Author |
Topic Search Topic Options
|
KinDeR
Groupie
Joined: 04-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#421 Posted: 24-Aug-2010 at 14:34 |
за отварање на New Yorker во Скопје. Еден од мојте омилени бутици. Трпев фрустрации што го немаше до сега кај нас. Само што ми е симптоматично што нема најава за отварање на продавница во Скопје на официјалниот сајт на New Yorker. http://www.newyorker.de/pages/en/stores/openings.html Не мора ништо да значи, меѓутоа кога отвараш продавница на нов пазар би требало да го поставиш и на официјалната страна. Али добро, вчера поминав од кај новово Веро и видов веќе беше поставена рекламата за New Yorker, така да нема причини за грижи.
|
|
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
|
Quote Reply
#422 Posted: 24-Aug-2010 at 14:52 |
Многу глупо се поставени рекламите, под големиот знак на Џамбо. Ми смета што се гледаат шипките држачи.
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#423 Posted: 24-Aug-2010 at 15:03 |
Originally posted by alexgizh
Многу глупо се поставени рекламите, под големиот знак на Џамбо. Ми смета што се гледаат шипките држачи.
|
Па нели ти им беше на инспекција, што не поправи ?
|
|
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#424 Posted: 24-Aug-2010 at 15:09 |
Да не е нешто франшиза? А за тоа шипките, мислам дека е само привремена конструкција и дека ќе ги тргнат.
|
|
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1975
|
Quote Reply
#425 Posted: 24-Aug-2010 at 15:22 |
Originally posted by UrbanFreak
Originally posted by alexgizh
Многу глупо се поставени рекламите, под големиот знак на Џамбо. Ми смета што се гледаат шипките држачи.
|
Па нели ти им беше на инспекција, што не поправи ? |
Не беа поставени сеуште, тогаш.
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
KinDeR
Groupie
Joined: 04-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#426 Posted: 24-Aug-2010 at 15:28 |
Мислам дека профилите што се поставени за рекламите, после конечното поставување на сите реклами, ќе се скратат и нема да штрчат. Обични профили се тоа. Не е филозофија да се скратат.
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#427 Posted: 24-Aug-2010 at 15:44 |
Originally posted by alexgizh
Многу глупо се поставени рекламите, под големиот знак на Џамбо. Ми смета што се гледаат шипките држачи.
|
Ми личи дека тие шипките не се за знакот Jumbo, туку се за овие белите чуда:
Ама можи и да не
Edited by гитардемон - 24-Aug-2010 at 15:45
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
KinDeR
Groupie
Joined: 04-Jun-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#428 Posted: 24-Aug-2010 at 16:41 |
Originally posted by гитардемон
Originally posted by alexgizh
Многу глупо се поставени рекламите, под големиот знак на Џамбо. Ми смета што се гледаат шипките држачи.
|
Ми личи дека тие шипките не се за знакот Jumbo, туку се за овие белите чуда:
Ама можи и да не
|
Не Туку на тие профили (шипки) ќе се наредат сите реклами на сите бутици и продавници во маркетот. А се што е вишок ќе се скрати. На сите такви големи маркети има место за реклами на фирмите што се внатре во него.
|
|
SimulatoR
Newbiе
Joined: 24-Aug-2010
Location: 1987
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#429 Posted: 24-Aug-2010 at 21:27 |
Се согласува со сите, али со едно не. Како прво да Веро е поголем од Рамстор, но во Рамстор има околу 96 продавници ( бутици,кафичи,кино,ресторани и етц.) додека во Веро има само 40 продавници од кој што има само 1 кафич незнам кој точно.
Едина ствар во Веро што ке биде актуелна и многу атрактивна тоа ќе биде само JUMBO, друго нема да има нешто којзна што и плус само што ке имам познати светски бутици што сега ги нема во СК ниту во МКД.
Неќам да се изразам погрешно али од сигурни извори е тоа што многу познати наши бизнисмени што имаат (бутици,кафичи,ресторани и етц.) нема да бидат дел од Веро (не им даваат простор) е затоа што повеќето од продавниците што ќе бидат се грчки бизнисмени.
Незнам што да казам али ќе покаже времето.
Ќе види од 1 септември.
|
|
theMac3donian
Senior Member
Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
|
Quote Reply
#430 Posted: 26-Aug-2010 at 09:29 |
За вакво нешто се шипките?
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
Swimmer
Senior Member
Suspended
Joined: 09-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 294
|
Quote Reply
#431 Posted: 26-Aug-2010 at 09:38 |
Originally posted by SimulatoR
Се согласува со сите, али со едно не. Како прво да Веро е поголем од Рамстор, но во Рамстор има околу 96 продавници ( бутици,кафичи,кино,ресторани и етц.) додека во Веро има само 40 продавници од кој што има само 1 кафич незнам кој точно.
Едина ствар во Веро што ке биде актуелна и многу атрактивна тоа ќе биде само JUMBO, друго нема да има нешто којзна што и плус само што ке имам познати светски бутици што сега ги нема во СК ниту во МКД. Неќам да се изразам погрешно али од сигурни извори е тоа што многу познати наши бизнисмени што имаат (бутици,кафичи,ресторани и етц.) нема да бидат дел од Веро (не им даваат простор) е затоа што повеќето од продавниците што ќе бидат се грчки бизнисмени. Незнам што да казам али ќе покаже времето. Ќе види од 1 септември. |
Големината на објектот не се мери според квантитетот па ни квалитетот на парцијалните сегменти/објекти во него, туку по квадратна површина. Во однос на твојата забелешка, се работи за центри со различна понуда и концепт, па така и деловните единици им се поинаку организирани. По тоа неможе да се мери кој е поголем. Можеби кој е поразноврсен или има подобра понуда што пак е веројатно субјективно.
За другото незнам.
Патем ако чул некој, стварно ќе доаѓа Папандреу на сечење лента?
|
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#432 Posted: 26-Aug-2010 at 12:39 |
http://kostasxan.blogspot.com/2010/08/blog-post_9809.html
Или накратко, во сите грчки вести пишува дека Сител рекол дека ќе дојде:
Најверојатно ќе дојде.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
FT
Senior Member
Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 567
|
Quote Reply
#433 Posted: 26-Aug-2010 at 16:26 |
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#434 Posted: 26-Aug-2010 at 17:10 |
Кога излезе веста, еден ден потоа излезе информација дека нема да дојде. Така да стара е веста.
|
|
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#435 Posted: 27-Aug-2010 at 03:09 |
Грчката компанија „Веропулос“ в среда во Скопје ќе го отвори својот најголем трговски центар на Балканот, кој се простира
на три ката со вкупна површина од 40.000 квадратни метри. Новиот центар
„Веро“ се градеше две години на локација со површина од 10.770
квадратни метри спроти Народната банка на Македонија, која грчкиот
синџир на супермаркети ја купи во 2005 година на јавна лицитација и
плати по 510 евра за квадрат. Главниот менаџер на „Веро“ за Македонија,
Костас Теодосијадис, вели дека компанијата има инвестирано 75 милиони
евра во текот на речиси 14-годишното работење во Македонија.
-
Ми се чини како да беше вчера кога го поставивме првиот темел на
основата на објектот и овие две години на градење, се' до последната
фаза кога како краен производ го добивме овој грандиозен објект, ми
поминува низ главата како забрзан филм.
Се разбира, во овој
проект вложивме многу време, енергија и пари, бидејќи нашата крајна цел
беше да создадеме оригинално место што ќе им ги задоволи очекувањата на
сите што ќе го посетат.
Навистина станува збор за величествен,
голем и импресивен проект, па затоа се чувствувам горд и со
задоволството го кажувам ова, а забележувам дека истите импресии ги
споделувам и со сите оние што веќе го посетиле објектот.
Што е она по што ќе се издвојува „Веро“ од другите трговски центри?
-
Не би сакал да го споредувам нашиот проект со другите трговски центри
бидејќи е невозможно да се спореди од повеќе причини. Како што е, на
пример, неговата локација, која се наоѓа на особено важен дел од
градот, лесно пристапна за сите, без разлика дали сте пешак или возач.
Објектот е лесно препознатлив, преку својот впечатлив, привлечен и
оригинален дизајн исполнет со модерни естетски детали кои се пријатни
за очите на посетителите. Уште од првиот момент кога ќе стапнете во
него веднаш ќе ја почувствувате разликата, бидејќи просторот е
пријатен, со многу дневна светлина која продира низ стаклениот покрив,
кој ги осветлува и двата ката на комерцијалниот дел од трговскиот
центар. Ваквиот широк, простран и осветлен амбиент прави посетителите
да се чувствуваат добредојдени, пријатно и удобно, што е различно од
депресивните и затворени простори.
Како ќе ги придобиете потрошувачите?
-
Се разбира дека покрај атрактивниот простор и естетиката, центарот е
подготвен да понуди и многу содржини за кои веруваме дека ќе им го
привлечат вниманието на посетителите, како што е огромниот супермаркет
„Веро“ сместен на површина од речиси 5.000 квадратни метри, опремен
според високи современи стандарди и со асортиман од повеќе од 15.000
производи. Тука е и пекарницата под стакло, каде што посетителите ќе
може да го следат процесот на печење леб. Она што првпат како бренд ќе
го донесеме во земјава е детската продавница „Џамбо“, веќе секому добро
позната. Таа ќе биде на два ката, исто како и продавницата „Њу јоркер“,
германски моден синџир на продавници, уште еден бренд што првпат го
носиме во земјава. Понатаму, како дел од новиот трговски ќе бидат и
продавниците на „Најк“, „Бети Баркли“, „Априори“, „Стоунс“, „Каприс“,
продавницата за накит „Оксет“, „Монсун“ за модни додатоци, оптиката
„Италијана“, „Воч поинт“, „Офис шус“ за чевли, три мобилни оператори,
Стопанска банка, аптека, цвеќарница, хемиско чистење и многу други.
Уште
еден значаен дел ќе биде и корнерот за храна кој, покрај „Мекдоналдс“,
ќе ги понуди и производите на пицеријата „Амати“, потоа гиро-ресторан,
кафетерии, како и една голема детска игротека од 300 квадратни метри,
наменета за да ги усреќи најмалите.
Кој беше клучниот момент за да се одлучите токму сега да направите еден ваков голем трговски центар на македонскиот пазар?
-
Не постои клучен елемент што не' натера да го изградиме овој голем
трговски центар, туку ова беше само една логична прогресија на
успешната приказна што ја градиме во вашата земја во последните 13,5
години, кои не' мотивираат да продолжиме по истиот пат. Па, затоа многу
нормално за нас беше да се одлучиме на овој чекор и да го преземеме во
свои раце овој голем и грандиозен проект - трговскиот центар „Веро“.
Но, во овој контекст исто така би сакал да напоменам дека некои од
нашите конкуренти што во минатото изградија слични проекти имаа
комплетно поинаков третман од локалните власти во тоа време, но ова ни
даде многу поголем елан и упорност за да успееме.
Дали „Веро“ за вас претставува проверен бизнис-проект? Дали правевте приспособувања кон потребите на македонските купувачи?
-
Како што веќе напоменав, нашето искуство и успех го потврдуваат сето
она што вие ме прашувате. Можам да кажам дека со текот на времето
пазарот се приспособи кон нашиот бизнис, бидејќи бевме пионери, кои прв
пат во вашата земја донесоа нов стил на пазарење, модерно и комфорно за
сите корисници. Почнувајќи од лесно достапните супермаркети со простран
паркинг-простор, климатизиран продажбен простор опремен со најсовремена
опрема за складирање и чување на производите, така што тие нема да го
изгубат својот квалитет, голем асортиман естетски класифициран, можност
за плаќање на повеќе каси, промоции, попусти, различни активности...
Сите овие работи создадоа нови навики на пазарење кај нашите клиенти.
Сево
ова беше пред речиси 14 години, а денес можеме да заклучиме дека
бизнисот и економијата воопшто се неколку скалила погоре и бележат
вистински раст и подобрување.
Како се одвиваше целиот процес од
идеја до негова конечна реализација? Колку Македонија беше погодна или
макотрпна почва за ваков зафат?
- Нашата компанија е присутна на
македонскиот пазар речиси 14 години и затоа би ја искористил
поговорката што преведена на вашиот јазик би звучела вака: „Кога веќе
танцуваме на главниот подиум, тогаш ќе го изведеме најдобриот танц
досега“. Па така од денот кога ја добивме локацијата се' беше
подготвено за да почнат градежните активности и да го изградиме
архитектонски најубавиот објект во градот и навистина верувам дека
успеавме во тоа. Се разбира за време на процесот патот не беше секогаш
послан со рози, се соочувавме со различни тешкотии од различни аспекти,
но на крајот нашата напорна работа даде резултати видливи за сите. Ние
сме овде за да го водиме нашиот бизнис и за ништо друго. Но, како што
сите во светот размислуваат, економијата и бизнисот ги поврзуваат
луѓето и им дозволуваат тие меѓусебно да си помагаат на најдобриот
можен начин, па дури и понекогаш ова да се однесува на политички
прашања.
Се разбира дека за толку голем проект планирате и нови
вработувања. Какво влијание ќе има отворањето на новиот трговски центар
врз локалната економија?
- Во рамките на новиот проект, кој го
почнуваме, само во оперативниот дел на супермаркетот „Веро“ и големата
продавница за деца „Џамбо“ веќе се пополнети 270 нови работни позиции и
сите и' припаѓаат на локалната популација, а во оперативниот дел кај
другите закупци ќе има околу 220 до 250 нови вработени. Исто така ќе
има голем број други услуги што ќе ја поддржат работата на трговскиот
центар, како што се: обезбедувањето, сервисот за чистење, паркингот,
техничкиот оддел и други, кои ќе бидат ангажирани за нашите потреби од
редовите на локалните компании. Посебно во овој случај сакам да
напоменам дека во целиот процес на изградбата 95 отсто од градежниците,
техничарите и работниците исто така беа ангажирани од локалната
популација. Сметам дека сите можат да го забележат и увидат влијанието
што го оставивме врз локалната економија.
Се разбира дека и во
понатамошната работа на трговскиот центар голем број локални работници,
трговци и услуги ќе бидат дел од нашето работење.
Имате свој синџир на супермаркети низ повеќе балкански земји. Какво е искуството таму?
-
Како што веќе еднаш напоменав, присутни сме во земјава речиси 14 години
и имаме отворено осум големи супермаркети, а новиот ќе биде деветти
едноподруго но тој ќе биде поинаков од досегашните. Чекорите што ги
преземавме секогаш беа многу внимателно и детаљно анализирани бидејќи
кога ќе се одлучиме за некој проект во кој сакаме да инвестираме сакаме
тој да ги исполни сите потребни критериуми и да поседува корисни
карактеристики кои долгорочно ќе им помогнат на луѓето и компанијата.
Нашиот
почетен капитал, кој прв пат го инвестиравме овде, изнесуваше 3 милиони
евра, а денес со последниот проект цифрата се искачи на повеќе од 75
милиони евра.
„Веропоулос груп“, која брои 210 продавници низ
Грција, Србија и Македонија, има 6.000 вработени од кои 820 се
вработени во вашата земја. Како што и порано сум кажал, ние сме
навистина задоволни од нашите инвестиции во Србија и овде и до ваквите
резултати не сме дошле по игра на случајност или среќа, туку со многу
напорна работа, следејќи ги сите современи развојни методологии и
техники и правејќи силни напори за да ги имплементираме истите во
нашето поле на активност.
Груевски поканет на отворањето
На церемонијата за свеченото отворање на трговскиот центар на 31
август се поканети лица од политичката, стопанската и општествената
сцена и од амбасадорскиот кор во земјава, но грчкиот премиер Јоргос
Папандеру нема да биде присутен, вели Теодосијадис.
- Поканети
се македонскиот премиер Никола Груевски, министрите, претставници на
сите локални власти и институции, деловни партнери и пријатели. Грчката
влада ќе ја претставува амбасадорката во Скопје, Александра Пападопулу.
Премиерот Папандреу нема да биде на отворањето. Ако тој доаѓа од друга
причина во земјава, јас не знам - вели Теодосијадис. Марјан Блажевски http://dnevnik.com.mk/?ItemID=FCA286A9C4F8F241A88DDC242169462D |
Во принцип, нема некои нови информации, но еве, да го имаме за евиденција.
|
|
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#436 Posted: 30-Aug-2010 at 15:06 |
Свеченото отворање ќе биде на 1-ви септември навечер, па за посетителите ќе биде достапен на 2-ри, или како за Соравија, ќе биде една вечер порано (во случајов на 31-ви август, утре)?
|
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#437 Posted: 31-Aug-2010 at 06:11 |
МИА НАЈАВИ -
МАКЕДОНИЈА
31 август 2010 Скопје
- Отворање на новиот центар „Веро“. (спроти Народна
банка на Република Македонија/19:30) |
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#438 Posted: 31-Aug-2010 at 19:48 |
Еве неколку слики од внатрешноста 1. 2. И една кратка објава да се евидентира настанов со веќе помалку или повеќе познати информации. Утре би требало да има и прописна фото сесија
Се отвара новиот „Веро центар“ во Скопје
Вечерва
во Скопје свечено се отвара новиот „Веро центар“. Објектот е со
површина од 40.000 метри квадратни и е најголемиот трговски центар од
затворен тип во земјата, речиси двојно поголем од популарниот „Рамстор“.
Изградбата траше нешто повеќе од две години иако „Веро“ плацот го купи
уште во 2005 година кога на лицитација понуди повеќе од конкурентските
„Меркатор“ од Словенија и „Делта“ од Србија. Трговскиот центар на Скопје
треба да му го донесе најголемиот супермаркет кој ќе се простира на
5.000 метри квадратни како и продавници на повеќе светски брендови од
кои премиерно на македонскиот пазар ќе се претстават грчкиот “Jumbo” и
германскиот “New Yorker”. Трговскиот центар свечено ќе го отвори
сопственикот и претседател на групацијата „Веропулос“, Никос Веропулос.
Веќе од утре, трговскиот ќе биде отворен за сите посетители.
| http://www.build.com.mk/?p=4887
|
|
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#439 Posted: 31-Aug-2010 at 23:24 |
„Веро“ ги отвора вратите
Центарот ќе работи до полноќ, односно до еден часот во викенди, а маркетот и бутиците ќе бидат отворени до 22 часот
Деспина Трајковска
По неколкугодишно исчекување, денеска, конечно, се отвора трговскиот центар „Веро“, грчка инвестиција тешка 40 милиони евра. Вратите за посетителите ќе бидат отворени од 9 часот изутрина, па се' до полноќ, а тоа ќе биде работно време на објектот во работни денови. На 40.000 квадратни метри центарот ќе понуди различни содржини за посетителите, од корисни до содржини за анимација на граѓаните во сите четири годишни времиња. Ќе има вкупно 42 продавници, 19 лифта, елеватори и подвижни ленти, кои во голема мера ќе го олеснат пазарувањето и обиколката на објектот, кој ќе биде под 24-часовен видеонадзор од 96 безбедносни камери.
Речиси најголем дел од центарот е резервиран за супермаркетот „Веро“, сместен на првиот кат на површина од речиси 5.000 квадрати и ќе биде најголемиот маркет изграден досега во државата. Маркетот ќе располага со 20 каси и ќе нуди над 15.000 производи. За гурманите, „Веро“ ќе нуди готвена храна и свежа риба во секое време, како и можност да се купат производи печени во домашна пекарница.
Покрај маркетот, најголем дел од трговскиот центар, исто така, на првиот кат ќе зафаќа детската продавница „Џамбо“, која ќе има изложени производи и на вториот кат. Покрај овој грчки бренд, во ТЦ ќе се продаваат и производи на други познати марки, како што се „Њујоркер“, „Бети Баркли“, производи од синџирот за обувки „Офис шуз“, накит од „Оксет“, а ќе се нудат и македонски брендови.
Освен место за шопинг во центарот, посетителите ќе можат и да се релаксираат и тоа во неколку кафулиња, пицерии, ресторани. Меѓу нив ќе бидат сместени „Мекдоналдс“, пицеријата „Амати“, македонската фурна „Специјал“, а ќе има и ресторан во кој ќе се подготвува грчко гиро.
Центарот ќе нуди и бесплатна забава за најмладите, во детска игротека од отворен тип на површина од 300 квадрати. Во „Веро“ ќе има и хемиско чистење, фризер, банка, менувачници, продавници на мобилните оператори... На третиот кат, пак, ќе бидат сместени канцелариите на дирекцијата на „Веро“, која се пресели од досегашната локација во Тафталиџе.
Костас Теодосијадис, менаџерот на „Веро“ за Македонија, вели дека центарот, всушност, ќе понуди се' она што на еден граѓанин му е потребно за шопинг, од достапни брендови до простор за релаксирање и завршување на други тековни обврски. Згора на се', новиот трговски центар ќе обезбеди стотици нови работни места.
„Ќе се пополнат околу 500 нови работни места, и тоа најголемиот дел од нив ќе се реализираат во супермаркетот и во ‘Џамбо‘, каде што ќе има 270 нови вработени“, вели Теодосијадис.
Тој информира дека во процесот на изградбата се испочитувани сите европски критериуми при градба на ваков тип објекти. Центарот е опремен со врвна безбедносна и противпожарна технологија, комплетно е застаклен и има сончев покрив, кој овозможува дневна светлина. До објектот ќе има три пристапи, влезови и излези регулирани со рампи. Капацитетот за паркирање во објектот изнесува 500 возила, кои ќе се распоредат на две нивоа и ќе се наплаќа.
Работното време на трговскиот во работните денови ќе биде од 8 часот до полноќ, односно до еден часот во викендите. Маркетот и бутиците, пак, ќе имаат работно време од 8 или од 9 часот до 22 часот.
|
http://utrinski.com.mk/?ItemID=15B7E55F071F1341BB9E2BBC5DD8D053
Edited by maestro - 31-Aug-2010 at 23:25
|
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
|
Quote Reply
#440 Posted: 31-Aug-2010 at 23:41 |
А кино? Fick mich!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|