build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Административна зграда на ЕЛЕМ на ул. Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 23-Feb-2012 at 22:01
Имаше овде уште некој пост, но можеби и подобро што исчезна..

Инаку @ Petar: јас апсолутно посакувам да имаме барем некое странско студио кое би изградило некој објект, а уште подобро - би изработило некој урбанистички план. Со ова не мислам дека треба да им се даде секој можен проект, но нивниот влез на пазарот би резултирало со ангажирање локални соработници, можеби и цели фирми, и би водело до размена на искуства - најнормална работа секаде во светот..

А во врска со објектов, мислам дека на сите што не им се допаѓа неговата големина треба да ги упатат критиките до ДУП, можеби и неговите изработувачи, но најмногу нарачателите на планот - што и доведе до условите во конкурсот за идејно решение (добро би било ако може да ги добиеме на форумов). Имаше во друга нишка дебата околу овој план, протестираа граѓани, но сето тоа беше гледано од многумина (не толку на форумов, колку од политичарите) како „маалски“ проблем..

Edited by mladen_s - 23-Feb-2012 at 22:05
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-Feb-2012 at 22:34
мене искрено ми се свиѓа објектов,а некако ми делува `јапонски` со тие висечи градини.а дали треба или не да се гради на место на парк е друга тема.денес гледам е модерно да се стави некој црвен детал на фасадата иако не е таа основната боја.и покрај големината објектов ми изгледа разигран.овој објект поубав од модерните ми е само Сан марко
Back to Top
Petar View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 269
  Quote Petar Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 23-Feb-2012 at 22:54
Mene sto ne mi se dopagja e kosata staklena fasada. Ja napravija na eden objekt i sega sekade ja koristat... a izgleda eftino i prosto...

Da ke bese dobro da mozea da sorabotuvaat so nekoj iskusen dizajner, pa barem da im dizajnira nesto specificno i unikatno... a vaka neznam. Mora da se tesime so "moze da izgleda i poloso"...
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 23-Feb-2012 at 23:13
Проектов за зградава изгледа навистина добро - но што му фали на ЕЛЕМ во зградата на ЕВН - во време кога увезуваме скапа струја и кога ЕЛЕМ 2 години по ред бара зголемување на цената на струјата инвестира милиони евра во деловен простор наместо во некој призводствен капацитет. Ова воопшто нема логика - уште повеќе што граѓаните се против измените на деталниот урбанистички план за таа локација.
Но ако сепак ЕЛЕМ инсистира да го изгради објектот тогаш неговата вредност никако несмее да влезе во пресметката на цената на струјата за 2013.

Како и да е - да се задржам на објектот - ми се допаѓа тоа што можеби за прв пат при изградба на еден ваков голем деловен објект се посветува сериозно внимание на енергетскаа ефикасност бидејќи енергетските компании треба да им дадат пример на граѓаните како се штеди енергија.
Околу стаклената фасада - па можеби е и најсоодветно и логично решение вака - претпоставувам со новите мегаобјекти над јужен, рамстор и околните објекти ова би бил соверемениот "downtown" на Скопје.
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 23-Feb-2012 at 23:57
енергетската ефикасност на објктот е за поздравување, инаку од аспект на дизајн и изглед, ептен е просечен, нема баш многу иновативност, а естетиката е скоро сведена на минимум.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Feb-2012 at 00:11
Originally posted by mladen_s

што и доведе до условите во конкурсот за идејно решение (добро би било ако може да ги добиеме на форумов)
Еве ги... Јасно е дека повеќето се ставени про-форма, а клучен и појдовен критериум иронично е последниот во листата.

III.3)  Целосни и детални информации за критериумите што ќе се применуваат за избор на најдобро рангираниот план/планови или проект/проекти:
- почитување на општи архитектонско урбанистички услови
- почитување на пропишаните стандарди и нормативи
- потполно задоволување на условите од Конкурсот
- целосна застапеност на програмската содржина
- креативност и инвентивност на понудените решенија
- оргиналност
- успешност во воспоставувањето на новиот архитектонски контекст и дооформување на постоечкиот
- функционална и просторна структуираност како одговор на содржинските и функционалните барања на распишувачот
- форма како јасна експресија на структурата, содржината и значењето на темата
- изводливост
- економичност
- објектот да е проектиран во стилот на класицизам



Originally posted by mladen_s

Имаше во друга нишка дебата околу овој план, протестираа граѓани, но сето тоа беше гледано од многумина (не толку на форумов, колку од политичарите) како „маалски“ проблем..
Еве во оваа нишка има некои од дискусиите по ова прашање кои се разврзаа на форумов:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=108284#108284



----------------------------------------------------------------------


Овој конкурсен труд го гледам како обид на авторите да го свртат вниманието на јавноста кон битни теми и вредности. Со тоа што свесно се одело контра натурањето на „класицизам“ во конкурсните критериуми, јасно било дека нема никакви шанси да биде избрано ова решение. Наместо „класицизам“, како антитеза понуден е објект кој промовира максимална енергетска ефикасност и еколошки критериуми. Доколку сум во право, би сакал да им честитам на авторите за таквиот потег.
Од естетска гледна точка екстериерот не е баш по мој вкус, но ставено во контекст на целава работа, тоа во случајов е маргинално прашање.


Ме радува и тоа што идејата за понирање на сегмент од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин и оформување на плоштад пред старата железничка станица и нејзино поврзување со централната пешачка зона, има приврзаници. Оваа идеја беше повеќе пати актуелизирана на форумов, но мислев дека за нејзе нема поширок интерес.
Како што спомна pbanks, работата треба да се гледа и во поширок контекст, односно треба да се земе во предвид и тесното грло на улицата Даме Груев. Скициве подолу не кореспондираат комплетно со најновите урбанистички планови, но во делот што е од интерес во оваа нишка, потполно се адекватни:

Originally posted by Cloverstack

Еве како треба да биде според предложениов Мал Ринг (за кој не треба да има никаква дилема дека ќе биде усвоен). Ова се сообраќајниците кои доаѓаат во контекст на дискусијава

Со ЖОЛТО се обележани деловите кои одат по површина

Со ПОРТОКАЛОВО се обележани деловите кои понираат

Со ЦРВЕНО се обележани подземните делови

Проблемот е кај тесниот дел на Даме Груев (сегментот бр.1 на мапата) и особено кај зградата што сосема навлегува во трасата (стрелка бр.2 на мапата). Тротоар со ширина од 1,5 метри таму е апла несериозно. Исто така несериозно делува порано спомнатиот план за рушење на столбовите на пролазот на зградата што пречи и нејзино потпирање со некаква си конструкција. Сето тоа за сепак да завршиме со тесно грло?

Не знам зошто не можат да сватат дека со спуштање под земја на еден краток сегмент ем ќе го решат проблемот со тесното грло, ем нема да мора да се прават глупости кај зградта, ем ќе се реши пешачкото преминување на Даме Груев кај Улица Македонија и пошироко (што ќе биде особено важно бидејќи во иднина ќе биде булевар со 4 ленти). Ако веќе им текна за Димитрија Чуповски, требаше да им текне и за Даме Груев!




2.

Еве како мислам дека е повеќе од логично да се реши Даме Груев (плус малку вон границите на Мал Ринг). Дел од Даме Груев се спушта под земја и со тоа се решаваат проблемите со „протнување“ на 2х2 профил на критичниот сегмент. А за обезбедување на континуитет на Улица Македонија како пешачка зона, создавање на плато/плоштад пред стара железничка и поврзување на главната пешачка зона со идната пешачка зона зад и околу стара железничка (Рамстор, Еквест Мол, Радисон, други комерцијални и деловни содржини...) ќе треба истото да се направи и со дел од Мито Хаџивасилев Јасмин и нејзината врска со Даме Груев (сега трет сегмент на Улица Македонија, а тогаш кратка подземна улица со две ленти, под пешачката зона). Сето ова речиси целосно може да се изведе "cut & cover".

Доколку сето друго се реализира како што треба, немам нешто посебно за или против задржување на врската кај Рекорд (се разбира денивелирана, како што ја зацртале). Има и позитивни и негативни аспекти... мислам дека не е грешка ниту едното ниту другото решение. Дури мислам дека нејзино задржување е за нијанса подобро решение отколку укинување. Но повторно нагласувам, не смее да биде пречка или оправдување за нереализација на Даме Груев со 2х2 по цела должина и со подземен сегмент под Улица Македонија.

Патем јас не сум воопшто оптимист. Градоначалникот ќе мора да игра како што му свири владата која ја интересираат претежно глупости, а не вакви инфраструктурни проекти. По се изгледа овие сообраќајни решенија (сите подземни, не само ова) ќе мора да ги оставиме за некои подобри времиња. Но важно е и сега да бидат правилно испланирани.





Edited by Cloverstack - 24-Feb-2012 at 00:29
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-Feb-2012 at 00:25


Најголем проблем е што кај нас урбанистичкиот конкурс стана непостоечка категорија..

Инаку, кога мислев на условите од конкурсот, не мислев толку на критериумите колку на проектната програма.. Ако воопшто била дадена? Или само се побарало максимално искористување на површините? Или само се нарачал класицизам?

Многу ме интересира дали и „стилските“ решенија на оваа локација ќе бидат продадени со етикета „Старо Скопје“, бидејќи на ова место никогаш и немало објект, што може да се види од сите можни карти, планови и фотографии.

Воедно, „Плоштадот на Солидарноста“ бил конкурсно барање во 1963-та, па идејата за понирање е сосема логична и се надоврзува. Проблемот е што со постојниве планови тешко може да се зборува за плоштад.. Проектите на Ајвар постојано ја потенцираат таа идеја (како што еден од архитектите и лично напиша погоре), ама како тргнало, на крај ќе треба да се нарече „Ќоше на солидарноста“..

Edited by mladen_s - 24-Feb-2012 at 00:27
Back to Top
Ranco View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Feb-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ranco Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 24-Feb-2012 at 10:22

 



Edited by Ranco - 24-Feb-2012 at 10:30
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 772
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 24-Feb-2012 at 10:34
Е ова е интересен, разигран предлог за објект, уште задниот дел од објектот наместо сводови да имал малку поинакво поимагинативно решение во склад со предниот дел и ветерницата навистина би почнал да наликува на она нешто што имам можност да го видам а е дела од денешната архитектура која се користи во развиените  попрогресивни земји.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Online
Posts: 1865
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 13-Mar-2012 at 12:38
mene mi e veke preku glava od toa arhitektite sakajki da gi zadovolat pravilata na konkursot i voedno da bidat moderni pravat mesavina od star objekt i staklo...  zosto sekogas moderna arhitektura se povrzuva so staklo? koja decenija e ova?
spored mene tuka( i vo celiot mal ring) ubavo bi stoel nekoj miren objekt so klasicna raspored na elementite no so moderen izraz... nenametliv, smiren, koj sto nema da blesti so razni formi, boi i materijali tuku ke mu dade na prostorot (vo slucajov hotel bristol) da dise...
tipicen primer spored mene za uspesen objekt vo staro gratsko jadro e novata zgrada koja neodamna se izgradi vo srceto na viena, koja bese izbrana bas zaradi svojata ednostavnost, elegancija i nenametlivost:

Xmas%20Lights%20Vienna:%20Peek%20&%20Cloppenburg%20Kärtner%20Straße%20Wien

ArtikelbildArtikelbild




Edited by xnx - 14-Mar-2012 at 13:40
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 13-Mar-2012 at 19:29

Потпис.
Back to Top
oTeget View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Nov-2011
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote oTeget Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-May-2012 at 00:18
Originally posted by damjanh




Мене зградава ми е симпатична Thumbs%20Up А мислам би била и повеќе симпатична ако тие деловите со прозорци не делуваа толку студено. Тоа сивото алукобонд ли е?

Плоштадот е одлична, ама стварно одлична идеја Thumbs%20Up Thumbs%20Up
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 07-May-2012 at 13:52


Edited by Block - 24-May-2012 at 11:07
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 18-May-2012 at 19:19

Од некои членови на ССЦ:

Originally posted by mosaic74

this is a render of the project that didn't win the tender. The winning project is a neoclassical building, but I haven't seen the render yet

И од фан на ск2014 нали:

 

Originally posted by Nikolaa

Oh thanks. This building looks good but a neoclassical building sounds even better. I just love older style buildings.

23ka.wordpress.com
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 08-Jul-2012 at 21:49
Кога ќе почне да се гради?
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3311
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Jul-2012 at 22:12
Originally posted by Block

Кога ќе почне да се гради?


Според официјалните информации од ЕЛЕМ, сеуште раководството е во фаза на избор на идејните решенија. Најверојатно ќе се оди со микс од четирите победнички архитектонски труда, но тоа нема да се одлучи пред септември. Потоа доаѓа процедурите за проекти и избор на компанија за градење, така што си земам за слободно да прокоментирам дека би било најрано во пролетта 2013 година.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11883
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 19-Oct-2012 at 23:32
ЕЛЕМ бара изведувач за изградба на новиот административен објект во класицистички стил

#


Администрацијата на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за две години ќе се пресели во нова зграда во класицистички архитектонски стил спроти хотелот „Бристол“. Државната компанија деновиве објави оглас за избор на градежна компанија која ќе го реализира новиот административен објект, на местото на некогашниот парк во строгиот центар на Скопје. Според информациите кои ги содржи Деталниот урбанистички план „Голем Ринг – Исток“, зданието од приземје, осум ката и поткровје ќе биде со максимална висина од 29 метри и ќе има површина од 9.130 метри квадратни. Изведбените активности ќе се одвиваат на парцелата со големина од 1.432 метри квадратни, која се наоѓа на самиот агол помеѓу улиците „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“.

 

Локацијата%20за%20идниот%20објект%20на%20ЕЛЕМ%20-%20Паркот%20спроти%20„Бристол“,%20пред%20сечењето%20на%20дрвјата


Пред да започне оваа постапка, ЕЛЕМ на конкурс го избра идејното решение на архитектите Лазар Димов, Жарко Чаушевски, Стефан Смилевски и архитектонското студио „Неимар инженеринг“ од Скопје, врз основа на кое ќе се реализира проектот во препознатливиот стил на „Скопје 2014“. Во наредниот период ЕЛЕМ ќе го обелодени и конечниот изглед на идната административна зграда. По чинот на потпишување на договорот, најповолниот понудувач ќе биде задолжен да го комплетира целокупното здание во временски период од 18 месеци. Компанијата која ќе го гради објектот и крајниот рок за негово завршување ќе се знаат после 3 декември, за кога е закажано јавното отворање на доставените понуди. Во меѓувреме, дрвјата во паркот спроти хотелот „Бристол“ деновиве беа исечени, со што се создаде простор за почеток на реализацијата на овој проект, како и проектот за изградба на административна зграда во која ќе се сместат неколку државни институции и која треба да биде лоцирана веднаш до идното седиште на ЕЛЕМ.



#
Објавено на 19.10.2012 во категорија Вести.

Тагови: Административен објект на ЕЛЕМ на ул. Македонија, Административни, Владин административен објект на ул. Македонија, Деловни, Конкурси, Неимар инженеринг, Паркови, Скопје, Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=19579
Back to Top
Ines View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Oct-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ines Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 22-Oct-2012 at 11:31
Сеуште неможам да разберам зошто мора ама баш во Центар сите овие да се напикаат и да го уништат последното зеленило во овој реон...срамота...Mad
Back to Top
mirko View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 04-Aug-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote mirko Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 22-Oct-2012 at 14:24
zapnale lugeto down town da praat . toa ti e copy paste na ponesto sto videle po svetov

Edited by mirko - 22-Oct-2012 at 14:25
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 22-Oct-2012 at 14:33


Се е тоа фино, но можеше да ги користат бројните неизградени парцели во центарот на градот и ефектно да го зголемат down town-от, наместо да масакрираат прекрасно оформени урбани целини. Ова мало паркче не требаше да се чепка ни под разно.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.