build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пешачки зони и помали плоштади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 50>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 966
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Пешачки зони и помали плоштади (општо)
    Posted: Yesterday at 18:51
2 месеци ќе редат плочки
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #2 Posted: Yesterday at 17:14
ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО МЕНУВА ИСКРШЕНИОТ ПЛОЧНИК НА ПЛОШТАД ЈАДРАН, ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ И СМАРТ КЛУПИ









Општина Центар почна со градежни работи за менување на стариот и искршен плочник на мини плоштадот Јадран во строгиот центар на Скопје. Од Општината велат дека оштетените елементи како и дел од пристапните патеки кои водат кон Плоштадот Македонија и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, ќе бидат заменети и обновени со нови павер елементи.

На целиот простор се предвидува поставување смарт клупи и подигнување ново зеленило. Ќе бидат поставени три врсти зеленило и тоа високи садници, грмушки и зелени покривачи. Покрај хортикултурното уредување на овој потег, ќе биде заменет и системот за наводнување, во современ систем кој автоматски и континуирано ќе го наводнува и одржува новото поставено зеленило.

„Со реконструкцијата на овој дел сообраќајното решение нема да има измени, ќе се задржи постојниот пристап за возила на Пожарна, интервентни и дипломатски возила, како и за возилата на резидентните паркиралишта на ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар‘“, велат од Општина Центар.

Планирано е градежните активности да завршат за 2 месеци.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-tsentar-go-menuva-iskrsheniot-plochnik-na-ploshtad-jadran-ke-se-postavat-i-smart-klupi/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2180
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Sep-2020 at 20:08
Фино делува во живо, ама пешачкиот простор од ГТЦ до Плоштад мора да се прошири.






Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Sep-2020 at 12:12
Пристапните патеки во Тафталиџе на ул.Московска











https://www.facebook.com/groups/883203825068334
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13088
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 05-Aug-2020 at 08:05
Мала фоторепортажа од пешачко-велосипедската патека што од Струга води до село Калишта. Пријатно сум изненаден, патеката поминува меѓу трски и ниви, освен градежен шут на едно-две места, во целата своја должина беше чиста. Забележав дека ја користат доста луѓе, за трчање, пешачење или возење велосипед.

Ова е малку пред Калишта, во правец кон Струга:





Кон Калишта:



Пак кон Струга:







Оди паралелно со патот:



Во еден дел близу Струга изгледа исто како велосипедската патека на кејот во скопски Карпош:





Edited by Џоле - 05-Aug-2020 at 08:06
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Aug-2020 at 10:46
ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО РЕНОВИРА КЕЈ 13 НОЕМВРИ, ДАЛИ СРЕДЕ ШЕТАЛИШТЕТО ЌЕ ИМА КАФУЛИЊА ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ СЕ ОДЛУЧИ

Кејот 13 Ноември во центарот на Скопје комплетно ќе се реновира. Град Скопје деновиве распиша тендер за избор на фирма која ќе врши партерно уредување на кејот, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до зградата на „Телеком“.

Според тендерската документација, предвидено е отстранување на старите и оштетени плочки, клупите, корпите за отпадоци, канделабрите, како и крајните жардинерите кои се еден вид ограда. Иста така, се бара да се изврши демонтажа на постоечките летни тераси на кафулињата кои се располани по речиси целата ширина на кејот и повеќе наликуваат на објекти отколку на летни тереси. Треба да се отстрани и киоскот кој беше поставен на кејот во времето на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за продажба на сувенири, но никогаш не проработи.

Од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов објаснуваат дека урбаната опрема на кафулињата поставена на кејот мора да се отстрани за цела површина да се поплочи.

„Дали потоа ќе бидат вратени тераси на кафулињата во иста или во друга форма, дополнително ќе одлучиме“, велат од кабинетот на Шилегов.

Откако сите објекти, плочките и урбаната опрема ќе се отстранат, ќе се постават пет вида партерни плочки, 72 смарт клупи, жардинери, бетонски корпи за отпадоци, бетонски и електрични столпчиња и ќе се засадат јавори.

Со оглед на тоа дека низ кејот постојано се движат коли и камиони за дотур на стока, поради што плочникот е целосно искршен и пешаците нема кај да одат, се предвидува нов систем за регулирање на влезот. На влезот на кејот ќе се постават хидраулички столпчиња и уред кој ќе ги чита регистрациите на возилата кои ќе смеат да влезат. Дозволен ќе биде влез само за возилата на „Телеком“. Тоа значи дека кејот нема целосно да се ослободи од возила туку само ќе се намали нивниот број. Од Град Скопје велат дека после работното време на „Телеком“, односно попладне и навечер, воопшто нема да има движење и паркирани коли низ кејот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-ke-go-renovira-kej-13-noemvri-dali-srede-shetalishteto-ke-ima-kafulina-dopolnitelno-ke-se-odluchi/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 25-Jul-2020 at 17:41
интересно ко за во Село, па ни за таму, бар да изрезбале по еден ред на цнц од то летвите на жардињерите, нели ако претендираме Охрид да е препознатлив по Резбарење, може комотно и Канделабрите да ги премачкуваат со вештачка бисерна емулзија одвнатре, а би било тамам да сторат и Дрвени Тенди и Чадори со Бели Ленени Платна (а не ова маркетинг винилнава папазјада) и ете изворен штимунг за во Старио Дел од Градо ...
ултимејт би било да размислуваат како да спрострат и Вело Патеки, тука можеби в Среде еднонасочно, можеби само обележани во Жолта Боја, а во кој случај Клупиве би требало да одат странично, што би било и попаметно доколку се има во предвид дека тоа треба да е препознатлива воедначена визура за Урбана Опрема низ Старио Град ...
веројатно паметно ќе ет да сторат нешто и во врска со плочниците кои вака паверосани ни во Пештани не поминуваат ко неопходни, за жал и во Трпејца тоа е случај, а доколку сме умни, ко што не сме, не само во Старио Град в Охрид што би оделе со Камена Калдрма, тоа би го сториле за сите Градои кајнас, наместо да се тешиме дека вака ко сега од Туризам ќе ни се посреќит, макар плочникот бил и гранитен [1] О Оридски локално самоуправители зар не знаете дека Туристи Бараат Нешто Автентично, во случајов и од Обичен Камен Да Е Калдрма ќе биде поатрактивна него ова урбанинвест паверијадава!


Edited by Zelenikovo - 25-Jul-2020 at 17:42
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13088
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Jul-2020 at 18:51
Еве една убава вест од Охрид, памтам дека порано ова беше обична улица, сега ја средиле, не сум 100% сигурен дека е само пешачка, но дефинитивно изгледа подобро.



извор: https://twitter.com/shopkarishte/status/1284038260512227328/photo/1
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 21-Jul-2020 at 15:55
По неколку децении, нови пешачки патеки на ул. „Коста Новаковиќ“!









https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 19-Jul-2020 at 17:03

сите знаеме дека проблемот тука не е дотур на роба, туку копуци со пристап до автомобили...
дури и улицата да е комплетно пешачка повторно, секако ќе треба да се направи барем пристапно за возила на итни служби и меѓудругото, дотур на роба

најевтино и најлогично решение ми е површински ископ, кога веќе сме заглавиле со тоа дека ние сите граѓани на скопје сме виновни за тоа што зградата на Т-мобиле нема пристап до паркинг
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 485
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 19-Jul-2020 at 15:52
Дали е возможно да се реши проблемот така да се отвори подземен влез и директна врска со гаражата на ГТЦ на -2 или со коридорот на ГТЦ за дотур на роба на -1? Варијанти ми идат неколку на памет, 1. дел од подрумите на Стопанска каде веќе има зградата спој со ГТЦ подрумски, 2. варијна испод почетокот на типо па под пешачката зона или па 3. под делот со дуќани кај што е кафичот дион.

Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Online
Posts: 478
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 19-Jul-2020 at 15:42
Секое решение освен подземна сообраќајница е мачкање очи и создавање дополнителен проблем.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 19-Jul-2020 at 14:35
Место шеталиште, сервисната улица покрај кеј станува корзо за автомобили













Сервисната улица покрај кејот „13 Ноември“ на Вардар сè повеќе станува бесплатно паркиралиште.
Иако пред влезот во улицата, кај галијата, има предвидено подвижен заштитен столб кој треба да се спушта и да се подига и да овозможува влез само на возилата на Телеком и за дотур на стока, истиот подолго време не е во функција, па таму се паркира кој ќе стигне.

Скопјани се жалат дека секој ден тука поминуваат возила како да станува збор за корзо, а секој слободен простор меѓу кафулињата и летните тераси е окупиран со паркирани возила на гостите. Од движењето на возилата плочникот е искршен и уништен и при дожд се создаваат вирови.
– Градоначалникот вети пешачка зона, а нема ни „п“ од пешачка, ни „з“ од зона. Газдите на кафеаните и нивните гости му се поважни од нас пешаците и велосипедистите – коментираа пешаци кои поминуваа по улицата.

На влезот во улицата откај „Холидеј Ин“ има поставено семафор кој постојано свети црвено. Исто така има и сообраќаен знак со известување дека во улицата можат да влезат само возила кои имаат одобрение од Град Скопје. Ама не се почитуваат.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во неколку наврати досега ветуваше дека ќе го реши овој проблем со решение кое ќе ги задоволи потребите и желбите на сопствениците на рестораните, но и за потребите на ГТЦ и на Телеком.

Тој се правдаше дека состојбата со сервисната улица покрај кејот е последица од волунтаристичкото и без план работење на претходното градско раководство.

– Таму требаше да се изгради подземна сообраќајница, но не се направи од претходното градско раководство иако земаа пари од Телеком. Сега ние немаме 3-4 милиони евра да ја изградиме, затоа заедно со Телеком и со угостителите работиме на идејно решение кое ќе ги задоволи потребите и желбите на сопствениците на рестораните – ова го вети Шилегов минатата година, но она што секојдневно се случува по сервисната улица говори дека решение сè уште нема.
Претходното градско раководство на овој потег планираше подземна сообраќајница, но потоа инвеститорот беше ослободен од обврската да ја изгради.
Службите на Општина Центар тогаш реагираа и се стопира изградбата и оттогаш состојбата е таква каква што е – возила си се рашетуваат, полицијата ја нема да казнува, а ниту пајак-службата да ги подига погрешно паркираните автомобили.

(С.Бл)

https://www.vecer.press/место-шеталиште-сервисната-улица-пок/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 16-Jul-2020 at 01:34
кога го поставија, кога им израснаа тоа тревките на плочките и коцката?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13088
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 15-Jul-2020 at 20:16
Корзото во Ѓорче Петров. На прв поглед, ми се допаѓа, фино е уредено.

ова е делот до улицата





до маркетот на Тинекс















е, ова не знам што би било:





бонус: Емпорио

За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Jun-2020 at 10:45
Не е само овој плоштад. Изгледа како да има некоја тивка војна меѓу градот и општината. А ова со кејот недозволиво. Не треба ни проект ни фрлање милиони. Треба воведување ред и редовно одржување. Несфатливо ми е да си градоначалник, да ги гледаш овие искршени плочници и да те мрзи да пратиш една екипа да ги среди.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 371
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Jun-2020 at 00:25
Originally posted by zabegan

не ми е јасно како банални работи како одржување на јавната хигиена, одржување на урбана опрема и зеленило на локално ниво, се надлежност на градот?
дури и Улица македонија да е под надлежност на Град Скопје, не гледам зошто не би можело на ситниците да работи Општина Центар


Ја претпоставувам зошто се запоставува плоштадот ВМРО ама ајде...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7347
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Jun-2020 at 20:23
не ми е јасно како банални работи како одржување на јавната хигиена, одржување на урбана опрема и зеленило на локално ниво, се надлежност на градот?
дури и Улица македонија да е под надлежност на Град Скопје, не гледам зошто не би можело на ситниците да работи Општина Центар
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6444
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Jun-2020 at 11:20
ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ СЕ ДАВИ ВО МОЧКИ И ГОМНА, ГРАДСКАТА И ОПШТИНСКАТА ВЛАСТ СИ ЈА ПРЕФРЛААТ ВИНАТА ЕДНА НА ДРУГА









Од почетокот до крајот на улицата Даме Груев во Скопје, од кај поранешно „Беко“ преку плоштад ВМРО низ улица Македонија до Собрание, движењето е низ ѓубре, измет, искршен плочник, заградени градилишта оставени на пола и блокирани патеки од испаркирани коли на пешачка зона. Овој дел од градот е целосно запуштен, неисчистен со години, се шири непријатна миризба од мочки и гомна и воопшто не доликува на строг центар на главен град на држава.

Ако се почне движењето пеш или со велосипед од патеката кај градилиштето на ТЦЦ „Плаза“, прво наидувате на неколку канделабри од проектот „Скопје 2014“ кои се извадени и со години стојат легнати на плочникот. Плоштадот ВМРО кој беше направен во времето на ексградоначаникот Коце Трајановски никој не го чисти, а камоли да го мие. Низ плочникот има расфрлено ѓубре, отпушоци од цигари, а низ плочките израсната трева. Фонтаната на споменикот не работи.

Најлоша е сликата на просторот меѓу зградата на „Технометал Бардар“ и хотелот до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Откако пред неколку години фирмата „Технометал Вардар“ отиде во стечај и зградата е одземена од банката, се чини никој не стапнал да го исчисти овој простор. Плочникот воопшто не се гледа од измет, околу обрасната е трева, расфрлено ѓубре, фонтаната служи како корпа за отпадоци, а навечер нема ни светло. Дополнителна грдосија е хотелот кој го гради фирмата „Бетон“ до зградата на партијата ВМРО-ДПМНЕ. „Бетон“ затоа што ја градеша белата палата на партијата за возврат го доби просторот и маркичка за хотел. Но, по промената на власта таму не се одвиваат никакви градежни работи и градбата е оставена на половина.

Впечатокот дека не сте во центарот на градот продолжува и кога ќе се излезе на улица Македонија. Главната пешачка улица во Скопје е со искршен плочник, a коли и комбиња за дотур на стока постојано минуваат и се паркираат кај ќе стасаат. Летните тераси на кафулиња се заградени со стакларници, секој различен, а не унифицирани како што е случај за главните пешачки зони секаде во светот. На улица Македонија веќе десетина година стои и градилиштето за црквaта Свети Константин и Елена која почна да се гради во времето кога премиер беше Никола Груевски. За црквата тогашната влада организираше донаторси конференции за собирање пари за нејзина изградба, но сега Македонската православна црква никако да ја заврши изградбата на цркавата бидејќи велат дека немале средства.

Оттаму минувајќи низ тесниот просторот што е оставен меѓу градилиштето и некогашното кино „Култура“ се стигнува до Собранието. Таму не може да се помине од паркирани коли на сите страни, една зад друга. Просторот освен што е узурпиран со коли од врабтени во Собранието и Министерството за транспорт и врски, е запуштен, обраснат со треви и со искршени клупи.

Градоначалникот Саша Богдановиќ за ваквата слика на центарот на градот вели дека не може ништо да направи бидејќи надлежностите се на Град Скопје.

„На улица Македонија се согласувам дека ѝ е потреба реконструкција, но Градот ја презеде таа обврска. Исто така тие се надлежни и за чистење и одржување на плоштадот ВМРО и околниот простор. Што се однесува за паркингот кај Собрание, ние ја поништивме дозволата за градење на катна гаража и штом земјиштето се врати на државата ќе почеме со уредување на просторот во парк и ќе го решиме хаосот кој сега владее таму“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Од Град Скопје не добивме одговор на нашото прашење зошто дозволуваат и не преземаат ништо за одржување и чистење на овој дел од центарот на Скопје.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tsentarot-na-skopje-se-davi-vo-mochki-i-gomna-gradskata-i-opshtinskata-vlast-si-ja-prefrlaat-vinata-edna-na-druga/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13088
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 27-Jun-2020 at 12:58
Многу едноставно е решението, забрануваш возење по кејот и ги казнуваш сите што ќе се обидат да се паркираат. И ставаш некаква ограда, столпчиња, ако треба и бетонски ѕид за говедата што не разбираат, и тоа е тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 50>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.438 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.