чаушевски, Лазар Димов, Стефан Смилевски и Неимар инжинеринг. „Фасадата е со импресивен класицистички архитектонски израз, што е еден од основните услови на расписот на овој конкурс, а се вклопува во поширокиот контекст на потегот Стара железничка станица – Камен мост, во однос на постојните и предвидените објекти“, се вели во образложението на одлуката потпишана од сите членови на комисијата.

„Имресивниот класицистички архитектонски израз“ на зградата на ЕЛЕМ на Чаушевски, Димов, Смилевски и Неимар инженеринг предвиде, а подоцна тоа е и реализирано, на покривот на објектот да бидат поставени статуи меѓу кои и на Зевс громовникот, но и мала копија на веќе изведениот објект во рамките на проектот „Скопје 2014“ – Триумфалната порта, а на фасадата – сцени од античката митологија.

Истиот ден на кој решавале за избор на ова идејно решение, сите членови на комисијата потпишале и Договор за давање услуги со ЕЛЕМ во кој меѓу другото се обврзуваат дека до целосно завршување на постапката на јавната набавка нема „да откриваат или на друг начин да направат достапни податоци и информации поврзани со доставените трудови и самата постапка“.

И навистина целата постапка е држена во толкава тајност, што во медиумите првата вест дека ЕЛЕМ воопшто ќе гради нова зграда на улица „Македонија“ е објавена во октомври 2012, десет месеци откако комисијата го избра најдоброто решение; цела година откако огласот е објавен на Јавни набавки.

Првично беше проценето дека нејзината изградба ќе чини нешто над 11 милиони евра, но поради непредвидени работи и сите досегашни склучени договори, таа чини над 17 милиони евра.

Иако при посетата на објектот во мај 2017 тогашниот екс премиер Никола Груевски и тогашниот директор Христијан Мицковски, сега – едниот лидер, а другиот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, соопштија дека остануваат уште само некои мали финеси како што е чистење на објектот и внесување мебел, зградата сѐ уште не е пуштена во употреба.

http://prizma.mk/skrienite-litsa-zad-skopje-2014-kako-elem-ja-dobi-palatata-na-zevs/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 13-Jul-2018 at 15:45
Сметам дека кај нишкава сеуште треба да стои кранче а патем мислам дека би било посоодветно да се премести во Административни објекти......
-------------------------------------------------------------------------------
Тендер по тендер, нема крај за зградата на ЕЛЕМ

По пет години изградба, два тендери и еден анекс, барокната административна зграда на државната компанија „Електрани на Македонија“ и натаму не е готова, ниту на неа се изведуваат некакви градежни активности. Досега за овој проект се потрошени над 17 милиони евра, но ќе се трошат уште, бидејќи компанијата повторно распишува тендери за доградба на објектот.
Иако според јавните повици објавени претходно, избраните фирми требало целосно да ја завршат, односно да ја довршат зградата на ЕЛЕМ, тоа не се случило. Само се пробиле роковите и зградата е оставена како градилиште.
И покрај тоа, од ЕЛЕМ досега немало никаква информација за испитување на причините и на одговорноста за оваа состојба. Од компанијата за БИРН најавија дека деновиве ќе ги одговорат сите прашања поврзани со зградата на прес-конференција.

Кој не си ја завршил работата?
Првиот договор за изградба на деловна зграда на ЕЛЕМ беше склучен на 24 март 2013 година со австриската компанија „Страбаг“. Нејзиниот рок беше да го заврши објектот до октомври 2014 година и за тоа да наплати 11,6 милиони евра.
Во условите на тендерот на кој победила „Страбаг“ се наведени сите градежни и занаетчиски работи што избраната компанија требало да ги изврши. Во многу детали е опишано како да се направат ископите и другите земјени работи, каде и како да се бетонира, ѕида, како да се молерисаат ѕидовите, какви подови да има (епоксидни) итн.
Нарачката има и прецизни инструкции за спуштените плафони, осветлувањето, позициите и бојата на декоративните лајсни, дури и за бојата, материјалот и димензиите на буквите на натписот „ АД Електрани на Македонија“ на предната фасада (високи 25-30 сантиметри и дебели три сантиметри). Има и детали за тоа какви да бидат плочките внатре и со што да се исполнат фугите.
Во документот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки се вели и дека зградата треба да има хидрауличен лифт за автомобили. Опишани се и сите работи што треба да се извршат за спроведувањето на електричните, водоводните, канализациските, вентилациските и другите инсталации, како противпожарната заштита, ладењето и греењето, безбедносниот систем за влегување и за заштита од кражби итн.
Но, на крајот од рокот, ЕЛЕМ, не само што не доби готова зграда, туку потпиша анекс со „Страбаг“ за уште три милиони евра, со кој времето за изградба се продолжи уште една година, до ноември 2015. Не се објавени детали за тоа што се предвидува да се направи со овој договор, туку само стандардно образложение зошто се склучува анекс.
Според ова објаснување, кога е потребно проширување или замена на вообичаените стоки и инсталации, подобро е да се склучи договор со истиот понудувач наместо да се бара нов, за да се избегне ризикот тој да употребува материјали што не одговараат со она што веќе е вградено во објектот. Единствените услови се дека таквите дополнителни набавки не треба да надминат 30 отсто од вредноста на основниот договор. Анексот на „Страбаг“ изнесувал 26 отсто од сумата предвидена во првиот договор.

Договор од 2,6 милиони евра со фирма за вентилација

Поминал и тој рок, а зградата, не само што не била готова, туку државната компанија тогаш решила, сепак, да склучи договор со друг понудувач. На тендер била избрана компанијата „Озон“, која склучила договор за „довршување на изградбата на административната зграда на АД ЕЛЕМ, градежни и градежно-занаетчиски работи“. Договорот бил потпишан на 1 март 2016, половина година откако истекол рокот на тој со „Страбаг“. Според него, „Озон“ требало да ја доврши зградата за шест месеци, и за тоа да добие 2,6 милиони евра.
Таблата на „Озон“ сѐ уште стои зад тарабите на градилиштето, на неколку метри од таа на „Страбаг“. И двете се наведени како изведувачи на градежните работи. Но, „Озон“ не е градежна фирма, туку компанија што изработува и нуди системи за вентилација, греење и ладење. Овие услуги биле содржани и во тендерот на кој победи „Страбаг“. Сумата што ја добива „Озон“ е 22 отсто од онаа за која „Страбаг“ првично се договорил да ја изгради целата зграда.

Оваа скопска компанија има учествувано и на други тендери за помали занаетчиски работи, од кои има заработено вкупно 109 илјади евра од јавните институции, според пребарувањето на страната на Бирото за јавни набавки. Вредноста на нејзиниот договор со ЕЛЕМ е 24 пати поголема од целата таа заработка и е приближно еднаква на вкупниот обрт на фирмата во последните две години.
Од „Страбаг“ за БИРН најавија одговор на прашањата што требало да направат со зградата и дали целосно си го исполниле договорот, но до објавувањето не добивме нивни став. Од „Озон“ не беа во можност да одговорат поради годишните одмори.

Нови нарачки за исти услуги

Поминаа речиси две години од септември 2016 година, кога зградата требаше да биде довршена според договорот со „Озон“. И натаму стојат знаците „Градилиште“ и тарабите на кои се лепат плакати за концерти. На покривот стои триумфалната порта низ која на двоколка поминува маж што држи метална молња во раката, која веќе почнала да фаќа ’рѓа (коментарите на социјалните мрежи се дека станува збор или за старословенскиот бог на громот Перун или за Свети Илија Громовникот). Зад фасадата со многу орнаменти понекогаш се запалува некоја светилка, а на затворените врати стои натпис дека објектот е под напон. Градежни работи не се извршуваат.
Во февруари годинава, ЕЛЕМ распиша нов оглас, повторно за довршување на зградата со градежни и градежно-занаетчиски работи, со проценета вредност од околу 90 илјади евра, но го поништи во април поради, како што се вели, битни повреди на Законот за јавни набавки. Со овој тендер компанијата бараше фирма што ќе вгради машински, слабострујни и јакострујни инсталации во новиот објект. Таква набавка беше предвидена и во првиот тендер, но овојпат се бара различна опрема од таа наведена во 2012 година.

Еве и неколку фотки од истиот линк

Молњата на Зевс веќе почнала да фаќа рѓа во долниот дел





Влезот во подземната гаража каде се споменува некаков хидрауличен лифт но незнам колку тоа ќе функционира



http://prizma.mk/tender-po-tender-nema-kraj-za-zgradata-na-elem/

Edited by stef4o - 13-Jul-2018 at 15:57
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11757
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 10-Nov-2018 at 09:51
ВО ЗГРАДАТА НА ЕЛЕМ ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДИРЕКТОРОТ Е НАПРАВЕНА СОБА ЗА ДОВЕРЛИВИ РАЗГОВОРИ И ЗА РЕЛАКСАЦИЈА



Новата деловна барокна зграда на АД ЕЛЕМ која почна да се гради во 2013 година не може да добие употребна дозвола оти минатото раководство во текот на градбата правеле низа измени во градбата, а за тоа не поднесувале барања за одобрување до Министерството за транспорт и врски. Но, ниту градежните работи целосно не се завршени оти не се вградени потребните инсталации кои досега не биле предвидени со дополнителните договори, а се поправаат и утките кои биле направени при градбата.



Денеска новото раководство на компанијата ЕЛЕМ ја презентираше зградата на новинарите. Трите подземни нивоа се паркинг простор, но тој не може да се користи оти нема пристап. Со првичниот проект било предвидено да се пробива улица која ќе минува меѓу зградите кај Градски ѕид, со што требаше да се уништи зеленилото и да се исечат дрвјата.

„Улицата нема да се гради оти не сакаме да го уништиме и она малку зеленило што остана во овој дел од градот. Сега размислуваме да направиле лифт, па на тој начин да се спуштаат возилата во гаражите и ќе можат да се паркираат само службените возила на компанијата. Имаме проблеми и со поплави, третото подземно ниво постојано се поплавува од подземни води. Еве во моментов вршиме дополнителна изолација“, велат од ЕЛЕМ.



На секој кат се правени поправки бидејќи просториите и инсталациите биле неплански изведени.

„Некои делови се изведени квалитетно, а некои субстандардно. Инсталациите во најголем број се адекватни, но недостасуваат елементи и токму затоа се распиша јавна набавка за комплетирање на изведбата. Се врши дополнително зацврстување на ѕидовите на четвртиот кат оти дата центарот иако требало да биде на приземје ставен е на 5-ти кат. Поради големата тежина и нестандардното оптоварување сега вршиме зајакнување со челични профили“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

На шестиот кат од зградата е канцеларијата наменета за генералниот директор. Во неа има канцеларија, сала за состаноци, тоалет со туш кабина, соба за релакција и соба со звучна изолација за доверливи разговори. Во зградата веќе се пристигнати мебелот за канцелариите, но стојат низ објектот оти речиси во сите канцеларии се вршат некакви градежни работи или ситни поправки.

На осмиот кат е предвидена и фитнес сала, но како што велат од ЕЛЕМ таа ќе се користи за друга намена, но за што уште не одлучиле.



АД Електрани на Македонија во 2013 година почна да гради нова деловна зграда на улица Македонија. Тој објект неколку пати го пробиваше рокот за завршување, како и сумата која беше потребна за негова изградба. Зградата првично требало да чини 9,8 милиони евра. Во текот на градбата цената се зголемува на 14,6 милиони евра, односно се зголемува за 48,4 отсто. Дополнително на ова се и трошоците за изработка на основен проект, 50-тина илјади евра, надзорот на градбата, кој го врши градежниот институт Македонија АД Скопје 30-тина илјади евра и мебел 470.000 евра.

Новото раководство распиша тендер за избор на фирма која треба да ги заврши преостанатите 1 отсто од работите и да се направат потребните испитувања на зградата, кои чинат околу 90 илјади евра.

„Во моментов чекаме испитување од ИЗИИС за да се покаже дека дополнителните работи и измените во градба на влијаат на статиката, по што ќе побараме од Министерство за транспорт и врски употребна дозвола“, додаваат од ЕЛЕМ.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/vo-zgradata-na-elem-od-15-milioni-evra-za-direktorot-e-napravena-soba-za-doverlivi-razgovori-i-za-relaksatsija/
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 96
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 10-Nov-2018 at 13:56
А зошто да не постои фитнес сала? Зошто постоењето на фитнес сала се смета за нешто лошо или непотребно?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 10-Nov-2018 at 16:23
И јас го делам истото мислење. Чист популизам.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 542
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 15-Nov-2018 at 18:09
А бе супер е да има фитнес сала, нема ништо лошо. Само оти на пример не се згрешило барем еднаш, ваква една фенси идеа да се реализира на пример во РЕК -Битола, или за вработените на браните во дебарско?

Се е убаво кога си се родил во Центар, си учел во Центар, и сега правиш планови за цела држава - од Центар.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 789

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.